You are on page 1of 2

СВЕТЛИНА

1. Што е светлински извор?


Тело кое создава и емитира светлина.
2. Како се поделени светлинските извори?
а) природни и вештачки извори на светлина
б) самосветлечки ( примарни) и несветлечки ( секундарни ) извори на светлина
3 Напиши три примери за природни и вештачки извори на светлина, и три примери за
самосветлечки ( примарни) и несветлечки ( секундарни ) извори на светлина?
Природни: Сонце, ѕвезди, месечина Вештачки: светилка, монитор, свеќа
Самосветлечки ( примарни): Сонце, светилка, ласер
Несветлечки ( секундарни ): Месечина, мачји очи, елеците на работник на автопат
4. Како се шири светлината?
Светлината се шири по права линија.
5. Од што зависи големината на сенката?
Големината на сенката зависи од големината на предметот, оддалеленоста на предметот
од изворот на светлина.
6. Како се гледате во рамното огледало?
Исти по големина, на еднаква оддалеченост, левата страна е десна и обратно и нереални-
позади огледалото.
7. Што е рефракција?
Прекршување на светлината од една во друга проѕирна средина.
8. Што е рефлексија?
Одбивање на светлината од огледални површини.
9. Што е дисперзија на светлината?
Појавата на разложување на белата светлина на боите од спектарот.
10. Зошто се јавува виножито?
После дожд воздухот има многу ситни капки, во кои белата светлина од Сонцето кога ќе
влезе во нив се разложува на боите од спектарот.
11. Која боја од спектарот се прекршува најмногу, а која најмалку?
Најмногу се прекршува виолетовата боја, а најмалку црвената.
12. Кои се боите на спектарот?
Црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, темно сина , виолетова
13. Која светлина е монохроматска, а која полихроматска?
Светлината составена од една компонетна на боја е монохроматска, а светлината која има
повеќе компоненти од бои е полихроматска.
14. Која оптичка појава ја користат оптичките кабли?
Кај оптичките кабли се користи појавата тотална рефлексија- целосно одбивање.
15. Која е таа бела светлина?
Сончевата светлина е бела светлина која ги има сите бои од спектарот.

You might also like