You are on page 1of 22

Банкарско работење

Банкарскиот систем во Европска Унија

Вон. Проф. д-р. Зоран Темелков


Создавање на Европската Монетарна
Унија - ЕМУ
• Создавањето на ЕМУ и воведувањето на еврото како
заедничка валута претставува дел од европските
интеграциони процеси започнати во 1952 година со
Договорот за основање на заедницата за јаглен и челик.
• Римскиот договор од 1957 година со кој заедница се
прошири и зацврсти како Европска економска заедница
(01.01.1958).
• Формирање на царинска унија (01.06.1968) за слободно
движење на работната сила, а потоа и капиталот
Создавање на Европската Монетарна
Унија - ЕМУ
• Wernerov комитет (1970) Планот на овој комитет предвидува три
етапи во формирање на монетарна унија: Земји членки
склучуваат спогодба во Базел за дозволено флуктуирање на
девизните курсеви на валутите од ЕЕЗ. (1972)
• Формирање на Европскиот фонд за монетарна соработка (1973) и
Европската пресметковна единица (1974) како претходница на
Еврпоскиот монетарен систем и ЕКИ (европска парична единица).
• Советот на европската заедница во 1978 година го основа
Европскиот монетарен систем каде централно место зазема ЕКИ
(1981) спрема која се утврдуваа и меѓусебните девизни курсеви
(паритети) на валутите од земјите членки.
Создавање на Европската Монетарна
Унија - ЕМУ
• Европскиот совет во 1988 година основа Комитет за премин кон економска и
монетарна унија кој во својот извештај (Delors Report) со кој се предвидуваат
три фази.
Прва фаза:
• (1990) – се укинуваат и последните ограничувања во движењето на капиталот
меѓу земјите членки,
• Одборот на гувернери на централните банки,членки на ЕЕЗ прават
координација на монетарните политики за да се постигне стабилност на цените,
• (1992-Мастрихт) Потпишување на Спогодба за основање на Европската унија,
како и донесување на:
• Протокол за Статутот на Европскиот систем на централни банки и Европската
централната банка,
• Протокол за статутот на Европскиот монетарен институт.
Создавање на Европската Монетарна
Унија - ЕМУ
Втора фаза: (1994)
• Основање на Европскиот монетарен институт – ЕМИ како
институција од привремен карактер до формирање на
Европска централна банка.
• Задачи на ЕМИ биле:
• да ја зајакне соработката и координацијата на монетарните политики меѓу
централните банки на земјите членки,
• да направи подготовки за формирање на Европскиот систем на централните
банки (ЕСЦБ), за водење на единствена монетарна политика и формирање
на единствена валута .
Создавање на Европската Монетарна
Унија - ЕМУ
Трета фаза:
• Основање на Европската централна банка и воведување на
единствена валута – еврото кое од 1- ви јануари 1999
година почна да функционира во нефизички облика, а од 1-
ви јануари 2002 се појавува во физички облик со што ги
замени валутите на земјите членки на евро-зоната.
Структура на Европскиот систем на
централни банки
• Европскиот систем на централни банки се состои од:

• Европската централна банка,

• Национални централни банки на земјите членки на ЕУ.


• Евросистемот ги опфаќа само Европската централна банка
и Националните централни банки на земјите членки на
евро-зоната.
Европската централна банка и
европскиот систем на централни банки
• Кога се говори за главната центрaлна банка во рамките на Европската Унија се
мисли за Европската Централна банка (ЕЦБ). Европската Централна Банка, како
и повеќето Централни Банки претставува “банка над банките” на земјите членки
на Европската Унија. ЕЦБ, со седиште во Франкфурт во Германија почнала да
работи на 01 Јануари 1999 година, напоредно со воведувањето на третата фаза
на монетарната унија, основана како срж на Евросистемот и ЕСЦБ.
• Со одлуката за преминување кон трет степен на Економска и Монетарна Унија
(ЕМУ), кои на 1 Јуни 1998 година ја донесоа шефовите на државите и владите
на Европската Унија, официјално е основана Европската Централна Банка
(ЕЦБ), врз основа на Договорот за Европската Унија.
• Од 1 Јануари 1999 година таа ги превзела сите надлежности за примена на
европската монетарна политика која е одредена од страна на Европскиот систем
на Централни Банки.
Европската централна банка и
европскиот систем на централни банки
• Од 1 Јануари 1999 година таа ги превзела сите надлежности за примена на
европската монетарна политика која е одредена од страна на Европскиот
систем на Централни Банки.
• Органите за одлучување и управување на Европската Централна Банка се
претседателот, потпретседателот и гувернерите на централните банки на
членките на Европската унија, кои настојуваат да ги исполнат целите на ЕЦБ.
Европската Централна Банка е одговорна за водењето на монетарната
политика во областа на еврото (најголемата светска економија после САД).
• Таа мора да ги исполнува однапред дефинираните задачи, да ги запознава
граѓаните на членките на Европската Унија со статистичките податоци со кои
располага, и граѓаните треба да бидат запознаени со работата на ЕЦБ.
Задачите и правилата на работата на ЕЦБ се одредени со стаутот на ЕСЦБ и
со ЕСЦ.
Европската централна банка и
европскиот систем на централни банки
• Националните Централни Банки се единствени кои можат да
запишат капитал во ЕЦБ и да станат акционери. За секоја
Централна Банка износот на капитал зависи од бројот на
жители на земјите членки и вкупното учество во ГДП во
Еропската Заедница.
• Капиталот на ЕЦБ доаѓа од Националните Централни Банки
(НЦБ) на сите земји членки на ЕУ. НЦБ се единствените
претплатници на капиталот на ЕЦБ. Претплатата на
капиталот е базирана врз клучот утврден врз основа на
респективните удели во БНП и населението на Заедницата
на државите - членки.
Европската централна банка и
европскиот систем на централни банки
• "Евросистем" е терминот кој се користи како синоним за
ЕЦБ и Националните Централни Банки на државите -
членки кои го прифатија еврото (исто така познат како евро-
област).
• Во согласност со Договорот за воспоставување на
Европската Заедница и Статутот на Европскиот систем на
Централни Банки и на Европската Централна Банка,
примарната цел на Евросистемот е да ја одржи ценовната
стабилност (со други зборови да ја контролира
инфлацијата).
Задачи и структура на ЕЦБ
• ЕЦБ има исклучиво право да одобрува издавање на пари или евро внатре
во ЕЗ (Европската Заедница).
државите со нивните Централни Банки, заедно со Европската Централна
Банка, го прават т.н. Евросистем.
• Задачите на Европската Централна Банка се утвдрени во Договорот за
основање на Европската Заедница.
Европската Централна Банка (European Central Bank – ECB) ја формира
и имплементира Европската Монетарна Политика, управува со процесите
на меѓународната размена и овозможува непрекината работа на платниот
систем.
• ЕЦБ има обврска секојдневно да поднесува извештаи. Покрај неделниот
консолидиран биланс на системот на еврото и годишниот извештај, мора да
се објавуваат и месечни извештаи за нејзините активности.
Задачи и структура на ЕЦБ
• Таа ја утврдува монетарната политика на Европската Заедница и ја
спроведува на дело. Таа ја поддржува општата економска политика
која се води во Европската Унија и делува во склад со начелото на
отворена економија заснована на слободната конкуренција.
• Исто така, во основните задачи на ЕЦБ се вбројуваат и
зачувувањето на стабилноста на цените и вршење на девизните
работи и трансакции.
Целта на ЕЦБ е одржување на платежната моќ и инфлацијата
помалку од 2% во еврозоната. ЕЦБ ја контролира понудата на пари
на пазарот како и статистика на цените на трговските производи и
услуги според кој се оценува монетарната стабилност. Позната е по
тоа што ја одредува каматата во еврозоната.
Задачи и структура на ЕЦБ

• Концептот на Евросистемот е ни ЕЦБ ни Националните


Централни Банки во еврозоната дa не дозволат никакви
политички мешања во монетарната политика. Евросистемот
е составен од мрежата на Националните Централни Банки и
ЕЦБ кои се самостојни и независни во водењето на
монетарната политка.
Европски сиситем на централни банки
(ЕСЦБ) и Евросистемот
• ЕСЦБ е најшироката институционална рамка на
централното банкарство во ЕУ. Овој систем го сочинуваат
ЕЦБ и централните банки на сите земји членки на
Унијата.ЕСЦБ, сам за себе, нема правен персоналитет
имаат ЕЦБ и националните централни банки.
• Од друга страна, со поимот Евросистем се означува
системот кој го сочинуваат ЕЦБ и националните банки на
земјите членки кои го прифатиле еврото како национална
валута. Тоа е, всушност, централнобанкарскиот систем на
евро зоната.
Органи на одлучување на ЕЦБ
Постојат два органи на одлучување:
• Управниот Совет – клучен орган на кој му е доверено формулирањето
на единствената Монетарна политика. Според членот 10 од Лисабонскиот
Договор (Управен Одбор; 10.1.), од датата на која бројот на членови на
Управниот Одбор ќе надмине 21, секој член на Извршниот Одбор ќе има
право на еден глас и бројот на гувернери со право на глас ќе биде 15.
• Извршниот Одбор – е составен од претседател и потпретседател на ЕЦБ
и четири други членови. Членовите се избираат на осум години, и после
истекот на мандатот не можат да бидат повторно избрани, т.е. се бираат
еднократно на осум години. Овој одбор е одговорен за тековното
работење и имплементација на монетарната политика за кој одлучил
Управниот Совет.
Органи на одлучување на ЕЦБ
• Постои и трет орган кој е советодавно тело или Генерален
совет кој може да влијае во одлучувањето. Генералниот
совет како советодавно тело кое е составено од
претседателот и потпретседателот на ЕЦБ, како и
гувернерите на сите национални банки на земјите членки на
Европската Унија.
• Генералниот совет орган кој ќе постои се додека постојат
земји членки на ЕУ кои не се дел на еврозоната
Органи на одлучување на ЕЦБ
• Генералниот совет
• Има советодавна улога на останатите органи на ЕЦБ,
• Прибира статистички информации,
• Учествува во изготвувањето на годишните извештаи на ЕЦБ,
• Учествува во изготвувањето на потребните правила за
стандардизирање на сметководствените постапки и извештаи на
преземени операции од страна на НЦБ,
• Презема мерки во врска со формирање на клуч за уплата на
капиталот на ЕЦБ, различен од клучот формира со Спогодбата за
основање на ЕЗ,
• Учествува во поставувањето на услови за вработување на кадарот
во ЕЦБ.
Одговорности на телата за носење
одлуки
• Управниот Одбор ја формулира монетарната политика на Заедницата
вклучувајќи, соодветно, одлуките кои се поврзани со посредувањето на
монетарните цели, каматните стапки и ќе ги обезбедува резервите во
ЕСЦБ, и ќе воспостави неоходни рамки за нивна имплементација.
• Извршниот Одбор ја имплементира монетраната политика во
согласност со рамките и насоките кои се дадени од страна на
Управниот Одбор.
• Во врска со тоа Извршниот Одбор ги дава неопходните инструкции на
Националните Централни Банки.
• Извршниот Одбор има обврска да ги подготви состаноците на
Управнито Одбор.
Принципи на оперативната рамка
• 1. Евросистемот треба да функционира според пазарните принципи на отворена
економија,
• 2. Оперативна ефикасност- способност на оперативната рамка да даде побрзи и
попрецизни одлуки на краткорочните каматни стапки на пазарот на пари,
• 3. Да се обезбеди еднаков третман за сите финансиски институции и хармонизирање на
правилата и постапките во евро-зоната,
• 4. Децентрализација на имплементацијата на монетарната политика (ЕЦБ ги координира
операциите, додека НЦБ ги извршуваат трансакциите),
• 5. Едноставност и транспарентност (операциите на монетарната политика да се
разбирливи за јавноста),
• 6. Континуираност во инструментите и процедурите на монетарната политика,
• 7. Сигурност – сведување на финансискиот и оперативниот ризик на минимум во
Евросистемот,
• 8. Ефикасност на трошоците – намалување на оперативните трошоци во Евросистемот.
Монетарна политика на ЕЦБ
Принципи
• Во дизајнирањето на стратегиската рамка за водење на својата
монетарна политика, ЕЦБ се води од неколку принципи.
1. Еден од нив е дека со начинот на водење на својата политика
ЕЦБ треба да биде во состојба да влијае на “всидрување” на
инфлационите очекувања на економските субјекти.
• Таквото влијание врз очекувањата треба да се обезбеди со
начинот на одредување на целите, на водење на политиката и со
нејзиното комуницирање до јавноста, со што ќе се постигне
висок степен на кредибилитет на ЕЦБ.
Монетарна политика на ЕЦБ
• 2. Вториот принцип е свртеност на монетарната политика кон
иднината, имајќи ги предвид временските задоцнувања
карактеристични за ефектите на оваа политика. (Time lag)
На ова природно се надоврзува ориентираноста на монетарната
политика на среден рок, како временска рамка за дизајнирање на
политиката и оценување на нејзините ефекти.
• 3. Третиот принцип се однесува на потребата од обезбедување на
што е можно покомплетни и поквалитетни информации за
економската структура и за движењето на релевантните
економски фактори, што бара користење на повеќе модели за
економијата при дизајнирањето на монетарната политика на ЕЦБ.

You might also like