You are on page 1of 1

Хемиски рецептори

Делот од нервниот систем што ги прима дразбите се вика рецептор.


Рецепторите може да бидат специјализирани сетилни клетки кои градат специјални сетилни
органи. Карактеристично за рецепторите е што тие имаат голема спосбност за чувствителност на
соодветни дразби и адаптирање (привикнување) на постојани и долготрајни дразби.
Рецепторите може да се поделат според видот на дразбата на која одговараат.
Терморецептори се наоѓаат во кожата и откриваат промени на температурата.
Механорецептори откриваат промени во притисокот на површината на клетката. Тие одговраат на
допир, притисок, промена на Земјината тежа, звуци во средината и други мејанички дразби.
Фоторецепторите од окото реагираат на светлина. 
Хеморецепторите реагираат на хемиски дразби.

Рецептори за вкус
Хеморецепторите во јазикот го образуваат
сетилото за вкус. Рецепторите за вкус се
нарекуваат вкусови телца и се сместени во
вдлабнатите зони на јазикот. Дразбата се
прима само ако материјата е растворена.
Јазикот има различни рецептори за вкус, кои
реагираат на различни хемиски материи од
храната (за благо, солено, кисело, горчливо и
умами).

Рецептори за мирис
Мирисите се откриваат преку мирисните
рецептори сместени во горниот дел на
носната празнина. Дразбата се прима ако
супстанцата е во гасовита состојба.
Лесноиспарливите материи стигнуваат до
овие рецептори со вдишување при џвакање и
голтање на храната. Мозокот ги анализира
овие податоци и го информира организмот за
својствата на хранливите материи, мирисот и
вкусот. Ако влегуваме во просторија каде се
чувствува мирис на парфем, по извесно
време интензивниот мирис на парфемот се
намалува, па дури и исчезнува.

You might also like