You are on page 1of 16

ОСМУ “Никола Штејн” - Тетово

Проектна задача

: Предмет

Kозметологија

:Тема

Својства и значење на мирисливите материи во


состав на парфемите и тоалетните води

:Ментор : Изработил

Надежда Панчева Антонија Дамјановска

1
година 2023

Тетово

Содржина

1. .Вовед ..........................................................................................3

2. Главен дел.....................................................................................4

2.1 Историјат на парфемите и тоалетните води ............................4

2.2 Состав на парфемте и тоалетните води ....................................6

2.3 Мирисни ноти .............................................................................8

2.4 Што се мирисливи материи и нивно добивање ......................11

2.5 Концентрација на мирисливите материи во парфемите и

2
тоалетните води ...........................................................................13

3. Заклучок......................................................................................14

4. Користена литература................................................................15

Вовед

Парфем (англиски: perfume, француски: parfum) е мешавина од


миризливи етерични масла и ароматични соедниненија, фиксативи и
растворувачи, кои се користат за да им дадат на луѓето, животните, објектите и
животните простори пријатна миризба. Ароматичните соедниненија во
парфемот можат да бидат добиени синтетички, да потекнуваат од растение или
да имаат животинско потекло.
За постоењето на парфемите уште од времето на првите цивилизации се дознало
од некои стари текстови или од археолошки ископини. Модерното производство
на парфеми започнало во доцниот XIX век со комерцијалната синтеза на
ароматичните соединенија како ванилин и кумарин, кои овозможиле создавање
на парфеми со претходно недостижни мириси единствено од природни
ароматични соединенија.

3
Историјат на парфемите и тоалетните води

Зборот парфем кој се користи денес потекнува од латинскиот збор per fumus,
што значи “низ чад”. Производството на парфеми, или уметноста на создавање
парфеми, започнала во стара Месопотамија и Египет и била подоцна усовршена
од Римјаните и Персијците.
Иако парфемот и производството на парфеми постоело и во Индија, повеќето од
мирисите биле претставени со миризливи стапчиња. Првата дестилација на
парфем од Итар се споменува во индиската ајур веда Charaka Samhita. Во
биографската книга за индискиот император Харша, Harshacharita, напишана во
VII век во Северна Индија, се споменува употребата на етеричното масло од
агар дрвото.

4
Првиот хемичар запишан во историјата се смета дека е жена наречена Етрускан,
произведувач на парфеми, чие име било напишано со клинесто писмо на плоча,
уште од II милениум п.н.е. во Месопотамија. Таа дестилирала цветови, масла и
каламус растение со други ароматични соединенија, и потоа ги филтрирала и ги
враќала назад во казанот неколкупати.

Уметноста на создавањето на парфеми се практикувала во Западна Европа


уште од 1221 година, доколку се земат предвид рецептите на монасите од
Санта Марија деле Виње или Санта Марија Новела во Фиренца, Италија. На
Истокот, во 1370 година Унгарите произвеле парфем направен од миризливи
масла помешани во алкохолен раствор, по наредба на Кралицата Елизабета
од Унгарија, познат како Унгарска вода. Уметноста на создавање на парфеми
напредувала во Ренесансната Италија, а во XVI век италијанската
префинетост била одведена во Франција од страна на личниот произведувач
на парфеми на кралицата Катарина Де Медичи, Рене од Фиренца (Renato il
fiorentino). Неговата лабораторија била поврзана со собите на кралицата
преку таен премин, за да се избегне ризикот од можна кражба на формулите.
Благодарение на Рене, Франција брзо станала еден од европските центри за
производство на парфеми и козметика. Култивирањето на цветови поради
нивниот мирис, што започнало во XIV век, прераснало во огромна
индустрија во Западна Франција. Во периодот помеѓу XVI и XVII век,
парфеми користеле главно богатите за да го прикријат лошиот мирис на
телото, кој бил резултат на нередовното капење. Делумно поради ова и била
создадена индустријата за производство на парфеми. Во Германија,
италијанскиот бербер Џовани Паоло Феминис создал парфимирана вода
наречена Aqua Admirabilis, денес позната како колоњска вода (eau de
cologne), а неговиот внук Џовани Марија Фарина во 1732 година го преземал
бизнисот. До XVIII век, ароматични растенија биле одгледувани во регионот
Грас во Франција, на Сицилија и во Калабрија, Италија, за снабдување на
растечката индустрија на парфеми со суровини. Дури и денес, Италија и
Франција се центри на европскиот дизајн и трговија со парфеми.

5
Состав на парфемте и тоалетните води

Разните типови парфеми се одраз на концентрацијата на ароматични


соединенија во растворувач, што кај првокласен мирис обично е етанол или

6
раствор од вода и етанол. Дефиницијата на типовите парфеми варира во
зависност од изворите.

Точните формули на парфемите пуштени во продажба се чуваат во тајна.


Дури и кога тие би биле јавно откриени, во нивната формула би доминирале
така сложени состојки и мирисни компоненти, така што не би биле од голема
помош на обичниот потрошувач во описот за доживувањето на мирисот.
Сепак, добрите познавачи на парфеми можат да станат многу успешни во
одредувањето на состојките и потеклата на мирисите исто како и експертите за
вино.

Најдобар начин да се започне со опис на парфемот е да се земат предвид


елементите на мирисните ноти на парфемот или “фамилијата” на која тој и
припаѓа, кои влијаат на општиот впечаток за парфемот уште од првото
нанесување па сè до последниот задржан тон.

Мирисни ноти

7
За парфемот се користи музичка метафора, односно се вели дека секој парфем
има три групи на ноти, кои ja даваат хармоничната мирисен акорд. Со време,
нотите се откриваат, со моментално чувство за горната нота, која води до
подлабоката средна нота, а основните ноти се појавуваат постепено како
последна фаза. Овие ноти се создадени внимателно, со познавање на процесот
на ветреење на парфемот.

• Горни ноти: мирисот кој се чувствува веднаш по ставањето на парфемот.


Горните ноти се составени од мали, лесни молекули кои ветреат брзо. Тие го
формираат првиот впечаток на човекот за парфемот, поради што се многу
значајни за продажба на парфемот. Тие исто така се нарекуваат и водечки ноти.
• Средни ноти: мирисот на парфемот што се чувствува пред горните ноти да
исчезнат. Состојките на средните ноти претставува го „срцето” или телото на
парфемот и служат за да го прикријат често непријатниот прв впечаток од
основните ноти, кој станува попријатен со време. Тие се наречени и централни
(срцеви) ноти.
• Основни ноти: мирисот на парфемот што се чувствува близу пред
исчезнувањето на средните ноти. Основните и средните ноти ја создаваат
главната композиција на парфемот. Основните ноти му даваат длабочина и
цврстина на парфемот. Состојките од оваа класа на мириси се карактеристично

8
јаки и „длабоки” и обично не се чувствуваат пред да поминат 30 минути од
нанесување на парфемот.
Основните ноти влијаат на горните и средните ноти, како што и мирисот на
основните ноти се менува од видот на ароматичните супстанции искористени
како средни ноти. Производителите на парфеми обично ги објавуваат
мирисните ноти, претставени како мирисна пирамида, со состојките излистани
со имагинарни и апстрактни поими.

Што се мирисливи материи и нивно добивање

9
Етерични масла се сложени смеси на органски испарливи состојки.
Претставуваат производи на специјални секреторни структури на ткн.
ароматични растенија. Соодветно, дрогите што ги содржат се означени како
ароматични дроги (ароматични суровини). Се раствораат во неполарни
растворувачи (етер, бензен, петролетер, етанол), имаат карактеристичен
мирис и на кожата предизвикуваат црвенило.

Традиционално, етеричните масла се добиваат со дестилација со водена


пареа, што претставува најстар и сè уште најприменуван начин за
екстракција. Добиени на овој начин претставуваат лесно подвижни течности,
се карактеризираат со определени биолошки и фармаколошки активности и
во најголем број случаи имаат терапевтско значење. Покрај нив, од
ароматични суровини се добиваат и други ароматични производи (конкре,
апсолут, помада, резиноид) што наоѓаат примена во козметичкото и во
парфимерското производство, во прехранбената, алкохолната, тутунската и
во другите индустрии. Во промет се наоѓаат и обработени етерични масла, од
кои се издвоени некои фракции за да се добијат производи со подобрени
карактеристики или со поголема ефикасност. Постојат пречистени масла,
детерпенизирани масла кај кои се отстранети лесно испарливи терпенски
јаглеводороди или масла ослободени од тешко испарливи сесквитерпенски
соединенија.

Етеричните масла се среќаваат во голем број растенија. Содржината им варира


од минимални количества (траги) до преку 20%. Се натрупуваат (локализираат)
во различни органи - листови, плодови, цветови, кори, корени и др. Можат да
бидат сместени во надворешни жлезди или внатрешно во жлезди, во клетки, во
ходници и во канали.

Особини
Етеричните масла се бистри, лесно подвижни, безбојни или ретко обоени
(жолти, зелени, сини, црвено-кафеави) течности. Имаат својствен и најчесто
пријатен мирис и ароматичен вкус, а некои во уста ладат, горчат, лутат и

10
слично. На собна температура (до 20°С) се во течна состојба, а на температура
под 18°С, некои од маслата зацврснуваат, при што доаѓа до одвојување на
цврстата состојка – стереоптен (камфор, ментол, анетол, тимол) од течниот дел
– елеоптен.
Етеричните масла имаат липофилен карактер, не се раствораат во вода (неколку
капки во 1L), а се раствораат во органски растворувачи и во масни масла.
Релативната густина на етеричните масла се движи од 0,8-1,07.Потешки се од
масните масла. Температурата на вриење се движи од 150-300°С, а показателот
на прекршување од 1,450-1,600. Свежо добиените етерични масла имаат
неутрална до слабо кисела реакција. Со стоење, киселоста им се зголемува
поради хидролитички промени на естерските соединенија и ослободување на
киселини.

Етерично масло

Етерични масла се сложени смеси на органски испарливи состојки.


Претставуваат производи на специјални секреторни структури на ткн.
ароматични растенија. Соодветно, дрогите што ги содржат се означени како
ароматични дроги (ароматични суровини). Се раствораат во неполарни
растворувачи (етер, бензен, петролетер, етанол), имаат карактеристичен мирис и
на кожата предизвикуваат црвенило.

Добивање

Традиционално, етеричните масла се добиваат со дестилација со водена пареа,


што претставува најстар и сè уште најприменуван начин за екстракција.
Добиени на овој начин претставуваат лесно подвижни течности, се
карактеризираат со определени биолошки и фармаколошки активности и во
најголем број случаи имаат терапевтско значење. Покрај нив, од ароматични
суровини се добиваат и други ароматични производи (конкре, апсолут, помада,
резиноид) што наоѓаат примена во козметичкото и во парфимерското
производство, во прехранбената, алкохолната, тутунската и во другите
индустрии. Во промет се наоѓаат и обработени етерични масла, од кои се
издвоени некои фракции за да се добијат производи со подобрени

11
карактеристики или со поголема ефикасност. Постојат пречистени масла,
детерпенизирани масла кај кои се отстранети лесно испарливи терпенски
јаглеводороди или масла ослободени од тешко испарливи сесквитерпенски
соединенија.

Особини[

Етеричните масла се бистри, лесно подвижни, безбојни или ретко обоени


(жолти, зелени, сини, црвено-кафеави) течности. Имаат својствен и најчесто
пријатен мирис и ароматичен вкус, а некои во уста ладат, горчат, лутат и
слично. На собна температура (до 20°С) се во течна состојба, а на температура
под 18°С, некои од маслата зацврснуваат, при што доаѓа до одвојување на
цврстата состојка – стереоптен (камфор, ментол, анетол, тимол) од течниот дел
– елеоптен.

Етеричните масла имаат липофилен карактер, не се раствораат во вода (неколку


капки во 1L), а се раствораат во органски растворувачи и во масни масла.
Релативната густина на етеричните масла се движи од 0,8-1,07.Потешки се од
масните масла. Температурата на вриење се движи од 150-300°С, а показателот
на прекршување од 1,450-1,600. Свежо добиените етерични масла имаат
неутрална до слабо кисела реакција. Со стоење, киселоста им се зголемува
поради хидролитички промени на естерските соединенија и ослободување на
киселини.

Концентрација на мирисливите материи во парфемите и


тоалетните води

12
Иако миризливите екстракти се општо познати како “етерични масла”, во
индустријата за производство на парфеми се користат поспецифични термини
за да се објасни изворот, чистотата и техниката на добивање на миризлив
екстракт.
Од овие екстракти, само апсолутите, етеричните
масла и растворите директно се користат за добивање на парфеми.
• Апсолути: Ароматични соедниненија прочистени од помада или конкрет со
натопување во етил алкохол. Со употреба на хидрофилно соединение, каков
што е етил алкохолот, повеќето од ароматичните соединенија од восочниот
изворен материјал може да бидат екстрахирани без да ги растворат
безмирисните восочни молекули. Апсолутите обично се наоѓаат како маслени
течности.
• Конкрет: Ароматични соединенија екстрахирани од суровини
преку екстракција со растворувач, со употреба на испарливи јаглеводороди.
Конкретите обично содржат големо количество на восок поради лесното
растворање на разни хидрофобни соединенија. Како такви, конкретите понатаму
се спорчистуваат преку дестилација или екстракција со растворувач врз основа
на етил алкохол. Конкретите се обично восочни или смолести цврсти супстанци
или густи маслени течности.
• Етерични масла: Ароматични соединенија директно екстрахирани од
изворните суровини преку дестилација или експресија, кои се добиваат во
форма на маслена течност. Маслата екстрахирани преку експресија понекогаш
се нарекуваат експресиони масла.
• Помада: миризлива цврста маст создадена од процесот на анфлоража, во која
ароматичните соединенија во суровините се апсорбираат во животински масти.
Помадите се наоѓаат во мрсна и леплива цврста форма.
• Тинктура: Ароматични соединенија создадени со директно натопување и
накиснување на суровините во етил алкохол. Тинктурите се обично ретки
течности.

Концентрирање

13
Разните типови парфеми се одраз на концентрацијата на ароматични
соединенија во растворувач, што кај првокласен мирис обично е етанол или
раствор од вода и етанол. Дефиницијата на типовите парфеми варира во
зависност од изворите. Концентрацијата по волумни проценти на миризливо
масло изнесува:

 Екстракт од парфем, или едноставно парфем: 15-40% (IFRА: најчесто 20%)


ароматични соединенија
 Esprit de Parfum (ESdP): 15-30% ароматични соединенија, ретко користена јака
концентрација помеѓу EdP и парфем
 Eau de Parfum (EdP), Parfum de Toilete (PdT): 10-20% (најчесто~15%)
ароматични соединенија, понекогаш запишани како “eau de perfume” или
“millésime”
 Eau de Toilette- EdT (Тоалетна вода): 5-15% (најчесто~10%) ароматични
соединенија
 Eau de Cologne- EdC (Колонска вода): типови парфеми на кипарски цитруси со
3-8% (најчесто~5%) ароматични соединенија
 Perfume mist: 3-8% ароматични соединенија (најчесто безалкохолен
растворувач)
 Дезодоранс и Лосион за после бричење: 1-3% ароматични соединенија

Заклучок

14
Јачината и трајноста на парфемот зависи од концентрацијата, јачината и
трајноста на ароматичните соединенија (природните етерични масла/ миризливи
масла) кои се користат: како што се зголемува процентот на ароматични
соединенија, така се зголемува и јачината и трајноста на добиениот парфем.
Различни парфимерии ставаат различна количина на масла во своите парфеми.
Според тоа, иако концентрацијата на маслото кај разреден Eau de Parfum (EdP) е
секако поголема од онаа кај тоалетна вода (Eau de Toilette (EdT)) до одредена
граница, количината може да варира од парфимерија до парфимерија. Тоалетна
вода од една парфимерија може да биде појака од тоалетна вода од друга
парфимерија.

Користена литература

15
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F
%D0%B0%D1%80%D1%84%D0%B5%D0%BC

https://zadovoljna.nova.rs/moda-i-lepota/parfemi-koje-svaka-zena-treba-da-proba/

http://larome-parfumes.com/hr/muski-parfemi/

https://bipaparfemi.hr/vodic-kroz-parfemske-note/
https://mk.wikipedia.org/wiki/
%D0%95%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE_
%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BB%D0%BE

16

You might also like