You are on page 1of 23

Економски факултет - Прилеп

Семинарска по предметот: Економетрија


Тема: Стапка на инфлација

Изработил: Ментор:

Филип Спиркоски 100/19 Проф. Д-р Димитар Николоски

Прилеп, 2022
Содржина

1. Вовед..................................................................................................................................................3

2. Почетоците на инфлација.................................................................................................................4

3. Мерење на инфлација......................................................................................................................4

4. Видови инфлација.............................................................................................................................5

 Според интензитетот и динамиката.......................................................................................5


 Според причините инфлацијата може да биде: ...................................................................5
 Од аспект на времетрањето односно од должината на постоењето на инфлацијата во
една национална економија ги има следните видови на инфлација:................................6
 Од аспект на последиците што ги трпи националната економија, инфлацијата може да
биде:.........................................................................................................................................6

5. Одржување на стабилна инфлација................................................................................................7

6. Како се мери инфлацијата? .............................................................................................................7

7. Како се интерпретира инфлацијата? ..............................................................................................9

8. Како конфликтот помеѓу Русија и Украина влијае врз инфлацијата? ..........................................9

9. Македонија под влијание на увозната инфлација.......................................................................10

10. Зголемените цени на енергенсите-доведуваат до нафтена криза...........................................11

11. Како државите се справуваат со нафтената криза?...................................................................12

12. Двоцифрена бројка на инфлацијата............................................................................................13

13. Економетриска анализа на стапката на инфлација во РСМ за период од 2002 година до 2016
година..................................................................................................................................................14

а. Наредба PLOT.....................................................................................................................14

б. Наредба COR.......................................................................................................................15

в. Оценување на повеќекратниот модел во Single.............................................................16

14. Оценување на реципрочен модел каде што Х = 1/Х1................................................................18

15. Испитување на автокорелација во реципрочниот модел.........................................................19

16. Заклучок.........................................................................................................................................20

17. Користена литература:..................................................................................................................21

1. Вовед

2
Oвој семинарски труд подетално ќе се запознаеме со поимот инфлација. Поим,
видови инфлација, како се мери инфлација, како пандемијата влијае врз зголемување
или намалување на инфлацијата. Исто така со соодветни реални податоци, како и
преку економетриски модел каде ќе ги испитаме факторите што влијаат врз
инфлацијата.

*Што е инфлацијата?

- Поимот инфлација потекнува од латинскиот збор inflatio кој значи зголемување. Во


економијата, инфлацијата претставува постојан пораст на општото ниво на цените во
одреден временски период.

За да настане една инфлација, треба да се исполнат 2 услови и тоа:

1. Пораст на општото ниво на цени - инфлацијата претставува пораст на општото


ниво на цените мерено преку некој индекс на цени.Нестанува збор за
инфлација доколку пораснала цената на само еден или на група производи.
2. Тренд на постојано зголемување на цените - инфлацијата претставува тренд на
постојано зголемување на цените. Еднократниот пораст на сите цени, на
пример поради зголемени даноци, не може да се смета за инфлација.

* Карактеристики на инфлацијата може да се издвојат следните:

- Речиси нема земја т.е. национална економија во која не постои инфлација.


- Во пазарните економии, инфлацијата се манифестира со покачување на цените.
- Во централизирано и административно уредените економии, инфлацијата се
манифестира со создавање на редови на чекање за одделни производи.
- Не постои една иста инфлација во две или повеќе национални економии. Во
секоја земја, инфлацијата има повеќе или помалку национални карактеристики.
- Една иста инфлација речиси никогаш не се повторува во друг временски
период. Секоја наредна инфлација е речиси секој пат поинаква т.е. „нова“ во
однос на поранешните.

*Од почетокот на 1960-тите, години кога стапката на инфлација изнесувала некаде


околу 1% и 2%, економиите до ден денес имаат претрпено повисоки и променливи
стапки на инфлација.

Низ изминативе 50 години, стапката на инфлација постојано се менуваше,


достигнувајќи високи вредности кои во некои случаи беа дури и двоцифрени.
Таа варијација на стапката на инфлација се наметна како главен економски и
монетарен проблем на сите економии, па постојано се бара решение за стишување на
така наречениот инфлаторен оган.

2. Почетоците на инфлација

3
Инфлацијата претставува карактеристика на современиот свет - периодот по Првата
светска војна. Така, историските податоци за движењето на цените во Велика
Британија во периодот од 1660 до 1914 година покажуваат дека цените се движеле
нагоре и надолу без никаков забележлив тренд во нивното движење, додека по 1914
година, нивото на цените се зголемило за дваесет пати. Слично, во периодот 1789-1913
година, просечната годишна стапка на инфлација во САД изнесувала -0.6%. По Првата
светска војна, се забележуваат две крупни промени во споредба со претходните епохи:

- Прво, во 1920-тите беа забележани епизоди на хиперинфлација во земјите од


Средна Европа - Германија, Австрија, Унгарија
- Второ, во овој период започнува епохата на постојан пораст на цените. На
пример, во периодот 1957- 1997 година, нивото на цените во развиените земји
се зголемило за шест пати во САД, Канада и Јапонија, десет пати во Франција и
Шведска, дванаесет пати во Британија и речиси дваесет пати во Италија.

Од крајот на Втората светска војна до 1970-тите, развиените земји се одликувале со


ниска, едноцифрена инфлација. На пример, просечната инфлација во САД во периодот
1948-1969 година изнесувала само 2,2%.

3. Мерење на инфлација
Стапката на инфлацијата во економијата се пресметува така што разликата
меѓу индексот на цените во тековниот период и индексот на цените во претходниот
период ќе се подели со индексот на цените во претходниот период. Најпознат индекс
преку кој се мери општото ниво на цените е индексот на потрошувачките цени
(consumer price index - CPI), или кај нас уште се нарекува индекс на трошоците на
живот. При неговото пресметување во повеќето земји се земаат цените на добрата и
услугите што ја сочинуваат т.н. потрошувачка кошничка, вклучувајќи ги тука и цените за
огрев, гориво, здравствени услуги, школарина итн. Друг познат индекс со кој се мери
инфлацијата односно стапката на покачување на нивото на цените е дефлаторот на
БДП, којшто се нарекува и имплицитен ценовен дефлатор на БДП. Дефлаторот на БДП
претставува коефициент на номиналниот и реалниот бруто-домашен производ.
Бидејќи номиналниот и реалниот БДП се разликуваат по цените коишто се користат
при нивното пресметување, произлегува дека дефлаторот на БДП претставува мерило
на нивото на цени во економијата.

4. Почетоците на инфлација

4
 Според интензитетот и динамиката

- Лесна инфлација - Овој тип на инфлација се јавува кога нивото на цените


упорно расте во одреден временски период со блага стапка. Кога
стапката на инфлација е помала од 10 % годишно, или е едноцифрена
стапка на инфлација, се смета дека е умерена инфлација.

- Средна инфлација - Овој вид на инфлација се манифестира со малку


поголем, но сè уште умерен растеж на цените. Намалувањето на
куповната сила на парите се движи помеѓу 5 и 15%, некаде дури и 20%
годишно.

- Забрзана инфлација - овој вид на инфлација се манифестира со


забележлив интензитет на динамиката на инфлацијата. Кај овој вид на
инфлација, годишниот растеж на цените на мало е меѓу 15% и 30%, а во
некои национални економии и до 50%.
- Хиперинфлација - која уште се нарекува и суперинфлација, претставува
галопирачка или катастрофална инфлација. Таа подразбира брзо и
прогресивно намалување на куповната сила на домашната валута и на
нејзината интервалутна вредност. Tрае релативно кусо време, но се
манифестира со висок интензитет. Нивото на цените на мало се
зголемува стотина, неколку илјади или десетина илјади пати годишно.
Хиперинфлацијата е најчесто последица на војни и револуции,
економска дезорганизација на земјата, или константно висок буџетски
дефицит којшто се покрива со автономна емисија на пари.

 Според причините инфлацијата може да биде:

- Паричната инфлација - е состојба во националната економија


предизвика од пуштање на прекумерно количество на пари во оптек во
економијата од страна на Централните банки. Доколку во економијата
има повеќе пари од оптималното ниво, кредитирањето станува
поевтино, луѓето и фирмите лесно се задолжуваат и трошат повеќе, а сè
поголемото трошење доведува до пораст на цените, односно инфлација.
Затоа, поради вишокот на пари во економијата, односно вишокот на
пари во оптек кои банките предводени од Централната банка ги пуштаат

5
да циркулираат, доаѓа до поголемо трошење, а поголемото трошење и
зголемената побарувачка значат и пораст на цените,
- Структурна инфлација - Состојба на националната економија
предизвикана од разликите на факторите на производство,
распределбата на националниот доход и нивото на стапката на
економски раст.
- Инфлација на трошоци (cost push inflation) - Состојба во националната
економија во која цените не се зголемуваат примарно поради растот на
побарувачката, туку поради растот на трошоците на производството (на
пр. раст на цената на нафтата која се користи како инпут во голем дел од
производството). Во овој случај, зголемените трошоци генерираат раст
на продажните цени на добрата и услугите.

 Од аспект на времетрањето односно од должината на


постоењето на инфлацијата во една национална
економија ги има следните видови на инфлација:

а. Секуларна инфлација - има слаб интензитет, но затоа трае доста долго.


Овој вид на инфлација не се ограничува само на една национална економија туку
има општ карактер бидејќи се среќава во повеќе земји.

б. Еднократна инфлација - Трае кратко време, со малку повисоко ниво на


цените кое се запира на определена граница. Се јавува како резултат на преземање
на определни мерки во националната економија или како последица на определни
случаи како што се: високо ниво на задолженост на државата кај Централната
банка, брзо зголемување на платите, промена во политичкиот систем на државата,
големи елементарни непогоди(суша,поплава,земјотрес)...Доколку се појави
еднократна инфлација националната економија се стабилизира по пат на
девалвирање на интервалутната вредност на домашната валута.

в. Хронична инфлација – трае повеќе години во една национална


економија. Пократка од секуларната инфлација но со посилен интензитет, доста
тешка за совладување.

6
 Од аспект на последиците што ги трпи националната
економија, инфлацијата може да биде:
а. Стагфлација – кога во националната економија постои состојба на
релативно висока стапка на инфлација којашто перманентно расте и во исто време
стопанството се наоѓа во состојба на стагнација и можно е да се остварува
негативна стапка на стопански раст.

б. Катастрофална инфлација – влијае негативно врз сите сектори на


економското и неекономското живеење во земјата. Се карактеризира со : висока
стапка на инфлација, забрзана стапка на раст на цените на мало и релативно долг
рок на постоење.

в. Стабфлација – состојба во националната економија кога по пат на


забрзано зголемување на цените на мало, со цел да се испумпа вишокот на пари
во националната економија се влијае врз намалување на цените на мало, врз
намалување на стапката на инфлација.

г. Социјална инфлација – состојба што настанува во националната


економија поради нарушена социјална пирамида, социјална сигурност и социјална
стабилност, по пат на создавање на големи социјални фондови, како и по пат на
емисија на примарни пари.

5. Одржување на стабилна инфлација


- Ценовната стабилност во економијата е најчестата крајна цел на монетарната
политика, а воедно ценовната стабилност е основната цел и на монетарната политика
на Народната банка на Република Северна Македонија. Постои општ консензус за
потребата од одржување ниска и стабилна инфлација, како предуслов за одржлив
економски раст и отворање нови работни места. Постигнатиот консензус произлегува
од веќе потврдените последици од високата инфлација, којашто создава несигурна
средина и со тоа предизвикува нарушувања во одлуките на потрошувачите и
инвеститорите. Иако не постои прецизна дефиниција за стабилноста на цените, таа
обично се толкува како ниска, позитивна и стабилна инфлација.Само при стабилни
цени инвеститорите се спремни да преземат инвестициски одлуки и економијата во
целост се движи напред. Во оваа смисла, стабилниот и предвидлив амбиент е основен
предуслов за економски развој.

7
6. Како се мери инфлацијата?
Инфлацијата се мери и се следи преку соодветен ценовен индекс, којшто
опфаќа одреден број производи и услуги. Списокот на производи и услуги, дефиниран
за пресметка на индексот, во суштина ја одразува структурата на личната
потрошувачка на едно просечно домаќинство. Поради тоа што е невозможно да се
направи целосна покриеност, вообичаено се прави избор на производи и услуги
коишто се предмет на масовна потрошувачка. Главниот извор на информации за
дефинирање на листата на производи и услуги коишто влегуваат во нашиот ценовен
индекс е Анкетата за потрошувачката на домаќинствата (којашто се спроведува од
страна на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија).Промени
во листата на опфатени производи и услуги се прават повремено, со оглед на тоа дека
не се случуваат чести промени на куповната листа, но снимањето на цените на
производите и услугите се врши секој месец, во определен временски период.
Снимањето на цените и пресметката на ценовниот индекс, исто така, се извршува од
страна на Државниот завод за статистика.

Производите и услугите избрани во листата немаат исто значење во потрошувачката на


домаќинствата. Затоа, при пресметката на индексот се води сметка секој производ или
услуга да бидат претставени на списокот според нивното учество во структурата на
личната потрошувачка. Соодветно на тоа, секој производ и услуга добиваат соодветна
тежина или значење. Кај нас, тековно, најголемо учество имаат прехранбените
производи (околу 40%), коишто најмногу се купуваат, наспроти на пример,
производите од категоријата „рекреација и култура“ коишто имаат едно од најниските
учества (околу 3%).

Во нашата економија, Државниот завод за статистика ги пресметува и ги објавува


индексите на цените. Постојат повеќе ценовни индекси, при што како мерка за
инфлацијата се користи индексот на трошоците за живот, изработен според
меѓународни стандарди за класификацијата (COICOP ‒ Classification of individual
consumption by purpose). Според оваа класификација, производите и услугите
опфатени во овој ценовен индекс се групирани во дванаесет основни групи, коишто
опфаќаат повеќе видови производи и услуги.

Во прилог се прикажани дванаесетте основни групи на индексот на трошоци на живот


и направена споредба помеѓу месец Март во 2022 и 2021 година.

8
1

Табела бр. 1

Табела бр. 2

7. Како се интерпретира инфлацијата?


- Што ни покажува инфлацијата, којашто изнесува на пример 2% на годишно ниво, во
март? Таа покажува дека општото или просечното ниво на цените во март тековната
година, во споредба со нивото на цените во март претходната година е повисоко за
2%. Што значи, цените во просек се повисоки за 2%, при што е можно цените на некои
производи да се зголемиле, а на други да се намалиле, но во просек, промената е
позитивна и изнесува 2%. Покрај тоа, се следи и просечната (или кумулативна)
инфлација, којашто е всушност просечна промена на ценовното ниво во период од
1
Извор: Државен завод за статистика на РСМ

9
повеќе месеци, на пример во периодот јануари ‒ март оваа година, во споредба со
периодот јануари ‒ март од претходната година.

8. Како конфликтот помеѓу Русија и Украина влијае врз


инфлацијата?
По пандемијата, сега војната во Украина ги задушува надежите за економско
опоравување, претставува закана за синџирот на снабдување и придонесува до
драстично зголемување на инфлацијата. Со текот на војната веќе се забележуваат
сериозните последици со тоа што растат цените на стоки и суровини.

Времетраењето на војната во Украина е клучен фактор за економските состојби


во Европа и во светот, доколку има смирување во 2023 година се очекува пад на
цените на прехранбените производи. Но, не само прехранбените производи и
суровини, пикови на цените веќе достигнаа и нафтените деривати. Лани, цената на
нафтата на светските берзи забележала раст од 61 отсто. И овој тренд продолжи дури
и се засили поради воената инвазија на Русија врз Украина и двете земји важни за
светскиот синџир на снабдување со храна и енергенси.

9. Македонија под влијание на увозната инфлација


Македонија ги чувствува последиците од Руско – Украинската војна. Според најновите
податоци објавени на страната на НБРСМ се очекува забавување на економскиот раст
на државата и забрзување на инфлацијата. директните трговски и финансиски врски на
Република Северна Македонија со Русија и Украина се слаби, трговијата со овие две
земји е помалку од 2% од вкупната трговија. Но и покрај тоа индиректните влијанија,
преку глобалната, но пред се европската економија врз земјите од регионот нема да
изостанат. Тие ќе се почуствуваат преку четири главни канали:

а. Трговија

б. цената на примарните производи

в. затегнувањето на меѓународните финансиски пазари

г. довербата кај потрошувачите

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека глобалната трговија ќе расте,


но поспоро - 5%, цените на примарните производи од почетокот на годинава сеуште
имаат нагорен тренд, каматните стапки на меѓународните финансиски пазари се
зголемија, а неизвесноста може да ги забави инвестициите и потрошувачката.

10
Меѓународните финансиски институции тековно очекуваат дека економиите ќе растат,
иако со забавена динамика, а инфлацијата од втората половина на годината постепено
да се стабилизира. За подобрување на моменталната состојба во државата,
монетарната политика е во насока на одржување на стабилноста а фискалната
политика со соодветни мерки за поддршка ги ублажува ефектите врз економската
активност на краток рок.
Во јануари 2022 година е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7%.
Забрзувањето на годишната инфлација е одраз на порастот на регулираните цени на
енергенсите, како и на растот на дел од прехранбените производи коишто имаат
променлива динамика. Придонесот на базичната инфлација (инфлацијата од која е
исклучено влијанието на цените на храната и енергенсите) кон растот на ценовното
ниво е сѐ уште умерен и стабилен. Ценовните притисоци и натаму главно
произлегуваат од фактори на страната на понудата, поврзани со промените на цените
на глобалните пазари и влијанието на пандемијата.Народната банка, внимателно ги
следи сите промени и доколку растот на цените е од продолжен карактер и
позначително влијае на инфлациските очекувања, таа е подготвена за соодветна
реакција со инструментите со кои располага.

Најблиските и најзначајните трговски партнери на Македонија се соочуваат со растечка


инфлација – Германија, Бугарија, Србија се земјите од каде најмногу се увезува и токму
затоа сме сведоци на континуиран раст на „увозната инфлација“.

10. Зголемените цени на енергенсите-доведуваат до


нафтена криза
За 2022 година е извршена нагорна ревизија на цената на нафтата. Ваквата
корекција во најголема мера се должи на очекувањата за намалена понуда, во услови
на ниски глобални залихи на нафта, намалениот интерес за инвестирање во нафтната
индустрија како резултат на транзицијата кон обновливите извори на енергија, како и
на присутните геополитички тензии. Цените на горивата веќе урнаа рекорди. Но,
растечките цени на горивата и на храната не се единствени кои ја разбудија
инфлаторната спирала. Голем раст се случи и на цените на металите, што веќе повлече
и раст на цените на недвижностите. Во 2021 година, цените на бакарот и на никелот
забележаа силен раст од 46,1 отсто и 29,6 отсто и овој раст се очекува да продолжи и
годинава.

Рекордните цени на горивата во Германија во моментов се најгласниот одек на војната


во Украина. За прв пат во историјата цената на дизелот ја надмина цената на
бензинот.

а. Како се формира цената на горивата?

11
Парите кои возачите ги плаќаат за точење гориво меѓу себе ги делат повеќе страни:
нафтените компании, рафинериите, доставувачите, безинските пумпи и државата.
Вистинските трошоци на набавка на производите чинат повеќе од половина од цената.
Во нив спаѓаат набавната цена на суровата нафта, како и трошоците за транспорт,
натамошна преработка, складирање, администрација и дистрибуција. Покрај тоа, тука
се и даноците на ЦО2 за компаниите за производство на минерални масла и нивниот
профит. И државата, исто така, зема добар дел од парите за точење на горивото -
делот на данокот е околу 39% од дизелот и 48% за бензин. Но, малку е веројатно оти
државата дополнително ќе профитира од високите цени на горивото.

График бр. 1 Развојот на цените на суровата нафта и на дизелот во периодот


февруари-март 2022 година

11. Како државите се справуваат со нафтената криза?

1. Германија
а. Таа објави намалување на доплатата на давачката на цената на електричната
енергија, додека изготвени се и мерки со кои ранливите домаќинства ќе можат
целосно да ги покријат сметките за греење. Германија превидува и еднократни

12
грантови за домаќинствата со ниски приходи, кои ќе бидат исплатени во текот на
летото, кога домаќинствата ќе ги добијат сметките од добавувачите на енергијата.

2. Франција
б. Попуст од 15 центи за литар. Субвенцијата треба да почна да важи од 1 април и
нејзиниот рок засега е ограничен на четири месеци. намалување на данокот на
бензин и дизел. Данокот на бензин треба да се намали за 20 центи, а на дизелот за
15 центи за литар.

3. Словенија
в. Мерките во Словенија се насочени кон таргетирани финансиски трансфери. Тие,
исто така, предвидуваат поддршка за пензионерите, корисниците на социјална
помош, корисниците на инвалидски и детски додаток, многудетните семејства и
згрижувачките родители. Воедно предвидуваат и тримесечно ослободување од
обврската за доплата за поддршка на производителите на енергија од обновливи
извори и високо ефикасно комбинирано производство, како и надоместоците за
дистрибутивната и преносната мрежа, за сите домаќинства.

4. Србија
г. Таа донесе мерки за подобрување на енергетската ефикасност преку финансиска
поддршка на домаќинствата. За да ја намали инфлацијата, Србија воведе мерка за
замрзнување на цените на брашното, шеќерот, сончогледовото масло, свинското
месо и млекото и забрана за извоз на некои основни производи.

5. Црна Гора
д. Црна Гора неодамна донесе мерки за намалување на акцизата за горивата за
20% и еднократна помош од 50 евра за пензионерите чија пензија е под
просечната. Донесена е и одлука за зголемување на залихите на храна и гориво,
како и одлука за воспоставување стокови резерви, бидејќи од 2003 година Црна
Гора нема стокови резерви.

13
12. Двоцифрена бројка на инфлацијата

-Статистиката објавена на 11.05.2022 год дека инфлацијата во Република Северна


Македонија во Април достигнала 10,5%, што е највисоко ниво од Март 2008 та година.
Тогаш  изнесувала 10,2%.

Поради брзото зголемување на инфлацијата НБ изврши дополнително зголемување на


каматната стапка за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75%. Потегот е за
да се спречи инфлацијата како и понатамошен раст на трошоците за живот. Со ваквата
мерка ќе забави економскиот раст, но може да влеземе во стагфлација, односно да
имаме негативни стапки на раст. Парите ќе станат се поскапи, позајмувањето ќе биде
по повисоки камати. Први на удар - постоечките кредити, пред се станбените.

Според Централната банка најновите податоци упатуваат на тоа дека годинава


инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции. Главните
фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на
понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на
примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено
кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде
што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи
предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и
услуги, растот на цените станува пошироко распространет.Девизните резерви се во
сигурна зона и девизниот пазар е стабилен. Се забележува сезонски поголема понуда
на девизи. Според првичните податоци за Април, годишниот раст на кредитите е
солиден, при поумерен раст кај депозитите. Кај депозитите на населението се
забележува раст на месечна основа во Април. На 10.05.2022 год одлучено е понудата
на благајнички записи на аукција да изнесува 10 милијарди денари.  

14
13. Економетриска анализа на стапката на инфлација во
РСМ за период од 2002 година до 2016 година

а. Наредба PLOT

120

100

80

60

40

20

-20
2002 2006 2010 2014 2016

Y X1 X2 X3

а. Од добиениот графички приказ можеме да согледаме дека со сина


линија е претставена стапката на инфлација, со црвена линија е
претставена паричната маса (М2), со зелена линија е претставен
реалниот курс на денарот додека со розева линија е претставена
стапката на невработеност.

б. Можеме да заклучиме дека кај стапката на инфлација се забележува


благо отстапување нагоре во периодот од 2006 до 2010 година. Парична
маса (М2) е прикажана со повисоки отстапувања кои најизразени се во
периодот од 2004год до 2007год. За реалниот курс на денарот заедно со
стапката на невработеност не се забележуваат некои изразени промени
низ текот на годините.

б. Наредба COR
15
12.05.2022 19:15:31

Estimated Correlation Matrix of Variables

15 observations used for estimation from 2002 to 2016

*******************************************************************************

Y X1 X2 X3

Y 1.0000 .012523 -.30017 .21118

X1 .012523 1.0000 -.40968 .41787

X2 -.30017 -.40968 1.0000 -.77826

X3 .21118 .41787 -.77826 1.0000

а. Од добиената матрица на корелација се согледува дека постои


позитивна но релативно слаба корелациона врска помеѓу стапката на
инфлација (Y) и паричната маса (Х1), коефициентот изнесува 0,012523.

б. Постои негативна и релативно слаба корелациона врска помеѓу


стапката на инфлација (Y) и реалниот ефективен курс на денарот (Х2) ,
коефициентот изнесува -0,30017.

в. Постои позитивна и релативно слаба корелациона врска помеѓу


стапката на инфлација (Y) и стапката на невработеност (Х3),
коефициентот изнесува 0,21118.

в. Оценување на повеќекратниот модел во Single


16
12.05.2022 19:09:59

Ordinary Least Squares Estimation

*******************************************************************************

Dependent variable is Y

15 observations used for estimation from 2002 to 2016

*******************************************************************************

Regressor Coefficient Standard Error T-Ratio[Prob]

C 20.8964 29.5610 .70689[.494]

X1 -.026195 .064049 -.40898[.690]

X2 -.17876 .22056 -.81048[.435]

X3 -.014049 .26684 -.052650[.959]

*******************************************************************************

R-Squared .10499 R-Bar-Squared -.13910

S.E. of Regression 2.5294 F-Stat. F(3,11) .43012[.736]

Mean of Dependent Variable 1.7933 S.D. of Dependent Variable 2.3699

Residual Sum of Squares 70.3741 Equation Log-likelihood -32.8774

Akaike Info. Criterion -36.8774 Schwarz Bayesian Criterion -38.2935

DW-statistic 1.9735

а. С (константен член) = 20,8964 – толку проценти ќе изнесува стапката на


инфлација доколку паричната маса, реалниот ефективен курс на денарот и
стапката на невработеност се еднакви на 0.

б. Х1 (парцијален коефициент) = -0,026195 – толку проценти ќе изнесува


стапката на инфлација доколку паричната маса се зголеми за 1 единица а под
услов реалниот ефективен курс на денарот и стапката на невработеност да
останат непроменети.

в. Х2 (парцијален коефициент) = -0,17876 – толку проценти ќе изнесува


стапката на инфлација доколку реалниот ефективен курс на денарот се промени
за 1, а под услов паричната маса и стапката на невработеност да останат
непроменети.

17
г. Х3 (парцијален коефициент) = -0,014049 – толку проценти ќе изнесува
стапката на инфлација доколку стапката на невработеност се промени за 1% а
под услов паричната маса и реалниот ефективен курс на денарот да останат
непроменети.

д. T – ratio

С = [0,494] > 0.05 – можеме со сигурност да ја прифатиме Н 0 и да


заклучиме дека константниот член не е статистички значаен.
X1 = [0,690] > 0.05 – можеме со сигурност да ја прифатиме Н 0 и да
заклучиме дека коефициентот не е статистички значаен.
Х2 = [0,435] > 0.05 - можеме со сигурност да ја прифатиме Н0 и да
заклучиме дека коефициентот не е статистички значаен.
X3 = [0,959] > 0.05 - можеме со сигурност да ја прифатиме Н0 и да
заклучиме дека коефициентот не е статистички значаен.

г. Коефициент на детерминација
R2 = 0,10 или 10% од варијабилитетот на стапката на инфлација е објаснет преку
варијабилитетот на паричната маса, реалниот ефективен курс на денарот и стапката на
невработеност. Во моделот имаме релативно слаба објаснувачка моќ.

Во повеќекратните статистички модели освен коефициентот на детерминација исто


така се применува и прилагодениот коефициент на детерминација. Негова задача е да
утврди дали со додавање на независна променлива се зголемува или намалува
објаснувачката моќ,а воедно го дава и точниот ефект на секоја ново вклучена
независна при што повторно се утвдрува конкретно дали таа независна ја зголемува
или намалува објаснувачката моќ.
Во овој случај имаме негативен прилагоден коефициент на детерминација кој
изнесува -.13910.
F – stat
= [0,736] > 0.05 – можеме со сигурност да ја прифатиме Н0 хипотеза и да заклучиме
дека моделот во целина не е статистички значаен. Непостои контрадикторност со
поединечните статистички тестови на коефициентите.

Интервали на доверба

18
долна горна
  Оценка ЅЕ Т (критично) делта граница граница
β1 20,8964 29,561 2,593 76,651673 -55,755273 97,548073
β2 -0,026195 0,064049 2,593 0,166079057 -0,192274057 0,139884057
β3 -0,17876 0,22056 2,593 0,57191208 -0,75067208 0,39315208
β4 -0,014049 0,26684 2,593 0,69191612 -0,70596512 0,67786712
 според изработената табела на интервали на доверба можеме да заклучиме
дека:
а. Стапката на инфлација (β1) се движи во долна граница од -55,755273 до горна
граница 97,548073.
б. Паричната маса (β2) се движи во долна граница од -0,792274057 до горна
граница 0,139884057.
в. Реалниот ефективен курс на денарот (β 3) се движи во долна граница од -
0,75067208 до горна граница 0,39315208.
г. Стапката на невработеност (β4) се движи во долна граница од -0,70596512 до
0,67786712.

14. Оценување на реципрочен модел каде што Х = 1/Х1


12.05.2022 19:12:20

Ordinary Least Squares Estimation

*******************************************************************************

Dependent variable is Y

15 observations used for estimation from 2002 to 2016

*******************************************************************************

Regressor Coefficient Standard Error T-Ratio[Prob]

C -3.6986 17.5323 -.21096[.837]

X 6.0403 1.2552 4.8123[.001]

X2 -.7541E-3 .12933 -.0058312[.995]

X3 .13966 .15450 .90396[.385]

*******************************************************************************

R-Squared .70740 R-Bar-Squared .62760

S.E. of Regression 1.4462 F-Stat. F(3,11) 8.8645[.003]

Mean of Dependent Variable 1.7933 S.D. of Dependent Variable 2.3699

Residual Sum of Squares 23.0072 Equation Log-likelihood -24.4923

19
Akaike Info. Criterion -28.4923 Schwarz Bayesian Criterion -29.9084

DW-statistic 1.2382

а. С = -3,6986 – толку проценти ќе изнесува стапката на инфлација


доколку паричната маса, реалниот ефективен курс на денарот и стапката на
невработеност се еднакви на 0.

б.Х = 6,0403 – толку проценти ќе изнесува стапката на инфлација доколку


паричната маса се промени за 1 единица а под услов реалниот ефективен курс
на денарот и стапката на невработеност да останат непроменети.

в.Х2 = -0,7541 – толку проценти ќе изнесува стапката на инфлација


доколку реалниот ефективен курс на денарот се промени за 1 а под услов
паричната маса и стапката на невработеност да останат непроменети.

г. Х3 = 0,13966 – толку проценти ќе изнесува стапката на инфлација


доколку стапката на невработеност се зголеми за 1% а под услов паричната
маса и реалниот ефективен курс на денарот да останат непроменети.

д. Т – ratio

Во овој реципрочен модел се забележува дека Х е статистички значаен


бидејќи:
[0,001] < 0.05 – можеме со сигурност да ја отфрлиме Н0 хипотеза и да
заклучиме дека коефициентот е статистички значаен.
С, Х2, Х3 – не се статистички значајни, се прифаќа Н0 хипотеза.

Коефициент на детерминација
R2 = 0,70 или 70% од варијабилитетот на стапката на инфлација е објаснет преку
варијабилитетот на паричната маса, реалниот ефективен курс на денарот и стапката на
невработеност. Во моделот постои релативно висока објаснувачка моќ.

Прилагодениот коефициент на детерминација во овој модел изнесува 0,62 или 62%.

F – stat

= [0,003] < 0.05 – можеме со сигурност да ја отфрлиме Н 0 хипотеза и да заклучиме дека


моделот во целина е статистички значаен. Постои контрадикторност помеѓу
заедничкиот тест и поединечните тестови на коефициентите.

15. Испитување на автокорелација во реципрочниот модел


а.PLOT R

20
3

-1

-2

-3
1 5 9 13 15

a. Според добиениот PLOT на резидуалите неможе прецизно да се донесе


одлука дали во нашиот реципрочен модел постои автокорелација. За
подобра проценка наредно го користиме тестот на Дурбин и Вотсон кој
што е содржан во извештајот на Microfit (DW). Во продолжение е
направена пресметката:
DW = d = 1,23
dL = 0,82
dU= 1,75
0 dL dU 2 4-dU 4-dL 4
0 0,82 1,75 2 2,25 3,18 4
Вредноста на d= 1,23 се наоѓа помеѓу dL и dU која тврди дека неможе да
се донесе конкретна одлука за автокорелацијата во овој модел.

16. Заклучок

21
Инфлацијата претставува една од најсложените и најкомплексните економски појави.
Инфалицајата постои во сите земји со пазарна економија и во оние земји кои се во
транзиција. Нејзината појава и нејзиното постоење датира од многу одамна.

Инфлацијата се дефинира како процес којшто сам се подржува и од различни причини


предизвикува растеж на цените, кој постепено порано или подоцна, откако ќе се
искористат ефекти од растежот на цените доведува до опаѓање на животниот стандард
на поголем дел од населението, до исцрпување на националните извори на девизи, до
влошување на девизниот биланс и на курсот на националната валута и конечно до
нарушување на пазарот кое го отежнува континуираното функционирање на
стопанството.

Инфлацијата може да се мери на неколку начини каде ги издвојуваме индексот на


потрошувачките цени и GDP дефлаторот. При нејзината пресметката на индексот се
води сметка секој производ или услуга да бидат претставени на списокот според
нивното учество во структурата на личната потрошувачка. Соодветно на тоа, секој
производ и услуга добиваат соодветна тежина или значење. Кај нас, во Република
Северна Македонија, тековно, најголемо учество имаат прехранбените производи кои
издвојуваат околу 40%.

Најповолна стапка на инфлација е 2% па затоа земјите се стремат да ја одржуваат оваа


стапка. Поразлична состојба во стапката на инфлација на светско ниво се согледува во
последните 2 години како последица од пандемијата Ковид – 19. Последните месеци
Руско – Украинската војна исто така предизвикува пораст на стапката на инфлација.

Во Република Северна Македонија според последните податоци инфлацијата достигна


двоцифрена бројка односно таа изнесува 10,5 %, оваа стапка е повисока споредено со
инфлацијата во 2008 година која изнесувала 10,2%.

17. Користена литература:

22
https://finance.gov.mk

https://www.dw.com/

https://opfolio.mk/efekti-od-inflacijata-vrz-ekonomijata/

https://meta.mk/tag/inflatsija/

https://opfolio.mk/edukacija/inflacija/

https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-sto-treba-da-znaeme-za-inflacijata-2021.nspx

23

You might also like