Professional Documents
Culture Documents
Francuska Kujna
Francuska Kujna
СУПИ
Секое традиционално мени започнува со супа, Супата е за јадењето,тоа што е
убавиот двор за куќата. Најпознати француски супи се супа од лук,
супа од грав, кремаста супа од тиква, и познатата авињонска супа.
супа од лук
СИРЕЊЕ
Франција е земја во која се произведуваат повеќе од 370 видови на сирење. Секој
вид на сирење говори за регионот во кој е произведен и е резултат на посебната
клима, вегетација, фауната и традиционалниот начин на подготовка. Се разбира
дека за време на оброкот сирењето не смее да недостасува.
КРОАСАН
Кроасан, што во превод значи полимесец е омилено печиво кај Французите, а
потекнува од Унгарија.
СЕНФ
Уште од времето на Карло Велики,
селаните знаеле да подготвуваат сенф,
што набрзо се проширило низ цела Франција.
Во тоа време во 1300- та година во
Париз имало 10 производители на сенф,
а во 1650- та година 600.
ШАМПАЊ
Шампањот е заштитно име на природното пенливо вино, кое се произведува од
грозје и вино по посебна постапка. Секоја прослава е незамислива без Шампањ.
Отворањето на ова шише претставува прослава само по себе. Постојат многу
причини кои влијаат на вкусот на шампањот. Вкусот може да биде лесен, овошен,
цветен, свеж, зрел, едноставен или комплексен. Шампањот може да се служи како
аперитив, со главното јадење или со десертот. Одговара за сите пригоди само треба
да биде избран оној вистинскиот.
КОЊАК
Коњакот е алкохолен пијалок кој се добива со двојна дестилација на виното
произведено во истоимената област во Франција. Производството на коњак
започнало во 17 век, а самото име се појавува во 1783-тата година.
Карактеристичната арома на коњакот се постигнува со чување во дабови буриња.
Коњакот стар до 5 години е светло жолт со вкус на ванила, коњакот стар помеѓу 5 и
10 години има потемна боја и поизразен вкус. Дури по 30 години доаѓа до мало
намалување на процентот на алкохол, а по 50 години коњакот има 40% алкохол и
може да се користи како пијалок. Но концентрацијата на алкохол може да се
корегира и со дестилирана вода.
Сепак и покрај се што прочитавте, француската кујна најдобро ќе ја запознаете,
доколку ја дегустирате.