You are on page 1of 3

Рецептори за светлина

Рецепторите за светлина- фоторецептори се сместени во окото како специјализиран орган за вид.


Окото е топчесто по форма поради што се нарекува очно јаболко. 
Тој е нежен орган, сместено во очните празнини на черепот, така што задниот негов дел
е заштитен со черепните коски. Исто така окото е заштитено од : очните капаци (кои при
приближување на некој предмет рефлексно се затвараат), веѓи ( кои спречуваат сливање на потта
од челото), трепки (на кои се налепуваат ситни прашинки) и солзни жлезди (кои лачат солзи кои го
прочистуваат окото од прашинките што навлегле во него).
Исто така очното јаболко е поврзано за черепните кокси со шест мускули, кои му овозможуваат
делумно движење во лево, десно, горе и долу.

Внатрешна структура на окото


На напречен пресек на окото се разликуваат три слоеви (обвивки):

Најнадворешната обвивка е белка е составена од цврсто сврзно ткиво, која во


предниот дел преминува во проѕирна рожница.
Средната обвивка на очното јаболко е садовница составена од сврзно ткиво и крвни садови кои
носат кислород и хранливи материи до сите клетки во окото.
Во предниот дел садовницата преминува во:
цилијарно тело пред кое се надоврзува шареница или ирис, со црнка или зеница во средината.
Шареницата се состои од пигментни клетки (кои ја даваат бојата на окото) и мускулни влакна (со
чие стегање и опуштање се зголемува или намалува централниот отвор на шареницата наречен
црнка или зеница. На овој начин шареницата го регулира количеството на светлина кое ќе влезе
во црнката. Ако светлината е многу силна шареницата се проширува при што црнката се
намалува, ако светлината е многу слаба шареницата се собира и го зголемува отворот на црнката).
Позади црнката се наоѓа очната леќа. Таа е двојно испакната, проѕирна и еластична. Бидејќи е
еластична нејзината дебелина може да се приспособи што може да помага при фокусирање на
блиски или далечни предмети. Таа како блендата на фотоапаратот се поместува за гледање на
блиски или далечни предмети.
Цилијарното тело е во облик на ѕвоно со отвор со големина колку надворешните рабови на
шареницата. Што значи гледано однапред се гледа како прстен околу шареницата. Ова тело
бидејќи се состои од цилијарни мускули има функција да го приспосбува обликот на
леќата(сплескан или топчест) која ги изострува ликот на предметите кои ги гледаме. 
Пред леќата односно пред црнката се наоѓа течност наречена очна водичка.
Највнатрешната обвивка се вика мрежница, која содржи нервни клетки
наречени стапчиња и чепчиња. Тие се всушност рецепторите за светлина.
Стапчињата се распоредни насекаде низ мрежницата. Тие се чувствителни на слаба светлина. Со
нив гледаме ноќе црно-бело и не даваат многу јасна слика, туку служат за одредување на видното
поле. 
Чепчињата реагираат на силна светлина, со нив гледаме во боја и тие даваат многу јасна слика.
Постојат три вида на чепчиња- осетливи на црвена, зелена и сина боја. Чепчињата најмногу се
сконцентрирани во задниот дел на мрежницата  наречен жолта дамка. 
Нешто подолу од жолтата дамка започнува очниот нерв. Местото каде започнува нервот се
вика слепа дамка. Во него нема ни стапчиња ни чепчиња, па доколку ликот падне во слепата
дамка човекот не може да гледа.
Внатрешноста на окото е исполнета со пивтиеста материја, која го одржува топчестиот облик на
окото и е наречена стаклестко тело.

Како гледаме?
Светлосните зраци минуваат низ
проѕирната рожница во предниот
дел од окото. Потоа поминуваат низ
очната водичка,  се впиваат во
црнката и се насочуваат во очната
леќа. Очната леќа ги прекршува
зраците , кои минуваат низ
стаклестото тело. Понатаму и ликот
превртен и намален паќа во жолтата
дамка. Од таму преку очниот нерв
оди во центарот за вид во мозокот
(во тилниот резен од кората на
големиот мозок).

You might also like