You are on page 1of 32

ВОДАТА ВО ЧОВЕКОВИОТ

ОРГАНИЗАМ
Општи познавања за водата

• Молекулата на водата (H2O) е изградена од два атоми водород


и еден атом кислород, поврзани со ковалентни врски.
• Валенциите на кислородот образуваат агол од 104,5° (идеално
109,5°).
• Атомот на кислород ги привлекува кон себе електроните кои ги
образуваат ковалентните врски со атомите на водород.
Поради тоа кислородниот атом станува понегативен, а
водородните атоми – попозитивни.
На тој начин настанува асиметрија во електронската структура
на молекулот на водата, односно настанува електричен дипол.
• Водата претставува универзален растворувач на
органските и неорганските материи во клетките и
околу нив.
Таа е во состојба да раствори најмногу супстанции,
различни по својата хемиска природа, во однос на
останатите растворувачи.

• Водата има повисока температура на топење,


температура на вриење и топлина на испарување
од повеќето познати растворувачи.
Овие единствени особености на водата се резултат
на заемодејството на молекулите, што ѝ дава на
водата голема внатрешна кохезија.
Водородните врски кај водата се
јавуваат како резултат на
електростатското привлекување
помеѓу кислороден атом од една
молекула вода и водороден атом од
друга молекула вода.

Водородните врски се слаби врски.


Во мразот секоја молекула
вода гради четири водородни
врски – најголемиот можен
број за една молекула вода во
кристална решетка.

Во течна агрегатна состојба, на


собна температура и
атмосферски притисок, секоја
молекула вода гради
водородни врски со просечно
3,4 молекули вода.

Поради ова, мразот има


помала густина од течната
вода и плива на нејзината
површина.
Водородни врски во мразот
Водородните врски не се
карактеристични исклучиво само
за водата.
Тие лесно се градат помеѓу еден
електронегативен атом (обично
кислород или азот) и водороден
атом врзан за друг
електронегативен атом во истата
или во друга молекула:

Водородните атоми кои се ковалентно


сврзани за јаглеродни атоми не
формираат водородни врски.
Водата е поларен растворувач.
Таа лесно ги раствора повеќето биомолекули кои се наелектризирани или
поларни.
РАСТВОРАЊЕ НА ГЛУКОЗА ВО ВОДА
РАСТВОРАЊЕ НА ГОТВАРСКА СОЛ ВО ВОДА
Растворливост на некои биолошки значајни гасови во вода

▪ Постојат протеини носачи за О2 (хемоглобин и миоглобин).


▪ CO2 во воден раствор гради јаглеродна киселина, а исто така има
способност да се врзе за хемоглобинот.
Кога едно амфипатично соединение се меша
со вода, поларниот хидрофилен дел
заемодејствува со водата и се стреми да се
раствори.

Силите кои ги држат неполарните делови од


молекулите заедно се наречени хидрофобни
интеракции.
Слабите интеракции се од
суштинско значење за структурата
и функцијата на макромолекулите.

Збирниот ефект од многуте мали


сврзувачки сили е огромен.
Сите типови растворени супстанции ги менуваат физичките особини на
растворувачот вода.
Ова е резултат на тоа што во растворот концентрацијата на водата е пониска отколку
во чистата вода.
Ова влијание зависи само од бројот на растворени честички во дадено количество
вода (не од нивната хемиска природа).
Разлика помеѓу иста концентрација на воден раствор на готварска сол и воден
раствор на глукоза.

Молекулите на водата имаат склоност да преоѓаат од области со нивна повисока


концентрација кон области со пониска концентрација.

П = icRT

П е осмотски притисок
R е гасна константа
Т е апсолутна температура
ic е осмоларност на растворот
с е моларна концентрација
i e мерка на степенот на
дисоцијација
ОСМОЗА
Осмозата е важен фактор за живите клетки
Јонизација на водата

Иако повеќето од особините на водата како растворувач можат да се


објаснат со неутралната молекула вода, мора да се земе предвид малиот
степен на јонизација на водата.

Чистата вода е слабо јонизирана.


Водните молекули имаат својство да дисоцираат на H+ и OH- јони.
Во суштина при дисоцијација на водата водородниот јон не останува
слободен, туку се врзува за недисоцирана молекула вода, при што се
формира хидрониум јон (H3O+).
Јонизацијата на водата се изразува преку
рамнотежната константа Keq: Во неутрална средина

На 25°С концентрацијата на чистата


вода изнесува 55,5 mol/L.
Концентрацијата на H+ и OH- јони е
мала и може да се занемари.

ВНИМАВАЈ – рН е логаритамска
Kw се означува како јонски производ скала!!!
на водата.
Производот [H+] [OH-] во водни
раствори на 25°С секогаш е еднаков на
10-14 М2.
Пуферирање во биолошките системи
Значење на пуферирањето во биолошките системи.

Пуферите се водени раствори кои имаат својство да се спротивставуваат на


промените на рН при додавање на мало количество киселина (Н+) или база (ОН-).
Пуферите се раствори на слаби киселини и нивните конјугирани бази или слаби
бази и нивните конјугирани киселини.

Во рамките на клеточниот метаболизам непрекинато се синтетизира релативно


големо количество на соединенија со кисела реакција (јаглеродна, сулфурна,
фосфорна и други киселини), така што организмот непрестано е изложен на
опасност од закиселување.
Меѓутоа, од друга страна, организмот поседува единствена способност да ја
одржува својата ацидо-базна рамнотежа.
Така, во нормални услови, вредноста на рН на артериската крв се движи во тесни
граници од 7,35 – 7,45, а во венската крв се разликува само за малку и изнесува
од 7,32 – 7,38.
Вредностите на рН на крвта над 7,8 и под 7,0 значат директна животна опасност
за човекот за само неколку минути.
Пуферирање во биолошките системи
За регулација на ацидо-базната рамнотежа во организмот клучна улога имаат:
1.Пуферите,
2.Респираторниот систем и
3.Бубрезите.

Најголемо учество во одржување на ацидо-базната рамнотежа имаат пуферите,


со капацитет од околу 80% и моментно дејство.
Потоа, за 1-3 минути се вклучува респираторниот систем со капацитет од околу
10%.
Бубрезите се вклучуваат последни, по 1-2 часа, со вкупно учество од околу 10%.

Во регулацијата на ацидо-базната рамнотежа на крвта учествуваат четири


пуфери:
1.Бикарбонатен,
2.Фосфатен,
3.Протеински и
4.Хемоглобински.
Првите три се пуфери на плазмата. Во еритроцитите е особено важен
хемоглобинскиот пуфер, иако во помала мерка се застапени и останатите.
Пуферирање во биолошките системи
Од сите пуфери во организмот бикарбонатниот пуфер е квантитативно
најзначаен.
Негова важна карактеристика е тоа што тој не зависи од внесената храна или
течности, туку само од правилната работа на респираторниот систем, бубрезите и
од нормалното одвивање на метаболните процеси во организмот.

Како и сите останати пуфери, така и бикарбонатниот пуфер се состои од базна


компонента која има функција на акцептор на протони и кисела компонента која
има функција на донор на протони.
Кај бикарбонатниот пуфер алкалната компонента е претставена со
бикарбонатниот анјон, а киселата компонента е претставена со јаглеродната
киселина.
Но, комплексноста, а во крајна линија и ефикасноста на овој пуфер, се состои во
тоа што јаглеродната киселина се генерира од растворениот CO2, кој пак е во
рамнотежа со CO2 што се наоѓа во гасовита состојба.

CO2 + H2O H2CO3 H+ + HCO3-


Пуферирање во биолошките системи
При вишок на кисели компоненти, водородните јони ќе реагираат со
бикарбонатниот анјон и ќе се формира јаглеродна киселина, која е слаба
киселина, и која потоа ќе се разложи до јаглерод диоксид и вода.
На тој начин опаѓањето на рН ќе биде минимално, а нарушената рамнотежа на
пуферот повторно ќе се воспостави на тој начин што вишокот јаглерод диоксид ќе
се отстрани преку белите дробови.

Бубрезите ја претставуваат последната одбранбена линија против промените на


рН во организмот.
Во услови кога има вишок на кисели компоненти бубрезите нив ги екскретираат,
а ги конзервираат базите.
Овие процеси главно се случуваат преку следните механизми:
-Секреција на водород во замена за натриум,
-Синтеза на амонијак и екскреција на NH4+ и
-Реапсорпција на бикарбонатот.
Во услови кога има вишок на базни компоненти бубрезите нив ги екскретираат, а
ги конзервираат киселините.
Рамнотежа на водата од организмот со
надворешната средина
• Вкупното количество вода во човековиот организам
зависи од дебелината, полот и возраста.
• Дебелите луѓе содржат процентуално помалку вода во
однос на слабите.
• Женскиот организам содржи нешто помалку вода од
машкиот поради повисоката процентуална застапеност
на масното ткиво.
• Застапеноста на водата со возраста се намалува.
Новороденчињата содржат најмногу вода, околу 75-80%
од нивната телесна маса.
• Волуменот на телесната вода е многу константен
параметар за здрави возрасни лица и во текот на денот
не се менува за повеќе од 1% од телесната маса.
Тоа се постигнува со урамнотеженото примање и
исфрлање на водата.
• Организмот ја обезбедува водата од следните извори:
• Од течностите и цврстата храна и
• Со оксидација на органските материи во метаболните процеси, т.н.
ендогена или метаболна вода.

• Преку пиење течности, просечно дневно се внесуваат од 1500 -


2000 mL вода, додека со цврстата храна од 350 - 400 mL.

• При согорување на протеините, мастите и јаглехидратите во


организмот се ослободува извесно количество ендогена вода
која се нарекува метаболна вода.
100 g протеини ослободуваат 41 mL вода
100 g масти ослободуваат 107 mL вода
100 g јаглехидрати ослободуваат 57 mL вода
Водата од организмот се излачува преку:

а) Бубрезите, како урина


б) Цревата, како вода на фецесот
в) Кожата, како видливо и невидливо
потење
г) Белите дробови, како водена пареа
на издишаниот воздух
• Нормална дневна загуба на вода преку бубрезите
изнесува 500 - 1600 mL, а преку дигестивниот тракт
80 - 150 mL.

• Минималното количество урина што е потребно да


се исфрлат осмотски активните материи изнесува
околу 450 mL дневно.

• Со незабележливо испарување, преку кожата и при


дишењето, за 24 часа се губат околу 850 mL вода за
човек со просечна тежина од 70 kg.

• При повраќање, проливи или силно потење може


да се изгуби големо количество вода, што може да
доведе до нарушување на водено-
електролитната хомеостаза.
ЕЛЕКТРОЛИТИ

Електролити:
мали наелектризирани честички кои се
присутни во интацелуларната и
екстрацелуларната течност.

Според видот на електричниот полнеж


електролитите се класифицирани во две групи:
- Катјони, кои се позитивно
наелектризирани и
- Анјони, кои се негативно
наелектризирани.
• Најзначајни електролити во организмот
се: Na+, K+, Ca2+, Mg2+, Cl-, HCO3-, H2PO4-,
HPO42-, SO42-, како и некои органски анјони
како што е лактатот.

• Аминокиселините и протеините во
воден раствор исто така носат
електричен полнеж, но поради нивната
хемиска природа тие вообичаено се
разгледуваат одделно.
• Кај човекот најзначајни се следните четири
електролити:
– Натруим (Na+)
– Калиум (К+)
– Хлорид (Cl-)
– Бикарбонат (HCO3-)
• Освен улогата која ја имаат во одржување на
водената хомеостаза, овие четири електролити
имаат и други функции:
– Учествуваат во одржување на рН во организмот,
– Обезбедуваат услови за правилна функција на
срцето и мускулите.
НАТРИУМ
• Натриумот претставува главен катјон на
екстрацелуларната течност.
• Серумски концентрации: 135 – 145 mmol/L,
не зависат од возраста.
• Храната генерално е сиромашна со натриум и затоа
истиот се внесува како нејзин додаток во облик на NaCl
(готварска сол).
Се препорачува дневниот внес на готварска сол да биде
под 5,8 g.
Со стандардна исхрана во организмот се внесува
значително поголемо количество NaCl (дури и до 15 g
дневно), кој речиси целосно се апсорбира во
гастроинтестиналниот тракт.
Вишокот се екскретира преку бубрезите кои се
најзначајни регулатори на количеството на Na+, a со тоа и
на количеството на вода во организмот.
КАЛИУМ
• Калиумот претставува главен катјон на
интрацелуларната течност.
• Референтните вредности за калиум во серум кај
возрасни се од 3,5 – 5,0 mmol/L,
a за новороденчиња од 3,7 – 5,9 mmol/L.
• Калиумот е доволно застапен во храната, па при
рационална исхрана не се очекува негов дефицит.
• Се апсорбира од страна на гастроинтестиналниот
тракт, дел се користи од страна на клетките, а
вишокот се екскретира преку бубрезите.
ХЛОРИД
• Хлоридот e најзастапен екстрацелуларен анјон.
• Серумски концентрации: 100 – 108 mmol/L.

• Хлоридните анјони примени со храната речиси


целосно се апсорбираат во гастроинтестиналниот
тракт.
• Вишокот хлорид се екскретира преку урината.
• Хлорид се губи и преку потта.
• Во нормални услови концентрацијата на хлорид во
плазмата главно ја следи концентацијата на натриумот.

• Во одржување на ацидо-базната рамнотежа во


организмот хлоридот учествува преку замена за
бикарбонатот со цел да се одржи електронеутралноста.

• Во услови на пореметена ацидо-базна рамнотежа


одредувањето на концентацијата на хлоридот е
значајно за поставување на диференцијална дијагноза
на пореметувањето.
БИКАРБОНАТ
• Бикарбонатот (HCO3- ) е екстрацелуларен анјон од
ендогено потекло.
• Се синтетизира од CO2 кој е краен продукт на
разложувањето на многубројни органски материи.

• За јаглерод диоксидот и водата е карактеристично тоа


што, под дејство на ензимот карбон анхидраза,
реагираат меѓу себе при што се добива јаглеродна
киселина, која понатаму дисоцира.

You might also like