You are on page 1of 2

Само-светлечки и несветлечки предмети

Н.С.3.1-Како се распространува светлината


(Учебник, стр.59-60)

▪Секое тело што емитира светлина се нарекува светлински извор.

▪Примери за извор на светлина:


-Топлите тела, пламенот, сонцето, светилка со вжарено влакно, екранот на
компјутерот, итн.

▪Светлината се распространува праволиниски.

▪Светлински зрак е ширење на светлината по права линија.

▪Повеќе светлински зраци прават (чинат ) светлински сноп.

▪Тело што свети, односно емитира светлина од себеси се нарекува


самосветлечко тело (предмет).

▪Примери за само-светлечки извори на светлина: свеќа, кибрит, батериска


ламба, светлечки знак или часовник.

▪Тело кое не свети, односно не емитира светлина од себеси се нарекува


несветлечко.
▪Овие тела само ја одбиваат светлината што доаѓа до нив од некој примарен
извор и затоа можеме да ги видиме.

▪Примери за несветлечки извори на светлина: хартија, облека, топка, столче,


огледало .

▪Фотелјата е несветлечки извор на светлина.

▪Фотелјата можеме да ја видиме бидејќи светлината од светилката се одбива


од фотелјата.

▪Изворите на светлина можеме да ги видиме бидејќи тие самите емитираат


светлина.

▪Несветлечките предмети можеме да ги видиме бидејќи тие ја рефлектираат


(одбиваат) светлината што паѓа на нив.

●Свелинска енергија е енергијата што ја регистрираме со очите.


●Светлината претставува вид на енергија.

●Фотон е најмала количина на светлина.

● Светлинските извори се делат на примарни и секундарни; и на природни и


вештачки.

●Примарни извори на светлина се оние тела кои што светат сами од себе
( Сонцето, ѕвездите, фосфорот и др.)

●Секундарни извори на светлина се оние тела од кои што се одбива


светлината (пр. Месечината).

●Природни извори на светлина се: Сонцето, Месечината, ѕвездите, фосфорот.

●Вештачки извори на светлина се оние кои се производ на човековите


откритија ( создадени од човекот) .Пример: свеќа, светилка, ласер.

●Примери за само-светлечки и несветлечки предмети (пр. Сонце, фар од


автомобил, човечко лице, знак на патот кој одбива светлина, Земјата сликана
од вселената, запалена свеќа, Месечина, оган, сјајна површина, мало езерце,
огледало, бела зграда, црна или (темна) зграда, флуоресцентно елече,
светлечки предмет).

● Светлина не емитраат само загреаните тела. Во природата постои и


т.н. ,,ладна светлина,,. Неа ја емитираат некои морски животни, некои
инсекти, фосфорните бројки на часовникот, цифрите кај современите
сметачи, светлечките реклами, флуоросцентите цевки.

▫Најголем извор на светлина е Сонцето.

▫Сонцето е извор и на топлина.

▫Примери за други извори на светлина кои исто така ослободуваат топлина


се: сијалица што свети, запалена свеќа..

▫Светлината е важна за нас.Светлината како енергија ја користат


растителниот свет, животинскиот свет, домаќинствата, индустријата.

▫Предметите ги ги распознаваме со сетилото за вид.


▫Секое тело низ кое светлината може да се распространува се вика оптичка
провидна средина или само отичка средина .Пример: вакуум, воздух, стакло,
вода, вселенски простор.

You might also like