You are on page 1of 5

ГЛОБАЛИЗАЦИЈА

Глобализација
• Глобализација е поим кој се користи за да ги опише промените во
општествата и светската економија како резултат на драматично
зголемената трговија и културна размена. Во специфично економски
контекст, таа се однесува речиси исклучиво на ефектите на
трговската либерализација, односно на слободната трговија. Помеѓу 1910 и
1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси, значењето и
интензитетот на трговската размена биле сведени на минимум. По
Втората светска војна, светската економија зајакнала и драматично се
зголемила, сето тоа со помош на меѓународните економски институции и
програми.
Значење на поимот „глобализација“
• „Глобализацијата“ може да означува неколку процеси:
• Формирање на едно глобално село — поблизок контакт помеѓу различните делови на светот со растечки можности за
лична размена, меѓусебно разбирање и пријателство помеѓу „светските граѓани“ и создавање на глобална цивилизација.
Светската банка ја дефинира глобализацијата како „слобода на поединците и компаниите да иницираат доброволни
економски трансакции со државјани на други држави“.
• Економска глобализација — слободна трговија и растечки односи помеѓу членовите на една индустрија во различни
делови на светот (глобализација на индустријата) со кореспондирачка ерозија на националниот суверенитет во
економската сфера.
• Негативните ефекти на т.н. „за профит” мултинационални корпорации — употребата на супстанцијални, легални и
финансиски средства за да се заобиколат локалните закони и стандарди со цел да се контролира трудот и услугите на
нееднакво развиените региони меѓу себе.
• Ширењето на капитализмот од развиените земји до земјите во развој.
• Глобализацијата дели голем број на карактеристики со интернационализацијата и се користи без никаква разлика во
контекстот, меѓутоа некои претпочитаат да го користат зборот глобализација со цел да ја нагласат ерозијата на
националната држава или националните граници. А глобализмот пак, доколку го сведеме само на економски аспект, е во
контраст со економскиот национализам и протекционизмот. Поврзан е со капитализмот и неолиберализмот.
Економска глобализација
• Економска глобализација — однесува на зголемување на економската меѓузависност на националните економии
низ светот преку брзиот пораст на прекуграничните движења на стоки, услуги, технологија и капитал. Со оглед на тоа
дека глобализацијата е центрирана околу намалување на прописи на меѓународната трговија, како и тарифи, даноци и
други пречки што ја потиснуваат глобалната трговија, економската глобализација е процес на зголемување на
економска интеграција меѓу земјите, што доведува до појава на глобалниот или светскиот пазар. Во зависност од
парадигма, економската глобализација може да се гледа како било позитивна или негативна појава.
• Економската глобализација се состои од глобализација на производството, пазарите, конкуренцијата, технологија и
корпорации и индустрии. Иако економската глобализација се случува во последните неколку стотини години (од
појавата на транс-национална трговија), почна да се појавува во зголемена стапка во последните 20-30 години. За овој
неодамнешен бум во голема мера придонесоа развиените економии за интегрирање со помалку развиените економии,
со помош на странски директни инвестиции, намалување на трговски бариери и во многу случаи прекугранична
имиграција.
• Може многу да се полемизира за тоа дали економската глобализација може или не може да биде неповратен тренд.
Постојат неколку значајни ефекти на економската глобализација. Постојат статистички докази за позитивни
финансиски ефекти, како и предлози дека постои нерамнотежата на моќта помеѓу заемите во развој и развиените
земји во глобалната економија. Покрај тоа, економската глобализација има влијание врз светските култури.
Ви благодарам на вниманието!

You might also like