You are on page 1of 14

Илија Ацески

Филозофски факултет
Институт за социологија

Македонското општество во процесите на транзиција и


глобализација

Резиме

Во трудот автрот ги анализира процесите на развојот на македонското општество по


деведесетите години, од момeнтот на распаѓањето на социјализмот и почетокот на
воспоставување на ситемот на пазарна економија и повеќепартиска демократија.
Вниманието на анализата е насочено кон неколку области на општествените промени и тоа:
а) противречностите на развојот на општеството во услови на радикални промени на
економски, социјален и политички план; б)промените на вредносниот систем во услови на
радикални промени во општеството ; в) специфичностите на ,,македонскиот случај,, на
мултикултурно општество и бинационална држава.
Клучни зборови: транзиција,социјални и културни промнеи, вредности, мултиетничко
општество, консоцијативна демократија.

Воведен дел. Почетокот на деведесетите од минатиот век започнува процес на распаѓање на


социјализмот и почеток на радикални промени кон нов систем на пазарна економија и
парламентарна демократија проследени со криза ,која уште на почетокот се манифестира
со огромен пад на економијата и појава на голема невработеност , пад на животниот
стандард и потрошувачката, што резултира со општа криза која ги зафаќа сите сегменти на
социјалниот , политичкиот и економскиот живот. Процесот на распаѓање нa социјализмот
резултира со изразит процес на раслојување на населението, на една страна се издвојува
малобројна група која ја сочинуваат многу богати поединци , и мнозинство од населнието
кое брзо се спушта на најнискиот степен на социјалната скала во состојба на сиромаштија.
За многу кратко време, само неколку години од распадот на социјализмот, се појавуваат
тензии и внатрешни судири , што резултира со големо разочарување на населенито од новиот
систем.Во скоро сите земји во транзиција најголемиот дел од населнието покaжува отворени
знаци на незадоволство и разочараност од новиот систем кој не ги исполнил нивните
очекувања. Начинот на распределбата на богаството, кое било создавано во периодот на
социјализмот за кратко време се приватизира , најчесто на начин , кој е во прилог на старите
владеачки структури , групи кои биле дирекно или индирекно поврзани со центрите на
политичката и економската моќ. ( Ацески, И. 1997; Славески , Т. 1998;Криштановскаја,; О
1995; Lazic, M.1994 ; Tomic, Kaludrovic, I.; Petric, M,. 2007). Чувството за правда , кое
особено доаѓа до израз за време на трансформација на сопственоста , во голема мера ги
I1
нарушува нормалните токови на социјалниот и политичкиот живот, односно се одразува во
сферата на политчката демократија, а со тоа и во остварувањето на човековите права и
убедувањето дека политичкиот плурализам е подобар од било кој друг систем.
Во првите неколку години од транзицијата скоро сите земји кои го променија системот и
влегоа во процес на воспоставување на пазарна економија и повеќе партиска демократија се
соочија со драстичен пад на стандардот што во голема мера го разниша убедувањето дека
новиот систем ќе донесе поголема слобода,богатство и правда. Истражувањата на почетокот
на дваесетиот век по десетина години драматични промени, покажаа дека во најголем дел од
земјите во транзиција нееднаквостите се многу поизразени од западните развиени
општества. Процесот на приватизацијата се доживува како кражба на колективната
сопственост од оние кои ги запоседнаа важните политички функции .( L o š o n c, A. 2005;
Radmilović, S.,2001. ;Богооев ,К. 1994,Ацески ,И. 2002).

Противречностите на процесот на транзиција

Сопственичка и политичка трансформација . Процесот на транзиција пред сé значи премин


од еден систем за кој е карактеристична еднопратиска демократија и колективна
сопственост, во суштина недемократски систем, со загрозени права и слободи на луѓето, во
друг систем, карактеристичен за општествата на Западна Европа , со приватна сопственост и
повеќепартиска демократија. Причините за распаѓање на социјализмот беа содржани во
економската неефикасноста и отсутвото на мотивација за работа, која беше уништена од
неприродната уравниловка. каде не можеа да дојдат до израз правите вреднсти и каде се
игуби врската помеѓу продуктвноста на трудот и неговото вреднување. Суштината на
транзицијата , посматрана од економски аспект, беше формирање на ефикасна економија во
рамките на ефиксно пазарно стопанство, каде приватизацијата беше еден од првите и
најважни чекори. Целта на масовната приватизација , на пример во Полска ,беше да се
мексимизира праведноста и да се елиминираат можностите за загуби на граѓаните. Имено со
масовната и брза приватизација за многу кратко време и без големи трошоци практично
сопственоста се трансформира што беше еден од условите за воспоставување на пазарни
механизми .( Славески , Т. 1998; Криштановскаја, О 1995; Генов, Н., (ред) 1994; Богооев ,К.
1994,;Lazic, M,1994 ;Зудин, А, 1999;Ацески. И, 1997).
Македонскиот одговор на приватизацијата започна пред распадот на социјализмот , со
распродажба на општествениот капитал и негово претворање во акционерски капитал, што
беше максимално искористено од владеачките структури кога започна приватизацијата по
новите правила. Неколку години подоцна,(1994) со донесување на нов закон за
приватизација, каде до израз дојде улогата на раководните структуруи на претпријатијата кои
во спрега со политичките структури за кратко време го приграбија најатрактивниот дел од
сопственоста, односно најрентабилните претпријатија. Кратко време по распадот на
I2
социјализмот , како ќе забележат аналитичарите, луѓето не погрешиле во одговорот на едно
прашање: дека старата номенклатура мутирала во капиталистичка класа, правејќи од нив
сопстевници на капиталот. Приватизацијата им овозможи да ги задржат во своите раце
економските ресурси и истовремено да се стекнат со слобода што стариот режим им ја
негираше.Приватизацијата на номенклатурата и даде извесен степен на легитимност на
пленот.( Ацески, И.1995; Ацески, И.1997; Славески , Т. 1996; Брајаноски, Б. 1995;Roman, F, i
drugi.1996.)

Од процес на транзиција во состојба на пострецесија

Во анализата на македонското општество ќе се задржиме на неколку прашања кои се тесно


меѓусебе поврзани и кои ја покажуваат сложената стварност во која се најде веднаш по
распадот на социјализмот и распадот на југословенската федерација во чиј систав беше и
Македонија скоро пет децении, од завршувањето на Втората светска војнa..
За македонското општество за жал, нема истражувања, пред сé мисли на
интердисциплинарни истражувања , или барем истражувања кои по својата природа се
социолошки и економски и тоа не ни дава за право да донесуваме аргументирани
заклучоци за тоа во која насока се движи општестсвото во Македонија во
посттранзициониот период. Економските и социјалните показатели не се доволни за тоа.
Едноставно не сме во можност да судиме по анологија со она што се случува во другите
земја во транзиција и тоа да го прифатиме како карактеристика и за Македонија , иако на прв
поглед ,поголем дел од анализите на социолозите и економистите од земјите од
непосредното опкружување сé чини како тоа во исто време да се однесува и на Македонија.
(Lazic, M.; 1998 Генов, Н, (ред),1994; Tomic, Kaludrovic, I., Petric, M,. 2007. Stevanovic, S , I
drugi, 2008; Стојадиновић, М., Матић П.2009; ).
Прашањето, кој теоретски модел е најпогоден за да се објасни и разбере природата на
трансформацијата на македонското општество е прашање кое заслужува многу внимание .
Македонија е премногу сложено општество за да може да се објасни и влезе во една
теоретска рамка која би била доволна да се разберат барем дел од противречностите од
развојот и да се определи нивото на демократска консолидација, по две децении од распадот
на социјализмот , кое во себе минимум вклучува стабилен полититички систем во кој
влегуваат елементарни културни и вредносни содржини кои за најголемиот дел од
популацијата имаат голема улога и значење. (Богоев ,К.;1994 Maldini P.,; 2007. Perasovic, K
2004.,; Вејновиђ Д., 2004;) На пример, само кратко време по распаѓањето на социјализмот,
настапи големо разочарување за вредностите на граѓанското општество, за можностите за
остварување на човековите права, функционирањето на парламентарната демократија,
остварувањето на правната држава, пред сé како инструментални вредности, не вредности
сами посебе, кои ќе донесат поголема слобода и правда и како претпоставки за позабрзан

I3
економски развој, пред сé, на почетокот преку процесот на трансформација на сопстевноста
како минимален услов за повисока економска ефикасност. За жал тоа не се случи:
плурализмот , повеќепартискиот систем и приватизацијата за најголем дел од популацијата
не се доживеани како изчекор кон повисок степен на демократија, приватизацијата не донесе
поголема ефикасност и повисок степен на правичност.( Ацески И, 1997; Славески , Т.
1998 ;Национален извештај за човековиот развој во Македонија за 1998,1999, 2001;) На таков
начин разбрана и доживеана транзицијата се очекуваше да предизвика социјални промени
и да создаде нова социјална структура и нови вредности кои не само што ќе бидат различни
од претходните, туку ќе значат поголема правда, поголема ефикасност и богатство.
(Grudelj,S., 1994; Економска транзиција во Бугарија и Македонија, 1997; Cifric, I., (ur)1998)
Во литературата главно се познати три теоретски пристапи во анализа на транзицијата и
тоа: теорија на структурален пристап , или теорија на економски и политички промени, каде
се поаѓа од состојбата пред транзициајта и очекувањата од промените , на почетокот и крајот.
Прашањето : дали луѓето живеат подобро или полошо е најчесто поставуваното прашање пo
само неколку години од воведувањето на новиот систем, тоа и денес се поставува во оние
земји кои се соочуваат со економска криза и низок стандард на живеење, и во зависност од
неговиот одговор се проценува успешноста на новиот систем; Теорија на социолкултурен
пристап или теорија на социјална трансформација каде доминантно место завзема
промената на општествените вредности и теорија на модернизација односно промените се
разбираат како момент од историскиот развој. Односно, постоењето на еден континиум во
развојот на општеството, од традиционално према модерно, предизвикани од некои
трансформациски процеси, како што се индистријализација, урбанизација, рационализација,
бирократизација, индивидуализација, и други процеси. (Sztompka,2000.; Vejnovic,D.
2004;Linc ,H., Stepan,A., 1998; Perasovic, K 2004.).

,,Македонскиот случај " на мултиентичко општество и држава

За да се разбере ,,македонскиот случај" на мултикултурно, мултиетничко и


мултиконфесионално општество, потребна е солидна теоретска основа врз која, во исто
време, мора да има место за, во голема мера, спротиставени па дури и исклучиви ставови:
од една страна желбата и напорите да се изгради граѓанско демократско општество, нешто
слично како тоа се поима во развиениот западен свет, но тоа во исто време да се прави низ
процеси/темели на етно-политичка мобилизација, политичко организирање врз нагласен
етнички, верски и национален предзнак, односно консоцијативна демоктарија врз етнички
принципи Од друга страна, тоа мора да резултира со создаванње на доволно елементи со
чија помош би се зачувал уставниот карактер на државата, како униратна заедница и сл.
Отаму и прашањето дали Македонија е бинационална држава, која се почесто се поставува
I4
во социолошките и политиколошките истражувања, но и во секојдневиата комуникација
меќу граѓаните: каде води консоцијативната демократија kako е можна и ако е можна како
да функционира државата врз принципите кои произлегуват од нејзиниот бинационален
карактер. Пред сé дали е можна ефикасна држава, во која нема да се продуцираат
непотребно проблеми, особено оние кои имаат етничка основа. Потоа, дали процесите на
децентрализација сé во насока којa води кон дефинитивно формирање на бинационална
држава.(Stankovic V., Pejniovic P.; 2010;Atanasov, P. 2003;Framework Agreement. 2001;Maleska,
M. 2005).
Или уште поедноставно, на пример, кога говориме за ефектите на приватизацијата, која во
многу земји во транзиција од населението е доживеана како криминална операција на
моќните групи, го има истото значење, особено во оние држави кои сéуште, како што е
случајот со Македонија, немаат доживеано економски развој кој пред сé ќе го намали
процентот на невработените и ќе го зголеми стандардот на живеење. Или , ако проблемот го
посматраме на друго , поапстрактно ниво во смисла на процеси на модернизација,
глобализација или европеизација, тогаш нужно се наметнува прашањето за тоа како се
прифаќа, доживува овој процес, дали општеството може да ги следи тие процеси, што значи
да се прилагодува и ги ужива бенефитите од развојот, но и да се заштити од последиците од
отвореноста кон светот. Глобализацијата не е само бенефит , туку и губење на многу
елементи кои се дел од националното и културното ткиво и нивна трансформација
Прашањето за европската интеграција вклучува комплексни односи помеѓу автономијата и
глобализацијата.Македонија се соочува со дополнителни проблеми на патот кон интеграција
во Европската Унија кои длабоко навлегуваат во идентитетот на македонската нација ,
поврзани со односите со соседна Грција и проблемот со името на државата.
Второ, дваесет години е доволен период за да се препознаат и идентификуваат главните
карактеристики на промените , кои започнаа со радикално уривање на институциите на
стариот социјалистички систем и започнаа со голем ентузијазам за воспоставување на нови
својствени за развиените западни демократски земји, кои , како се веруваше на почетокот
требаше само да се копираат и применат на местото на старите, односно, да се изврши
сопственичка трансформација, разбрана како приватизација и воспостави парламентарна
повеќепартиска демократија , како доволни услови кои ќе го повлечат целокупниот развој и
за кратко време ќе доведат до приближување до демократскиот и економски развиен свет.

I5
Каде е Македонија денес , прво во споредба од пред дваесетина години и второ во споредба
со другите држави од соседството и воопшто од земјите во транзиција? (Stevanovic, S , I
drugi,; 2008 Post-Socialist Countries in the Globalizing World2001; Stojadinovic, M.,; 2009.
Veselica, V,; Vojnic,D ,.2000 )
Економските показатели се во голем степен разочарувачки; Македонија сéуште го нема
достигнато степенот на развој од деведесетите години на минатиот век, процентот на
сиромаштија и невработеноста е околу една третина од вкупниот број на населението,
продуктивноста е релативно ниска, промените во сферата на сопственоста се доживуваат
како голема неправда, вербата во институциите е на многу ниско ниво, имаме висок степен на
авторитарна свест , особено кај младите, кај најголем дел од популацијата вредносите на
пазарната економија,либерализмот , плурализмот се доживуваат со голем цинизам ,
нихилизам, и разочараност. Во Македонија, како и во најголем дел од земјите во транзиција,
не се создадоа претпоставки за формирање на нова морална и вредносна основа во духот на
пазарната економија , односно не се изврши замена на стариот начин на практикување на
вредности, својствен за социјализмот, со систем на вредности које својствен на доминацијата
на приватната сопстевност и плурализмот на политичките интереси. Според Вилијамс,
( Williams, W,E,.1995/96) основните морални принципи и вредности како што се штедливоста
, честа, довербата, напорната работа и коперативното однесување се формираат во арената
на граѓанското општество и тие претставуваат клуч за стабилноста на општеството.
Почитувањето на приватната сопстевност, ,, светоста"на договорот, се дел од тие вредности.
Трето, дали е можно да се состави реална слика за промените кои ги доживува македонското
општество ,особено последните десетина години, односно дали сме во состојба да
формираме една реална слика за македонското општесво, која во себе ќе содржи барем
неколку непроблематични ставови кои се однесуваат на спецификите на социјалниот ,
економскиот , културниот , со еден збор севкупен развој. Во ред е ако кажеме дека
македонскиот пат во транзиција е сличен со земјите со кои Македонија беше во заедница
скоро половина век, или со земјите од Источна Европа, но тоа нема да ни помогне да ја
согледаме спецификата на тој развој. Прашањата од типот : во кој степен Македонија е
демократска земја, дали станува збор за развој кој е ,, дефицитарен во поглед на освојување
на демокрратските начела," или што е она што го забавува развојот во повеќе сфери од
животот на луѓето, особено видливо во сферата на економијата, сеуште се актуелни и
поставувани прашања.( Konig, M.; Kusic S., 2004;. Stankovic , В.,Pejniovic, P.)

I6
Главните прашања на македонскио развој

Во понатамошниот дел од анализата е посветена на неколку прашања за кои се смета дека се


од суштинско значење за да се разбере дел од македонската специфичноста на македонската
стварност.
Прво, дали македонското општество ги надмина последиците од првиот стадиум на
транзицијата, кој беше исполнет со многу противречности, бурни настани, период на
преживување, кога формирањето на државтата, стекнувањето на независноста и нацијата , се
случуваа со целата своја комплексност, каде и политички, и економски и културно требаше
да се издржи притисокот на опстојувањето, кое 2001 година се заокружи со Охридскиот
договор со кој Македонија се дефинира како заедница на етникуми и се удрија темелите на
консоцијативна демократија. (Maleska, M. 2005;Framework Agreement.; (2001) Engström, J.
2002 ;Bieber, F. (2008).
Второ, во кој степен македонската држава и општество по 2001 година , кога започнува
втората фаза во развојот, се прилагодува политички, институционално, културно, на еден
малку во светот практикуван облик на демократија познат како консоцијативна демократија,
функционирање на мултуетничка држава и состојба на мултикултурно општество. Дали, и
во кој степен, овој тип на демократија е соодветен и колку е погоден за економски развој, се
прашања кои немаат исклучиво политичко или економско значење. (Stankovic , В.,Pejniovic
P; 2010; Atanasov, P. 2003).
.

Трето, што покажуваат дел од социолошките истражувања поврзано со идентитетот во


услови на глобализација а кое индирекно ни дава дел од одговорот, без намера да биде
генерализиран, но е довоно показателен, за тоа како популацијата , во нашиот случај младите
ги доживуваат некои состојби во Македонија, односно ги перцепираат, на начин кој може
да биде доволно показателен за оние кои се обидуваат да ја анализираат сложеноста на
состојбата во Македонија. Пред сé се мисли на односот кон глобалните процеси , нивната
перцепција во однос на Македонија, дали има позитивна или негативна конотација.

Социо-економски односи

I7
За тоа каква е состојбата на македонското општество посматрана низ грубите социо-
економски факти не е потребно поподробно да се говори. Македонија е на прво место во
Европа по процент на невработеност и стапка на сиромаштија (Stevanovic, S и drugi, 2008.;
Veselica, V.; Vojnic,D ;2000 Konig, M.; Kusic, S., 2004, ) Тоа до крај не ја одразува
објективноста на состојбата: има голем процент на сива економија и многубројна дијаспора,
кои ги ублажуваат состојбите на социјален план со прилив на голема сума парични сретства..
Македонија сéуште не го достигнала степенот на развој од деведесетите години на
минатиот век но, фактот што има скоро двојно повеќе сиромашни и невработени од пред
деведесетите години, и да го надминала во некои сфери во економијата, говори за тежината
на проблемите , нивото на нееднаквост но и за целокупниот баласт на моралната економија
, која се однесува на општествените норми и перцепции ,вредности и судови на актерите кои
имаат свое лично искуство и улога во економските процеси, а што игра важна улога во
стекнување на легитимитетот на економскиот систем, пред сé.( Williams, W,E,.1995/96) Во
едно истражување на ЕБОР , од пред две години, (2009)се покажа дека македонците се
најнесреќен народ од 29 земји опфатени во истражувањето, а скоро 80 % се изјасниле дека
ситуацијата е полоша од пред 90-те години на минатиот век , дека 60% изјавиле дека има и
повеќе корупција од времето на социјализмот. .Кога сиромаштијата се комбинира со
патолошки неприфатливите нееднаквости, кои најмногу се поврзуваат со корупцијата,
профитерството, криминалот, етничките нееднаквости, сликата за Македонската транзиција
станува многу појасна. Кратко време , само неколку години по падот на комунизмот беше
потребно за да се изгуби оптимизмот и вербата во новото , она кое го замени стариот
омразем систем. (Национален извештај за човековиот развој во Македонија за 1998,1999,
2001 год. УНДП ;Ацески, И, 1995 ;)

Политичка стабилизација.

Прашањето: на што се должи демократскиот дефицитит на македонското општество е


далеку посложено од многу земји во транзиција. Некои го бараат мегу другото и во фактот
што осамостојувањето на државата и нацијата временски се совпаднаа , но во исто време и
како процес на расформирање на концептот на држава –нација , каде за граѓанско општество,
кое е еден од условите за развој на демократијата, тешко моѐе да се говори. Демократската

I8
консолидација на политичкиот систем се завршува со изградбата на државотворна култура
како социо-културна основа на демократијата.Таа може да трае повеќе десетици години
Демократијата која е консолидирана на сите нивоа станува имуна од дестабилизирачките
фактори кои доаѓаат однадвор Потоа концептот на демократската консолидација кој ги
опфаќа политичките ставови и вреднсости на граѓаните има многу поголем потенцијал за
стабилизација.(Wolfgang, M. 2007. )
Пренагласеното значење и улога на политичките- етнички елити во Македонија , остана
уште еден важен фактор во застранување на демократијата во непосакувани насока.
Одговорот на јавноста, на јавното мнение, или покнкретно со јазикот на моралната
економија, долготрајната транзиција, слабата или скоро никаква улога на граѓанскиот сектор,
неделотворните институции и партизација на администрацијата која перманентно се случува,
сомневањето во капацитетот на политичарите да ја водат државата , злоупотребата на власта
се само дел од она која ги разочара луѓето и им ја одзеде вербата дека ќе може да се изгради
демократско и богато општество. Најголем дел од овие карактеристики ќе ги сретнеме и во
другите држави во транзиција , но останува впечатокот дека во Македонија тие се длабоко
вкоренети, како што е вкоренет и егалитарниот синдром, дури , може да се рече дека има
елементи на радикален егалитаризам кој е дисфункционален и е пречка на патот кон
позабрзана модернизација. Ацески,2002чRadmilović S.,2001. Vejnovic D. 2004;Veselica , V,.
Vojnic,D., 2000 )
Перцепцијата на студенската популација , која е израсната во периодот по деведесетите
години, покажува зачудувачки однос кон промените на општеството. . Најголем број од
студентитите , скоро 70% се убедени дека Македонија се раководи од индивидуални а не
колективни интереси, дека околу 1/3 се убедени дека е можна демократија(!) без слободни
демокрратски ибори, но и тоа дека демократијата и слободата на говорот се пречки во
одржувањето на напредокот. Но затоа, ако во државата има силни водачи , скоро 2/3 од
испитаниците застапуваат таков став , тогаш напредокот и стабилноста се загарантирани. Кај
студентите постои изразито високо ниво на авторитарна свест и големо сомневање во
ефикасноста на институциите на државата. Прашањата кои дирекно се поврзани со
изградбата на новиот систем дирекно произлегуваат од менталната претстава за тоа како
функционира државата, дали таа може да обезбеди правичност и основни претпоставки за
норамлен живот. Демократијата е инструментализирана, таа помалку успева во сиромаштија.
Она што е карактеристика за најголем дел од државите во транзиција, а посебно за

I9
Македонија , е во суштина слабата држава, во која се присутни проблеми со владеење на
правото, има неуспешна борба против корупцијата, недоволно заштитени сопственички
права, проблематично судство.( Grdesic,M. 2008).По правило на овој тип на држави им
одговара слабо граѓанско општество, во нив доминира моќта на политичките лидери и
партии, се воспоставува партиска држава , настапува неприроден брак помегу партијата на
власт и државата. Според некои сериозни анализи Македонија станува типичен случај на
партизирана држава.
Кога говориме за успешноста на промените кон развиени форми на демократија и развој,
прашањето за улогата на граѓанскиот сектор сé чини е важен сегмент во тие процеси и тоа од
неколку причини, кои се поврзани со степенот на демократскиот развој. Особено, тоа се
однесува на ситуации каде развојот на општеството е под силен притисок на етничките
елити и каде етнизацијата ги зафаќа скоро сите сегменти од развојот. Имено, не само што не
може да има демократски развој без развиено граѓанско општетсво, туку, за Македонија има
уште една додавка: постоењето на државата во иднина може да биде доведено во прашање
ако него го нема Граѓанското општетсво ја развива толеанцијата и е нејзино средиште, ја
зголемува слободата и ги зајакнува демократскиот капацитет , а во мултикултурната држава
, во каква реално се развива Македонија , може да ја игра улогата на контролен механизам на
, често, од никого неконтрилираните етнички елити кои се борат за власт .
За жал во Македонија и граѓанскиот сектор е под силно партиско влијание и ја губи улогата
која реално му припага. Развиеноста на граѓанскиот сектор може да го спаси општеството
од понатамошните етнички поделби по сите основи.

Заклучни согледувања

Дали Македонија е типичен пример на земја во транзиција, слична како и поголемиот број од
земјите кои почетокот на деведесетите години од минатиот век, го напуштија
социјалистичкиот модел на уредување и започнаа со воспоставување на нов систем
својствен за развиените парлaментарни демократии на Запад е прашање на кое не може да се
I10
даде дециден одговор. По многу нешта Македонија, уште на почетокот на транзицијата, се
соочи со проблеми кои не беа својствени за другите земји, а и денес по дваесет години е
соочена со големи економски проблеми голема невработеност и сиромаштија и
голем ,,демократски дефицит" и наидува несовладливина пречки во нејзината евро-атланско
интегрирација.
Процесот на транзиција,сфатен како премин од еден систем во друг, сéчини дека е завршен,
но останува отворено прашањето за степенот на демократскиот развој. Македонија е земја
каде сéуште недостигаат многу елементи за да биде ,, нормално " демократско општество,
сéуште се чувствува состојба на слаба држава и слабо граѓанско општество кое е проследена
со изразито големи пробелеми на социјален, економски и политички план.
Прашање е колку може успешно да се развиваат демократските процеси во услови на
економска неразвиеност, голема невработеност и висок степен на сиромаштија.Потоа,
системот на консоцијативна демократија наметна правила на однесување кои не се секогаш
во функција на повисока ефикасност во управувањето со државните работи и стабилноста на
институциите. Промените на карактерот на државата, по 2001 година предизвикани од
етничкиот конфликт во голема мера ја стабилизираа состојбата, но и понатаму останува
прашањето за стабилноста на меќуетничката толеранција и соживот. Интеграцијата во
Европската Унија и НАТО во голема мера ќе го стабилизира развојот , но ќе отвори нови
проблеми .

Ilija Aceski, Ph. D.


Faculty of Philosophy
Institute of Sociology

Summary

Macedonian society in the processes of transition and globalization

In this paper the author is analyzing the processes of development of


Macedonian society after the nineties of the last century, since the moment of
the breaking out of the socialism and the beginning of the establishing the
system of market economy and multi party democracy. The attention of the
analyses is put on some areas of the social changes: a) contradictories of the
development of the society in conditions of radical changes on economic, social
and political plan; b) changes of the value system in condition of radical
changes of society; c) specificities of „the Macedonian case” as multicultural
society and be national state.

Key words: transition, social and cultural changes, multi ethnic


society, con social democracy
I11
Koristena literatura:

Ацески, И. 1995 Општесвото и човекот во транзиција, Прв дел . Екопрес: Скопје.


Ацески, И. 1997. Општесвото и човекот во транзиција, Втор дел.Екопрес:Скопје
Ацески, И. 2002. Општесвото и човекот во транзиција, Трет дел. Филозофски
факултет:Скопје
Atanasov, P. 2003. Multiculturalism as a theory, policy and practice. Skopje: Evro
Balkan Press.
Bieber, F. 2008. Power-sharing and the Implementation of the Ohrid Framework
Agreement. Skopje: Promo DSGN.
Blokker, P. 2005. Post-Communist Modernization, Transition Studies, and Diversity in
http://est.sagepub.com/cgi/content/abstract/8/4/503 European Journal of Social:
Богоев ,К. 1994. Економска транзиција, концепти, резултати, проблеми, Зборник, Економска
транзиција, МАНУ
Брајаноски, Б. 1995 .Односот на трудот и менаџментот во услови на транзиција во РМ,
Годишник на ИСППИИ – Скопје, бр, 1

Veselica, V., 2007. Globalizacija i nova ekonomija. Zagreb: Ekonomski fakultet, Inženjerski biro,
HDE i Zavod za poslovna istraživanja. Samobor: A.G.Matoš.,
Veselica, V.., Vojnic,D ,.2000. Europske zemlje u tranziciji na pragu XXI. stoljeca, Ekonomski
pregled, 51 (9-10) 829-86
Vejnovic D. 2004.Teorija tranzicije и drustvena kriza, Socioloski pregled,1-2, Sociolosko drustvo
Srbije,
Grdesic,M. 2008. Problem slabih drzava i slabih drustava u Istocnoj Evropi, Anali hrvatskog
poliitoloskog drustva. Zgreb
Grudelj,S., 1994, Dominantne vrednosne orienracije ; vo Lazic, 1994, Razaranje drustva, Filip
Visnjiċ , Beograd
6
Gligorov, V. «Transition, Integration and Development in Southeast Europe», Ekonomski pregled,
58, br. 5-6: str. 259-304., Zagreb, 2007
Генов, Н., (ред) 1994 Рискове на прехода, Софија,
Дал, Р, 1991, Општествената реалност и пазарната економија , во Цивилно општество во
посткомунизмот, Македонско радио , трета програма, Скопје
Економска транзиција во Бугарија и Македонија, 1997, МАНУ, Скопје.
Engström, J. (2002). The power of Perception: The impact of the Macedonian Question on
Inter-ethnic Relations in the Republic of Macedonia. The Global Review of Ethnopolitics
1 (3): 3-17.
Криштановскаја, О., Трансформација старој номенклатури в новју россијскоју елити, ,,
Социс,, бр.3/95
Криштановскаја, О 1995, Нелегалне структуре в Росии, Социс, 1/95. Москва.
Konig, M., Kusic S., 2004. Zemlje Istocne Evrope na putu u Evropsku Uniju- Od tranzicije do
integracije, Ekonomski pregled, 55(1-2).
Linc ,H., Stepan,A., 1998, Demokratska tranzicija I konsolidacija, Filip Visnjic , Beograd
Lazic, M,1994 . Razaranje drustva, Filip Visnjic :Beograd
Lazic, M., 1998(red) Racji hod, Srbija u transformaciski procesima. Beograd.

I12
Лепехин , Б.А. 1999, От администраттинои диктатури к финасовои олигархии,
Обштествение науки и современост , Но. 1
Lijphard, A. 1992. Demokracija u pluralnim društvima. Zagreb: Globus, Školska knjiga.
Lajos Csepi and Erzebet Lukacs, 1992, Privatization in Hungarry, , vo Privatization in Central and
Eastern Europe, EditedBx.A., Bohmand M. Simoneti, CEEPN, 1991.1993(KN.1,2,3i 4
L o š o n c, A. 2007. Postoji li moguãnost instaliranja socijalnog kapitalizma u post-socijalistiåkoj
tranziciji?, Sociologija, br.2.
L o š o n c, A. (2005). Od tranzicije do transformacije, ili od jednostavnosti do kompleksnosti,u:
Dijalozi o tranziciji u demokratiju, ur. R. Bubalo, Novi Sad: HCIT.
Magyar trendfigyelõ, 2007.)
Недков , Милан и други. 1991, Приватизацијата на општествениот капитал во Република
Македонија,Републички фонд за развој.
Maldini P., 2007. Model u postkomunistickom kontekstu, Drustvena istrazivanja . Zagreb, br.4-5.
Maleska, M. (2005) What kind of a political system did Macedonia get after the Ohrid
Peace Agreement? New Balkan Politics 9, < http://newbalkanpolitics.org.mk >
Post-Socialist Countries in the Globalizing World, Moscow: Russian Academy of Sciences, 2001.
Piotr Sztompka,2000.Cultural Trauma: The Other Face of Social Change
European Journal of Social Theory http://est.sagepub.com/cgi/content/abstract/3/4/449
Patrick, K., 1989, Javno vlasnistvo , Ekonomska demokratija ili demokratizacija ekonomije,
Pogledi Split, 2/1989
Radmilović S.,2001. Tranzicija u tržišnu privredu je nešto mnogo više i teže od
'kreativne destrukcije' netržišnog sistema, Ekonomist, Vol. 35, br. 3, 2001.
Stankovic , В.,Pejniovic P., 2010.Postaje li Makedonoja binacionalna drzava Socioloski pregled, br.
1
23.4.2010.
Stojadinovic, M., 2009. Zemlje u vrtlogu tranzicije, Srpska politicka misao, 4/2009
Roman, F, i drugi.1996. Kapitalizam so kamaradsko lice. Ekopres. br.104, mart , Skopje
Стeвановиђ, С., и др. 2008. Анализа неких резултата досадаснје транзиције у Србији и
истоцно-европских земалја, Економске теме, Нис.
Perasovic, K 2004.,Sociologija tranzicije , sociokulturni I neomodernizaciski pristup, Drustvena
istrazivanja ,Institut drustvenih znanosti , Zagreb br.3
Stevanovic, S , I drugi, 2008. Analiza nekih rezultata dosadasnje tranzicije u Srbiji I
istocnoevropskim zemljama, Ekonomske teme, br. 2008, Nis..
Стојадиновић, М., Матић П.2009,Землје у вртлогу транзиције, Политичка мисао . Институт за
политиќке студије. Београд
Славески , Т. 1996, Приватизацијата во Македонија , пет години подоцна, прилог на
Екопрес, , Скопје,
Славески , Т. 1998. Приватизација, пазар, држава. Екопрес-Магнаскен:Скопје
Sen, A., 1987, On Ethics&Economics, Blackweil,,Oxford.
Стратегија за намалување на сиромаштијата, јули, 2000. Министерство за развој на РМ и
Светска Банка.
Tomic, Kaludrovic, I., Petric, M,. 2007. Hrvatsko drustvo prije I tijekom tranzicije, Drustvena
istrazivanja4-5 /Zagreb
Taking Stock of Poverty in Macedonia, Izve{taj izgotven za Kancelarijata na Svetskata Banka vo
Skopje, april-maj 2000 godina
Захариева, М., 1994, Културни модели б ситуација на преход, С тојание и тенденции
Зудин, А, 1999, Олигархија как политическаја проблема россикого посткомунизма,
Обштественнние науки и современоста , Но 1/1999.
I13
Framework Agreement. (2001) engleska verzija Ohridskog sporazuma < http://faq.macedonia.
org/politics/framework_agreement.pdf > 26.06.2001.
Frčkoski, Lj. (1998). Model of the Interethnic Relations in Macedonia. Skopje: Kryg
Cifric, I., (ur)1998.Drustveni razvoj и ekoloska modernizacija, Hrvatsko sociolosko
drustvo,Zagreb.
Williams, W,E,.1995/96, The argument for free markets: Morality vs. efficiency, Cato journal,Vol.
15Nos.2-3
Wolfgang, M. 2007. Nasuprot svakoj teoriji: Brza konslolidacija demokracije u srednoistocnoj
Europi. Anali hrvatskog politoloskog drustva.

I14

You might also like