You are on page 1of 3

Прашања за колоквиум

СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА

I група

1. Технолошките можности и човековиот развој. ( 18 стр. )


- Глобалната дистрибуција на технолошките можности воглавно е
нееднаква, дури и понееднаква од дистрибуцијта на доходот или
глобалната дистрибуција на физичкиот капитал. Технолошките можности
се високо концентрирани дури и помеѓу развиените економии. Помеѓу
земјите во развој постојат такви со силни аргументации, на полето на
ефикасноста и еднаквоста, кои ставаат примарен акцент на масовното
образование како начин да се зголемат технолошките можности. Многу
важен аспект на технолошката иновација е процесот на учење и развој
на човечки вештини за прифакање и дифузија на технологијата. Во
многу земји во развој на акцентот на формирањето на основниот
човечки капитал, е важен за да обезбеди технички компетенции на
трудот и да произведе адекватен број на научници и инженери. Ако
стратегијата на човеков развој се спроведува константно, човечкиот
капитал ќе се истакне како основен извор на компаративната предност
на земјата на долг рок. Како што стокот на човечки капитал се зголемува
и го има во изобилство составот на аутпутот на земјата ќе се смени во
прилог на приозводи во чија производна функција фактор е човечкиот
капитал. Со ова ќе дојде до зголемување на продуктивноста на трудот и
со тоа ќе се зголеми и животниот стандард.
2. Таргетирани се две најчести грешки кои се прават кога јавните инвестиции
се насочени кон одредени корисници. ( 23 стр. )

Две најчести таргетирани грешки кои се прават кога јавните инвестиции се


насочени кон одредени корисници се:

- Е-грешката или грешка на екцесно покривање на популацијата кога и луѓето кои


не треба да се корисници ја користат услугата.

- Ф-грешката се случува кога луѓето за кои се намерава да бидат корисници на


услугата не ја добиваат и не се покриени од програмата.

Политиката често се обидува да ја намали Е-грешката. Сепак Е и Ф грешките се


инверзно поврзани. Така да ако се трудиме да ја намалиме Е-грешката ќе
пораснат Ф-грешките.

3. Набројте ги 6те клучни компоненти на примарниот здравствен систем.


( 30 стр. )
- Висок процент на инвестициите во здравството во земјите во развој
околу 80% до 90% е инвестирано во болниците кои се наоѓаат во
урбаните области во државата. Во исто време може да се каже дека
само 60% од населението има пристап до основната медицинска грижа.

Постојат 6 клучни компоненти на примарниот здравствен систем се:


- Имунизација против шесте најчести заразни болести: мали
сипаници,дифтерија, голема ( магарешка ) кашлица, детска парализа,
туберколоза и тетанус.
- Достапност 15 до 20 суштински генерички лекови на национално ниво.
- Широка достапност и употреба на терапија за орална рехидратација.
- Програма за планирање на семејството, акушерството и бременост.
- Подобрено во снабдување и санитарни услови.
- Здравствена едукација.

- Со оглед на ниските трошоци и висока ефикасност на овие први три


елементи на основната здравствена програма, треба да им се даде
многу висок приоритет во стратегијата за човеков развој. Чистата вода е
од суштинско значење за подобрување на јавното здравје. Дијареата, е
најголема причина за смртност на новороденичињата и децата, не може
ефективно да се бориме со неа без чиста вода.
4. Нацртај го графиконот кој го покажува односот на продуктивноста. ( 57
стр. )

5. Економска сигурност. ( 59 стр. )


- Идеалниот начин да се постигне економска сигурност би бил преку
комбинација на економски раст и “стратегија на социјална сигурност”.
Економскиот раст ќе обезбеди ресурси додека “стратегијата на
социјална сигурност” ќе се погрижи дел од овие екстра ресурси да се
користат за да се намали депривацијата. Неколку поенти може да се
наведат за наводен конфликт (економскиот раст и социјална сигурност ):

- Социјална или економска сигурност е цел сама по себе. Таа е еден од


крајните резултати на човековиот развој. Растот е само едно средство
преку кој се постигнува социјална сигурност.
- Многу компоненти на “стратегија на социјална сигурност” се третирани
како начини за постигнување на економскиот раст.
- Мерки кои ги штитат луѓето од непредвидливоста на животот се:
старосни пензии, пензии за брачниот другар на починатиот, додаток за
хендикипирани лица.
- Расходите на пензинските шеми може да се одобрат поради
економскиот раст.
- Фактот дека голем број на земји во развој приоритет му имаат дадено на
расходите за економска сигурност.

You might also like