You are on page 1of 12

1

Тема:

Улогата на ренгенски зраци во медицината

Содржина:

Вовед ................................................................................................................................3
2

Примена во медицината .................................................................................................4


Ренгендијагностика.........................................................................................................5
Ренгенографија................................................................................................................6
Флуорографија.................................................................................................................8
Ренгенотерапија ..............................................................................................................9
Заклучок ..........................................................................................................................11
Користена литература.....................................................................................................12

Вовед
3

Рендгенски зраци уште наречени и Х-зраци (икс-зраци), претстаавуваат облик


на електромагнетно зрачење и се дел од електромагнетниот спектар со фреквенции од
3×1016 до 3×1019 Hz, односно со бранови должини од 0,1 до 10 нанометри и енергија во
опсег од 120 eV до 120 keV. Зраците се јонизирачки и поради големата енергија се
користат во радиологијата (за медицински цели), како и во кристалографијата за
одредување на структурата на кристалите. Рендгенските зраци спаѓаат во јонизирачкото
зрачење, што значи дека тие зраци се електромагнетно активни и имаат полнеж (набој).
Поради својата голема енергија зраците се многу продорни и при поголема доза можат да
ги оштетат ткивата. Рендгенското зрачење настанува кога електрони со
голема брзина удираат во метал, при што доаѓа до нивно нагло забавување и исфрлање од
внатрешните електронски обвивки на атомите на металот. Со забавувањето се создава
континуиран спектар на т.н. закочено зрачење, а со пополнување на местата од кои биле
исфрлени електроните се добиваат спектрални линии.

Примена на ренгенските зраци


4

Карактеристиките што ги поседуваат ренгенските зраци се причина за нивната голема


примена, како во медицината така и во науката и техниката.

Ренгенските зраци особено голема примена имаат во:

1. Ренгендијагностика
2. Ренгенографија
3. Флуорографија
4. Ренгенотерапија

Ренгендијагностика

Ренгендијагностиката се заснова на својството на ренгенските зраци да


предизвикуваат флуоресценција кога минуваат низ дадена супстанција.

Важната улога во рентгеноскопијата ја има екранот врз кој паѓаат ренгенските зраци
откако предходно поминале низ телото на пациентот. На предниот дел од екранот што е
5

поблиску до ренгенската цевка се поставува фолија која е премачкана со флуоресцентна


супстанција. За заштита на лекарот од ренгенските зраци се користи олобно стакло кое ја
пропушта флуоресцентната или видливата светлина, а ја задржува ренгенската.

И покрај сите усовршувања што се направени кај екраните, сепак нивното светење е
слабо. Затоа, ренгеноскопијата мора да се одвива во затемнета просторија и добра
прилагоденост на очите на лекарот во темнина. Осетливоста на очите во темнина е помала
отколку на светло и затоа сликите што се гледаат на екранот се слабо видливи и многу
понејасни во споредба со рентгенограмите кои се гледаат при полна светлина.

сл. Рендген снимка

Ренгенографија

Ренгенографијата претставува добивање на рентгенската снимка на фотоплоча


сместена во касета. Делот од телото на пациентот што се снима се поставува меѓу касетата
и ренгенската цевка. Осетливиот дел од фотоплочата е фотоемулзија од Ag и Br слично
како кај обичната фотографија. Изработката на фотографијата е идентична како и кај
обичната и се изведува преку процесите на развивање и фиксирање.
6

Времетраењето на снимање зависи од тоа што се снима. Атомски може да се изведи со


погодна апаратура која ќе ја исклучи рентгенската цевка кога фотоплочата е доволно
осветлена.

За да се скрати времето на експозиција се употребуваат двослојни плочи со фотоосетлив


слој од двете страни, а содржат уште и илуминисцентен слој. При премин на рентгенските
зраци низ плочата се претвораат во светлински зраци и делуваат низ фотослојот. На ваков
7

начин на времето на експозиција се скратува за 5 до 10 пати. Контрастот на добиената


рентгенографска снимка и видливоста на деталите се подобри кај рентгеноскопијата.
8

Флуорографија

Флуорографијата се однесува на правење на снимки од екран на кој е веќе добиена


рентгенска слика на објектот. Тоа се постигнува со помош на камера или фотоапарат со
голема светлосна јачина.

Порано флуорографијата се користела за масовни прегледи на населението, особено за


преглед на белите дробови, за рано откривање и лечење на туберкулозата.Денес,
флуорографијата се користи за правење на сериски снимки при изведување на
комплицирано конрасни методи, како ангио кардиографија, целебрална артерографија и
др. Рендгенските зраци од цевката ослабуваат од страна на пациентот кој произведува
пренесен интензитет на зрачење што одговара на делот од телото поминато од зракот на
Х-зраци. Пренесените интензитети сега паѓаат на фотокатодата стимулирајќи ја да
произведе електрони во количини надворешни на интензитетите на светлината емитирани
од влезот. Ова е предизвикано од формирање на светлосна слика на моделот на пренесено
зрачење. Електроните од фотокатодата се забрзуваат и електронски се фокусираат на
излезниот фосфор кој емитира светлина како резултат на електронско бомбардирање. Ова
покажува зголемена слика за она што се појавува на влезниот фосфор.
Полутранспарентното огледало ја дели сликата во која едниот дел е фокусиран од
објективот на камерата врз филмот за да се формира сликата. Големината на сликата
зависи од фокусната должина на леќата на фотоапаратот. Во исто време, леќата на ТВ-
камерата ја фокусира светлината за да формира слика на фоторецепторот на ТВ-камерата
каде што сликата се трансформира во комплексен електронски сигнал и се испраќа до
дистрибутерот на електронска слика. Ова потоа ја пренесува сликата на различните уреди
за прикажување или снимање, на пр. диктафон, кинескоп, ТВ или дисплеј.

Во оваа прилика употребата на контрасните супстанции е важна затоа што е мала


разликата во апсорпцијата на ренгенските зраци во меките ткива, а со тоа не можат да се
одредат деталите на сниманите делови.На пример при снимање на дигестивниот тракт,
како контрасна супстанција се дава бариум сулфат во вид на каша. На тој начин се
9

овозможува апсорпцијата на ренгенските зраци во делот каде се наоѓа кашата да е


поголема отколку кај околните ткива

Ренгенотерапија

Употребата на терапија со Х-зраци или ренгенски зраци, започна во 1897 година, но


терапијата со Х-зраци ги доби своите научни основи само со развој на физика,
дозиметрија, радиобиологија и акумулација на клиничко искуство. До 1950-тите,
терапијата со Х-зраци на напон од 160 до 250 kV беше единствениот метод за далечинско
зрачење на длабоко лоцираните патолошки процеси, и воспалителни и дистрофични и
малигни тумори. Меѓутоа, кај карцином на внатрешни органи, кој се карактеризира со
мала радиосензитивност и бара високи дози на зрачење (во рок од 60-70 Gy) за негово
уништување, терапијата со Х-зраци беше неефикасна.

Ако во ренгенодијагностиката се користат ренгенски зраци со енергии од 60 – 200 KeV,


при ренген терапија се користат рентгенски зраци со енергии од 100 – 250 KeV. Со
зголемување на напонот на рендгенската цевка, енергијата на зрачење се зголемува, а во
исто време нејзиниот продорен капацитет во ткивата се зголемува од неколку милиметри
на 8-10 см.Нивната примена се засновува врз нивното поизразено дејство врз клетките кои
брзо се размножуваат (малигни клетки).

Првите показатели за биолошко дејство на ренгенските зраци беа промените настанати кај
болните лица, лекарите, физичарите и техничарите, кои на себе вршеа експерименти со
новите зраци, незнаејќи за последиците што тие можеле да ги предизвикаат.

Врз основа на ова се роди идеа за искористување на ренгенските зраци за терапевстски


цели. Првата примена на ренгенотерапијата беше остварена за лечење на кожни
заболувања, за да подоцна се прошири на случаи на одредени гинеколошки,
ендокринолошки заболувања, туберкулозниот перитонит, акутните воспаленија на
жлездите, тромбофлебитисот, некои форми на пневмонии и други заболувања, познати
како длабока терапија
10

Индикации (симптоми) за терапија со ренгенски зраци:

сквамозна клетка или карцином на базална клетка фаза I-II или фаза 2 по DHT

рак на вулвата како дел од комбинирана терапија со зрачење

рак на долната усна фаза I-II или фаза 2 по DHT

релапси на рак на дојка (во лузна, меки ткива, кожа)

интраозен МТС во ребрата (единечни фокуси)

не-неопластични болести (потпетици на петицата, остеоартритис на коленото зглобови,


лузни на келоид, постоперативна лимфореја)

Контраиндикации за терапија со ренгенски зраци можат да бидат апсолутни и релативни.

Апсолутни контраиндикации.

 општа сериозна состојба на пациентот


 тешка кахексија
 присуство на истовремени болести на други органи (срце, бели дробови, црн дроб,
бубрези) во фаза на декомпензација.
 леукопенија и тромбоцитопенија, анемија.

Релативни контраиндикации

 акутни септички и заразни болести


 генерализирани лезии на кожата.
 формирани апсцеси и флегмони пред отворање
 бременост
 детството
11

ЗАКЛУЧОК

Јонзирачкото зрачење е таков вид на зрачење кое има доволно енергија за да ги


отстрани електорните од атомите. Најважен извор на радиоактивност се јадрата на
нестабилни атоми. За да тие станат стабилни потребно е јадрото да го емитира вишокот на
енергија во вид на атомски честици или како гама зрачење. Овој процес се нарекува
радиоактивно распаѓање. Радиоактивните материи предизвикуваат радиолошко
загадување на сите сфери од животот (атмосфера, хидросфера, педосфера), а го
контаминираат и целокупниот жив свет во биосферата.

Но, исто така, доколк е правилно применето, зрачењето се користи во медицината за


дијагностика и за терапија на одредени заболувања кај човекот. Неговаата примена е честа
во секојдневниот живот. Со помош на рентгенот навремено се дијагностицираат и
лекуваат заболувања, а исто така служат за преглед на скршеници кај човекот и за нивно
правилно санирање.
12

Користена литература

 https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B5%D0%BD
%D0%B4%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_
%D0%B7%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8
 https://en.wikipedia.org/wiki/Photofluorography#:~:text=Photofluorography
%20(sometimes%20called%20just%20fluorography,such%20usage%20of%20this
%20technique).
 Д-р Гоце Костоски Радиолошка Биологија, Висока медицинска школа - Битола

You might also like