Professional Documents
Culture Documents
Магнетна резонанција PDF
Магнетна резонанција PDF
Содржина
Како функционира магнетната резонанција
Примена
Основни скенирања со магнетната резонанција
Т1- временска релаксација на отсликување со магнетна резонанција
Т2 - временска релаксација на отсликување со магнетна резонанција
Т*2 - временска релаксација на отсликување со магнетна резонанција
Густина на спинот со МРИ
МРИ снимања со посебна намена
Дифузија со МРИ
Пренос на магнетизација со МРИ
Импулсна секвенца која користи церебрална течност за добивање на
тридимензионална или дводимензионална слика "FLAIR"
Магнетно резонантна ангиографија
Прекумерно собирање на цереброспинална течност во интракранијално
проширените пространства со МРИ
Магнетно резонантна спектроскопијa
Функционална МРИ
МРИ со реално време
Интервентна магнетна резонанција
Радиотерапија и терапија со симулација
Отсликување на густина со електрична енергија
Фокусиран ултразвук со МРИ
Мултинуклеарно отсликување
Отсликување со предиспозициски слики (“ SWI “)
Други специјализирани методи со МРИ
Преносни уреди
МРИ наспроти КТГ
Економија на МРИ
Безбедност
Магнетно поле
Радиофреквентна енергија
Периферна нервна стимулација (ПНС)
Акустична врева
Криогени
Контрастни агенси
Бременост
Клаустрофобија и неудобност
Упатство
Европската директива за физички агенси
Тридимензионална (3Д) реконструкција на слики
Принцип
Тридимензионални толковни методи
Сегментација на слики
Нобелова награда во 2003 година
Примена
Во медицинската практика, МРИ се користи за да ги разликува патолошките ткива (како што е
тумор на мозокот) од нормалните ткива. Една предност на преглед со МРИ е тоа што не е штетна
за пациентот. За разлика од КТГ и традиционалните рендгенски зраци, кои што користат
јонизирано зрачење, МРИ користи силни магнетни полиња и нејонизирано зрачење од доменот на
радио фреквенцијата. Додека КТГ обезбедува добра просторна резолуција (можноста да разликува
две одделни ткива со мал арбитрарен простор помеѓу нив), МРИ обезбедува контрастна
резолуција со многу подобар контраст (можноста да ги забележува разликите помеѓу две
арбитрарно слични но не и идентични ткива). Најважното од оваа можност е комплексното
читалиште на пулсни секвенци што се наоѓа во современиот медицински скенер на МРИ, кој е
направен за да создаде контрастна слика што се основа врз хемиската чувствителност на МРИ. На
пример, со посебни проценки на ехо времето (ТЕ) и времето на престанување на пулсот и
започнување на нов (ТР) т.е на основните принципи за добивање на слика, се добива секвенца под
дејство на Т2 временската релаксација. При преглед со Т2 - релаксационо време, ткивата кои
содржат вода и течност се светли а ткивата кои што содржат масти се темни. На сликите од
преглед со Т1 е обратно. Оштетените ткива можат да предизвикаат едема, која што ги прави
секвенцата со Т2 временската релаксација и обично способноста да го разликува патолошкото од
нормалното ткиво деликатни за патологија. Со додавање на дополнителни радиобранови и
дополнителен третман со магнетните градиенти, секвенцата добиена со Т2 временската
релаксација може да биде изменета во “ FLAIR “- пулсна секвенца која користи течност за
добивање на тридимензионална или дводимензионална слика, во која слободната вода е сега
темна, но ендемските ткива остануват светли. Особено оваа секвенца моментално е
најделикатниот начин за откривање на демиелизирачки болести во мозокот како што е мултиплекс
склерозата. Вообичаените прегледи со МРИ се состојат од 5 - 20 секвенци, од кои секоја е избрана
за да обезбеди посебен вид на информации за ткивата што се прегледуваат. Тогаш докторот ги
објаснува и ги синтетизира овие информации.
Дифузија со МРИ
Дифузијата со МРИ го мери распространувањето на молекулите на водата во биолошките ткива.
Во изотропска средина (на пр. внатре во чаша со вода) молекулите на водата се движат природно и
без правец на движење во зависност од турбуленцијата и Брауновото движење. Сепак, во
биолошките ткива, каде што Рејнолдовиот број е доволно мал за приливот да биде ламинарен,
распространувањето може да е анизотропско. На пр. молекулот внатре во нервното влакно од
невронот има мала веројатност да ја раскине миелинската мембрана. Затоа молекулот се движи по
оската на нервното влакно. Ако знаеме дека молекулите во одреден воксел се шират претежно во
еден правец, ние можеме да претпоставиме дека повеќето од влакната во оваа област се движат
паралелно на тој правец. Неодамнешното усовршување на дифузијата со тензорски слики (ДТС)
овозможува таа да се измери во повеќе правци и делумната анизотропија да се пресмета во секој
правец и за секој воксел. Ова им овозможува на истражувачите да направат мозочна мапа од
правците на влакната за да ја истражат поврзаноста помеѓу различните области во мозокот (со
помош на трактографија) или за да ги истражат областите на нервно уништување и
демиелинизација од болестите како што е Мултиплекс Склерозата.
Друга примена на дифузијата со МРИ е дифузија со обработени слики (ДОС). После исхемичен
мозочен удар ДСС е многу осетлива на промените настанати при повреда. Се претпоставува дека
зголемувањето на ограничувањата (препреките) во водената дифузија, заради цитотоксичната
едема (клеточен оток) , се причина за појаснување на сигналот при снимање со ДСС.
Подобрувањето на ДСС се појавува 5-10 минути од почетокот на симптомите на мозочниот удар
(во споредба со КТГ, која често не ги детектира промените од акутниот инфаркт и од 4-6 часа) и
останува до две недели. Заедно со снимањето на церебралната перфузија, научниците можат да ги
нагласат областите со несоодветно дијагностицирана дифузија и перфузија, што може да ги
утврди областите кои можат да се спасат со повторна терапија на перфузија. Како и многу други
посебни примени, овој метод најчестого се користи заедно со брзото и секвенцијално добивање на
слики, како што е планарното секвенцијално ехо.
Функционална МРИ
Функционалната МРИ - (ФМРИ) ги мери промените на сигналот во мозокот кои се зависни од
нервната активност. Мозокот е снимен со ниска резолуција но со брза постапка -обично еднаш на
секои 2-3 секунди. Зголемувањето на нервната активност преку промени на Т*2 предизвикува
промени на сигналот на МР. Овој механизам е наречен "BOLD" ефект - зависноста на нивото со
оксидирана крв. Зголемената нервна активност предизвикува потреба за кислород, а крвниот
систем всушност го надоместува тоа, зголемувајки го количеството на кислородниот хемоглобин
во однос на некислородниот хемоглобин. Бидејќи некислородниот хемоглобин го намалува
сигналот на МР, крвната реакција води до зголемување на сигналот кој што е поврзан со нервната
активност. Предмет на актуелните истражувања е прецизната природа на врската помеѓу нервната
активност и "BOLD" сигналот. Ефектот "BOLD" исто така овозможува создавање на
тридимензионални карти со висока резолуција на венската крвна мрежа во рамките на нервното
ткиво.
Додека "BOLD" сигналот е метод кој најчесто се
применува во студиите по неврологија на човекот,
прилагодливата природа на МР снимките овозможува
начини за изострување на сигналот кај други аспекти на
крвотокот. Се применува и алтернативниот метод
дијагностицирање на артериски спин- АСД или МРИ
сигналот од церебрално крвен проток- ЦКП и
церебрално крвен волумен - ЦКВ. Методот ЦКВ врши
инјектирање на еден вид на МРИ контрастни агенси, коJ
што сега медицински тестирања врз човекот. Бидејќи во
претклиничките студии, овој метод се покажа далеку
Снимка со ФМРИ на која активните
поделикатен отколку "BOLD" методот, тој може области се во портокалова боја
потенцијално да ја зголеми улогата на ФМРИ во
медицинската примена. ЦКП методот обезбедува повеќе
квантитативни информации отколку "BOLD" сигналот, но сепак со значителни загуби за
откривање на чувствителноста.
Мултинуклеарно отсликување
Водородното јадро е најчесто снимено со МРИ бидејќи го има во големо присуство во биолошките
ткива. Сепак, секое јадро со мрежа на нуклеарен спин би можело да биде снимено со МРИ. Такви
се јадрата на : хелиум-3; јаглерод- 13; флуор-19; кислород-17; натриум- 23; фосфор -31; и
ксенон-129.Натриумот, Фосфорот и кислородот се природно присутни во телото, па затоа
директно се отсликуваат. Гасовитите изотопи како што се He3 или Хе мора да се разложат а потоа
да се инхалираат, затоа што нивната нуклеарна густина е премногу ниска да создаде корисен
сигнал под нормални услови. 17 О, 13 С и 19 Ф можат да бидат применети во доволна количина во
форма на течност, (на пр : кислород - во водата, јаглеродот - во гликозните раствори или
перифлуоркарбонатите) која не мора да се разложува.
Преносни уреди
Преносните уреди на МРИ можат да се користат за едукативни и истражувачки цели. Со употреба
на правилата за нуклеарно магнетно резонирање на Земјиното поле,може да се забележи дека тие
немаат силно поларизиран магнет, па затоа тие можат да бидат мали и евтини. Некои се користат и
за ЕФНМР спектроскопија и за МРИ отсликување.Ниската јачина на Земјиното поле дава слаб
сигнал на гласната пропрционалност, и потребен и е долг временски период на снимање за да ги
обработи спектроскопските податоци или да изгради МРИ слика.Истражувањето со атмоски
магнометри ја разгледува можноста за евтини и преносни МРИ уреди без голем магнет.
КТГ може да се подобри со употреба на контрастни агенси што содржат елементи со поголем
атомски број отколку околното месо, а такви се јодот и бариумот. Контрастните агенси за МРИ
имаат парамагнетни својства, на пр. гадолиниумот и магнезиумот.
Економија на МРИ
Опремата на МРИ е скапа. Скенерите од 1,5 тесла чинат околу 1-1,5 милиони американски долари.
Скенерите од 3 тесли чинат од 2-2,3 милиони американски долари. Изградбата на собата за МРИ
може да чини и до 500.000 американски долари или повеќе во зависност од предвидениот простор.
Скенерите на МРИ се значителни извори на приходи за здравствените услуги во САД. Ова е
поради поволните стапки на обесштетување од осигурителните друштва и федералните
програмите на Владата. Осигурителното обесштетување е предвидено во два дела и тоа :
наплаќање за опремата, односно за работењето и снимањето на МРИ, и професионално наплаќање
за радиолошки увид на сликите или податоците. Во североисточна Америка, наплаќање за
работењето на МРИ може да чини и 3.500 американски долари а професионалното наплаќање
може да чини 350 американски долари иако трошоците на поседувачот на опремата и на докторот
кој врши увид на сликите се значително помали, и во зависност од стапките за кои се преговара со
осигурителните компании, или пак кои се одредени од страна на владата како што е ценовникот за
трошоци за здравствена заштита на стари лица во САД. На пр. во 2007 година, ортопедска
хируршка група во Илиноис наплатила 1.116 американски долари за преглед на колено со МРИ, но
надоместот од здравствената заштита за стари лица во САД беше само 470,91 американски
долари. Многу осигурителни компании бараат повторно одобрување за МРИ процедура како услов
за осигурително покривање.
Безбедност
Неколку карактеристики на снимање со МРИ може да ги зголеми ризиците.
Тие вклучуваат :
• Нискотемпературни течности
• Бучава
• Клаустрофобија
Покрај овие, во случаи каде што се употребени контрастни агенси со МРИ може да има
дополнителни ризици.
Магнетно поле
За најголемиот број модели на медицински или биостимулациски импланти обично се предвидени
контраиндикации при преглед со МРИ. Тука се вклучени пејсмејкери, подвижни нервни
стимулатори, имплантирани кардиолошки дефибрилатори, врзани рекордери, инсулински пумпи,
ушни апаратчиња, длабоко мозочни стимулатори. Затоа пациентите секогаш ги прашуваат за
детални информации за сите импланти пред да влезат во собата за снимање со МРИ. Забележани
се неколку случаи на смрт на пациенти со пејсмејкери кои биле подлежни на МРИ преглед без
соодветни мерки на претпазливост. За да се намалат таквите ризици, имплантите се подобруваат
се повеќе за да се овозможи безбедно снимање, а и се развиваат посебни протоколи за дозвола на
безбедно снимање на некои импланти и некои електростимулаторни направи.
Железните туѓи тела како што се скелетните штрафови, или метални импланти како што се
хируршките протези или клипови за аневризам се сметаат за ризици при преглед со МРИ.
Интеракцијата помеѓу мегнетните и радиофреквентните полиња со такви предмети може да
доведе до траума заради движењето на предметите во магнетното поле или до термална повреда
од радиофреквентната грејна индукција на предметот.Титаниумот и неговите легури се безбедни
од движењето на магнетното поле.
МР-условност - Уред или имплант кој може да содржи магнетна и електрична спроводливост или
делови кои реагираат на радиофреквентност,безбеден е за операции во близина на МРИ, доколку
се почитуваат и се дефинираат условите за безбедна операција (како што е : тестирано, безбедно
до 1,5 Тесли; или безбедно во магнетни полиња со јачина до 500 Гауси).
Радиофреквентна енергија
Моќниот радио пренесувач е потребен за возбудување на магнетните моменти на протоните. Ова
може да го загрее телото до таа мера што би настанал ризик од хипертермија (зголемување на
телесната температура) кај пациентите, особено кај пациентите со прекумерна тежина или кај
оние кои имаат терморегулирачки нарушувања. Некои земји направија ограничувања на
максималната специфична стапка на апсорпција која што ја произведува скенерот.
Акустична врева
Вклучувањето на градиентите на полето предизвикува промена во Лоренцовата сила кај
градиентните намотки, кои произведуваат минутни проширувања и контракции врз самата
намотка. Бидејќи вклучувањето е типично за областите од звучна фреквенција, добиената
вибрација предизвикува гласни звуци (тропање или звучни сигнали). Ова највеќе се среќава кај
машините со моќно поле и кај методите со брзо отсликување во кои звучниот интензитет може да
достигне и до 120 децибели (што е еднакво на млазниот мотор при полетување), и затоа е
задолижителна соодветна заштита на ушите за секој кој се наоѓа внатре во собата за снимање при
преглед со МРИ.
Криогени
Како што е објаснето погоре во функционирањето и конструкцијата на скенерот, многу скенери на
МРИ користат нискотемпературни течности за да овозможат суперспроводливи можности на, и во
електромагнетните намотки. Иако нискотемпературните течности не се отровни, од нивните
физички својства постојат ризици. Ненамерно исклучување на суперспроводливиот
електромагнет, случај познат како " придушување", вклучува брзо зовривање на течен хелиум во
уредот. Ако брзото ширење на хелиумот не може да се исфрли преку надворешниот отвор, или
како што понекогаш е наречено "придушна цевка", тоа може да биде испуштено во собата за
снимање каде што може да предизвика истиснување на кислородот и можен ризик од загушување.
Течниот хелиум, кој е најчесто употребуваниот криоген со МРИ, со менување на својата состојба
од течна во гасовита поминува покрај експлозивно проширување. Просториите изградени за
суперспроводливост на МРИ опремата, покрај потребните цевки за придушување треба да бидат
опремени и со уреди ослободени од притисок и издувен вентил. Бидејќи придушувањето
предизвикува брзо губење на сите нискотемпературни течности во магнетот, повторното
користење на магнетот е скапо а и чини време. Спонтаните придушувања не се вообичаени, но
можат да бидат предизвикани од дефект во опремата, несоодветен метод за нискотемпературно
затнување, загадувачи во крајостатот или екстремни магнетни или вибрациони нарушувања.
Контрастни агенси
Најчесто употребуваните интравенски контрастни агенси се основаат на разложувањето на
гадолиниумот. Општо земено, овие агенси се покажаа побезбедни отколку јонизираните
контрастни агенси кај радиографијата со рендгенски зраци или КТГ. Анафилаксичните реакции се
ретки и се појавуваат приближно од 0,03 - 0,1%. Од особен интерес е помалата застапеност на
нефротоксичност, во споредба со јонизираните агенси, кога се дава вообичаената доза, се
подобрува контрастот на снимањето со МРИ што е и опција за пациентите со бубрежно
оштетување, кои инаку не би можеле да се прегледаат со контрастна КТГ. Иако гадолиниумските
агенси се покажаа како корисни за пациентите со бубрежно оштетување, кај пациентите со тешко
бубрежно откажување за кое е потребна дијализа постои ризик од ретка но сериозна болест,
нефрогенска системична фиброза, која можеби е поврзана со употребата на некои гадолиниумски
контрастни агенси. Најчесто е поврзан гадодиамидот, но исто така поврзани се и другите агенси.
Иако причинската врска сеуште не е формирана, моменталните упатства во САД велат дека
пациентите под дијализа треба да примаат гадолиниумски агенси само ако е неопходно и дека
дијализата треба да биде направена што е можно поскоро по снимањето за веднаш да се отстрани
агенсот од телото. Во Европа, каде што се достапни гадолиниумските контрастни агенси, се
направи класификација на можни ризици од агенсите. Неодамна беше одобрен новиот контрастен
агенс за дијагностичка употреба по име гадоксетат, брендирано име “ Eovist“ (САД) или
“Promovist” (ЕУ), кој ја има теоретската корист од патеката за двојно исфрлање.
Бременост
Со МРИ нема последици врз фетусот. Конкретно МРИ ја избегнува употребата на јонизирано
зрачење, на кое фетусот е многу чувствителен. Сепак, како мерки за претпазливост во
моменталните упатства се препорачува дека бремената жена се прегледува со МРИ само доколку е
неопходно. Ова особено се однесува за време на првото тримесечје на бременост, бидејќи за време
на овој период се појавува органогенозата. Загриженоста за бременост е иста како и општата
загриженост при преглед со МРИ, меѓутоа фетусот може да биде малку почуствителен на
ефектите - посебно на загревањето и на вревата. Сепак, еден дополнителен проблем е употребата
на контрастни агенси; гадолиниумските соединенија се познати по тоа што ја преминуваат
плацентата и навлегуваат во крвотокот на фетусот, и се препорачува да се избегнува нивната
употреба.
Клаустрофобија и неудобност
Заради градбата на некои МРИ скенери, тие можат да бидат многу непријатни за лежење внатре.
Постарите модели од затворен тип на МРИ системите се одликува со прилично долга цевка или
тунел. Делот од телото кој што се отсликува мора да биде во центарот на магнетот, кој е во
целосниот центар на тунелот. Бидејќи времето на снимање со овие стари скенери може да биде
долго (понекогаш и до 40 минути за целата постапка) дури и луѓето со слаба клаустрофобија
понекогаш не можат да го толерираат снимањето со МРИ без раководење. Модерните скенери
можеби имаат поголеми тунели (до 70 cм) и времето од снимањата е пократко. Ова значи дека
клаустрофобијата е помал проблем, и многу пациенти ја наоѓаат МРИ како едноставна и лесна
постапка за толерирање.
Претходни подготовки
Упатство
Прашањата за безбедност, вклучувајќи ја и можноста за биостимулациски уред за интерференција,
движењето на железните тела, случајно локално загревање се објаснети во Американскиот Колеџ
за радиологија во "Белата книга за безбедност со МРИ" (“White Paper on MRI safety (http://White%
20Paper%20on%20MRI%20safety)”), кој првично бил објавен во 2002 година и бил проширен во
2004 година. АКР во "Белата книга за безбедност со МРИ" (“ White Paper on MRI safety”) бил
повторно напишан и објавен во почетокот на 2007 година под нов наслов : Упатство за безбедност
на МР во практика (“ Guidance Document for Safe MR Practices (http://Guidance%20Document%20fo
r%20Safe%20MR%20Practices)”) . Во декември 2007 година, Здравствената Регулаторната
Агенција за Лекови, здравственото регулаторно тело во Велика Британија го издаде нивното :
Упатство за безбедност на опремата на МРИ во медицинската употреба (“Safety Guidelines for MRI
Equipment in Clinical Use (http://afety%20Guidelines%20for%20MRI%20Equipment%20in%20Clinica
l%20Use)”). Во февруари, 2008 година, Здружената Комисија, Американската Организација за
Акредитација на Здравството го објави “ Sentinel Event Alert # 38 (http://Sentinel%20Event%20Aler
t%20#%2038) “, што е и нивното најголемо советување за безбедноста на пациентите, за
прашањата поврзани со безбедност со МРИ. Во јули, 2008 година Американската Ветеранска
Служба, федералната владина агенција која служи за здравствените потреби на поранешниот воен
персонал, објави значајно преработено издание на Упатството за Дизајнот на МРИ (“ MRI Design
Guide (http://MRI%20Design%20Guide)”), во кој се вклучени физичката и просторната безбедност.
Принцип
Бидејќи современите скенери на МРИ имаат изотропска или приближно изотропска резолуција,
приказот на слики не треба да биде ограничен кај конвенционалните аксијални слики. Наместо
тоа, можно е софтверска програма да го изгради волуменот со редење на индивидуални парчиња
едно врз друго.Тогаш програмата може да го прикаже волуменот на друг начин.
Површинското ниво за вредноста на густината на сивата маса е избрана од вработеното лице (на
пр. ниво кое одговара на мастите). Површината на нивото се одредува со компјутерска обработка и
алгоритми за обработка на слика. Ова е главната причина за конструирање и прикажување на
тридимензионалниот модел на екран. Повеќето модели може да се создадат од различни видови на
површински нивоа, овозможувајќи различни бои кои ги застапуваат сите анатомски делови како
што се коската, мускулот и ‘ рскавицата. Сепак,со овој метод на работење не можат да се видат
внатрешните структури на секој елемент.
Прикажување на волуменот
Површинското толкување е ограничено затоа што ја прикажува само површината која што ја
исполнува почетната густина, и само ја прикажува површината која е најблиску до имагинарниот
гледач. Со волуменското прикажување, транспарентноста и боите се користат за подобро
прикажување на волуменот на една слика - на пр. коските на карлицата можат да бидат прикажани
како полутранспарентни, така што дури и од кос агол, едниот дел од сликата не го прикрива
другиот.
Сегментација на слики
Кога различните структури имаат слични површински густини, може да не постои начин тие да се
одделат само со прилагодување на волуменот кај толковните параметри. Решението се нарекува
сегментација,односно рачна или автоматска постапка која може да ги отстрани непосакуваните
структури од сликата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Магнетна_резонанција&oldid=3823229“
Текстот е достапен под условите на лиценцата Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови. Може
да важат и дополнителни услови. За повеќе информации, погледајте ги Условите на употреба.