You are on page 1of 155

Contents

Есенцијални карактеристики на стратегијата за човеков развој ...................................................... 1


1.1 Човековиот развој изразен преку материјалните средства ........................................................ 2
1.2 Улогата на државата ....................................................................................................................... 6
1.3 Создавање на коалиција во поддршка на човековиот развој .................................................... 7
Есенцијални карактеристики на стратегијата за човеков развој

Човековиот развој е крајна цел на економскиот развој. Тоа исто така е средство
– понатаму ќе расправаме зошто, кое е најдоброто на располагање - за
промовирање развој. Гледано како цел само по себе, а не како средство,
човековиот развој служи за збогатување на човечките животи. Производство на
материјални добра за збогатување (поголем обем на стоки и услуги) - може да
придонесе за ова, но тоа не е исто. Навистина, сега знаеме дека нема
едноставен линк помеѓу материјалното збогатување (мерено, да речеме, од
бруто национален производ по глава) и збогатување на човечки животи (кое се
мери, да речеме, според индексот на човековиот развој). Пристапот на
човековиот развој на тој начин подразбира детронизација на националниот
производ како примарен показател за нивото на развој. Целта на развојот не е
да произведува повеќе "предмети", туку повеќе стоки и услуги, туку да ги
зголемат способностите на луѓето да водат исполнителни, продуктивни,
задоволувачки животи. Зголемување на аутпутот1 по глава на населението,
секако, може да ги зголеми способностите на луѓето и на тој начин треба да биде
добредојдено, но зголеменото производство треба да се гледа како што е а тоа
е: имено, интермедијарен производ што под соодветни околности може да ја
подобри човечката благосостојба. Ние не треба да го изгубиме од вид фактот
дека она што во крајна линија нè мотивира е способноста на луѓето да водат
долг живот (како измерено можеби од очекуваното траење на животот при
раѓање), да уживаат во добро здравје (како измерени можеби со стапки на
морбидитет), да имаат пристап до складираните акумулирани знаење (како
приближна мерка со стапката на запишувањето во средно школо и стапката на
писменост), до тоа да имаат доволен приход за купување на храна, облека и
засолниште, да учествуваат во одлуки кои директно влијаат врз нивните животи
и нивната заедница и така натаму. При формулирањето на развојните политики,
програми и планови тоа е важно да се стават луѓето како приоритет. да се
специфицираат целите во смисла на подобрување на човековите способности.
Колку по расчленети се програмата и целите на политиката толку подобро. Во
прилог на расчленување на способностите, во некој минимум, исто така, треба

1
Сите материјални и нематеријални добра.

1
да се расчленуваат по професионална група и социјална класа, пол и регион и
да се прави разлика помеѓу руралните и урбаните области. Во некои земји, исто
така, би било корисно да се класифицираат луѓето во одделни етнички,
религиозни и јазични групи. Соодветните категории за расчленување , ќе
варираат до земја од земја во зависност од културата историјата и големината
на социјалната стратификација. Пристапот на човеков развој не ја заменува
една агрегатна статистика (GNP-Gross National Product)2 со друга (HDI-Human
Development Index)3. Постојат повеќе елементи кои се составен дел од
благостојбата на човекот и неопходно е овие елементи да се оценуваат. Сепак
останува фактот дека човековиот развој не може прецизно да се измери , и ова
сепак не е доволен аргумент кој може да спречи некој земја да го прифати
човековиот развој како стратегија за развој.

1.1 Човековиот развој изразен преку материјалните средства

Економските бенефити на луѓето – пари, материјални средства и услуги од


секаков вид , или способности како долг и здрав живот и добро здравство што
само делумно може да бидат предмет на производство и размена- може да се
разберат само како текови кои произлегуваат од стокот (залихата) на капитал .

Стокот на капитал може да се подели во три категории :

i. Стокот на природен капитал


ii. Стокот на човечки произведен физички капитал
iii. Стокот на човечки капитал

Стокот на природен капитал се состои од природните ресурси на планетата,


океаните атмосферата, флората и фауната, почвата минералните суровини и
чистата вода. Стокот на природен капитал може да биде конзумиран (некои
видови кога изумираат) ,деградиран ( на пример кога површинските води се

2
Бруто национален производ- е пазарната вредност на сите производи и услуги произведени во една
земја од трудот и сопственоста на граѓаните на таа земја.
3
Индексот на човеков развој – e композитна статистика на просечното времетраење на животот,
образованието и пер капита доходот , која се користи да ги рангира земјите во четири нивоа на
човековиот развој :многу високо, високо, средно и ниско. Оваа мерка е создадена од Пакистанскиот
економист Mahbub ul Haq и Индискиот економист Amartya Sen во 1990

2
загадени од хемикалиите кои се употребуваат во земјоделието), или одржуван
на константно ниво на продуктивност ( на пример зачувување на почвата ), или
проширен (пример преку програмите за пошумување). Стокот на природен
капитал исто така може да биде трансформиран во физички капитал, како кога
на пример суровините се комбинираат за да се произведат интермедијарни
добра како што е челикот и електричната енергија и капитални добра како алати
за машини и згради на фабриките. Многу економисти кои се занимаваат со
животната средина и економијата на ресурси ја анализираат употребата на
природни ресурси особено во периоди кога пазарните сили не даваат добри
сигнали за цената која треба да ги рефлектира општествените трошоци и
бенефити. Пример пазарниот неуспех и загадувањето.

Стокот на физички капитал се состои од произведени средства за производство,


т.е. фабриките и опремата кои се користат во земјоделското производство,
индустрискиот сектор и услужниот сектор физичката инфраструктура (патишта,
мостови, пристаништа, нафтоводи, железнички линии, аеродроми, канали за
наводнување) како и стокот на живеалишта. Исто како и природниот капитал
може да биде конзумиран, деградиран, одржуван прошируван или
трансформиран во други форми на капитал. Традиционалната економија на
развојот е заинтересирана за зголемувањето на стокот на физички капитал т.е.
со креирањето на мотивација за бизнисмените да сакаат да инвестираат , со
зголемување на стапката на штедење или преку воспоставување на
претпријатија во државна сопственост. Инвестирањето или акумулацијата на
капитал –долго време се сметаа за мотори на растот.

Стокот на човечки капитал се состои од знаењето, вештините, искуството и


енергијата и иновативноста на луѓето. Се стекнува преку :тренинг и програми за
чираци, на работа преку learning by doing, во формалниот систем на
образование, преку неформални контакти, во институциите посветени на чисто
и применето истражување, и преку неформално образование. Стокот на човечки
капитал, како стокот на природен и физички капитал ќе се влоши ако не се
одржува.Затоа е потребно да се обрни внимание на : пренаталната грижа,
мајчинската грижа, програмите за исхрана на школо и други програми за
исхрана, да се обезбеди чиста вода за пиење ,добро јавно здравство и мерки за
контрола на болестите, гарантирани шеми за вработување и тн.

3
Човечкиот капитал игра централно место во економската наука во денешно
време.Особено во дисциплините како економика на образованието, здравствена
економика, економика на трудот и поврзаните под-дисциплини. Човечкиот
капитал е само една компонента во стокот на вкупниот капитал. Потенцијалниот
аутпут и доходот растат кога стокот на вкупниот капитал расте, и во принцип ова
значи дека треба да има нето зголемување на стокот на природниот , физичкиот
или човечкиот капитал или комбинација на трите. Но во денешно време
трошоците поврзани со инвестициите во природен капитал се потценети
(бидејќи загадувањето на водата воздухот и звучните загадувања и други
негативни екстерналии се игнорираат), додека бенефитите од инвестициите
во човечки капитал се потценуваат. Ова произведува пристрасност против
трошењата во човечкиот капитал, за сметка на поголеми инвестиции во физички
капитал и експлоатација на природните ресурси. Важни особини на
вложувањата во човечки капитал се следните :

i. Прва важна особина на вложувањата во човечки капитал е дека повратот


на инвестицијата е исто висок ако не и повисок од вложувањата во
другите форми на капитал.
ii. Второ, дека инвестициите во човечки капитал понекогаш ја подобруваат
економичноста во искористувањето на физичкиот капитал и ја намалуваат
експлоатацијата ан природните ресурси.
iii. Трето, бенефитите од инвестициите во луѓе се подеднакво распоредени
од бенефитите до останатите инвестиции.

Како карактеристики на стратегијата за инвестициите во човечки капитал се


издвојуваат следниве :

i. Оние земји кои имаат дадено висок приорите на формирањето на човечки


капитал имаат добри резултати во смисла на економски раст,
вработеност и намалена нееднаквост
ii. Втора карактеристика на инвестициите во човечки капитал е
комплементарноста помеѓу различни видови на инвестиции во човечки
капитал.

На пример инвестициите во здравстевните услуги треба да дадат подобро


здравје на сиромашните. Подоброто здравје се траснформира во

4
поефикасна исхрана (здравото тело поефикасно ги трансформира
калориите во подобра исхранетост).подобрената исхрана им овозможува на
учениците подобро да учат . Ова пак ќе резултира со повисока стапка на
посетеност на наставата во школите. Постои и комплементарност помеѓу
инвестициите во физички капитал и инвестирањето во луѓе. На пример
честите болести кај работниците ги намалуваат саатите и деновите кога тие
работат и ја намалуваат продуктивноста. Работниците се директен инпут во
производниот процес.Слично на ова колку трудот е повешт , повисока ќе
биде неговата продуктивност. Бидејќи повештите работници имаат подобри
компетенции од помалку вештите работници и поверојатно е дека работата
побрзо од невештите работници, и да има помалку потреба од нивен
мониторинг( пониски трошоци з а мониторинг) и да произведуваат производи
со повисок квалитет.

iii. Формацијата на физичкиот капитал, човечкиот капитал и технолошките


промени с е испреплетени.

Тешко е да се воведат нови начини на производство, и покомплексни и


софистицирани производи ако купувачите, работниците и потрошувачите имаат
доволен тренинг и образование да ги разберат.

Неколку предности на пристапот на човечки развој се :


i. Директно допринесува кон благосостојбата на луѓето
ii. Произлегува од основата на еднаквоста и можностите
iii. Помага да се создаде подеднаква дистрибуција на бенефитите до
развојот
iv. Овозможува врските помеѓу различни типови на инвестиции во луѓето да
се експлоатираат целосно.
v. Ги искористува комплементарностите помеѓу човечкиот и физичкиот
капитал.

5
1.2 Улогата на државата

Државата мора да интервенира во водењето на процесот на развојот и да


интервенира таму каде што е неопходно да се погриже сите бенефити од
човековиот развој да се ожнеат. Ова не значи дека државата треба да биде
голема што се мери во проценти од учеството во вкупната потрошувачка . Ова
не значи и дека државата треба да биде мала и да обезбедува минимални услуги
и другото да го остави на приватниот сектор. Големината на државата е од
второстепено значење, важно е државата кои функции ги извршува и со каков
квалитет.

Пример : Шри Ланка е познато дека му дава голем приоритет на трошењата за


човековиот развој додека Бразил има други приоритети и согласно на тоа
пониски достигнувања. Потрошувачката на централната влада во Бразил е
сепак многу поголема од онаа во Шри Ланка или на пример во 1990 36% од БНП
спрема 28% во Шри Ланка. Трошењата на централната влада во Тунис на
пример во 1990 биле 37.2% наспрема 27.1 % во Коста Рика.. Но Коста Рика е
супериорна во однос на Тунис во достигнувањата во областа на човековиот
развој. Голем јавен сектор како во Бразил и Тунис со грешни приоритети во
инвестициите, нема да промовира човеков развој, додека помал јавен сектор со
добри приоритети како во Шри Ланка и Коста Рика, може да има големо влијание
врз човековиот развој. Многу земји во развој имаат високо централизирани
влади(остаток од колонијалниот период).Приоритет на високо
централизираната влада е да ја одржи контролата врз популацијата .после
независноста големината на јавниот сектор значајно се зголеми во овие земји и
со тоа се намали ефикасноста на јавната администрација. Оттука се појави
јавното мнение дека помалку централизирана бирократија би била поефикасна.
Но самата децентрализација ќе биде ефикасна ако вклучува и децентрализација
на власта. Стратегиите за човеков развој се интензивни во искористувањето на
локалното знаење , нешто што не може да постигната хомогените национални
програми. Ова пак ја наметнува потребата луѓето да се организираат во локални
институции и активно да партиципираат во формулирањето и имплементацијата
на развојните програми. Партиципацијата во такви програми и авторизацијата
или овозможувањето на луѓето да учествуваат во такви програми и да

6
дејствуваат во сопствен интерес треба да биде централна цел на човековиот
развој. Човековиот развој во крајна линија зависи и од граѓанското општество-
невладините организации кои им даваат на луѓето глас и инструменти за акција.
Во земјите каде цивилното општество е слабо треба да биде приоритет на
земјата да го заживее. Степенот на децентрализација иако е важна работа е од
второстепено значење спрема граѓанскиот сектор. Партиципацијата има
значајна улога во стратегијата на човековиот развој.

i. Прво, партиципацијата во локалните (grassroots) организации го прави


полесно идентификувањето на локалните можности за профитабилни
трошења, и да се специфицираат приоритетите и кои проекти се од
примарно значење а кои може да се одложат додека се добијат
дополнителни ресурси.
ii. Второ, откако ќе се дефинираат приоритетите и ќе се дизајнираат
програмите за развој , партиципацијата во функционалните организации
(синдикати, комитети за аграрни реформи,итн), може да помогне на
националните и локалните проекти и програми.
iii. Трето и финално, партиципацијата е важна компонента на развојната
стратегија бидејќи може да ги редуцира трошоците на јавните услуги и
инвестициските проекти со тоа што ќе ја префрли одговорноста од
централната на локалната влада (каде трошоците се релативно високи)
кон локалните (grassroots) организации (каде трошоците се релативно
ниски). Н а пример ако бенефитите од одредена услуга се однесуваат на
одредена група –село, урбана приградска населба –возможно е да се
организира групата и членовите на групата на сносат дел од трошоците
за обезбедување на услугата.

1.3 Создавање на коалиција во поддршка на човековиот развој

Интервенцијата на владата во промената на релативните цени спрема


човековиот развој,елиминацијата на дискриминацијата врз жените ,
создавањето на можности за вработување , отстранување на бариерите кој го
ограничуваат растот на неформалниот сектор, поголемиот пристап до кредити
на малите организации, реалокацијата на ресурсите на јавниот сектор кон

7
формулацијата на човечкиот капитал, и структурни реформи кои фаворизираат
поголем еднаквост , општо намалување на несигурноста, сите овие политики ќе
ја промената дистрибуцијата на доходот, богатството и политичката моќ. Како
губитници од овие реформи нема да бидат необразованите, невработените
непривилегираните и недоволно исхранетите. Губитници ќе бидат
образованите, средната и горната класа. Нивната политичка моќ не смее да се
потценува , тие имаат моќ да ги блокираат политиките кои промовираат човеков
развој или да ги променат во програми кои ќе го промовираат нивниот интерес.
Алокацијата на владината потрошувачка кон политики кои фаворизираат високо
образование , урбани болници, куќи за средната класа се доказ за способностите
на овие класи да го контролираат јавниот сектор за своите цели. Не е доволно
само да се дизајнираат програми кои ако се имплементираат, ќе ја зголемат
благосостојбата , треба да се создадат услови кои ќе овозможат да се
имплементираат политиките за човеков развој. Креаторите на економските
политики кои воведуваат стратегија за човеков развој не може да си дозволат да
ја занемарат потребата од создавање коалиција з а поддршка. Оваа коалиција
може но и не мора да се базира на политички партии , но и да е поддршката од
други организирани групи ќе биде неопходна. Заклучоците од претходно за
цивилното општество важат и тука. Локалните организации им даваат на луѓето
глас , можност да ги артикулираат нивните потреби и преференции, нивната
визија за подобро и поправедно општество. Креаторите на политиките треба да
гледаат на нив не како на непријатели на владата или во конфликт со нејзините
цели туку како есенцијална карактеристика на стратегијата за човеков развој.

8
2 Структурата на поттикнувачите (incentives)

Структурата на поттикнувачи во економијата има големо влијание на темпото и


моделот на развој. Јавниот сектор е важен но во голем број на земји вработува
мал број на припадници на работната сила и произведува далеку помалку од
половина од добрата и услугите во економијата. Најголем дел од луѓето работат
во приватниот сектор и најголем дел од добрата и услугите потекнуваат оттаму.
Множеството на поттикнувачите е под влијание на јавната политика, директно и
индиректно, и во формулирањето на стратегијата за човеков развој
започнувањето со изучувањето на структурата е добро место за почеток.
Структурата на поттикнувачи (incentives) е множеството на релативните цени1
која преовладува, некои економисти го редуцираат значењето на поттикнувачите
на поттикнувачи кои поттикнуваат “цената правилно да се одреди”.Цената е
голем дел од мотивацијата но не и единствен.

Пример тука се и легалните бариери , како на пример бариерите за влез, или


карактеристиките на економијата кои спречуваат влез на малите бизнис на
пример на формалниот пазар на кредити, или отворената дискриминација што
ги спречува некои луѓе во мобилноста и можностите за подобар доход на
пазарот на труд, поради расни, етнички, полови карактеристики, тука како
пример можеме да ја спомнеме дискриминацијата врз Далитите во Индија или
попознати како “Untouchables”2 или недопирливи кои се најниска каста во Индија.
Пазарно посредуваните активности вклучуваат диксриминација, бариери за
влез, пазарен пристап и се разбира релативните цени. Не ценовните аспекти на
системот на мотивација се занемарени , но како што ќе видиме имаат големи
импликации за човековиот развој.

1
Цена е во пари изразена вредност на некој предмет или услуга. Или цената е големината на паричната
компензација што една страна ја плаќа на друга страна во размена за стоки и услуги.
2
Припадниците на оваа каста не смееле да влегуваат во храм на Хиндуси, не смееле да полната вода од
селските бунари бидејќи ќе ја изгнаселе за сите. Исто така тие морале да живеат надвор од селата и
населбите каде што живеела повисоката класа .

1
2.1 Вработеност и пазар на труд

Жените се половина од популацијата , во земјите во развој тие се една третина


од работната сила. Но во многу земји многу жени во работна возраст не
влегуваат во работната сила. Или тоа значи дека не работата “корисна
работа”.Тие жени обично работат важни работи како одгледување на
новороденчиња, образование на деца во пред школска возраст, подготвување
на оброци и управување со семејството. Овие активности се разликуваат од
пазарните по тоа што не се платени за аутпутот кој што го произведуваат
(добрата и услугите кои се консумираат во семејството). Ова е пример за пазар
кој недостасува (missing market)3. Поради статистичката невидливост на
работата која е изведувана од жените многу развојни проекти со висок поврат не
се реализираат. Овие проекти се тие што ќе го намалат времето на работите кои
ги вршат жените а за кои не се платени и на тој начин ќе ги намалат трошоците,
и ќе овозможат жените да произведуваат повеќе и поактивно да се вклучат во
формалниот пазар на труд. Примери за овие инвестиции се инвестиции во
снабдување со вода на селата (што заштедуваат време за носење на водата од
изворот до селото), инвестиции во ефикасни печки кои заштедуваат време ( што
заштедува време за собирање дрва), во инвестиции за школување на женски
деца (што ја зголемува продуктивноста на жените и ги намалува стапките на
фертилитет), и во програмите за здравство (кои ја подобруваат исхранетоста и
здравјето на сите членови на семејството). Освен што жените учествуваат во
производство на производи за кои не се поставени цени, жените се
класифицирани како економски активни и се членови на работната сила, кои не
примаат награда (парична монетарна награда) за нивната работа. Во
Супсахарска Африка на пример , жените обезбедуваат труд кој с е користи за
собирање на земјоделски култури. Аутпутот од женскиот труд може да биде
добро вреднуван на пазарот на труд дури и кога најголем дел е производството
е наменет з а потрошувачка во домаќинството, но трудот на жените не може да
биде вреднуван од пазарот, бидејќи тој аутпут му припаѓа на земјосоптвеникот
на земјата кој е машката глава на семејството, или закупецот на земјата кој

3
Missing market е ситуација во микроекономијата каде конкурентен пазар кој овозможува размена на
стока ќе биде Парето ефикасен, но таков пазар не постои.

2
вообичаено е маж. Структурата на поттикнувачи во овој случај не е пристрасна
против собирањето на земјоделските производи од страна на жените, но е
пристрасна против иновациите кои го скратуваат времето за култивација на
земјиштето од страна на жените, бидејќи трудот на жените е третиран како без
трошок(бесплатен). Бидејќи структурата на поттикнувачите го третира трудот
како бесплатен и слободно добро, жените се “невидлив инпут” во процесот на
производство. Овој феномен е нашироко проширен и доведе до шема на
развојни инвестиции што не е ни ефикасна ни рамноправна. Пазарите на труд
се карактеризираат не само со missing markets туку и со вообичаена
дискриминација по: пол , раса, етничка припадност, религија и тн. Економската
дискриминација понатаму се проширува или и е зголемена од дискриминацијата
во политичката и социјалната сфера. Во економската сфера за која ние сме
загрижени дискриминацијата има две намени

i. Да ги резервира одредени високоплатени, високо посакувани работни


места за одредено привилегирано малцинство.
ii. И да ги ограничи одредени групи на нископлатени, непосакувани работни
места.

На овој начин дискриминацијата го ограничува нагорната мобилност во


работните места за непривилегираните групи, ја зголемува конкуренцијата
помеѓу нив за работни места за кои тие се подобни да конкурираат, и ја
зголемува понудата на труд на долниот крај на скалата на трудот и ја намалува
наемнината. На врвот на оваа скала , дискриминацијата ја намалува понудата
на конкурентен труд, ја намалува конкуренцијата и ја зголемува наемнината. Нај
елабориран систем на дискриминација е тој во Индија, каде што сегрегацијата4
е интимно поврзана со кастинската хиерархија. На други места
дискриминацијата е расна на пример во Јужна Африка, црнците се ограничени
на рударство, земјоделски труд и работници со ниски вештини во урбаните
области. И во Бразил каде што дискриминацијата е нелегална, неформалната
дискриминација е нашироко распространета и има висока корелација помеѓу
скалилата на скалата на труд и дискриминацијата, со тоа што црно кожите
личности се на ниските скалила, додека светло кожите лица се на највисоките.

4
Сегрегација е чин или состојба на поставување на некој или нешто настрана од другите луѓе или
одделување од другите.

3
Дискриминацијата ги ограничува изборите на луѓето, и нивните можности. Та
прави некогаш невозможно да биде луѓето да ги прошират своите можности и да
го достигнат својот потенцијал. Уште потешка форма на дискриминација од
отворената се бариерите за влез во одредени професии. На пример во Андска
Америка, оние кои зборуваат домородски јазици и кои носат домородни облеки
и костими тешко може да најдат работа во урбаните области или да станат дел
од јавната администрација, тие се ограничени на работа во руралните области
и во неформалниот урбан сектор. Облекувањето на Европски начин и
познавањето на шпански јазик се користат како бариери за влез во одредени
професии од формалниот сектор и познавањето на шпанскиот јазик може да
биде сериозна по тешкотија во услови кога имаме ниски инвестиции во
примарното и секундарното образование во руралните области и ниски стапки
на запишување на децата на школо во овие области. Многу професии исто така
се резервирани за машкиот пол. Тука спаѓаат политиката, повисоките позиции
во јавната администрација, полицијата вооружените сили како армијата итн.
Половата дискриминација се оправдува некогаш дека ја рефлектира културата
на определена земја, но кога на жените има се негира изборот, можностите и
поширок простор за да ги зголемат своите можности . “Културата” не треба да
биде гледана како дистинктивна и вредна оценка на цивилизацијата, туку како
идеологија која ги санкционира бариерите за човеков развој на жените.
Ценовната компонента во структурата на пазарните поттикнувачи т.е.
релативниот сет на наемнини, предизвикува внимание во последно време.
Платите во урбаниот формален сектор се многу високи во смисла дека
трошоците за трудот на работодавачите ги надминуваат опортуните трошоци ,
т.е. вредноста на аутпутот произведена од следната најдобра алтернатива на
избор на труд. Прашањето тука за оние кои се конфронтираат и кои бараат да
се промовираат политики на човеков развој не е дали цената на трудот во
формалниот сектор е висока (т.е. над опортунитетните трошоци) , туку дека
структурата на пазарот на труд оперира на таков начин така што
диспропорционално висок дел од работната сила е принудена да бара плата за
живот на дното на хиерархијата на професии, што за резултат има платите на
работниците да се пониски од што би биле во некои случаи (особено за жените),
а во некои случаи е нула. Импликацијата за креаторите на економските политики

4
не е да се зголеми одредена плата или множество на плати туку да се
реформира системот за контрола на трудот.

2.2 Пристап до финансискиот капитал

Во многу земји во развој најистакнатa карактеристикa на пазарот на капитал e


структурниот дуализам т.е. поделбата на :

i. Формален сектор
ii. Неформален сектор

Формалниот финансиски сектор се состои од банки, осигурителни компании, и


можеби пазарот на хартии од вредност , владино воспоставена развојна банка и
финансиска институција за откупување домови. Овие институции ги
задоволуваат потребите на големите индустриски и услужни претпријатија,
богатите (лични заеми), и во руралните области големите фармери.
Неформалниот кредитен пазар –црните, сивите пазари се состои од продавници
за облека до втора рака, менувачи на пари кои работат на улица,
професионални позајмувачи на пари во руралните средини (лихвари).
Неформалниот пазар на кредити ги опслужува :малите бизнис општо,
неформалниот урбан сектор, селските фармери и сиромашните. На формалниот
кредитен пазар номиналните каматни стапки се ниски и под стапката на
инфлација, реалните каматни стапки дури може да се и негативни. Ниските
трошоци за кредитирање на позајмувачите водат кон енормна екцесна
побарувачка на пазарот и кредитно рационализирање5.Оние кои што ќе успеат
да обезбедат ефтин кредит ќе купат механизирани техники на производство,
т.е.ќе трошат помалку труд и човечки капитал .Резултатот од ова е неефикасна
алокација на финансиски ресурси (екцесен степен на механизираност)
комбинирано со нееднаква дистрибуција на доходот (бидејќи одбраните
пропорции на факторот ја насочуваат додадената вредност од платите кон
профитите и рентите). Каматната стапка на неформалните кредитни пазари
варира во определен опсег. Во некои случаи е нула (заеми за роднини),во некои

5
Кредитно рационализирање (credit rationing) е ограничување од страна на позајмувачите на
дополнителен кредит за позајмувачите кои бараат дополнителни фондови, дури и ако позајмувачите
сакаат да платат и повисока каматна стапка. Овој случај е пример за пазарен неуспех

5
случаи може да биде екстремно висока (пример сезонски кредити од лихварите
за земјоделците од селските средини), додека во некои случаи каматната стапка
е неопределена (како кога пазарите на факторите се испреплетени и
земјопоседниците, му обезбедуваат на закупниците “пакет” земја за користење,
кредитни и пазарни услуги во замена за дел од приносите за да се покрие
рентата з а земјата, каматата и транспортните трошоци. Општо земено
трошоците за кредитирање на неформалниот пазар на капитал се поголеми од
трошоците на формалниот пазар на капитал ,што ги поттикнува позајмувачите
да прифатат трудоинтензивни методи на производство , со што продуктивноста
на трудот и аутпутот произведен од трудот се пониски отколку што би биле.
Поттикнувачите на формалниот кредитен пазар ги охрабруваат позајмувачите
да ја намалат вработеноста и учеството на пазарот на труд, додека
поттикнувачите создадени на неформалниот пазар на труд ги охрабруваат
позајмувачите да прифатат техники кои ја намалуваат продуктивноста на трудот
и платите на работниците, вклучувајќи ги и само-вработените.Разликите помеѓу
двата пазар се поради тоа што двата пазари се буквално разделени.
Неписмените фармери, само вработените продавачи, рибарите, руралните
занаетчии, малите бизнисмени ангажирани во интер-провинциски транспорт, и
жените општо имаат помал пристап до комерцијалниот банкарски систем. Тие
се исклучени од нивната неспособност да читаат и пишуваат, со незапознатоста
со административните процедури итн. Стратегијата на човеков развој треба да
бара начин да го подобри пристапот на пазарите на кредитирање. Тоа не да го
прави со воведување на анти-лихварски закони туку со зголемување на понудата
на кредити канализирана преку неформалните пазари на кредит и со промена
на карактеристиките на секторот на неформални позајмувачи за тие да станат
по кредитоспособни. Анти-лихварските закони само ќе ја намалат насочени кон
лихварите и другите позајмувачи на неформалниот пазар на капитал само ќе ја
влоши ситуацијата. Не само што нема да ги намали каматните стапки туку и ќе
ја зголеми каматната стапка и ќе ја зголеми нагоре и каматната стапка во
неформалниот сектор. Владата треба да настојува да ја зголеми достапноста на
кредити и со тоа да ја намали каматната стапка. Пристапот до кредити може да
се зголеми и со подобрување на стапката на писменост. Една карактеристика
која ги раздвојува формалниот и неформалниот пазар на капитал е отсуството
на бариери за влез. Исто така претпријатијата од неформалниот сектор се
6
оневозможени со закон да се натпреваруваат со претпријатијата од формалниот
сектор. Воспоставени се бариери за влез кои го штитат формалниот од
неформалниот сектор исто така. Овие бариери се лиценци, регулативи, и други
прописи кои ги исклучуваат претпријатијата од неформалниот сектор од
профитабилните активности во урбаниот транспорт (такси, автобуси, минибуси,
градежните услуги и др. Привидните причини за овие закони лежат во
контролата на здравството, безбедноста , но поголем дел се сиромашни кои би
имале бенефит од слободата да се натпреваруваат во високо профитабилни,
заштитени активности , и се чини дека реалните причини за регулација на овие
области лежат во заштитата на доходите на богатите. На крајот владата треба
да го ослободи приватниот сектор и да му ги отстрани оковите кои му ја
отежнуваат диверзификацијата на активностите кои се атрактивни за луѓето со
ограничен пристап до капитал.

2.3 Земја , природен капитал и компаративна предност

Доказот за сопственост и сопственичките права придонесуваат за проблемите


со кои се соочуваат малите фармери кога бараат кредит. Проблемите со
управувањето со земјата одат подалеку од прашањето за сопственичките права
на земјата. Земјиштето во јавна сопственост е менаџирано неефикасно, има
истакната деградација на животната средина и е во бенефит
диспропорционално на повисоките доходни групи. Влошувањата на земјиштето
во шумите, пасиштата и планинските места е често. Поради слабото
управување, јавното земјиште често е третирано како бесплатно добро. Во
Југоисточна Азија политиките на цени на дрвото од јавните земјишта доведе до
уништување на шумските ресурси и неуспех во обидот за пошумувањето. Во
Бразил владините политики на субвенции и поттикнувачите кај даноците
доведоа до чистење на Амазонската прашума. Единствен начин да се добие
сопственичко право над земјата во Бразил е земјата да се исчисти од дрва.Исти
или слични проблеми се јавуваат и со подземните под површинските води кои
често се третираат како јавно добро. И така таа вода често е трошена
беспотребно и стапката на екстракција обично за многу ја надминува стапката
за надополнување и на тој начин овој процес е неодржлив. Субвенциите на

7
ѓубривата кои се даваат во некои земји на пример во Индија и некои други земји
од Јужна Азија доведува до тоа надземните води (реките, езерата) да се
загадени. Субвенциите за пестициди ( и за некои хербициди) доведуваат до
токсични концентрации на хемикалии во водата и земјата, и во некои случаи
дури и се закана по биодиверзитетот. Водата за наводнување од реката Нил во
Египет е бесплатна,во Бразил и некои други делови од Латинска Америка цената
на водата за наводнување обезбедена од иригационите системи на владата не
ги покрива ни варијабилните трошоци на системот за наводнување, а во никој
случај останатите капитални трошоци , истово важи и за иригационите системи
во Северна Африка, Средниот Блискиот Исток, и Јужна Азија. Владината
интервенција во оваа област предизвика четири несреќни ефекти :

i. Доведе до загадување и до осиромашување на природниот капитален


сток , преку салинизација на почвата ,дефорестизација (намалување на
шумите), загадување на водите итн.
ii. Владините субвенции што се како поткрепа на поттикнувачите
апсорбирале сигнификантен дел од јавните приходи кои се потенцијално
потребни за подршка на човековиот развој. Од субвенциите бенефит имаа
повисоките слоеви место сиромашните.
iii. Структурата на поттикнувачите водеше кон неефикасна употреба на
ресурсите . Исто така структурата на поттикнувачите водеше кон тоа
земјите д а прифатат погрешни компаративни предности, и да се
концентрираат на производи кои се премногу интензивни во употребата
на природен капитал и да ја занемарат потенцијалната компаративна
предност во производство на производи кои се интензивни во употребата
на човечки капитал.
iv. Структурата на поттикнувачите водеше и не само кон статичка
неефикасност во алокацијата на ресурсите туку и кон модел на трговија
кој не ги рефлектира долгорочните компаративни предности, и
инвестициски status quo. Владините субвенции, за ѓубрива, пестициди,
дрво и земја влијаат не само на тековната употреба на капиталниот сток,
туку и вршат притисок на оние кои ги користат субвенциите да инвестираат
во наведените области ( системи за наводнување, земјиште кое е во
државна сопственост) со цел да земаат се поголеми субвенции.

8
2.4 Човечки капитал и динамична компаративна предност

Од претходно кажаното се заклучува дека стратегијата на човеков развој е


погодна за промовирање на долгорочна компаративна предност на земја во
развој. За време на 1980тите многу земји во развој се уште зависеа од извозот
на примарни стоки и се соочуваа со опаѓачки услови за размена6 на овие
производи .Оние земји кои успеаја да направат транзиција кон извоз на трудо-
интензивни производи поминаа подобро извесен период. Но и условите за
размена за производен извоз почнаа да покажуваат знаци на опаѓање. Овде се
подвлекува потребата за земјите во развој за развивање на динамичен поглед
на нивните компаративни предности. Ако земјите се натпреваруваат во
меѓународна средина, со големи технолошки промени потребно е постојано да
ги надградуваат вештините и образованието на нивната работна сила. Во многу
земји ова ќе значи реалокација на ресурсите од јавниот сектор кон програмите
за промоција на формација на човечки капитал. Eдна од причините поради која
има толку ниска општествена стапка на поврат на трудот со сложени вештини
(highly skilled labor) во земјите во развој е дека во земјите во развој
вработувањето за луѓето со комплетирано терцијално7 образование некогаш е
недостапно. Овие земји можеби тековно се концентрираат да ај зголемат својата
конкурентна предност на долг рок, но моментално побарувачката за научници и
инженери е дефицитарна и ќе биде поголема во некој иден период.
Подобрување на конкурентската предност на земјата на долг рок бара активна
политика на државата, оваа држава можеби нема да инвестира во
инфраструктурни проекти, но мора да влијае на алокацијата на ресурсите во
насока каде што тие ќе го промовираат растот на економијата на долг рок а со
тоа и развојот. Особено државата треба да насочува ресурси кон инвестициите
во човеков развој, а приватните пазари ја потценуваат и ја нарушуваат
алокацијата на ресурси во такви цели. Тоа што некој земја во развој може да се
концентрира на стратегија за човеков развој не значи дека таа земја треба да се
фокусира на извозно ориентирана стратегија или стратегија на трговија која е

6
Terms of trade или условите за размена (TOT) се составени од соодносот на индексот на извозни цени
на земјата спрема индексот на увозни цени.
7
Терцијалното образование е етапа во образованието после секундарното образование , и вклучува
додипломски студии и постдипломски и докторски студии.

9
пристрасна кон извозот. Извозно ориентирана стратегија е пристрасна и го
насочува домашниот аутпут кон снабдување на надворешната побарувачка
наместо домашната побарувачка и ја изложува земјата на флуктуации и
несигурности на меѓународниот пазар. Оваа стратегија е ризична во услови на
протекционизам 8на развиените земји, кога стапката на раст на аутпутот во
светот опаѓа, и кога се воспоставуваат трговски блокови кои ги исклучуваат
земјите во развој. Поразумна политика е онаа на отворена економија, но
отворена која нема да биде пристрасна ниту кон извозот ниту кон домашната
побарувачка. Девизниот курс да не се девалвира вештачки со цел да се зголеми
извозот. Оваа стратегија може да го зголеми извозот на поголема количина на
трудо-интензивни производи кои се базираат на нејзината голема снабденост со
евтин ниско квалификуван труд, но не го поттикнува притисокот конкурентски кој
ја принудува земјата да направи транзиција кон производи чија интензивна
производна функција вклучува повеќе човечки капитал. Извозниот сектор во
таква економија се очекува да биде мотор на растот. Домашните плати се
депрецираат и се врши редистрибуција на доходот од платите кон профитот,
особено во извозниот сектор. Под режим на отворена економија девизниот курс
ниту е преценат, бидејќи ова овозможува на земјата да го поевтини увозот на
капитал и интермедијарни производи. Преценетите валути се карактеристика на
трговските режими на увозна супституција. Воопштено инвестициите се
пристрасно насочувани повеќе кон физичкиот капитал отколку кон човечкиот
капитал. Во оваа смисла Пакистан претставува пример на дисторзија во
ресурсната алокација што резултира во увозно супституирачки политики.
Ориентацијата кон компаративните предности кои произлегуваат од
релативното изобилство на човечки капитал е помалку веројатно да поттикнат
рапидна стапка на раст на економијата, отколку што тоа би била стапка на раст
на економијата базирана на физичкиот или природниот капитал. Но растот
базиран на човечки капитал ќе ги дистрибуира бенефитите од порамномерно и
подеднакво. Извозот кој е интензивен во употребата на природните ресурси или
физичкиот капитал служи воглавно, да се зголеми уделот на рентите или

8
Во теорија и пракса протекционизмот е заштита на домашните индустрии на земјата од конкуренција
од странски држави со поставување на давачки на увозот (царини, даноци итн.)

10
профитот во националниот доход, додека трудово интензивниот извоз помага
да се зголеми уделот на платите во националниот доход.

2.4 Технолошките можности и човековиот развој

Глобалната дистрибуција на технолошките можности воглавно е нееднаква,


дури и понееднаква од дистрибуцијата на доходот или глобалната дистрибуција
на физичкиот капитал. Технолошките можности се високо концентрирани дури и
помеѓу развиените економии. Од друга страна погрешна стратегија на земјите
во развој е да инкорпорираат најмодерна технологија во нивните сегашни
структури на производство. Самиот обид за такво нешто ќе бара големи
инвестиции во истражување и развој, и ќе бара да се произведат голем број на
тренирани научници , инженери и техничари, и претприемачка класа која ќе биде
способна да ги трансформира научните достигнувања во комерцијално
профитабилни активности. И да успее таквиот обид ќе ја искриви економијата,
ќе ја зголеми нееднаквоста во дистрибуцијата на доходите и ќе произведе помал
поврат отколку алтернативата, помалку капитално интензивни инвестиции.
Помеѓу земјите во развој постојат такви со силни аргументации , на полето на
ефикасноста и еднаквоста, кои ставаат примарен акцент на масовното
образование како начин да се зголемат технолошките можности.
Конвенционалното размислување тука е дека со серија на драматични пробиви
(или т.н. драстични иновации) ќе се стимулира технолошкиот развој. Но
историјата покажува поинаку дека технолошкиот процес е еден континуиран
процес кој се остварува благодарение на подобрувањата кои се направени од
страна на работниците во фабриките и обичните техничари. Често постои еден
континуум од иницијалното откритие кон технолошки изводливост за да стане
комерцијалната иновација и да стане нашироко прифатена технологија која се
дифузира9 (прифаќа) . На пример во случајот на моторот на пареа на Ват ,
потребно беше еден век на развој и технички подобрувања од неговиот
иницијален развој во 1760тиите и 1770тите години , за да влезе во комерцијална
употреба. Многу важен аспект на технолошката иновација е процесот на учење
и развој на човечки вештини за прифаќање и дифузија на технологијата.Како што

9
Технолошката дифузија на иновациите е процес со кој иновациите (новите производи, методи на
производство, методи на управување) се шират во и меѓу економиите.

11
е посочено во класичниот труд на Кенет Ароу за “learning- by-doing” , многу
инкрементални подобрувања на технологијата се случуваат како нуспроизвод на
работниците и техничарите кои откриваат како да го завршат производството
поефикасно. Концептот на Натан Розенберг за “learning by using’ е сличен но
вклучува поексплицитен напор да се разбере технологијата отелотворена во
производот или машината.“Learning- by-doing” и “learning by using’ се активности
со ниски трошоци и би требало земјите во развој да може да ги зголемат своите
технолошки можности брзо со давање приоритет на масовното образование во
наука. Повисоките трошоци се поврзани со “learning-through-training” .Оваа
активност вклучува систематско давање на инструкции за “know-how” на
технологијата но не вклучува разбирање на “know-how” на технологијата или на
основните принципи на работа. Уште понапредна техника е “learning-by-
searching” .оваа активност се однесува на способноста да се истражи достапната
технологија и да се одбере што е најсоодветно за дадената етапа од развојот на
земјата. Но ресурсите кои би се трошеле за да се вложува во водечки научници
и истражувачи кои ќе имаат висок капацитет да ја истражуваат и апсорбираат
технологијата може да бидат поефикасно искористени за образование и тренинг
во научни предмети за мнозинството од работната сила на земјата. Во сите земји
внимание со обрнува на концентрација на формирање на основниот човечки
капитал. Прво писменоста и знаењата од математиката се на прво место.
Понатаму образованието во популарната наука и основите на елементарното
техничко образование. Понатаму ставањето на акцент на “learning-by-applying”
ќе овозможи земјата да ги институционализира подобрувањата на технолошките
можности. Алтернативната стратегија на ова со големи трошења на образование
на научници и инженери , или изнајмување на странски истражувачки персонал
и R&D ќе даде скромни резултати. Потребен е долг период да се создаде сток
на научници и истражувачки персонал. Во Африка , помалку од 1% од децата
кои завршуваат примарно (основно) образование продолжуваат со пост-
секундарно образование во инженеринг или технички предмети. За да се
произвде научник или инженер потребни се 5-10 години образование после
секундарното (средното) образование, но за да се има критична маса на
студенти во пост-секундарното образование потребно е да се обезбедат
учениците во секундарното образование со адекватни знаења од наука и
технологија, што значи основите на примарно ниво треба да бидат цврсти. Но во
12
многу земји во развој и Африка тие основи се слаби. Во многу земји во развој
акцентот на формирањето ан основниот човечки капитал, е важен за да
обезбеди технички компетенции на трудот и да произведе адекватен број на
научници и инженери. Ако стратегијата на човеков развој се спроведува
константно, човечкиот капитал ќе се истакне како основен извор на
компаративната предност на земјата на долг рок. И како што стокот на човечки
капитал се зголемува и го има во изобилство составот на аутпутот на земјата ќе
се смени во прилог на производи во чија интензивна производна функција
фактор е човечкиот капитал. Ова ќе биде придружено со зголемување на
продуктивноста ан трудот и со зголемување на животниот стандард.

2.5 Комплементарноста помеѓу приватните и јавните инвестиции

Како што и претходно видовме владите на земјите влијаат на множеството на


поттикнувачи (incentives) на кои приватните производители реагираат, и поради
динамиката на политичкиот процес државните инвестиции исто така веројатно е
дека ќе реагираат на множеството на владините поттикнувачи. Ако множеството
на поттикнувачи обезбедува точни сигнали за алокација на ресурси, ќе биде
пожелно приватниот и јавниот сектор да договорат соодветно на сигналите. Ако
поттикнувачите се погрешни не треба да се намали владината активност, и како
“владин неуспех” туку тоа да се сфати како разлика во политичките цели. Владин
неуспех има во целиот свет еден таков очигледен пример се Хаити. Таму
владите ја жртвуваа ефикасноста, растот и намалувањето на сиромаштијата за
повисок доход за нивните поддржувачи. Стратегијата на човеков развој бара
активна држава. Прво за да се поправи пристрасноста кој фаворизира производи
и процеси на производство кои интензивно го користат природниот капитал.
Бидејќи ако е оставено ова само на пазарот има тенденција да се игнорираат
многу трошоци кои ја оштетуваат животната средина. Второ мора да
интервенира да ја корегира пристраноста во формирањето на човечкиот
капитал. Бидејќи ако е оставено ова само на пазарот има тенденција да се
занемарат бенефитите од инвестициите во човеков развој. Трето, државата
треба да биде активна во инвестициите во истражување и развој , образование
и тренинг здравство и исхрана, но и во многу форми на физички капитал како
што е транспортот, електричната мрежа и урбаната инфраструктура. Се вели во

13
економската теорија дека јавните инвестиции го истиснуваат “crowds out”
приватниот сектор и дека повратот на приватните инвестиции е поголем од
повратот на јавните инвестиции. Ова често пати е користено како аргумент
против даноците и државната потрошувачка. Во случајот на стратегијата за
човеков развој овој аргумент не е точен :јавните инвестиции се комплементарни
на приватните инвестиции и овде место “crowding out” имаме “crowding
in”10.Бидејќи инвестициите во човеков развој генерираат многу позитивни
екстерналии 11–државата мора да води во многу области како што се програмите
за детска исхрана до инвестиции во истражување и технологија. Јавните и
приватните инвестиции се комплементарни едни на други. Стапката на профит
на приватните инвестиции варира позитивно со јавните инвестиции во човеков
развој. Колку се поголеми инвестициите во човеков развој толку е поверојатно д
асе поголеми и приватните инвестиции. И колку се поголеми инвестициите во
човеков развој дотолку поголема ќе биде еднаквоста во дистрибуцијата на
доходот, ако се друго е ceteris paribus (останато исто) , и делумно поради
ефектот врз приватните инвестиции, побрза ќе биде вкупната стапка на раст.

10
Crowding-in е економски принцип каде приватните инвестиции се зголемуваат како што се зголемуваат
владините задолжувања а владината потрошувачка.
11
Во економијата екстерналија е трошок или корист кој влијае на страната која не одлучила да го направи
тој трошок или бенефит.

14
3 Реалокација на ресурсите на јавниот сектор

Структурата на поттикнувачите генерира сигнали кои ја детерминираат


алокацијата на ресурсите и влијае на поделбата на инвестициите помеѓу
природен, физички и човечки капитал. Структурата на поттикнувачите како и да
е не може да ја одреди брзината на одговор –еластичноста на понудата на
економските организации. Таа зависи од други фактори : иницијалните услови,
институционалните аранжмани, способностите на населението и владините
иницијативи. Стратегијата на човеков развој е стратегија на развој на долг рок
која има за задача да ја подобри благосостојбата на луѓето во што е можно
пократко време. Имплементацијата на оваа стратегија бара промена на
композицијата на владината потрошувачка. Четирите активности во таа насока
се :

i. Процентот на активностите на буџетот наменети за активности кои не


допринесуваат за развојот треба да биде сведен на минимум. Овдека се
вклучуваат трошењата за внатрешната и надворешната безбедност,
голема бирократија во јавната администрација, субвенции за некои јавни
претпријатија.
ii. Треба да има алокација на ресурсите на оние активности од кои бенефит
имаат најголем процент на луѓе. Раширувањето на ресурсите на поголем
број на луѓе место концентрација на помал број дава поголема стапка на
поврат. Тука во многу земји се мисли на програмите од кои бенефит имаат
жените и децата на пример програмата за детска исхрана, понатаму
програмите за рурално образование , мали амбуланти и болнички
персонал, мали иригациони системи итн.
iii. Обемните и сеопфатни системи на пензиско и инвалидско осигурување
какви што постојат во Западните земји треба да се избегнат и да се
отфрлат или одложат се додека не се прошират на цела популација или
на оние на кои им се најпотребни. Од повеќето пензиски системи во
земјите во развој бенефит има само урбаната елита и не може да бидат
оправдани во стратегијата за човеков развој.

1
iv. Стратегијата за човеков развој мора да направи селекција на
инвестициите и да одбери поважни јавни инвестиции од кои корист имаат
повеќемина. Јавно финансирано средно школо да обезбедува
образование за сиромашни и богати деца. На пример наметнувањето ан
школарина за богатите деца во ваквите јавно финансирани школи не се
смета за изводливо. Пат изграден од фамата до пазарот може да го
користа сите во околината и богати и сиромашни.

Во една емпириска студија во девет земји (Индија, Замбија, Јамајка, Пакистан,


Египет, Шри Ланка, Тунис , Мексико и Филипините), се таргетирани две најчести
грешки кои се прават кога јавните инвестиции се насочени кон одредени
корисници. Тие две грешки се :

i. Е-грешката или оваа е грешка на екцесно покривање (excessive coverage)


на популацијата кога и луѓето кои не треба да се корисници ја користат
услугата.
ii. F-грешката се случува кога луѓето за кои се намерава д а бидат корисници
на услугата не ја добиваат и не се покриени од програмата.

Политиката често се обидува да ја намали Е-грешката. Сепак E и F грешките се


инверзно поврзани. Така да ако се трудиме да ја намалиме E- грешката ќе
пораснат F-грешките. Неколку импликации за теоријата на човеков развој тука
се:

i. Да се намали F- грешката за да се осигуриме дека сите оние кои треба да


ја добиваат услугата всушност да ја добиваат.
ii. Постоењето на F-грешката имплицира дека идната продуктивност на оние
кои не се вклучени во програмата ќе биде пониска отколку што инаку би
била.
iii. Ова претходно покажува дека во дизајнирањето на програми за човеков
развој креаторите на политиките треба да се пристрасни кон политиките
базирани на широка основа , а не да се преокупираат со програми со мал
број корисници.

2
Соодветната структура на поттикнувачи треба да ја подобри алокативната
ефикасност и стапката на раст на доходот. Општествените стапки на повраток
на инвестициите во човеков развој, кога сите бенефити и трошоци се земни во
предвид се доста високи. Здравата, писмена и вешта работна сила е основа на
растот на економијата на долг рок. Распродажбата на природни ресурси може
да донесе брз раст но ако економските ренти од екстракцијата на суровини од
земјата не се трансформираат во човечки капитал, таквиот раст е неодржлив.
Пример за ова се земјите кои извезуваат нафта. Предноста на земјите во развој
во интегрираната светска економија е вештата, образованата и технички
компетентна работна сила. Исто така присуството на образована и вешта
работна сила ќе го олесни и трансферот на технологијата , и ќе ја олесни
апсорпцијата на технолошкото знаење произведено во економски понапредните
економии. Присуството на вешта и образована работна сила ќе овозможи
земјата во развој да привлече странски капитал. И на крајот луѓето се главните
средства на економијата. Бенефитот од вложувањата во луѓето е поголем од
зголемувањето на продуктивноста на трудот и пристапот до глобалните
можности: Здрава и добро образована работна сила придонесува до социјална
кохезија, и дава динамичност на сите аспекти на животот и културата.
Прилагодување, стабилизација и реструктуирање како и да ги наречеме, тие
значат една иста работа –тоа се тактички одговори на екстерните шокови и
внатрешната макроекономска нерамнотежа. Овие тактички одговори не треба
да се дозволи да ја занемарат основата на долгорочниот раст-како што се случи
во :изгубената декада” за Латинска Америка во 1980тите –каде што се намали
стапката на формација на човечкиот капитал. Стратегијата за човеков развој
бара и политичка поддршка за да може да се одржи. Реалокацијата на ресурсите
за јавните инвестиции ќе произведе победници и губитници и губитниците мора
да се предвидат. Корисниците на овие стратегии иако се релативно бројни за
очекување е да се политички неорганизирани, за разлика од губитниците кои
иако малку на број се очекува да бидат моќна опозиција. Затоа целите на
човековиот развој не се морални императиви. Тие треба да бидат внимателно
избрани на основа на :

i. Ригорозна техничка анализа што ќе ги спореди бенефитите и трошоците

3
ii. Политичка калкулација на бројноста и силата на противниците и
потенцијалните поддржувачи
iii. Проценка на изводливоста и желбата да се искористат некои од
бенефитите за да се компензираат губитниците.

Човековиот развој е партиципативна промена и колку повеќе луѓе учествуваат


како агенти на промените , толку поуспешна севкупната стратегија може да биде.
Кампањите кои промовираат писменост, основна здравствена грижа, примарно
образование и имунизација на децата се идеални за активна партиципација во
заедницата. Мобилизацијата зависи и од избирањето на целите и од ресурсите
за нивното исполнување и административните способности. Преамбициозните
цели треба да бидат избегнати и да му се даде приоритет на проекти и програми.
Треба да се изберат приоритетни проекти. На пример пристапот до чиста вода
за пиење, има “мултипликативни “ ефекти . На пример одржување на здравјето
на луѓето за да можат да се ангажираат во продуктивни активности и да се
ангажираат во продуктивна активност. На пример во Бангладеш и Пакистан
образованието на жените беше подвлечено како критично за да се постигнат
редица други цели како што се :подобрена исхрана на децата, помала
инциденца на болести и помал популационен раст. Формацијата на човечки
капитал не е иста со инвестициите во физички капитал иако постои аналогија.
Интуицијата сама по себе може да не даде добри резултати. Интуицијата може
и да води кон грешка тука, на пример да ги потеценеме користите од
формацијата ан човечки капитал и да се занемарат програмите за инвестиции
со потенцијално висок повратот ,или на екстремите да се потценат маргиналните
трошоци за инвестициите за човеков развој и да с е прошират инвестиционите
програми над економски оптималната големина.

3.1 Формата на образовната пирамида

Сега вниманието го свртуваме кон формалниот сектор на образование во


земјите во развој. Овој сектор апсорбира многу ресурси и прашањата кои ги
поставува за алоцирање на даночните приходи се исти како оние во другите
сектори. Формалното образование за многу луѓе е единствен начин луѓето да

4
стекнат знаења. Знаењето неформално се пренесува на децата неформално до
страна на родителите. Земјите треба да ги споредуваат бенефитите и
трошоците на инвестирање во програми за учење ан занаети, понатаму
тренинзи во јавниот сектор, со трошоците и бенефитите на формалниот
конвенционален сектор на образование. Во многу земји во развој образованието
има форма на превртена пирамида бидејќи секундарното и терцијалното
образование добиваат дури и до четири пати повеќе јавни ресурси од
примарното образование. Универзитетите за разлика од основните школи
добиваат големи субвенции. Од ваквата пирамида децата од средната и горната
средна класа имаат бенефит од великодушно финансираното високо
образование. Сиромашните може да немаат добри образовани објекти или
може д а размислат дека опортунитетните трошоци од посетување на школото
ги надминуваат краткорочните приватни користи. Основните училишта може
полесно да се контролираат од локалните власти отколку средните школи и
универзитетите. Таму има повеќе простор за партиципативен развој и активна
вклученост на локалното население во образованието, и поголема е
веројатноста дека овие образовни програми ќе добијат поддршка од локалното
население. Дури и ако примарното образование е бесплатно опортунитетните
трошоци за сиромашните фамилии кои ги праќаат своите деца на школо може
да бидат високи. Трошоците за книги и материјали, транспортните трошоци,
школски униформи, исто така изгубениот детски труд и приход за семејството.
Значи во овие програми за да се надмине претходно споменатиот проблем може
да се воведат програми за исхрана на децата додека се на школо, и програми за
исхрана на децата. Образованиот систем значи ја отсликува социјалната
стратификација, и дискриминацијата против жените и другите дискриминирани
групи што е карактеристика и на општеството како целина. Но и друг аспект на
формалната дискриминација во земјите во развој е дека и не сите групи имаат
ист пристап до формалното образование , и дури и кога имаат ист пристап има
варијација во квалитетот кој им е понуден на различни групи. Систематската
полова дискриминација е се присутна во земјите во развој, тие се секаде
помалку присутни на сите нивоа на образование. На пример стапката на
писменост на жените е само 69% наспрема стапката на писменост на мажите.
Жените имаат само 54% од годините на школување спрема мажите. Иако во
основно школо стапката на школување е драстично зголемена и кај жените на
5
93% спрема мажите, но во секундарното и терцијалното образование жените
заостануваат 73% и 53% респективно. Во Пакистан на пример во руралните
области преку 97% од жените се неписмени од најсиромашните 20% додека и од
најбогатите 20% , дури 87% до жените не умеат да читаат и пишуваат. Иако
Пакистан е екстремен случај и во Гана и Бангладеш ситуацијата е иста. Пакистан
е и друг пример во негативна конотација. Тоа е земја каде премногу ресурси се
посветени на физичкиот капитал и нема доволно ресурси за да се произведат
квалитетни наставници. Учителите ниту се тренирани доволно ни мотивирани за
да обезбедат квалитетно образование. Ниската ефикасност на и образованиот
систем во земјите во развој исто така е прашање . Во 1980тите години на пример
беа потребни 8 години образование во земјите во развој за некој да стигне до
петто одделение. Високите стапки на отпишување и на повторување исто така
се потрошени ресурси. Земјите во развој имаат релативна компаративна
предност во образованието, бидејќи наставата е трудово-интензивна активност
и трудот го има во релативно изобилство во земјите во развој. Образованието
користи фактор на производство (образован труд) кој е релативно евтин во
земјите во развој, особено во земјите каде водечка е стратегијата за човеков
развој. Но има помалку инвестиции во образованието по глава на жител во
земјите во развој отколку во развиените економии и тоа за висок процент
соодносот бил 1:19 во 1985. Јавните инвестиции тогаш биле $27 по жител во
земјите во развој, а во развиените земји $515 долари по жител инвестиции во
образование. Спорна е и структурата на буџетот за образование. На пример во
развиените економии како Јапонија 6.5% од буџетот се алоцира на материјали
за настава, додека во Индија само 1.3%. Исто и во буџетот за образование
земјите во развој инвестираат многу помалку во основното и средното
образование од развиените земји. Во Јапонија повторно ја земаме како пример,
38.2% од буџетот во образование е алоциран на основно образование, каде што
50% од вкупниот број на ученици во земјата се запишани. Ако се скратат
ресурсите за терцијалниот сектор на образование не значи дека ќе се нанесе
многу штета кај него. Бидејќи на пример во Бразил “единечниот трошок” по
студент 7.5 пати повисок од тој во основното образование. Значи ако бројот на
студенти на универзитетите се намали за 100 со тие средства ќе може да се
обезбедат 750 дополнителни студенти во примарното образование. Трошоците
за високото образование може да ги обезбедат и студентите бидејќи тоа и е
6
наменето за студентите од побогатите семејства со тоа што ќе им се наметне да
плаќаат школарина. Нивото на инвестиции кое е оправдано во трите столба на
образованието во земјата зависи од :

i. Земањето предвид на капиталот кој што се вложува


ii. Општествените стапки на поврат на инвестициите во секој столб

За земјите во развој уште карактеристична е и релативната неефикасна


употреба на човечкиот капитал, бидејќи многу од високо образованите луѓе
немаат можности каде да ги применуваат своите вештини. Ниската стапка на
искористеност на високообразованите ги намалува и приватните и
општествените стапки на поврат на инвестициите во терцијално образование,
според повратот на примарното и секундарното образование. Многу образовани
луѓе или се невработени или мигрираат кон земјите во развој. Тaка наречениот
“human capital flight” 1или “brain drain” , создава загуба на ресурси и слаба
искористеност на јавните фондови во земјите во развој. Консеквентно како
одговор на проблемите со “human capital flight” или “brain drain” се наведуваат :

i. Промена во композицијата на јавните инвестиции во областите или


степените ан образование каде имаат повисок поврат
ii. Исто воведување на мерки со кој сиот расположив човечки капитал би се
вработил. Политиките на отворена економија тука може да помогнат
многу.

3.2 Пристап до примарна здравствена грижа

Инверзна е пирамидата и на инвестициите во здравството во земјите во развој.


Околу ¾ до инвестициите во здравството се на корист на мал процент од
урбаното население за скапа медицинска грижа. Висок процент на инвестициите
во здравството во земјите во развој или околу 80% до 90% е инвестирано во
болниците кои се наоѓаат во урбаните области на државата. Во исто време може
да се каже дека само 60% од населението има пристап до основната
(примарното здравство) медицинска грижа. Луѓето во руралната средина немаат
пристап до здравствените услуги или се лекуваат со традиционалната

1
Во буквален превод “бегство” на човечкиот капитал

7
медицина. Постојат голем број на евтини превентивни здравствени програми
кои, ако се спроведуваат на национално ниво, може да ја намалат потребата за
поскапа здравствена заштита. Примери вклучуваат масовна имунизација против
заразни болести, пре-натална грижа во комбинација со програмите за
постнатално мајчинство и грижа за децата, и санитарни програми дизајнирани
да ги елиминираат болестите што се пренесуваат преку вода. Вовед во таквите
релативно едноставни мерки за јавно здравство може да доведат до остро
намалување на потребата за болници, лекари и медицински техничари, скапа
опрема и лекови и, следствено, на големи заштеди и заштеди на владините
приходи. Покрај непосредните, директни ефекти од проширената програма за
јавно здравје, постојат долгорочни придобивки во форма на помалку изгубени
денови работа поради болест, поголема продуктивност на трудот и зголемувања
на приходот на домаќинството, од кој дел може да се заштеди и да се инвестира
во раст на промовирање активности. Понекогаш последиците од лошото здравје
се неповратни, постојани во текот на целиот живот и пошироко. За разлика од
повеќето образовни недостатоци, кои често може да се коригираат подоцна,
сериозни здравствените проблеми во почетокот на животот понекогаш не можат
да се корегираат во подоцнежните години и нивните негативни ефекти врз
продуктивноста, приходите и општата благосостојба може да се долгорочни.
Навистина, ефектите од болеста и неисхранетоста може да бидат се
пренесуваат од една генерација во друга. На пример, малата тежина на раѓање

и лошата исхрана на новороденче може да ја предизвика подоцна како мајка да


носи деца со ниски родилна тежина или слабо развиени ментални капацитети.

Трошоците за спречување на овие проблеми се ниски и претставуваат


инвестиција во човечки капитал со висока отплата. Нехумано е да не се
инвестира во спречување на овие проблеми. Навистина, затоа што
проширувањето на превентивните здравствени мерки ја намалува потребата oд
трошоци за куративни здравствени мерки2, во тој случај прераспределба на
ресурсите во корист на примарната здравствена заштита може да биде дури и
посилна од случајот за пренамена на ресурсите во полза на основно и средно
образование.

2
Медицина ориентирана на лек, кога болеста се лекува а не спречува.

8
Студентите кои имаат добро здравје, на пример, исто така, имаат корист од
зголемената способност за учење. Во исто време, луѓе кои имаат добро
образование, исто така, најверојатно ќе знаат како најдобро да се одржува
доброто здравје. Има двонасочна каузалност. Оттука и прераспределба на
јавните расходи за примарна здравствена заштита и примарно образованието
може да има корисно влијание врз секоја област на активност што е во насока
меѓусебно јакнење. Уште еднаш, целото е веројатно да биде поголемо од збирот
на неговите делови. Основните компоненти на примарниот здравствен систем
се малку на број едноставни за имплементација и евтини. Шесте клучни
компоненти на примарниот здравствен систем се :

i. Имунизација против шесте најчести заразни болести, имено, мали


сипаници, дифтерија, голема(магарешка) кашлица, детска парализа,
туберкулоза и тетанус.
ii. достапност на околу 15 до 20 суштински генерички лекови на национално
ниво
iii. широка достапност и употреба на терапија за орална рехидратација,
iv. програма за планирање на семејството, акушерство и бременост
v. подобрено водоснабдување и санитарии услови
vi. здравствена едукација

Програмата за имунизација чини само околу 1,20 долари по дете; по глава на


жител цената на генеричката програма за лекови е околу половина од таа сума;
и дозата на едноставната мешавина што се користи при орална рехидратација
чини само 0,10 долари. Со оглед на ниските трошоци и висока ефикасност на
овие први три елементи на основната здравствена програма, очигледно треба
да им се даде многу висок приоритет во стратегијата за човеков развој. Чистата
вода е од суштинско значење за подобрување на јавното здравје. Дијареата, е
најголема причина за смртност на новороденчиња и деца, не може ефективно
да се бориме со неа без чиста вода. Покрај тоа, евтини, технолошки соодветни
методи за снабдување со вода за пиење за урбаните и руралните сиромашни
постојат и лесно можат да се воведат: јавни пумпи за вода од бунарите ,
колектори за вода од дождовите, системи за дистрибуција на вода со помош на
гравитацијата и рачни пумпи. Рачните пумпи се особено атрактивно решение,

9
бидејќи тие се со ниски трошоци и се едноставни за инсталирање, користење и
одржување. Пресметано е дека питка вода за пиење може да се обезбеди за
сите во Азија со годишни трошоци од $2 по лице. Основните санитарни услови,
исто така, се од суштинско значење за добро здравје. Особено во влажни
тропски услови каде просечните температури и влажност се високи, има висока
густина на населението , тоа ги доведува луѓето во непосредна близина едни до
други, и болеста е лесно да се шири. Сепак, во многу земји во влажните тропски
предели основните санитарни услови се неадекватни .Во Бангладеш, на пример,
само околу 10 проценти од населението поседува санитарни јазли за
отстранување на човечкиот измет. Имало мала владина програма од 1950-тите
за снабдување со субвенционирани полски тоалети, но дури и по четири
децении само околу 6 проценти од домаќинствата ги има. Она што е важно да
се забележи е дека во двата случаи на чистата вода за пиење и соодветните
санитарни услови, подобрувања во здравјето не се директно поврзани со
зголемените јавни трошоци за програмите за конвенционалното здравје. Во овие
два случаи, навистина, просечното здравје на населението ќе се зголеми ако
помалку ресурси се доделени на Министерството за здравство (за трошење на
болници итн.) и ако повеќе се додели, на пример, на министерствата кои се
занимаваат со водоснабдување и дренажа на земјиштето. Слична ситуација се
јавува и во случај на исхрана. Недоволната исхранетост е главна причина за
лошото здравје во земјите во развој, па дури и во САД 25 милиони луѓе загрозени
од глад добиваат "food stamps"3 под програмата за национална борба против
сиромаштијата. Населението е гладно или затоа што му недостасуваат
продуктивни ресурси- земја, други основни средства, вода - да си обезбеди
доволно храна за себе или пари за да купи храна. Основното решение за
проблемот со неисхранетоста на тој начин има многу повеќе врска со создавање
на услови за продуктивни вработувања и постигнување подеднакво
распределување на приходите и богатството отколку со зголемување јавни
трошоци за здравство. Очигледно, владата посветена на човековиот развој мора
да изгради објекти во руралните региони на земјата. Подеднакво важно, мора да
се осигура дека овие капацитети се соодветно екипирани со правилно обучени
медицински персонал, дека основните лекови и други основни работи се

3
Купони за прехрана.

10
достапни и дека постои активна програма за информирање на луѓето за она што
е на понуда и како најдобро можат да се користат услугите. Како и со расходите
за формалното образование, владите често ги класифицираат инвестициите за
изградба на објекти како капитални трошоци (а со тоа и придонесува дека
придонесуваат за развој) а трошоците за персоналот, медицинските материјали
и здравственото образование како тековни трошоци (а со тоа и трошоци кои не
придонесуваат кон развојот). Иако би било погрешно да се преиспитаат
претпоставките, некои повторливи трошоци (тековни трошоци) треба да се
сметаат како придонес во формирањето на човечкиот капитал. Значителен дел
од тековните трошоци може да се покријат со наметнување на
дискриминаторските надоместоци за корисниците и средствата што се
прибираат потоа може да се насочуваат во корист на примарните здравствени
клиники за корист на, да речеме, мајките и децата, или жителите на руралните
средини или сиромашните воопшто. Не треба да има по тешкотии во
принципите во дизајнирање на структурата на надоместокот на корисниците,
така што тие треба да се прогресивно поставени, со само скромно оптоварување
на сиромашните.

3.3 Редуцирање на јавните инвестиции со низок приоритет

Во рамките на буџетите за здравство и образование ќе бидат зголемени со

поместување на приоритетите од услугите на врвот на пирамидата (што

вообичаено ги фаворизира високо доходовните групи) кон оние на дното (што ги

фаворизираат нискодоходовните групи). Овие интрасекторски и интерсекторски

реалокации на ресурси го поставуваат важното прашање на тоа кои се

областите каде треба да се изврши значајна редукција. Ова прашање не може

точно д а биде одговорено и да важи за секоја земја бидејќи секоја земја си има

приоритети во трошењето. Но областите каде што треба да се обрне внимание

се : сервисирање на долгот, трошоците за армијата, внатрешната безбедност и

субвенциите за богатите.

11
3.4 Сервисирање на долгот

Надворешниот долг на земјите во развој помеѓу 1980тите и 1990тите се дуплира.


Во 1989 година отплатата на каматата и главнината на долгот беше $171
милијарда од кои $64 милијарди беше само камата. Поради овие големи
сервисирање на отплатите на долговите од земјите во развој кон развиените
економии имаше нето трансфер на ресурси во висина од $200 милијарди
долари. пари кои што можеа да се искористат за промовирање на човековиот
развој кај земјите во развој. Во земјите од Латинска Америка и Суб-Сахарска
Африка сервисирањето на долговите е главна стапка во буџетите на земјите.
Отплаќањето на долгот е поголемо во некои земји како ставка од
финансирањето на армијата. Како резултат на тоа, улогата на државата во
активно промовирање на развојот е скратена. Обземени од надворешниот долг
и не можат доволно да ги зголемат даноците, многу од владите ја зголемија
својата домашна задолженост на банкарството систем или прибегнаа кон
инфлаторно финансирање преку централната банка. Многу од овие земји
воведоа нео-меркантилистичка политика на максимизирање на извозот и
минимизирање на увозот, со рестрикција на агрегатната побарувачка, со
воведување увозни рестрикции и ограничувања и со девалвација на девизниот
курс. Некои земји пак се обидуваа со контрактивни монетарни и фискални
политики да ги намалат наемнините (реалните наемнини) за да станат
поконкурентни во меѓународната економија. Конкуренцијата со ниските плати во
домашната економија како и да е краткотрајна. На долг рок ја намалува
способноста на економијата да се пренасочи со ресурсите во активностите кои
се попродуктивни и каде има повисок доход. Земјите во развој западнаа во лоша
состојба бидејќи гарантираа за странските заеми на приватните домашни
компании и банките. Така настана една ситуација на морален хазард каде ни
странскиот позајмувач ни локалниот позајмувач не се однесуваа прудентно4 .Со
тоа што гарантираат за обврските на домашните позајмувачи , овие влади на
земјите во развој дадоа големи субвенции з а приватниот сектор. Мексико на
пример во 1982 ги национализира приватните банки за да ги ослободи од
потешкотиите со сервисирањето на нивните долгови. Надворешното

4
Одговорно во општа смисла, иако овој збор може да има повеќе значења

12
задолжување во некои земји водеше кон т.н. “Capital flight” што се случува кога
од економијата средствата или парите рапидно истекуваат од земјата, како
последица на некои економски активности. На пример во Филипините странските
пари се користеа да се прибават странски средства, овие средства се користеа
понатаму како колатерал или залог за уште странски долгови. Проценето било
дека на Филипините 70% од странскиот долг бил “Capital flight”. Постојат три
можности за земјите во развој :

i. Треба да се зголеми странската помош за нив во форма на грантови


ii. Странските долгови да се отпишат делумно или во целост или долгот да
се конвертира во грант
iii. Другата опција е default. Или дифолтирање односно неуспех да се платат
обврските навреме

3.5 Инвестиции во армијата и внатрешната сигурност

Во 1989 година земјите во развој класифицирани од страна на УНДП како земји


"со висок човеков развој" издвојуваа 3,1 проценти од нивниот бруто-домашен
производ за воените трошоци. Земјите " со средно ниво на човеков развој”, со
исклучок на Кина, издвојуваа 4,5 отсто и земјите " со ниско ниво на човеков
развој” развој, со исклучок на Индија, издвојуваа 4,8 отсто. Секоја земја која се
залага за стратегија на човеков развој треба да ги намали трошоците за
армијата, морнарицата, воздушните сили, разузнавачките служби, тајната
полиција и паравоените единици и локалната полиција. Воените трошоци и
сервисирањето на долгoт сочинуваат голем дел од вкупните трошоци во многу
земји во развој и двете ставки често се тесно поврзани. Всушност повеќе од една
третина од вкупниот надворешен долг на земјите во развој го направиле за да
стекнат воена опрема. Згора на тоа, неодамнешното истражување сугерира дека
достапноста на надворешните заеми всушност ја зголемува склоноста на
владите да трошат на армијата Странската помош, во овој случај, не дава
никаков придонес во развојот, освен ако се разбира воените расходи некои
сметаат, а што е неверојатно, дека ќе придонесат индиректно за човековиот
развој. Не е невообичаено за воените трошоци и исплатите за надворешниот

13
долг да апсорбираат 40-80 проценти од тековните владини приходи. На пример,
во 1987 година овие две ставки заземаа 55 проценти од владините приходи во
Шри Ланка, 61 процент во Пакистан, 64 проценти на Филипините, 65 отсто во
Колумбија и 85 отсто во Јордан. Во периодот од 1960 до 1988 владините
трошоци за армијата во земјите во развој се зголемија за петпати во константни
американски долари и се зголемуваа двапати повеќе од доходот по глава на
жител. Воените трошоци веќе се главна пречка за човековиот развој. Всушност,
воените трошоци во земјите во развој се поголеми од трошоците за образование
и здравство заедно. И покрај очигледниот пад на надворешните закани за
националната безбедност, многу влади продолжуваат да трошат големи суми на
вооружените сили и на внатрешната безбедност. Обезбедувањето на
сигурноста на граѓаните е една од првите одговорности на владата но и
немањето на внатрешна безбедност може да биде сериозна кочница за развој.
Точни информации за износот на средствата наменети за внатрешната
безбедност е тешко да се добијат. Во земјите опфатени со етнички и религиозни
конфликти - Шри Ланка, Етиопија, Индија, Сомалија, Ангола - расходите за
полицијата и потиснувањето на бунтовите се значителни, честопати поголеми
од централните владини трошоци за активностите за човековиот развој.
Конфликтите може да се минимизираат со поголема политичка партиципација
на завојуваните страни. И земјите може не насилно да се раздвојат како што е
примерот со Чехословачка. Демократијата и внатрешната сигурност одат рака
под рака.

3.6 Претпријатијата од јавниот сектор

Во многу земји во развој загубите на претпријатијата од јавниот сектор


сочинуваат значителен одлив на приходите на централната влада. Сега да
размислиме дали одливот на средства може да се намали и ресурсите на тој
начин да се користат за други цели. Продажбата на државните претпријатија
или на домашни или странски купувачи е една можна опција - и мошне модерна
во сегашноста - но ова не е единствената опција и целиот спектар на можности
треба да се разгледа пред да се започне со одреден тек на постапување.
Државните претпријатија во земјите во развој имаат долга историја. Прво станаa
своевиден инструмент за развојот во Турција, кој се прошири на Латинска

14
Америка (Мексико, Бразил, Чиле) во 1930-тите, а потоа стана доминантна форма
на сопственост на имот во социјалистичките земји (Кина, Куба, Виетнам).
Улогата што тие ја играле се разликува од случај во случај и би било сосема
погрешно да се претпостави дека секогаш кога државните претпријатија работат
со загуба, најдобро за човековиот развој е тие да се продадат .Секогаш кога се
размислува за продажба на овие претпријатија , прво треба да се постават три
прашања:

i. Дали е посакувано да се субвенционира јавното претпријатие и зошто?


ii. Кои групи во општеството ќе имаат бенефит од таа субвенција ?
iii. Ако субвенцијата не е посакувана ни на ниво на капитал ни на ниво ан
ефикасност , дали може да се елиминира субвенцијата со намалување на
трошоците или зголемување на приходите , и ако е така, дали ова е
подобро од целосна продажба.

На пример ако претпријатието организира тренинг програми кои даваат знаење


кое не е специфично за таа јавна фирма, и од кое бенефит може да имаат и
другите претпријатија државата може да е добро да ја субвенционира јавната
фирма која работи со загуба само поради пазарните неуспеси или market
failures5. Пазарниот неуспех може да оправда некоја фиксна субвенција не
неограничено да покрива загуби. Субвенцијата може да ја оправда и
рамномерната дистрибуција на доходот . Но во тој случај не смее да се
субвенционираат претпријатијата кои обезбедуваат услуги кои ги консумира
средната или горната средна класа. Под претпоставка дека континуираната
субвенција од страна на државата не може да се оправда, креаторите на
политиките мора да одлучат дали да ги пренесат државните претпријатија во
приватниот сектор или да ги реформираат државните претпријатија додека ги
чуваат во јавниот сектор. Можноста за реформи не треба да се отфрли. Ако
загубите се поради цените наметнати од владата под пазарното ниво на
чистење на пазарот, можеме да ги елиминираме субвенциите со тоа што ќе им
оставиме слобода на државните претпријатија сами да ги поставуваат цените.

5
Ова е ситуација во економијата која не резултира со ефикасна алокација на ресурсите. Односно постои
друг исход каде една индивидуа може да има подобар резултат без да го направи тоа на сметка на
друга индивидуа.

15
Одлуката дали ќе биде приватна или државна сопственоста зависи и од
општествената стапка на поврат. Ако средствата имаат поголема стапка на
општествен поврат6 треба да се продадат, ако не треба да се задржат во јавниот
сектор. Во многу земји од развој јавните претпријатија се соочуваат со т.н. меки
буџетски ограничувања. Односно владата бара блага финансиска дисциплина
од нив. Државните фирми за разлика до приватните не банкротираат и не се
предмет на непријателско преземање како приватните фирми .на тој начин тие
го одбегнуваат надворешниот надзор над нивното економско работење. Бидејќи
многу државни претпријатија се монополи , тие не се присилени од страна на
конкуренцијата да одговараат на барањата на потрошувачите или да ги
намалуваат трошоците за труд. И во екстремни случаи тие стануваат место каде
владее корупцијата на политичари, менаџери или работници. Многу јавни
претпријатија првично биле создадени поради пазарни неуспеси од еден или
друг вид: бидејќи и тие снабдуваа јавни добра, поради надворешни социјални
бенефиции, затоа што економиите на обемот доведоа до раст на природните
монополи, бидејќи приватното претпријатие беше слабо и неразвиено и не
можеше да собере сопствен капитал7. Каде овие пазарни неуспеси постојат,
приватизација најверојатно нема да биде успешна. Но, како што расте
економијата, приватниот пазар на капитал е неприкосновен и многу лесно
фирмите ќе стигнуваат до капитал и проекти. Државните претпријатија
поверојатно е сепак дека ќе бидат дел од стратегијата за човеков развој. Бидејќи
може да бидат вклучени во активности кои не се посакувани за приватните
инвеститори. И во тој случај сепак некои јавни претпријатија поразумно би било
да се продадат на приватниот сектор. Во друг случај јавните претпријатија може
да се реформираат и да се зголеми обемот на средства кои ќе се трошат за
човеков развој, кога загубите кај јавните претпријатија ќе се намалат. Само таму
каде што реформите се невозможни, или каде приватниот сектор може да
обезбеди повисока стапка на поврат на инвестираниот капитал, само таму
јавното претпријатие треба да се затвори или продаде.

6 додадената финансиска вредност


Социјален поврат =
инвестираните ресурси
7
Преку издавање на хартии од вредност обично (акции и слично).

16
3.7 Субвенции за богатите

Горните слоеви од населението според примањата често се корисници на


субвенциите од страна на владата и тоа во најголем процент. Тие можеби се или
не се таргет на субвенциите но факт е дека имаат најголем бенефит од нив.
Владините инвестиции за подобрувањата на водата, електричната енергија,.
гасот, и канализацијата –малку или воопшто не им помагаат на најсиромашните.
Во гадовите како што с е Лима, во Перу на пример средната и високата класа
добиваат чиста вода за пиење до нивните домови и плаќаат за водата кои не ги
покриваат капиталните трошоци на канализацијата т.е. се субвенционирани.
Сиромашните вода таму добиваат од приватните договарачи кои им ја носат во
цистерни и ја наплаќаат така што си ги покриваат трошоците. Коста Рика е
исклучок иако до владините субвенции и таму корист имаат побогатите слоеви.
Во 1983 субвенциите на пример 2/3 биле во урбаните области, и цела 1/3 од
субвенциите го финансираше високото образование. Субвенциите за домување
се користеа за да се намалат каматните стапки за становите. Во многу земји и
субвенциите за иригационите системи беа во корист на големите фармери а не
во корист на малите фармери. Поинаку кажано владата финансира проекти во
побогатите места а ги прескокнува сиромашните реони. Ако водата се наплаќа
поскапо ќе се зголемат мотивите овој ограничен ресурс да се користи
поефикасно, и да се штити животната средина. Многу од владите покрај
директните овозможуваат и индиректни субвенции. Тоа го прават преку високо-
субвенционирани кредити за фармерите на пример. Најочигледен пример тука е
Бразил во 1970тите . Владата на Бразил доделувала земјоделски кредити со
годишна каматна стапка од 15% со оглед на тоа дека инфлацијата била 40%
значи дека реалната каматна стапка била негативна околу -25%. Но околу 85%
од фармерите во Бразил немаа пристап до формалниот пазар на капитал и
мораа да позајмуваат средства на неформалниот пазар на капитал. Од
преостанатите 15% , на само 3%-4% најбогати фармери им беа доделени
кредити. Џини коефициентот како мерка за нееднаквост во дистрибуцијата на
кредити порасна од 0.6 во 1970та година до 0.71 во 1979 година. Нееднаквоста
на приходите во руралните области исто така драстично порасна во овој период.
Еден начин на кој што можеме да размислуваме за алокацијата на средствата

17
од јавниот сектор во смисла на соодноси и равенка која врши декомпозиција на
инвестициите во човековиот развој (изразени како проценти од бруто
националниот производ) во три дела :вкупните јавни инвестиции како процент
од Бруто националниот производ (PE/GNP),понатаму инвестициите во
општествените сектори како процент од јавните инвестиции (SS/PE), и
инвестициите во човековиот развој како процент од Бруто националниот
производ (HD/SS):

HD PE SS HD
= ∗ ∗
GNP GNP PE SS

На пример владата на некоја земјан одлучила дека 5% од БНП треба да го


потроши на активности за човеков развој финансирани од јавниот сектор .Еден
начин да го постигне овој таргет е :

PE
i. Вкупните јавни инвестиции како процент од БНП да се 25%, = 0.25
GNP
SS
ii. Да алоцира 20% од јавните инвестиции во општествениот сектор, =
PE

0.20
iii. инвестициите во општествените сектори како процент од јавните
инвестиции да с е целосно насочени кон активности за повисок човеков
HD
развој , имено за образование и здравство, = 1.0 .Оваа рамка на
SS

трошење ќе и овозможи на владата да го достигне таргетот 0.05 = 0.25 ∗


0.20 ∗ 1.0

18
4 Поставување на таргети наместо калкулирање на користи-
трошоци

Претходно беше кажано дека инвестициите во човеков развој треба да се


базираат на калкулирањето на трошоците и бенефитите. Да се измерат
инвестициите во луѓе е потешко отколку да се измерат инвестициите во проекти
чии резултати со видливи како на пример инвестициите во физички капитал.
Калкулирањето на трошоците и користите им овозможува на креаторите на
економските политики, да ги споредуваат алтернативните употреби на јавните
фондови за различни цели и овозможува да се спречи непродуктивното
користи
трошење на финансиски ресурси. Дали правилото за носење одлука е >
трошоци

1 или позитивна нето сегашна вредност на проектот или интерната стапката на


поврат да е поголема од предодредената вредност е од секундарно значење.
ООН или Организацијата на Обединетите нации донесува стратегии од 1960та
наваму за “меѓународен развој”. Овие се идентични стандарди за сите земји на
пример еден таков стандард е “слободно образование на сите нивоа”. таргетот
порасна од 4% во првата декада до 23% во развојната декада
(1980тите).Таргетите станаа преамбициозни и нереалистични. На пример
таргетот за раст во 1960тите беше 5% , во 1970тите порасна на 6% , додека во
1980тите повторно беше покачен на 7%. Остварените стапки на раст
отстапуваат многу од таргетите. Кога се поставува таргет с е претпоставува дела
единечните трошоци се константни .

1
На претходната слика може да се забележи дека се претпоставува дека
маргиналните трошоци (MC) на обезбедување на писменост се независни од
големината на програмата. Единечните трошоци или трошоците по една личност
вклучена во програмата се исти без разлика дали програмата цели на
универзална писменост, или има скромен таргет од 80% на пример. Да се
вратиме во случајот на кампањата за масовна писменост, некои поединци може
да бидат посилно мотивирани од другите, а со тоа може да вложат повеќе
напори за да ги читаат и да пишуваат, некои групи (на пример, младите во
споредба со постарите лица) може да се способни полесно да учат, а некои луѓе
(на пр. оние што живеат на оддалечени локации) може да биде потешко да се
стигнат на местото на настава од другите.

Од претходната слика се забележува дека маргиналните трошоци се дуплираат


кога кампањата за писменост се зголемува од 80% на универзална писменост.
Како резултат на тоа вкупните трошоци на кампањата растат повеќе од
пропорционално. Креаторите ан економските политики во ваков случај треба да
размислат дали дополнителните средства ќе ги потрошат во кампањата за
целосна писменост, или екстра фондовите ќе ги потрошат на некои други
програми, на пример програмата за намалување на стапката на смртност на
доенчињата. Се претпоставува при ваквите програми дека маргиналните

2
бенефити (MB) се високи и константни и дека ги надминува маргиналните
трошоци. Оваа ситуација е претставена на следната слика.

Бенефитите од писменоста во подоцнежните етапи од животот опаѓаат, исто


така на некои луѓе повеќе им е потребна писменоста од другите .Од овие
причини бенефитите на маргината од проширувањето на масовната писменост
се намалуваат .

Поставувањето на таргети со други зборови не е компатибилно со


калкулирањето на користите-трошоците .Таргетите имаат свои доблести - тие се
јасни, лесно може да се разберат и може да се користат за мобилизирање на
јавната поддршка - и овие доблести може да се зачуваат, но таргетите треба да
се постават по пресметката на бенифитите и користите и не да се извлечат од
ракав.

3
5 Структурни реформи

Во претходните поглавја рековме дека ценовните сигнали1 треба да ги


рефлектираат правилно трошоците и користите, и дека бариерите за влез треба
да се намалат и да се еднакви за сите на тој начин да се намали
дискриминацијата. Понатаму повлековме дека улогата на секоја влада е да го
унапреди човековиот развој со тоа што ќе ги насочува поголем дел од ресурсите
во јавниот сектор на вложувања кои се важни за човековиот развој. Во малку
земји подобрувањата во стимулациите (поттикнувачите) и во составот на
владините трошоци ќе бидат доволни, но во повеќето земји во развој тоа се
неопходни чекори што ќе треба да бидат засилени со структурни реформи и
институционални промени. Овде во ова поглавје ќе се осврнеме на мал број на
важни структурни реформи како што се :гарантирана вработеност, еднаква
дистрибуција на продуктивните средства, подобрена исхрана, економска
сигурност и богатство. Ако секој маж и жена има еднаква достапност до храна, и
ако инвалидите, болните и немоќните имаат некаква минимална економска
сигурност ,само тогаш може да се каже дека постои рапиден и одржлив
економски развој.

5.1 Гарантирана вработеност

Вработеноста на населението е фундаментална основа за да имаме човеков


развој. Вработувањето им обезбедува доход на вработените, придонесува за
зголемување на аутпутот на добрата и услугите и им дава на работниците
чувство на достоинственост со тоа што им два можност да учествуваат во
активности на заедницата и да придонесуваат во некој активност која создава
нова вредност. Вработеноста е неопходен услов да се искористат сите
бенефити од човечкиот капитал. Повратот на инвестирањето во човечки капитал
ќе опадне значително ако оние кои се труделе да ги добијат неопходните
вештини и знаење преку образованиот процес не можат да ги стават нивните
вештини, енергија и знаење и иницијативи во производниот процес. Структурата

1
Самата цена е сигнал и треба да е правилно поставена. Постои т.н. нормална цена која е резултат на
активноста на силите на пазарот т.е. на понудата и побарувачката.

1
на поттикннувачите која ја дискутиравме во втората лекција има улога тука. Три
работ во таа насока треба да се спомнат тука :

i. Креаторите на економските политики треба да се погрижат позитивната


каматната стапка на формалните пазари на капитал да биде реална за
да имаат поттик позајмувачите да го заменат трудот кој го има во
изобилство за реткиот ресурс капитал
ii. Преценетоста не девизниот курс како политика треба да се избегне за да
нема поттик да се супституира увезената странска опрема за домашен
труд.
iii. Пречките за непречено функционирање на пазарот на труд треба да се
отстранат, тука вклучувајќи ја и дискриминацијата на жените и другите
групи, отстранувањето на бариерите за влез на пазарите и ослабувањето
на факторите кои го вршат рестрикција на влезот.

Овие микроекономски политики имаат очигледни импликации за обемот на


вработување. Покрај тоа, постојат трговски и буџетски политики. Ние имаме
ставено значителен акцент на важноста на сфаќањето на глобалните можности
и улогата што може да ја има стратегијата за човеков развој во правењето на
ова да е можно. Се разбира, можностите мора да бидат таму за да се видат
јавно и меѓународното опкружување за создавање работни места мора да биде
поволно. Развиените земји, кои доминираат во глобалната трговија, имаат јасни
одговорности за одржување на отворен трговски систем и непречена трговија во
светската економија. Сепак, многу зависи од владата на секоја од земјите во
развој за да се осигура дека нејзиниот трговски режим поттикнува ефикасно
користење на постојниот човечки капитал во земјата и обезбедува поттикнувачи
за понатамошно формирање на човечки капитал. Ова обично може најдобро да
се направи со искористување актуелни и потенцијални компаративни предности
во вработувањето трудово-интензивни и активности интензивни во употребата
на човечкиот капитал.. Покрај тоа, Владата треба управува со својот буџет на
таков начин што притисокот на агрегатната побарувачка врз вкупните
расположливи ресурси не е толку голем што ќе предизвика неконтролирана
инфлација , ниту пак да е толку мал да предизвика вишок продуктивен капацитет,
депресивни поттикнувачи за инвестиции и отворена или прикриена

2
невработеност на трудот. Ова се основни политики за вработување и другите
политики и програми за кои ќе се дискутира подолу треба да се сметаат за
дополнување каде што е потребно на овие “core”2 политики. Околу јавните
инвестиции треба да с е напоменат три работи :

i. Потребата да се креираат вработувања треба да се земе во предвид кога


се предвидува композицијата на инвестициите. Некои активности во
државата се по капитало-интензивни (значи барат помалку труд) на
пример авио-транспортот е по капиталоинтензивен од секундарното
образование ,овие разлики се важни за да се донесе одлуката за
алокацијата на ресурсите.
ii. Второ кога одделите на владата и јавните претпријатија се изолирани до
пазарот, треба да се преземат чекори за да се создадат методи на
производство кои ги рефлектираат реалните трошоци на трудот и не се
претерано механизирани.
iii. Трето, подеднакво е важно и во земјите кои имаат големи програми за
инвестирање во јавниот сектор, критериумите што се користат да се
оценат инвестициските проекти од јавниот сектор, да ги земат предвид
опортунитетните трошоци на трудот и колку таа инвестиција е добра за
генерирање вработување.

Во многу земји од развој идните вработувања ќе бидат генерирани во


приватниот сектор во малите фирми, без разлика дали се во неформалниот
сектор. Тука ова се истакнува дека ќе биде важно да се обезбедат услови малите
фирми да ги користат своите потенцијали до максимум. Иднината на
вработувањата не лежи во големите државни монополи и олигополите кои
доминираат во формалниот сектор, туку во семејните фирми и малите фирми
во приватна сопственост и кооперативите во руралните области. Затоа владата
може да стори се што е во нејзина надлежност: да ги острани административните
препреки :лиценци, регулација, дискриминаторски такси, полициско
малтретирање итн. Покрај ова владата може да обезбеди поддршка за
микробизнисите во форма на : кредити со подобрен пристап (не преку каматната
стапка) , тренинг и кратки курсеви на пример по маркетинг и може да организира

2
Суштински или основни политики.

3
и маркетинг коооперативи. Владата сепак треба да помогне околу вработеноста
бидејќи таа е многу важна во концептот или стратегијата за човеков развој. Многу
влади имаат правено експерименти со проекти за јавни работи како начин да се
намали сезонската или годишната невработеност додека создава корисни
средства. Во Кина моделот на мобилизација на вишокот на трудот во рамките на
комуналниот систем е напуштен после 1978 - беше клучен механизам за
реконструкцијата на руралниот капитал што успеа во голем дел во
трансформацијата на селата. Во Maharashtra, во Индија шемите за гарантирано
вработување се оперативни уште од 1975 година. Во Бангладеш постои
програма работа -за храна, околу три декади од 1980тите наваму обезбедува
15 дена работа по семејство, за семејствата кои поседуваат помалку од 0.5 акри
3земја. Во областите каде што невработеноста е хронична, особено во некои
урбани области, може да е неопходно да се организира шема на вработување
постојана, годишно основа. Меѓутоа, во многу рурални средини, проблемот со
невработеноста е во голема мера сезонски и шемата за гаранција за
вработување ќе мора да биде дизајнирана да се заокружи да не се меша во
земјоделскиот циклус и да ја надополни нормалната заработка од одгледување
култури. Но, дали е сезонска или постојана програмата, треба да биде
трудоинтензивна, ниската цена на инфраструктурата и други проекти за
капитални градежни работи.

5.2 Наемнина

Секое работоспособно лице кое бара вработување и сака да работи


мануфактурна работа треба да му биде загарантирана работа си плата доволна
за издржување. Стапката на наемнина или наемнината по парче треба да се
постави на ниво кое не привлекува работници од други работни места, бидејќи
целта на шемата е да се обезбеди работа за оние кои немаат друг извор на
профитабилно вработување. Во руралните средини тоа значи дека платата
треба да биде поставена маргинално подолу, да речеме 10 отсто подолу, од
платите добиени од наемни земјоделски работници во регионите со најнизок

3
1 акри=0.4 хектари

4
приход во земјата. Таквата плата најверојатно би ги одразувала
опортунитетните трошоци на трудот и ќе ги смири сите стравови дека
гарантираната шемата за вработување ќе ги зголеми трошоците за работна сила
и вработувањето ќе нанесе штета на перспективите за вработувања во другите
сектори на економијата. Проектите треба да бидат дизајнирани на таков начин
што трошоците за работна сила се висок процент од вкупните трошоци. Како
упатство, треба да се стремиме кон проекти чии трошоци за вработување
претставуваат околу две третини или повеќе од вкупните трошоци за проектот.
Постоењето на Maharashtra , докажува дека последното кажано е реалност. Ако
од било која причина владата не може да обезбеди работа за оние кои бараат
работа, надомест за невработеност треба да се плаќа во висина на дневницата
за работа на владини проекти.

5.3 Финансирање на програмата

Програмата треба да биде само одржлива на долг рок т.е да се финансира


самата, бидејќи ако е внимателно избран проект треба да генерира иден тек на
бенефити, чија дисконтирана вредност треба да ги надмине трошоците градба.
Но, владата може да има проблем со покривањето на трошоците преку
даноците или преку дополнително генерираните приходи . Во руралните области
трошоците може да бидат покриени преку оданочување на земјата а во
урбаните области преку данокот на додадена вредност на трансакциите. Овие
програми ако се правилно димензионирани не треба заземаат многу од општите
владини приходи4. Шемата на вработување во Maharashtra, Индија на пример
зазема околу 8% од вкупните државни расходи. Сега се прашање на
приоритетни активности. Ако обезбедувањето на вработување на сите е
доволно важно, тоа треба да се направи да биде можно или да се соберат
дополнителни јавни приходи или да се пренаменат јавните расходи од
активности со низок приоритет на високо приоритетни активности.

4
Бидејќи не можеме да обезбедиме дека крајните корисници ќе го сносат целиот даночен товар.

5
5.4 Дистрибуција на бенефитите

Ако програмите за гарантирано вработување се успешни, голем број на вредни


средства ќе бидат создадени. Овие средства ќе ги подигнат вредностите и на
руралната и урбаната земја како и доходите и општата благосостојба на оние
кои ја поседуваат земјата. Бидејќи сопствениците на земјиштето во речиси сите
земји ќе почнат подобро со неквалификувани и на друг начин невработени
работници кои работат за плати за егзистенција, ефектот на програмата за
вработување, парадоксално, но би можел да биде зголемување на нееднаквоста
во распределба на приходите и богатството. Ова јасно би било ненамерна
последица од програмата и треба да се воведат конкретни решенија за да се
спречи.

Работниците кои учествуваат ќе добијат два типа на бенефиции од шемата за


вработување.

i. Прво, тие ќе добијат добри егзистенцијални плати за време на периодот


кога се работи. Во Maharashtra повеќе од ¾ од корисниците на програмата
за вработување се работници кои немаат земја или мали домаќинства;
околу 40 проценти од вработените се жени. Платите за егзистенција во
некои случаи сочинуваат помеѓу една третина и две третини од вкупните
приходи во домаќинството. Така, директните придобивки во голема мера
се однесуваат на сиромашните и не се занемарливи кога се гледа од
нивната перспектива.
ii. Второ, до степен до кој средствата креирани според шемата генерираат
постојано повисока побарувачка за работна сила, работниците треба да
уживаат во иднина некоја комбинација на повисоки плати и можности за
повеќе вработувања на пазарот. Најмногу бенефит би имале земјо
сопствениците и тоа во форма на пониски трошоци ( на пример изградба
пат до фармата ќе ги намали транспортните трошоци), понатаму повисоки
приноси (пример иригационите системи).

Еден начин на кој може да се намали нееднаквоста во дистрибуцијата на


доходите е преку прогресивен данок на земјата . По имагинарен начин би бил да
се трансферира сопственоста на средствата креирани од невработените

6
работници кон самите работници. Ова може да биде направено преку
формирање на коооператива или работничко самоуправувани претпријатија.
Задругата ќе биде после тоа задолжена за одржувањето на средствата ,
управување со нив и дистрибуција на профитот меѓу акционерите. Не сите
средства кои се креирани на овој начин може вака да се менаџираат , но постои
начин за трансформација на невработениот труд во физички капитал и
работниците во акционери во задружно претпријатие/ја.

5.5 Селекција на проекти

Овие проекти кои се селектирани за програмите за гарантирано вработување


потребно е да задоволуваат неколку критериуми.

i. Прво, потребно е да се високо трудоинтензивни


ii. Проектите треба да создадат средства кои ќе го стимулираат растот на
аутпутот и идните доходи.
iii. Проектите треба да бидат лоцирани во близина на домовите на
работниците, дали рурални или урбани средини.
iv. Проектите треба да бидат нуклеусот на кооперативите на работниците , з
ада се осигуриме дека придобивките од проектот најмногу ќе ги одбијат
оние кои работат на проектот.
v. Проектите треба да бидат лоцирани во области каде локални организации
на селаните и работниците веќе постојат за да може да преземат
одговорност за менаџментот и одржувањето на средствата.
vi. Проектите треба да бидат лоцирани исто така во приградските или
селските области, каде што земјата релативно еднакво е дистрибуирана.

Ако се пресретнати овие критериуми, програмата за вработување треба да ја


намали сиромаштијата на краток рок, да ја зголеми вработеноста, да придонеси
за побрз економски раст со креирањето на продуктивни средства, да ја подобри
дистрибуцијата на доходот и сопственоста на продуктивното материјално
богатство.

7
5.6 Администрацијата

Финансиската администрација ан проектите ќе биде одговорност на централната


или локалната влада , од каде и фондовите за финансирање ќе потекнуваат.
Селекцијата и имплементацијата на проектите треба да се случува на локално
ниво. Оние кои бараат работа треба да имаат назначени места каде ќе се
пријавуваат, блиску до местата каде што живеат, и обврска на локалните власти
би било на пример да обезбедат вработување за период од две недели. Ако и
за тој период не им најдат работа на работниците тогаш локалните власти би
требало да исплатат надомест за невработеност во висина на платата која би ја
зеле ако работата на проектот. Ова ќе обезбеди поттикнувачи локалните власти,
реално да ангажираат во проектите и работните места што ги нудат реално да
постојат, бидејќи секако ќе треба да ги покријат трошоците за труд, и ќе овозможи
сиромашните да добиваат доход за егзистенција дури и ако властите не се во
можност да о0безбедат продуктивно вработување. Проектите може да бидат
имплементирани од локалната влада, селските организации, синдикатите, и
други невладини организации. Оваа шема за вработување може да почне со мал
обем најпрво како експеримент. Понатаму ако локално се покаже успешен
експериментот може да се прошири на целата земја.

5.7 Дистрибуција на производни средства

Дури и ако сите што бараат работа можат да добијат продуктивно вработување,
темпото на човековиот развој е веројатно да биде многу бавно ако
дистрибуцијата на богатството кое е генерирано од приходи е мошне нееднакво.
Причината за ова е дека приливот на приход потекнува од стокот на природен,
физички и човечки капитал. Дури и ако човечкиот капитал се шири прилично
рамномерно низ целата население, на пр. поради јавното обезбедување на
основните услуги како што се образованието, здравството, канализацијата и
чистата вода, доходот во целина ќе биде дистрибуиран нееднакво, и човековиот
развој ќе биде фрустрирачки низок, ако сопственоста од природниот и физичкиот
капитал е концентриран во неколку раце.

8
Приходот на семејството зависи од висината на капиталот што го поседува
(човечки, физички и физички) и на стапката на поврат заработена од тој капитал.
Ако домаќинството не поседува ни природен ниту физички капитал, ќе биде
принуденo да се потпре целосно на своите приходи од човечки капитал.
Искуство во земјите во развој покажува дека во повеќето случаи тоа не е доволно
за да спречи голем број луѓе да паднат во сиромаштија. Врската меѓу
сиромаштијата и дистрибуцијата на доходите е највидни во руралните области.
Најсиромашните од сиромашните таму се обично членовите на семејствата кои
се не имотни. Немањето на земја обично е првична обично е примарна причина
за економска нестабилност во селата, тоа оди рака под рака со немањето на
продуктивни средства. Особено во Латинска Америка и Азија поседувањето на
земја е концентрирано во рацете на големите земјосопственици. Во земјите кои
немаат спроведено аграрна реформа, сиромаштијата и нееднаквоста на
доходот, се блиско поврзани со нееднаквоста на дистрибуцијата на земјата. Во
Бангладеш на пример малите фарми (до 2.5 акри ) се 70% од вкупниот број на
фами, но заземаат само 29% од обработливото земјиште. Оние пак фармите до
10 акри големи се само 5% од вкупниот број фарми но 26% од обработливото
земјиште. Често може да се постигне одржлив човечки развој во руралните
средини преку внимателен дизајн и имплементација на аграрните реформи. Со
редистрибуцијата на имотните права во земјата и водата ,придружено со
техничка помош, кредитирање на мали земјоделци и подобрен маркетинг, е
многу веројатно да се подобри ефикасноста на распределба, како и
распределба на доходот, и нема докази дека ja намалува долгорочнaтa стапка
на раст на земјоделското производство. Рапидниот раст на земјоделството на
пример не насекаде носи до намалување на сиромаштијата и повисоки доходи
за сиромашните или до повисок човеков развој воопшто, доходот на не-
сиромашните (богатите) вообичаено пораснал за многу повисока стапка и
побрзо, како резултат на што нееднаквоста се зголемила. Бидејќи сиромашните
немаат многу продуктивни средства за работа и зависат од платата за нивниот
труд, тие не ги делат повисоките профити и рентите кои го придружуваат
економскиот раст. Некоја масивна државна интервенција за да ги компензира
сиромашните е можна во овој случај. Политиките за редистрибуција на
доходите, за обезбедување на здравствени и образовани услуги, за подобрена

9
исхранетост и тн. Може да се искористат. Но државната интервенција има и свои
недостатоци имено :

i. Секоја политика си има свои трошоци, така и трошоците за овие политики


за да се спроведат се високи, бидејќи компензираат за делот од доходот
кој руралните заедници не можат да си го обезбедат за себе.
ii. Се додека дистрибуцијата на продуктивните средства за работа е
нееднаква и дистрибуцијата на доходите ќе биде нееднаква и оние кои
примаат поголеми доходи за очекување е дека ќе се противат на
повисокото оданочување наметнато од страна на државата.

Аграрната реформа може да даде позитивни резултати во борбата со


сиромаштијата и борбата за повисоки доходи на сиромашните. Аутпутот по
хектар податоците покажуваат дека е повисок на помалите фарми отколку на
големите, бидејќи малите земјосопственици ја користат земјата поинтензивно И
имаат повисоко рацио на приноси наспрема земја), и користат по трудово-
интензивни техники на производство. Значи редистрибуцијата на земјиштето кон
оние кои имаат помали земјишни имоти или воопшто не поседуваат земја, ќе
донесе не само подобра дистрибуција на доходите во смисла на еднаквоста, но
и повисоки нивоа на доходи и аутпут. Бидејќи малите фармери се економични
кон употребата на земјата и капиталот, аграрната реформа ќе придонесе за
вработеноста по хектар обработливо земјиште да порасне. Во некои земји пак
водата е исто толку важна како земјиштето за работа. Изворите на вода кои се
во државна сопственост може да се приватизираат и да им се предадат на групи
на луѓе кои не поседуваат земја кои потоа ќе имаат право да испумпуваат и да
продаваат вода за наводнување. Еден ваков експеримент се има направено во
Бангладеш и резултатите биле мошне успешни. Како аргумент против аграрната
реформа некогаш се користи податокот дека земјите во развој се многу густо
населени така што земјата за редистрибуција е многу мала. Ова гледиште секако
дека не е точно, каде и да било каде што поседувањето на земја не е еднакво,
иако има аргументи во местата каде има недостиг на обработлива земја дека
кооперативните или комуналните форми на организација се поатрактивни. Таму
каде што постојат економии од обем, малите фармери треба да бидат охрабрени

10
и да има се дозволат институционални аранжмани –заедничка помош,
специјализирани кооперативи, друштва за иригација, комуни итн., што ќе им
овозможи д аги користат ресурсите на најефикасен начин. Аграрната реформа
беше најуспешна во земјите како Јапонија, Кина , Јужна Кореја и Тајван. Во Кина
на пример каде руралното население е добро организирано и може да ја усвои
и спроведе аграрната реформа, таа беше прифатена како национална политика.
Во случајот со аграрната реформа успехот е условен од партиципацијата,
бидејќи аграрната реформа е невозможна без промена во балансот на
политичките сили. Во Тајван аграрната реформа се спровела од 1949 до 1953.
Речиси ¼ од обработливото земјиште за култивација било пренесено на
најсиромашните 48% од руралната популација, и редистрибуцијата била
еквивалентна на 13% од Бруто националниот производ на Тајван во тоа време.
Аграрната реформа во Тајван доведе до рамномерен егалитаријански мал
селански земјоделски систем. Степенот на партиципација на локалното
население во Тајван во аграрната реформа бил висок и владата ги охрабрила
фармерите да формираат асоцијации за полесно да добијат кредит, за полесно
да го организираат складирањето на производите и маркетингот. Земјишната
реформа понатаму помогна да се формира по егалитаријанско општество во
Тајван, со капацитет да го унапредува човековиот развој. Еден индикатор за
претходно кажаното е Џини коефициентот и неговата еволуција во Тајван. Во
1953 тој беше 0.56, а во 1964 падна драматично на 0.32 и понатаму падна
пониско уште повеќе на 0.28 во 1980 та година. Нееднаквоста понатаму почна
да расте и во 1987 година Џини коефициентот во Тајван беше 0.30 т.е.
дистрибуцијата на доходот сеуште беше една од нај еднаквите во светот.
Аграрната реформа го потпомогна овој процес на зголемување на еднаквоста
на два начина :

i. Ги намали нееднаквостите на село


ii. Ги зголеми трошоците на опортунитет на руралниот труд (и реалните
наемнини) на оние кои мигрираа од село в град.

Аграрната реформа во Јужна Кореја во 1940тите и 1950тите беше слична на


онаа во Тајван. Пред реформата околу половина од фармерите во Јужна Кореја
беа закупци на земјата и според тоа немаа никаква сопственост. Благодарение
ан реформата околу 80% од земјата која немаше сопственик или беше под закуп,

11
беше трансферирана на малите селски фармери. Но и корисниците на оваа
реформа беа ограничени и не можеа да поседуваат повеќе од 3 хектари земја.
И во Тајван и Јужна Кореја спроведувањето на аграрната реформа беше
поедноставено политички со ослабувањето на класата на “лендлордови” или
земјосопственици , или бидејќи тие беа Јапонци или пак соработуваа со
Јапонците. Кога Јапонците беа протерани после втората Светска војна,
земјопоседниците беа ранливи на напади и без одбрана. Значи извесни
историски предуслови помогнаа да се спроведе аграрната реформа во овие две
земји. Очигледно, ситуацијата во двете земји е доста различна сега и тогаш. На
пример за разлика до примерот на Тајван ситуацијата со дистрибуцијата на
доходот почна да се влошува во Јужна Кореја во 1960тите. Главна причина за
ова беше зголемувањето на разликата на доходите во руралните и урбаните
области, ако во 1960тите доходот во руралните и урбаните области беше ист во
1970тите, доходот во руралните области беше само 67% од доходот во урбаните
области. Овој проблем на Јужна Кореја со растечката нееднаквост во доходите
на руралните и урбаните региони се случи и во многу земји каде имаше
индустријализација и рапиден раст. Политиката на развој често се фокусираше
на промоција на индустриската експанзија, и на руралните средини им
недостигаше физичка инфраструктура (патишта, електрична мрежа и
комуникациска мрежа), и за руралните средини често и имало недостиг на
изворите на финансии. Резултатот од овие политики беше, депривација5,
сиромаштија и отсуство на човеков развој во руралните средини. Ако човековиот
развој треба да стане реалност во руралните средини, владите мора да ги
сменат своите политики, да го запрат стискањето на финансиите на
земјоделството и да го ограничат протокот на капитал од селата. Аграрната
реформа воведена во Кина во 1978 исто така беше слична на оваа во Тајван И
Јужна Кореја, но очигледно иницијалните услови беа многу различни. И
реформата во 1978 не беше една за сите мерка која се спровела одеднаш туку
беше последната во серијата реформи кои се преземале од 1940тите натаму.
Серијата на реформи вклучуваа : формација на тимови за заедничка помош,
мали а потоа големи производни кооперативи, и системот на комуни. Но ефектот

5
Штетните ефекти од недостатокот на материјалните користи кои се сметаат за основни потреби во
модерното општество.

12
што овие политики го имаа врз еднаквоста на доходот во Кина беше
забележителен. На пример Џини коефициентот во Кина во 1988 бил
0.31.Најголемата компонента на вкупните средства беше поделена помеѓу
семејствата подеднакво по глава на жител, или во некои случаи поделени
средствата беа по работник на еднаква основа. Така, дистрибуцијата на земјата
после реформата беше многу рамноправна, и буквално гарантираше дека
дистрибуцијата на богатството (севкупната дистрибуција) ќе биде еднаква. И за
разлика од другите земји дистрибуцијата на фиксни средства за производство
(добиток, фармерски и нефармерски машини и апарати, згради) всушност има
изедначувачки ефект врз дистрибуцијата на вкупните средства во Кина. Причина
за ова е што специјализирани економски активности се развија во селата. Некои
семејства престанаа да работат земјоделие за да се концентрираат на работа
во услужни и индустриски дејности. Тие може да поседуваат малку или воопшто
да не поседуваат земјоделски капитал, но поседуваат не-земјоделски средства
за производство, вклучително тука влегуваат и нивните домови.

5.8 Достапност на квалитетна храна (Food security)

Постои голема веројатност дека економскиот раст сам по себе не обезбедува и


достапност до квалитетна храна за населението. Општествата треба да
овозможат достапност до храна за да се избегне смртноста од изгладнување но
и тогаш прашање е дали ќе може да обезбедат максимална продуктивност на
работниците кои може нема да имаат доволно количина на квалитетна храна на
располагање. Во земјите каде се подобрува соодносот на висината наспрема
тежината, се подобрува и продуктивноста на трудот а со тоа и повисоки плати.
Достапноста на квалитетната храна ,е една од крајните цели на човековиот
развој но и причина или средство за остварување на целта. Истото можеме
графички да го претставиме на следниот графикон како што е претставено.
Продуктивноста на трудот (𝝅), покрај од другите работи зависи и од
отелотворениот сток на човечки капитал во работникот. Колку е поголем стокот
на човечки капитал по работник, толку ќе биде поголем очекуваниот тек на
аутпутот по работник. Човечкиот капитал во форма на нутриционистичкиот
статус на работникот (NS), или статусот на општото здравје на работникот како
една до детерминантите на аутпутот. Ако нутриционистичкиот статус на
13
работникот е под нивото кое е потребно тој да функционира нормално настапува
смрт (M), и тој не произведува аутпут. Ако пак нутриционистичкиот статус пак е
над некое ниво (NSmax), аутпутот по работник ќе биде на максимумот и секое
подобрување на нутриционистичкиот статус нема да има никаков ефект врз
продуктивноста на работникот. Помеѓу (M) и (NS) , подобрување на (NS) ќе
донесе зголемување на (𝝅).

Од претходната слика се забележува дека :

𝝅 = 𝒇(𝑵𝑺)

Резултатите како што рековме претходно не се инстантна иако задачата може


да се реализира. Стокот на човечки капитал веројатно може да се измери преку
кумулативниот внес на калории во подолг временски период. За да стане збор
за акумулација на човечки капитал значи е потребен подолг временски период и
бара подолгорочна инвестиција во исхраната на човекот. Ова имплицира дека
вистинско време да се започне да се инвестира во нутрицискиот статус на луѓето
е за време на раѓањето , дури и пред раѓањето исхраната на мајката е од големо
значење затоа какво бебе ќе се роди. Да претпоставиме дека фреквенцијата на
нутриционистичкиот статус на некој земја е претставена на следниот графикон.
Во овој случај можеме да забележиме дека има сигнификантен број на
неисхранети лица (изгладнети) , тоа е претставено со засенчениот дел од
графиконот во делот 𝑵𝑺 < 𝑵𝑺𝒎𝒂𝒙 .

14
Нутрицискиот статус на остатокот на популацијата е таков што нивната
продуктивност не е воопшто не е засегната. Целта на политиката треба да биде
да ја зголеми достапноста за квалитетна храна за засегнатата популација и да
спречи нивниот нутрициски статус да опадне под критичното ниво 𝑵𝑺𝒎𝒂𝒙. Ова
може да се направи со преместување на целата дистрибуција надесно, или со
елиминирање на левата сплоштеност на дистрибуцијата или со комбинација на
двете. Политиките кои ќе помогнат тоа да се случи ќе имаат висока стапка на
поврат дури и ако повратот биде поголем аутпут произведен. Пристапноста до
квалитетна исхрана не е директна политика, туку таа е резултат на политиката
на побрз раст на аутпутот, и подеднаква дистрибуција на доходот. Ако претходно
спомнатите програми како што се примарната здравствена заштита, основното
образование, гарантираната вработеност и релативно еднаквата дистрибуција
на богатството и доходот се имплементирани, тогаш проблемот на хроничната
неисхранетост релативно лесно ќе се реши. Еден начин да се естимираат
трошоците за превенција на гладот, според Амартија Сен би бил најпрво да се
рпесмета пропорцијата од националниот доходот потребна да се “повторно
креира” доходот на потенцијалните жртви на гладот за тие да можат да купат
храна неопходно да го превенираат гладот. Сен понатаму аргументира дека
трошоците за превенција на гладот се скромни дури и за сиромашните земји, ако
направат систематски и ефикасни аранжмани на програмите. Околу трошоците,
Сен размислува вака, дека 10% од популацијата се потенцијални жртви на глад,
и бидејќи се многу сиромашни тие не влегуваат ни со 3% во Бруто Домашниот

15
производ на земјата. Нивниот дел од храната која е потребна за исхрана на
целата популација на земјата не би требало да биде поголем од 4% или 5% од
вкупниот збир за нацијата. Така и ресурсите кои би требало да го надополнат
нивниот доход, или да ја на дополнат нивната вкупна потрошувачка за исхрана .
Уште повеќе бидејќи се мали трошоците за ресурсите кои треба да се
обезбедени од страна на владата, нето барањата за потребите од ресурси од
страна на владата треба да бидат помалку од 3% од Бруто националниот доход
на земјата или 5% од вкупната потрошувачка на храна. Програмата за
превенција на гладот е изводлива ако и е даден висок приоритет. Најдобар
начин да се обезбеди систематски и ефикасен аранжман за достапност на
квалитетна храна е да се воведе шема за рационализирање на храна со само-
таргетирање. Целта на шемата е да се обезбеди целата популација,во
руралните и урбаните предели со гарантираниот пристап до минимална храна
(вообичаено жито) по цена по којашто сиромашните може да си ја дозволат. На
овој начин шемата за достапност до квалитетна храна ќе биде :

i. Перманентна , а не на ad hoc основа


ii. Ќе биде универзална во покривањето а не ограничена на определени
групи кои се однапред определени.
iii. Рационализираните основни продукти, кои ќе бидат дел од шемата ќе
бидат субвенционирани. Сумата на субвенции може да варира од време
на време во зависност од условите, и може да падне и на нула. Ќе паднат
субвенциите на нула ако нема некоја сериозна закана од глад.
iv. Четврто, износот на основните продукти на кои секој поединец ќе има
право да ги купи по субвенционирана цена би се определил на таков начин
што на агрегатното ниво вкупните рационализирани резерви плус
набавките купени на слободниот пазар ќе ги покријат минималните
потреби за храна.
v. Системот на рационализирање треба да дискриминира во корист на
сиромашните со тоа што ќе дистрибуира основни продукти до ниско-
доходовните групи.

Покрај тоа, како што економскиот раст се бележи и инциденцата на


сиромаштијата ќе опаѓа, продажбата на ниско квалитетни производи со

16
негативна6 еластичност на побарувачката ќе опаѓа, потребата за
рационализирање на храната ќе се намали или исчезне , и така процесот ќе биде
само-ликвидаторен.

5.9 Економска сигурност

Низ материјалот се фокусиравме на два аспекти на човековиот развој, имено


човековиот развој го третиравме како крајна цел, но и како средство за да се
дојде до крајната цел т.е. благосостојбата. Во овој дел вниманието го
насочуваме на третиот аспект на човековиот развој а тоа е превенцијата на
тешка депривација или сиромаштија. Оваа е цел во насока на одржување на
минимално прифатлив живот на населението. Членовите на сите семејства се
ранливи на неочекувани настани на пример :невработеност, неочекуван физички
хендикеп, уништување на посевите (поплава, суша, бура, инсекти итн). Луѓето
имаат исто така долгорочни хендикепи, конгенитални хендикепи, или слабост
поради старост. Прашањето во земјите во развој е дали јавната политика може
да ги намали ефектите на катастрофите, и со оглед на останатите побарувања
за алокација на јавни ресурси, дали би било да се наменат ресурси за таа
намена. Централна цел на економските политики е да создадат услови з ада
можат семејствата и индивидуите да си само помогнат. Ако на секој му е
овозможена основна медицинска грижа, достапност до квалитетна храна, работа
и еднаков дел во доходот и богатството на земјата, условите за взаемна помош
ќе се развијат. Взаемната помош заедно со само-селекцијата7 .Некои може да
аргументираат дека резидуалната економска несигурност може да се остави на
пазарот да ја реши:и на тој начин понатамошни мерки на економската политика
да не се потребни. Ако очекуваните приливи на населението во некој временски
период не коинцидираат со инвестицискиот тек на планираните јавни
инвестиции, разликата може да се подмири преку пазарот на капитал.
Актуелните инвестиции може да се доведат во баланс со перманентниот доход,
дури и кога двете категории се разликуваат. Населението може да штеди или да
позајмува кога има вишок на капитал, кога инвестициите се помали од доходот,

6
Негативната доходовна еластичност на побарувачката е поврзана со инфериорните добра,
зголемувањето на доходот ќе води кон пад на побарувачката и може да води кон промена кон полуксузни
добра.
7
Ова е човекова акција да се стави некој поединец сам себе во предност за нешто.

17
и може да позајмуваат пари од банка кога доходот е помал од инвестициите. На
сличен начин пазарот може да ги намали последиците од катастрофата.
Пазарите на осигурување на пример се создадени да се справуваат со ризикот
:животното осигурување, го осигурува ризикот од смрт, осигурувањето во
земјоделието со ризикот од намалени приноси од суша ,слично е и со
поморското осигурување, осигурувањето во автомобилската индустрија,
осигурувањето од невработеност итн. Пазарите на капитал во земјите во развој
работат нај непредвидливо и најниско доходните групи се најранливи на
неочекувани настани и имаат најограничен пристап до пазарите на кредит и
осигурување. Сиромашните значи страдаат од пазарниот неуспех на пазарот на
капитал, што значи дека државата треба да се јави како позајмувач или
осигурител од последна инстанца. Ако пазарот не може да го реши овој проблем
можеби проблемот може да го реши економскиот раст. Многу лошата
депривација исчезна од земјите во развој, можеби бидејќи просечните доходи се
високи и населението може да си обезбедат храна и материјални и
нематеријални добра кога се случуваат непредвидени настани. Јавната
интервенција во овој случај е непотребна. Но, се покажа дека економскиот раст
сам по себе не е доволен. Јавната политика игра проминентна улога во
подобрувањето на благосостојбата и животниот стандард и во развиените земји
и социјалистичките економии.И во такви услови сепак депривацијата останува
во САД присутна е во форма на :невработеност (особено меѓу малцинските
групи), сиромаштија (особено меѓу децата), глад и недостаток од лекарства и
прва медицинска помош. Но јавните расходи за државата на благосостојбата не
се во ист процент од земја до земја, тие имаат распон од 11.9% од БДП во
Јапонија, до 28.3% во Холандија. Овие програми за благосостојбата на
населението, ја намалија сиромаштијата и нееднаквоста и преку тоа ја зголемија
економската сигурност. Исто така оценето е дека во Австралија и Соединетите
Американски држави, тоа се две земји кои малку трошат на програмите за
благосостојбата, бројот на луѓе кои живеат во двете земји беше намален за
49.3% и 22.6% респективно, како резултат на даночниот трансферен систем.
Колку за контраст во Германија и Шведска две земји кои релативно високо
трошат за програмите за благосостојбата, намалувањето на сиромаштијата
беше за 76% и 82.2% респективно. И после даночниот трансфер рангирањето
на земјите според нееднаквоста беше дека САД се земја со најголема
18
нееднаквост, додека Шведска е земја со најголема еднаквост следена од
Германија. Идеалниот начин да се постигне економска сигурност би бил преку
комбинација на економски раст и “стратегија на социјална
сигурност”.Економскиот раст ќе обезбеди ресурси додека “стратегијата на
социјална сигурност” ќе се погрижи дел од овие екстра ресурси да се искористат
за да се намали депривацијата. Прашањето тука е дали земјите во развој може
да си дозволат стратегија за социјална сигурност, или да бидеме попрецизни
има конфликт помеѓу брзо растечкиот раст и обезбедувањето на социјална
сигурност. Неколку поенти може да се наведат за овој наводен конфликт (меѓу
економскиот раст и социјалната сигурност) :

i. Социјалната сигурност или економската сигурност е цел сама по себе. Таа


е еден од крајните резултати на човековиот развој. Растот е само едно
средство преку кој се постигнува социјалната сигурност.
ii. Многу компоненти на “стратегијата на социјална сигурност” се третирани
како начини за постигнување на економски раст. Тие не се во конфликт со
растот туку се интегрален дел од програмата да се акцелерира растот.
Тука станува збор за примарната здравствена заштита, водата за пиење
и санитарните услови, гарантираната вработеност, редистрибуцијата на
средствата итн.
iii. Понатаму мерките кои не промовираат човеков развој туку ги штитат
луѓето од непредвидливоста на животоt се :старосни пензии, пензии за
брачниот другар на починатиот, додаток за хендикепирани и сакати лица.
Времето на заминување во пензија за мажи и жени ќе треба да ги
рефлектира демографските, економските и фискалните , но во принцип
може да се обезбеди социјална сигурност и на постарите и сиромашните
во земјите во развој.
iv. Расходите за пензиските шеми може да се одобрат поради економскиот
раст. Дури и формирањето семејства и раѓањето на деца е поради
обезбедувањето на социјална сигурност на старост. Децата штом ќе
станат возрасни се една форма на сигурност за родителите.
v. Последно е фактот дека голем број на земји во развој приоритет му имаат
дадено на расходите за економска сигурност. Во Кина, Куба потоа во Шри
Ланка, Коста Рика, Керала во Индија секаде овие расходи придонесле до

19
импресивни придобивки за човековиот развој и во ниту една земја овие
расходи не придонеле за помала стапка на раст. Ако постои конфликт меѓу
расходите за социјална сигурност и економски раст тој конфликт е сигурно
благ конфликт.

20
6 Човековиот развој и одржливиот развој

Историски моделите или шемите на економски развој произведувале економски


раст во голем број на земји во долг временски период, но овие модели или шеми
на развој исто така предизвикувале уништување на стокот на природен капитал
и негово намалување или деградирање. Уште понатаму од тоа забележано е и
намалување на биодиверзитетот. И последна закана по екологијата е и
глобалното затоплување. Во последните две декади економистите станаа
свесни за социјалните трошоци на процесот на производство и шемите на
потрошувачката, кои и наштетуваат на животната средина и ова придонесе до
барањата за грижа за животната средина и одржлив раст. Исто така во исто
време историските модели на развој не го ставаа човекот на централно место и
за тоа беа критикувани. Постои опасност дека стратегијата на човеков развој и
економски развој наскоро ќе станат конкурентни стратегии и алтернативи меѓу
кои мора да се одбере. Човековиот развој го сочинува одржливиот развој , со тоа
што овој последниот е особено загрижен со животната средина и интер-
генерациските аспекти на човековиот развој. Целта на човековиот развој
примарно треба да биде во зголемувањето на човековите можности, додека
целта на одржливиот развој треба да биде постојаното зголемување на
човековите можности. Ова гледиште е полека прифатено. Одржливиот развој
или постојаниот тек на бенефити на одредено ниво, побарува постојано (или
растечко ниво) на стокот на вкупниот капитал. Стокот на капитал се состои од
природен, физички и човечки капитал, одржливоста е таа што бара ако една
компонента е вкупниот сток на капиталот е намалена, тогаш мора да биде
балансирана со поголема инвестиција во другите компоненти. Одржливиот
развој на пример не бара стокот на природен капитал да остане константен, но
бара да има зголемување во човечкиот и физичкиот капитал за да се
компензираат загубите. Но во многу земји обновливите и необновливите ресурси
се осиромашени и не се компензирани со другите форми на капитал. Со други
зборови стокот на природен капитал е третиран како слободно (бесплатно)
добро. Никаква ставка нема во националните сметки за трошењето на
природниот капитал. И константно има тенденција да се преувеличува стапката
на економски раст. Трошоците на животната средина во процесот на

1
производство и потрошувачка се занемаруваат, и како резултат на тоа нивоата
на доходот и благосостојбата се претерано важни, како и стапките на економски
раст. Сепак не постои конфликт помеѓу развојот и животната средина., помеѓу
намалувањето на сиромаштијата и одржувањето на стоковите на природен,
физички и човечки капитал на оптимални нивоа, помеѓу одржувањето на
биодиверзитетот и зголемувањето на способностите на населението. Досега
стокот на природен капитал е оштетен и консумиран по екцесни стапки, и
можностите за идниот развој се редуцирани. Во таа смисла добрите политики на
животната средина се дел од развојните политики . Ова е вистина и ако некој е
загрижен за деградацијата на животната средина на локално ниво(загадување
на свежата вода за пиење) или интернационално (уништувањето на шумите во
соседните земји), или на глобално ниво (уништувањето на озонската обвивка).
Сите проблеми во животната средина и сите конфликтите меѓу развојот и
зачувувањето на животната средина произлегуваат од :

i. Неуспехот на владините политики


ii. Пазарниот неуспех
iii. Пазари кои недостигаат со недефинирани сопственички права
iv. Бидејќи сиромашните не можат да го одржат квалитетот на животот без
осиромашувањето на природните ресурси.

6.1 Владиниот неуспех и класната пристрасност (грешка)

Владиниот неуспех во контекст на одржливиот развој се однесува на


активностите на владата на локално, национално ниво кои креираат
поттикнувачи за да се користи природниот капитал расипнички и неефикасно.
Овој владин неуспех може да покажува незнаење од страна на креаторите на
економските политики, но исто така може да покажува и класна пристрасност во
креирањето на политиките. Владината интервенција може да биде дизајнирана
да служи на определени интереси или интересни групи во општеството. Оваа
фраза “владин неуспех” треба да се користи во контекст на грешките кои се
прават од незнаење, како и расипништвото и неефикасноста кои се креираат
кога се штитат интересите на одредени класи и групи во општеството. Примери
на владин неуспех се : субвенциите за трошоците за водата на корисниците,

2
субвенциите за земјата на земјопоседниците, и субвенциите за сеча на шумите,
и обезбедувањето мали или никакви стимуланси за пошумување особено во
тропските земји и земјите во развој. Корекцијата на владиниот неуспех
автоматски ќе ги намали мотивите за да се експлоатира премногу животната
средина и да се намали уништувањето на животната средина. Исто така
поголемата грижа за човековиот развој ќе резултира со мерки на јавната
политика за да се заштити животната средина и да се намали осиромашувањето
на стокот на природниот капитал. На пример со повисокото ниво на образование,
и писменост како и партиципација на сиромашните “ќе се зацврстат нивните
способности за да се борат со деградацијата на животната средина и стокот на
природниот капитал на што тие се жртви не чинители”.Човековиот развој може
да се спротивстави на класната пристрасност на владиниот неуспех. Некои
аргументираат дека ова потенцијално е најважната врска помеѓу човечкиот
капитал и природниот капитал, бидејќи уништувањето на природните ресурси
насекаде не е поради очајот на сиромашните, туку поради негрижата и алчноста
на богатите. Посебен случај на владиниот неуспех е тоа што во националните
сметки не прикажува депрецијацијата на вредноста на природниот капитал. Во
Коста Рика на пример за периодот 1970 до 1990 година вредноста на шумите,
риболовните места и почвата беше намалена во просек со 5% од БНП на земјата
за 20 години. Овие недостатоци во внесувањето на депрецијацијата на
природниот капитал во националните сметки може да се многу погрешно
насочувачки и да даваат лажна слика за развојот на земјата.

6.2 Пазарниот неуспех

Пазарните сигнали некогаш се погрешни и не испраќаат точна информација за


вредноста на трошоците за искористувањето на земјата и бенефитите од
зголемениот човечки капитал. Во контекст на одржливиот развој пазарниот
неуспех се случува кога цените генерирани од пазарниот механизам не ги
рефлектираат во целост трошоците на животната средина и стокот на
природниот капитал на активностите на производство и на потрошувачка. Во
таков случај негативните екстерналии постојат покрај позитивните. Таму каде

3
што трошоците на животната средина сe недоволно оценети од пазарните цени,
прозиводителите и потрошувачите имаат поттик да ги користат ресурсите
расипнички и да ги произведуваат производите кои интензивно користат
природен капитал. Многу економски процеси генерираат негативни екстерналии
и ова е особено вистина за технолошки напредните економии. Примерите тука
вклучуваат загадување од страна на автомобилите, авионите и камионите,
загадувањето на езерата и реките од страна фабриките кои фрлаат штетен
отпад во копнените води, и загадувањето на крајбрежните води од исфрлањето
на отпадни им канализациони води во големите градови. Но да забележиме само
дека присуството на негативните екстерналиии не може да имплицира дека
развиените економии или економиите во развој не треба да имаат економски
раст или дека треба да ја намалат стапката на економски раст. Ефикасноста во
алокацијата на ресурсите бара да се промени композицијата на аутпутот, не и
намалување во вкупниот аутпут. Импликацијата на пазарниот неуспех е дека
владите треба да интервенираат да ги корегираат пазарните цени така да
производителите и потрошувачите прецизно да одговараат на множеството на
стимулатори (поттикнувачи), кои прецизно ќе ги вклучуваат сите трошоци
вклучувајќи ги тука и трошоците на животната средина. Пазарниот неуспех
укажува на дефектни поттикнувачи а не на претеран економски раст. Решението
е да се корегира системот на поттикнувачите, а не да се ограничи нивото на
стапката на раст на нето-аутпутот и доходот.

6.3 Пазари кои недостигаат

Пазар кој недостига во економијата е ситуација во микроекономијата каде


конкурентниот пазар обезбедува размена на стоки која ќе биде Парето
ефикасна1, но сепак таков пазар не постои .Овие “missing markets” настануваат
кога сопственичките права не се дефинирани или не се спроведуваат.
Примерите тука вклучуваат : непотврдена сопственост на земјата во шумите,
пасишта кои не се под контрола на групи или индивидуи, извори на подземна
вода на која секој може да ископа бунар, и на глобално ниво океаните

1
Парето ефикасноста е сoстојба на алокација на ресурсите при којашто не е можно благосостојбата на
еден поединец да се подобри без притоа да се влоши благосостојбата на некој друг поединец.

4
(отвореното море каде ниедна земја нема јурисдикција) и поларните региони.
Решението на проблемот тука е да сe коригира системот на поттикнувачите,
преку создавање на извршни сопственички права-или индивидуални,
колективни, државни или супранационални-а не да се спречи процесот на
човековиот развој и обидите да се намали сиромаштијата.

6.4 Високи дисконтни стапки

Голем проблем за животната средина во земјите во развој е тоа што на


сиромашните им е ограничен пристапот до можности за заработка за живот, тука
се вклучуваат и можностите кои би произлегувале од контрола на доволен
природен капитал за да се одржи животот на егзистенцијално ниво. На широко е
познато дека намалувањето на сиромаштијата, со обезбедување на поголем
пристап за сиромашните до ресурсите и вработувањата, е најефективна
политика на човеков развој. Човековиот развој пак исто така може да биде
неопходен за да се спречи деградацијата на животната средина и рапидното
осиромашување на капиталниот сток. Деградацијата на земјата и
опустушувањето во областите каде се концентрирани сиромашните ја остава
популацијата со мали алтернативи за експлоатација на земјата.
Дефорестизацијата исто така е последно нешто кое може да го преземат луѓето
(населението) кое не може да генерира минимум приходи. Претераниот риболов
на крајбрежјето или во езерата во внатрешноста се случива бидејќи
сиромашната популација на риболовци нема алтернативни начини за
издржување. Тоа така бидејќи поради ниските нивоа на доход, сиромашните
често имаат високи дисконтни стапки. Нивната основна грижа им е непосредниот
опстанок, не одржувањето на стокот на природниот капитал така што тој ќе може
да генерира приходи за идните генерации. Се додека постои акутна
сиромаштија, интересот за идните генерации ќе биде игнориран, т.е. природниот
сток на капитал ќе биде искористуван и оштетуван. Руралната сиромаштија и
штетат на животната средина одат заедно , и решението е да се елиминира
сиромаштијата со прифаќањето на стратегијата за човеков развој. Со оглед на
тоа што одржливиот развој се интерпретира како начин за одржување на
вкупниот и природниот сток на капитал на нивоа кои неограничено би ја

5
одржувале тековната популација по тековниот стандард на живеење, не постои
конфликт меѓу човековиот развој и одржливиот развој.

6
7 Финансии и администрација

Стратегијата на човековиот развој повеќе е загрижена околу приоритетите за


трошење отколку за вкупниот волумен на расходите. Оттука и оваа стратегија не
значи дека ќе го зголеми даночното оптоварување на даночните обврзници. Како
и на што државата ги троши парите е поважно од тоа колку троши пари. Со оглед
на тоа што вкупните ресурси за трошење на владите во земјите во развој се 1/5
до ¼ од вкупниот доход , би било возможно да се финансира трошењето на
државата и нејзиниот придонес кон човековиот развој во рамките на постојните
плафони на приходите, без да има потреба да се бараат поголеми приходи преку
даноците. И не постои еден универзален прифатлив и успешен модел на јавни
финансии. Реалокациите на финансиите внатре во секторите (пример во
здравство) , и меѓу секторите (пр. намалени субвенции за вештачки ѓубрива и
повеќе трошоци за планирање на семејствата) се неопходни. Еднаш штом овие
реалокации се случат ќе резултираат до буџет со сосема различна форма од
постојните во земјите во развој. Таков “модел” на буџет кој е претставен во
следната табела претпоставува дека владините приходи се 25% од Бруто
националниот производ. Оваа бројка е повисока од просекот за земјите во
развој но пониска од некои земји како Египет (35.9%), Зимбабве (35.6%), Тунис
(31.8%), Чиле (31.1%), Малезија( 28.9%), и Уругвај (28%). На расходната страна
имаме 7 категории на кои е дизагрегирано вкупното трошење, од кои 4 се од
интерес за човековиот развој (категориите до 1-4), и три кои не се (5-7).
Алокациите во “моделот” на буџет се дадени во две категории , имено :
инвестициите во секоја категорија се дадени како процент од БНП, и како
процент од вкупните владини инвестиции. Индонезија е дадена за да се
споредат приоритетите во “моделот” на буџет и буџетот на голема земја во
развој. Во “моделот” на буџет 66% од владините инвестиции се алоцирани на
активности за човековиот развој (категориите 1-4), додека во Индонезија само
11.9 % од финансиските е канализирано во овие активности.

1
Табела Трошоците на владата за човеков развој “модел” на буџет

Процент од БНП Процент од вкупните владини


инвестиции
Моделот Индонезија
1. Образование и
5.0 20 8.4
тренинг
2. Здравство 5.0 20 2.0
3. Социјална
4.5 18 1.5
сигурност
Безбедна и
квалитетна (2.0) (8)
храна
Економска
(0.5) (2)
сигурност
Изградба на
куќи и
(2.0) (8)
санитарни
услуги
4. гарантирана
2.0 8 0.0
вработеност
5. економски
3.0 12. 27.6
услуги
6. Одбрана 2.0 8 8.0
7. сите други
3.5 14 52.4
инвестиции
Вкупно
25.0 100 99.9

Од претходната табела се забележува дека “моделот” на буџет му дава ист


приоритет на образованието и тренингот и на здравството, тоа е категоријата 1
, и во јавното здравство и планирањето ан семејството а тоа е категоријата 2,
секоја од овие ставки е околу 20% од вкупните инвестиции. На социјалната

2
сигурност (категоријата 3) е алоциран околу 18% од вкупниот буџет, околу 8% на
обезбедувањето на квалитетна храна, 2% на економска сигурност и околу 8% на
други програми. Шемата за гарантирана вработеност е околу 8% од вкупното
владино трошење. Така што трите главни структурни реформи обработени
претходно кои вклучуваа : гарантирана вработеност, обезбедување на
квалитетна храна и економска сигурност –апсорбираат околу 18% од вкупниот
буџет. Предвидено е дека во ’моделот “ на буџетот околу 34% до владините
инвестиции ќе бидат посветени на активности кои не се директно поврзани со
човековиот развој (категориите 5-7) или тоа е околу 8.5% од БНП. Тоа е многу
помалку споредено со земјите кои следат поконвенционална стратегија на
развој. Заштедите во буџетот треба да дојдат од :

i. Редукција на трошоците за одбрана и поврзаните активности


ii. Елиминација на владините субвенции за физички инпути, кредити и услуги
кои ги користи горната средна класа .
iii. Редукција или елиминација на дефицитите на државните претпријатија
iv. Контракција на инвестициите на владата кои се со низок приоритет.

Досега претпоставивме дека владините приходи се адекватни, и во “моделот на


буџетот “ претпоставивме дека вкупните приходи се доволни да се финансира
програма со расходи еквивалентни на 25% од БНП. Во некои земји како и да е
владините приходи нема да бидат доволни да се финансира со нив стратегија
за човеков развој. Три опции се доволни :

i. Прво, државата може да ги зголеми цените што ги наплатува за добрата


и услугите што ги произведува за јавниот сектор. Овдека се вклучени
цените наплатени од државните економски претпријатија, како и
водоснабдувачките и комуналните претпријатија, телекомуникациите и
др. Кога овие претпријатија се во јавниот сектор.
ii. Второ, владата може да земе предвид да ги зголеми тековните или да
наметне нови давачки за да помогне да се надоместат некои трошоци за
снабдување на владините услуги кои често пати се обезбедувани
бесплатно. Главните кандидати тука се образовните и здравствените
услуги.
iii. Трето, владата може да обезбеди дополнителни приходи со тоа што ќе

3
воведе нови даноци, или даночни стапки (до точката) на старите даноци.
Државата повеќе пати не успеа со оглед на тоа што државата била
оптоварена со даночен систем кој е скап да се администрира и во кој
лесно може да се прави даночна евазија.

Една од важните карактеристики на стратегијата за човеков развој е што таа не


е интензивна во искористувањето на странската помош, или на странскиот
капитал воопшто. Човековиот развој ги мобилизира домашните ресурси,
енергијата, вештините и талентот како и креативноста на нацијата. Исто така
стратегијата на човеков развој не зависи од странските пазари на капитал ,
бидејќи не зависи од увезениот капитал и интермедијарните добра за да се
одржи производството. И конечно стратегијата за човеков развој зависи од
одредени владини услуги и поддршка, пред се со услугите кои се со локалните
grassroots организации: основното образование, здравствените клиники во
селата, гарантираната вработеност и локално селектираните инвестициони
проекти. Во многу земји во развој владата се доближува до населението, преку
префрлање на власта на пониските нивоа на администрацијата-провинциски,
регионални и локални организации. Но она што некогаш била централизираната
администрација како инструмент во рацете на колонијалната власт (тиранија),
сега поголема тиранија често е присутна во локалните , провинциските нивоа.
Децентрализацијата на власта токму поради претходното е конзистентна со
целите на човековиот развој. Но децентрализацијата треба да е подржана или
пред неа да има преземени мерки за редистрибуција на богатството и доходот
и уништување на монополот на моќта на локалните интереси.
Децентрализираната влада не е и поевтина влада. Бидејќи таа ќе подразбира во
голем граѓански сектор и високи трошоци за владината администрација.

7.1 Цените во јавниот сектор, цените на услугите и трошоците

Јавниот сектор во многу земји е голем, обемен и учествува во снабдувањето со


широка листа на производи и услуги од авионски услуги до азотни ѓубрива.
Државните претпријатија кои ги произведуваат овие добра често мора да бидат
субвенционирани бидејќи, не успеваат со наплатата да си ги покријат
трошоците. Субвенциите за овие претпријатија може да бидат оправдани поради

4
ефикасноста, бидејќи социјалните користи и бенефити се разликуваат од
трошоците и бенефитите кои се измерени до пазарот. Субвенциите кои спаѓаат
во оваа категорија се оние кои се наменети за претпријатијата кои користат
специфичен тренинг, за кои е потребно специфично образование. Во друг случај
субвенциите се оправдуваат со зголемување на еднаквоста во доходите, и како
начин за подобрување на дистрибуцијата на доходот. Преку субвенциите не
треба да се решава пазарниот неуспех, имено претпријатијата (државните
претпријатија) кои оствариле загуби или треба да ги зголемат цените кои ги
наплаќаат или да ги намалат своите трошоци, а како последна алтернатива име
да се затворат. Владата може да постави цени кои ги наплаќа за услугите кои ги
обезбедува. Во случајот на парковите или јавните плажи и другите рекреативни
објекти номиналните такси се доволни за да се намали ексцесната употреба на
објектите. Во случајот пак на другите ресурси кои го сочинуваат природниот
капитал, прашањето е поинакво тука треба да се определи ако е можно
оптимална стапка на употреба на рибниот фонд или на шумите, или
оптималната стапка на осиромашувањето на нафтата, гасот или другите
минерални депозити. Наплатата на таксите е соодветна бидејќи од услугите
бенефит имаат многу луѓе од средната или високата класа. Терцијарното
образование е најочигледен пример , и вреди да се одбележи дека во Јужна
Кореја на пример наплатите на такси од корисниците покриваат скоро 46% од
оперативните трошоци. Случајот со секундарното и примарното образование не
е толку јак за презентација, иако во Кина и сиромашните мора да плаќаат
ваучери за да ги покријат трошоците на примарното образование, и основните
здравствени услуги. Настрана од наплатата на таксите владите исто така треба
да ги намалат трошоците на активностите во јавниот сектор1.
Администрирањето на примарните школи на пример е доделено на локалната
администрација истото важи и за локалните болници. Партиципацијата се
разбира самата по себе е и крајниот ефект на стратегијата за човеков развој.
Партиципацијата и нејзината последица зајакнувањето на локалната заедница
им овозможува на локалното население да има поголема моќ, над сопствените
живот. На овој начин со тоа што владата им дозволува на луѓето да имаат

1
Исто така стратегијата за човеков развој во својот центар го има човекот, таа е партиципативна и
демократска и одговара на методи за производство и снабдување со ниски трошоци.

5
контрола, владата ќе помогне да се ослободи креативната енергија на луѓето,
нивната посветеност , продуктивност и креативност2. Исто така во некои случаи
физичките објекти може да бидат користени поинтензивно, на пример двојни
смени во школите , со што ќе се намалат трошоците по студент на физичкиот
капитал. Во друг случај на пример пониско квалификуваните работници, може
да ги заменат повисоко квалификуваните работници чиј тренинг е долг и скап.

7.2 Даноците и човековиот развој

Сега се навраќаме за дискусијата за двете точки имено, на кој начин можат


даноците да се искористат за генерирање на дополнителни приходи кога
постојните ресурси се неадекватни и на кој начин може даночниот систем да се
реформира. Вообичаено владата има поголема контрола врз алокацијата на
инвестицијата повеќе отколку на начинот на кој инвестицијата се финансира.
Владите во земјите во развој наидуваат на потешкотии во определувањето на
соодветниот данок за населението според способноста за плаќање.
Високодоходовните групи се вешти во издејствувањето на субвенции за
активности во нивна корист од страна на владата, и во исто време тие
издејствуваат за нив релативно лесно оданочување. Особено тешко е да се
оданочува капиталот, во извесна мера поради тоа што вреднувањето ан
средствата на капиталот како на пример земјата е тешко делумно заради
интернационалната мобилност на капиталот. Многу малку даночни системи во
земјите во развој успеале да направата сигнификантна редистрибуција на
доходот со наметнување на тешки даночни обврски за богатите. Најбогатите 5%
до 10% од популацијата речиси секогаш успеваат да избегнат голем процент од
обврските за даноци. Како резултат на што пост-даночната дистрибуција на
доходот е само рефлексија на тековната дистрибуција на богатството.
Прогресивност може да се постигне на пример со изземање на ниско доходовни
групи да речеме од оданочувањето на личните доходи.

2
На локално ниво каде луѓето може да управуваат со своите прашања, демократијата може да помогне
да се подигне ефикасноста.

6
7.2.1 Увозни давачки и извозни такси

Основата на даночниот систем може да биде : богатството, доходот ,


потрошувачката, домашната или странската трговска размена итн. Сеуште
земјите во развој обезбедуваат помеѓу ¼ и 1/3 од нивните владини приходи од
даноците во меѓународната трговија. Тешкото оданочување на меѓународно
тргуваните стоки со зголемувањето на извозните трошоци и штитењето на
увозно супститутивните индустрии од конкуренцијата, ја намалува
конкурентноста на земјите во развој, и ја прави нивната фискална позиција
нестабилна и ранлива на флуктуациите однадвор. Во Индонезија на пример во
1970тите и раните 1980ти 2/3 од даночните приходи доаѓаа од даноци на извозот
на нафта и на течниот природен гас. Ако не имплементираше даночна реформа
пред меѓународните цени да падната рапидно, Индонезија ќе се соочеше со
финансиска криза во 1980тите и ќе беше принудена или да ги намали владините
трошења или да толерира фискални дефицити. Исто така 2/3 од даночните
приходи на Венецуела доаѓале од оданочувањето на извозот на нафта но
Венецуела не вовела даночна реформа и се соочила со сериозни проблеми на
страната на владините приходи кога кризата започнала (кога цените на нафтата
нагло паднале).Другите земји се зависни од увозните тарифи. Владите треба да
ја променат даночната основица кон домашни извори на приходи и да задржат
ниски униформни даночни стапки на извозот и увозот.

7.2.2 Увозни такси

Во пракса системите за оданочување на персоналниот данок вообичаено не


одбор функционираа во земјите во развој. Даноците на доход се атрактивни
бидејќи мое да се направат прогресивни, и второ бидејќи прогресивните приходи
растат побрзо од националниот доход, префрлувајќи го степенот на еластичност
на целиот даночен систем. Прогресивните даночни системи најдобро
функционираат во земјите каде инфлацијата е ниска, или просечна, таму каде
што економијата е целосно монетаризирана и има добри бизнис досиеја, каде
администрацијата е чесна и компетентна, каде писменоста е универзална и
капиталот не е мобилен преку границата на интернационалните пазари, и

7
даночното усогласување е доброволно. Овие услови не се сретнуваат во земјите
во развој и затоа приходите од данокот на доход се ниски. Даноците на доход
потешко се администрираат од индиректните даноци на потрошувачката, и оние
земји во развој кои имаат даноци на доход ретко покриваат повеќе од 5% од
популацијата, тоа се однесува особено на населението кое работи во
формалниот урбан сектор. Доходот од сопственост3, често се оданочува со
ниски стапки на даноци. Даночниот систем е пристрасен спрема инвестициите
во физички капитал (доходот што му бега на оданочувањето) и против
инвестициите во човечки капитал (доходот кој ако е доволно висок може да биде
предмет на оданочување). Во Јамајка на пример е пресметано бидејќи поради
неможноста да се спроведе целосно даночната легислатива, даночните приходи
се 54.4% од потенцијалните приходи. Ако на таа загуба на даночните приходи се
додадат и загубите на приходи поради “дупките” во даночниот код, тековниот
приход паѓа на 38.2% од потенцијалниот приход. Инциденцата на даночна
евазија се зголемува со нивото на доход. Како резултат на штоп прогресивниот
даночен систем се претвора во регресивен. Даноците на личен доход во земјите
во развој се дискриминирачки наспрема доходот од човечки капитал и се
неадекватни. Доходот од финансискиот и физичкиот капитал најмногу бега на
оданочувањето. Од друга страна доходот од труд е релативно високо оданочен,
особено ако се има во предвид дека трошоците за акумулирање на човечки
капитал, трошоците за образование и тренинг не се одземени од доходот за
оданочување. Даноците на корпоративниот доход се полесни за
администрирање со оглед на тоа што може да се обезбедат големи даночни
приходи од релативно мал број на даночни обврзници, домашни и странски. Но
владите мора да се внимателни околу поставувањето на високи маргинални или
просечни даночни стапки да не би стапката на поврат на средства (после
оданочување) биде турната подолу од таа што може да се обезбеди во
странство.

3
Задржан профит, дивиденди, камати , ренти итн.

8
7.2.3 Оданочување на богатството

Многу од проблемите кои потекнуваат од оданочувањето на доходот исто така


потекнуваат и од оданочувањето на богатството. Бидејќи богатството оди
заедно со политичката моќ во земјите во развој, даночните обврзници во земјите
во развој успеваат да го поместат даночното оптоварување од богатството кон
потрошувачите или работниците. Најтешки даноци за собирање се оние на
високо видливите неподвижни средства, како што е на пример урбаниот
недвижен имот и земјоделските површини. Даноците на урбаната сопственост
се регресивни, но ова не е точно за поголемиот број на земји во развој. Всушност
даноците на имот се по прогресивен начин за покривање на трошоците на
обезбедување на урбани услуги од прогресивно диференцираните давачки за
корисниците. Бидејќи еластичноста на доходовната побарувачка за домување е
поголема од еластичноста на побарувачката за услуги и така потрошувачката ан
домување расте пропорционално побрзо, како што се зголемува доходот побрзо
од комуналните услуги и урбанистичките услуги. Проблемот на даночните
управи е како да обезбедат точна информација за вредноста на урбаната
сопственост. И тука се појавува конфликт помеѓу реалната вредност, и
административните трошоци за вреднување на имотот и за собирање на
даноци4. Додека пак во руралниот сектор, најголемата пречка за креаторите на
економските политики во оданочувањето на земјоделието е политичката моќ на
земјопоседничката класа. Најдобро решение и претходно рековме е аграрната
реформа и со нејзе и оданочувањето на тоа земјиште. Таму каде што таа
реформа (аграрната реформа) е невозможна, сеуште вреди да се воведе данок
на земјиштето ако тоа е политички изводливо. Клучно е оданочувањето на
земјиштето да се заснова на точна и достапна информација или да биде
достапно по ниска цена. Во некои земји најтешка достапна информација е за
квалитетот на почвата, но со развојот на сателитските снимки е полесно да се
пресмета плодноста на почвата .Четири информации треба да земат во предвид
даночните власти кога формираат систем за оданочување на земјиштето :

4
За да се одржат ниски административните трошоци потребно е да се користи метод на евалуација кој е
приближен.

9
1. Областа каде се наоѓа сопственоста
2. Локацијата
3. Квалитетот на почвата
4. Името на сопственикот.

Најлесно е да се постави рамна даночна стапка по единица земја освен на оние


површини под граничната големина. Се препорачува прогресивна даночна скала
и така неколку даночни стапки по единица земја ќе се воведат. Изземањето од
оданочувањето на оние сопственици кои имаат мала површина на земја во своја
сопственост ќе го направи по прогресивен данокот .Во Индонезија во 1980тите
со реформите на данокот на сопственост се изземаат од оданочување зградите
во руралните и урбаните средини во кои имаше станови каде живееја ниско
доходовни групи на семејства.

7.2.3 Индиректни даноци

Во претходните 10 до 15 години индиректните даноци на потрошувачката станаа


главен начин за собирање на приходи. И секако во 1980тите на пример ,
индиректните даноци заземаа скоро ½ од владините приходи во 2/3 земји во
развој. Данокот на додадена вредност(ДДВ) беше проминентен во многу и од
тековните реформи и беше најуспешен во прибирањето на доход. Главната
причина за загриженост околу ДДВ беше пост-даночната дистрибуција на
доходот. Имено индиректното оданочување има тенденција да биде регресивно.
Сиромашните во земјите во развој плаќаат големи даноци. Урбаните сиромашни
плаќаат даноци еквивалентни на 10% од нивните доходи и во голем дел од ова
отпаѓа на индиректните даноци. Една студија во Јамајка откри дека даноците кои
имаат најголемо влијание на сиромашните се оние кои ја оптоваруваат храната
и даноците на интермедијарните и капиталните добра кои се користат во
производството на храна. Изземањето на неколку основни продукти од
оданочувањето како што се житарките или трајното млеко од ДДВ може да
придонесе за намалување на даночната оптовареност на ниско доходните
семејства. Така е потребно да се комбинира ефикасноста на индиректните

10
даноци во собирањето на приходи со мерки да се намалат нивните регресивни
ефекти. Изземањето на хранливите продукти кои ги консумираат сиромашните
од оданочувањето е конзистентно со стратегијата за човеков развој и со
неговата цел за нутриционистичка адекватност, исто така тоа е адекватно и на
полето на дистрибутивна правда. Акцизата на пример за пивото, пијалаците и
цигарите креираат интересни проблеми за даночниот систем и сиромаштијата и
развојот. Акцизните даноци се добри за генерирање на приходи поради ниската
ценовна еластичност на побарувачката на оданочените добра, но оваа ниска
ценовна еластичност има тенденција да резултира со регресивен импакт на
даноците на доходот на сиромашните, кои купуваат пак големи количини од овие
оданочени добра. Понекогаш се аргументира дека високите акцизи на пиво,
цигари и пијалоци ja намалуваат способноста на сиромашните да ги купат
најнеопходните добра, вклучувајќи ја тука и храната. Наспроти ова пак е
податокот дека консумирањето на пиво, пијалоци и цигари креира многу
негативни екстерналии (насилство, смрт, болести и незгоди). Дури и скромната
консумација на овие производи води кон депрецијација на стокот на човечки
капитал, ја намалува долговечноста, продуктивноста и способностите.

7.2.4 Даночна администрација

Во многу земји од развој даноците не ги собираат очекуваните приходи поради


слабата даночна администрација. Проблемите делумно се и технички :даноците
или тешко може да се собираат или тешко се администрираат.
Поедноставувањето на даноците често оди рака под рака со добрата даночна
администрација. Исто така ако не можи да се врши изземање на сиромашните
од оданочувањето , токму сиромашните треба да се главните корисници на
приходите од ова оданочување а не обратно како што е и чест случај. Даночното
поедноставување може исто така да се постигне и со невклучување на не
доходовните цели во даночниот систем. Даночните преференции дадени на
фаворизираните економски активности ги намалуваат вкупните приходи и го
прават даночниот систем покомплексен. Тие често се во меѓусебен конфликт и
имаат ефекти кои се контрадикторни на оригиналните цели. И повторно богатите
се во преферирана положба за да можат да лобираат за бенефит од
преференцијлен третман. Но на крај главната причина што даночната

11
администрација е слаба и неефективна е политичка причина. Населението од
погорните слоеви како што може да си обезбеди непропорционално повисок дел
за себе од владините субвенции , исто така тие може да обезбедат да избегнат
поголем дел од даночните оптоварувања. Овој модел на субвенции и даноци се
случува не случајно туку по модел. Искуствата на земјите во развој и другите
земји покажуваат дека лек за оваа ситуација е промена во композицијата на
владината потрошувачка, повеќе отколку промена на структурата на даночниот
систем. Владите кои сакаат да промовираат човеков развој се советуваат да го
концентрираат нивното внимание на расходната страна на буџетот, не само
поради целите на човековиот развој кои може да се остварат на овој начин
полесно туку и политички не е мудро да се борите на два фронтови истовремено.
Владата најпрво треба да си обезбеди широка поддршка за своите политики, и
дури потоа да ја имплементира стратегијата на прогресивни даночни реформи.

7.3 Странска помош

Во последните над 50 години многу земји во развој зависат од странската помош


при финансирањето на нивните развојни програми. Надворешниот капитал во
овие земји во ова време се состоеше од некоја форма на странска помош. Иако
во 1970тите заемите од интернационалните банки биле достапни за земјите во
развој во мала група на земји директните приватни инвестиции играле значајна
улога. Рационалето на странската помош се состои во тоа што таа е неопходна
за да се компензира кусокот на финансии од домашни финансии во земјите во
развој. Странскиот капитал ги заменува неадекватните домашни заштеди и
дозволува земјата да има повисока стапка на инвестиции отколку што би било
возможно. Повисоките инвестиции од друга страна водат кон повисок економски
раст. Најголемата пречка на земјите во развој не е недостатокот на физички
капитал и модерна технологија5.Имено најголема пречка на земјите во развој е
неадекватноста на човековиот развој. Странската помош во земјите во развој
ниту била насочувана ниту пак ја охрабрувала стратегијата на човеков развој
индиректно. Искуството на земјите во развој пак покажува дека овие земји се
способни да постигнат високи стапки на штедење. Во реалноста и ова и можеби

5
Ова е лажна претпоставка на претходно кажаното.

12
тие го имаат остварено. На пример во 1990 според Светска банка во земјите кои
се рангираа како ниско-доходовни економии , стапката на штедење беше 28%
од БДП, додека во високо развиените економии истиот сооднос (штедење
наспрема БДП ) беше 22 %. Но има тенденција капиталот да бега до земјите во
развој кој развиените економии каде може да обезбеди повисока стапка на
поврат. Оваа тенденција важи како за финансискиот капитал (ликвидните
заштеди), така и за човечкиот капитал, во форма на менаџерски, професионален
и технички персонал од високо квалификувани и образовани работници.
Скромните приливи на странска помош во земјите во развој , ја намалија
стапката на штедење и го охрабрија т.н. Capital flight со тоа што се намали
каматната стапка и девизниот курс апрецира. На тој начин странската помош
придонела за проблемот кој таа наводно требала да го реши. Помошта исто така
е концентрирана на мал број на земји. И со нејзе земјите во развој главно
намеруваат да ги финансираат воените трошоци, да се зголеми бирократијата
или да се намали потребата за зголемено оданочување. Иако требаше помошта
да биде наменета за проекти од стратегијата за човеков развој , најмногу со
странската помош се финансираа многу видливи проекти, како скапи
универзитетски простории објекти и урбани болници. Стапките на социјален
поврат на овие проекти се мали и бенефитите во голема мера од нив не ги
чувствуваат сиромашните. Странската помош значи во теорија не е потребна за
стратегијата за човеков развој ниту пак е ефективна во пракса. Ние можеме да
се надеваме дека политиките за помош ќе бидат променети и реформирани и
дека тековите на помош ќе бидат зголемени , но историјата ни два малку надеж
за такво нешто. Човековиот развој дозволува посамостојна рамка на развој. Тоа
е стратегија што ги мобилизира локалните ресурси, што се концентрира на
зголемување на латентните можности на луѓето и што може да биде домашно
финансирана без да зависни од надворешна помош или од добротворни
организации од надвор6.

6
Една карактеристика според која стратегијата за човеков развој е атрактивна , е тоа што ја ослободува
земјата од зависноста од странска помош.

13
7.4 ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА И ДЕЛЕГИРАЊЕ НА МОЌТА
(EMPOWERMENT)

Јасно е дека стратегијата за човеков развој не може да биде имплементирана


ако приходите кои се на располагање на владата од домашни и странски извори
се неадекватни. Уште повеќе човековиот развој бара јавна администрација која
е добро адаптирана на стратегијата и способна за имплементација на задачите
за кои се одговорни. Јавната администрација ќе треба да извршува
покомплексни задачи (на пример да планира трошоци и користи на инвестициите
во човеков развој) и да се поврзува со јавноста на различен начин. Стратегијата
за човеков развој не е примарно поврзана со интервенцијата на општественото
богатство-пример делегирање на права на одредени пасивни корисници.
Човековиот развој се состои во слободата одговорноста, ослободувањето и
само помагањето. Во овој контекст треба да се набљудува улогата на државата.
Додека пак во денешно време наместо тоа државата се гледа како извор ан
неефикасности и бирократска пречка за развојот. Но сега нишалото се сврте ан
спротивната страна :целосната приватизација на државните претпријатија и
децентрализираната административна структура се оние нешта за кои се
залагаме. Поддржувачите на човековиот развој се залагаат за
децентрализацијата , но нивната цел е фундаментално различна од оние кои
сакаат да создадат држава ноќен чувар со минимална моќ и одговорност.
Наместо тоа, стратегијата за човеков развој бара една активна држава , која
може да пријави и мобилизира луѓе за да го промовира нејзиниот развој.
Последиците од ова се парадоксални : како што државата ги постигнува своите
цели успешно, има тенденција самата да се ослободува од своите
традиционални функции. Потребата за континуирана интервенција исчезнува во
лавиринтот од бирократски процедури кои треба да се мониторираат, да им се
врши супервизија или контрола што е карактеристично за земјите во развој. На
долг рок стратегијата за човеков развој вклучува постепена но одлучна редукција
улогата на државата. И да улогата на државата постепено треба да се намали,
бидејќи човековиот развој е најдобро да им се остави на луѓето, како директни
учесници кои ги прошируваат нивните можности и способности.
Децентрализацијата не треба да се меша со делегирањето на моќ на

14
населението (empowerment).Корисно е да се направи разлика помеѓу
административната и политичката децентрализација. Повеќето напори за
децентрализација се административни во карактер. Примарна цел е да се
зголеми ефикасноста на владините операции, не да се зголеми политичката моќ
на луѓето. Политичката децентрализација за споредба е повеќе загрижена околу
зголемување на ефикасноста-подобрување на механизмот на испорачување на
владините услуги, отстранување на тесните грла и намалување на одлагањето,
зголемување на способноста за повратот на трошоците но со намалување на
моќта кон grassroots организациите. Empowerment или делегирањето на моќта
може да резултира со поголема ефикасност, со тоа што ќе мобилизира луѓе во
поддршка на владините програми и инцијативи, но ова не е предвидено како
негова цел. Делегирањето на моќта е цел сама за себе и треба да се проценува
во тие услови а не во услови на функционалниот однос, спрема целите кои се
вредни како што се трошковна-ефективност или ефикасност.
Децентрализацијата не може да биде разделена од политичкиот контекст каде
што се случува. Ако луѓето немаат демократска контрола врз централниот
апарат на државата, не може да се очекува дека децентрализацијата на
државата ќе биде придружена со зголемена политичка моќ на населението. Во
Јужна Африка на пример во 1980тите апартхејд државата под притисок воведе,
програма за регионална и урбана децентрализација.Додека наводно
демократска, реалната намера на реформите беше да се зголеми моќта на
централната над локалните влади и администрации, да се деполитизира црната
популација и да се воспостави друга група на политички колаборатори. Еден
помалку екстремен случај е Непал. Децентрализацијата во оваа земја на скоро
19 милиони жители 7, била препорачана од страна на консултанти и службеници
во владата. Една од причините за ваквата препорака е што се појавуваат многу
неефикасности при обидот да се администрира една назадна економија преку
високо централизирана политичка власт. Искуството на Непал покажува зошто
административната децентрализација е осудена на неуспех во отсуство на
децентрализација на политичката моќ. Државата Непал е стратифицирана
политички, економски и социјално. Околу 90% од работната сила е ангажирана

7
Непал сега има скоро 29 милиони жители . Податокот за 19 милиони жители е од почетокот на 1990тите
или крајот на 1980тите кога се спровела децентрализацијата.

15
во земјоделие и живее во руралните средини. Сопственост на земјата е
концентрирана во горните 3% и тие поседуваат околу 40% од обработливото
земјиште. Како резултат на претходно кажаното дистрибуцијата на доходот во
Непал е една од нај нееднаквите во Азија. Децентрализацијата во Непал
историски е поддржувана од две групи :популистичките опоненти на режимот и
модернистичките администратори во владата. Популистите ја подржуваа
децентрализацијата бидејќи мислеа дека ќе резултира со намалување на моќта
на централната бирократија на капиталот и дека ќе го охрабри растот на
локалните grassroots организации. Додека пак администраторите
модернизатори ја подржаа децентрализацијата како начин да одговорат на
притисокот за поголема локална партиципација без да мора да се легализираат
опозициони политички партии. Децентрализацијата на Непал направи малку за
да се охрабри демократијата. Локалните области и селата може многу малку да
влијаат врз националните политики. На тоа локално ниво во политичкиот систем
доминираат богатите фармери. Исходот од политичката децентрализација во
Непал од друга страна е со недостатоци имено : многу мала децентрализација,
и исто така оневозможување на каква било децентрализација од страна на
големите земјосопственици. И административната централизација може да е
преферирана над децентрализацијата. Во финалната анализа човековиот
развој не може да биде разделен од партиципативниот развој. Целта на
човековиот развој е луѓето да го реализираат својот потенцијал, да ги развијат
нивните организациони технички и други способности. Човековиот развој е
развој од луѓето за луѓето. Политичките организации кои ги создаваат луѓето се
дел од делегирањето на моќта (empowerment). Активна држава може да го
охрабри човековиот развој но не може да го спроведува. Тоа мора да биде
спроведено од самите индивидуи, и многу искуства покажуваат дека најдобро е
да се негува на локално ниво. Погрешна е претпоставката дека локалните
бирократии се повеќе сочувствителни со grassroots демократијата отколку што
на пример сочувствителни со таа форма на демократија се централизираните
бирократии. Програмите за децентрализација се најуспешни кога локалните
влади работат со граѓанското општество, какво што е или се :општествените
организации, синдикатите и селанските организации. Конекциите на локално
ниво помеѓу директната демократија и човековиот развој се јасни.
Администрацијата на средните школи на пример и локалните болници се она
16
што прво паѓа на памет кога се поврзуваат директната демократија и човековиот
развој и потешкотиите што се јавуваат. Но штом се оди чекор понатаму,
покомплексните институции стануваат неопходни и директната демократија
мора да направи пат за репрезентативната демократија. Донесувањето на
одлуки ќе стане по централизирано, но тоа не мора да е во конфликт со
директната демократија. И секако централизацијата која е потребна за
минимална координација на владините активности треба да се користи за да се
зајакне демократијата. Најдобриот модел во поддршка на човековиот развој е
оној што промовира демократија “одоздола нагоре“ повеќе отколку оној што
промовира демократија “одозгора надолу”. Тоа е така бидејќи стратегијата на
човеков развој особено става акцент на мали , нашироко распространети и
трудоинтензивни дејности како што се основните школи, општинските
здравствени клиники, микро-иригационите шеми и локалните санитарни
системи. Локалните институции на цивилното општество, во соработка со
локалните владини организации, може да функционираат како “школи за
демократија” во кои луѓето собираат или ќе собираат искуство за тоа како да ги
контролираат своите животи, индивидуално и колективно. Спротивниот пристап
е кога пробуваме да промовираме демократија “одозгора надолу”. Овој пристап
особено е популарен во последните години во земјите во развој и искуството на
Бангладеш. Централната влада имено децентрализира некои функции во
одлучувањето и креирањето на приходи на интермедијарно регионално ниво, на
области и под области, но не ги зголеми одговорностите и авторитетот на
основната единица на локалната влада, советот на синдикатот и тн. Но сепак
локалната администрација продолжува да е од мало значење и после
децентрализацијата.Grassroots локалните организации ја пополнуваа
празнината во преземањето на одговорност за одржувањето на локалните
патишта, мали иригациони системи, основни школи, локални услуги за
водоснабдување и здравствени услуги по селата. Но централната влада многу
од овие организации ги занемарувала и ги оставила да изумрат. Централната
влада на Бангладеш значи се дистанцираше од NGO невладините организации.
Но дури 55% од буџетот на NGO во Бангладеш е алоциран на активности на
човековиот развој. Тврдењето дека административната децентрализација
резултира со поефикасно доставување на услуги треба да се прифати со
скептицизам исто така. Децентрализацијата во пракса исто така се состои од
17
зголемување на бирократијата и мултипликација на канцелариите на пониските
нивоа на администрација. Од друга страна делегирањето на авторитет или
Empowerment може да биде демократско но и ефикасно. Централизираната
администрација во тој случај ќе доделува власт на локално ниво колку што е
можно повеќе.Oттука делегирањето на моќта на локално ниво, човековиот развој
и економската ефикасност се неразделно испреплетени. Тие се главни
компоненти на стратегијата која ги става луѓето на прво место.

18
8. Индексот на човековиот развој (HDI-Human Development index)

Индексот на човековиот развој претставува обид да се оди понатаму од


производно ориентираниот развој (кој се центрираше на НДП или БНП).HDI како
и да е не претставува алтернатива на БДП како индекс. Имено двата индикатори
мерат различни работи. Бруто домашниот производ е мерка на материјалните
произведени добра во економијата и на услугите, додека индексот на човековиот
развој е мерка на човековиот прогрес, разгледан во меѓународен контекст.
Индексот на човеков развој користи три компоненти како прокси за човековиот
прогрес, имено :

(i) Долговечностa, мерено според очекуваното времетраење на животот при


раѓање;
(ii) Знаењето, мерено преку стапката на писменост кај возрасните и
просечните години на образование;
(iii) Доходот, што се претпоставува дека покажува опаѓачки приноси спрема
количината неопходна за пристоен стандард за живеење.

Интернационалната компаративна димензија е воведена кога секоја од трите


компоненти на HDI е изразена како индекс. Индексот на долговечност (𝐼𝑙 ) е
дефиниран:

Равенка 1

𝐿𝑚𝑎𝑥 − 𝐿𝑐
𝐿𝑚𝑎𝑥 − 𝐿𝑚𝑖𝑛

𝐿𝑚𝑎𝑥 - е највисокото очекувано времетраење на животот во примерокот на земји


кои с е земени во предвид ,

𝐿𝑚𝑖𝑛 - е најниското очекувано времетраење на животот во примерокот на земји


кои с е земени во предвид

𝐿𝑐 е очекуваното времетраење на животот во земјата која е во прашање

Индексот на знаење (𝐼𝑘 ) е дефиниран како :

1
Равенка 2

𝑅𝑚𝑎𝑥 − 𝑅𝑐 𝑆𝑚𝑎𝑥 − 𝑆𝑐
𝑊1 [ ] + 𝑊2 [ ]
𝑅𝑚𝑎𝑥 − 𝑅𝑚𝑖𝑛 𝑆𝑚𝑎𝑥 − 𝑆𝑚𝑖𝑛

𝑅𝑚𝑎𝑥 - највисоката стапка на писменост кај возрасните во примерокот на земји


за опсервација ( и Mutatis mutandis за 𝑅𝑚𝑖𝑛 и 𝑅𝑐 )1

𝑆𝑚𝑎𝑥 – највисоките просечни години на образование во примерокот на земји за


опсервација ( и Mutatis mutandis за 𝑆𝑚𝑖𝑛 и 𝑆𝑐 )

𝑊1 - пондерот од 2/3 за писменоста и

𝑊2 - пондерот 1/3 за образованието

Индексот на доходот (𝐼𝑦 ) е малку покомплициран .Се претпоставува дека


придонесот на доходот кон БДП пер капита се намалува како што пер капита
𝑌
доходот (𝑦) = 𝐿 , расте. Следејќи го Аткинсон , благосостојбата која е изведена

од доходот 𝑊𝑦 , и се претпоставува дека ја зазема следнава форма :

Равенка 3

1
𝑊(𝑦) = × 𝑦1−𝜖
1−𝜖

Параметарот 𝜖 го мери степенот на опаѓачки приноси. Ако 𝜖 = 0 не постојат


опаѓачки приноси, но како што 𝜖 → 1 , равенката ќе стане 𝑊(𝑦) = 𝑙𝑜𝑔(𝑦).За целите
на HDI 𝜖 = 0 за сите земји чија пер капита доход 𝑦 е помал од 𝑦 ∗ , или доходот на
просечното официјално ниво на сиромаштија во девет индустриски земји
(Австралија, Канада, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија,
Обединетото Кралство, и САД).Таму каде што 𝑦 < 𝑦 ∗, земјите се сметаат за
сиромашни и не постојат опаѓачки приноси на доходот. За доходите помеѓу 𝑦 ∗ и
1 2
2𝑦 ∗ , 𝜖 = 2 .За доходите помеѓу 2𝑦 ∗ и 3𝑦 ∗ 𝜖 = 3 , и така натаму. Пондерите се

своеволни или арбитрарни но тие ја опфаќаат идејата за опаѓачки придонес на


доходот кон човековиот развој. Во секој случај доходот е дефиниран како реален

1
mutatis mutandis-се користи кога се споредуваат две или повеќе случаи или ситуации правејќи повеќе
промени притоа не променувајќи ја главната поента или прашање.

2
БДП пер капита, т.е. БДП мерен според паритетот на куповната моќ , и кој е
прилагоден за релевантно 𝜖. Индексот на доходот (𝐼𝑦 ) ќе стане :

Равенка 4

𝑌𝑚𝑎𝑥 − 𝑌𝑐
𝑌𝑚𝑎𝑥 − 𝑌𝑚𝑖𝑛

𝑌𝑚𝑎𝑥 - Највисокиот прилагоден (за опаѓачки приноси) реален (паритетот на


куповната моќ) пер капита бруто домашен производ во примерокот земји за
опсервација ( и Mutatis mutandis за 𝑌𝑚𝑖𝑛 и 𝑌𝑐 ).

Трите композитни индекси се соберени заедно и поделени со три за да се


добие севкупниот индекс на депривација (𝐼):

Равенка 5

(𝐼𝑙 + 𝐼𝑘 + 𝐼𝑦 )
𝐼=
3

Да забележиме само дека при пресметувањето на 𝐼 ,на индексите за


долговечноста, знаењето и доходот, им се дадени еднакви арбитрарни пондери.
Индексот на човеков развој за земјата тогаш едноставно е 1 − 𝐼 .Односно :

Равенка 6

𝐻𝐷𝐼𝑐 = 1 − 𝐼𝑐

8.1 Прилагодување за дистрибуцијата на доходот

Возможна е да се прилагоди која било компонента на индексите на HDI за да се


земе нееднаквоста во предвид. Во пракса досега само индексот на доходот 𝐼𝑦 е
прилагоден. Ова е направено со множење на 𝐼𝑦 со (1 − 𝐺) , каде 𝐺 е Џини
коефициентот на дистрибуцијата на доходот. Индексот на човековиот развој на
земјата тогаш ќе стане :

3
Равенка 7

(𝐼𝑙 + 𝐼𝑘 + 𝐼𝑦 (1 − 𝐺))
𝐻𝐷𝐼𝑐 = 1 −
3

2011 2013 2014 2015


Региони или групи естимиран естимиран естимиран естимиран
HDI HDI HDI HDI

Многу висок човеков развој

Многу висок човеков развој 0.889 0.905 0.890 0.892

OECD 0.873 0.887 0.874 0.887

Висок човеков развој

Европа и централна Азија 0.751 0.771 0.738 0.756

Латинска Америка и Карибите 0.731 0.741 0.740 0.751

Висок човеков развој 0.741 0.758 0.735 0.746

Источна Аазија и Пацификот 0.671 0.683 0.703 0.720

светот 0.682 0.694 0.702 0.717

Среден човеков развој

Arab states 0.641 0.652 0.682 0.687

Small Island Developing States 0.640 0.648 0.665 0.667

Medium Human Development 0.630 0.640 0.614 0.631

4
Јужна Азија 0.548 0.558 0.588 0.621

Низок човеков развој

Суб-Сахарска Африка 0.463 0.475 0.502 0.523

Најмалку развиените земји 0.439 0.449 0.487 0.508

Низок човеков развој 0.456 0.466 0.493 0.497

Извор/и :

"2011 Human Development Report". United Nations Development Programme. p. 151.


Retrieved 2 November 2011.

"The 2013 Human Development Report – "The Rise of the South: Human Progress in a Diverse
World"". HDRO (Human Development Report Office)United Nations Development Programme.
pp. 144–147. Retrieved 2 March 2013.

"Human Development Report 2014 – "Sustaining Human Progress: Reducing Vulnerabilities and
Building Resilience"". HDRO (Human Development Report Office) United Nations Development
Programme. Retrieved 25 July 2014.

Индексот на човековиот развој претставува индикатор на просечните


достигнувања на полето на основните човекови можности. Тој е стандардно
споредбено мерило на квалитетот на живот меѓу земјите. На наредната слика ќе
ги прикажеме трендовите на HDI од 1990 до 2014, за групи земји. И тоа за :
Арапските држави, Источна Азија и Пацифик, Европа и Централна Азија,
Латинска Америка и Карибите, Јужна Азија, Суп-Сахарска Африка, Најмалку
развиени земји (LDCs)2,Мали островски земји во развој 3,OECD4 и Светот.

2
Lest Developed countries се 47 на број од јуни 2017.Види :
https://www.un.org/development/desa/dpad/wp-content/uploads/sites/45/publication/ldc_list.pdf
3
Small Island developing states се 57-на број. Види : https://sustainabledevelopment.un.org/topics/sids/list
4
OECD земјите се 35 најразвиени економии .Види : http://www.oecd.org/about/membersandpartners/

5
Табела Трендови во човековиот развој 1990-2014

Региони
1990 2000 2010 2011 2012 2013 2014

Арапските држави 0.553 0.613 0.676 0.679 0.684 0.686 0.686

Источна Азија и Пацифк 0.516 0.593 0.686 0.693 0.702 0.707 0.710

Европа И централна Азија 0.651 0.665 0.731 0.739 0.743 0.746 0.748

Латинска Америка и Карибите 0.625 0.684 0.734 0.738 0.743 0.745 0.748

Јужна Азија 0.437 0.503 0.586 0.596 0.599 0.603 0.607

Суп-Сахарска Африка 0.400 0.422 0.499 0.505 0.510 0.514 0.518

Најмалку развиени земји (LDCs) 0.348 0.399 0.484 0.491 0.495 0.499 0.502

Мали островски земји во развој 0.574 0.607 0.656 0.658 0.658 0.658 0.660

OECD 0.785 0.834 0.872 0.875 0.877 0.879 0.880

Свет 0.597 0.641 0.697 0.703 0.707 0.709 0.711

Извор: http://data.un.org/DocumentData.aspx?id=378

8.1 Фактори на квалитетот на живот опфатени во индексот на


квалитет на живот

Индексот на квалитет на живот се базира на методологијата која ги поврзува


резултатите од субјективното задоволство од животот и објективните фактори
на квалитет на живот, Ефтимоски (2009). Анкетата се базира на едноставни
прашања за задоволството (субјективните ставови) на испитаниците во однос на
квалитетот на нивното живеење. Резултатите од анкетата се користат за
определување на пондерите на деветте фактори на квалитет на живот, кои се
опфатени во индексот. Одговорите во анкетата се класифицираат во четири

6
групи :многу задоволни, значително задоволни, не многу задоволни, и воопшто
незадоволни.

Табела Фактори на квалитет на живот опфатени во индексот на квалитет на


живот

Фактори на квалитет на живот Индикатори кои ги претставуваат


факторите
1. Материјална благосостојба БДП пер капита PPP$
2. Здравје Очекувано времетраење на животот
при раѓање
3. Политичка стабилност и Политичка стабилност и безбедност –
безбедност рејтинг
4. Живот во семејство (семејни Стапка на разводи (на 1000 жители)-
односи) конвертирано во индекс кој се движи
од 1 (за најниски стапки на разводи)
до 5 (за највисоки стапки на разводи)
5. Живот во заедница Дами променлива (dummy variable)
која зазема 1 доколку земјата има
висока стапка на посета на верски
објекти или пак високо членство во
синдикати. Или пак ако ем обратно
зазема вредност 0.
6. Клима Географска ширина
7. Сигурност на работното место Стапка на невработеност во %
8. Политичка слобода Freedom house индексите за political
rights и civil liberties
9. Родова еднаквост Коефициент на просечните приходи
на мажите и жените

7
8.2 Како се пресметува Индексот на човековиот развој
(подетално објаснување)

Индексот на човековиот развој се пресметува врз основа на три компоненти -


должината на живот, достигнатото образование (писменост) и животниот
стандард (реалниот БДП per capita). Индексот за прв пат беше пресметан во
1990 година, од страна на експертите на Програмата за развој при Обединетите
Нации (UNDP), а до денес има претрпено неколку модификации. Пресметката на
индексите на сите три компоненти се врши врз база на подолу наведената
равенка, каде индексот 𝐼𝑗 претставува индикатор на скудноста за 𝑗 - тата земја
во однос на 𝑖 - тата променлива, при што претходно се идентификувани (дадени)
максималните и минималните вредности за секоја од трите компоненти:

Максимално очекувано траење на живот(Јапонија) = 78.4


Минимално очекувано траење на живот
(Етиопија, Сиера Леоне, Авганистан) = 41.8
Максимална стапка на писменост на возрасни = 100
Минимална стапка на писменост на возрасни (Сомалија) = 12.3
Максимален реален БДП per capita (log)
(Линија на сиромаштија во 9 индустриски земји 4.861$5) = 3.68
Минимален реален БДП per capita (log)(Заир 220$) = 2.34

Скудноста за определена компонента ја става земјата во ранг од 0 до 1, кој е


одреден од разликата меѓу максимумот и минимумот:
Равенка 8

(𝑚𝑎𝑥𝑋𝑖𝑗 − 𝑋𝑖𝑗 )
𝑗
𝐼𝑖𝑗 =
(𝑚𝑎𝑥𝑋𝑖𝑗 − 𝑚𝑖𝑛𝑋𝑖𝑗 )
𝑗 𝑗

5
Австралија, Канада, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Велика Британија и САД.

8
Во втората етапа се определува збирниот индекс на скудноста 𝐼𝑗 . Тоа се
прави преку просекот од трите претходно пресметани индекси:

Равенка 9

𝐼𝑗 = ∑ 𝐼𝑗
𝑖=1

Во третата етапа се пресметува индексот на човековиот развој, како


разлика меѓу единица и збирниот индекс на скудноста :

Равенка 10

(𝐻𝐷𝐼)𝑗 = (1 − 𝐼𝑗 )

8.2.1 Прва модификација

Во 1991 направени се модификации на начинот на пресметка на две од трите


компоненти на HDI :

1. Писменоста
2. Реалниот БДП пер капита.

Индикаторот стапка на писменост на возрасните беше надополнет со уште еден


индикатор средно траење на школувањето, со што беше добиено ново
синтетичко мерило : достигнато образование :

Равенка 11

𝐸 = 𝑎1 𝑃 + 𝑎2 𝐺

1 2
Во претходната равенка 𝑎1 = 3 ; 𝑎2 = 3 6, се параметри за писменоста на

возрасните 𝑃 и годините на школување 𝐺. Модификациите, пак, во компонента


реален БДП пер капита на индексот му го придадоа својството на опаѓачки
приноси од доход. Во основната верзија од 1990та ова беше решено со

6
Во оригиналниот HDI (од 1990та година) 𝑎1 = 𝑎2 = 0
9
логаритмирање, и додавање на вредност 0 за доходот кој се наоѓаше под
линијата на сиромаштија. Модифицираната верзија ја користи Аткинсоновата
1
равенка(равенка 3): 𝑊(𝑦) = 1−𝜖 × 𝑦1−𝜖 . 𝑊(𝑦) е користа , благосостојбата

дефинирана од доходот, 𝜖 обемот на опаѓачки приноси, ако 𝜖 = 0, нема опаѓаќки


приноси и ако 𝜖 → 1 , 𝑊(𝑦) = log(𝑦).И 𝜖 = 0 за земји кои имаат доход под нивото
на сиромаштија 𝑦 < 𝑦 ∗ , за разлика од земјите кои имаат доход меѓу y ∗ и 2𝑦 ∗,
2
𝜖 = 3, т.е. :

Равенка 12

𝑎
𝑎𝑦 ∗≤ 𝑦 ≤ (𝑎 + 1)𝑦 ∗⟹ 𝜖 = , 𝑊(𝑦) = y за 0 < 𝑦 ≤ 𝑦 ∗= 𝑦 ∗
𝑎−1
1 1 1
= 2(𝑦 − 𝑦 ∗)2 за 𝑦 ∗< 𝑦 ≤ 2𝑦 ∗= 𝑦 + 2(𝑦 ∗)2 + 3(𝑦 − 2𝑦 ∗)3 за 2𝑦 ∗< 𝑦 ≤ 3𝑦 ∗

максималните и минималните вредности за секоја од трите компоненти според


модифицираната верзија до 1990 се :

Максимално очекувано траење на живот(години) = 78,6


Минимално очекувано траење на живот =42
Максимална достигнато образование (стапка) = 70,1
Минимална достигнато образование (стапка) = 9,1
Максимален реален БДП per capita (PPP$) =5070$
Минимален прилагоден реален БДП per capita (PPP$) = 350$

8.2.2 Втора модификација

Во 1994 се пристапи кон модификација на постапката за пресметка на


човековиот развој и тоа во третата компонента. Како максимална вредност на
доходот беше земена просечната глобална (светска ) вредност на реалниот БДП
пер капита PPP$.Со тоа се претпостави дека со надминувањето на линијата на
сиромаштија (остварено нив0 на доход повисоко од просечното ниво ан
светскиот реален БДП пер капита), секое натамошно зголемување на доходот

10
per capita предизвикува опаѓачки приноси кои се поостро влијаат врз придонесот
на доходот врз човековиот развој , односно ефектите на растот на доходот per
capita се ,се помали во однос квалитетот на живот на луѓето. Фиксните
минимални и максимални вредности за компонентите на индексот на човековиот
развој , според методологијата од 1994та ,се дадени како :

Минимум Максимум
Очекувано траење на
25 85
живот(години)
писменост на возрасни
0 100
(стапка)
Средно траење на
0 15
школување (години)
Доход (Реален БДП пер
200 40.000
капита $)

Во првата етапа се открива која од трите компоненти за земјата е означена


како скудна. За таа цел се користи следната равенка :

Равенка 13

(𝑋𝑖𝑗 − 𝑚𝑖𝑛𝑋𝑖𝑗 )
𝑗
𝐼𝑖𝑗 =
(𝑚𝑎𝑥𝑋𝑖𝑗 − 𝑚𝑖𝑛𝑋𝑖𝑗 )
𝑗 𝑗
Во втората етапа се определува збирниот индекс на скудноста 𝐼𝑗 :

Равенка 14

𝐼𝑗 = ∑ 𝐼𝑖𝑗
𝑖=1

Во третата етапа се пресметува индексот на човековиот развој:

Равенка 15

1
𝐻𝐷𝐼 = (𝐼 )
3 𝑗

11
8.2.3 Трета модификација

Во 1995 направени се две измени на пресметките на Индексот на човековиот


развој. Првата измена се однесува на индикаторот Средно траење на
школување (години), кој е заменет со нов-бруто стапка на упис во сите три степени
нa образование (примарно, секундарно, терцијарно), Втората измена пак се однесува
на минималната (додадена) вредност на доходот , која од 200$ се намали на 100$м
што е направено заради конзистентност ,на овој во однос ан останатите индекси од
класата на човековиот развој. Дадените минимални и максимални вредности за
компонентите на индексот на човековиот развој , според методологијата од
1994та ,се дадени како :

Минимум Максимум
Очекувано траење на
25 85
живот(години)
писменост на возрасни
0 100
(%)
бруто стапка на упис во
сите три степени нa 0 100
образование (%)
Доход (Реален БДП пер
100 40.000
капита $)

8.2.4 Четврта модификација

Врз основа на трудот на Сен и Ананд7 , од 1999 година се направени измени во


пресметката на индексот на човековиот развој, во неговата трета компонента
доходот, со што индексот ја добива својата денешна форма. Денеска равенката
за пресметка на доходот per capita ја има следната форма :

Равенка 16

𝑙𝑜𝑔𝑦 − 𝑙𝑜𝑔𝑦𝑚𝑖𝑛
𝑊(𝑦) =
𝑙𝑜𝑔𝑦𝑚𝑎𝑥 − 𝑙𝑜𝑔𝑦𝑚𝑖𝑛

7
Sen, A.,Anand, S.,(1999), The Income component in HDI-Alternative formulation, UNDP Working papers

12
Како што може да се види равенката врши дисконтирање на доходот кој се
наоѓа под и над просечниот светски доход.

13
9. Сиромаштија и нееднаквост

Проблемот на сиромаштијата е еден од најзначајните развојни проблеми, кој во


голема мера го определува квалитетот на живот на луѓето. Промените во
степенот на сиромаштија се резултат во голема мера на промените во
просечниот доход (економскиот раст) и на промените на дистрибуцијата на
доходот (нееднаквоста).Сиромаштијата треба да се мери поради четири
причини :

1. Да се задржи вниманието врз сиромашните –сиромашните во ниту еден


момент не смеат да бидат заборавени.
2. Да се таргетираат државните интервенции –да се направи профил на
сиромаштијата
3. Да се врши мониторинг, евалуација на проектите и политиките на
државната интервенција насочени кон сиромашните
4. Да се врши евалуација на ефективноста на институциите чија цел е да им
помогне на сиромашните

Очекувањата се дека растот на доходот автоматски ќе го реши проблемот на


нееднаквоста, што во теоријата е познато како trickle down theory1 , и не се
реалистични. Најчесто растот на доходот е апсорбиран од богатиот слој на
населението кој е со релативно помало учество во вкупното население.

9.1 Дефинирање на сиромаштијата

Постојат повеќе дефиниции за сиромаштијата тука најпрво, Харолд Ватс,


сиромаштијата ја дефинира во контекст на неможноста луѓето да располагаат
со определени добра и услуги. Според тоа, сиромаштијата претставува
сериозно нарушување на можноста луѓето да изберат композиција на добра и
услуги која ќе им ја зголеми благосостојбата. Според Мартин Равалион пак : Во

1
Станува збор за теорија според која развојот е чисто економски феномен, при што користите од растот
на доходот автоматски резултираат со користи (trickle down) во вид на нови работни места и други
економски можности за луѓето.

1
едно општество постои сиромаштија кога едно или повеќе лица го немаат
потребното ниво на економска благосостојба, со кое би можеле да го достигнат
минималното ниво на животен стандард. Дефиницијата на Петер Таунсенд пак
е следна : Лицата, домаќинствата и групите лица се сметаат за сиромашни
доколку се соочуваат со недостаток на средства неопходни за задоволување на
нивните потреби, како и доколку не се во можност да партиципираат во
општествените текови. Бидејќи нивниот расположлив доход е под просечниот
расположлив доход, тие се исклучени од основниот модел на живеење, обичаи
и активности.Eurostat пак ја дава следнава дефиниција за сиромаштијата: Како
сиромашни се сметаат лицата, домаќинствата, и групите лица, чии ресурси
(материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од
минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која живеат.

9.2 Теоретски концепти поврзани со сиромаштијата

Теоретскиот третман на сиромаштијата , се сведува на четири концепти :


1. Концептот на доходовната сиромаштија-лицето или семејството се смета
за сиромашно ако неговиот доходот е под линијата на утврдена сиромаштија.
2. Концептот на основните потреби-кој ја дефинира сиромаштијата како
недостаток на материјалните потребности (добра и услуги) неопходни за
задоволување на некое минимално прифатливо ниво, тука влегува и храната.
3. Концептот на способностите-според кој сиромаштијата претставува
недостаток на основните способности неопходни за функционирање на
луѓето, односно немање на можност за постигнување на определени
минимално прифатливи нивоа неопходни за функционирање на луѓето. Под
тие минимално прифатливи нивоа се подразбираат следните компоненти :
 Физичката компонента-каде спаѓаат исхранетоста, облеката и
живеалиштето и сл.
 Општествената компонента-која подразбира активна
партиципација на луѓето во општествените текови.
4. Концептот на човековата сиромаштија-кој во однос на дефинирањето на
сиромаштијата оди чекор подалеку и сиромаштијата ја поврзува со немањето

2
шанса луѓето да го прошират сопствениот избор , во поглед на своето
образование, здравствена заштита и животен стандард.

9.2 Доходовна сиромаштија

Претходно дефиниравме дека , лицето или семејството се смета за сиромашно


ако неговиот доходот е под линијата на утврдена сиромаштија. Сега да
дефинираме една непозната во претходното тврдење , а тоа е што претставува
линијата на сиромаштијата?. Линијата на сиромаштија (прагот на
сиромаштијата) ја поставува аналитичарот или институцијата која се занимава
со мерење на сиромаштијата, врз основа на претходна анализа на животниот
стандард на населението. Таа овозможува да се определи кои лица или
домаќинствата треба да се сметаат за сиромашни, а кои не. Станува збор за
линија која мора да се достигне, за определено лице/домаќинство да не се смета
за сиромашно. При определувањето на линијата на сиромаштијата,
аналитичарот или институцијата која врши мерење на степенот на
сиромаштијата, треба да направи три важни одлуки:

1. Да одлучи за возраста и/или полот на членовите на домаќинствата кои ќе


бидат опфатени во мерењето.
2. Да одлучи дали домаќинствата со различни големини ќе се третираат
заедно или одделно.
3. Да одлучи дали ќе користи податоци за доходот или податоци за
потрошувачката на лицата/домаќинствата?

Прилагодувањата на домаќинствата во однос на полот, возраста и големината,


се вршат со помош на т.н. еквивалентни скали. Еквивалентните скали
претставуваат еден вид дефлатори кои вршат изедначување на домаќинствата
во однос на нивната големина, како и во однос на нивната полова и старосна
структура. Примената на еквивалентните скали е врзана со пресметката на
доходот или потрошувачката по т.н. еквивалентно возрасно лице. Најчесто
применувани еквивалентни скали, врз чија основа се пресметуваат линиите на
сиромаштија, се: OECD еквивалентната скала, OECD модифицираната

3
еквивалентна скала и LIS еквивалентната скала2 . Вредноста на коефициентите
по одделните еквивалентни скали се дадени во следната табела.

Табела Еквивалентни скали


OECD
OECD
старата
модифицир Скала на Доход на
Пер капита ОЕЦД
ана квадратен домаќинств
доход скала
еквивалентн корен о
“Oxford
а скала
scale”
Еден
1 1 1 1 1
возрасен
двајца
2 1.7 1.5 1.4 1
возрасни
двајца
возрасни, 3 2.2 1.8 1.7 1
едно дете
двајца
возрасни, 4 2.7 2.1 2.0 1
две деца
двајца
возрасни, 5 3.2 2.4 2.2 1
три деца
еластичн
ост 1 0.73 0.53 0.50 0

Извор : http://www.oecd.org/eco/growth/OECD-Note-EquivalenceScales.pdf

9.3 Видови линии на сиромаштија

Апсолутната сиромаштија се однесува на множество на стандарди кои се


конзистентни меѓу земјите и временската рамка. Прво е воведена во 1990,
долар на ден е линија на сиромаштија, која ја мереше сиромаштијата во
меѓународни размери по стандарди на најсиромашните земји. Светската банка
дефинира нова меѓународна линија на сиромаштија од $1.25 во 2008 за 2005
(или еквивалентно на $1 по американски цени од 1996)34.Во октомври 1990 се

2
Luxembourg Income Study-LIS
3
Ravallion, Martin; Chen, Shaohua; Sangraula, Prem (May 2008). Dollar a Day Revisited (PDF) (Report).
Washington DC: The World Bank. Retrieved 10 June 2013.
4
Ravallion, Martin; Chen, Shaohua; Sangraula, Prem.(2013) "Dollar a day" (PDF). The World Bank Economic
Review. 23 (2): 163–84. doi:10.1093/wber/lhp007. Retrieved 11 June 2013.

4
пресметува по $1.90 на ден5. Апсолутната линија на сиромаштија се базира на
стандарди за количеството добра и услуги кое едно лице/домаќинство може да
го консумира, односно на стандарди за неговиот опстанокот, со минимални
трошоци. Така, процентот на населението кое консумира храна помалку од
потребното (од 2000 до 2500 калории, дневно) е пример за апсолутно мерење
на сиромаштијата. Оттука, оваа линија на сиромаштија, често се поистоветува
со т.н. раб на опстанок на домаќинствата. Од наредната табела се забележува
дека населението кое живее с о потрошувачка по доход пер капита по нивото ан
сиромаштија се намалува во секој регион од 1990 натаму.

Табела Процентуално намалување на апсолутната сиромаштија по региони

$1 на ден $1.25 на ден

Регион

1990 2002 2004 1981 2008

Источна Азија и Пацифик 15.40% 12.33% 9.07% 77.2% 14.3%

Европа и Централна Азија 3.60% 1.28% 0.95% 1.9% 0.5%

Латинска Америка и Карибите 9.62% 9.08% 8.64% 11.9% 6.5%

Средниот Исток и Северна Африка 2.08% 1.69% 1.47% 9.6% 2.7%

Јужна Азија 35.04% 33.44% 30.84% 61.1% 36%

Суп-Сахарска Африка 46.07% 42.63% 41.09% 51.5% 47.5%

Светот 52.2% 22.4%

Извор : http://www.worldbank.org

5
http://www.worldbank.org/en/news/press-release/2015/10/04/world-bank-forecasts-global-poverty-to-fall-
below-10-for-first-time-major-hurdles-remain-in-goal-to-end-poverty-by-2030

5
Релативната линија на сиромаштијата

Гледиштето на релативната сиромаштија зависи од социјалниот контекст, така


да релативната сиромаштија е мерка за нееднаквоста во доходот. Релативната
сиромаштија е мерена како процент на популацијата со доход помал од некоја
фиксна пропорција од медијалниот доход. Постојат неколку други мерки за
нееднаквост на доходот , на пример Џини Коефициентот и Индексот на Теил.
Релативната сиромаштија ги вклучува трошоците ан социјална инклузија и
еднаквост на можностите во специфичен простор и време6. Имајќи ги во
предвид еквивалентите скали, релативната линија на сиромаштија може да биде
определена како 50%, 60%, или 70% од просечната (медијалната) еквивалентна
потрошувачка на просечно лице/домаќинство во земјата. Споредбата на
вкупното богатство на најсиромашната една третина од населението, со
вкупното богатство на најбогатиот 1% од населението, е пример за релативно
мерење на сиромаштијата.

Субјективната линија на сиромаштијата се поставува врз основа на


субјективниот став (заклучок) на луѓето што претставува минимално прифатлив
животен стандард, односно начин на живеење, во соодветната земја.
Прашањето кое што луѓето треба да го одговорат, а со тоа и да ја определат
ли9нијата на сиромаштијата :Кое е нивото на доход кое го сметате за апсолутно
минимално, за да врзете “крај со крај ?”. Или “Дали сметате дека вашата тековна
потрошувачка е адекватна за минимално прифатлив начин на живеење?. Во
1776 Адам Смит во Богатството на народите тврдеше дека сиромаштијата е
неможност да с е обезбедат “не само стоките кои се неопходни за поддршка на
животот , туку и се она што општествениот ред го смета за непристојно угледните
луѓе, дури и од најнискиот слој , да го имаат и да не бидат без него”7. Во 1958
Галбрајт , Џон , Кенет , тврдеше дека “Луѓето се погодени од сиромаштијата кога
нивните доходи , дури и ако се адекватни за опстанок, опаѓаат на многу помало
ниво од она на нивната заедница каде живеат”8. Во 1965 Роуз Фридман ,

6
Jonathan Bradshaw; Yekaterina Chzhen; Gill Main; Bruno Martorano; Leonardo Menchini; Chris de Neubourg
(January 2012). Relative Income Poverty among Children in Rich Countries (PDF) (Report). Innocenti Working
Paper. Florence, Italy: UNICEF Innocenti Research Centre. ISSN 1014-7837.
7
Adam Smith (1776). An Enquiry into the Nature and Causes of the Wealth of Nations. 5.
8
Galbraith, J. K. (1958). "Chapter 22: The Position of Poverty". The Affluent Society. Boston: Houghton Mifflin.

6
економист пропонент на слободниот пазар и сопруга на Милтон Фридман пак
спореше против тоа да се мери сиромаштијата бидејќи сиромаштијата се менува
со промената во општите стандарди за живеење. На пример оние означени како
сиромашни во 1995 имаат повисок стандард на живеење од многу неозначени
за сиромашни во 1965.

9.4 Мерење на доходовната сиромаштија

Врз основа на утврдената линија на сиромаштија, базирана на податоци за


доходот/потрошувачката на лицата/домаќинствата, можат да се изведат неколку
стандардни мерила на степенот на сиромаштијата во земјата, кои се однесуваат
на: обемот, длабочината и острината на сиромаштијата. Најчесто користени
мерила на доходовната сиромаштија се:

a. Главниот збирен индекс.


b. Индексот на длабочина на сиромаштијата.
c. Индексот на острина на сиромаштијата.

Главниот збирен индекс (Head count index) или едноставно стапката на


сиромаштија (poverty rate) го покажува процентот од вкупното население чиј
доход или потрошувачка per capita е под линијата на сиромаштија. Всушност,
станува збор за процент од населението кој не може да ги обезбеди добрата и
услугите кои влегуваат во потрошувачката кошничка на еден типичен урбан
потрошувач (домаќинство). Математички може да се изрази како:

Равенка 1

𝑚
𝐻𝐶𝑅 =
𝑛
𝐻𝐶𝑅 e главен збирен индекс9 , 𝑚 e бројот на домаќинства кои се сметаат за
сиромашни, и 𝑛 е вкупно население / домаќинства. Предноста на ова мерило е
неговата едноставност. Тоа дава јасна слика за бројот на сиромашни
лица/домаќинства во земјата. Негов основен недостаток е несензитивноста во
однос на дистрибуцијата под линијата на сиромаштија, односно неговата

9
Suresh D. Tendulkar and L. R. Jain (1995) , Economic Reforms and Poverty Economic and Political
Weekly, Vol. 30, No. 23 (Jun. 10, 1995) , pp. 1373-1375+1377 Article Stable
URL: https://www.jstor.org/stable/4402854

7
несензитивност во случај кога, на пример, сиромашното лице/домаќинство стане
уште посиромашно.

Индексот на длабочина на сиромаштијата (Poverty Gap index)

Равенка 2

𝑚
1 𝑧 − 𝑦𝑖
𝑃𝐺 = ∑ [ ]
𝑚 𝑧
𝑖=1

Каде 𝑦𝑖 … … . . 𝑦𝑚 < 𝑧 < 𝑦𝑚+1 … … . . 𝑦𝑛 , 𝑧= линијата на сиромаштијата, 𝑦𝑖 =доходот


на i-тата личност. Врз основа на просечниот доход на сиромашните лица 𝑦𝑚 :

Равенка 3

𝑚
1
𝑦𝑚 = ∑ 𝑦𝑖
𝑚
𝑖=1

Коефициентот на недостаток на доход I (Income gap ratio) е :


Равенка 4

𝑧 − 𝑦𝑚
𝐼=
𝑚

Индексот на длабочина на сиромаштијата може да се напише и во следнава


форма :

Равенка 5

𝑃𝐺 = 𝐼 ∗ 𝐻

Изразот пак за острина на сиромаштијата (јазот на сиромаштијата на квадрат)


пак може да се напише на следниов начин:

Равенка 6

𝑚
1 𝑧 − 𝑦𝑖 2
𝑆𝑃𝐺 = ∑ [ ]
𝑚 𝑧
𝑖=1

8
Општата класа за адитивно сепарабилни индекси на сиромаштијата е
деривирано од Foster-Greer-Thorbecke индексот , односно тоа се мерила од
𝑃𝑎 класа.

Равенка 7

𝑚
1 𝑧 − 𝑦𝑖 𝑎
𝑃𝑎 = ∑ [ ] , за 𝑎 ≥ 0
𝑚 𝑧
𝑖=1

Кај овој индекс 𝐻 кореспондира 𝑎 = 0 :


Равенка 8

𝑚
𝑃𝑎 = =𝐻
𝑛
Додека пак 𝑃𝐺 кореспондира со 𝑎 = 1 :

Равенка 9

𝑚
1 𝑧 − 𝑦𝑖 𝑚 𝑧 − 𝑦𝑚
𝑃1 = ∑ [ ]= [ ] = 𝐻 ∗ 𝐼 = 𝑃𝐺
𝑚 𝑧 𝑛 𝑧
𝑖=1

Конечно, посебно значајно е да се испита сензитивноста на мерилата на


сиромаштија во однос на определената линија на сиромаштија. Еден од
начините да се направи тоа (интуитивен начин) е со помош на т.н. Кумулативна
функција на дистрибуција. Кумулативната функција на дистрибуција ги покажува
промените во степенот на сиромаштијата, кои се резултат од промените во
линијата на сиромаштијата. Наредно го претставуваме индексот на Amartya
Sen10. Индексот на Sen врши комбинација на ефектите поврзани со : 1) бројот на
сиромашните луѓе/домаќинства, 2) длабочината на нивната сиромаштија; и
3)дистрибуцијата на сиромаштијата во групата :

Равенка 10

𝑦̅ 𝑝
𝑃𝑠 = 𝑃0 (1 − (1 − 𝐺 𝑝 ))
𝑧

10
Amartya Sen (March 1976). "Poverty: An Ordinal Approach to Measurement". Econometrica. 44 (2): 219–
231. JSTOR 191271. doi:10.2307/1912718.

9
Каде : 𝑃𝑠 е индексот на Sen, 𝑃0 е главниот збирен индекс, 𝑦̅ 𝑝 е просечен
доход/потрошувачка на сиромашните , 𝐺 𝑝 е Џини коефициентот11, 𝑧 е линија на
сиромаштијата. Индексот на Sen12,

Равенка 11

𝑃𝑠 = 𝑃0 𝐺 𝑝 + 𝑃1 (1 − 𝐺 𝑝 )

Во претходниот израз 𝑃1 е индексот на длабочина на сиромаштијата.

9.5 Мерење на човековата сиромаштијата

Концептот на човековиот развој користи сопствено мерило - индекс на човекова


сиромаштија (human poverty index - HPI). Индексот на човековата сиромаштија
ги комбинира основните димензии на сиромаштијата: краткиот живот,
недостатокот на образование, социјалната исклученост и недостатокот на
материјални добра. Тој обезбедува информации за степенот на човековата
сиромаштија, што значи дека по својата природа одговара на главниот збирен
индекс, од класата мерила на доходовната сиромаштија. Различната природа на
сиромаштијата е причина компонентите на индексот на човековата сиромаштија
да бидат различни за недоволно развиените и за развиените земји. Индексот на
човековата сиромаштија за недоволно развиените земји HPI-1 се базира на три
основни компоненти од животот на луѓето, кои во целост одговараат на оние кои
се користат при пресметката на индексот на човековиот развој - HDI: должината
на животот, знаењето и животниот стандард. Првата компонента должината на
животот се однесува на опстанокот, односно на можната смрт на лицето во
релативно раните години. Оваа компонента во индексот е застапена преку
процентот на луѓе кои се очекува дека ќе го завршат својот живот пред
навршувањето на 40-годишна возраст. Втората компонента знаењето се
однесува на исклученоста од светот на писменоста и комуникациите и во
индексот е застапена преку процентот на возрасни кои се неписмени. Третата

11
Џини коефициентот се движи од 0 (совршена еднаквост) до 1 (совршена нееднаквост).
12
World bank institute (2005), Introduction to Poverty Analysis, Introductory Course of Poverty Analysis
(manula),p.75

10
компонента животниот стандард се однесува на општата економска снабденост.
Таа во индексот е застапена преку три променливи: процентот на луѓе кои имаат
пристап до здравствени услуги, процентот на луѓе кои имаат пристап до здрава
вода за пиење и процентот на недоволно исхранети деца до петгодишна
возраст.

Индексот на човековата сиромаштија за развиените земји HPI-2 е фокусиран на


истите компоненти како и HPI-1, со таа разлика што е надополнет со уште една
- четврта компонента социјалната исклученост, односно неможноста луѓето да
партиципираат во општествените текови. Оваа компонента во индексот е
застапена преку стапката на долгорочна невработеност (невработеност над 12
месеци). Покрај тоа, при неговата пресметка, HPI-2 користи и различни маргини
на променливите. Овие компоненти се дадени како :

Равенка 12

1
1 𝑎
HPI − 1 = [ (𝑃1𝑎 + 𝑃2𝑎 + 𝑃3𝑎 )]
3

HPI − 1

𝑃1 -Веројатноста на раѓање за некој да не доживее 40

𝑃2 −Стапка на писменост за возрасни

𝑃3 −Непондериран просек на популацијата без одржлив пристап до подобрени


извори на вода и деца кои се под тежината за возраста

𝑎: 3

Равенка 13

1
1 𝑎
HPI − 2 = [ (𝑃1𝑎 + 𝑃2𝑎 + 𝑃3𝑎 + 𝑃4𝑎 )]
4

𝑃1 -Веројатноста на раѓање за некој да не доживее 60 (100)

𝑃2 −Возрасни на кои има фалат вештини за писменост

11
𝑃3 −Популација која живее под линијата на сиромаштија (50% од медијалниот
прилагоден расположив доход)

𝑃4 −стапка на долгорочна невработеност (подолга од 12 месеци)

𝑎: 3

Последниот индекс ја опфаќа и социјалната исклученост.

9.6 Нееднаквост

Поимот нееднаквост13 , во основа, се однесува на диспаритетите во


дистрибуцијата на доходот меѓу лицата, домаќинствата и групите лица.
Нееднаквоста е поширок концепт од сиромаштијата.

Таа се однесува на целата популација, а не само на сиромашните луѓе, односно


лицата, домаќинствата и групите лица кои се наоѓаат под определена линија на
сиромаштија. Доходите на врвот и во средината на дистрибуцијата можат да
бидат исто онолку битни, колку што се битни доходите на дното од
дистрибуцијата. Нееднаквоста е потесен концепт од благосостојбата. Иако и
двата концепта ја опфаќаат целата дистрибуција на популацијата, нееднаквоста
е независна од просекот на дистрибуцијата и е ориентирана кон дисперзијата на
дистрибуцијата (што не може да се рече за концептот на благосостојбата).

Според нобеловецот Simon Kuznets степенот на нееднаквоста е резултат на


фазата на економскиот раст во која се наоѓа земја. Односно дека во
иницијалната фаза на развој се зголемува нееднаквост, за да во понатамошните
фази таа нееднаквост се намалува. Тоа може да го илустрираме преку
Кузнецовата хипотеза.

13 Се мисли на економската нееднаквост. Во продолжение, поимот нееднаквост ќе го користиме како


синоним за поимот економска нееднаквост.

12
9.7 Кузнецова хипотеза

Растот на доходот не е релативно еднакво дистрибуиран меѓу луѓето.


Прашањето на кое се бара одговор e : Кој добива а кој губи од економскиот раст?.
Одговорот на ова прашање го дава Кузнецовата крива во форма на превртено
“U”. Симон Кузнец покажа дека нееднаквоста има тенденција да се зголемува за
време на иницијалната фаза на економскиот раст. А доходот пер капита расте
за цело време14.

Слика Кузнецова крива

Кузнец својата хипотеза ја базира на три сегменти :


1. Економскиот раст го зголемува нивото на доходот пер капита
2. За време на растот работната сила се сели од земјоделскиот кон
индустрискиот сектор
3. Причина за селењето на работната сила е повисоката продуктивност и
повисоките плати во индустрискиот, наспроти земјоделскиот сектор.
И како што работната сила се сели од земјоделскиот кон индустрискиот сектор
се зголемува нееднаквоста, и започнува процесот на индустријализација. Штом
поголемиот дел од работната сила ќе се пресели во индустрискиот сектор ,

14
Kuznets, S., (1955): Economic Growth and Income Inequality, American Economic Review, vol.45.

13
нееднаквоста почнува повторно да се намалува. Селењето на работниците од
земјоделскиот во индустрискиот сектор ќе има мал ефект врз нееднаквоста.
Инаку Кузнецовата пресвртна точка го покажува нивото на доходот каде
зависната променлива Џини коефициентот зазема највисока вредност 15. Сепак
емпириските истражувања на Кузнецовата крива покажаа дека таа е спорна. Во
ниско развиените земји, имајќи ги предвид техничките (статистичките)
недостатоци, економскиот раст наместо да ја намалува, ја зголемува
нееднаквоста. Секако, постојат и истражувања кои ја поткрепуваат аналитичката
вредност на Кузнецовата крива и во ниско развиените земји.

9.8 Мерила на нееднаквоста

Мерила на нееднаквост се делат во две групи- Позитивни и Нормативни.


Позитивните мерила настојуваат да ја квантифицираат нееднаквоста во
објективна смисла, при што најчесто користат некое статистичко мерило на
релативната варијација на доходот. Нормативните мерила, пак, се засновани на
експлицитна формулација на општествената благосостојба. Неколку позитивни
мерила на нееднаквоста, кои имаат најчеста примена во практиката се:
распонот, просечното релативно отстапување, варијансата, коефициентот на
варијација и Џини коефициентот.

Распон-Ако претпоставиме дека имаме 𝑛 лица и дека 𝑦𝑖 е доходот на лицето 𝑖,


каде 𝑖 = 1, … . , 𝑛, а просечниот доход е 𝑦̅, тогаш следува дека:

Равенка 14

𝑛
∑𝑛𝑖=1 𝑦𝑖
𝑦̅ = ⟹ ∑ 𝑦𝑖 = 𝑛𝑦̅
𝑛
𝑖=1

Односно :

Равенка 15

𝑦𝑖 = 𝑛𝑦̅𝑥𝑖

15
exp(-ß1/2*ß2). ß1 е коефициентот на линеарниот GDP и ß2 е коефициентот на
квадрираниот GDP.

14
Во последниот израз 𝑥𝑖 е релативниот придонес на лицето 𝑖.Распонот како
мерило за нееднаквоста во доходите го дефинираме како :

Равенка 16

(max 𝑦𝑖 − min 𝑦𝑖 )
𝑖 𝑖
𝐸=
𝑛

Ако доходот е дистрибуиран апсолутно еднакво, тогаш 𝐸 = 0 , односно ако едно


лица го добие целиот доход 𝐸 = 𝑛. Според тоа распонот се движи од 0 до
𝑛.Основниот недостаток на ова мерило е што ги вклучува само крајните
вредности а не ја вклучува целата дистрибуција.

9.9 Просечно релативно отстапување

Просечното релативно отстапување М, се добива со собирање на апсолутните


разлики меѓу просечниот доход и доходот на секое лице, одделно. Добиениот
збир се дели со вкупниот доход

Равенка 17

𝑛
|𝑦̅ − 𝑦𝑖 |
𝑀=∑
𝑛𝑦̅
𝑖=1

Ако постои совршена еднаквост во дистрибуцијата, тогаш 𝑀 = 0, ако, пак, постои


совршена нееднаквост во дистрибуцијата, односно едно лице го присвојува
целиот доход, тогаш:

Равенка 18

2(𝑛 − 1)
𝑀=
𝑛

Недостатокот на ова мерило е неговата несензитивност во однос на преносот на


доход од посиромашно кон побогато лице, односно од лице со помал, кон лице
со поголем доход. Овој недостаток важи сé додека и двете лица се наоѓаат на
иста страна во однос на просечниот доход.

15
9.10 Варијанса

Ако извршиме квадрирање на апсолутните вредности добиени како разлика меѓу


просечниот и доходите на лицата , а потоа ги поделиме со просечниот доход, ќе
ја добиеме и варијансата 𝑉:

Равенка 19

𝑛
(𝑦̅ − 𝑦𝑖 )2
𝑉=∑
𝑦̅
𝑖=1

бидејќи варијансата математички зависи од просечната големина (просечниот


доход), може да се случи една дистрибуција да покаже поголеми релативни
отстапувања од друга, а сепак да даде ниска вредност на варијансата, доколку
просечниот доход, од кого го мериме отстапувањето, е понизок отколку кај
втората дистрибуција16.Овој недостаток на варијансата можеме да го
отстраниме со користење на т.н. коефициент на варијација 𝐶:

Равенка 20

𝑉 1/2 √𝑉
𝐶= =
𝑦̅ 𝑦̅
Коефициентот на варијација е независен од просечниот доход, и така ја
задржува сензитивноста на преносот на доход на сите нивоа.

16
Sen, A.,(1985): On Economic Inequality, Ekonomska biblioteka, Zagreb, str 23.

16
9.11 Џини коефициентот

Еден од начесто користените мерила за нееднаквоста е Џини коефициентот17.


Џини коефициентот се пресметува врз основ на Лоренцовата крива18, која што
го прикаѓува доходот присвоен од страна на најсиромашните X% лица , т.е.
односот меѓу кумулативниот процент на лицата кои примаат доход и
кумулативниот процент на вкупен доход. Лоренцовата крива е дијагонала кога
секое лице прима просечен доход. Наредно даваме пример за прикажување на
Лоренцовата крива со податоци од САД за 2001

Табела Дистрибуција на допходот по популација (%) за 2001 во САД


Population share Income Cumulative income линија на hypothetic
share share хипотетичка income
распределба share

Година 1981
0 0 0 0 0
20 4.2 4.2 20 20
40 10.2 14.4 40 40
60 16.8 31.2 60 60
80 25 56.2 80 80
100 43.8 100 100 100

Година 2001
0 0 0 0 0
20 3.5 3.5 20 20
40 8.7 12.2 40 40
60 14.6 26.8 60 60
80 23.1 49.9 80 80
100 50.1 100 100 100

%на
просечен Лоренцова
квинтил вкупен c%HH 45_степени A B Џини
доход крива
доход

1 $20,186 6.94% 0% 0% 0% 0.1877 0.3123 0.3754

17
Gini, C. (1909). "Concentration and dependency ratios" (in Italian). English translation in Rivista di Politica
Economica, 87 (1997), 769–789.
18
Лоренцовата крива е визуелно мерило за нееднаквоста.

17
2 $25,321 8.71% 20% 6.94% 20% 0.006943

3 $42,492 14.61% 40% 15.65% 40% 0.022594

4 $66,939 23.02% 60% 30.27% 60% 0.045918

5 $135,811 46.71% 80% 53.29% 80% 0.083556

100% 100.00% 100% 0.153289

Слика Лоренцова крива во САД 2001

Лоренцова крива во САД 2001


100%

80%
Кумулативен % од доходот

60%

40%

20%

0%
0% 20% 40% 60% 80% 100%
кумулативен процент % на домаќинства
Lorenz_new 45_deg

Притоа Џини коефициентoт е еднаков на :


Равенка 21

𝑛 𝑛
1
𝐺 = ( 2 ) ∑ ∑|𝑦𝑖 − 𝑦𝑗 |
2𝑛 𝑦̅
𝑖=1 𝑗=1

𝑦1 ≥ 𝑦2 ≥ ⋯ … . ≥ 𝑦𝑛
Во претходниот израз 𝐺 −Џини коефициентот, 𝑛 е вкупно население, 𝑦𝑖 е
доходот на лицето 𝑖, додека 𝑦𝑗 е доходот на лицето 𝑗.За пресметка на
Лоренцовата крива најчесто с е применуваат :Општата квадратна Лоренцова

18
крива (GQ)19, и Бета Лоренцовата крива20. Методот на параметризирана
Лоренцова крива се базира на следниве две функции :

1) Функцијата на Лоренцовата крива :

Равенка 22

𝐿 = 𝐿(𝑝; 𝜋)
𝐿 е делот на агрегатната потрошувачка кој им припаѓа на најсиромашните , 𝑝
проценти од популацијата , 𝜋 е вектор на параметрите на Лоренцовата крива.
2) Функцијата на мерило на сиромаштијата

Равенка 23

𝑃 = 𝑃(𝑦̅/𝑧; 𝜋)

Во претходниот израз 𝑃 е мерило на сиромаштијата дадено како функција од


просечната потрошувачка /доход 𝑦̅ и линијата на сиромаштијата 𝑧, и 𝜋 параметрите
на Лоренцовата крива. Равенките за Бета и GQ Лоренцова крива како и мерилата за
сиромаштија(𝐻, 𝑃𝐺, 𝑃2 ) деривирани до нив се дадени во следната табела :

Табела Бета и GQ Лоренцова крива

Бета Лоренцова крива GQ Лоренцова крива

Равенка на
𝐿(1 − 𝐿) = 𝑎(𝑝2 − 𝐿) + 𝑏𝐿(𝑝 − 1) + 𝑐(𝑝 − 𝐿)
Лоренцовата 𝐿(𝑝) = 𝑝 − 𝜃𝑝𝛾 (1 − 𝑝)𝛿 1
крива 𝐿(𝑝) 𝐿(𝑝) = − [𝑏𝑝 + 𝑒 + (𝑚𝑝2 + 𝑛𝑝 + 𝑒 2 )1/2 ]
2

𝛾 𝛿 𝑧 1 2𝑧
(𝐻) 𝜃𝐻 𝛾 (1 − 𝐻)𝛿 [ − ]=1− 𝐻=− [𝑛 + 𝑟(𝑏 + {(𝑏 + 2𝑧/𝑦̅)2 − 𝑚}1/2 ]
𝐻 (1 − 𝐻) 𝑦 2𝑚 𝑦

(𝑃𝐺) 𝑃𝐺 = 𝐻 − (𝑦̅/𝑧)𝐿(𝐻) 𝑃𝐺 = 𝐻 − (𝑦̅/𝑧)𝐿(𝐻)

19
Datt, G., (1998) , Computational tools for poverty measurement and analysis, FCND Discussion papers
20
Villasenor, J. and B. C. Arnold (1984) 'The General Quadratic Lorenz Curve', Technical
report, Colegio de Postgraduados, Mexico, (1989), Villasenor, J. and B. C. Arnold (1989) 'Elliptical Lorenz Curves',
Joumalof Ecor 40: 327-338

19
𝑃2 = (1 − 𝑦̅/𝑧)[2(𝑃𝐺) − (1 − 𝑦̅/𝑧)𝐻]
+ 𝜃 2 (𝑦̅/𝑧)2 [𝛾 2 𝐵(𝐻, 2𝛾 𝑃2 = 2(𝑃𝐺) − 𝐻 − (𝑦̅/𝑧)2 [𝑎𝐻 + 𝑏𝐿(𝐻)
(𝑃2 ) − 1,2𝛿 + 1)
𝑟 1 − 𝐻/𝑠1
− 2𝛾𝛿𝐵(𝐻, 2𝛾, 2𝛿) −( ) 𝑙𝑛 ( )]
16 1 − 𝐻/𝑠2
+ 𝛿 2 𝐵(𝐻, 2𝛾 + 1,2𝛿 − 1)]
𝑒 = −(𝑎 + 𝑏 + 𝑐 + 1)
𝑚 = 𝑏 2 − 4𝑎
𝑘 𝑛 = 2𝑏𝑒 − 4𝑐
Забелешка : B(k, r, s) = ∫ 𝑝𝑟−1 (1 − 𝑝)𝑠−1 𝑑𝑝
0 𝑟 = (𝑛2 − 4𝑚𝑒 2 )1/2
𝑠1 = (𝑟 − 𝑛)/(2𝑚)
𝑠2 = −(𝑟 − 𝑛)/(2𝑚)

Извор : Datt, G., (1998) , Computational tools for poverty measurement and analysis, FCND
Discussion papers

20
11. Дискриминацијата и економската теорија

Стандардниот модел во економската наука оној на Ароу-Дебреу (Аrrow-Debreu)1


претпоставува дека под стандарните претпоставки како што се: конвексни
преференции,перфектна конкуренција (сите фирми се price takers), мора да постои
множество на цени такви што агрегатните побарувачки ќе станат еднакви на агрегатните
понуди за секоја стока во економијата. Сега ќе дефинираме што се конвексни
преференции :
Дефиниција :
x,y,z се три потрошувачки кошнички.Формално преференциите ≽се конвексни ако за
секој :
𝑥, 𝑦, 𝑧 ∈ 𝑋; 𝑦 ≽ 𝑥, 𝑧 ≽ 𝑥 и
∀𝜃 ∈ [0,1], 𝜃𝑦 + (1 − 𝜃)𝑧 ≽ 𝑥
т.е. за секои две потрошувачки кошнички кои се барем исто толку добри како и
третата, пондерираниот просек на двете кошнички е барем исто толку добар како
и третата.Случајот на стрикто конвексните преференции пак е :
𝑥, 𝑦, 𝑧 ∈ 𝑋; 𝑦 ≽ 𝑥, 𝑧 ≽ 𝑥; 𝑦 ≠ 𝑧 и
∀𝜃 ∈ [0,1], 𝜃𝑦 + (1 − 𝜃)𝑧 ≻ 𝑥

Но во реалноста,спротивно на претпоставките на Ароу-Дебреу информациите не се


бесплатни ниту пак се достапни. Еден таков класичен пример за некомплетни
информации е пазарот за “Лимони” -лоши производи на Акерлоф (1970)2.
✓ Функција на корисност на продавачот:

𝑈𝑠 = 𝑀 + ∑𝑖 𝑥𝑖

✓ Функција на корисност на купувачот:

3
𝑈𝑏 = 𝑀 + ∑𝑖 (2) 𝑥𝑖

Каде M е потрошувачката на останати добра , 𝑥𝑖 е квалитетот на i-тото добро.


Квалитетот на доброто има униформна дистрибуција 0 ≤ 𝑥𝑖 ≤ 2 ,т.е. 𝑈𝑛𝑖~(0,2) , или
функционалната зависност на просечниот квалитет од цената е 𝜇 = 𝜇(𝑝).
𝑝
Просечниот квалитет да добрата обезбедени од продавачите е 𝜇 = 2. Во еквилибриум
: не постои пазар и нема трговија по било која цена.
-очекуваната вредност за купувачот :
3/2*очекуваниот просечен квалитет=3/2*p/2

1
Arrow, K. J.; Debreu, G. (1954). "Existence of an equilibrium for a competitive economy". Econometrica. 22
(3): 265–290.
2
Akerlof, George A. (1970). "The Market for 'Lemons': Quality Uncertainty and the Market
Mechanism".Quarterly Journal of Economics. The MIT Press. 84 (3): 488–500.

1
Очекуваната нето-добивка :
3/2*p/2-p=-1/4*p<0
Трговијата исчезнува поради асиметрични информации.
Ако пак има наивни купувачи и сепак одлучат да тргуваат тогаш:
Загубата пак е ¼ од цената за секој тргуван производ, а загубата на корисноста
(богатството) на наивните купувачи е =1/4 *3/2=3/8.
Сега одиме натаму со заклучокот дека бидејќи луѓето немаат доволно информации,
тие нагодуваат или се обидуваат да го предвидат однесувањето на индивидуаите врз
основа на ограничени видливи карактеристики. Овие карактеристики се нарекуваат
индикатори. На пример брзината на лентата во фабрика е индикатор за способноста
на работникот,или пак во земјоделието производствот е индикатор за диференцирање
меѓу фармерите кои вложуваат различни нивоа на напор во култивирањето на
растенијата. Постои и т.н. статистичка дискриминација која предвидува дека сите
личности од иста раса имаат иста способност.Или пак околу општествените класи се
верува дека припадниците на иста класа или каста имаат исто однесување.
Однесувањеот се поврзува со културата која пак се состои од ” регуларности во
однесувањето интерно и екстерно, на членовите на општеството, и ги исклучува оние
карактеристики кои се чисто наследни”3. Типичните предвидувања на однесувањето
врз база на индикатори опфаќаат : каста (касти-взаемно исклучиви групи), класа, раса,
пол, религија, имотен статус, или работа. На пример во исполичарството
(sharecropping)4 , платата на фармерот завси од напорот 𝑒 кој го вложува и времето
кое го поминува во напор 𝑡.

𝑤 = 𝑤(𝑒, 𝑡)
Без да го надгледува фармерот сопственикот на земјата не може да го определи
напорот кој е вложен, и платата на фармерот ќе зависи од просечниот напор 𝑒 :
𝑤 = 𝑤(𝑒, 𝑡)
Ова не дава поттикнувачи рабoтникот да работи над минимално потребниот напор да
биде платен за времето. Во овој модел фармерот кој работи на земјата на
сопственикот (landlord) е многу посиромашен и помалку ликвиден (нема земја која
може да ја даде под хипотека), и природно е да претпоставиме дека тој го сноси
ризикот од неуспешна жетва.Сопственикот значи треба да го продаде родот и даму
даде плата на фармерот. Во примерот пак со работата во фабрика брзината зависи од
условите за работа и од годините на образование. Така во овој модел постојат 𝑁 класи
на работници, нумерирани од 1 до 𝑁 .Сите класи имаат еднаква популација, т.е. ист
број на работници. Корисноста на работниците од класата 𝑛 зависи од добрата кои тие
ги конзумираат 𝐺, и брзината на работа 𝑆.Ова е дадено со функцијата на корисност :
3
𝑈 = 𝐺 − 𝑆 − (𝑆 − 𝑛)2 , 𝑛 = 1, … , 𝑁
8
3
Каде 8 е арбитрарна константа,кој е резултат на желбата да имаме ист еквилибриум за
работниците од иста класа по иста брзина. Наједноставната производна функција е
дадена :

3
Bagby, Philip (1959). Culture and History. Berkeley: University of California Press.
4
Договор за наем според кој половина од приходот добива сопственикот на нивата, а половина тој што
ја зема да ја обработува.

2
𝑄 = 𝛼 +𝑆
Каде 𝑄 е аутпутот по работник 𝛼 e просечната оценка на работникот на лентата во
фабриката, и 𝑆 ја претставува брзината на лентата. Или претходниот израз за
корисноста е еднаков на ;
3 3
𝑈 = 𝐺 − 𝑆 − (𝑆 − 𝑛)2 = 𝛼 − ∗ (𝑆 − 𝑛)2
8 8

Тип на Просечен Тип на Просечен


Брзина Корисност Брзина Корисност
работник квалитет работник квалитет

𝑛 𝑛−1 𝑛−1 𝑁 𝑁−1 𝑁−1

3≤𝑛
3 𝑁 3
≤𝑁−1 𝑛+1 𝑛 𝑛− 𝑁+1 𝑁+1 𝑁−
8 8

1 3
𝑛+2 𝑛−1 𝑛− 𝑁+2 𝑁 𝑁−
2 2

5 11 11
0 1 2
8 8 8

13
1 1 1 1 2 3 2
8

5 12
2 1 4 3
8 8

Oд претходната Табела очигледно е дека сите работници работат на поголема брзина


од оптималната. Знаи во отсуство на работници со поинакви оценки работник од типот
𝑛 ќе работи со брзина 𝑛. Решението е неоптимално, бидејќи секој работник освен оние
со најниска брзина работи побрзо отколку што би работел во отсуство на другите
работници, работниците ја зголемуваат брзината за да ги победат работниците со
пониски оценки и да не го делат аутпутот со нив. На пример на работнкот од типот 𝑁
корисноста му е максимизирана по брзина 𝑁 + 1.

11.1 Дефинирање на дискриминацијата


The fact that different groups of workers, be they skilled or unskilled,black or white, male or
female, receive different wages, invites the explanation that the different groups must differ
according to some characteristic valued on the market. In standard economic theory, we
think first of differences in productivity. The notion of discrimination involves the additional
concept that personal characteristics of the worker unrelated to productivity are also valued
on the market ,Arrow(1973)
Значи дискриминацијата се дефинира како концепт кој вклучува лични карактеристики
на работникот , настрана од продуктивноста на работникот кои исто така се

3
вреднуваат на пазарот. Формално дисксриминацијата можеме да ја претставиме и во
форма на економетриска равенка :
𝑌𝑖 = 𝛽𝑋𝑖 + 𝛼𝑍𝑖 + 𝜖𝑖
Претходната равенка е равенка за заработката на работникот 𝑌𝑖 како функција од
продуктивноста 𝑋𝑖 фактори кои не се поврзани со продуктивноста 𝑍𝑖 . Групата значи е
дискриминирана во претходниот случај амо 𝛼 < 0.

11.2 Дискриминација базирана на вкусови


Во Бекер (1957), моделот на дискриминацијата на работодавачот е разработен но овој
модел е добро изложен во Altonji,Blank (1999). Тука има две групи 𝑎 мнозинската група
и 𝑏 малцинската група. Двете групи се префектни субститути во производството.Во
ситуација ан дискриминација од страна на работодавачот тој покажува
дискриминација спрема членовите од групата 𝑏. Нека сега 𝑑 биде коефициентот на
дискриминација како во Бекер (1957)или параметарот за вкус за дискрминацијата во
фирмата тогаш максимизирањетo на корисноста на фирмата можеме да го напишеме
како :
𝑈 = 𝑝𝐹(𝑁𝑏 + 𝑁𝑎 ) − 𝑤𝑎 𝑁𝑎 − 𝑤𝑏 𝑁𝑏 − 𝑑𝑁𝑏
Каде 𝑝 е цената, 𝐹 е производната функција, 𝑁𝑎 ; 𝑁𝑏 се работниците кои се вработени
од групите 𝑎, 𝑏 и 𝑤𝑎 , 𝑤𝑏 се платите кои тие соодветно ги земаат. Работодавачите имаат
вкус за дискриминација кога 𝑑 > 0.Во тој случај се однесува као цената за најмување
на 𝑏 да е w𝑏 + 𝑑 .Фирмата ќе вработува работници од групата 𝑏 само ако 𝑤𝑎 − 𝑤𝑏 ≥
𝑑.Нека 𝐺 (𝑑) е кумулативната дистрибуција ан фрејвенции CDF на 𝑑. Фирмите ќе
изберат 𝑁𝑎 , 𝑁𝑏 според :
𝑑𝑈
= 0 ⇒ 𝑝𝐹 ′ (𝑁𝑏 + 𝑁𝑎 ) = 𝑤𝑎
𝑑𝑁𝑎
Претходното важи за фирмите кои вработуваат 𝑎 работници. И

𝑑𝑈
= 0 ⇒ 𝑝𝐹 ′ (𝑁𝑏 + 𝑁𝑎 ) = 𝑤𝑏 + 𝑑
𝑑𝑁𝑏
За фирмите кои вработуваат 𝑏 работници. Ако ја третираме цената 𝑝 како фиксна низ
индустриите тогаш наменините ќе гинајдеме така што ќе ги изедначиме понудата и
побарувачката за 𝑎 и 𝑏 работници.
𝑁𝑎𝑑 (𝑤𝑎 , 𝑤𝑏 , 𝐺 (𝑑)) = 𝑁𝑎𝑠 (𝑤𝑎 )

𝑁𝑏𝑑 (𝑤𝑎 , 𝑤𝑏 , 𝐺 (𝑑)) = 𝑁𝑏𝑠 (𝑤𝑏 )

Разликата во плати wb < wa ќе с епојави само ако делот на фирмите кои имаат
предрасуди против членовите на групата b е доволно голем и дека побарувачката b
работници кога wb = wa е помала од понудата.

11.3 Статистичка дискриминација


Тука работодавачите го користат просечниот квалитет на расата за да го предвидат
квалитетот на припадниците (работниците) од таа раса.Оваа претпоставка е таква

4
како во моделот на Ароу (1972)5. Aко е ова точно тогаш тоа би ги уништило сите
мотиви за само-подобрување на таа раса, бидејќи сите припадници на расата се
оценети исто, и ќе им биде исплатена иста плата без разлика на индивидуалните
заслуги. Вака се навлегува во стапицата на низок еквилибриум: како расата според
предрасудите е некавилификувана, тогаш припадниците на таа раса не ни имаат
мотив да се квалификуваат и така пророштвото се остварува. Сега во моделот што ќе
го претстваиме има два типа на работни места :оние кои бараат квалификуван и оние
кои бараат или квалификуван или некваилификуван труд. Моделот е претставен ов
Акерлоф (1976)6.Промената во пропорцијата на квалификуваните работници зависи од
поттикнувачите за само-подобрување, кои се разликите во платите за квалификуван и
неквалификуван труд на таа раса. Сега околу ознаките нека 𝑓𝑢 e маргиналниот
производ на неквалификуваниот труд, 𝑓𝑞 е маргиналниот производ на
квалификуваниот труд, нека 𝑝𝑅 е пропорцијата од расата 𝑅 која е предодредена да
биде квалификувана. Нека 𝑃𝑅̇ биде промената на пропорцијата на квалификуваните
работници во расата. Бројката на ново квалификуваните работници во расата 𝑅
зависи од разликата во плати а квалификуваните спрема неквалификуваните
работници од таа раса. Исто така нека 𝑟 се трошоците кои се потрошени во обид да
се определи дали работникот од оппределена класа е квалификуван или
некфалификуван. Стапката на пензионифрање на таа класа е 𝜆 , па можеме да ја
напишеме 𝑃𝑅̇ како :
𝑃𝑅̇ = 𝜙(𝑤𝑞𝑅 − 𝑤𝑢𝑅 ) − 𝜆𝑃𝑅

Каде 𝑤𝑞𝑅 е платата исплатена на квалификуваните работници, а 𝑤𝑢𝑅 е платата


исплатена на неквалификуванте работници. Aко трошоците за испитување на
квалификуваноста на работник од определена раса ги надминуваат маргиналните
продуктивности на квалификуваните и неквалификуваните работници, ниеден
работник нема да биде тестиран и сите работници ќе бидат искористени во
неквалификуваните работни места. Конкурентна фирма со нула профит, би плаќала
плати според следниот распоред:
𝑟
𝑤𝑞𝑅 = max (𝑓𝑞 − , 𝑓 ) ; 𝑤𝑢𝑅 = 𝑓𝑢
𝑃𝑅 𝑢
И тогаш 𝑃𝑅̇ ќе биде :
𝑟
𝑃𝑅̇ = 𝜙 (max (𝑓𝑞 − , 𝑓 , 0) ) − 𝜆𝑃𝑅
𝑃𝑅 𝑢
𝜆𝑟
И ако 𝜙 (0) e мало помало од (𝑓 −𝑓 ), 𝑃𝑅 Има локален стабилен еквилибриум на ниско
𝑞 𝑢
𝜙(0)
ниво кој е ееднаков на 𝜆 .Сепак во реланоста овој модел може да с епримени само
за карактеристиките кои е лесно д а се обсервираат. Значи во моделот на Ароу
дискирминацијата постои барем делумно поради поттикнувачите. Во моделот на
Бекер(1970) 7на приме дискриминацијата постои и покрај економските поттикнувачите,
таму таа постои поради вкусовите или афинитетите за дискриминација. Во
еквилибриум со дискриминација ќе има многу различни резултати од оние

5
Arrow, Kenneth J., ‘Models of Job Discrimination’ and ‘Some Mathematical Models of Race
Discrimination in the Labor Market,’ in Anthony H. Pascal, ed., Racial Discrimination in Economic
Life (Lexington, MA: D. C. Heath, 1972)
6
Akerlof, George. 1976. The Economics of Caste and of the Rat Race and Other Woeful Tales,
Quarterly Journal of Economics 90(4): 599-617
7
Becker, G., (1969) .The Economics of Discrimination (Chicago: University of Chicago Press, 1969)

5
претпостаевните од неокласичната економска мисла. Прво, побарувачката за
дискриминираните фактори ќе биде многу помала, и паричните трошоци за
произвдство на аутпут ќе бидта поголеми од минималните парични трошоци. Ова е
прикажно на следниот графикон.На него линијата 𝐶𝐶 ја претставува линијата на цени
доколку не би постоела дискриминација, и ако 𝑋 единици се произведени, и каде 𝑋𝑋 е
изоквантата на произведените единици. Кооординатите на цената се N и W , односно
црнци (negroes) и белци (whites) вработени, a линијата OC е мерка за минималните
парични трошоци за производство на 𝑋.

Фигура 1 Ефектите на дискриминацијата врз трошоците на фирмата и вработеноста

Коефициентот на маргиналната дискриминација е дадена како :


𝑤𝑊 − 𝑤𝑁
𝑀𝐷𝐶 =
𝑤𝑤
Каде 𝑤𝑊 и 𝑤𝑁 се платите на двете групи во еквилибриум. Пооопшта дефиниција за
маргиналниот коефициент за диксриминација би била како разлика соодносите на
платите на N и W со и без дикриминација.:
0
𝑤𝑊 𝑤𝑊
𝑀𝐷𝐶 = − 0
𝑤𝑁 𝑤𝑁
Aко вкусовите за дикриминација се толку големи, членовите на двете групи нема да
тргуваат меѓу себе и секое општество ќе биде во економска изолација и ќе мора да се
снаоѓа со сопствените ресурси. И оваа комплетна економска изолација ќе резултира
или ќе вклучи и економска сегрегација. Вкупниот коефициент на маргинална
дискриминација е дефиниран како актуелниот сооднос на доходите на двете групи и
соодносот без дикриминација:
𝑌(𝑊) 𝑌0 (𝑊 )
𝑀𝐷𝐶 = −
𝑌(𝑁) 𝑌0 (𝑁)

6
Каде 𝑌(𝑊 ), 𝑌(𝑁) се актуелните доходи на W и N, додека 𝑌0 (𝑊 ), 𝑌0 (𝑁) ги претставуваат
респективно доходите без дискриминација. Ефективна дискриминација против N
постои секогаш кога MDC>0. Aко се случи и постои ефективна дискриминација против
N на сите нивоа на дискриминација до W, тогаш доходот на N спрема W, мора да е
помал кога N се комплетно изолирани од W, отколку кога слободно тргуваат со W;и
под овие услови N добива повеќе од трговијата отколку W. Неопходен услов пак за да
се случи целосна дискриминација на N од странa на W на сите нивоа е :
𝑌0 (𝑊) 𝑙𝑛
>
𝑌0 (𝑁) 𝑙𝑤
Каде 𝑙𝑛 ; 𝑙𝑤 е количината труд обезбедена од N и W, 𝑌0 (𝑊 ), 𝑌0 (𝑁) ги претставуваат
респективно доходите без дискриминација. Ако N е нумеричко малцинство, 𝑙𝑛 < 𝑙𝑤 и
𝑌 (𝑊)
𝑐𝑛 < 𝑐𝑤 ова последното е количината на снабден капитал,тогаш : 𝑌0 (𝑁) > 1.Овој услов
0
покажува дека доходот на N е помал од оној на W и така N e малцинство. На
наредната слика хоризонталната оска го мери нето доходот на W а вертикалната на N,
𝑝0 ги претставува нивните доходи кога нема дискриминација, 𝑝1 пак се нивните доходи
кога има комплетна сегрегација,и кривата 𝑝0 𝑤𝑝1 кога има различни нивоа на
дискриминација од W. Бидејќи претспоставуваме дека секогаш ефективна
дискриминација постои против N тогаш затоа 𝑝0 𝑤𝑝1 никогаш не е над линијата 𝑜𝑝0.
Вкупниот MDC против N расте као што с езголемува дискриминацијата, доходите
достигнуваат минимум и вкупниот MDC максимум кога вкусовите за дикриминација се
доволно големи,за да прекинат секаква трговија меѓу W и N. Според анализата на
Бекер (1969) комплетната трговска изолација на малцинството N го редуцира
апсолутниот и релативниот доход на малцинствот и затоа ја зголемува место да ја
намали дискриминацијата против малцинството.Ефективната дискриминација
делумно се случува поради тоа што малцинството има повеќе придобивки од
тргувањето со мнозинството. Заклучок комплетната сегрегација ги зголемува
негативните ефекти од дискриминацијата.

Фигура 2 Ефектот на дискриминацијата врз доходите

7
11.4 Дискриминација од страна вработените
Вработен се дефинира како оној кој дава труд и останати услуги под договорени
услови.Исто и вработените како и работодавачите може да се разликуваат по
вкусовите за дикриминација и ова може да биде измерено со коефициент за
дискрминација DC. Ова ја конвертира монетарна единица на плата од 𝑤𝑖𝑛 примена за
работа на N во единечна стапка на наемнина 𝑤𝑖𝑛 (1 − 𝑑) , 𝑑 ја мери големината на
вработениот за вкусот за дискриминација.Единечните трошоци за дискриминацијата
се :
𝑤𝑖𝑛 − 𝑤𝑖𝑤
𝑐=
𝑤𝑖𝑛
Ако 𝑐 > 𝑑 работникот одбира да работи со N, ако 𝑐 < 𝑑 работникот одбира да работи
𝑤
со W, и ако 𝑐 = 𝑑 работникот е индиферентен меѓу N и W. Пораст на 𝑤 𝑖𝑛 > 1 и
𝑖𝑤
намалување на 𝑑 ја зголемува неговата желба да работи со N.

11.5 Ефектот на синдикатите и трговски унии


Економската моќ на синдикатите е од големо значење за економистите. Примарна
мерка за моќта на синдикатите е соодносот синдикалната плата спрема онаа која би ја
добивале работниците без синдикат. На следната слика графички ќе го разгледам
резултатот за цената и побарувачката за факторите на производствоо со и без
присуство на синдикати и монопсонисти. На следната слика DD и SS се побарувачката
и понудата за определен фактор без присуство на синдикати, и цената P со PQ
стапката на наменина и 0Q количината од факторот која е вработена или употребена.
Ако синдикатот не ја промени локацијата на кривата на побарувачката ќе се движи по
DD до точката P’Q’ како нова стапка на наемнина и 0Q’ како нова количина од
факторот која е вработена или искористена.Количината 0A ja мери количината која
сака да биде вработена од факторот по стапка на наемнина договорена од страна на
синдикатот. Kоличината Q’A го мери растојанието помеѓу количината која е достапна и
побаруваната количина.На графиконот соодносот:
𝑃 ′ 𝑄′
= мерка за моќта на синдикатот
𝑃𝑄
Додека пак соодносот :
0𝑄
= мерка за квантитативната моќ
0𝑄′
Алтернативна квантитативна мерка е :
𝑂𝐴 𝑄′ 𝐴
= 1+ ′
0𝑄′ 0𝑄
Мерката 𝑄′ 𝐴 го претставува бројот на одбиен и апликанти за работа, последната
мерка инаку го покажува бројот на апликанти по член на синдикатот. Ако синдикатот
𝑂𝐴 𝑃′ 𝑄 ′
успее да ги подобро условите за работа ќе порасне, додека пак соодносот ќе
0𝑄′ 𝑃𝑄
𝑂𝐴
остане непроменет. Ако во иднина се влошат условите за работа 0𝑄′
ќе се намали,
𝑃′ 𝑄 ′
додека пак 𝑃𝑄
ќе остане непроменето. Синдикатот во следниот случај може да ја
помест кривата на побарувачката од DD кон D’D’. Тогаш и доходот и вработеноста
може да бидат зголемени без да се зголеми вредноста на релативната мерка за
квантитет, што е покажано со точката P’’. Движењето настрана од P’’ го зголемува
јазот помеѓу бараната и снабдената колична на труд, и го зголемува бројот на
апликанти по синдикален член.

8
Фигура 3 Ефектит на синдикатот врз платата и бараната количина на труд

11.6 Статистичка дискриминација (надополнување) :Исти варијанси различни средни


вредности
Прво претпоставуваме дека e 𝛼𝑏 < 𝛼𝑤 , 𝑣𝑎𝑟(𝑢𝑏 ) = 𝑣𝑎𝑟(𝑢𝑤 ), 𝑣𝑎𝑟(𝑞𝑏 ) = 𝑣𝑎𝑟(𝑞𝑤 ) .
Рaботодавачите вработуваат според вештините на работникот :

𝑦=𝑞+𝑢
Каде 𝑢 ∼ (0, 𝜎𝑢2 ) 𝑢 е независно од 𝑞 ; 𝑞 ∼ (0, 𝜎𝑞2 )што го претставува вистинското ниво на
вештини.Бидејќи 𝑞 и 𝑢 се независни нивната коваријанса е нула. И заеднички се
нормално дистрибуирани :
𝑞 𝛼 𝜎𝑞2 0
( ) ∼ 𝑁( ),( )
𝑢 0 0 𝜎𝑢2

Сега бидејќи 𝑞 и 𝑦 се заеднички нормално дистрибуирани можеме да изведиме израз


за 𝑞̂:
𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞)
𝑞̂ = 𝐸 (𝑞|𝑦) = 𝜇𝑞 + (𝑦 − 𝜇𝑦 )
𝜎𝑦2

Каде 𝜇𝑞 ; 𝜇𝑦 се средните вредности.Ако замениме 𝛼 = 𝜇𝑞 = 𝜇𝑦 :

𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞) 𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞) 𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞) 𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞) 𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞)


𝑞̂ = 𝛼 + (𝑦 − 𝛼 ) = 𝛼 − 𝛼 + 𝑦 = 𝛼 (1 − ) + 𝑦
𝜎𝑦2 𝜎𝑦2 𝜎𝑦2 𝜎𝑦2 𝜎𝑦2

9
𝑐𝑜𝑣(𝑦,𝑞)
Сега нека 𝛾 = 𝜎𝑦2
тогаш имаме :

𝑞̂ = (1 − 𝛾)𝛼 + 𝛾𝑦
𝑐𝑜𝑣(𝑦,𝑞)
Инаку 𝛾 = 𝜎𝑦2
т.е.

𝑐𝑜𝑣(𝑦, 𝑞) 𝑣𝑎𝑟(𝑞)
𝛾= 2 =
𝜎𝑦 𝑣𝑎𝑟(𝑞) + 𝑣𝑎𝑟(𝑢)
𝑣𝑎𝑟(𝑞)
Последното значи дека 𝛾 = 𝑣𝑎𝑟(𝑞)+𝑣𝑎𝑟(𝑢) ако тестот е помалку информативен т.е. ако
𝑣𝑎𝑟(𝑢) ≫ 0 ,тогаш 𝛾 ќе биде помало. И работодавачите ќе даваат повеќе на значење
на просекот на групата 𝛼. Сега земаме во предвид две групи на работници : белци и
црнци.сега го поставуваме изразот :
𝑞̂𝑞 = (1 − 𝛾 𝑞 )𝛼 𝑞 + 𝛾 𝑞 𝑦
Бидејќи разликите во средините 𝛼𝑏 < 𝛼𝑤 , естимираното или предвиденото 𝑞̂ ќе биде
пониско з ацрнците спрема белците, за било кој скор на тестот 𝑦.На наредната слика
линиите за продуктивноста на белците и црнците имаат ист наклон заради
претпоставката за иста варијанса на 𝑞 и 𝑢.Да забележиме дека кога 𝑦𝑖 = 𝑎𝑞 ,𝐸 (𝑞𝑖 |𝑢𝑖 ) =
𝑎𝑞 :
𝑞̂𝑞 = (1 − 𝛾 𝑞 )𝛼 𝑞 + 𝛾 𝑞 𝑦
= 𝑎𝑞 − 𝑎𝑞 𝛾 𝑞 + 𝛾 𝑞 𝑎𝑞 = 𝑎𝑞

Фигура 4 Предвидување на продуктивноста на расите и тестот за скорот

10
Во претходниот случај нема еднакво плаќање за еднаква продуктивност, но има
еднакво плаќање за еднаква очекувана продуктивност. Очекуваниот сигнал за
продуктивноста 𝑦𝑖 е еднаков на актуелната продуктивност 𝑞𝑖

11.7 Истите аритметички средини различни варијанси


На наредната слика е претставена ситуација e 𝛼𝑏 = 𝛼𝑤 , 𝑣𝑎𝑟(𝑢𝑏 ) > 𝑣𝑎𝑟(𝑢𝑤 ), 𝑣𝑎𝑟(𝑞𝑏 ) =
𝑣𝑎𝑟(𝑞𝑤 ) . Тука црнците и белците имаат сто ниво на вештини, но тестот е
поинформатвен за белците отколку за црнците.На пример културните разлики како
јазикот на пример прави да биде потешко работтодавачите да ги разберат црнците од
белците.Сите работници се платени според продуктивноста , што резултира со
еднкава плата за двете групи, дадени претпоставките за еднакви просечни плати за
двете групи.Линијата за белците е со пострмен наклон бидејќи 𝑣𝑎𝑟(𝑢𝑏 ) > 𝑣𝑎𝑟(𝑢𝑤 ),
значи изразот 𝛾 е помал за црнците отколку за белците, што значи за црнците повеќе е
дадено на тежина на групниот релативен просек наспрема скорот на индивидуалните
тестови, и 𝑞̂ е помалку осетливо на 𝑦 за црнците спрема белците. Белците со скорови
𝑦 над средината примаат повисоки плати од црнците, и обратното е вистина за 𝑦
скоровите под средината (црнците примаат повисоки плати од блеците).

Фигура 5Предвидувања за продуктивностс 𝑞 по раса и скорот на тестот 𝑦 , претпоставувајќи пострен наклон


за белците.

11.8 Формалниот модел на рамнотежа во кастински систем -Акерлоф (1976)


Постојат три работни места : работни места за вешти работници(skilled jobs), работни
места за кои не се потребни вештини (unskilled jobs) , и работни места кои се состојат
во рачно чистење на полски тоалети за санитарни работници (scavenging jobs). Оваа
последната практика е укината во 1993 во Индија бидејќи се сметала за нехумана и
кастинска работа која воглавно ја вршеле жени. Значи работните места jobs ги
означуваме :𝑗 = 𝑠𝑘, 𝑢, 𝑠𝑐.Понатаму постојат n работни места 𝑖 = 1, … , 𝑛.Аутпутот од
трите работни места е :𝜃𝑠𝑘 , 𝜃𝑢 , 𝜃𝑠𝑐 , овие симболи означуваат аутпут на една единица
труд во производството на било кој производ во skilled job, unskilled job, и scavenging
job. Производната функција за доброто 𝑖 тогаш е:

𝑞𝑖𝑗 = ∑ 𝜃𝑗 𝑛𝑖𝑗
𝑗

11
𝑗 = 𝑠𝑘, 𝑢, 𝑠𝑐
𝑖 = 1, … , 𝑛.

И се разбира :

𝜃𝑠𝑐 < 𝜃𝑢 < 𝜃𝑠𝑘


Фирмите се конкурентни и го плаќаат маргиналниот производ на трудот, и сите фирми
с еконкјретни максимизирачи на профитот.Сите личности имаат иста функција на
корисност без разлика до кодот на однесување на кастата.
𝑛

𝑈 = ∑ 𝑚𝑖𝑛(𝑥𝑖 𝛼𝑖 )
𝑖=1

Каде 𝑥𝑖 потрошувачката на доброт 𝑖, додека 𝛼𝑖 е параметар на функцијата на


корисност.

11.9 Кастинскиот еквилибриум

Со самото раѓање имаме две касти (по раѓање) доминантна(D) и недоминантна(N).


Трудот во двете касти D и N, може да бидат отфрлени до кастатa (outcast).Отфрените
од кастите формираат трета група. Кодот на кастата пак кажува дека припадниците на
доминантната каста може да работат само работни места за кои се бараат вештини,
недоминатната каста работи на работни места кои не бараат вештини, и оutcasts’ или
отпадниците од кастите работат на работни места како scavenging.Кастинскиот код
исто така кажува дека личностите кои купуваат фирми без да ангажираат труд според
кастинскиот код ќе бидат отфрлени од кастата.Сите учесници се водат од верувањето
дека оние што ќе го прекршат кодот на кастата ќе бидат казнети и отфрлени од
кастата и дека ќе им биде понуден труд по наемнини за отпадници до кастата.Сњга во
моделот :
𝑘 = 𝐷𝑁
Тука 𝑤𝑘 е платата на кастата 𝑘.Нека 𝑝𝑖 а означува цената на производот произведн од
фирмите со труд според кастинскиот код, и нека доброто 1 биде numeraire со цена
1.Вреднстите на параметарот се :
𝜃𝑠𝑐
𝛼 < (𝜃𝑢 − 𝜃𝑠𝑐 ) ⁄1 −
𝜃𝑠𝑘

И
𝑛 > 𝜃𝑠𝑘 /𝛼
Следното го опишува еквилибриумот со очекуваните резултати :
1. 𝑤𝐷 = 𝜃𝑠𝑘 𝑤𝑁 = 𝜃𝑈
2. Цената на сите добра произведени со труд ангажиран според кодот на кастата
е 1.
3. Корисноста на D трудот е 𝜃𝑠𝑘 , a на 𝑁 трудот е 𝜃𝑢
4. Нема отпадници од кастите. N трудот работи на работни места кои не бараат
вештни, D трудот работи на работни места кои бараат вештини.

12
5. Највисоката понуда за плата на отпадник од каста е 𝜃𝑠𝑐

11.10 Основачите на социјалната економија


George A.Akerlof (1940- )

Џорџ Артур Акерлоф (англиски: George Arthur Akerlof; р. 17 јуни 1940) — американски
економист и професор по економија на Беркли. Ја добил Нобеловата награда за
економија во 2001 година, која ја поделил со Мајкл Спенс и Џозеф Стиглиц. Во
ноември 2014 година се приклучил на Универзитетот Џорџтаун.
Gary Becker (1930-2014)

Гери Бекер е роден во 1930 година во Пенсилванија, САД починал 2014,Декември 2,


1930 – Мај 3, 2014. Своите додипломски студии ги завршил на Универзитетот
Принстон, додека со докторат се стекнал на Универзитетот во Чикаго во 1955 година,
за својата докторска теза од областа на економијата на дискриминација под
менторство на Милтон Фридман.Бекер Добил нобелова награда по економија во 1992.

13
Референци
Arrow, K. J.; Debreu, G. (1954). "Existence of an equilibrium for a competitive
economy". Econometrica. 22 (3): 265–290.
Arrow, Kenneth (1973), “The theory of discrimination,” in Orley Ashenfelter and Albert Rees,
eds., Discrimination in Labor Markets, 1973, pp. 3–33.
Altonji, Joseph and Rebecca Blank,(1999). “Race and gender in the labor market,” in Orley
Ashenfelter and David Card, eds., Handbook of Labor Economics Volume 3C, 1999, pp.
3143–3259.

Akerlof, George A. (1970). "The Market for 'Lemons': Quality Uncertainty and the Market
Mechanism". Quarterly Journal of Economics. The MIT Press. 84 (3): 488–500.
Akerlof, George. (1976). The Economics of Caste and of the Rat Race and Other Woeful
Tales,Quarterly Journal of Economics 90(4): 599-617
Bagby, Philip (1959). Culture and History. Berkeley: University of California Press.
Arrow, Kenneth J., ‘Models of Job Discrimination’ and ‘Some Mathematical Models of Race
Discrimination in the Labor Market,’ in Anthony H. Pascal, ed., Racial Discrimination in
Economic Life (Lexington, MA: D. C. Heath, 1972)
Becker, G., (1969) .The Economics of Discrimination (Chicago: University of Chicago Press,
1969)

14
15
Вовед во Економија на благосостојбата

Вовед
Според речникот на економски поими на Алан Дирдорф (Alan Deardorff)1 , економијата
а благосостојбата,е гранка на економиката која се занимава со економската
благосостојба, вклучувајќи тука и различни предлози поврзани со општата рамнотежа
во економијата2 со ефикасноста и посакуваноста на алокациите во економијата. Оваа
гранка од економијата се знаимава со нормативни прашања.Нејзината задача не е да
објасни како економијата функционира, туку колку добро економијата функционира.
Како принципи на оваа гранка на економијата се :Хоризонталната еднаквост или
идентичен третман или на идентични луѓе и Вертикална праведност или различен
третман на различни луѓе со цел да се намалат последиците на нивните вродени ,
внатрешни разлики.Економијата на благосостојба има две фундаментални теореми 3 :
Првата и втората. Наредно ќе ги објасниме и првата и втората фундаментална теорема
на економијата на благосостојбата.

Првата фундаментална теорема


Најпрво да ги дефинираме ознаките
- n е бројот на потрошувачи
- 𝑖 = 1, … , 𝑛 е бројот на и тие потрошувачки не се исти и имаат различни
преференции кои ги бележиме со ≿𝑖 (овој знак значи го надминува или е
еквивалентен)
- ℝ𝑙+ e множеството на реални позитивни броеви во кои се наоѓаа стоките 𝑙
- 𝑙 e бројот на стоки
- 𝑥 и 𝑦 се алтернативните алокации на ресурсите
- 𝑣 се вредностите кои ги зазема или му се задаваат на предметот
𝑙
- Вкупната снабденост со ресурси е векторот 𝜔 ∈ 𝑅++
- Векторот 𝑥 = (𝑥1 , … . , 𝑥𝑛 ) е алокација на ресурси ако и само ако ∑𝑖 𝑥𝑖 ≤ 𝜔𝑖
Сега ќе дефинираме што значи Релација на преференции :

Релација на преференции ≿ е релација ≳⊂ ℝ𝑙+ × ℝ𝑙+ .Со карактеристики: 𝑥 ≿ 𝑥, ∀𝑥 ∈ ℝ𝑙+


(рефлексивност), 𝑥 ≿ 𝑦, 𝑦 ≿ 𝑧 ⇒ 𝑥 ≿ 𝑧 (транзитивност), ≿ е затворено множество
(континуираност),∀(𝑥 ≿ 𝑦), ∃(𝑦 ≿ 𝑥) (комплетност) ,со дадено≳, ∀ (𝑥 ≫ 0)
најмалку доброот множество {y: y ≳ x } е затворено спрема 𝑅𝑙 (граничен услов), A е
конвексно ако {𝑦: 𝑦 ≳ 𝑥 }е конвексно за секое 𝑦 , 𝑎𝑦 + (1 − 𝜆)𝑥 ≳ 𝑥,секогаш кога 𝑦 ≳ 𝑥 и
0 < 𝑎 < 1 (, Mas-Colell, A. (1986).

- ≿𝑖 е претставен од функција на корисност 𝑢𝑖 : 𝑅+𝑙 → 𝑅


- ≿𝑖 треба да ги задоволуваат сите карактеристики на релација преференции
и строга монотоност имено:

1
Deardorff, Alan V. (2014), "Welfare economics", Deardorffs' Glossary of International Economics,
http://www-personal.umich.edu/~alandear/glossary/w.html#WelfareEconomics
2
Рамнотежа на понудата и побарувачката на сите пазари во економијата симултано. Бројот на пазари не
мора д а биде голем.на пример наједноставниот модел Рикардијанскиот е модел на два пазари и еден
фактор на производство : трудот, но с епак е модел на општа рамнотежа во еонмијата.
3
Теорема во математиката е тврдење кое е потврдено врз основа на претходно поставени тврдења,како
други теореми и воспоставени тврдења или аксиоми.

1
1. ≿ 𝑜𝑛 𝑋 e локално незаситена (nonsatiated) ако ∀𝑥 ∈ 𝑋 , 𝜖 > 0, ∃𝑦 ∈
𝑋 , ‖𝑦 − 𝑥 ‖ < 𝜖, ⋀ 𝑢(𝑦) > 𝑢(𝑥)
2. ≿ на 𝑋 е монотона ⇔ 𝑥 ≫ 𝑦, ⋀ 𝑢(𝑦) > 𝑢(𝑥) , ∀𝑥, 𝑦 ∈ 𝑋 , 𝑥 > 𝑦 ⇒ 𝑥 ≳ 𝑦
3. ≿ на 𝑋 е конвексна ⇔ 𝑢 е квази конкавна 𝑢(𝑦) ≥ 𝑢(𝑥 ), 𝑢(𝑧) ≥
𝑢(𝑥 ), 𝑢(𝑎𝑦 + (1 − 𝑎)𝑧) ≥ 𝑥, ∀𝑎 ∈ [0,1]
4. ≿ 𝑜𝑛 𝑋 е строго конвексна ⇔ 𝑢 е строго квази конкавна 𝑢(𝑦) ≥ 𝑢(𝑥 ), 𝑢(𝑧) ≥
𝑢(𝑥 ), 𝑦 ≠ 𝑧, 𝑢(𝑎𝑦 + (1 − 𝑎)𝑧) > 𝑥, ∀𝑎 ∈ [0,1]
5. Предлог : ≿ е строго конвексна за изводите ако Mas-Colell, A. (1986)4 ,
Јакобијанската детерминанта е е неединечна т.е. не е нула:

Равенка 1

𝜕 2 𝑢(𝑥) 𝜕𝑢(𝑥)
| |≠0
[𝜕𝑢(𝑥)]𝑇 𝑂
Преференциите ќе го претставиме графички ;

Фигура 1

Криви на
идиферентност

На наредните два графикони ќе претставиме и монотона функција :

Фигура 2

Монотона

4
Големото O тука ја претставува инфинитиземалната асимптотика или производ на двете магтрици

2
Фигура 3

Строго
монотона

На наредните два графикони ќе прикажеме конвексна и строго конвексна функција :


Фигура 4

Строго
конвексна
конвексна

Сега околу граничниот услов : Релацијата на преференции ≿ e конвексен ако неговите


𝑙
изводи се строго конвексни , за секое 𝑥 ∈ 𝑅++ ,каде 𝑅++ = (0, ∞),Гаусијанска крива на
𝐼𝑥 = {𝑦: 𝑦 ∼ 𝑥} гледана како граница на {𝑦: 𝑦 ≳ 𝑥} ,тука 𝑦 ≳ 𝑥 го читаме како y е најмалку
исто добро како x . Гаусијанската крива е производ на две главни криви (кои пак се
еингевредности или веројатности на параметарот на обликување на
𝑙 𝑙−1
формата).Гаусијанската крива е дефинирана на следниов начин : Нека 𝑔: 𝑅++ → 𝑆
тука всушност функцијата е подножество на производот 𝑙 × (𝑙 − 1) и има својство дека
за секое 𝑙 ∈ 𝑅++ постои 𝑙 − 1 ∈ 𝑆 e дефинирано како :

Равенка 2

1
𝑔(𝑦) = (∥𝜕𝑢(𝑦)∥ ) 𝜕𝑢(𝑦)

Каде што 𝑢 е произволна (арбитрарна) функција на корисност за ≿ (дефиницијата е


независна од 𝑢) .Ова е претставено на следната фигура.Понатаму нека

3
Равенка 3

𝑇𝑦 = { 𝑣 ∈ 𝑅𝑙 : 𝜕𝑢(𝑦)𝑣 = 0}
Тогаш на секое 𝑥 . 𝜕𝑔(𝑥) го мапира 𝑇𝑥 во 𝑇𝑥 .Детерминантата на оваа мапа е
Гаусијанската крива се до знакот

Фигура 5

g(x)

Најпрво сега ќе дефиираме Парето оптимална алокација :

Дефиниција : Алокацијата на ресурси 𝑥 e Парето оптимална , кога не постои друга


алокација 𝑥 ′ така што 𝑥𝑖′ ≻𝑖 𝑥𝑖 , за секое 𝑖.
Множеството на Парето оптимални алокации (ПО) ќе го обележиме како :
Равенка 4

𝑃 ⊂ 𝑅+𝑙𝑛
Парето оптималноста може,е да ја прикажеме со т.н. Еџеворт кутија { 𝑧: 0 ≤ 𝑧 ≤ 𝜔} :
Фигура 6

2 2
Строго конвексна
конвексна
P
Задоволен
граничен
услов

Задоволен
граничен
услов

1 1

4
Фигура 7

конвексна

нема
граничен
услов

После претходно кажаното може да дадеме формална дефиниција на Првата


фундаментална теорема :
Дефиниција : Векторот 𝑥 = (𝑥1 , … , 𝑥𝑛 ) е ценовна рамнотежа ако и само ако постои 𝑝 ∈
𝑅𝑙 ,𝑝 ≠ 0 ,така што 𝑣𝑖′ ≻𝑖 𝑥𝑖 , што посочува дека 𝑝 ∙ 𝑣 > 𝑝 ∙ 𝑥𝑖

Доказ :Поради монотоноста на функцијата имаме дека 𝑝 ≥ 0.Нека 𝑥 ′ = (𝑥1′ , … , 𝑥𝑛′ )e


такво што 𝑥𝑖′ ≻𝑖 𝑥𝑖 , за сите 𝑖. Тогаш 𝑝 ∙ 𝑥𝑖 > 𝑝 ∙ 𝑥𝑖 за сите 𝑖. Токму затоа 𝑝 ∙ (∑𝑖 𝑥𝑖′ ) > 𝑝 ∙
∑𝑖 𝑥𝑖 = 𝜔𝑖 . И така ∑𝑖 𝑥𝑖′ ≤ 𝜔 не може да се случи.

Неопходни претпоставки за да важи првата Парето фундаментала теорема се:


1. Комплетни пазари (со занемарливи трансакциони трошоци и да има цена за
секое средство (asset) во било која состојба на светот (економијата) и
перфектни информации и има пазар за секоја стока.
2. Фирмите се прифаќачи на цени , знаи непостоење на монополи.

Пример : Храна и пијалок

Претпоставкките за примерот се :
1. Две личности : Марија и Сузана
2. Две добра :храна и пијалок
3. Ja ставаме Марија на дното на почетокот на графиконот на y -оската е храната,
додека на x -оската е пијалокот
4. Ако го поврзиме “превртениот” графикон на добрата на Сузана, ја добиваме
Eџеворт кутијата,каде y-е сета достапна храна а x-се пијалоците.
5. Eден маркет со два производи
6. Графиконот на ресурсите на Марија е следен :

5
Фигура 8

На претходната фигура 𝑂𝑢 е храната на Марија и 𝑂𝑥 се пијалокот/пијалоците . Наредно


е дадена Еџеворт кутијата и кривите на индиферентност на Марија.

Фигура 9

𝑂’𝑤 е храната на Сузана, и 𝑂’𝑦 е пијалокот на Сузана. Вкупната храна во маркетот е


𝑂𝑟(= 𝑂’𝑠) и вкупниот пијалок е 𝑂𝑠 (= 𝑂’𝑟).Секоја точка во Еџеворт кутијата претставува
една добра алокација. На сликата до Еџврот кутијата се кривите на индиферентност на
Марија .Од таму се гледа дека Марија највиоска корисност постигнува на кривата на
индиферентност 𝑀3 .Секоја од кривите на индиферентност ги покажува можните
комбинации на добра кои дваат иста корисност. И кривите подалеку до 𝑂 имаат
поголема корисност. На наредните слики пак се спротиставени Еџеворт кутијата и
кривите на индиферентност.

6
Фигура 10

Од претходните слики се гледа дека Сузана има највисока корисност на 𝑆3 .Во точката
A , Марија има корисност од 𝑀3 ,а Сузана има корисност од 𝑆2 . Додека пак на втората
слика ако потрошувачката е на A, Марија има корисност од 𝑀1 додека Сузана има
корисност од 𝑆3 . Ако сепоместуваме по точките, А, B и C, корисноста на Марија се
зголемува додека корисноста на Сузана е константна. На наредниот графикон е
дадена Парето ефикансоста.
Фигура 11

На претходниот графикон точката C каде кривите на индиферентност едвај се допираат


се нарекува Парето ефикасна , тоа е местото каде некоја личност не може да биде
подобро без да им наштети на другите. Парето ефикасноста ја евалуира посакуваноста
на алокацијата. Парето подобрувањето прави барем една личност подобра без да
направи никој полошо како да се движиме до А до C. Но може да има повеќе од едно
Парето подобрување како што е дадено на следниот графикон.

7
Фигура 12

Aко почнеме во точката А на претходниот графикон, C e Парето подобрување што ја


става Марија во подобра положба,D е Парето подобрување што ја става Сузана во
подобра положба, Е е Парето подобрување што ги става и двете во подобра положба.
На наредната слика е прикажана кривата на договор.Ако ги претпоставиме стартните
чпозиции, можеме да ги најдиме сите точки на Парето ефикасна алокација и да ги
споиме за да ја создадеме кривата на договор. Низ кривата на договор спротиставените
криви на индиферентност се тангенти една на друга.

Фигура 13

Првата Фундаментална теорема и нејзините почетоци

Oд теоријата на потрошувачите во микроекономијата знаеме дека :

8
Равенка 5

личностА
𝑃𝑥
𝑀𝑅𝑆𝑥𝑦 =
𝑃𝑦

Во претходниот израз MRS е маргиналната стапка на супституција за добрата x и


y.Бидејќи цените се исти за сите луѓе имаме :
Равенка 6

личностА личност𝐵
𝑀𝑅𝑆𝑥𝑦 = 𝑀𝑅𝑆𝑥𝑦

Ова е првото барање од микроекономијата за Парето ефикасност.


Во рамнотежа во совршена конкуренција имаме 𝑀𝐶 = 𝑃 :
Равенка 7

𝑀𝐶𝑥 𝑃𝑥
=
𝑀𝐶𝑦 𝑃𝑦

Додека пак маргиналната стапка на сусптитуција е сооднос на маргиналните трошоци :


Равенка 8

𝑃𝑥
𝑀𝑅𝑇𝑥 =
𝑃𝑦

И пак од теоријата на потрошувачите во микроекономијата знаеме дека :


Равенка 9

𝑀𝑅𝑇𝑥𝑦 = 𝑀𝑅𝑆𝑥𝑦

Ова е второто барање за Парето ефикасност :на ваков начин можеме да ја прошириме
Парето ефикасноста да покаже дека :
Равенка 10

𝑀𝐶𝑥 личностА личност𝐵


𝑃𝑥
𝑀𝑅𝑇𝑥 = = 𝑀𝑅𝑆𝑥𝑦 = 𝑀𝑅𝑆𝑥𝑦 =
𝑀𝐶𝑦 𝑃𝑦

Ефикасност ≠ Праведност

Aко Парето ефикасноста беше единствена причина за загриженост, конкурентните


пазари ќе ја постигнат и нема потреба да постои влада. Владата постои за да ги штити
сопственичките праваи националната одбрана. Парето ефикасноста не ја зема во
предвид рамноправната дистрибуција на доходите5 , и тоа не е општествено оптимално.

5
Една личност може да добие се а другите може да гладуваат.

9
Фигура 14

Точките А и B се Парето ефикасни, но или Сузана или Марија ги добиваат сите ресурси
од општеството. Многумина ќе речат дека C е подобра за општеството, иако не е Парето
ефикасна. И притоа за секоја корисност на една индисвидуа има корепосндентна
корисност на друга.Ако ги спротиставиме на график ќе ја добиеме крибата на можности
на корисностите.И типично корисноста е функција од добрата кои ги конзумираме :
Равенка 11

𝑈 = 𝑓 (𝑥, 𝑦)
Oпштетствената функција е пак функција на индивидуалните корисности :
Равенка 12

𝑈 = 𝑓 (𝑈1 , 𝑈 2 )
Ова с е нарекува функција на социјална благосостојба и може да произведе криви на
општествена индиферентност.
Фигура 15

10
На претходниот Графикон сите точки на кривата се Парето ефикасни , додека сите точки
под кривата не се .Aко поставиме крив на социјална индиферентност на кривите на
мжност на корисностите, можеме да најдеме Парето ефикасна точка која го
максимизира опшгтественото богатство.Последното не доведе до Втората
фундаментална теорема на економијата на благосостојбата.

Втората фундаментална теорема

Втората фундаментална теорема на економијата на благосостојбата ги дава условите


под кои Парето оптимална алокација на ресурси може да постои како ценовен
еквилибриум со паушални (lump-sum) трансфери,т.е. Парето оптимална алокација како
пазарен еквилибриум со користење на соодветна шема на дистрибуција на богатството
(социјални трансфери) ,(Mas-Colell, Whinston et al. 1995).На наредната слика ќе ја
претставиме ситуацијата за максимизација на општествената благосостојба во
примерот

Фигура 16

Највисокото можно општествено богатство е и Парето ефикасно, во точката iii. Втората


фундаментална теорема за економијата на благостојба тврди дека општеството може
да обезбеди Парето ефикасна алокација на ресурсите со правење со правење
соодветни оригинални богатства, и дозволување на луѓето да тргуваат. Со
редистрибуција на доходот , општеството може да ја одбери почетната точка во Еџеворт
кутијата, на тој начин ќе дојдат до посакуваната точка на границата на можности на
корисноста.На наредната слика е презентирана преку пример Втората фундаментална
теорема на економијата на благосостојбата.

11
Фигура 17

Зошто редистрибуција на доходот?

Даноците и казните го казнуваат однесувањето кое е добро за приходот, ги охрабруваат


луѓето да работат помалку. Субвенциите и поттикнувачите даваат поттик да се остане
во негативна состојба и понатаму да се примаат субвенции и поттикнувачи .Паушалните
трансфери (lump-sum ) прават најмала штета.

Формално алгебaрско дефинирање на втората фундаментална теорема

Втората фундаментална теорема можеме да ја напишеме на следниов начин: маме


𝐽
економија дефинирана; ({𝑋𝑖 , ≽𝑖 }𝐼𝑖=1 , {𝑌𝑗 , }𝑗=1 , 𝜔
̅ ) 6, алокацијата е (𝑥 ∗, 𝑦 ∗) ,векторот на

цени 𝑝 ≠ 0, (here 𝑝 = 𝑝1 , … . . , 𝑝𝑛 ), оваа комбинација прави квази-еквилибриум со


трансфери (𝜔1 , … . , 𝜔𝐼 ),со ограничување:

Равенка 13

̅ + ∑𝑖 𝑝𝑦𝑗∗
∑𝑖 𝜔𝑖 = 𝑝𝜔

каде ∀𝑗, 𝑦𝑗∗ , max 𝑝𝑦𝑗∗ , 𝑝𝑦𝑖 ≤ 𝑝𝑦𝑗∗ , ∀𝑦𝑗 ∈ 𝑌𝑗 . И ∀𝑖, ∃𝑥𝑖 ≻𝑖 𝑥𝑖∗ → 𝑝𝑥𝑖 ≥ 𝜔𝑖 .И ∑𝑖 𝑥𝑖∗ = 𝜔
̅+
𝑗

∑𝑗 𝑦𝑗∗. Под претпоставката за локална незаситеност (≿ 𝑜𝑛 𝑋 7е локално незаситено ако

6
Претпоставуваме ∑𝑖 𝜔 ≫ 0 (нивото на доходот или богатството е многу поголемо од нула)
7
Овој знак е за преференции≿ и е релација ≳⊂ ℝ𝑙+ × ℝ𝑙+ .Со карактеристики 𝑥 ≿ 𝑥, ∀𝑥 ∈ ℝ𝑙+ (рефлексивност), 𝑥 ≿
𝑦, 𝑦 ≿ 𝑧 ⇒ 𝑥 ≿ 𝑧 (транзитивност), ≿ е затворено множество (континуираност), ∀(𝑥 ≿ 𝑦), ∃(𝑦 ≿ 𝑥) (комплетност)
,дадено дека ≳, ∀ (𝑥 ≫ 0) најмалку доброто мноество {y: y ≳ x }е затворено спрема 𝑅𝑙 (граничен услов),
𝐴 е конвексно ако {y: y ≳ x }е конвексно множество за секое y , 𝑎𝑦 + (1 − 𝜆)𝑥 ≳ 𝑥, whenever y ≳ x 𝑎𝑛𝑑 0 < 𝑎 < 1 , Mas-
Colell, A. (1986).

12
∀𝑥 ∈ 𝑋 , 𝜖 > 0, ∃𝑦 ∈ 𝑋 , ‖𝑦 − 𝑥 ‖ < 𝜖, ⋀ 𝑢(𝑦) > 𝑢(𝑥) ), ја имаме следната еднаквост 𝑝𝑥𝑖 =
𝜔𝑖 . Оваа теорема држи ако преференциите се конвексни.: Множеството 𝐴 ⊂ ℝ𝑛 е
конвексно и не е празно множество ако

Равенка 14

𝜆𝑥 + (1 − 𝜆)𝑥 ′ ∈ 𝐴, 𝑥, 𝑥′ ∈ 𝐴 ∧ 𝜆 ∈ [0,1].

Оваа теорема дава доволни услови за постоење на множества разделени со хипер-


рамнина(the Separating hyperplane theorem)8. Хипер рамнина е множеството:

Равенка 15

𝐻(𝑝, 𝛼 ) = {𝑥 ∈ ℝ𝑛 |𝑝 ⋅ 𝑥 = 𝛼 }

Franklin Fisher ((2003)9 тврди дека овие две теореми се основата на западниот
капитализам. Fisher (1983), тврди дека двете фундаментални теореми се единственото
најважно множество на идеи кои економистите мора да ги пренесат на луѓето.
Luenberger (1994)10 пак тврди дека најважно постигнување на модерната
микроекономска теорија е доказот за постоење на еквилибриум и Првата и Втората
фундаментална теорема на економијата на благосостојбата.

Доказ на втората фундаментална теорема на економијата на благосостојбата


:Агрегација

Дефинираме агрегатно производно множество :


Равенка 16

𝑌 = ∑ 𝑌𝑗 = {∑ ℝ𝑙 : 𝑦1 ∈ 𝑌1 , … , 𝑦𝑗 ∈ 𝑌𝑗 }
𝑗 𝑗

Множеството на потрошувачки кошнички кои може да се алоцираат на потрошувачите


е:
Равенка 17

𝑌 + {𝜔}
Ова множество е конвексно бидејќи е еднакво на ножество од J+1 конвексни множества.
Доказот ќе го приажеме графички на следнава слика :

8
Во геометријата хиперрамнина е 𝑛 димензионален вектор простор 𝑉 е подпростор на 𝑛 − 1 димензии, или
еквивалентно на кодимензија 1 во 𝑉.
9 Fisher, F. 1983. Disequilibrium foundations of equilibrium economics. Cambridge. Eng.: Cambridge

University Press
10 David Luenberger, (1995). Microeconomic Theory. New York: McGraw-Hill.

13
Фигура 18

Ова е множество потрошувачки


кошнички кои се преферирани
спрема x* Од сите потрошувачи

Y+x

Ова е множество на
достапни потрошувачки
кошнички дадено
агрегатното множество на
производство и
агрегатната снабденост
соресурси

Функција на општествена благосостојба

Во економијата на благосостојбата , функцијата на општествена благосостојба е


функција која ги рангира општествените состојби (алтернативните опишувања на
општеството) како помалку посакувани, повеќе посакувани и индиферентни за секој пар
на општествени состојби. Инпутите во функцијата се варијабли за кои се мисли дека
влијаат врз општествеите текови11.

Функцијата за општествена благосостојба на Бергсон-Семјулесон (Bergson–


Samuelson)
Во труд од 1938 година Абрахам Бергсон12 , претстави нова функција на општествена
благосостојба.Оваа функција стана позната како големата алатка за анализа на
Харвард .Понатаму следеше нормативен пристап од страна Бергсон (1948,1954)13,и Пол
Семјулесон (Paul Samuleson) (1947,1950,1956)14.Oна што подоцна стана познато како
Бергсон-Семјулесон формулација на општествена благосостојба може да биде
опишано како :

11
Amartya K. Sen, 1984,Collective Choice and Social Welfare, ch. 3, "Collective Rationality." p. 33, and ch. 3*,
"Social Welfare Functions.
12
Bergson, A., (1938), A Reformulation of Certain Aspects of Welfare Economics, The Quarterly Journal of
Economics, Vol. 52, No. 2. (Feb., 1938), pp. 310-334.
13
Bergson ,А.(1954) "On the Concept of Social Welfare", Quarterly Journal of Economics.
14
^ Samuelson, P.A. (1947) Foundations of Economic Analysis. 1983 edition. Cambridge, Mass: Harvard
University Press.
^ Samuelson, P.A. (1950) "Evaluation of Real National Income", Oxford Economic Papers, Vol. 2, p.1-29.
^ Samuelson, P.A. (1956) "Social Indifference Curves", Quarterly Journal of Economics, Vol. 70, p.1-22.

14
Равенка 18

𝑊 = 𝑊(𝑈1 , 𝑈 2 , … . . , 𝑈 𝐻 )

“Општественото” богатство го забележуваме како W,тоа е функција на корисности


𝑈 ℎ , ℎ = 1, 2, . . , 𝐻,каде ℎ е бројот на домаќинства во економијата (households). Според
Бергсон има карактеристики на општеството кои се опфатени во општествената
функција на благосостојба:на пример корисноста за општеството се зголемува ако
корисноста на сите членови на општеството се зголемува а на никој не се намалува,тоа
пак предизвикува североисточно (прикажано како компас) движење т.е. намалување на
кривите на социјална индиферентност.Најпрво ќе ја претставиме границата на
можности на корисноста (Utility Possibility Frontier -UPF)
Фигура 19

Границата на можности на корисноста the utility possibilities frontier (UPF) е горна граница
на множеството на можности на корисноста the utility possibilities set (UPS).UPS е
множество на нивоата на корисност на агентите можно за дадена количина на аутпут, и
нивоа на корисност за даден потрошувач во Еџеворт -Боули кутијата, Edgeworth-Bowley
box.UPF е договорна крива за Еџеворт -Боули кутијата. Екстремните точки на UPF се
корисности на агентите во почетокот на Еџеворт -Боули кутијата:OA (каде А е
минимална корисност и B максимална)и OB (каде A e максимална корисност , и B
нејзиниот минимум).C,D,F точките се тангенти на корисностите.Следно ќе ја
претставиме Големата граница на производни можности (GUPF- Grand Utility
Possibilities Frontier).За да конструираме аналог на UPF потребно е за призводната
економија, да конструираме grand utility possibilities frontier" (GUPF),Голема граница на
корисност , таа на следната фигура е прикажана како серија на UPF криви.На следната
фигура ,UPFF кореспондира на кривата на договор добиена во Еџеворт-Боули кутијата
дефинирана со алокацијата на аутпутот D’. Точката F на UPFF и точката D на UPFD
кореспондираат на комбинациите на корисност во точките D и F,кои се Парето
оптимални алокации , останатите комбинации на корисностите на UPFC и UPFD

15
Фигура 20

На наредната слика ќе ја претставиме функцијата на општествената благосостојба и


општествениот оптимум. Конвексноста на општествената функција произлегува од
желбата за рамноправност,

Фигура 21

Одејќи низ овие линии, со наметнување на криви на социјална индиферентност на


GUPF како на претходната фигура , можеме да видеме дека ова множество на алокации
𝑆 = (𝑈𝐴∗ , 𝑈𝐵∗ ) e точката на GUPF која доведува до највисоки криви на социјална
индиферентност, и така во принцип, ја максимизира функцијата на социјална
благосостојба, што дава индекс на општествена благосостојба 𝑊 ∗. Така општествениот
оптимум е детерминиран од тангентата на кривите на социјална индиферентност и
GUPF. Едноставна работа е да го извлечеме нагибот на кривите на индиферентност кој
е негативен (𝜕𝑊/𝜕𝑈 𝐴 )/(𝜕𝑊/𝜕𝑈 𝐵 ).Маргиналната стапка на субституција помеѓу
агентите A и B, е MRSAB.

16
Равенка 19

𝜕𝑊
( 𝐴)
𝑀𝑅𝑆𝐴𝐵 = 𝜕𝑈 = 𝜇 𝐴 /𝜇𝐵
𝜕𝑊
( 𝐵)
𝜕𝑈

𝜕𝑊 𝜕𝑊
( ) ( )
𝜕𝑈𝐴 𝜕𝑈𝐵
Така 𝜇𝐴
= 𝜇𝐵
, или општествената маргинална корисност е иста за сите семејства.

Алтернативни функциина општествена благосостојба

Постојат алтернативни функции на општестеван благосостојба како оваа што е


прикажана на следната фигура :

Фигура 22

На претходната фигура се прикажани Бентамите-Роулсијанска социјална


функција.Функцијата на општествена благосостојба на Џереми Бентам и
утилитаријанците Jeremy Bentham (1789), е дадена на следниов начин и
утилитаријанците:
Равенка 20

𝐻
𝑊=∑ 𝛼 ℎ𝑈ℎ
ℎ=1

Каде во претходниот израз 𝛼 ℎ се пондерите дозначени на секое семејство .Послед


ниот израз е директна сума. Друга популарна општествена функција е Роулсијанска
или “максимин” општествена функција на благосостојба :

17
Равенка 21

𝑊 = min[𝑈1 , 𝑈 2 , … . . , 𝑈 𝐻 ]
Оваа функција на општествена благосостојба бара да се максимизира благосостојбата
на најмалку среќниот член на општеството,како што било подржано од страна на
филозофот Џон Роулс John Rawls (1971). Ова дава Леонтиеф тип на криви на социјална
индиферентност. На претходната фигура R е општествениот оптимум на абсолутна
еднаквост : (UA*(R) = UB*(R)) .Функцијата на општествена благосостојба на Џереми
Бентам го дава општествениот оптимум B, на кој постои општествена нееднаквост :
(UA*(B) < UB*(B)).

Равенка 22

𝜕𝑈 𝐴
( 𝜕𝑋 )
𝑀𝑅𝑆𝑆𝐴𝐵 =
𝜕𝑈𝐵
( 𝜕𝑋 )

Mаргиналната стапка на субституција меѓу агентите A и B е еднаква на соодносот на


маргиналните стапки на субституција на A и B.

Користена литература

Amartya K. Sen, (1984),Collective Choice and Social Welfare, ch. 3, "Collective


Rationality." p. 33, and ch. 3*, "Social Welfare Functions.
Bergson A. (1938) "A Reformulation of Certain Aspects of Welfare Economics", Quarterly
Journal of Economics, Vol. 52, p.310-34.

Bergson A. (1954) "On the Concept of Social Welfare", Quarterly Journal of Economics.

David Luenberger, (1995). Microeconomic Theory. New York: McGraw-Hill.


Deardorff, Alan V. (2014), "Welfare economics", Deardorffs' Glossary of International
Economics,
Fisher, F. (1983). Disequilibrium foundations of equilibrium economics. Cambridge. Eng.:
Cambridge University Press
Hicks, J., (1939) "The Foundations of Welfare Economics", Economic Journal, Vol. 69,
p.696-712.
Mas-Colell, A. (1989). The Theory of General Economic Equilibrium: A Differentiable
Approach, Cambridge University Press.
Mas-Colell, A., et al. (1995). Microeconomic Theory, Oxford University Press.
Samuelson, P.A. (1947) Foundations of Economic Analysis. 1983 edition. Cambridge,
Mass: Harvard University Press.
Samuelson, P.A. (1950) "Evaluation of Real National Income", Oxford Economic Papers,
Vol. 2, p.1-29.

18
Samuelson, P.A. (1956) "Social Indifference Curves", Quarterly Journal of Economics, Vol.
70, p.1-22.
Samuelson,P.A. (1938) "Welfare and International Trade" , American Economic Review, Vol.
28, p.261-6.
Веб страни
Историја на економската мисла :
https://www.hetwebsite.net

19

You might also like