You are on page 1of 14

Универзитет Гоце Делчев – Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија

Семинарска работа на тема:

Туристичкиот производ како дел од маркетинг миксот

Предмет:

Маркетинг во туризмот

Meнтор: Изработил:

Мими Караризова
Проф. Д-р Златко Јаковлев
Бр. на индекс:
171827

Гевгелија, Август 2016


СОДРЖИНА

Апстракт...................................................................................................................3

Abstract…………………………………………………………………………….………4

Вовед.......................................................................................................................5

Основни елементи на маркетинг миксот..............................................................6

Концепт на туристички производ...........................................................................6

Комплексности и специфичности на туристичкиот производ..............................7

Животен циклус на туристичкиот производ..........................................................8

Можност за планирање и развој на туристичкиот производ...............................9

Корист од планскиот пристап за развој на туристичкиот производ...................10

Заклучок..................................................................................................................12

Користена литература...........................................................................................14

2
АПСТРАКТ

Овој труд ги разгледува елементите кои го сочинуваат маркетингот како многу


корисна алатка. Маркетингот преставува квалитет, услуга и вредност на
производот кои им се нуди на потрошувачите. Маркетинг стреми кон размена,
која мора да ги задоволи купувачот и продавачот.

Туристичкиот производ претставува збир на сите производи и услуги кои им се


нудат на туристите за задоволување на нивните желби и барања. Меѓутоа, во
услови на остра конкуренција, целта е да се понуди што поквалитетен
туристички производ, поцелосно да се задоволат барањата на туристите и де
се оствари подобар финансиски резултат. За да се постигне повисок квалитет
на туристичкиот производ потребно е благовремено согледување на потребата
од негово иновирање.

Дефинирано е дека туристичкиот производ адекватно може да се лоцира на


пазарот само доколку кон неговото формирање се пристапи плански и доколку
научните сознанија од таа област се применети. Независно дали се работи за
туристички производ кој е веќе препознатлив на пазарот, или пак станува збор
за производ кој треба да се позиционира на туристичкиот пазар, планирањето,
развојот и истражувањето ќе допринесат за постигнување на подобри
финансиски резултати.

Клучни зборови: маркетинг, туристички производ, туристички пазар,


планирање на туристичкиот производ, развој на туристичкиот производ

3
ABSTRACT

This thesis observes the elements of marketing as a powerful tool. Marketing


represents quality and value of the product that is offered to the customers.
Marketing strives towards exchange, which has to satisfy both the buyer and the
vendor.

The tourist product is a sum of all products and services that are offered to the
tourists for satisfying their wishes and needs. However, in the conditions of the sharp
competition, the goal is to offer tourist product with higher quality, more fully meet
there quirements of tourists and to achieve better financial results. In order to achive
higher qualityof the tourist product, it is necessary to timely realize the need of its
innovation.

It is defined that the tourist product could be adequately located on the market only if
its establishing has been approached with proper strategy and if the scientific
acknowledgement in that area has been practiced. No matter whether we deal with
tourist product already recognized on a market, or a product yet to be positioned on
the tourist market, planning, development and research will contribute to archiving
better financial results.

Key words: marketing, tourist product, tourist market, planning of tourist product,
development of tourist product.

4
ВОВЕД

Во услови на остра конкуренција на пазарот, за успешно формирање на


пазарот, покрај креативноста, соодветниот квалитет, гаранција за квалитетот и сл.,
сепак конечната верификација на вложените напори во тој правец се остварува на
пазарот, каде потрошувачите-туристите одлучуваат при изборот на соодветен
производ или услуга. Колку производите или услугите повеќе одговараат на желбите и
потребите на потрошувачите-туристите, понудениот туристички производ ќе биде
поквалитетен и ќе бидат постигнати поголеми резултати во работењето.

Токму затоа, фактот дека квалитетот е еден од водечките услови што треба да
ги исполни туристичкиот производ за да може успешно да се пласира на пазарот,
претставува мотив за избор на оваа тема која се карактеризира со актуелност и
атрактивност. Ова треба да претставува основен начин на деловно размислување и
работење на претпријатијата од областа на туризмот и угостителството, како би се
постигнало успешно задолволување на желбите и потребите на
потрошувачите/туристите.

Туристичкиот производ, самиот по себе е исклучително комплексен, секогаш


отвора можности за нови истражувања. Токму таа комплексност и значењето кое го
има организираниот пристап е и причина за разгледување на оваа тема. Бидејќи
организациите во туристичкото стопанство, во главно, самите не се способни да бидат
носители на производот, неопходно е тој да се третира како комплексен производ, а
организациите да се вклопуваат во него.

Туристичкиот производ треба да служи како основа од која сите учесници во


туристичкото стопанство ќе црпат база за развој на својот производ. Исто така, сите
поединечни учесници во туристичкото стопанство треба да ги развиваат своите
производи така што ќе придонесуваат за квалитетот и препознатливоста на
интегрираниот туристички производ.

5
ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА МАРКЕТИНГ МИКСОТ

Маркетинг миксот е еден од најважните и најкористените термини во маркетингот.


Може слободно да се каже дека претставува основа на маркетингот, се користи и во
подготовка на маркетинг планот, како и во делот за маркетинг при подготовка на бизнис
планот. Маркетинг миксот може да се сретне и како 4P што се однесува на 4 елементи на
маркетинг миксот кои на англиски започнуваат на P.

Не би навлегувале во историја и како е дојдено до тие елемнти, но може да се


напомене дека за некои експерти од маркетинг овие елементи на маркетинг миксот ги
прошируваат со уште P-a. Но, сепак сметаме дека основните елементи на маркетинг миксот,
односно оние елементи кои во најголем дел доведуваат до зголемување на потенцијалната
енергија на бизнисот се основните 4P, останатите предлози се содржани во основните или
претставуваат комбинација на нешто “нормално” со маркетинг активностите.

Елементите на маркетинг миксот се:

 Производ (Product)

 Цена (Price)

 Дистрибуција (Place)

 Промоција (Promotion)

КОНЦЕПТ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД

Туризмот денес се соочува со предизвиците на современото меѓународното


окружување, а меѓу нив особено со глобализацијата и нејзините влијанија. Во овој контекст,
економскиот развој и промените во демографската, културната и правно-политичката сфера го
менуваат стилот на живот на луѓето, го динамизираат начинот на живеење, стимулираат
патувања кои стануваат се почести и помасовни. Овие промени го менуваат обемот и
структурата на туристичката побарувачка ипонуда, правејќи го туристичкиот пазар изразито
конкурентен. Во вакви околности,носителите на туристичка понуда се среќаваат со силна и
остра конкуренција и со проблемите за нивно позиционирање на ваквиот пазар. Тие ја
чувствуваат потребата стратегиски да размислуваат за можностите кои треба да ги
искористуваат заради успешен пласман на нивната понуда на меѓународниот туристички
пазар. Пред нив е одговорноста да воспоставуваат и одржуваат систем на ефикасно

6
искористување на туристичките потенцијали и воведување на стандарди за квалитет на
туристичките услуги.

КОМПЛЕКСНОСТ И СПЕЦИФИЧНОСТИ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД

Туристичкиот производ е збир од различни поединости, добра и услуги коислужат за


задоволување на туристичките потреби на купувачот за време нанеговото патување и престој
во одредиштето. Да се зборува за карактеристиките на туристичкиот производ е посложено
отколку да се зборува за типичен материјален производ. Оваа констатација се наметнува од
причина што туристичкиот производ никогаш не може да бидеединствен. Единственоста на
производот произлегува од единствената потреба од него, а очигледно е дека туристичките
потреби не се единствени. Тие можат да сеогледаат низ потребата за патување, сместување,
храна, рекреација, одмор, култура итн. Доколку по дефиниција туристот својата потреба ја
задоволува надвор одместото на постојан престој, тогаш е јасно дека никогаш не може да
задоволи самоедна потреба, туку дека тие секогаш меѓусебно се условуваат. Со самото тоа и
одделни сегменти или одделни производи на туристичкиот пазар се интегрираат,создавајќи
производ кој за туристот претставува одредена вредност. Согласно на тоа, од гледна точка на
туристичкиот производ, најважната поделба на туристичкиот производ би била онаа која
производите ги дели на парцијални производи и интегрирани производи.

Парцијален производби бил производ на претпријатие и други установи коинудат


одредени производи на туристичкиот пазар.

Интегриран производ би бил збир од различни парцијални производи и конечна


форма добива во зависност од перцепцијата и начинот на консумирање одстрана на самиот
турист.

Набљудувано со очите на секој поединечен понудувач напроизводот, нивниот


производ е парцијален. Меѓутоа, тешко е за билокој производда се каже дека е во целост
самостоен и дека вклучува само еден вид на услуга. Тојфакт е особено изразен доколку
производот се набљудува од гледна точка наконсументот. Туристите се тие кои се наклонети
да ги поврзуваат различнитеуслуги и даги подведуваат под заедничка перцепција на квалитет.
Така се доаѓа дооној аспект на одредување на туристичкиот производ, кој е можеби
најадекватенкога се зборува за туристичкиот производ дестинација, а се однесува
натериторијалниот аспект на производот. Таквото одредување на производот подразбира

7
дека потрошувачот, во овој случај туристот, прави избор или поврзуваповеќе понудени
производи на една територија (дестинација) и по свој изборсоздава интегриран производ, кој
зависи од количеството и квалитетот напонудените производи на таа дестинација. За
туристичкиот производ да не се сведе само на парцијални производи на понудувачот кои
туристите самите ги склопуваатво интегриран производ и успехот на пазарот да не биде
препуштен само нанивната наклоност, се појавува сe поголема потреба за управување со
овиепроизводи на макро ниво.Интересот за успех на сопствениот производ се огледа низ
заедничката политика, односно координација на сите носители на понудата, бидејќи
реализацијата на парцијалните производи најдобро може да се остварипреку консумација на
интегрираниот производ. Доколку одредена дестинацијапривлекува голем број туристи и ако
создала добра слика за себе, со самото тоаодделни „производители“ врз база на репутацијата
на дестинацијата ќе остваруваатсвоја корист. Првиот чекор кон успех на туристичкиот пазар е
да се увидат тиефакти и да се стимулира планирање и управување на макро ниво, бидејќи
туристотцелосното задоволување на своите потреби го остварува дури во дестинацијата.Исто
така, треба да се уважува фактот дека само структурите кои се во состојба да спроведат
туристичка политика на едно подрачје можат да ги одржуваат и унапредуваат изворните
елементи на понудата.

ЖИВОТЕН ЦИКЛУС НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД

Секое претпријатие така го планира и организира сопственото производство, како би


можело произведените производи и услусги успешно да ги пласира на пазарот и се надева тие
подолг период да се задржат таму. Меѓутоа, знаејќи дека претпријатието работи во
турбулентна, променлива средина, мора маркетинг стратегијата често да ја прилагодува на
променетите услови, како би успеало производот или услугата што подолго да ги задржи на
пазарот. За да може претпријатието успешно да ги изработи маркетинг плановите, треба
најпрво да оцени во која фаза од животниот циклус се наоѓа производот или пак во која може
да премине.

Бидејќи туристичкиот производ е составен од повеќе производи и услуги кои секој/а


засебно се наоѓаат во различна фаза од својот животен циклус, за разгледување се зема
интегралниот туристички производ. Значи, кога тој се анализира како интегрален туристички
производ, може да се рече дека неговиот животен циклус минува низ пет фази и тоа:
воведување, раст, зрелост, заситеност и опаѓање.

8
МОЖНОСТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД

Можностите за планирање и развој натуристичкиотпроизвод зависат одаспектот од кој


се разгледува производот кој треба да се развива на пазарот. Имено,нов производ може да се
разгледува од повеќе аспекти:

 сосема нов производ,

 производ нов за понудувачот,

 производ нов во линијата на производи,

 унапредување на постојниот производ,

 репозиционирање на постојниот производ,

 воведување нови производи со цел редуцирање трошоци или воведување

нови компоненти на производот кои го поевтинуваат.

Со цел анализа и одредување на тоа за каков туристички производ станува збор, со


соодветен приод може да се ублажи сезоналноста на побарувачката, да се прошири
побарувачката во природно и климатски помалку атрактивни подрачја, да се привлечат
посетители со подобра платежна моќ и со тоа да се зголемипотрошувачката и намали
негативното влијание на класичниот масовен туризам. Покрај економската важност на
културниот туризам, се препознава и улогата накултурата во диференцирање на туристичкиот
производ и креирање автентичност.Како последица на тоа, културните атракции непрекинато
растат не само бројно,туку и според комплексноста и разноликоста. Врз големата
разновидност накултурната понуда најголемо влијание имаат времето и непресушната
човековакреативност итворештво, што натуристичките производи на некоидестинацииможе
да биде главен потенцијал. Со текот на времето, она што во минатото било грдо, неинтересно
и неважно, одеднаш во одреден момент преку туризмот добивасосема нова димензија и
наеднаш стануваинтересна културна атракција. Токмублагодарејќи на туризмот, креирана е
сосема нова „индустрија на носталгија“ вокоја заштитата и презентирањето на минатото стана
профитабилна работа.Културните атракции се делат на традиционални, во суштина статични и
постојании на нови, современи забавни популарни атракции и мега-настани. Меѓутоа,
кајпостојаните атракции на „високата“ култура, во последните години на пазарот сезабележува
тренд на лесно слабеење на интересот. Како најпопуларни сепокажуваат современите забавни

9
културни атракции, а особено таканаречената популарна култура. Додатната вредност на
разновидните случувања од забавен карактер е во тоа што помагаат при анимирање на
статичните културни атракции и ги поттикнуваат туристите на повторно доаѓање ипосета и
надвор од главната туристичка сезона. Најчестите дестинации на културниот туризам се
градовите, со оглед на концентрацијата на културно-историски споменици во нив и разните
манифестации и/или приредби од уметничко, забавно, стопанско и друго значење како и низа
на останати разновидни содржини.

КОРИСТ ОД ПЛАНСКИОТ ПРИСТАП ЗА РАЗВОЈОТ НА ТУРИСТИЧКИОТ ПРОИЗВОД

Тргнувајќи од директните, индиректните и мултипликативните ефекти на туризмот, па


до пошироките општествено политички, сите се остварливи доколку се сфати значењето на
организираниот пристап кон туристичката дестинација. Туризмот е важен елемент за екстерна
рамнотежа. Токму тој може да биде средство за менување на негативната свест. Добро
планираниот туристичкипроизвод госинхронизира и насочува развојот на дестинацијата во
саканиот правец. Негова целе да оствари економски и општествени придобивки од кои
најголем дел одграѓаните, директно или индиректно, ќе има било економска било
општественакорист. Затоа целта на креирањето препознатливтуристичкипроизвод и со
самототоа на развојот на туризмот е да привлече поголем број посетители, да остварипоголем
број дневни престои и да постигне поголема дневна потрошувачка. Туризмот со тоа:

 би станал катализатор за економски процут,

 значително би го зголемил својот директен придонес за економијата,

 би придонел за ревитализација на целокупната економија со оглед на неговата


зависност од угостителскиот, транспортниот, прехранбениот,градежниот, енергетскиот и
останатите сектори,

 значително би влијаел врз намалувањето на стапката на невработеност,

 би отворил нови извозни можности за културниот, образовниот и производниот


сектор,

 би поттикнал унапредување на градската (спортска, комунална,угостителска,


културна) инфраструктура и со тоа би го зголемил квалитетотна животот на сите граѓани.

10
Овие цели се постигнуваат со воспоставување на ефикасен координативен и
кооперативен пристап за развој на туризмот во кој учествуваат интересни групи одјавниот и
приватниот сектор кои се поврзани, било директно или индиректно сотуризмот, како и со
креирање и ефектна промоција на дистинктивниот идентитет на туристичката дестинација.

11
ЗАКЛУЧОК

Маркетингот претставува процес на профитабилно идентификување, антиципирање и


задоволување на потребите на потрошувачите. За да се задоволат овие потреби, треба да се
обрне подеднакво внимание на секој од четирите основни елементи кои го сочинуваат
маркетинг миксот, а тоа се: производ, цена, промоција и дистрибуција.

Туристичкиот производ претставува едно од неколкуте подрачја каде носителите на


туристички услуги можат да остварат конкурентска предност. Затоа, креирањето на идентитет
на туристичката понуда денес претставува особено значајна стратегија за пазарно
позиционирање на туристичките услуги и остварување на нивна поголема конкурентност на
меѓународниот туристички пазар. Потребно е туристичкиот производ кој треба да се пласира
на туристичкиот пазар мора да одговари на барањата кои тој пазар ги поставува.

Не е доволно да се набројат елементите кои можат да го сочинуваат туристичкиот


производ и да се наречат на потенцијали. Потребно е да се изврши анализа на моменталната
ситуација за да се одреди портфолио на производот. Тоа подразбира да се запознаат сите
елементи кои можат да го градат, кон секој од нив да се пристапи со посебно внимание, а
потоа да се одредат клучните елементи кои ќе ја поддржат визијата на дестинацијата.

Исто така е битно да се сфати дека не е доволно само правилно да се согледаат сите
компоненти натуристичкиот производ, да се вградат во интегриран производ, истиот да се
прилагоди кон целниот пазар, да се запознаат конкурентите и да се реализира со помош на
адекватна стратегија за настап на пазарот.

Целокупниот процес на планирање и развој на туристичкиот производ треба да го


следи развојот на информатичките технологии. Тие го олеснуваат самиот процес, го
зајакнуваат квалитетот на туристичкиот производ, овозможуваат поефикасна контрола, но
треба да служат и за создавање база на податоци, било да се работи за потрошувачи или
конкуренти, која ќе биде важно средство во борбата на пазарот.

Ова мора да биде континуиран процес кој нема да заврши со изработка на документи
кои ќе се однесуваат на разгледуваниот проблем, туку мора да се врши контрола на теренот и
да се реагира благовремено.

12
Само преку знаењето на оние кои го креираат туристичкиот производ можат да се
остварат конкурентски предности. Неопходно е да се креира стратегија за анализа и развој
туристичкиот производ, поради промовирање позитивен имиџ и развој на производот.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Д-р Софронија Миладиноски и Д-р Сретен Миладиноски (2008): Маркетинг


во туризмот, Факултет за туризам и угостителство - Охрид
 https://www.reference.com/world-view/tourism-product-f2a95fbbcba7c014
 https://www.scribd.com/doc/196559345/Concept-and-Meaning-of-Tourism-
Product
 http://www.pretpriemac.com/e-learning/mk/marketing-mix/

14

You might also like