You are on page 1of 3

Значењето на храната во туризмот

Храната претставува секојдневна потреба на секое живо суштество и е од


витално значење за развојот на туризмот. Специфичните начини на подготовка на
храната иако не се основниот предуслов за развој на туризмот, сепак се од битно
значење и претставуваат еден од условите за привлекување на туристи да го посетат
тоа место.

Туристите, се повеќе бараат понуди на храна која ги истакнува културата и


наследството на едно место, која помага во зачувувањето на традиционалните форми
на земјоделството и културното наследство. Традиционално, храната се добива преку
земјоделството. Зголемената загриженост на агробизнисот  за мултинационaлните
корпорации кои го држат светското производство на храна преку патенти за генетски
модифицирана храна отвора растечки тренд кон одржливи земјоделски практики. Овој
пристап, делумно поттикнат од побарувачката на потрошувачите, ја охрабрува
билошката разновидност и локалната самоувереност. Големо влијание врз
производството на храна имаат интернационалните организации како што
се: Светската трговска организација и Заедничката земјоделска политика.Во
популарната култура, масовното производство на храна, особено пилешкото и
телешкото месо, често е предмет на критика во многу докуметарни емисии, поради
начинот на којшто се третираат и убиваат животните, и тоа најчесто од страна на
големи корпорации. Појавата на емисии, ТВ канали и списанија специјализирани за
храна се одговорни за создавањето на концептот на славни личности и експерти за
храна. Славниот готвач ги оформува туристичките производи, придонесува да бидат
продадени и го насочуваат интересот кон добра и квалитетна храна. Како што
напоменав храната претставува главна лулка за развојот на еден туризам , независно
од тоа за каков туризам се работи , туристите , посетителите сакаат да ја вкусат секоја
храна која му се нуди како некој специјалитет или одлика што ја карактеризира таа
кујна на една средина , село, град или некоја туристичка дестинација со што ќе добијат
впечаток дали истата е добра или лоша.

Доста често кога се зборува за храната кажуваме дека одреден специјалитет е од


одредена земја или зборуваме за национални кујни.Со тоа сме ја идентификувале
исхраната на една нација која живее во одредена територија како нивна.Сме ставиле
граница на одреден вид на исхрана и одреден начин на приготвување на храна.Кога
станува збор за исхраната тоа значи дека во една земја постои шаренило од различен
вид на храна. Во селските населби во областа на Преспа, населението секогаш
подготвувало вкусни јадења кои биле и се уште се интересни за туристите. Токму
поради тоа, бројните туристички објекти ги имаат како специјалитети
традиционалните јадења. Преспа која се состои од автентични и традиционални
подготовки на храна особено преспанскиот крап и нивичката белвица (позната како
циронка) влијае врз порастот на посетеноста, бидејќи туристот секогаш се враќа онаму
каде што имал добар оброк. Начин на подготовка на преспанскиот крап: За овој рецепт
се потребни помалку од 70 минути,кромидот, морковите и лимоните ги сечкаме на
кругови,крапот се чисти и се мие, па се засекува од двете страни и се става во тава за
печење, подмачкана со маслиново масло,крапот го посолуваме, а потоа го полниме со
дел од морковите, лукот и кромидот, во засечените делови ставаме од лимонот, лукот и
од кромидот,остатокот од зеленчукот го растураме низ тавата.На крај го полеваме со
белото вино и го наросуваме со сечкан магдонос и потоа се пече на 200°C околу 1
час.Токму Преспа е позната по овој специјалитет кој привлекува голем број на туристи
кои изминуваат голем број на километри само за да го вкусат. Во селските населби во
областа на Преспа, населението секогаш подготвувало вкусни јадења кои биле и се
уште се интересни за туристите а исто така уште еден таков спесифичен специјалитет
е така нареченото ѓомлезе или уште и се нарекува тури-потпечи кое се подготвувава на
уште по спесифичен начин кое исто така привлекува голем број на посетители поради
тоа.Негувањето на традиционалната храна кај нас претставува богатство кое со векови
се гаело и се надградувало.
Да се запрашаме зошто храната е водички гест на оваа тема.Од горенаведенето
можеме да кажиме дека тоа преставува главна лулка на секој туризам
воопшто.Што би правеле ние туристите ,ако не ѓи вкусиме и запознаеме
традиционалните јадења на една нација,држава или едно опшество. Можеме да
кажуваме многу,за мнугу различни видови на храна ,за многу места и традиции.

Но пред се треба да ги посетиме , запознаеме и вкусиме истите.Храна како Храна


звучи исто ,но сепак е различна

Од се ова Можеме да заклучиме ддека храната има големо значење ,не само како
дел од потребата за опстојување на еден човек,туку таа има и големо значење и
улога за развивање и препознавање на едно туристичко место, една
цивилизација ,па дурии и некој круг на луѓе.

Негувајте ја Традиционалната Храна , Настојувајте да продолжии истата ,бидејки


навистина Преставува голем Препознатлив белег на Туризмот ,го развива
проширува ,и му даваа до знаење кој сме и каде сме

You might also like