You are on page 1of 9

Универзитет ,,Гоце Делчев“ - Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Семинарска работа по предметот


Меѓународни финансии
Тема:
Меѓународен монетарен фонд - ММФ

Ментор: Студенти:
Доц.д-р Татјана Бошков Дамјан Спасовски

176939

Скопје, 2022

1
Содржина
Вовед...................................................................................................................................3
1. Почетоци и развивање.............................................................................................4
2. Развивање и проширување.....................................................................................4
3. Цели на ММФ..............................................................................................................5
4. Политика на девизниот курс на земјите-членки на ММФ...................................6
5. Кредитирање..............................................................................................................6
6. Влијание и критика....................................................................................................7
Заклучок.............................................................................................................................8
Користена литература......................................................................................................9

2
Вовед

Mеѓународниот монетарен фонд – ММФ e основан во 1945 година и е


една од најстарите меѓународни финансиски институции. ММФ се дефинира
како меѓународна финансиска институција која e креирана да промовира
меѓународна соработка, да одржува девизна стабилност, да го унапредува
економскиот растеж и високото ниво на вработеност и да обезбедува
привремена финансиска и техничка поддршка на земјите членки, со цел да го
олесни прилагодуавањето на платниот биланс. Седиштето на Меѓународниот
монетарен фонд е во Вашингтон.

Mеѓународниот монетарен фонд се опишува себеси како „организација на


189 држави, кои работат на глобална финансиска соработка, сигурна
финансиска стабилност, олеснување на меѓународната трговија, промоција на
вработувањето и на економскиот раст, и намалување на корупцијата“. Од сите
членки на Обединетите нации само Северна Кореја, Куба, Лихтенштајн,
Андора, Монако, Тубалу и Науру не се интегрирани или пак застапени преку
други членки, односно имаат одлучено да не членуваат.

ММФ заедно со Меѓународната банка за обнова и развој (Бретонвудски


близнаци) делуваат заедно, со цел воспоставување стабилен систем на
меѓународни односи.

Петте основни цели на ММФ се:

 промовирање на меѓународната монетарна соработка;


 олеснување на проширувањето и балансиран раст на меѓународната
трговија;
 промовирање девизна стабилност;
 помош во воспоставувањето мултилатерален систем на плаќања;
 обезбедување ресурси на членовите кои имаат потешкотии при плаќање.

3
1. Почетоци и развивање

Во Големата депресија во триесеттите години на 20 век, економските


активности на водечките индустриски нации доживеаја голема рецесија.
Предноста на побогатите држави во однос на другите земји ја стекнаа со
тргување без рестрикции, а иако „големината на питата” е зголемена во
зависност за овој ист како и другите бенефити дадени на една земја. Светската
трговија, вработеноста и животниот стандард во многу земји нагло се намалија.
За време на Втората светска војна доаѓа до затворање, водечките
сојузнички држави разгледуваа различни планови да ги вратат во ред
мегународните монетарни врски и тоа го сторија на Бретенвудската конвенција
каде бесе формиран Меѓународниот монетарен фонд. Основачките земји
членки изгласаа нацрт повелба за една мегународна институција да го
набљудува меѓународниот монетарен систем и да елиминира девизни
рестрикции поврзувајќи се со трговијата на добра и услуги, за стабилноста на
девизните курсеви.
Меѓународниот монетарен фонд е формиран на 27 декември 1945 година,
кога првите 29 земји потпишаа договор за спогодба. Статутарните одредби на
ММФ денес се истите оние кои биле формулирани во 1945 година. Договорот
во Бретон Вудс, исто така, повикувал на систем на фиксни девизни курсеви кои
би биле уредени од страна на ММФ. Според овој договор, сите земји требаше
да ја фиксираат вредноста на својата валута со златото, но од нив не се
бараше да ги заменуваат своите валути за злато. Друг аспект на
Бретонвудскиот договор беше посветеноста девалвацијата да не се користи
како оружје за конкурентна трговска политика. Меѓутоа, ако една валута стане
премногу слаба за да се брани, би била дозволена девалвација до 10%, без
некакво формално одобрение од страна на ММФ. За поголеми девалвации
беше потребно одобрение од ММФ.

2. Развивање и проширување

По завршувањето на Втората светска војна заклучно со 1970,


капиталистичкиот свет доживеа нечуен развиток и пораст на примањата. Во
капиталистичкиот систем бенефитите на пораст не беа распоредени еднакво
за сите нации но севкупно тоа беше еден пораст на просперитетот, контрастот
на тоа директно беше поврзан со учеството на капиталистичките земји за
време на воениот период.
Во декадите пред Втората светска војна раздвоеноста означувала
просперитет, светската економија и монетарниот систем биле сведени на

4
билатерално ниво, додека по Втората светска војна се увидело дека преку
единствен меѓународен монетарен фонд се доаѓа до брз развој на државите.
Брзиот развој на технологиите и комуникациите придонесоа за растот на
меѓународните интегративни пазари и за затворање на застарените
национални економии. Влијанието на Меѓународниот монетарен фонд во
глобалната економија стабилно расте како и приклучува нови членови.
Во 1995 година Меѓународниот монетарен фонд почна да работи со
стандарди за проширување со водство на земјите членки на ММФ за
проширување на нивните економски и финансиски податоци за јавноста.
Меѓународниот монетарен фонд и Финансискиот комитет (IMEC) потпишаа
главните црти за стандардите за проширување и тие беа поделени во два дела
и тоа: Главни податоци на системот за проширување и Специјални податоци за
стандардите за проширување.Извршниот борд на ММФ ги одобри двата дела
„Главни податоци на системот за проширување и Специјални податоци
застандардите за проширување“ во 1996 и 1997 година и подоцна.

3. Цели на ММФ

Со спогодбата на меѓународниот монетарен фонд основачите на фондот ги


дефинирале целите и задачите на фондот, кои останале неизменети до денес.
Основите задачи на фондот се:

 да обезбеди постојани консултации и соработка меѓу земјите-членки за


решавање на меѓународните монетарни проблеми;
 да обезбеди поттикнување на врамнотежен раст на меѓународната
размена, со цел постигнување висока стапка на вработеност, пораст на
реалниот доход и развој на производните ресурси на сите земји-членки;
 да обезбеди стабилност на девизниот курс што ќе биде поддржувана со
посебни девизни аранжмани меѓу земјите-членки и да се одбегнува
конкурентска депресијација на валутите;
 да воспостави мултилатерален систем на меѓународни плаќања што ќе
ги отстрани девизните ограничувања што му пркосат на растот на
меѓународната трговија;
 да им обезбеди на членките краткорочни финансиски средства за
корекција на краткорочните нарушувања на билансот на плаќања.
Секоја земја при зачленувањето во Фондот е должна да плати
определена квота.

5
Главните параметри според кои се определува големината на квотата
се: 1. Големината на GDP на земјата;
2. Големината на девизните резерви на земјата;
3. Учеството на земјата во меѓународната трговска размена.

4. Политика на девизниот курс на земјите-членки на ММФ

Секоја земја што се зачленувала во ММФ се обврзувала да води политика


на фиксен девизен курс. Нејзината централна банка била должна да го
определи паритетот на националната валута според точно определен златен
стандард. По објавувањето на официјалниот курс на валутата, централната
банка на членката била должна да интервенира со сите расположливи мерки и
инструменти за да обезбеди поддршка на утврдениот девизен курс и негова
стабилност. Во прво време дозволените отстапувања од фиксно утврдениот
паритет на валутата можеле да изнесуваат само 1%, а подоцна тој процент се
зголемил на 2.25%. Монетарниот систем во кој само американскиот долар се
заменувал за злато се нарекува систем на важење на златната валута.
Земјите-членки од Европската економска заедница го формирале т.н.
систем на змија, во кој курсевите на нивните валути флуктуирале во однос на
курсевите на валутите на земјите надвор од ЕЕЗ. Едновремено, границите на
флуктациите на нивните сопствени трансакции биле однапред утврдени.
Во периодот на нафтените шокови бил формиран Клубот на десетмина или
Парискиот клуб, со кој земјите-членки издвоиле дополнителни фондови на
средства во своите национални валути, што го уплатиле во ММФ со цел, кога
за тоа ќе има потреба, преку фондот дел од тие средства да им биде
одобруван во вид на дополнителни кредити по поволни услови за
обезбедување на ликвидност во меѓусебните плаќања и рамнотежа во
меѓусебните биланси на плаќања.

5. Кредитирање

ММФ има три видови кредити:


 Првиот вид е правото на влечење, што значи дека кога на некоја земја
членка и требаат средства, со својата валута може да купи од Фондот
странска валута, и после одреден рок е обврзана својата валута да ја
откупи од Фондот по пазарна цена.

6
 Вториот вид е рамковен кредит, а земјите членки го добиваат кога
имаат проблем со платниот биланс. За да не ја девалвираат својата
валута го користат овој вид кредит кој е со рок на отплата од три години.
 Третиот вид потекнува од посебните права на влечење кои
претставуваат дополнителни средства на плаќање во услови на многу
сложени меѓународни односи и сложена меѓународна ликвидност.
ММФ беше подготвен да им даде на заем странски валути на членките за да
им помогне во текот на кратките периоди на дефицити во билансите на
плаќања, кога брзото затегање на монетарната или фискалната политика би ја
повредиле домашната вработеност. На земјите им беше дозволено да земаат
на заем ограничени износи од Меѓународниот монетарен фонд без
придржување кон некакви специфични договори. Меѓутоа, екстремни
повлекувања од средствата на ММФ би барале земјата да се согласи на
изразено строга супервизија од страна на ММФ, врз нејзините макроекономски
политики. Големите заемопримачи од ММФ мора да се согласат на монетарни
и фискални услови поставени од страна на ММФ, кои типично вклучуваат
задолжителни таргети на ММФ кои се однесуваат на порастот на домашната
понуда на пари, политиката на девизен курс, даночната политика, државните
расходи и така натаму.
Системот на приспособливи паритети дозволуваше девалвација на валутата
на земјата за повеќе од 10% доколку ММФ се согласи дека билансот на
плаќања на земјата е во „фундаментална нерамнотежа”. Поимот
„фундаментална нерамнотежа“ не беше дефиниран во членовите на договорот
за ММФ, но намерата беше тој да се применува за земји кои страдаат од трајни
негативни нарушувања на побарувачката за нивните производи.

6. Влијание и критика

Меѓународниот монетарен фонд е една од највлијателните меѓународни


институции во светот која единствено има право да врши контрола на
финансиските и економските односки помеѓу земјите членки. Тој таа улога ја
има преку помагањето на државите за стабилизирање на своите девизни
курсеви преку давање на поволни кредити. За Меѓународниот монетарен фонд
постојат поделени мислења. Првото сфаќање е про ММФ, а второто е контра,
односно претставува критичко сфаќање.
Гледиштето за про ММФ е тоа дека Меѓународниот монетарен фонд ги
одржува светските економски и финансиски односи и им помага на државите
во кризи. Наспроти тоа, критичарите на ММФ кажуваат дека Меѓународниот
монетарен фонд со давањето на кредити и кажува на државата каде да ги
троши истите тие кредити што придонесува за забавен раст на тие економии,
исто така критичарите како лоша особина на ММФ ја искажуваат тоа што секоја
држава членака на Меѓународниот монетарен фонд мора да има дежавни
девизни резерви кои ке ги чува во некоја странска банка, со тоа се стопира на
вложувањето на државата во својата економија.

7
Заклучок

Mеѓународниот монетарен фонд – ММФ e основан во 1945 година и е една


од најстарите меѓународни финансиски институции. ММФ се дефинира како
меѓународна финансиска институција која e креирана да промовира
меѓународна соработка, да одржува девизна стабилност, да го унапредува
економскиот растеж и високото ниво на вработеност и да обезбедува
привремена финансиска и техничка поддршка на земјите членки, со цел да го
олесни прилагодуавањето на платниот биланс. Седиштето на Меѓународниот
монетарен фонд е во Вашингтон.
Меѓународниот монетарен фонд е една од највлијателните меѓународни
институции во светот која единствено има право да врши контрола на
финансиските и економските односки помеѓу земјите членки. Тој таа улога ја
има преку помагањето на државите за стабилизирање на своите девизни
курсеви преку давање на поволни кредити. За Меѓународниот монетарен фонд
постојат поделени мислења. Првото сфаќање е про ММФ, а второто е контра,
односно претставува критичко сфаќање.

8
Користена литература

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B5%D1%93%D1%83%D0%BD
%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%BE%D0%BD
%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD_%D1%84%D0%BE%D0%BD%D0%B4#
%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5_%D0%B4%D0%BE_
%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%81

https://e-lib.ugd.edu.mk/pdf/pdf_ss9s/656c697361766574612e303833333934li.pdf

https://www.finance.gov.mk/mk/node/309

You might also like