You are on page 1of 6

ВУЛКАНСКИ

РЕЛЈЕФ
Денеска во светот има над 1500 активни вулкани од кои 50 еруптираат
секоја година. Најмалку 500 милиони луѓе живеат во близина на активни
вулкани.

Вулканите се места од каде


што излегува вжарен карпест
материјал од внатрешноста
на земјата. Овој материјал
понекогаш доаѓа од
длабоките зони на кората,
каде се стопил како
последица на покачување на
температурата и притисокот.
Растопениот карпест материјал внатре
во вулканот се вика магма, а кога ќе Кратер
излезе на површината на вулканот и ќе
протече се вика лава.
Вулканска
Канал купа
Отворот од каде излегува лавата се вика
кратер.

Чадот кој што го испушта вулканот се


вика пепеласт облак.
Магма
Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што
имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со
еруптирање се наречени изгаснати вулкани.
Вообичаено вулканите се јавуваат по
должината на границите на плочите на
земјината кора таканаречените
тектонски плочи: повеќето вулкани се
наоѓаат во појас наречен Тихоокеански
Огнен Прстен, кој се протега по
должината на работ на Тихиот Океан,
но и Европа има свои вулкани, како што
се Етна и Везув, кои еруптирале многу
пати во историјата.
Кога ќе се појави ерупција, блиските области може да бидат покриени со
пепел и вжештена лава. Нивите и зградите може да бидат закопани.
Отровни гасови, облаци од блескав пепел или кал може да уништат се што
ќе им се најдат на патот. За среќа, сателитите сега помагаат да се
идентификуваат најопасните вулкани. Тие ги проучуваат вулканите на
различни начини и со различни инструменти и помагаат да се спасат
човечки животи.

Ерупција на
вулкан во
Вулканот Етна Јапонија

You might also like