You are on page 1of 7

Универзитет ‘св.

Кирил и Методиј’ - Скопје


Филозофски факултет – Скопје

Институт за социјална работа и социјална политика

Есеј по предметот:
Современи системи за социјална заштита

Тема:
Причини и можности за пораст на социјалните
трансфери во западноевропските системи на
социјална заштита

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р. Јован Пејковски Јочевска Даниела
Бр. Индекс
20258/05

Декември, 2006
Скопје
I. Вовед: Динамика на социјален трансфер

Проблемот на социјалните трошоци ја алармира диспропорцијата


меѓу порастот на потрошените средства на социјалната заштита и
ограничените финансиски извори за нејзиното финансирање. Социјалните
трошоци и расположливите извори за обезбедување на нивното
финансирање доживуваат промени со тенденција за натамошно
трансформирање. Како резултат на таквата еволуција, меѓу разните
режими на социјална заштита постојано се апострофира потребата за нови
солуции во изнаоѓањето на неопходни те финансиски извори. Тоа се должи,
пред сè, на постојаниот дефицит на социјалното осигурување.
Едно од најсуштествените прашања од овој домен е начинот на
движењето на средствата, односно социјалните трансфери, и
прераспределбата на приходите со кои се финансираат социјалните
дејности. Во овој домен важи едно правило: За да се прераспредели,
претходно треба да се распредели. Во овој слоган почива и содржината на
изразот социјални трансфери, кон кој најчесто се додава и изразот
прераспределба или редистрибуција на приходите. (Lagarde Worms: La
redistribution une problematique nouvelle statistique et etudes financieres, serie
orange, Бр. 32,1978, стр. 54-74).
Деталната анализа на прашањето за социјалните трансфери и
прераспределбата на приходите, претставува посебна аналитичка
дисциплина. Во овој дел ние ќе се обидеме делумно да ја претставиме
односната проблематика.
Преку техниките за социјални трансфери се организира
прераспределбата на приходите на активната популација. Инаку,
показателите за трансферирани средства, особено во земјите со разгранет
режим на социјална заштита, се импресивни, што дури и заплашуваат со
својата енормност. Од друга страна, тие и зачудуваат: толку милијарди
долари, евра, јени, кои се ангажирани преку даночните придонеси и потоа
се прераспределуваат со помош на социјалните трансфери, а толку мали
аутпут ефекти кои само симболично ги намалуваат нерамноправните
приходи и социјалните разлики. Дистрибуцијата или распределбата зависи
од претходната дистрибуција или прераспределба. Тоа значи дека
феноменот на социјалните трансфери и дистрибуцијата се одвиваат во две
етапи. Првата етапа е онаа кога распределбата се ефектуира во согласност
со економските закони: активното население добива неделна, двонеделна
или месечна плата согласно економската конјуктура или заработка. Во
втората етапа прераспределбата се врши според социјалните критериуми:
паралелно со платите се уплаќаат и придонесите за социјалните
трансфери, кои еднаш уплатени се трансферираат според нормите на
социјалната регулатива.
Притоа логично е што распределбата која се ефектуира во
согласност со економските закони и претходи на распределбата која се
врши според социјални критериуми. Меѓутоа таквата релација единствено
може да се антиципира во доменот на теоријата, додека емпириските
искуства покажуваат дека во масата на динамичните фактори на овие
процеси не е можна контрола и диференцијација.

I.1 Распределбата и прераспределбата


Распределбата и прераспределбата симултано ги менуваат своите
места, односно во реалноста тие се случуваат истовремено, иако според
теориските хипотези тие се заемно зависни. Оттука произлегува дека
состојбата на приходите и придонесите не може со строги прецизности да
се споредува со состојбата на пред и по дистрибуцијата. Дистрибуцијата
зависи од трошоците кои можеле претходно да ги ефектуираат семејствата,
благодарение на семејните престации, односно корисници на пензиите,
благодарение на своите пензии.
При тоа, во рамките на овој циклус на трансфери, неизбежно се
манифестира еден парадокс: енормната маса пари кои се прелеваат
според социјалната логика, симболично влијае врз намалувањето на
нерамномерноста на приходите. Во рамките на таа динамика, впечатливо е
што во текот на таа календарска година, активно вработените котизираат со
цел да придонесат во конституирањето на фондовите наменети за
исплаќање престации во доменот на здравството, наменети за
професионално неактивните. Истовремено, придонесите се наменети и за
еден помал број. Истовремено, придонесите се наменети и за еден помал
број активно вработени, кои поради болест попаѓаат под режимот на
социјалното осигурување. Меѓутоа апстиненцијата предизвикана со болест
не се однесува постојано на истите лица, туку во тој круг на осигуреници
може да биде периодично вклучен во секој котизант. Тоа значи дека секој
вработен би можел да се најде во позиција да биде давател на придонеси,
но истовремено и нивни корисник, благодарение пред сè, на
професионалната или националната солидарност.
Прецизната контрола и следењето на овие процесио се речиси
невозможни, бидејќи не постојат перфектни модели на комплетна анализа,
дотолку повеќе што еден предмет не е можно да се набљудува од сите агли
и аспекти.

II Пораст на социјалните трансфери


Глобалните динамични промени на современото општество и брзиот
економски растеж се нераскинливо поврзани со силната експанзија на
социјалната заштита и со режимите на социјалното осигурување во
повоениот свет. Импозантниот развој на социјалната заштита и
впечатливиот трансфер на средства кои ги имплицира споменатиот
феномен, е заедничка карактеристика на индустријализираните земји.
Аналитичарите се обидуваат да ги пронајдат корените на овој процес
во државниот интервенционизам од славните триесетти години на
американската и светската рецесија, меѓутоа специјалистите од овој домен
се единствени дека експлозијата на социјалните трансфери и подемот на
СЗ се од понов датум. (P. A. Kohler, H. F. Zacher, Un siecle de Suisse, CRHES
sel Universite se Nante 1982, вкупно 644 стр.).
Според тоа, разбирлива е заедничката грижа на сите режими за
социјална заштита, а тоа е: изнаоѓање неопходни средства за
задоволување на потребите на социјалната заштита која е во непрекинлив
подем.
Меѓу двете светски војни се воспоставени бројни социјални структури
и институции, но дури во текот на 50-тите и 60-тите години социјалната
заштита и социјалните трансфери го регистрираат својот финаниски и
општествен тек. По помалата дигресија забележана за време на
енергетската рецесија од 70-тите, нивниот развој станува уште помасовен.
Речиси сите земји без исклучок, на современата меѓународна заедница
пристапија кон елаборирање и доградување на системите на социјална
заштита. Секоја од земјите настојува системот за СЗ да го приспособува кон
сопствените специфични одлики и поднебје. Оттаму резултира појавата на
голема хетерогеност на моделите на СЗ. Меѓутоа, со сите системи
подеднакво се наметнува еден проблем, кој со текот на времето станува
акутен: тоа е проблемот на финансирањето на социјалната заштита.
Економскиот прогрес го стимулира квантитативниот и квалитативниот
развој на СЗ, но и зголемувањето на трансферот на средства во насока на
поголема покриеност на разните сегменти на популацијата.
II.1 Причини кои условиле пораст на социјалните трансфери
Најпрво, системот за социјална заштита правно бил регулиран во
Германија (крајот на 19 век) потоа во Велика Британија ( на самиот почеток
на 20 век), а меѓу двете светски војни во Франција и САД.
Режимите на социјалното осигурување кои покриваат 83% од
социјалните трошоци, се доминантни ви режимите на социјалната заштита.
При тоа јасна е и една друга тенденција: учеството на социјалните
котизации продолжува да се смалува, за сметка на финансирањето преку
даночната политика. Експликативните форми на таквата динамика се
бараат во еволуцијата на општеството и се резултат на промените што
настануваат под влијание на економскиот и социјалниот прогрес, но и на
социјалната култура и традиција на државите.
Меѓутоа, како што прецизира Мари Ањес Кроние, треба да се има
предвид и една парантеза – дека висината на социјалните трансфери не е
поврзана со моменталното влошување на економската конјуктура. Тоа
значи дека независно од економските движења и состојби на општеството
во позитивна или негативна смисла, попововолната или неповолната
стопанска конјуктура, потребите за социјална покриеност, а со тоа и
висината на трансферите, не варираат. Тие стандардно се високи.
Често, порастот на средствата за социјална заштита се објаснува
како пример на нерационалноста во западноевропските земји, односно
нивната погрешна прераспределба. Меѓутоа, таквите оценки се паушални и
неосновани, бидејќи се забораваат неколку важни фактори, меѓу кои се
издвојуваат следниве, од кои во голема мера зависи порастот на
средствата за социјална заштита. Тоа се:
А) Стареењето на популацијата;
Б) Проширувањето на бројот на лицата кои се социјално заштитени;
В) Подобрување на индивидуалната социјална заштита;
Г) Пораст на побарувачката на социјална заштита;
Д) Движечката улога на понудата на социјалната заштита;
Ѓ) Релативниот пораст на цените на социјалните услуги.

II.2 Стареењето на популацијата

Стареењето на населението се смета за основна причина за


порастот на социјалните трошоци. Покрај фактот што старите лица се на
товар на државата, тие консумираат и најголем број на лекарства. Во
реалноста овој фактор навистина влијаеше врз порастот на престациите за
третата возраст, но кога во државата доаѓа до екстремно зголемување на
трошоците за здравствена заштита, стареењето на популацијата не би
можело да се толкува како основната и најголемата причина која има
поголемо влијание врз зголемувањето на трансферот на средства.
Ритамот на стареењето не е на секаде еднаков, туку варира,
согласно индивидуата и нејзината социо-економска положба. Евидентно е
дека човекот се соочува со феноменот на стареењето низ серија разни
прекини кои се манифестираат кои се манифестираат без одреден ред и
шема. Така, со настанувањето на староста претставува работната
активност на човекот, здравствената состојба покажува знаци на
растроеност, средствата за егзистенција се намалуваат, а осаменоста
станува реалност.
Како заеднички именители на спомнатите тешкотии се појавуваат
двете фундаментални форми на ризик: природните ризици и социјалните
ризици.
Динамика на стареењето денес се одвива во услови на постојано
продолжување на животниот век на човекот во менување на неговите
услови на стареење. Феноменот на демографско стареење се манифестира
како суштинска варијабла на современиот развиен свет. Благодарение на
науката, старите и староста се во состојба успешно да се носат со бројни
болести и хендикепи кои во блиското минато негативно влијаеле врз
должината на животот. Меѓутоа и покрај таквата позитивна еволуција,
староста и натаму останува состојба во која опасноста од смртта се
наметнува како составен дел на преокупациите и живеењето, како од
страна на старите така и од страна на оние кои се грижат за нивната
сигурност и здравје.
Во отсуство на попрецизни критериуми за утврдување на прагот на
младоста и староста, низ современата практика општеството си изградила
сигурна граница за разграничување на овие противречни категории. Така,
според традицијата, за стар човек се смета оној кој ја исполнува возраста за
заминување од активното работење и за сметка на тоа се здобива со
правото на користење на супститут на неговата плата во вид на пензија.
Денес, меѓу граѓаните , особено меѓу младите, раширено е чувството
на презир кон возрасните кои ги заземаат „нивните“ работни места или
функции, животниот простор или комфор. Така, напоредно со стравот на
младите, кој се во немирната 1968 година, во почетокот на седумдесеттите
се манифестирал, а и денес се манифестира, стравот од старите, чија
застапеност во современото општество се зголемува со огромна стапка на
пораст.

II. 3 Проширување на бројот на лица кои се социјално заштитени

Проширувањето на бројот на лицата покриени со системот за


социјална заштита е многу повлијателен фактор врз порастот на трошоците
за социјална заштита. Овој феномен произлегува од повеќе причини.
Имено, системот за дневница или плата (како форма за модел на работен
статус и заработка) имплицира воспоставување на еден систем за
социјална заштита за зачувување на регуларноста и стабилноста на
приходот во случај на привремено или постојано запирање на
професионалните активности. Според тоа, системот на плата добива
прифатлив модел за оние кои се надвор од овој систем и кои настојуваат да
си обезбедат заштита која е слична на онаа со која се покриени оние под
режимот на плата. Општото и заемното сообразување со режимите на
пензискиот систем, придонесоа за значително намалување на бројот на
работно-ангажираните возрасни лица постари од 65 години.
Според тоа, генерализацијата (на покривањето) на социјалната
заштита врз целото население е фактор кој влијае на зголемување на
трошоците за заштитата. Доколку со системот за социјална заштита се
покриени поголем број сегменти на населението, дотолку ќе биде поголем и
трансферот на финансиските средства.

II. 4 Подобрување на индивидуалната социјална заштита

Подобрувањето на индивидуалната покриеност од страна на


администрацијата на социјалната заштита е следниот значаен фактор со кој
се објаснува порастот на социјалните трошоци. Воспоставувањето поволен
систем на индексација во голема мера придонесло за зголемување на
социјалните трансфери. Од примерите на Франција, САД и другите
индустриски развиени држави може да се констатира дека при замената на
претходната плата со легална старосна пензија во периодот меѓу
шеесеттите и деведесеттите години, стапката на трансфер пораснала
просечно за 15%.
Во исто време, во доменот на здравството, јавниот придонес за
финансирање на трошоците за лекување е во постојан пораст во сите
земји. Паралелно со тоа, техничко-технолошкиот напредок, порастот на
медицинскиот персонал и на санитарната инфраструктура ја подобруваат
ефикасноста на медицинските услуги, но придонесуваат и за рапидно
зголемување на вкупните трошоци во здравството.
II. 5 Пораст на побарувачката на социјална заштита

Индивидуалната побарувачката на социјална заштита значително се


зголемува. Таа е сврзана со подобрувањето на животниот стандард кој
наметнува и нови потреби и стандарди како што се, на пример: поголемо и
внимателно надгледување на здравјето, полесен и поорганизиран пристап
кон рекреацијата, ревандикциите за скратување на должината на работниот
век, должината на работната недела

You might also like