You are on page 1of 7

pH-метрија

-ШТО ПРЕТСТАВУВА PH-МЕТРИЈА?


-PH MЕТАР И НАЧИН НА НЕГОВА РАБОТА
-КАКО СЕ ВРШИ МЕРЕЊЕТО НА PH ВРЕДНОСТА?
-ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА PH ВРЕДНОСТА ВО ОРГАНИЗМОТ
Што претставува pH-метрија?
 pH-метрија претставува аналитичка метода со која се определува киселоста или
базноста на средината, особено на водените раствори.
 Во 1909 година данскиот хемичар Соренсон го вовел поимот pH вредност со цел да ја
дефинира киселоста на средината. pH вредноста се дефинира како негативен логаритам
од концентрација на водородните јони c(Н+) во растворот.
 pH=-log c(H+)
 Во формулата и дефиницијата имало мали промени така што поимот концентрација на
водородните јони с(Н+) е заменет со поимот термодинамички активитет а(Н+) на
водородните јони, при што формулата се менува во:
 pH=-log a(H+)
Многу од биолошките течности од нашето тело имаат различни pH вредности:
-крв 7,36
-плунка 6,90
-желудочен сок 1 – 1,5
-цревен сок 8,30
-солзи 7,00

кисела средина е кога pH < 7


неутрална средина е кога pH = 7
базна средина е кога pH > 7
pH метри и начин на нивна работа:

 Инструментите за мерење на pH вредноста на растворите се нарекуваат pH-метри.


 pH-метриските мерења се вршат со употреба на две електроди, индикаторска и
референтна електрода кои се вронети во испитуваниот раствор. Напонот кој се
создава помеѓу електродите е пропорционален на pH вредноста на растворот.
 Потенцијалот на референтната електрода не зависи од активитетот (ефикасната
концентрација) на јоните во ќелијата. Затоа потенцијалот на референтната електрода
не се менува за време на мерењето. Потенцијалот на индикаторската електрода
зависи од активитетот на јоните во ќелијата.
*За определување на активитетот на водородните јони во растворoт односно
определување на pH вредноста на растворите, се применуваат неколку вида
индикаторски електроди, како што се водородна, хинхидронска, антимон-антимоноксид
и стаклена електрода. Како реферантна електрода при поголем број потенциометриски
определувања се користи каломелова електрода.
Како се врши мерењето на pH
вредноста?
 На почетокот се мери потенцијалот на ќелијата со стандардни раствори со
позната pH вредност. На тој начин системот се калибрира, а потоа се мери
потенцијалот на ќелијата со раствор со непозната pH вредност. На скалата на
инструментот може да се прочита pH вредноста на растворот.
 Во практиката многу често се применуваат раствори со постојана и точно
определена pH вредност, кои се нарекуваат пуферни смеси или пуфери. Пуферите
имаат особина да ја одржуваат својата pH вредностa при разредување на
растворот и pH вредноста на средината (до одредени граници).
Интересни факти за pH вредноста во
организмот
 Човечкиот организам претставува киселинско – базен рамнотежен систем што се
движи.
 Урамнотежена pH вредност во организмот овозможува оптимално одвивање на
метаболизмот со што се добива поголема отпорност кон болестите. Доколку дојде до
нарушување на киселинско – базната рамнотежа во организмот тој станува подложен
на болести, бидејќи доаѓа до слабеење на имунолошкиот систем. Така на пример: pH
вредност на желудочниот сок изнесува 1-1,5. При таа вредност овозможено е дејство на
ензими што учествуваат во разложување на храната во желудникот. Со промена на pH
вредноста настанува оштетување на желудникот и појава на чир.
 pH - вредност на плунката е помеѓу 6,5 – 7. Тоа значи дека во тој случај организмот
нормално функционира. За да се одржи pH вредноста во овие граници треба да се
употребува паста за заби која има базен карактер за да ја неутрализира киселоста во
устата која се создава при разложување на храната.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА
ВНИМАНИЕТО!
ИЗБРАБОТИЛЕ:
Илина Димовска
Андреј Бошковски III2 FT.

You might also like