You are on page 1of 5

Тема на есејот:

ГЛОБАЛИЗАЦИЈА НАСПРОТИ
Универзитет „Св. Кирил и
Методи“ ИМПЕРИЈАЛИЗАМ

синоними или последователно поврзани


процеси

Правен факултет
„Јустинијан I“ Скопје

Мастер програма по
ПРИМЕНЕТА
ПОЛИТИКА

Предмет
ПОЛИТИЧКА
ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Ментор
Доц. Д-р Дејан ДОНЕВ

Изработила
Александра ЈОВЕВСКА,
1580

ВОВЕД

1
Скопје, 2011
Секогаш кога ќе се споменат корените на глобализацијата каква што денес ја знаеме,
невозможно е а да не се спомене империјализмот како нејзин предок. Тоа е сосема
разбирлива и логична констатација, бидејќи во своите главни особености, глобализацијата
во многу наврати потсеќа на империјалзимот. Многу научници тврдат не само дека
империјалзимот се наоѓа во основите на глобализацијата туку и дека е нејзин единствен
„иницијатор“, а оние најрадикалните одата и дотаму што тврдат дека глобализацијата е
синоним на империјалзимот, ја имаат истата содржина и затоа е апсурдно да се гледа на
глобализацијата како на нов производ на сегашноста.
Јас сметам дека империјализмот може да се препознае во глобализацијата во
релативно голема мерка, и затоа е неоспорно неговото присуство во систематското
разгледување на проблемот на глобализацијата, но во никој случај неможе да се земе како
единствена основа на глобализацијата, а уште помалку истата неможе да се сведе да чист
империјалзимот со нов, технички назив.
Во овој краток есеј, ќе ги изнесам моите аргументи во одбрана на тезата која ја
застапувам.

ТЕОРИЈАТА ЗА ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ

Што е империјализам?
Една од основните цели на теоретичарите кои пишувале за империјалзимот, пред се
била идејата за опишување на капиталистичкиот систем и објаснување на пoјавите кои со
сочинуваат истиот како на пример борбата за нови пазари меѓу големите капиталистички
земји, постојаната трка за грабање на суровините од земјите од т.н. Третиот свет и
пласман на своите инвестиции. Според самата своја природа, империјалзимот е прилично
сурова и профитно настроена појава која се карактеризира со економско потчинување на
другите земји, висок развој на производните сили, концентрација на капиталот и
создавање на монополи.

Империјализмот, врв на капитализмот?

2
Во многу наврати и од многу автори, империјализмот се смета за врв на
капитализмот. Овој став, го поддржувам и јас, и накратко, преку генерално објаснување на
капиталистичката филозофија на напредување, ќе ја докажам гореспоменатата дефиниција
за империјализмот т.е. ќе дадам свое видување зошто капитализмот завршува со
империјализам.
Економскиот раст и брзата концентрација на производството, се главните цели кон
кои се стреми секое новоотворено претпријатие. Во сегашноста, огромен број на
претпријатија ( како на пример Кока Кола, Форд, Мајкрософт и др.) го живеат својот сон.
Следејќи го патот на профитот, таквите компании ги исцрпеа сите можни начини на
минимизирање на трошоците обезбедувајќи си себе монопол или место во картелот и
сигурна продажба на своите прозиводи. Една од начини на минимизирање на трошоците
(помали трошоци = поголем профит) е селењето на капиталот од земјата-мајка во други
посиромашни земји заради поефтините суровини и труд, помали даноци и сл. На тој
начин, една компанија, станува работодавец на голем број на население насекаде низ
светот и ја врзува за себе егзистенцијата на голем број на семејства, што претставува една
од причините за појавата на светските економски кризи.
Конкуренцијата на ваквите претпријатија е невидлива или воопшто и непостои
бидејќи монополската позиција на гигантите или картелскиот договор овозможуваат цела
лепеза на механизми за елиминирање или поткуп на ривалите ( снижување на цените,
блокада на суровините, изнудување кредити и др.).

Зошто империјализмот е „предвесник“ на глобализацијата?


Неоспорен е фактот дека глобализацијата и империјализмот имаат многу допирни
точки во своите содржини. Капитализмот, ширењето на пазарите, трговијата и воопшто
сите економски прашања се едни од најзначајните сегменти на глобализацијата.
Економската корист на државите е таа што ги отвара нивните граници и изнудува
соработка и затоа гледано од оваа страна, глобализацијата е многу слична на
империјализмот и се што беше споменато за империјализмот важи и за глобализацијата.
Токму на овој начин, преку напредокот (одобрен од страна на капиталистичкиот
менталитет) на амбициозните компании се создадени светските брендови кои се сметаат
за одлика на глобализацијата. Самото комзумирање во светски рамки на таквите брендови

3
значи одреден степен на униформираност на дел навики на светската популација што
доведува до една од најпрепознатливите карактеристики на глобализацијата а тоа е
раѓањето на светски прифатени вредности.
Брзото ширење на економските кризи низ светот како одлика на империјализмот
ја има и во глобализацијата. Глобализацијата покрај тоа што значи заеднички (светски)
пазар и вредности, значи и заеднички (светски) проблеми. Целата таа мрежа од која се
создава за поекспресно функционирање на капитализмот, многу лесно ги пренесува
проблемите до секоја точка до која допрела глобализацијата. На тоја начин, економската
криза засегнува огромен број на земји и е од светски интерес нејзиното регулирање кое
секако претпоставува создавање на наднационални институци кои се исто така една од
најбитните одлики на глобализацијата.
Епитетот на „продукти на Западот“ е исто така заедничка предпоставка за
империјализмот и глобализацијата. Колонизацијата, како прв облик на ширење на
пазарите и искористување на суровините и трудот од сиромашните земји, бил пред се
практикуван од западноевропските држави. Иако во тој перод не можеме да зборуваме за
капитализам, сепак ова претставува основа за неговата појава и појавата на империјализам
во современа смисла на зборот, како највиско стадиум на капитализмот. Капитализмот и
империјализмот, бездруго се продукти на Западот. Што се однесува до глобализацијата,
доволно е само постоењето на безброј теории кои во своето учење ја нарекуваат
вестернизација т.е. западнификација или некој од нив само американизација.

Глобализација наспроти империјализам


И покрај сите сличности, постојат огромен број на разлики кои укажуваат на тоа
дека станува збор за два различни процеси кои во никој случај несмеат да се поистоветат.
Најгенералната разлика е во нивната општост односно опфатност. Како што споменав веќе
еднаш, економскиот аспект е многу битен во процесот на глобализацијата, но не е
единствен, таа се манифестира уште во најмалку два аспекта, а тоа се политичкиот и
куктуролошкиот. Империјализмот од друга страна не третира други прашања освен
економските и можеби во извесна мера политичките но само они кои одат во прилог на
извршувањето на економските.

4
Политичката, економската и културолошката страна на глобализацијата, до
одредена мера меѓусебно се испреплетуваат, кочат, насочуваат и влијаат еден на друг. Со
овој механизам, економската страна на глобализацијата се става во одреден степен на
похумана рамка, за разлика од империјализмот кој е единствено егоистичен. Така на
пример декларациите за правата на човекот и децата, кои се би рекла продукт на
политичката страна на глобализацијата, до извесна мера гарантираат на дел од светското
население (т.е. на граѓаните на државите потписнички на декларациите) заштита од
себичните апетити на капитализмот, нешто што кај империјализмот недостасува.
Постојат и голем број на други процеси кои учествуваат во развојот на
глобализацијата или седат во нејзината основа, што укажува на тоа дека глобализацијата
не се развила само и единствено од империјализмот. Таков процес е модернизацијата.

Глобализација ≠ имперализам
Постојат многу други непобивливи факти кои укажуваат на фактот дека
глобализацијата не се сведува само на империјализам. Најопшт аргумент во прилог на
одбрана на мојата теза е повеќедимензионалност на глобализацијата наспроти
еднодимензионалноста на империјализмот. Покрај веќе споменатите разлики помеѓу овие
два процеса, постојат и огремен број на теоретичари кои многу подлабински и
посуштински ја имаат докажано разликата меѓу нив.

ЗАКЛУЧОК

Глобализацијата е продукт на поновата историја. Империјализмот и претходи како


процес и самиот, со најголем дел од своите особености се наоѓа во нејзината основа. Тој
преку својата филозофија, дава одговор на голем дел од економските прашања за кои е
врзана глобализацијата и на голем број на места доаѓа до преклопување меѓу овие два
процеса. Поради тоа може да се заклучи дека империјализмот е еден од корените на
глобализацијата, но не и едниствен бидејќи не може да даде објаснување за другите
димензии на глобализацијата. Следствено, во никој случај не смее да дојде до
поистоветување меѓу овие два термина, бидејќи нивната содржина и опфатност, премногу
се разликува.

You might also like