Professional Documents
Culture Documents
Mast Za Atopicen Dermatitis
Mast Za Atopicen Dermatitis
Вовед
Атопичен дерматитис или егзема е хронична состојба на пруритис пропратена со сува кожа.
Најчесто започнува во раната детска возраст и често е пропратена со други атопични состојби,
како што е астма и алергичен ринокоњуктивитис. 1
Атопичниот дерматитс афектира приближно 20-30% од детската популација и 2-10% од
возрасната популација. Кај луѓето со лична или семејна историја на атопија (тенденција за
развој на алергиска состојба), многу е поверојатно да се појави и развие атопичен дерматитис. 1
Stratum corneum
Stratum corneum е надворешниот слој од епидермисот. Stratum corneum е составен од високо
организиран интерцелуларен липиден матрикс и корнеоцити (сплоснати клетки без јадро кои
што се исполнети со филаменти на кератин). Честопати stratum corneum се нарекува и како
„тули и малтер“ на кожата, при што корнеоцитите претставуваат „тули“ а липидот претставува
„малтер“.2
Хомеостазата на stratum corneum е нарушена кај пациенти со атопичен дерматитис кои имаат
лезија на кожата и кај пациенти со атопичен дерматитис без лезија на кожата. Ова доведува до
зголемен епидермален губиток на вода и зголемена пенетрација на алергени. 1
Глицеролот е физиолошки хумектант (силно привлекува и задржува вода) кој што не учествува
во метаболните процеси на кожата, но превенира зголемен губиток на вода и го задржува
stratum corneum добро хидратиран. Глицеролот превенира фазна транзиција на stratum
corneum и спречува иритација и пенетрација на супстанци низ stratum corneum, спречувајќи
алергиска инфламација на кожата.
Глицеролот поседува и антипруритични својства бидејќи го блокира ослободувањето на
хистамин и овозможува да отпочне реставрацијата на нарушената структура на stratum
corneum.2,7
Во неколку клинички студии забележано е дека глицеролот ја намалува магнитудата на
физиолошкиот флукс на водата од површината на кожата и ја намалува брзината на
трансепидермален губиток на вода.8,9,10,11
Во неколку клинички студии забележано е дека кога глицеролот се употребува редовно во
подолг период во поголема концентрација го зголемува нивото на флагирин и профалгирин
како и стимулација на MAPK (митоген активиран протеин киназа систем) кој што контролира
многубројни процеси во кератиноцитите. Целокопниот ефект е забрзан процес на обнова на
оштетената бариерна функција на кожата и превенција од понатамошно оштетување. 12,13.
Филагрин протект мастот е иновативна формула, која се разликува од останатите слични
производи на пазарот бидејќи во својот состав содржи повискока концентрација на глицерол
во еднолична смеса со вазелин, течен парафин и восочен стеарил алкохол. Се изработува како
магистрален препарат и не содржи конзерванс, па оттука рокот на траење на мастот е шест
месеци од датумот на негова изработка (според германската фармакопеја за магистрални
препарати кои во својот состав не содржат вода).
Филагрин протект мастот е високо емолиентен, овозможува ефикасна хидратација на
кожата која трае 24 часа и со редовна употреба кај повеќето пациенти спречува појава на
атопичен дерматитис и предизвикува ремисија на клиничката слика на атопичен
дерматитис. Првите поволни клинички значајни ефекти се забележуваат после употреба од
времетраење во просек од 10 денови , ако се употребува два пати дневно, но кај долго време
нелекуван атопичен дерматитис или атопичен дерматитис лекуван со кортикостероиди при
што настанало задебелување на кожата, поволните ефекти од мастот можат да се забележат
подоцна од 10 денови.
FILA APTEKA