You are on page 1of 15

СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО

УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ

Нови трендови во потсекторот угостителство

Управувањето со угостителското работење во денешни услови е невозможно да се


замисли без употреба на информатички систем со елементи на електронско
работење. Овие системи главно се поделени на системи за управување и
резервациски системи. Системите играат важна улога во управувањето со
приходите на угостителските објекти, праќање на информации за гостите, услуги,
управување со залихите, покривање на администрација, планирање и
специфични функции како што се сметководство, маркетинг, истражување и
планирање, менаџмент и др.
Се забележува тренд на промена на вкусовите и потребите на клиентите. Иако
вкусовите и потребите се разновидни, постои врска помеѓу возрасната група на
потребите и вкусот. Очекувањата се дека ќе се зголеми влијанието на различните
национални кујни (мексиканска, кинеска, француска, италијанска и др.). Во
сферата на угостителството, особено значење има следењето на вкусовите и
потребите според расна, религиозна и национална припадност.
Се зголемува и побарувачката на свежо подготвена храна, кое е основна
причина за широко зголемување на понудата на готвени јадења во
угостителските објекти. Во забрзаното секојдневие, факторот време ќе станува се
поважен и ќе стимулира побарувачка на достојни замени на готвена храна за дома.
Исклучително важно за угостителството е своевременото адаптирање на
менијата според современите тенденции и побарувачка на здрава и еколошки чиста
храна. Тоа значи, дека ќе се нудат омилени јадења и во исто време ќе се внимава на
диеталните потреби и принципи на исхрана.
Широкото навлегување на нови технологии кои го зголемуваат квалитетот на
подготвената храна во угостителството е друга тенденција во ресторанскиот
бизнис. Во потрага по интензивно и агресивно доближување до клиентите се
повеќе угостителски објекти излегуваат од типичните и традиционални форми. Таков
е случајот со рестораните за хранење кои навлегуваат и се претвораат во
задолжителен реквизит на бензински пумпи, трговски центри, супермаркети,
автоперални, киносали, производители на мебел како ИКЕА и др. Ова
„сожителство“ се остварува со земање под наем на објекти, сопствено
управување или влегување во франшиза.
Анимациските програми во угостителството. Аниматорите имаат богата општа
култура и професионални познавања, запознаени се со социјално -психолошките
карактеристики на гостите од различни националности, ја познаваат
концепцијата за анимација и програмите, ја познаваат материјалната база на
реонот во кој работат, умеат да комуницираат со луѓето и да создава пријатна
атмосфера, како и да создаде желба кај гостите да се вклучат во програмите.
Современите гости се многу почувствителни кон природата и тоа ги принудува
угостителските објекти во целиот свет да преземат мерки за нејзина заштита.
Последните истражувања покажуваат дека при избор на туристичка дестинација и
средство за престој пресудно е дали хотелот има разработена програма за
заштита на животната средина, дали дејностите кои се извршуваат се во
согласност со потребите на природата. Гостите најчесто се интересираат за тоа
дали хотелот има програма за рециклирање на отпадоците, каде се излеваат
отпадните води, дали хотелот спонзорира манифестации во поткрепа на заштита
на животната средина и дали учествува во програми за обука насочена кон
заштита на животната средина.
Пристапноста во угостителските објекти, од аспект на прилагодување за лица
со посебни потреби и инвалиди, е тренд кој зема се поголем замав. Вклучува
изградба на постројки за инвалиди, брошури во кои се опишани сите удобности за
инвалидите како објекти за движење на количките, копчиња на лифтови со
Брајловата азбука за слепи, телефонски засилувачи и видливи детектори за чад,
специјални лифтови, кучиња - водачи за слепи лица и др.

Нови трендови во потсекторот туризам

Генерално под туризам се подразбира задоволство од патување со


задржување во разни места. Туризмот претставува една од најмасовните
појави во современото општество. Туризмот има големо општествено
и политичко значење, а со многубројните позитивни ефекти предзивикува
доплнително брз развојот на економијата. Туризмот е дадена реалност, една
од најсложените и најзначајните појави на современото човештво.Туризмот е
комплексна и мултидимензионална појава која во себе носи белези и
детерминанти на целокупната општествена структура, но истовремено како
релативно автономна појава, стекнува и формира специфични законитости на
својот развој.
Глобалните трендовите кои се предвидува дека ќе имаат големо значење во
идниот развој на туризмот се следните:
Сите аспекти поврзани со здравјето (фитнес, спа, физички активности и др.) во
блиската иднина ќе добијат дополнително значење. Иако зголемената свест за
здравјето нема да влијае на обемот на побарувачка, тоа секако ќе влијае на
донесувањето на одлуки во врска со дестинациите и однесувањето и
активностите за време на одморите. Во овој сегмент карактеристичен е пораст на
конкуренцијата, со вложувања на приватен капитал во надградување на
старите здравствено бањски објекти и рекреативни спа центри.
Пософистицираните потрошувачи се сѐ повеќе самоуверени во однос на
своите потреби и права. За туризмот, ова резултира во сѐ поголем критички став
кон квалитетот и соодносот цена - квалитет.
Користењето на интернет за да се купат и да се споредат туристички производи
и услуги постојано ќе се зголемува. Како резултат на тоа, потрошувачот ќе
преземе сѐ поголема контрола. Ќе се направат нови системи за електронска
наплата, безбедни кредитни картички, е-паричник и сл. Овие достигнувања ќе
направат трансферот на пари да биде полесен и да се надмине загриженоста во
врска со прекумерна наплата на пренос, девизниот курс и безбедноста на
движењето на парите преку интернет.
Климатските промени влијаат па дури и се закануваат на одредени туристички
дестинации кои се зависни од нивната природна средина. Намалувањето на
глечерите во Европа е само еден доказ за глобалното затоплување. Сепак за
реалните ефекти од климатските промени сѐ уште постојат сомнежи.
Глобалната економија и понатаму ќе расте. БРИК економиите, Бразил, Русија,
Индија и Кина најверојатно ќе бидат најбрзо растечките нации. Глобалната
трговија со потрошувачки стоки и услуги и понатаму ќе расте. Услугите
(вклучително и туризмот) ќе добијат на значење во светската економија.
Загриженоста за прашањата во врска со безбедноста, здравството и
имиграција ќе доведе до поголема контрола на патувањата од страна на
владите. Терористичките напади врз туристите и туристичките дестинации
доведе до поголемо чувство на несигурност. Медиумите дополнително
влијаат кон зголемување на стравот од овие закани. Исто така, природните
катастрофи, кои се чини дека се појавуваат почесто отколку во минатото
штетат на туризмот. Сепак, докажано е дека опсегот на внимание на
потрошувачите е релативно мал, а тоа е и така затоа што луѓето знаат дека не
можат да сторат ништо во врска со тоа.
Во иднина се очекува да има помалку разлики во дестинациите. Сѐ повеќе ќе
исчезнуваат уникатните места/дестинации. Во минатото, патувањето било
луксуз, но денес е нормален дел од животот. Се зголемува бројот на одмори во
последен момент и кратки патувања. Слободата да се патува ќе се прошири кон
трендот на постари родители и пораст на семејства со еден родител. Нови групи
заедници кои имаат заеднички интереси забрзано стануваат главен извор на
ориентациско знаење, забава и безбедност. Во странските држави се
забележува повисока побарувачка на производи за добро состојба, здравје и
фитнес, справување со стрес како и медицински услуги.
Потрошувачите бараат совети од други корисници преку интернет.
Квалификуваните потрошувачи веројатно знаат повеќе за специфични
производи отколку експертите за патувања. Исто така, ќе има растечки
инвестиции во интернет стратегиите за промоција и во нови техники на
истражување. Дополнително јавните и приватни партнерства стануваат поважни
за туристичкиот маркетинг, бидејќи владите се обидуваат да се зголеми
инволвирањето на акционерите и маркетинг буџетите.
Автомобилите се средство за превоз во 70% од сите туристички патувања и ќе
останат најважното превозно средство. Ниската достапност до градските центри
и евтиниот авионски превоз имаат негативно влијание на патувањето со
автобуси. Исто така, порастот на авионски патувањата би можел да се намали
поради трошоците за гориво, безбедност и аеродромски такси. Владите
инвестираат повеќе пари во патувањата со железница, посебно со експресните
линии.
Зголемување на бројот на туристичките патувања и на времето кое се
посветува на туризмот. Оваа тенденција се должи од една страна на
вклучувањето на нови територии и население во туристичките патувања, од
друга страна на порастот на доходите и социјалните придобивки на населението
во развиените земји и од трета страна на тенденцијата кон пократки, но почести
патувања во текот на годината (Велигден, Божиќ, летен одмор).

Внимание заслужува и тенденцијата за намалување на „евроцентричноста“ на


меѓународниот туризам. Во почетокот на туристичкиот развој во Европа се
реализирани најголемиот дел од туристичките патувања, но постепено овој
континент отстапува од оваа позиција и денеска регистрира малку над половина
од сите доаѓања на странски туристи во светот и на тој начин сѐ уште е во
водство над останатите континенти земени заедно. Оваа тенденција се јавува
како резултат на зголемениот број на туристички патувања кон Азија, Блискиот
Исток, Африка, Австралија и Океанија. Независно од тоа, во блиска иднина не
може да се очекува Европскиот континент да биде изместен од првото место.

Продолжува процесот на укрупнување на претпријатијата од областа на


туризмот, кој најмногу доаѓа до израз кај фирмите кои се занимаваат со
туристичкото посредништво.

Се зголемуваат процесите на интеграција, како меѓу претпријатија и


организации кои нудат слични производи и услуги (синџири на хотели, синџири на
ресторани), така и помеѓу туристички претпријатија и организации кои нудат
различни туристички услуги (интеграција меѓу објекти за сместување,
транспортни фирми, објекти за исхрана, објекти за спорт и рекреација,
финансиски институции и др.).
Туризмот е многу битен за сите земји, за земјите кои се во раст и развој и
за оние кои имаат специфицна култура, како на пример Египет, Индија, Тајланд,
Грција, Обединетите Арапски Емирати; за многу островски земји, како
Бахамите, Фиџи, Малдивите и Сејшелите и сето тоа како резултат на големиот
прилив на пари од тргувањето со нивните стоки и услуги и можноста за
вработување во услужните дејности поврзани со туризам. Овие услужни
дејности опфаќаат услуги за транспорт, како воздухопловни компании,
патување со брод и такси, услуги за сместување, кои опфаќаат хотели и
одморалишта, и места за забава, како забавни паркови, казина, трговски
центри, разни места за музика и театар. Туризмот како индустрија бара
различни видови на информациии преку кои си помага себеси. Тоа го
постигнува преку поддршка понудена од страна на развиена мултимедија,
комуникациски технологии и информациски системи. Затоа информациските
комуникациски технологии (ИКТ) ја менуваат глобалната туристичка
индустрија брзо, а импликациите на интернетот и другите растечки
интерактивни мултимедијални платформи за промоција на туризмот се
далекусежни и многукратни.
Концепти и карактеристики на е-туризмот

Туризмот се дефинира најчесто како патување кое ни нуди рекреација,


одмор, забава, запознавање на нови места, а може да се користи исто така и
за бизнис цели. Туристите пак, претставуваат луѓе кои патуваат и остануваат во
места надвор од нивната околина повеќе од дваесет и четири часа, а не
повеќе од една година. Туризмот во последните децении стана популарна
глобална активност за одмор. Туризмот како индустрија бара различни видови на
информациии преку кои си помага себеси. Тоа го постигнува преку поддршка
понудена од страна на развиена мултимедија, комуникациски технологии и
информациски системи. Затоа информациските комуникациски технологии (ИКТ)
ја менуваат глобалната туристичка индустрија брзо.
ИКТ вклучуваат цел спектар на електронски алатки, кои ги олеснуваат
оперативните и стратешки управувања со организациите овозможувајќи им да
управуваат со нивните информации, функции и процеси, како и да комуницираат
интерактивно со засегнатите страни за остварување на нивната мисија и цели.
Така, ИКТ се појавуваат како интегриран систем на мрежна опрема и софтвер,
со што се овозможува ефикасна обработка на податоци и комуникација за
организациска корист кон трансформирање на организациите во е – бизниси.
Eлектронскиот бизнис вклучува не само купување и продавање на стоки и
услуги, но, исто така, сервисирање на клиентите, соработка со бизнис партнери,
спроведување на е-учење, како и спроведување на разни електронски трансакции.
Примената на ИКТ врз туризмот укажува дека е–туризмот се одразува на дигитализација
на сите процеси и синџирот на вредности во туризмот, патувањето, угостителството
и угостителските дејности. На тактичко ниво, тоа вклучува е –трговија и применува ИКТ
за максимизирање на ефикасноста и ефективноста на туристичките организации.
На глобално ниво, е – туризмот ги револуционизира сите бизнис процеси, целиот
синџир на вредности, како и стратешки односи на туристичките организации со сите
засегнати страни. Е – туризмот ја одредува конкурентноста на организацијата
искористувајќи ја предноста на интранетот за реорганизирање на внатрешните
процеси, екстранет за развој на трансакции со доверливи партнери и интернет за
интеракција со сите негови страни и клиенти. Концептот на е – туризам се состои од
сите деловни функции на еден деловен субјект како што се е-трговија, е-маркетинг,
е-финансии, е-сметководство, е-набавки, е-продукција, е-стратегија,е -планирање,
и е- управување за сите сектори на туристичката индустрија,вклучувајќи туризам,
патување, транспорт, рекреација, угостителство, посредници, јавен сектор и
организации.
ИКТ му овозможуваат на поединецот да има пристап до информации. Развојот на
информатички и комуникациски технологии (ИКТ) се трансформира во однос на
современата бизнис средина и овие технологии создаваат нов глобален пазар,
кој е повеќе конкурентен. Со е – трговијата и е – бизнис на пазарот има повеќе
можности од кога било досега.Способноста да се освои глобаланата публика,да
се добијат инстант информации за пазарот и спроведување на електронски
бизнис трансакции има зголемување на економската ефикасност и ги отвори
пазарите за стоки и услуги од земјите во развој. Е - трговијата се очекува да
има влијание врз економскиот развој на неколку начини :
1. Преку дозволување на локалните бизниси пристап до глобалните пазари
2. Преку обезбедување на нови можности за извоз на поширок спектар на стоки и
услуги
3. Преку подобрување на внатрешната ефикасност во фирмите

Клучни фактори за примена на ИКТ во туризмот се :


1. ИТ образование и обука за креаторите на политиката, менаџерите и
другите играчи во туризмот и угостителството
2. Интеграција на различни сектори како транспорт и сл.
3. Техничка инфраструктура
4. Човечка инфраструктура, која вклучува кфалификувани луѓе, визија и менаџмент
5. Правна нифраструктура
- Регулирање на телекумуникациските провајдери
- Субвенции за интернет сервис провајдери
- Правна рамка за онлајн реклама или официјално одобрување за
онлајн маркетинг
6. ИКТ култура
- Создавање и одржување на ИКТ околина
- Обука за сите нивоа на работници на ИКТ
- Воспоставување на електронски врски помеѓу сите сродни сектори
- Одржување и ажурирање на веб – сајтовите
Технолошкиот напредок во последниве децении ги има направено туристичките
агенции од целиот свет повеќе иновативни од порано. Три важни иновации, со кои
се редефинира организациската структура во светската туристичка индустрија се
следните :
1. Развој на компјутерски резервациски систем (CRS)
2. Развој на глобален дистрибуциски систем (GDS)
3. Интернет
Туризмот може да се види како еден од првите бизнис сектори, каде што
бизнис функциите речиси исклучиво користат информациони и комуникациски
технологии (ИКТ). Компјутерските резервациски системи (СRS) беа меѓу првите
апликации на ИТ низ целиот свет. ИКТ ја олеснува интеграцијата и овозможува
прилагодување на туристичките производи да одговараат на нашите потреби.
Во туризмот доминира потребата да се обезбедат брзи и точни информации
за потрошувачите. Првиот чекор да се постигне оваа цел е преку глобални
дистрибутивни системи (GDS). GDS еволуириале од компјутерски систем за
резервација и овозможија користење на информации од авиокомпаниите.
Синџирите на хотели имаат важно место во интеграцијата на системите на
управување (PMS) со корпоративниот централен систем за резервација и GDS. GDS
интеграцијата овозможува проширување на бизнисот надвор од нивниот синџир
на маркетинг мрежа.
Туризмот не е само индустрија со широка примена на интернетот во денешното
современо работење, туку и индустрија со голема традиција на користење
на информационата технологија.Може да се каже дека традиционалните начини на
туристичко работење стануваат дел од минатото, додека интернетот го создава
маркетингот во туризмот.
Информационата технологија настанала со развој и соединување на компјутерската
и телекомуникациската технологија. Улогата на информационата технологија во
секторот туризам е на корисниците на туристички услуги, истите да ги направи
достапни, различни и брзи за бројни елементи на туристичката понуда.
Употребата на интернетот во туризмот води до интеграција на оперативните
системи, ја максимизира ефикасноста, го намалува бројот на вработени во
администрација, го намалува бројот на вработени во областа на комуникација
со потрошувачи и им овозможува на потрошувачите – туристите директен
контакт со различни понудувачи на туристички услуги.
Web 2.0 во секторот туризмот

Денес многу малку активности може да се реализираат без користење на алатките


кои ги предлага интернет мрежата. Најновите трендови покажуваат зголемување
на бројот на интернет корисници, а со тоа и на корисниците во сферата на
туризмот кои купуваат онлајн.Привлекувањето туристи воопшто не е едноставна
работа. Преференциите за патување денес постојано се менуваат. Интернетот
доведе до големи промени врз туризмот,па така,интернетот, како и електронските
социјални мрежи значително влијаат врз туризмот преку онлајн понуда на
многу производи и услуги. Интернетот стана главен извор на информации и
тоа во време кога конкуренција на туристичкиот пазар е огромна.Големата потреба
за барање на туристички информации и информаци за патувања направија
големи промени и унапредување на различните апликации поврзани со web 2.0
технологите како социјални мрежи (Facebook,Мy Space,Twitter, You tube), блогови,
подкастови и други. Луѓето кои патуваат можат да бараат информации и да
комуницираат, без никаков надоместок, со другите корисници во било кое време
и на различни начини. Со тоа web 2.0 значителено влијае врз однесувањето на
потрошувачите. Разлика во однесувањето на потрошувачите по web 2.0 е
увидена во областа на технологијата, бизнис стратегијата, маркетингот па и
во голема мера на туризмот. Со посредство на дигиталното окружување,
туристите го променија своето однесување во барањето на потребните
информации за патување. Воедно, забележителна е промената од само
пасивно пребарување на информации, во креирање содржина, соработка и
поврзување. Оттука, преку развојот на интернетот во интерактивна алатка, се
отвори нова можност за лесно и удобно добивање на турустички информации
и знаење. Сето тоа доведе до промена на преференците на туристите, кои сега
бараат исклучителна вредност за своите пари и време. Туристите го користат
интернетот за барање различни видови информации, разменување на
мислење со други луѓе, резервирање патувања, плаќања итн.
Паралелно со зголемувањето на побарувачката на персонализирани туристички
понуди се развиваше и туристичкиот аспект на интернет мрежата. Воедно, појавата
на Web 2.0 понуди нови алатки кои им овозможуваат на корисниците да создаваа
патувања и туристички аранжмани по своја желба. Бидејќи многу луѓе бараат и
резервираат патувања онлајн,благодарение на интернетот,туризмот обезбедува
лесен достап, богата и подобра информација за туристичките услуги и создава
удобна и интерактивна врска со клиентите. Web 2.0 им овозможува на туристите
да станат на некој начин свои туристички агенции, имајќи поголем пристап до
вистинските туристички информации и градејќи свои персонализирани патувања и
одмори. Web 2.0 стратегиите се исто така добра можност за да се прошират
туристичките дестинации, во смисла давање можност за успешно работење на
малите туристички актери или неспомнатите туристички дестинации од страна
на тур-операторите.
Споредено со другите земји слободно можеме да се кажеме дека туризмот во
Р. Македонија прилично заостанува зад конкуренцијата. Туристичкиот сектор во
Македонија, како јавниот така и приватниот сектор, поради нејасно поставените
цели и интереси и некоординираното работење, резултира со слабо развиен
туризам во Македонија. За да се решат овие проблеми, Р. Македонија неодамна
започна да создава основа за зголемување на конкурентноста на туризмот.Оваа
национална туристичката рамка се развива со цел промовирање на Македонија
кај потенцијалните туристи како атрактивна туристичка дестинација.
Терминот web 2.0 се уште не е точно дефиниран,па така да и денес ако прашате
10 различни луѓе што значи најверојатно ке добиете 10 различни одговори. Не
постои една универзална дефиниција за web 2.0 но едно е јасно дека web 2.0
обележува фундаментални промени во тоа како ние го користиме интернетот.
Две главни области во технолошките достигнувања се “виновни“ за појавата на
web 2.0. Тоа се мрежната инфрастуктура и софтверските способности.

Мрежна инфраструктура

Во последните години се повеќе и повеќе домаќинства имаат пристап до интернет


и таа бројка рапидно расте. Една од главните причини за ваков развој беа
прекумерните инвестиции во време на интернет бумот во компаниите за
фибер-оптички кабли. Масовното производство на фибер-оптичките кабли
значително ги намали трошоците за испраќањето на податоците.За интернет
корисниците ова значеше поголема брзина на конекцијата.Интернет корисниците
беа позадоволни, поминуваа повеќе време онлајн, и се привлекуваа се повеќе и
повеќе корисници.
Брзиот пад на трошоците за чување на податоците,исто така имаше големо
влијание кај оние компании каде што трошоците за чување на податоците
заземаат голем дел од вкупните трошоци на компанијата. Денес е вообичаено на
нашите приватни емаил адреси да имаме повеќе од еден гигабајт за чување на
податоци, на социјалните мрежи има неограничено прикачување на слики, видеа
и слично и тоа без никаков надоместок.

Софтверски способности

Капитализирањето на технолошките достигнувања во мрежната инфрастурктура


и користењeто на интернетот како платформа, доведоа до појава на нови
софтверски стандарди. Развојот на web апликациските развојни техники, доведе
до побрз интернет за корисниците. Различни делови од web-страниците можат
посебно да се препрочитуваат, и стана можно да се сурфа на интернет, исто како
да се работи на традиционалните десктоп програми. Софтверот исто така го
олесна објавувањето содржини на интернет. Само неколку години порано
привилегијата да објавуваат содржини на интернет ја имаа само програмерите.
Денес интернет корисниците не треба да инсталираат посебни програми за
да можат да објават нешто на интернет. Тие само треба да се
логираат на страната каде што имаат свој профил.Создавањето и адаптацијата
на нови формати им овозможи на корисниците да ги пратат наградбите на
содржината на нивните web-сајтови.Исто така со дозволувањето на корисниците
да се претплатуваат на други кориснички профили, значително се подобри
комуникацијата, соработката и споделувањето помеѓу корисниците.

Web-от кој претставуваше еднонасочен канал го изгуби пасивното


конзумирање на информации кои беа претставувани од креаторите на web
страните и премина во еден интерактивен медиум, каде не мора само да се
конзумира информацијата туку и самите корисници можат да креираат содржини
и да ги споделуваат со други корисници. Предуслов за ова беа цела редица
технички напредоци,особено зголеменото проширување на брзите интернет-врски
помоќниот хардвер и новите технологии на web-програмирање што овозможија
поинтерактивно дизајнирање на web-страните и нивна побрза реакција, што
претходно беше можносамо кај локални апликации. Web 2.0 стратегиите имаат
посложена структура и многу често бараат од корисниците да се логираат на
страните за да можат да ги користат истите. Социјалните мрежи на пример се
многу кориснички насочени и сите бараат логирање од страна на
корисникот. Тоа овозможува секој корисник да има различно гледиште на истата
страна. На пример секој различен корисник на Facebook кога се логира од
својата лична сметка ќе има индивидуално прилагодени содржини на
располагање.You tube е уште еден пример за web 2.0 апликација каде што сајтот
ги препознава гледаните содржини и според нив му препорачува слични
содржини на корисникот. Поимот web 2.0 е обично поврзан со web апликации кои
им помагаат на корисниците во двонасочната комуникација.Таа во основа е
кориснички насочена и им овозможува на луѓето да комуницираат и разменуваат
идеи, знаења и информации помеѓу себе, а не нив да ги добиваат од еден извор.
Предходно, само рекламни, издавачки куќи и сопственици на web сајтови им
беше дозволено да ги споделуваат своите знаења и информации во светот
на web,додека Web 2.0 дава слобода на секој поединец да објавува свои мисли,
ставови, филозофии.
Интернетот е многу понапред од другите начини за комуникација како
телефоните, телевизијата како и печатените медиуми, бидејки тој создава една
пријателска средина каде што идеите течат непречено, и каде што можеш да
комуницираш со било кој во светот по некоја минимална цена. Секој бизнис
има различни потреби, а web 2.0 им овозможува на сите да имаат различни
информации кои се прилагодени на нивните потреби и желби.
Други предности на web 2.0 стратегиите се:

- креирање на голема и силна мрежа,

- зголемување на бројот на пријатели, изградбата на силни односи, како и


тоа што поголемата интеракција води кон поголема размена на знаења,

- еднакви шанси за сите за да ги објават своите ставови и коментари,

- онлајн промоција на бизниси, производи и услуги,

- ангажирање на клиенти, при што клиентите можат да ги пишуваат своите


ставови во врска со производи и услуги.
Недостатоци на web 2.0 стратегиите се:

- загуба на време;

- големиот број на измамници и хакери кои што постoјат на интернет;

- информации за преоптоварување;Премногу информации секојдневно се


испраќаат од страна на многу луѓе со различни мисли и идеи, па ова создава
забуна кај читателите така да квалитетот на содржината не е сигурна;

- слободата да објавувате ставови и коментари обезбедува добри можности


за конкурентите и ривалите да објават негативни коментари за други компании;

- премногу лажни лични карти(профили) и спамери.


Придобивки и ограничувања на користењето ИКТ во секторот
туризмот и угостителството

Развојот на интернетот и ИКТ има направено многу значајни влијанија врз


работата, структурата и стратегијата на организациите, како и комуникацијата со
потрошувачите. Додатоците во способностите на ИКТ, во комбинација со
намалување на опремата и ИКТ трошоците, ја подобрува сигурноста,
компитабилноста и интер-поврзувањето на бројни терминали и импликации.
Појавата и насочувањето на интернет комуникацијата овозможи глобално
вмрежување на компјутерите,овозможувајќи им на поединците и организациите да
имаат пристап до мултимедијални информации и извори на знаење,без оглед на
нивната локација или сопственост,најчесто бесплатно. Придобивките од
користењето на интернетот и ИКТ за туризмот и угостителството се следните :
 Лоцирање на клиентите од целиот свет, брзо и со разумен трошок
 Намалување на трошоците за обработка,дистрибуција и чување на информации
 Намалување на задоцнувањето, и подобрување на синџирот на снабдување
 Бизнисот е секогаш отворен (24/7/365), нема работно време и други трошоци
 Персонализација за ниска цена
 Подавачот може да се специјализира во потесна област,но сепак да заработува
пари
 Олеснување на иновациите и остварување на уникатни бизнис модели
 Пониски комуникациски трошоци
 Подобрување на услугите и односите со клиентите преку директни интеракции
 Навремено дистрибуирање на материјалите
 Е – трговијата им овозможи на помалите компании да се натпреваруваат со
поголемите со помош на специјални бизнис модели
 Намалување на трошоците на дистрибуција преку онлајн испраќање
 Им овозможи на малите бизниси да се натпреваруваат на меѓународно ниво
 Фрлање на несаканиот инвентар
 Спроведување и проширување на брендот
Како што има придобивки за туризмот и угостителството,односно компаниите кои се
занимаваат со нив, исто така има придобивки и за самите потрошувачи. Тоа се
следните :
 може да купуваат од било кое место во било кое време
 поголем избор, можат да изберат од различни компании со уникатни понуди
 може да споредуваат и купуваат по пониски цени,
 лесно наоѓање на она што ви треба, со детали, демо снимки и сл.
 да се прават аукции од било кое место и во било кое време
 понекогаш нема данок на промет и има разни понуди и програми за лојалност.
Интернетот и ИКТ овозможија туристичките организации да ги развиваат
нивните процеси и да ги прилагодат своите управувања за да ги искористат
предностите на новите дигитални алатки и апликации и за :

 Зголемување на нивната внатрешна ефикасност и подобро управување


со нивниот капацитет.
 Ефикасно комуницирање со потрошувачите и персонализирање на
производот, овозможувајки им на корисниците да превземат голем
број на процеси, како резервации, билет, chek in и сл.
 Посредувње и зголемување на местата на продажба. На пример
Expedia, Travelocity, Lastminute, Orbitz, Opodo се појавија како некои
од најдоминантните глобални електронски туристички агенции,
нудејќи one-stop-shop за потрошувачите.
 Поттикнување на потрошувачите да комуницираат со другите
корисници. На пример www.tripadvisor.com, поддржува размена на
дестинации, информации и совети
 Пронаоѓање локација врз основа на услуги со инкорпорирање
податоци, содржини и мултимедијални информации на Google Maps и
Google Earth.
Интернетот и ИКТ обезбедуваат бројни бенифиции за поединците и организациите,
но сепак, постојат и ограничувања и пречки во користењето на интернетот и ИКТ.
Постојат технолошки и нетехнолошки ограничувања.

Технолошки ограничувања:

 Недостаток на универзални стандарди за квалитет, безбедност и сигурност


 Телекомуникацискиот пропусен опсег е недоволен, особено за м – трговија
 Тешко е да се интегрираат интернетот и е – трговијата со некои постоечки
апликации и бази на податоци

 Развојот на софтверските алатки е континуиран процес

 Потребни се специјални веб сервери во прилог на мрежата на сервери

 Интернет пристапноста сеуште е релативно скапа и/ или неповолна


Нетехнолошки ограничувања:

 Безбедноста и приватноста може да ги одврати клиентите од купување

 Недостатокот на доверба во е–трговијата и непознати продавачи го


попречуваат купувањето

 Тешко е да се измерат некои од придобивките на е-трговијата, како што


е онлајн рекламирање. Сеуште не се достапни зрели методи за мерење.

 Бројот на продавачи и купувачи,кои се потребни за профитабилна


е-трговија сеуште се недоволни

 Онлајн измамата се зголемува и секојдневно се појавууваат нови видови.


Еден од најпознатите загрижувачки технолошки бариери е недостаток на
глобални стандарди за квалитет, безбедност и сигурност. Недостатокот на
стандарди во технологијата и неговите апликации на крајот ја зголемува
цената на системската интеграција за ефективно и ефикасно управување во
дистрибуција, управување и комуникација во светот. Големите угостителски
корпорации имаат инвестирано да ги трансформираат нивните системи во еден
систем, меѓутоа малите и средни туристички препријатија се борат да се
интегрираат во системите поради недостаток на финансиски извори. Како резултат
на тоа малите и средните туристички компании се во понеповолна конкурентска
позиција а со самото тоа им е потешко да ја задржат или подобрат својата позиција
на пазарот.
Безбедноста при исплата и приватноста се однесува на една од главните
нетехнолошки бариери кои ги спречуваат потрошувачите во извршување на
онлајн трансакции. Затоа бизнис организациите мора да посветат поголемо
внимание на себе и на своите клиенти и да ги заштитат од загуби при сајбер –
криминал, како што се аукциска измама, одмор измама, игри измама, спам,
кражба на идентитет и сл.
Дополнително, со зголеменото користење на интернет зголемен е и напливот на
информации ,од кои некои се лажни или неточни. Поради оваа причина, дојде до
намалување на ефикасната потрага на информации наинтернет.Од потрошувачка
перспектива, зголемувањето на бројот на алтернативи или атрибути во изборот
ги зголемува и неизвезноста и ризиците на потрошувачите и вклучува повисоки
трошоци на трансакција, како што се трошоци за пребарување, трошоци за
учење поврзани со запознавање себеси со алтернативите и сл.

You might also like