You are on page 1of 17

1.

Лекување( терапија) со Ј -131 на тироидни заболувања


-Ј131 при своето распаѓање испушта B и Y радиоактивни зраци
Y зраците –се за дијагноза на тироидни заболувања
B зраците- служат за терапија (настанува радијационо уништување на
тироидното ткиво кое го фиксирало Ј 131 поради јонизацијата што ја
вршат B зраците, само минимален дел од околното ткиво е озрачен
поради малата продорност на B зраците
-Со Ј 131 се лекуваат следните тироидни заболувања:
*Хиперфункција на тироидната жлезда- (M. Graves Basedow, автономен
функционирачки тироиден аденом и нодозна хиперфункционирачка
гуша)
*Тироиден карцином- (само тој што може да фиксира јод-
диференциран )
-Цел на терапијата со Ј 131
*Кај хиперфункција на тироидеата да се уништи дел или целото
тироидно ткиво кое работи повеќе од што е потребно со цел да се добие
нормална тироидна фукнција
*Кај карцином сосема да се уништи остаточното тироидно ткиво по
операција или метастазите од карцином.
-Дози на Ј131-
*Кај хипертиреозата – се одредува со големината на
хиперфункцирачкото ткивоо ( аденомот или целата тироидеа,
фиксацијата Ј 131 и видот на хипертиреозата
( M. Graves Basedow - 74-370Mbq
Нодозна хиперфункцирачка гуша- 370-740 MBq
автономно функционирачки аденом- 740-1850 МBq
Доколку болеста не се излекува со една доза наредната доза смее да се
дава по 6 месеци
*Кај карцином нема контраиндикации за давањето на втора доза не
треба да се чека 6 месеци. Дозите за уништување на метастази се 3.7- 7.4
GBq
2. Сцинтиграфија на тумори со 67 Ga цитрат
67 Ga e: циклотронски продукт
у-емитер
67 Ga цитрат: неспрецифичен туморотропен радиофармацевтик
се акумулира во малигното ткиво и инфламаторни огништа
по интравенозна апликација се врзува за трансферинот
не може да се редуцира и да формира хем
се елиминира преку бубрезите и преку колонот
биолошки полуживот 25 дена
Принцип на изведување:
1.67 Ga цитрат се аплицира интравенозно во доза од 370 МBq
2. Се снима целото тело (граден кош абдомен карлица во АП, ПА положба и
глава во АП положба)на 48, 72часа и 7 дена по апликацијата со планарна гама
камера
3. Се прави и SPECT на граден кош или абдомен по н48, 72 часа по апликација.
4. Се смета дека галиумот навлегува во екстраклеточниот простор на туморот
заради зголемената пропустливост на капиларниот ендотел, се врзува за
трансферинските рецептори на површината на туморските клетки и се
транспортира во клетките каде се врзува за протеини носители на железо
(феритин и лактоферин ). Концентрацијата на овие протеини е зголемена во
туморите.
5. Галиумот се локалицира само во активно растечките тумори, а не во
некротично и фиброзно ткиво.
Индикации и интерпретација
На патолошки сцинтиграм се прикажува фокално, зголемено акумулирање на
галиумот во туморот ( топли зони )
Скенот со галиум служи за дијагноза на:
* тумори :
(Лимфоми-Hodgkin I non Hodgkin,
малигни меланом,
црнодробни и белодробни карциноми,
саркоми,
тумори на глава и врат)
*одредување на раширеноста на болеста,
*следење на текот на болеста
* ефекти од зрачна и хемотерапија кај тумори
3.Сцинтиграфија на тумори со 201 Tl
201 Taлиум: има физички полуживот од 73 часа
емитира Х и Y зраци со енергија од 167 и 135 КеV
неспецифичен туморотропен радиофармацевтик
по интравенозна апликација се транспортира низ целото
тело пропорционално на локалниот крвен проток
се елиминира примарно преку бубрезите

Принцип на изведување
1. Се аплицира интравенозно во доза од 111 MBq
2. Се снима по 10-30 минути со гама камера со широко видно поле
3. Се снима целото тело во АП и ПА положба
4.При интракранијални и интраторакални тумори се снима и со SPECT
камера
5.Акумулацијата на Та во туморското ткиво зависи од :
крвниот проток на туморот,
активноста на туморот,
активноста на натриум-калиумската пумпа(талиум е аналог на калиум)
зголемена пропустливост на клеточната мембрана
во клетките навлегува со активноста на НА-К пумпа
се лоцира во цитозолот ретко во митохондрии

Индикации и интерпретација
На патолошки сцинтиграм- фокално зголемено акумулирање на
талиумот во туморот ( топли зони )
Скенот на галиум служи за дијагноза на :
* тумори:
мозочни,коскени,белодробни, тироидно, карциноми на града.
*кај пациенти со сида за диференцијално дијагностицирање на
ломфоми и капоши сарком

ПРЕДНОСТА ВО ОДНОС НА СКЕНОТ СО ГАЛИУМ Е ПОМАЛОТО


ОЗРАЧУВАЊЕ И ПОКРАТКОТО ВРЕМЕ НА ИСПИТУВАЊЕ
4.Cцинтиграфија на тумори со 99м Tc-MIBI
99m Tc-MIBI (метокси-изо-бутил-изонитрил) има предност над
галиумот и талиумот затоа што е оболежан со 99m-Tc (радионуклеид со
поволни физички карактеристики).
Принцип на изведување:
1.Се аплцира интравенозно во доза од 740 МBq
2. Се снима:
двофазно (ран скен по 10 мин и доцен скен по 3 часа)-за паратироидна
еднофазно (по 1-2 часа по апликацијата) – за тироидна жлезда и града
3. Се снима со планарна или SPECT гама камера во АП положба, а за
тумори на града и ЛЛ и ДЛ положба
4. Се акумулира во клетки со зголемена митохондријална активност ,
односно туморско ткиво со интензивен метаболизам и добра перфузија
Индикации и интерпретација
На патолошки сцинтиграм се прикажува фокално зголемено
акумулирање на на радиофармацевтикот во туморотв ( топли зони )
Служи за дијагноза на :
паратироидна жлезда,тироидна жлезда ,карцином на града

5.Сцинтиграфија на тумори со 99м Tc- DMSA


Димеркапто-сукцинилна киселина, V валентна, обелешана со 99mTc e
туморотропен неспецифичен радиофармацевтик
Принцип на изведување:
1.Интравенозна апликација во доза од 370-740 MBq
2. С снима по 2-3 часа (евентуално по 24)
3. Се снима со планарна или SPECT гама камера во АП и ПА положба
4.Улога во акумулација има крвниот проток, фосфатниот метаболизам,
pH на средина
Индикации и интерпретација
На патолошки сцинтиграм-фокално акумулирање во туморот
*За детекција на : медувларен тироиден карцином, карцином на глава и
врат, белодробен карцином, црнодробни и коскени метастатски
депозити. Следење на тераписки одговор кај карцином на дојка, бели
дробови, простата и рабдомиосарком
6.Лимфосцинтиграфија
Лимфниот систем има важна улога во метастазирањето на малигните
неоплазми.
Лимфосцинтиграфија е нуклеарно-медицинска метода која може да
даде податоци за морфологијата и функцијата на лимфниот систем
Принцип на изведување
1.Радиофармацевтите кои се употребуваат се колоидни честички на
антимон-сулфид колоид или рениум сулфид обележани со 99м-
технициум
3. Големината на колоидните честички е помеѓу 3-10( до 50) nm .
4.Се аплицираат во интерстициумот (субкутано) во регијата од интерес.
5. Се дава од 20-111MBq радиоколоид во волумен од 0.2 – 0.5
6. Се скенира со ГАМА камера во АП положба регијата од интерес.
7. Лимфните патишта се прикажуваат со динамични секвенционални
снимања веднаш по апликација и по 1-4 часа.
8. Лимфните јазли се снимаат и по 2-3 часа.
МЕТОДАТА СЕ БАЗИРА НА ПРИНЦИПОТ ДА КОЛОИДНИТЕ ЧЕСТИЧКИ
ДАДЕНИ ВО ИНТЕРСТИЦИУМОТ СЕ ОТСТРАНУВААТ ОД МЕСТОТО НА
ДАВАЊЕ ПРЕКУ ЛИМФНИТЕ ПАТИШТА ПРИ ШТО НАСТАНУВА ФГОЦИТОЗА
НА ЧЕСТИЧКИТЕ ВО ТЕК НА ТРАНСПОРТОТ И ВО ЛИМФНИТЕ ЈАЗЛИ.
Интерпретација и индикации
Здравите лимфни јазли треба да се прикажат на скенот (фокално
радиоктивност) бидејќи го фагоцитираат радионуклеидот.
Неприкажување на очекуваните лимфни јазли укажува на ниво на
зафаќање на патолошки процес (метастази).
Нормален наод на динамичките скенови е прикажување на лимфни
патишта и регионални лимфни јазли.
Групи на лимфни јазли кои може да се изледуваат:
парастернални,ингвинални, аксиларни, лимфни јазли околу a.iliaca
externa, comunis, interna, параортални лимфни јазли.
*Индикации : метастатско ширење на различни карциноми во лимфни
јазли, детектирање на правец на лимфна дренажа, детектирање на
лимфна стаза.
7. Прикажување на сентинелни лимфни јазли
Сентинелен лимфен јазол е првиот јазол во кој се дренира регијата на
туморот.
Се употребува радиофармацевтик кон кој е колоиден препарат со
големина на колоидни честички околу 100 нм, а обележувачот е Тс99м
(99м-Тс,Re, S технициум- рениум сулфидколоид )
Принцип на изведување :
1. Радиофармацевтикот се аплицира (кај карцином на дојка) субкутано,
периареоларно ( на 4 места околу мамилата по 0.1 мл)
2. Се снима со планарна гама камера, со паралелен колиматор во АП,
предно коса, латерална положба.
3. 2 часа по апликација со гама детекциона сонда се детектира местото
на најголема радиоактивност (сентинелниот јазл)
4. Се прави динамички (по 30 мин ) и статички скен (1/2 часа по
апликација). Механизмот на прикажување е фагацитоза на обележани
колоидни честички во сентинелниот лимфен јазол.
5. Пред инцизија се аплицира субкутано ИЗОСУЛФАН СИНА БОЈА. Се
екстирпира секој радиоактивен и секој синјазел и патохистолошки се
испитува.

Индикации и интерпретација
*Доколку сентинелниот лимфен јазол е негативен не се отстрануваат
останатите аксиларни лимфни јазли, доколку е позитивен се прави
комплетна аксиларна лимфаденектомија.
Целта е да се избегне комплетно отстранување на аксиларните лимфни
јазли што како последица дава лимфедем на целата рака.
*Индикации се клинички негативна аксила, отсуство на дистални
метастази, уницентричен тумор на градата, тумор помал од 5 цм,
отсуство на претходни поголеми хируршки интервенции во гирниот
надворешен квадрант на дојката и отсуство на претходна хормоно или
хемотерапија.
8.Сцинтиграфија на туморски рецептори
Растењето на тумори може да биде под влијание на хормони и фактори
на раст кои делуваат преку рецептори присутни во туморот
Овие рецептори може да бидат искористени за прикажување на
туморот. Сензитивноста на методата зависи од големината на туморот и
густината на рецепторите.
Хормонот соматостатин се врзува за соматостатинските рецептори во
туморното ткиво и делува инхибиторно врз секрецијата на повеќе
гастрични хормони.
Принцип и изведување на методот:
1. Октреотид аналог на соматостатин, обележан со 123Ј, 111-In или 99m-
Tc e најчесто употребувам радиофармацевтик.
2.Обележаниот октреотид се врзува за соматостатинските рецептори во
туморното ткиво и го прави туморот видлив на гама камера
Индикации и интерпретација
*На патолошки скен се прикажува фокално, зголемено акумулирање на
радиофармацевтикот во туморот.
Служи за детекција на тумори од невро-ендокрино потекло, кои имаат
соматостатински рецептори како карциноид,тумори на
хипофиза,панкреас, медуларен тироиден карцином, неуробластом,
феохромоцитомми. Како и менингеоми, астроцитоми, тумори на дојка,
микроцелуларни карциноми на бели дробови, лимфоми.
9.Имуносцинтиграфија

При различни болести доаѓа до експресија на посебни антигени на


клеточната површина. Имуносцинтиграфија е метода при која за да се
визуелизираат туморите се користат обележани антитела, обично
моноклонални антитела кон површни туморски антигени.
Моноклоналните антитела се обележуваат со различни радионуклиди
131Ј, 123Ј, 111 In, 99m-Tc. Радиофармацевтикот се аплицира
интравенозно, субкутано или во лимфни садови. Туморот се прикажува
како топла зона.
Имуносцинтиграфијата се користи сза дијагноза на карциноми на колон,
овариум, бев дроб, простата, малиген меланом.
10.Позитронска емисиона томографиија(ПЕТ) во онкологија
ПЕТ е нуклеарно- медицинска метода која отвара нови можности во
онкологијата.
Најчесто ползуван радиофармацевтик е 18 FDG-флуоро-деокси глукоза
во ко 18F e позитрон емитер.
ФДГ е аналог на гликозата кој навлегува во клетките на туморот, се
фосфолира, но не може да се метаболизира како гликозата, туку се
акумулира интрацелиларно и туморот се прикажува како топла зона.
Високиот однос тумоор: фон на 18 FDG комбиниран со висока
сензитивност и добра резолуција кои се добиваат со ПЕТ резултираат со
одлични функционални слики кои го прават ПЕТ супериорен над другите
методи.
ПЕТ се користи за дијагноза, процена на степен на раширеност и
мониторирање на тераписки одговор кај повеќе малигни неоплазми
(карциноми на дојка, колоректален,езофагеален,белодробен
карцином,малигни меланом,тумори на глава и врат)
Се користи ПЕР/КТ комбинирано иследување кое дава подобра
резолуција, локализација, проценка на карактерот на лезиите.
Озрачувањето кај ПЕТ Е 7mSv, при ПЕТ/КТ е 14 mSv.
ПЕТ/МР користи за најдобра дијагностика и најмало озрачување.
11.Радијациона синовектомија
Се темели на деструкција на синовитисот со интраартикуларна инекција
со обележан колоид, оваа процедура претставува алтернативен
тераписки пристап на инфламаторни зглобни лезии асоцирани со
реуматиден артрит,остеоартрит, хемофилична артропатија
Идеален радиоколоид за синовиортеза треба да биде величина 2-3 мm,
да биде прифатен од фагоцитите и да нема губиток од
интраартикуларен простор.
Многу е битно да колоидот биде цврсто поврзан за партиклите за време
на радионуклеидниот полуживот и да биде во можност униформно да
се дистрибуира низ изнтраартикуларниот простор без да предизвика
инфламаторен одговор.
Во зависност од големината на зглобот најчесто се применува
90Y silicate или citrate.најчесто за лезии во колениот зглоб.
186Re колоид сулфи се користи за лекување на
рамениот,лакотниот,рачниот зглоб,колот и скочниот зглоб.
169Er се применува за малите зглобови на шаката

12.131-I MIBG терапија

За дијагноза и терапија на тумори со потекло од неурален гребен.


Високата сензитивна акумулавција и ретенција на препаратот, со негова
системска апликација овозможува лекување на примарниот тумор, но и
на дисталните метастази.
Одлуката да се спроведе 131I MIBG терапија треба да се базира на
дијагностичка,трасерска студија направена 1-3 дена по апликацијата на
0.5-1 mCi 131I MIBG.
И покрај заштитата на тироидната жлезда со калиум јодид, сепак големо
количество слободен јод ќе доведе до навлегување во неа.
Тераписката доза на 131-I MIBG обилно изнесува 100-300 mCi, со висока
специфична активност и се аплицира во ток од 1-4 часа преку систем на
оловна заштита
Најзначајна примена на 131-I MIBG е кај неуробластом и фохромоцитом,
се користи и кај параганглиоми и медуларен карцином на тироидеа.
13. Радионуклидна терапија на коскени метастази

Симптомите асоцирани со коскени метастази често го намалуваат


квалитетот на живот.
Освен болката присутни се и симптоми на хиперкалцемија, секвели од
патолошки фрактури, неуролошки дефицит и имобилност
153 Sm -Самариумот е бета ( E=0.8 MеV )и гама емитер ( E=1.03 КеV),
поради што може да се користи за визуелизација на скелетот.
186 Re етидронат е бета( E=1.07 MеV ) и гама емитер, со добра in vitro
стабилност, со висок коска/меко ткивен однос и брз крвен клиренс,
вообичаен ефект се постигнува по 2 недели и трае 7-8 недели по
инекцијата.
89Sr- чист бета емитер( E=1.46 MеV), калциумски аналог кој се аплицира
во форма на SrCl во доза од 4mCi.
Палијативна терапија со радионуклиди има за цел да ја намали болката
и да го подобри начинот на живот.
Најчесто третирани пациенти со радионуклидна терапија се пациенти со
карцином на дојка, простата, мултипни метастази, болки по коските.
14.Радиоимунотерапија
- ја насочува енергијата на радионуклидите преку моноклоналното
антитело кон специфичните протеини кои се експонираат на туморските
клетки.
Моноклоналното антитело има особина да ги активира макрофагите и
моноцитите на пациентот, да ги напаѓа и уништува туморските клетки
врзани за него. Давањето на бета емитери на моноклоналното антитело
ги зголемува тераписките ефекти на радионуклидите врзани за клетката
и околното ткиво особено кај големи и слабо васкуларизирани тумори.
Значајна примена радиоимунотерапијата наоѓа кај non Hodgkin
lumphoma, со примена на антитела насочени кон CD20 антигенот.
Покрај многуте тераписки опции болните со low grade NHL, често не
одговараат поволно на хемотерапијата поради што е индицирана
примена на радиоимунотерапија.
15. 32P во терапија на миелопролиферативните заболување
Радиоактивниот фосфор се применува за терапија на polycthemia rubra
vera, која се карактеризира со апсолутно наголемување на бројот на
еритроцити како и тромбоза, леукоцитоза, сленомегалија. Два до три
пати зголемената продукција на крвни клетки не е пратена со нивно
подолго преживување. Кај 25% од пациентите настапува пост-
полицитемична миелоидна метаплазија која води до леукемична
трансформација.
Преживување на болните со нелекувана PRV изнесува 1.5 година,
додека со комбиниран тераписки пристап 10 години.
Радиоактивниот фосфор претставува чист бета емитер , апликацијата му
е интравенска (ретко перорална) , при што активно се инкорпорира во
пролиферативните клетки на коскената срцевина, слезина и црн дроб.
Исто така 32P се користи и кај есенцијална тромбоцитемија.
Терапијата се прекинув доколку после 3 дози, 6 месеци нема ефект и се
заменува со хемотерапија.

16. Тераписка примена на радионуклиди


Радионуклиди се користат претежно во дијагностички цели.
Меѓутоа нивна примена има значајно место и во терапија на некои
заболувања
Радионуклидната терапија опфаќа голем број на бенигни и малигни
заболувања.
Бенигни: хипертироидизам( M.Graves Basedow, токсичен аденом,
токсична нодозна струма-M.Plummer) најчесто се лекуваат со
радионуклиди; пролиферативни артропатии.
Сепак главната примена радионуклидите ја имаат во терапија на
малигни заболувања.
Колоиди обележани со 32Р или 90Y се користат за лекување на малигни
изливи во телесни празнини, 131 I MIBG се применува за лекување на
неуробластом и феохромоцитом
Основен принцип на радионуклидна терапија
* Во основа на терапискиот ефект на радионуклидите е нивниот
јонизирачки ефект чиј краен ефект е некроза и фиброза.
*Радиоактивниот 131 I се акумулира во тиреоцитите предизвикувајќи
радијационен тироидит од кој следи некроза,деструкција на
функционалното ткиво и излекување на хипертироидизмот.
*32P се вградува во клетките кои синтетизираат протеини и со
озрачување на хиперпластичната коскена срцевина ја редуцира
продукцијата на крвните клетки.

Начин на апликација на радионуклидната терапија


За постигнување на тераписки ефект радионуклидите се снесуваат по
различни патишта:
-Радиоактивниот јод за лекување на тироидни заболувања- перорално
-131 I MIBG –спора интравенозна инфузија
-131 I липиодол за лекување метастатски депозити во црниот дроб-
интраартериска апликација
- Вбризгување колоидни раствори во серозни шуплини за лекување
малигни изливи .

Прифаќање на радиофармацевтикот и негова ретенција во туморот.


За да се постигне тераписки ефект потребно е радиоактивниот препарат
да се концентрира знатно повеќе во и околу патолошкиот процес и при
тоа да емитира зраци со силно јонизирачко дејство.При планирањето на
радионуклидната терапија физичкиот полужувот би требало да
соодвествува со биолошкиот на радиофармацевтикот во ткивото што се
третира.Бидејќи краткиот полуживот ќе оневозможи доволно долг
ефект на заболеното ткиво, додека долгиот ќе предизвика штетни
ефекти на нормалните ткива.

Избор на радионуклеид за тераписка примена


Радионуклеидите во однос на емитираната радијација се делат на 5
групи:
1. Aлфа емитери- алфа емитерите имаат кус домет и поминуваат 10
целуларни дијаметри од местото на распадот. Терапеутскиот потенцијал
на алфа емитерите е во големата енергија која се емитира на кратко
растојание. Користени во пракса се 211 At и 212 Bi емитери
-бета емитерите ги опфаќаат следните 3 групи во оваа група спаѓаат 131 I
32P,89Sr, 90Y
2. Бета емитери со краток домет < 200мm
3.Бета емитери со среден домет >200 мm <1mm
4. Бета емитери со голем домет >1mm
5.Радионуклиди кои се распаѓаат со електронски зафат или интерна
конверзија. Обично се со краток домет и значаен радиолошки ефект
настанува ако емисијата настанува блиску до геномот.(во оваа група
спаѓа 125I .
Токсични ефекти од радионуклидна терапија
Ниту еден радиофармацевтик не е селективен само за одредени ткива.
Најосетливи се стем клетките на коскената срцевина за чија што
репарација после радионуклидна терапија се потребни 4-6 недели
Кај препарат одбележан со 131 I за да се оневозможи врзување на
слободни јодни радикали во тироидната жлезда истата се блокира со
калиум јодид. Во случаи на планирање на повеќе апликации од по
неколку гига бекерели се собираат и чуваат стем клетки за подоцнежна
автологна трансплантација.
1.Карактеристики на АНТИТЕЛА :
-има висок афинитет спрема антигенот- од што во голема мера зависи
моќта на детекција
-реагира само со супстанцијата која се мери што овозможува
максимална специфичност
-има висок титар во антителото.

2. Карактеристики на АНТИГЕНОТ :
-после обележување со радиоизотоп ги заджува своите физичко-
хемиски особини кои го чинат препознатлив од страна на антителото
- да има висока специфична радиоактивност што овозможува да се
користи во минимални концентрации , слични на оние на супстанцијата
која се мери
-да е чист облик што е неопходно поради точноста за мерењето

3.Квантификација на лево-десен шант со радиоангиокардиографија-РАК


𝑸𝒑 𝑨𝟏
=
𝑸𝒔 (𝑨𝟏 − 𝑨𝟐)

Нормално= Qp/Qs до 1,2 патолошко > 1

Интензитет на Л-Д шант :


Мал шант, без хемодинамско значење- 1,4
Умерен шант- 1,4- 1,8
Изразит шант- над 2

*Дали постои и какво хемодинамско значење има лево-десен шант при


радионуклидна ангиокардиографија со следните измерени вредности
на радиоактивност на конструираната крива А1= 6030 имп , А2= 3030 имп
и во регијата на фонот 30 имп.

A1=6030-30=6000
A2-3030-30=3000
𝑸𝒑 𝑨𝟏 𝟔𝟎𝟎𝟎 𝟔𝟎𝟎𝟎
= = (𝟔𝟎𝟎𝟎−𝟑𝟎𝟎𝟎) = 𝟑𝟎𝟎𝟎=2
𝑸𝒔 (𝑨𝟏−𝑨𝟐)

Добиениот резултат укажува на постоење на изразит шант.


4.Ежекциона фракција

импулси во КДВ−импулси во КСВ


Еф= импулси во КДВ
нормални вредности за ЕФ се над 60%

*Пресметај ја ежекционата фракција на левата комора ако со


радионуклидната вентрикулографија во крајната дијастола се измерени
750 имп, во крајната систола 550 имп и во рефијата на фонот 50.
КДВ=750-50=700
КСВ=550-50=500
импулси во КДВ−импулси во КСВ 𝟕𝟎𝟎−𝟓𝟎𝟎 𝟐𝟎𝟎
Еф= = = 𝟕𝟎𝟎=0,28x 100= 28%
импулси во КДВ 𝟕𝟎𝟎

5.Одредување на релативна бубрежна функција

активност на ЛБ
Рф-ЛБ% = активност на ЛБ+ДБx 100 нормални вредности 50%(+-)7

активност на ДБ
Рф-ДБ% = активност на ЛБ+ДБx 100

*Пресметај го релативното учество на левиот и десниот бибрег при


сцинтиграфија со 99m Тс DMSA доколку над левиот бубрег е измерена
радиоактивност од 550 имп, над десниот 1050 имп, регијата на фонот 50.
ЛБ-550-50=500 ДБ-1050-50=1000
активност на ЛБ 𝟓𝟎𝟎
Рф-ЛБ% = x 100= x100=0.33x100=33%
активност на ЛБ+ДБ 𝟏𝟓𝟎𝟎

активност на ДБ 𝟏𝟎𝟎𝟎
Рф-ДБ% = x 100= x100=0.66x100=66%
активност на ЛБ+ДБ 𝟏𝟓𝟎𝟎

Наодот укажува на нормална функција на ДБ, со компензаторно


намалување на функцијата на ЛБ.
Отстапувањата од нормалните вредности укажуваат на нарушување на
функционален бубрежен паренхим-пиелонефрит и хидронефроза
6. Одредување на сакроилијачен индекс
Активноста над ЛСИЗ
СИ-Л=
Активноста над сакрумот

Активноста над ДСИЗ


СИ-Д=Активноста над сакрумот

Нормалните вредности на сакроилијачниот индекс треба да


бидат <1.25 (просечно 1,27 за машкото, 1,18 за женскиот пол )

Патолошки вредности на СИ се среќаваат кај : анкилозирачки


спондилит, реуматиден артрит, системски
лупус,хиперпаратироидизам, reiter-ов синдром, слпингитот,
инфективен сакроидеит ( туберкулоза, бруцелоза).
Оваа метода најголемо значење има во рана дијагноза на
спондилит M. Bechterew.

*Пресметај го сакроилијачниот индекс со активност над ДСИЗ-


5200 имп/мин, активноста над ЛСИЗ- 4000 имп/мин, а над
сакрумот- 3000 имп/мин.

Активноста над ЛСИЗ 𝟒𝟎𝟎𝟎


СИ-Л=Активноста над сакрумот=𝟑𝟎𝟎𝟎=1.33

Активноста над ДСИЗ 𝟓𝟐𝟎𝟎


СИ-Д=Активноста над сакрумот=𝟑𝟎𝟎𝟎=1.73

Вредностите се над нормалните и се патолошки


7. Период на полураспаѓање

You might also like