You are on page 1of 3

Прашалник за периферна болест на артериите – Единбуршки прачалник за клаудикација

Ве молам поставете му ги на пациентот следниве прашања:

1. Дали чувствувате болки, нелагодност, вкочанетост или трнење во нозете кога


пешачите?

Да Не Не можам да одам

Ако сте одговориле потврдно на претходното прашање, продолжете да одговарате на


прашалникот. Ако сте одговориле негативно, не морате понатаму да одговарате на прашањата.

2. Дали болката понекогаш започнува додека сте во мирна стоечка позиција или додека
седите?

Да Не

3. Дали се јавува болката кога пешачите на угорница или кога пешачите брзо ?

Да Не

4. Дали болката се јавува кога пешачите со вообичаена брзина на рамен терен?

Да Не

5. Што се случува кога ќе престанете да пешачите ?

А. Болката трае повеќе од 10 минути Да Не

Б. Болката престанува за или помалку од 10 минути Да Не


6. Каде најчесто се појавува болката?

Означете место на сликата со x .

Забелешка (само за здрвствен работник)

Дефиниција на интермитентна клаудикација потребни се сите наведени одговори:


1. Да
2. Не
3. Да
5.Болката престанува за или помалку од 10 минути

Конечна дијагноза на интермитентна клаудикација може да се донесе ако пациентот покрај веќе
горенаведените одоговори назначува и болка во заден дел на подколеница. Со горенаведените
одоговори , пациентот ако назначува болка во бут или задник, тогаш наведеното се смета за
атипична презентација на интермитентна клаудикација. Пациентот најверојатно нема
клаудикација ако чувствува болка во задна страна на надколеница, болка во стопало, зглобови,
предна страна на подколеница или без појава на болка во листови.

You might also like