You are on page 1of 37

СЕМИНАРСКА РАБОТА

МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА


ВОВЕД

Нашиот свет е голем и комплексен. Меѓународните односи се фасцинантна тема


бидејќи се однесуваа и ги засега луѓето и културите во целиот свет. Понекогаш
меѓународните односи се отсликани како далечен и апстрактен ритуал кој е воден од
мала група луѓе како што се претседатели, генерали и дипломати. Меѓутоа ова не е
точно. Иако навистина лидерите ја играат најважната улога во надворешните работи,
многу други луѓе учествуваат исто така. Изборите што ги правиме во секојдневниот
живот (гласање, учество во политичка кампања, купување стоки или услуги) во крајна
линија имаат влијание на светот во кој живееме. Секоја личност има мал придонес во
текот на историјата.
Во возврат меѓународните односи во голема мера имаат влијание на
секојдневниот живот на граѓаните (пр. можноста на студентите да се вработат по
дипломирањето зависи од глобалната економија и меѓународниот економски
натпревар/компетиција, а можноста за вработување е олеснета со развојот на
меѓународниот транспорт и комуникации; правилата на светскиот трговски систем
влијаат на стоката што се консумира – од телевизор до гас). Интернационализацијата
на секојдневниот живот се зголемува рапидно. Подобрите комуникации и транспортни
можности константно ги шират контактите на луѓето од различни земји, како и
размената на стоки и идеи. Како напредува технологијата така светот се повеќе се
намалува/стеснува.
На Мејфлауер му требаа три месеци да го премине Атлантикот. Во 1924 година,
летот на Чарлс Линдберг траеше 33 часа. Педесет години подоцна, Конкорд го направи
истото за 3 часа. А балистичките ракети истото можат да го сторат за 30 минути. На
почетокот на 21 век, летот преку Атлантикот чинеше една третина од цената во 1950
година, а телефонскиот повик од Њујорк до Лондон изнесува само мал процент од она
колку што изнесувал во средината на векот. 1 Глобалната интернет-комуникација е
речиси инстантна, а трошоците на пренос се занемарливи.

1
Џозеф С., Разбирање на меѓународните конфликти вовед во теоријата и историјата, Академски печат,
Скопје 2008, стр. 22.
Сепак некои работи во меѓународните односи / меѓународната политика
останале исти со векови. Известувањето на Тукидид за борбите помеѓу Спарта и Атина
за време на Пелопонеската војна, пред 2500 години, открива една чудна и
застрашувачка сличност со арапско-израелскиот конфликт по 1947 година. Светот на
почетокот на 21от век е „чуден коктел од континуит и промени“. Некои од аспектите
на меѓународните односи и меѓународната политика не се сменети уште од времето на
Тукидид. Постои одредена логика на непријателство, дилема околу безбедноста
којашто ја придружува политиката меѓу државите. Сојузите, рамнотежата на силите и
изборите во стратегијата помеѓу војната и компромисот останале исти со милениуми. 2
Од друга страна Тукидид немал потреба да се грижи за нуклеарното оружје, за
ХИВ/СИДА или за глобалното затоплување. Задача на студентите по МО е да се
базираат на минатото без да паднат во негова замка, да го разберат континуитетот, но и
промените.
Се поголемиот интерес за меѓународните односи е резултат на новите содржини
и облици/форми на современото мошне разгрането меѓународно делување како и се
поголемата поврзаност на различните носители на МО. Светот станува се поповрзан и
единствен, така што набљудувањето на однесувањето на меѓународните актери нужно
наметнува поголемо внимание како од теориски така и од чисто практично-политички
причини.
Неколку важни елементи влијаеа особено на зголемување на интересот за МО
после Втората светска војна, кога и светот во целина битно се измени стекнувајќи се со
квалитативно и квантитативно поинакви обележја.
- Брзиот развој на воената технологија и нејзиното постојано усовршување
најнапред на унилатерален, а подоцна на билатерално и мултилатерално поле,
што во периодот на Студената војна доведе до единство во стравот од можноста
за тотално светско уништување. Во такви услови се постави и прашањето на
неделивоста на мирот и потребата сите меѓународни проблеми нужно да се
решаваат со мирни средства.
- Развојот на меѓународните контакти во регионални и светски рамки го прошири
полето на активност на меѓународните субјекти. Во новите меѓународни

2
Ибид.,стр. 22.
организации се остваруваше меѓународна соработка која помагаше во
надминување на конфликтни ситуации. Интернационализацијата на врските во
рамките на институционализираните форми на заедничко меѓународно
делување ја потврди поврзаноста на светот и ја истакна објективната потреба за
сестрана меѓународна соработка на државите, без оглед на нивната големина,
сила и политичка концепција.
- Прашањето на нерамномерниот економски развој се повеќе се чуствува и
станува глобален светски проблем.
- Во 90тите години во терминологијата на МО влезе нов термин – глобализација,
кој ги одрази промените кои настанаа на полето на економските,
информациските, општествените и политичките промени во светски размери.
Глобализацијата различно се дефинира во литературата: „Интензивирање на
општествените односи ширум светот кои ги поврзуваат далечните локалитети
на таков начин што локалните случувања се обликувани од настани кои се
случуваат/појавуваат милји далеку и vice versa (Giddens 1990,21); “интеграција
на светската економија (Gilpin 2001, 364); ‘де-територијализација или …пораст
на супратериторијалните односи меѓу луѓето”. Глобализацијата за потребите на
МО може да се сфати како постојан историски процес; како хомогенизација и
унверзализација на светот. Глобализацијата се однесува на процесот на постојан
пораст на транснационалните и светски економски, социјални и културни
интеракции кои ги надминуваат границите на државите, помогнати со развојот
на технологијата. Глобализацијата се огледа во економската сфера, со создавање
и забрзан раст на глобалната капиталистичка економија која се повеќе ги
занемарува државните граници и ја прави економската смодоволност
невозможна.
Комуникациската револуција е важна причина и последица од
глобализацијата.Таа ја поттикна глобализацијата на финансиските пазари на кои може
инстантно да се влијае со електронски понуди за купување и продавање.
Глобализацијата, исто така е евидентна и во областа на социјализацијата.
Сателитите ЦНН, ББЦ инстантно даваат информации за збиднувањата во светот што ја
менува нашата перцепција за далечината. Глобалните комуникациски мрежи -
илустрирани со Интернетот - им овозможуваат на луѓето лесно да комуницираат по
електронска пошта и др. Владите се исправени пред еден голем предизвик. Иако,
таквите медиуми, како што е Интернетот, помагаат во споделувањето на научни
информации неопходни за економскиот развој, таквите мрежи им дозволуваат и на
политичките дисиденти да комуницираат со светот или да рашират потенцијално
опасни информации, на пример, како да се направат експлозивни направи, вклучувајќи
и оружје за масовно уништување.
Глобализацијата е присутна и во областа на воените активности и на
безбедноста. Проширувањето на модерната технологија доведе до развој или
набавување на оружје за масовно уништување - нуклеарно, радиолошко, хемиско,
биолошко. Таквото оружје не секогаш е ограничено на државите. Терористичките
групи и организации може преку Интернет да добијат такво оружје или да дојдат до
информации како да го направат и активираат.
По паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година нова динамика ги исполни
меѓународните односи. Падна социјалистичкиот систем на односи, обединети се двете
германски држави, се распаднаа три европски федерации, настапи крај на владеењето
на белото малцинство во Јужна Африка, изменети се активностите на ООН, се
закануваат еколошки кризи кои ги покажуваат своите опасности, а национализмот
расте на сите континенти.
Колкава е користа или опасноста од промени, како да се одговори на бројните
предизвици, како да се поставиме како поединци, групи или организации?
Меѓународните односи како научна дисциплина се трудат да ги
идентификуваат, дефинираат, анализираат, објаснат и предвидат понатамошните
правци на развој на меѓународната сцена. Но меѓународните односи не се довршена
енциклопедија на знаења од областа на светската политика, туку вовед и поттик за
сопствено истражување и понатамошни анализи.

1. ПОИМ И ДЕФИНИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

За потеклото и поимот на меѓународните односи постојат бројни и опсежни


теории. Меѓутоа, слично како и кај повеќето други општествени појави, нема потполна
согласност помеѓу научниците за неговото одредување и дефинирање. Сепак она што
со релативна сигурност може да се заклучи како заедничка одредница на повеќето
современи теории во толкувањето на поимот МО е тоа што меѓународните односи ги
врзуваат за појави кои се однесуваат или одвиваат надвор од границите на една држава.
В. Димитријевиќ и Р. Стојановиќ истакнуваат дека „меѓународните односи се
состочинети од низа видови односи и тие се сите меѓународни по нешто што ги
одвојува од исти но внатрешни односи... Меѓународните односи во себе ги содржат
сите облици на општествениот живот кои во овие односи добиваат изменета
суштина“.3 Постојат мислења според кои МО формално и суштински ги опфаќаат само
политичките односи, додека науката за МО, како смета В. Иблер треба да се бави со
„откривање на правилата на однесување помеѓу државите кога се работи за тие
односи“.4 Очигледно вакво одредување е претесно, пред се затоа што ги истакнува
државите како единствени субјекти на МО, додека улогата на другите недржавни
субјекти е минимизирана.
Исто така, ако од таквите односи, освен политичките ги исклучиме другите
содржини (економски, социолошки и др.) тогаш е јасно дека таквиот пристап не ја
опфаќа целината на општествените појави на меѓународната сцена и не обезбедува
согледување на чинителите/факторите, принципите и механизмите во широките
области на меѓузависност, кои денеска го карактеризираат современиот свет.
Веќе, овие два различни пристапи покажуваат дека изразот меѓународните
односи претставува мошне комплексен поим. Тоа го потврдува и Л. Ледерман (L.
Lederman), кој истакнува дека меѓународните односи се целовити појави на
меѓународниот живот, како што се „интелектуалните, научните, духовните,
религиозните, социјалните, економските, политичките и на нив сродни„. Слични
толкувања среќаваме и кај Ј. Дирозел (Ј. B. Duroselle) кој смета дека целовитоста на
односите во изразот меѓународни се подразбира, а тежиштето се става на
одредувањето кога една појава станува меѓународна: „една појава би била меѓународна
од моментот кога таа во себе опфаќа било кој однос кој просторно се движи од двете
страни на границите“, заклучува дека главна цел на научното проучување на

3
Војин Димитријевиќ, Радослав Стојановиќ, Меѓународни односи (IV измењено и допуњено издање)
„Службени лист СРЈ„ , Београд, 1996, стр. 11.

4
Владимир Иблер, Меџународни односи. „Напријед„, Загреб, 1971,стр. 10.
меѓународните појави-односи е „да се утврдат основните и другите чинители кои ги
условуваат“.5
Според современите теории на меѓународните односи кои преовладуваат во
САД и Велика Британија, суштината на меѓународните односи најчесто ја опфаќа
природата и елементите на моќта на државите и другите субјекти во меѓународните
односи, рамнотежата на сила, колективната безбедност, водењето и системот на
одлучување во надворешната политика и чинителите/факторите кои делуваат на
основните движења во меѓународните односи. Меѓутоа и меѓу западните теоретичари
има различни мислења. Така, на пример, Џ. Бартон (Ј.W. Burton) ја нагласува клучната
улога на државата во меѓународните односи и објаснува дека теоријата за
меѓународните односи се бави со „осветлување и објаснување на односите помеѓу
државите во било кој околности„, додека Е. Хас (Е. Hass) тврди дека „во средиштето на
меѓународните односи е феноменот на меѓународното организирање, интеграција и
функционирање на меѓународната заедница како своевиден облик на систем“. 6
Хенри Кисинџер, констатира дека меѓународните односи се релативно понов
поим и додава дека тие настануваат со појава на надворешната политика на државите,
„која уште од Виенскиот конгрес воспоставува врски помеѓу народите“. 7
После овие анализи и компарации како референтно може да се смета
одредувањето на поимот меѓународни односи кое заеднички го изведуваат В.
Димитријевиќ и Р. Стојановиќ: „Меѓународните односи подразбираат севкупност на
економски, политички, идеолошки, правни, дипломатски, воени врски и односи помеѓу

5
Цитирано според В. Димитријевиќ, Р. Стојановиќ, ибид., стр.13.

6
Цитирано според В .Димитријевиќ, Р. Стојановиќ, ибид., стр.12-13.

7
Хенри Кисинџер, Дипломатија, „ВЕРЗАЛ“, БЕОГРАД, 1999, стр.717.
народите и државите и системите на држави, помеѓу основните социјално, економски и
политички сили и организации кои делуваат на меѓународен план“.8
Поимот меѓународни односи може да го употребуваме во двојна смисла: или
како ознака за одредено подрачје на меѓучовечките односи/практична човечка дејност
или пак како наука која се бави со истражување на тоа подрачје. Ако зборуваме за
меѓународните односи како збир на човечки активности поаѓаме од фактот дека тие се
појавиле многу рано во човековата историја т.е. оној момент кога настанале првите
држави во повеќе или помалку организирана смисла и кога тие почнале да стапуваат во
меѓусебни контакти. Историчарите на меѓународните односи сметаат дека контактите
на Блискиот и Далечниот Исток, Стара Грчка, Рим се почетоци на меѓународните
односи во поширока смисла. Во Европа меѓународните односи настанале заедно со
настанувањето на националните држави во средниот век каде т.н. христијански држави
придонеле за интензивен развој на трајни врски и односи, правејќи од Европа
епицентар на меѓународните односи. Меѓутоа, без оглед на значењето на државите
како субјекти на меѓународните односи, тие не можат да се идентификуваат потполно
со дејноста на државата, на меѓународната политичка сцена, бидејќи покрај
службените државни контакти помеѓу поедини држави постојат бројни политички,
стопански, културни и општествени врски/односи меѓу поедини организации, групи на
луѓе, движења од меѓународен карактер како и граѓани поединци кои во одредени
средини и моменти може да делуваат како значаен актер на меѓународните односи.
Секако дека државите и понатаму се главен субјект на меѓународната политичка
сцена, меѓутоа покрај нив во меѓународната заедница делуваат и низа други субјекти
од чие делување може и зависи содржината на меѓународните односи. Тука ги
подразбираме меѓународните организации кои особено по Втората светска војна
стануваат значајно место за политички, економски и културни контакти и форуми за
унапредување и развој на меѓудржавната соработка (на пр. КЕБС/ОБСЕ). Мошне

8
В.Димитријевиќ, Р. Стојановиќ , ибид., стр.13.
значајно место имаат и меѓународните стопански организации / мултинационалните
компании кои имаат мошне голема улога во креирањето на меѓународните односи.
Покрај проширувањето на субјектите на меѓународните односи од значење е и
квантитативното и квалитативното менување на кругот на државите-субјекти на
меѓународните односи. Во поранешните периоди на човековата историја политичкиот
развој на односите во светот зависеше пред се од делувањето на неколку големи
држави и од нивните меѓусебни односи. Благодарение на забрзаниот индустриски
развој Европа долго време беше центар на меѓународните односи и евроцентризмот
беше една од основните карактеристики на МО. Врз основа на својот економски развој,
воена сила и технолошки развој европјаните беа во состојба да ги држат во потполна
послушност големите подрачја на другите континенти, однесувајќи се спрема нив како
спрема објекти во меѓународните односи. Но, по Втората светска војна традиционално
големите сили како Франција и Англија престанаа тоа да бидат, а голем број земји во
Азија и Африка по процесот на деколонизација влегоа во меѓународниот политички
живот како нова категорија на држави со свои специфични барања, нови погледи на
понатамошниот развој на меѓународната заедница. Најголем дел од нив се определија
за политиката на неврзување, залагајќи се за мир, соработка, демократски меѓународни
односи и рамномерен економски развој.
Меѓународните односи се дел од севкупните односи во глобалното општество.
Тие произлегуваат од фактичката состојба дека светската заедница не е единствена и
хармонична заедница. Таа е поделена со државни граници на бројни помали,
поединечни општества кои на светската сцена настапуваат со свои посебни интереси.
Меѓународните односи егзистираат во услови на територијална поделеност на светот
на помали територијално определени општества кои се организирани во држави или
други територијално-организациони форми. „Суштински, меѓународните односи се
разликуваат од сите други општествени односи по тоа што настануваат од
противречностите што се јавуваат заради политичката поделба на единствениот
простор кој ги овозможува основните услови за опстанок и развој на човековото
општество: материјалното производство. Со оглед дека се тие резултат на на
политичката поделба на земјиниот простор помеѓу политички разграничените
општества-држави, како такви тие се политички односи.... Самодоволноста на секое
поединечно општество се ограничува со меѓузависноста која настанува помеѓу нив
заради нееднаквите услови што настанаа со политичката поделба на просторот. Еден
од субјектите во меѓународните односи секогаш стои на пониско или повисоко ниво на
меѓузависност во однос на другите субјекти. Овој факт укажува на нужноста од
воспоставување меѓународните односи. Меѓузависноста е основа врз која настануваат
меѓународните односи“.9

2. ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Основната структура и принципите на меѓународните односи, и во современите


услови, се длабоко вкоренети во историскиот развој. Современите меѓународни односи
претставуваат продолжение на општествените односи кои се развивале со илјадници
години. Промените кои се случувале и големото наследство од минатото ни даваат
одговор на прашањето како се менувала структурата на меѓународните односи и како
од почетните односи меѓу групата на луѓе, градовите и државите настанувале
меѓународни односи какви ги познаваме во современ облик. Историчарите на
меѓународните односи кои подетално се бават со проучување на почетоците на МО
поаѓаат во своите описи од древна Кина, Индија, Грција, Рим, барајќи во тие
цивилизации почетоците на меѓународните односи.
Амарна писмата најдени на глинените плочи во Египет кои датираат од 14 век
пред нашата ера ја покажуваат коресподенцијата помеѓу египетските фараони и
владетелите на другите кралства и територии околу источниот медитеран и Блискиот
исток.10 Други историски текстови се бават со прашања кои се релевантни и за
современите МО како што се војната, мирот, сојузите, трговијата и др. Тука спаѓаат
индиската Артассастра (Arthashastra) од 3 век пне, Историјата на Пелопонеската војна
(The history of Peloponnesian warна грчкиот историчар Тукидид (Thycydides) од околу 5
век пне и Уметноста на војната (The art of war) од Кинескиот писател Сун Цу (Sun Tzu)
од 6 век пне.11

9
Ibid., стр.16.

10
Види повеќе во: Amarna letters, https://en.wikipedia.org/wiki/Amarna_letters
11
Joshua S. Goldstein, International Relations, HarpercollinscolegePyblisher, New York, 1996, стр.25.
Современиот меѓународен систем е производ на европската западната
цивилизација. Меѓународниот систем како што го знаеме се развил меѓу европските
држави пред 300-500 години и беше извезуван во остатокот на светот неколку века.
Битно е да се препознае особеното значење на европската традиција за МО. Меѓутоа
мора да се има на ум дека и други цивилизации егзистирале во други региони/делови
на светот пред европјаните воопшто таму да пристигнат. 12 Европскиот простор долго
беше синоним на светскиот развој и од него извираа се до II Светска војна главните
правци на европската, односно светската политика.
Многу теоретичари ја земаат 1900-тата година како почетна точка за анализа на
модерните МО. Историчарот Ерик Хомсбаум (Eric Homsbaum) го опишува 20 век како„
ера на екстреми„ која ја карактеризираат турбуленции, војни и револуции. Во
историска смисла, тој е често дефиниран со серија на меѓусебно поврзани глобални
конфликти: Првата светска војна 1914-1918 година, Втората светска војна 1939-1945
година и Студената војна 1947-91 година. Овие години обележуваат историски
граници на „краткиот„ 20ти век - период на насилство и промена што произведе
длабоко дистурбиран/дезорганизиран, економски фрагментиран и идеолошки поделен
свет пред и по крајот на Студената војна и колапсот на СССР помеѓу 1989 и 1991
година, праќајќи го во кантата на историјата. Хобсбаум сугерира дека 20иот век
вистински започна во 1914 година со катаклизмичната војна која ја избриша состојбата
на status quo на 19иот век.
Но, само после 20 години од Версајскиот договор од 1919 година, започна друга
светска војна уште по глобална по својот досег од Првата. Втората светска војна беше
најголем воен судир во историјата на човештвото. Победата над фашистичките сили
на Оската ја избори антифашистичката коалиција во која влегоа најголемите
капиталистички држави – Велика Британија и САД и првата социјалистичка држава во
светот - Советскиот Сојуз.
Двете светски војни Првата од 1914-18 година и Втората од 1939-1940 земаа
само 10 години од 20иот век, но тие го обликуваа и обележаа векот. Ништо како овие
војни се нема случено и тие се клучна референтна точка за светот во кој живееме
денес.
По насилствата во првата половина на 20 век, најзначајна карактеристика во
втората половина на овој век беше отсуството на трета светска војна. Но, наместо тоа
дојде до Студена војна (СВ) - период на интензивно непријателство без вистинска
12
Ibid., str.23.
војна. Почетната фаза на меѓународните односи по Втората светска војна се одвиваше
во знакот на нов облик на конфронтација на бившите сојузници. Терминот Студена
војна ќе биде низа години главно обележје на меѓународните односи.
Динамичните промени во меѓународните односи на крајот на 80-тите и
почетокот на 90-тите години на минатиот век го наговестија крајот на СВ и распадот на
биполарната структура на меѓународна заедница на 20-иот век, во која суверените
држави беа организирани на различни начела повикувајќи се на потполно различни
вредности - идеолошки судир на два глобални воено-политички блока. Рушењето на
Берлинскиот зид и обединувањето на Германија, распаѓањето на СССР и Варшавскиот
пакт обележија крај на една епоха во кој меѓународниот систем опстојуваше под
постојана закана од нуклеарно уништување. Биполарниот систем создаден по Втората
светска војна беше срушен.
Студената војна заврши и стимулираше бран на промени во последната декада
на 20иот век. Со крајот на СВ биполарната структура на меѓународната заедница стана
униполарна - САД станаа единствена вистинска глобална сила како резултат на
колапсот на неговиот студеновоен соперник.
Новиот светски поредок и глобализацијата стануваат нови ознаки на развојот на
светот кого го карактеризираат три најчесто спомнувани одредници - интеграцијата,
демократизацијата и глобализацијата на светот. Притоа постојано се актуелни
расправите во каков свет живееме – унуполарен, мултиполарен или мешовит.

2.1. СТАРА ГРЦИЈА

Стара Грција/Elada од 6 до 5 век пр. н . е. се состоеше од голем број политички


ентитети кои ги нарекуваме градови – држави или полиси.
Во класичниот период (од 5-4 век пне) грчките градови држави имаа релативно
мал број на население. Владата беше затворена во градовите ѕидини. Поголемите
полиси ги потчинуваа помалите кои пак бараа помош во сојузи за да опстанат. Грчките
градови држави имаа единствен јазик, култура, религија, архитектура, олимписки игри,
но немаа единствена власт- беа или независни или подредени на посилните соседи.
Најмоќните полиси беа Атина, Спарта, Теба и Коринт кои ја наметнуваа својата
хегемонија на останатите полиси.13 Коринт имаше значајна улога на балансер но,
немаше доволно сила да биде хегемон па беше значаен актер во сојузите кои се
спротивставуваа на хегемонизмот.
Во Стара Грција имаше високо децентрализиран систем на меѓународните
односи кој се карактеризираше со соработка или конфликт – категории во
меѓународните односи кои ќе се задржат и во современите меѓународни односи.
Дипломатските практики не беа развиени, најчесто се состоеја од делегации кои
патувале до другите полиси за да ги објаснат своите барања, да ги решат
несогласувањата или да преговараат за трговски договори.

2.2. РИМСКО ЦАРСТВО

Рим започна како град-држава, но за неколку векови тој постепено ја зголеми


својата моќ на сите страни на светот: северно и западно до денешна Германија,
Англија, Шпанија и Франција, јужно до Северна Африка и Египет и источно до Иран.
Римската империја претставуваше високо централизиран состав во кој точно се
знаеле првата на центарот и односите со поблиските и подалечните делови. Pax romana
станува ознака на силната империја и одржувајќи ги локалните традиции овозможи
чување на културните разноликости и јазици во сите нејзини делови.
На Запад/З доминира латинскиот јазик на Исток /И грчкиот и хеленската
култура што е темел за поделба на империјата и создавање на Источно и Западно
царство со два центри - Константинополис и Рим. Христијанството станува државна
религија во двете царства.
Покрај внатрешните слабости кои ги имаше на големата Римска империја и
дојдоа закани од Истокот со воени активности на Периското царство, а на Западот
јакнеше притисокот од варварите. Под притисокот од варварите, германските племиња
и Хуните падна Западното царство во 476 година. Посилната источна половина на
Империјата- Византија со центар во Константинопол (денешен Истанбул) остана
политички, економски и културно витална уште неколку векови. Таа се одржа на
подрачјето на Балканот и Мала Азија и забележуваше посебен процват.

13
Спарта , Атина и Теба беа „први меѓу еднаквите„, затоа овој систем може да се опише како систем со
неколку држави кои се натпреваруваат за хегемонистичка контрола, спречувани од менувањето на
коалиции или на рамнотежата на моќ. Заедничкиот еленски идентитет не ги спречуваше нивните
меѓусебни судири. П. Р. Виоти и М. В. Каупи, ибид.стр. 51-55 и 577-578.
2.3. СРЕДНОВЕКОВЕН СИСТЕМ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

По колапсот на Рим во 5 век, следуваа 1000 години кои се именуваа како среден
век или средновоековен период.14 Неговиот крај е означен со ренесансата и
реформацијата од 15 и 16 век.
За време на средниот век главниот виновник за поимањето на единството на
човештвото беше христијанската црква. По колпасот на Римската империја црквата
стана многу богата и привилегирана организација. И покрај понекогаш
корумнпираното и дволично однесување на многу членови од црковната хиерархија,
христијанството сепак беше рамка во која се одвиваше приватниот како и јавниот
средновековен живот.
Во средновековието постоеше дипломатија. Беа прифатени одредени римски
правила и беа воспоставени нови кои станаа дел од меѓународното право: безбедност
поставување на амбасадори, тајност во дипломатските преговори презир кон кршење
на договорите. Во однос на световните придонеси/ прашања личните врски беа клуч за
дипломатијата. Кралските бракови беа мошне важни. Територијалните граници беа
неодредени и односите по меѓу кралствата беа функција на династичките брачни
односи. Не се зборуваше за „национален интерес туку за интерес на определен
владетел или династија.

2.4. ВЕСТФАЛСКИОТ СИСТЕМ НА МАЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

Во 1648 година вестфалскиот мир ја заврши европската триесетгодишна војна,


понекогаш нарекувана последна од големите религиски војни, и прва од војните на
модерните држави. Овој мировен договор ја воспостави суверената територијална
држава како доминантна форма на меѓународна организација. Модерниот меѓународен
систем често се поврзува со Вестфалскиот договор од 1648 година.
За разлика од средновековниот систем на меѓународните односи, Вестфалскиот
систем на новите односи се гледа во:
-одвојување на црковната од световната власт
14
За периодот на средновековна Европа: П.Р. Виоти и М.В: Каупи, ибид.стр.60-64.
-царската моќ е значително ослабена
-системот се темели единствено на суверени држави кои се единствени актери
на меѓународните односи.
Признавајќи ја како еден од главните принципи националната сувереност
Вестфалскиот мир беше темел на кој е изграден системот на новите меѓународни
односи. Тој ги етаблираше принципите на независни, суверени држави коишто
продолжуваат да го обликуваат меѓународниот систем и денес. Имено овој договор ги
постави основните правила кои оттогаш го дефинираат меѓународниот систем –
суверенитетот и територијалниот интегритет на државите како еднакви и независни
членови на меѓународната заедница.
Една од понатамошните карактеристики на политичкото делување на
Вестфалскиот систем стана рамнотежата на сила во која секоја од големите сили го
следеше развојот на своите противници, создавајќи сојузи кога беше потребно да се
одржи рамнотежата. Вестфалскиот мир ја отвори и вратата на новата мултилатерална
дипломатија. Системот што настана по Вестфалскиот мир беше европски и
христијански. Начелото на неинтервенција не важеше за исламот и другите делови од
светот.

2.5. ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА

Консеквенците од Првата светска војна беа огромни. После 4 години војна,


дипломатите и политичките лидери кои се собраа во Версај во 1919 година да состават
мировна спогодба беа цврсто решени дека нивните напори мора не само да ги решат
повоените прашања -што да се прави со поразените држави, особено Германија и со
Австро-унгарската и Отоманската империја кои се распаднаа за време на војната - туку
и да ја направат војната невозможна во иднина. Во Версај Франција, Велика Британија,
Италија и САД го создаваа концептот на повоените односи.
Првата светска војна е пресвртен настан во МО- настан кој го обележа крајот на
една ера и почетокот на друга. Војната и мировните договори со кои таа заврши беа
директно одговорни за Октомвриската револуција и основањето на СССР, за распадот
на мултинационалната Отоманска и Австроунгарска империја, за понижувањето на
поразената Германија, за разочарување на националистичките аспирации во Италија и
Јапонија и за слабеење на финансиските и воените капацитети/можности на двете
преостанати големи сили на европскиот континент - Франција и Велика Британија.
САД станаа светска сила за време на војната и особено беа значајни 14 точки на
американскиот претседател Вудро Вилсон коишто претставуваа план за праведно и
трајно мировно спогодување.15 Овие 14 точки беа предлог за новите меѓународни
односи. Осум од точките се бавеа со одредени територијални спорови помеѓу
завојуваните држави. Пет точки воведуваа нови норми, правила и практики во
дипломатијата за кои претседателот Вилсон сметаше дека ќе бидат основа за нов вид
на меѓународни односи. Тоа беа:
• Договори или аранжмани кои се постигнати низ отворена и јавна
дипломатија наместо тајна што беше предоминантна пред војната;
• слобода на морињата;
• слободна трговија;
• намалување на вооружувањето;
• усвојување/акомодирање на колонијалните барања засновани на
принципите на самоопределување.
Последна точка повикува на создавање на нова организација-подоцна Лигата на
народите - која би го заштитувала суверенитетот на државите - големите и малите. 16
Многу теоретичари ја земаат 1900-тата година како почетна точка за анализа на
модерните меѓународни односи. Ерик Хомсбаум (Eric Hobsbaum) сугерира дека 20иот
век вистински започна во 1914 година со катаклизмичната војна која го избриша статус
кво на 19-иот век. Пред првата светска војна светот немаше искусено конфликт кој
вплете толку многу различни држави. Не само што ова беше светска војна туку беше
прва тотална војна, за време на која значајните протагонисти практично ја мобилизираа
целата своја популација и мажи и жени било како војници на фронтот или како
работници на „домашниот фронт„.17„Никогаш повторно“ беше изреката и чувствата
кои надвладуваа кај народите по завршувањето на војната.
Но, само после 20 години од Версајскиот договор започна друга светска војна
уште по глобална по својот досег од Првата.

15
Вудро Вилсон американски претседател за време на Првата светска војна е класичен либерал на 19 век
кој смета дека стратегиите на РС се неморални, бидејќи ги нарушуваат демократските принципи и
чувството за национален идентитет. Тој заклучува: „РС е сериозна игра којашто е дискредитирана сега и
за секогаш. Тоа е стариот и злогласен поредок кој преовладуваше пред оваа војна Нашата иднина ние
можеме да ја градиме и без РС„. Ross, Graham, The Great Powers and Decline of the European States System
1919-1945 (London:Longman, 1983), стр. 109-126.
16
Wilson, Forteen Points speech, 18 January 1918.
2.6. ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА

Втората светска војна ги надмина сите други војни од аспект на човечки загуби,
кои се проценети од 35 до 50 милиони луѓе. Не само што се убиваа луѓето туку беа
измислени и многу варварски методи за тоа: од нацистичкиот геноцид на 6 милиони
евреи кои беа однесени во концентрациони логори, до исфрлањето на атомската бомба
од Американското бомбардирање на јапонските градови Хирошима и Нагасаки во
август 1945 година.
Војната беше запаметена по напредокот на воената технологија. Тенковите и
авионите кои беа штотуку воведени и одиграа безначајна улога во првата светска војна,
доминираа во втората светска војна. Радарот одигра значајна улога, на пример во
битката за Британија, една од пресвртниците во втората светска војна. На крајот на
војната атомската бомба се појави како зачеток на нуклеарното доба.
Двете светски војни Првата од 1914-18 година и Втората од 1939-1940 земаа
само 10 години од 20-иот век, но тие го обликуваа и обележаа векот. Ништо како овие
војни се нема случено и тие се клучна референтна точка за светот во кој живееме
денес.

2.7. РАЗВОЈ НА СВЕТОТ ПОСЛЕ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Втората светска војна беше најголем воен судир во историјата на човештвото.


Победата над фашистичките сили на Оската ја избори антифашистичката коалиција во
која влегоа најголемите капиталистички држави – Велика Британија и САД и првата
социјалистичка држава во светот - Советскиот Сојуз. Големите човечки жртви,
материјални загуби и страдањата на населението во годините на војната, влеваа надеж
дека повоениот свет ќе собере доволно сила да го сочува мирот и нема да дозволи да се

17
John Baylis&Steve Smith, the Globalization of the world Politics-An introduction to international relations,
third edition, Ohford universitu press, 2005, str.64.
случи повторно таква страотија. Во прилог на тоа одеше и постоењето на силната
антихитлеровска коалиција составена од тогаш најсилните држави во светот. Се
веруваше дека нивната соработка ќе биде продолжена и во мир и плодовите на таа
соработка ќе ги почувствуваат сите држави и народи во светот.
Односите во антихитлеровската коалиција не беа така цврсти за да можат да се
одржат во повоените услови. Имено, секоја страна поаѓаше од своите интереси,
традиции и очекувања. Сомнителноста и недовербата беа карактеристики на
коалицијата во сите фази на војната. Со завршетокот на војната помеѓу големите
сојузници доаѓа до отворени разидувања.
Черчил, Рузвелт и Сталин имаа свои сопствени и сосема различни гледања на
меѓународните односи и светот кој се создаваше. Тие беа врзани за своите идеолошко-
политички уверувања како и за општествено-економските системи на кои припаѓаа.
Черчил и Рузвелт настојуваа да се задржат можности за развој на капиталистичкиот
свет и да го спречат ширењето на влијанието на СССР, додека Сталин, водејќи сметка
за советските државни интереси сакаше да го прошири социјализмот.
Уште во текот на војната се создаваа новите основи на меѓународната политика
и се менуваше изгледот на меѓународната заедница, односно се оцртуваше сликата на
новиот свет исполнет со нови обележја, нови сојузи и нови спротивности.
- СССР како единствена социјалистичка држава (покрај неразвиената НР
Монголија) излезе од војната како една од двете најсилните светски сили, излезе од
изолација и стана значајна светска политичка сила која со своето делување на
меѓународен план влијаеше на развојот на меѓународните односи.
- Старата политичка структура на Европа беше срушена. Во некои земји со
рушење на фашистичко уредување беше ликвидиран и капиталистичкиот сѕстем на
општествени односи. Комунистичките и работничките партии, благодарејќи на својата
улога во антифашистичката војна го зацврстија својот углед и станаа значајна
политичка сила и во некои западни држави (Италија, Франција).
- Меѓу капиталистичките држави исто така настанаа големи промени. САД
стана апсолутен хегемон на западниот свет благодарејќи на својата воена, политичка и
економска сила. Велика Британија и Франција како некогашни големи сили, иако беа
во победничката алијанса, излегоа од војната ослабени од воените разорнувања. На
слабеење на нивната сила влијаеше и процесот на распаѓање на колонијалниот систем.
Поразените држави Германија, Италија и Јапонија во првите повоени години немаа
можност за делување во капиталистичкиот свет.
- Процесот на деколонизација доведе до создавање на нови ослободени држави
што доведе до нови односи на поширок меѓународен план
- Основана е ООН како инструмент за зачувување на мирот и унапредување на
соработката. Тоа беше нова светска организација која требаше да стане универзално
средство за решавање на спорови и траен облик на заедничко делување на голем број
различни држави.

2.8. СТУДЕНА ВОЈНА

По насилствата во првата половина на 20 век, најзначајна карактеристика во


втората половина на овој век беше отсуството на трета светска војна. Но, наместо тоа
дојде до Студена војна (СВ) - период на интензивно непријателство без вистинска
војна. 18Непријателството беше толку интензивно што многумина очекуваа вооружен
конфликт помеѓу двете суперсили. До судири дојде но не директно меѓу СССР и САД.
Така, почетната фаза на меѓународните односи по Втората светска војна се одвиваше
во знакот на нов обилк на конфронтација на бившите сојузници. Терминот студена ќе
биде низа години главно обележје на МО.
Периодот на непријателство и ривалство меѓу двете коалиции на држави водени
од САД и СССР беше како ниедна друга фаза во историјата дотогаш. Двете страни
одбегнуваа директен воен конфликт, но водеа војни преку своите застапници каде што
едната страна се бореше со непријател спонзориран од другата страна како на пример
американската војна во Виетнам или инвазијата на СССР на Авганистан или пак двете
страни спонзорираа ривали во конфликт како на пример во арапско- израелскиот
конфликт.19
СВ како долг период во меѓународните односи во повоениот свет и облик на
МПО претставува состојба во која сите сили беа собрани околу двата главни центри на
моќ, целиот меѓународен живот се одвиваше во два затворени системи Источен и
Западен, а главните спротивности беа врзани за различните вредности и нивна
распределба во светските односи.

18
Терминот Студена војна почна да се употребува во популарниот говор во САД во 1946-47 година, но
потеклото на овој термин датира уште од 14 век кога писателот Дон Хуан Мануел го употребува за да ја
опише состојбата на односите меѓу земјите која не е карактеризирана со вистинска војна. Питер
Хју,,Поим на глобална безбедност, Табернакул, Скопје 2009, стр.28.
19
Хју, 28.
Како историска категорија терминот СВ се однесува на состојба на односи меѓу
два спротивни општествено-политички и економски системи по Втората светска војна,
кога настана големи промени во целокупната структура на меѓународната заедница.
Главни актери во биполарниот модел на студената војна беа двете големи сили
САД и СССР. Тие имаа различна концепција за МО и нивната улога во нив.
Во рамките на блоковите се создаваат различни односи. За САД беше најважно
во целина да се контролира политиката на сојузниците и преку НАТО да се развива
евроатланската соработка. За СССР како економски послаб лидер на Варшавскиот пакт
(пандан на НАТО) односите во источниот блок ги средуваше со воени, политички и
полициски средства. Економското поврзување (СЕВ) настана касно и во недостаток на
средства се покажа неуспешно. За разлика од тоа политички диригиран обид за
интегрирање на Истокот, Западна Европа успешно ги реализираше врските со САД и
го ревитализираше своето од војната девастирано стопанство. Со помош на
Маршаловиот план, ја создадоа Заедницата за јаглен и челик која прерасна во ЕЕЗ
односно ЕУ.
Попуштањето на затегнатоста помеѓу блоковите односно детантот беше
потпомогнато со создавањето на КЕБС/ОБСЕ во 1975 год. кој во тоа време беше
единствен форум каде можеа да се сретнат САД и СССР.
Нуклеарниот паритет -еднаквиот степен на нуклеарно вооружување и
уверувањето дека нема да има победник во евентуалниот нуклеарен судир доведе до
стабилизација на американско-советските односи, што во периодот на доаѓање на
Горбачов на положбата на генерален секретар на КПСС 1985 г. создава простор за
либерални движења во ИЕ и советско преќутно прифаќање на распаѓање на источниот
блок 1989-1990. Распаѓањето на СССР во 1991 значеше исчезнување на биполарноста
на меѓународните односи.
Динамичните промени во меѓународните односи на крајот на 80-тите и
почетокот на 90-тите години на минатиот век го наговестија крајот на СВ и распадот на
биполарната структура на анрхичната меѓународна заедница на 20-иот век, во која
суверените држави беа организирани на различни начела повикувајќи се на потполно
различни вредности-идеолошки судир на два глобални воено-политички блока.
Рушењето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија, распаѓањето на СССР и
Варшавскиот пакт обележија крај на една епоха во кој меѓународниот систем
опстојуваше под постојана закана од нуклеарно уништување. Биполарниот систем
создаден по Втората светска војна беше срушен. Студената војна заврши и
стимулираше бран на промени во последната декада на 20-тиот век. Конфликтот
помеѓу САД и СССР којшто ја обои секој димензија на политичките, економските и
социјалните аспекти на светската политика скоро 50 години заврши. Берлинскиот ѕид
беше срушен, СССР се распадна, комунизмот пропадна. Двете Германии се обединија,
а ЕУ и НАТО географски се шират. Уште повеќе демократијата се шири низ светот,
меѓународната трговија расте до непредвидливи размери. Но, надежите дека светот по
Студената војна ќе биде мирољубив се срушија со жестоките конфликти кои останаа во
поголем дел од светот особено во земјите во развој на глобалниот југ. Имено, иако
традиционалните неизвесности од времето на Студена војна престанаа да доминираат
со светската политика, светот не стана побезбедно место за живеење од претходниот
период бидејќи го потресоа нови тектонски процеси и збиднувања. Така претседателот
Џорџ Буш се жалеше во ноември 1991: „Пропаста на комунизмот ја отвори
пандорината кутија на прастарите меѓунационални омрази, нетрпеливости, па дури и
освети“.20

2.9. МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ ПО СТУДЕНАТА ВОЈНА

Со крајот на СВ биполарната структура на меѓународниот систем/МЗ стана


униполарна - САД станаа единствена вистинска глобална сила како резултат на
колапсот на неговиот студеновоен соперник. Во почетокот на 90-тите год на 20 век
САД уживаа во „униполарниот момент„ кога ја водеа војната во персискиот залив.
Како единствена останата супер сила способна воено да интервенира во сите делови на
светот, САД воспостави апсолутна хегемонија во светот. Таа супериорност
произлегуваше од нејзината моќ на воен, економски, технолошки и културен план.
Збигњев Бжежински смета дека комбинацијата на сите овие атрибути ги направија
21
САД сеопфатна глобална сила.
По карајот на СВ меѓународниот систем се најде под удар на различни идеи
проекти и процеси. Еден од клучните идеи е проектот Нов светски поредок (НСП)
изнедрен во САД, кој во рамките на новиот развој на МО го изложи американскиот
претседател Џ. Буш. Тој пред Конгресот по повод покренувањето на акцијата
„Пунстинската олуја“ против Ирак во 1991 година изјави дека НСП е „голема идеја

20
Кегли, 205.
21
Бжежински , З. (1999). Велика шаховска табла, op.cit., стр. 27.
каде различни нации се обединуваат за да ги достигнат универзалните аспирации на
човештвото - мирот, безбедноста, слободата и владеењето на правото“.22
Во развојот на меѓународниот систем/односи по Студената Војна Семјуел
Хантингтон (Samuel Hungtington) препознава три фази: униполарна, мулти-униполарна
и мултиполарна. Униполарната фаза подразбира структура на мегународниот
систем/МЗ со САД како глобален феномен која не траеше долго. Имено светот од
униполарната фаза во време на пр. Заливската војна преку уни-мултиполарните фази
зачекори во мултиполарен систем во кој според Хангтинтон неколку главни сили кој
имаат слична моќ меѓусебно се такмичат и соработуваат. 23 На сегашната природа на
меѓународната политика/односи не одговара ни униполарен ни мултиполарен
меѓународен систем. Станува збор повеќе за еден необичен хибрид - уни-мултиполарен
систем, во кој главни улоги имаат една/единствена суперсила и неколку главни сили.
Сепак САД се надмоќни во секој домен на моќта - економски, воен, дипломатски,
идеолошки, технолошки и културен - способни да ги остварат своите интереси во
секој дел на светот. Втората група ја сочинуваат главните регионални сили кои
настојуваат да ги прошират своите интереси и влијание на глобален план: германско-
француската оска во Европа, Русија во Евроазија, Кина и потенцијално Јапонија во
Источна Азија, Индија во Јужна Азија, Иран во Југозападна Азија . Во третата група
спаѓаат второстепени регионални сили чии интереси се во судир со влијанието на
регионалните држави: Велика Британија во однос на германско-француската оска,
Украина во однос на Русија, Јапонија во однос на Кина, Јужна Кореа во однос на
Јапонија, Пакистан во однос на Индија, Саудиска Арабија во однос на Иран и
Аргентина во однос на Бразил. 24
За Ханс Бинејдик ( Hans Binnendijk) најдобар израз за постстуденовоениот
период е „ера по Студената војна„ бидејќи сложените структури на овој систем кој
сеуште се развива, тешко можат прецизно да се опишат. Овој период на развој на МО
има пет вида актери и е обликуван од четири главни тренда, од кој секој влијае на
различен начин.25 Најдоминантни актери се пазарните демократии чија идеологија
стана глобален модел, така што кон крајот на 90тите години на 20 век повеќе од
половината држави можеа да се окаректиризираат како демократски. Втората група ја
сочинуваат државите во транзиција кои се движат и развиваат кон пазарна демократија
22
Bush G.(1991)…???
23
Huntington, S.P. (1999) The Lonely Superpower, ????????? p.36
24
Ibid. str. 36
25
Binnendijk, H. (1999). Back to Bipolarity. In the Washington Quarterly, Vol.22, No.4, pp.7-22.
меѓу кои најважни се Кина, Русија и Индија, држави чија конечна ориентација може да
биде пресудна детерминанта за меѓународниот систем кој доаѓа. Третата група ја
сочинуваат т.н. „неспособни држави“ како што се Ирак, Иран, Северна Кореја, Либија,
Судан, Авганистан, Куба и Сирија. Сузбивање на нивните активности е основен фокус
на земјите од првата и втората категорија земји. Четврта група на актери се новите
слободни држави како Камбоџа, Босна и Херцеговина (БиХ), Сомалија, Таџикистан,
Конго, Хаити и др.
Меѓународниот систем по СВ не може да се смета за единствен бидејќи го
потресуваат центрипетални и центрифугални сили. Оттука Х. Кисинџер оценува дека
во денешниот свет постојат барем 4 меѓународни системи. Првиот е систем на
демократски држави кој го сочинуваат САД и З. Европа, во кои доминира демократија
и демократски прогрес. Во него војните не се можни, освен на периферијата во која
можат да бидат предизвикани од етнички судири, а споровите не се решаваат со војна
или закана со војна. Вториот е систем на пространата територија на Евроазија во која
главна улога имаат Русија, Кина, Индија, Јапонија, Кореа и уште некои држави на ЈИ
Азија. Војните помеѓу овие држави не се вообичаени но не се ни исклучени. Третиот
систем делува во регионот на Блискиот Исток и е подложен на судири чии корени не
се ни економски ни стратешки туку идеолошко верски. Тешко е да се постигне
компромис меѓу страните така што постои постојана опасност од избувнување на нови
судири.
Дваесеттиот век беше век на светски војни, жешки или студени, водени од
големите сили и нивните сојузници со апокалиптични сценарија за масовно
уништување. Оваа опасност очигледно исчезна. Без оглед на тоа што ќе донесе
иднината, исчезнувањето и трансформацијата на сите стари актери во светската драма,
освен еден, значеа дека трета светска војна од оној стар вид денес е најмалку
веројатна.26 Во годините по 1989 година имаше воени операции во повеќе делови од
Европа, Азија и Африка иако сите тие не беа официјално класифицирани како војни: во
Либерија, Ангола, Судан, некогашна Југославија, во Молдавија, во неколку држави од
кавкаскиот и транс-кавкаскиот регион, во постојано експлозивниот Среден Исток, во
некогашниот советски дел од Централна Азија и Авганистан. Во овие војни често не
беше јасно кој се бори против кого и зошто, во се почестите ситуации на национални
распаѓања и дезинтеграции ваквите активности не можеше да се подведат ниту под

26
Ерик Хобсбаум, Доба на крајности, Кратка историја на ХХ век;1914-1991,ТЕМПЛУМ, Скопје, 2001,
стр. 883.
меѓународни ниту под граѓански војни. Во случајот со Балканот се покажа дека нема
остра линија на разграничување меѓу интер-етничките војни и попрепознатливите
27
војни од стариот тип во кои таквите караници лесно можат да се претворат. Тоа
значи дека глобалната опасност од војна не е исчезната, таа само си ја промени
формата.
Секој историски период е обележан во некоја мера со промена. Се чини дека
промените на крајот на 20 и почетокот на 21 век се многу брзи и длабоки така што се
развива револуционерно реструктуирање на меѓународните односи. Бројни
интегративни трендови покажуваат на тие можности. Државите се поблиски во
комуникациите, идеите и трговијата, како и мирот и безбедноста. Дури и
дисентигративните трендови покажуваат тенденција кон реструктуирање. Крајот на
стабилноста наметната со биполарната дитрибуција на моќ/сила помеѓу САД и СССР
и нивните сојузници, пролиферација на конвенционално и нековенционално оружје,
глобалното загрозување на животната средина и повторно оживување на
национализмот и етничките конфликти сето тоа наговестува реструктуираење
обележено со неред.
Најзначајните пресвртни точки во светската политика / меѓународните односи
обично се појавуваат на крајот на големите војни, кои ги потресуваат или уништуваат
претходните меѓународни аранжмани. Во 20 век Првата и Втората светска војна
претставуваа прекин со минатото. Крајот на Студената војна беше историска точка на
прекин од не помало епско значење. Како што рече Џорџ Буш во 1992 година,
промените стимулирани од крајот на Студената војна беа од библиски пропорции
обезбедувајќи им на државите можност за прв пат од 1945 г. да преразмислат нивните
интереси, цели и приоритети. Но, и покрај сето она што е радикално различно во
меѓународните односи, многу останува исто. Мирната иднина не е извесна. Според
реалистите натпреварувањето меѓу големите сили за моќ и положба во услови на
анархична МЗ ќе продолжи. Реалистите предвидуваат и можна нестабилност која може
да настапи како резултат на промените во глобалната структура на меѓународниот
систем ако американската хегемонија биде разнишана со успонот на ривали кои би го
загрозиле водството на САД.
Новиот светски поредок и глобализацијата стануваат нови ознаки на развојот на
светот кого го карактеризираат три најчесто спомнувани одредници - интеграцијата,
демократизацијата и глобализацијата на светот. Притоа постојано се актуелни
27
Ибид., стр.884.
расправите во каков свет живееме – унуполарен, мултиполарен или мешовит. Дали
драматичните скорешни промени кои симболично претставуваа земјотрес во светските
работи го исчистија патот за вистински нов светски поредок? Или овие драматични
промени ќе бидат само обични врвови на сеизмографот на историјата.
Тешко е да се предвиди какви ќе бидат военостратешките и економските односи
на големите сили во 21 век. Задачата на предвидување е дополнително комплицирана
со парадоксот дека многу парови на големи сили кој се најголеми трговски партнери се
најголеми воени соперници. Дали економската соработка ќе помогне да се смали
потенцијалното воено натпреварување?
Свеста за овие различни можности можеби беше во предупредувањето на
американскиот државен секретар Лоренс Игелбергер во 1989 г. кој укажа дека е важно
како САД ќе го оствари преодот од апсолутна превласт во положба на „прв помеѓу
еднаквите“. И државниот секретар Хенри Кисинџер укажа во 1993 г. на опасноста дека
САД имаат малку искуство со свет кој се состои од многу сили со кој не можат ниту да
доминираат ниту да се повлечат во изолација.
Не можеме да знаеме дали иднината ќе личи на темното минато на
мултиполарните системи. Начините и праксата можат да се менуваат и можно е
политичарите да извлечат поуки од минатите грешки и да го избегнат нивното
повторување (Кегли).

3. ПРИСТАПИ НА ПРОУЧУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Со ширење на дисциплината на меѓународните односи и со зголемување на


кадарот кој се бавеше со истражување на оваа област дојде до создавање на неколку
различни пристапи односно школи на проучување на меѓународните односи. Овие
пристапи односно школи ги изразуваат како различни теориски ставови така и општи
сфаќања за битните епистемолошки (епистемологија-наука за знаењето и за науката) и
методолошки проблеми на оваа наука, што најчесто одговара на филозофското
определување на авторите. Во таа смисла може да се каже дека во САД се развиваат
школи од емпириски карактер, додека за Европа се карактеристични историско-
социолошки пристапи кон проблемите на меѓународните односи.
Имено со оглед на целите што авторите си ги поставуваат во своето
проучување на меѓународните односи може да се споменат 4 различни групи, од кои
секоја поставува, пред науката за МО специфични барања и задачи.
Првата група автори е врзана за традиционалниот легалистички пристап и
своите посматрања ги засновува на проучување на меѓународните институции и
меѓународното право што би требало да води кон остварување на значајна цел –
зачувување на мирот и безбедноста.
Втората група посебно ги разгледува прашањата врзани за воената и
одбранбената политика во светски рамки/релации. Значи, општиот развој на
меѓународните односи се разгледува преку споредување на силите на поедини армии,
нивните стратегиски цели и сл.
Третата група на теоретичари на меѓународните односи е доста амбициозна во
поставување на целите на оваа дисциплина. Тие сметаат дека (покрај дескрипциите,
етичките и воените проблеми) главна задача на науката за меѓународните односи мора
да биде врзана за создавање на општа теорија, која врз основа на големиот број факти
(чињенични материјал) би го објаснила однесувањето на државите на меѓународен
план. Употребувајќи ги претходните искуства, аналогијата и бројните податоци за
минатите збиднувања, теоријата за меѓународните односи би морала да одговори на
прашањето зошто развојот на поедина земја се движи во некој правец или зошто во
некои одредени делови во светот почесто избувнуваат судири или немири.
Четвртата група автори главното внимание го посветува на прашањата на
одржување на светскиот мир. Оттука ги истражуваат проблемите врзани за водењето
на војна, ескалацијата на насилството во меѓународни размери/рамки, економските
аспекти на разоружувањето.
Во современата наука за меѓународните односи денеска постојат различни
пристапи кои имаат своја вредност, пред се во организација и систематизација на
податоците кои ги имаат на располагање истражувачите на меѓународните односи.
Имајќи во вид дека собирањето на податоци е прва фаза на секое истражување за потоа
да може да се дојде до систематизација и на крај до научна експликација, така и тие
пристапи секој на свој начин, помагаат во организирање на дисциплината и во
подготвување на теоријата за меѓународните односи.
Имено, разгледувањето на теориските правци во науката за меѓународните
односи е составен дел на проучување на оваа област на општествениот живот, заради
резултатите кои тие во тоа проучување ги достигнале досега.
Во досегашниот развој на науката за меѓународните односи накратко може да се
издвојат некои од водечките пристапи/школи и теориски правци во оваа наука:
1. историскиот пристап (историско-социолошка школа);
2. Нормативниот или филозофскиот;
3. Политиколошкиот и
4. Еклектичкиот (еклектицизам-непостоење на единство, целовитост и
доследност во уверувањата и теориите; површност и несамосталност).

4. ТЕОРИСКИ РАМКИ ЗА МОДЕРНО ГЛЕДАЊЕ НА


МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Кога зборуваме за меѓународните односи односно збиднувањата во МЗ гледаме


дека станува збор за широко подрачје каде делуваат бројни актери, каде е тешко да се
пронајдат причини и последици, а уште потешко да се предвидат меѓународните
односи. Оттука се поставува прашањето дали е можно да се набљудуваат
меѓународните односи каква е целта на нивното теориското проучување?
Теоретичарите развиваат различни теории да ги направат меѓународните
настани разбирливи. Со време парадигмите или моделите кои ги градат се ревидираат
за да се објасни новиот развој во меѓународните односи како нови проблеми кои бараат
да бидат разбирани и решени.
Теоријата може да помогне во менување на реалноста на меѓународните односи,
но не смее да се заборави дека стварноста на меѓународните односи и тоа како влијае
на промена на тероијата за МО. Може да се каже дека теоријата е производ и средство
за промена на реалноста на МО.
Во меѓународните односи е значајна врската помеѓу минатите збиднувања и
современоста, односно иднината ако може да се предвиди. Оттука прашањето за
односот помеѓу историјата и теоријата како два погледа на реалноста на
меѓународните односи.
Разлики:
● во времето кое се анализира – историјата ги зема во предвид историската
условеност и поединачноста на збиднувањата кои се образлагаат, додека
теоријата настојува да биде вонвременска
● историјата на меѓународните односи е концентрирана на еден настан на пр.
Првата или втората светска војна, додека теоријата се бави со голем број на
војни барајќи некои општи причини, последици, фактори на делување и сл.
Историјата се бави со поединечно, а теоријата апстрахира и создава концепти и
шеми во кои ги вклучува тие настани.
Историјата и теоријата се цврсто поврзани, неможно е да се одвојат. Историјата
дава историски факти во кои теор. бара константи, трендови, модели и примери кои се
повторуваат. Секое разбирање на меѓународните односи бара цврста поврзаност на
историјата на меѓународните односи и теоријата. Теоријата без историјата би била
празна шема и збир на неразбирливи апстрактни концепти, додека историјата без
теоријата би била само листа на факти и датуми.
Во досегашниот развој на меѓународните односи како научна дисциплина е
пројден долг пат на теориско осмислување на меѓународните односи. Во
експликацијата на пристапите во проучување на МО споменавме некои теории кои се
развија во минатото додека сега ќе се задржиме на неколку генерални теории или
поточно теориски перспективи кои се бават со меѓународните односи:
- либерализам и неолибералниот институционализам
- реализам и неориеализмот
- радикалните теории и
- конструктивизмот како еден од поновите значајни теориски правци (на
кој во САД и Европа во истражувањето на МО му се придава се повеќе
значење)

5. СУБЈЕКТИ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

Просторот и полето во кои постојат меѓународните односи, многу писатели го


споредуваат со сцена или арена каде се движат носителите на дејствијата. Оттука и не
зачудува што во странската литература, особено онаа на англиски јазик, често
основната единица во меѓународните односи, оној субјект кој влегува во нив, се
нарекува актер. И во нашата литература може да се најде овој назив (главни актери на
блискоисточната криза). Но, најчесто во нашата литература се зборува за субјекти,
субјективни чинители, учесници во меѓународните односи и др, но ние се
определуваме за терминот субјект иако и тој не е без мани.
Определувањето на терминот/називот за поимот за којшто зборуваме треба да ја
наговести суштината на прашањето за кое се расправа кое може да се постави и
поконкретно: што е субјект на меѓународните односи и кои се субјекти на
меѓународните односи?
Пред да одговориме на овие прашања би морале да напоменеме дека субјектите
на меѓународните односи не се исто што и субјектите на меѓународното право иако
овие два поима се поврзани бидејќи правото мора да ја следи општествената стварност.
Субјектите на меѓународното право се бараат со одговорот на прашањето кој може да
биде носител на меѓународните права и обврски додека за субјектите на меѓународните
односи е одлучувачка способноста за изворно и вистинско делување во светски рамки.
За постарите теоретичари на меѓународните односи прашањето за субјективитет
во меѓународните односи воопшто и не се поставува затоа што тие меѓународните
односи ги дефинираат исклучиво како односи помеѓу државите. Ваквото сфаќање беше
разбирливо во времето кога проучувањето на меѓународните односи само што почна да
се развива особено во 19-тиот век, но и пред и по тој период во меѓународните односи
самостојно учествуваа и актери кои не беа држави (пр. царства територијално помалку
вообличени, католичката црква и др.).
Но, на светската сцена со секој нов степен на општествениот развој се јавуваат
нови субјекти. Ова особено важи за периодот по Првата светска војна кога на светската
сцена се појавија определени асоцијации, движења и пред се меѓународни организации
познати под поимот актери на меѓународните односи. По Втората светска војна и во
денешното динамично и сложено време постојат многубројни и различни субјекти на
меѓународните односи. Тие се своевиден одговор на сложеноста на современите
односи на меѓународната сцена, но и влијаат на настаните во неа.
Субјектите/актерите всушност се оние организми и механизми кои ги
иницираат, водат и насочуваат сите активности во меѓународните случувања. Науката
за меѓународните односи овие организми и механизми ги дефинира како
субјекти/актери на меѓународните односи од чие дејствување произлегуваат самите
меѓународните односи.
Субјектите на меѓународните односи се многубројни и разновидни; тие имаат
различни полиња на дејствување; имаат свои карактеристики и различни позиции и
улоги во меѓународните односи.

Особини на субјектите на меѓународните односи


Во најопшта смисла, во субјекти на меѓународните односи ги вбројуваме сите
единици, учесници или носители на активности во меѓународните односи.
Констатацијата дека постојат многубројни и разновидни субјекти на
меѓународните односи не е доволна за да помогне тие лесно да се дефинираат и да се
класифицираат во светската политика.
За да се определат видовите субјекти, односно да се одговори на прашањето
кога одредена единица (организирана група на луѓе, организација, заедница, ентитет и
сл.) станува субјект на меѓународните односи, потребно е да се утврдат основните
особини кои таа единица треба да ги има.
Вообичаени (кои се подразбираат ) особини на субјектите на меѓународните односи
се:
⮚ Организираност - што подразбира организација и постоење на средиште на
одлучување. Групата на луге мора да биде организирана така што да може да
создава одлуки кои се припишуваат на целокупната заедница, т.е. да има
средиште на одлучување. Организираноста претпоставува дека одвивањето на
меѓународните односи и градењето на меѓународната заедница (МЗ) се свесни и
целесеобразни активности на актерите на светските настани.
⮚ Независност - непреченост во одлучувањето од страна на другите субјекти.
Субјектот на меѓународните односи мора да биде независен од другите такви
субјекти пред се од некоја држава. Независноста на субјектите на
меѓународните односи е однос на еден субјект кон другите субјекти.
Многубројните субјекти во меѓународните односи развиваат помеѓу себе
специфични односи на независност при одлучувањето. Независноста како
особина му припаѓа на секој субјект на меѓународните односи, без разлика дали
во дадени моменти на донесувањето на одлуките тие се во поголема или помала
мерка слободни и автономни во своето дејствување. Вистинската независност
во меѓународното делување не се остварува преку формално прокламираната
независност, ниту преку апсолутната независност на субјектите на
меѓународните односи.
⮚ Меѓународен карактер - активностите и односите на таквиот субјект да ги
преминуваат границите на една држава. Значи субјектите на меѓународните
односи треба да бидат меѓународни субјекти, а не оние кои учествуваат во
рамките на политичките системи кои не се меѓународни.
⮚ Политичко значење - субјектот да е носител на политички интереси и да е
способен за политичка акција. Со оглед дека меѓународните односи пред се се
подразбираат меѓународни политички односи, субјектите на тие односи мора да
бидат политички релевантни, што значи дека можат да се оквалификуваат како
носители на политички интереси кои се способни за политичка акција.28

Би можеле да заклучиме дека субјекти на меѓународните односи се: носители на


одредени дејности и збиднувања карактеристични за меѓународните односи т.е. тоа е
секој носител на некоја активност која влијае на МО во позитивна или негативна
смисла. Критериумите кои ги одредуваат субјектите се:
● Свест и намера нешто да се стори или не
● Последиците на таквата акција мора да имаат меѓународно значење.

Видови субјекти на меѓународните односи

Во литературата субјектите на меѓународните односи најчесто се делат на:


национални, меѓународни и транснационални субјекти.
Национални субјекти се оние чија организација е територијално ограничена со
една држава. Типичен пример за национален субјект во меѓународните односи е
државата. Она што ја разликува од другите субјекти на меѓународните односи е дека
таа е организирана на одредена меѓународно признаена територија, дека има свое
население и легитимно располага со политички, економски, правни, воени и други
средства и инструменти за примена на одредени правила и правото, како и за заштита
(безбедност и одбрана) на своето население, територија, општественото уредување и
други вредности.
Меѓународни субјекти настануваат со здружување на државите и државните
организации (односно луѓето преку своите држави ) и државите се нивни членки.
Транснационални субјекти настануваат со здружување на луѓе од различни
земји без посредство на нивните држави заради задоволување на своите интереси кои
не можат или е комплицирано да ги остварат преку национални или меѓудржавни
субјекти. Тука спаѓаат: меѓународни невладини организации, транснационални
политички движења, транснационални верски организации, танснационални стопански
организации и др.
28
Dimitrijevic I Stojanovic , Medzunarodni odnosi,83-86.
Покрај државата која е најстар и сеуште најглавен носител на меѓународни
дејствија/активности кругот на субјекти го сочинуваат и:
o Меѓународни организации - владини и невладини
o Мултинационални компании
o Политички движења од меѓународен карактер
o Црквата и религиски движења
o Нациите
o Група на луѓе
o Човекот како поединец.

6. НАЧИНИ И СРЕДСТВА НА ОПШТЕЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ


ОДНОСИ

Меѓународните односи се општествени односи, а комуницирањето до кое доаѓа во


МЗ е израз на напорите на субјектите на меѓународните односи, пред се државите, да
ги остварат своите цели и интереси. Под начини и средства на општење се
подразбираат сите оние инструменти кои се применуваат во односите меѓу
субјектите кои постојат и делуваат на меѓународен план. Кога зборуваме за општење
во меѓународните односи се поаѓа од неколку претпоставки:
- постоење на заедничка средина во која делуваат низа субјекти на меѓународните
односи
- желба и потреба за нивно меѓународно комуницирање
- постоење на различни интереси на меѓународен план
- тие заеднички и различни интереси субјектите се обидуваат да ги решат на
меѓународен план со различни средства.
Секоја држава избира најефикасни средства за остварување на своите цели.
Тешко е да се одвои еден начин или средство на комуницирање бидејќи тие се
комбинираат. Во денешно време тешко е да се замисли само изолирано дипломатско
делување без директна или посредна употреба на други начини и средства на
комуницирање кои можат да ја потпомогнат или поткрепат дипломатската акција.
Во начини и средства на општење во меѓународните односи може да се сврстат:
- дипломатијата
- јавното мислење и меѓународната пропаганда
- економските средства и инструменти
- воените средства

ДИПЛОМАТИЈА

Во сите фази на човековата историја дипломатијата имала специфични


карактеристики, но некои карактеристики секогаш се присутни во извршување на
дипломатските задачи. Без оглед како се дефинира дипломатијата. таа секогаш е израз
на вкупното делување на сите учесници во меѓународниот живот кои во согласност со
своите можности и потреби настојуваат да реализираат оптимални цели на
меѓународен план. Со оглед на тоа дека интересите на државите не се истоветни, во МЗ
не може да дојде до паралелно задоволување на тие национални интереси, па тие
понекогаш доаѓаат во конфликт. Тие сложени прашања кои можат да го загрозат
нормалното одвивање на меѓународните односи, па дури да доведат и до војна, ги
решава дипломатијата. Ако се посматраат досегашните спорови помеѓу државите,
макар во поновата фаза на развој на меѓународните односи, евидентно е дека најголем
број се решени без употреба на сила, односно на основа на мирни контакти и стрпливи
преговори, што е заслуга на дипломатијата.
Државите и покрај разликите кои ги делат и кои иницираат избувнување на
конфликти, сепак сакаат заеднички да делуваат и спогодбено да ги решаваат
проблемите. Тоа особено доаѓа до израз во најновиот развој на меѓународните односи,
каде државата не е само заинтересирана да ги брани своите национални интереси туку
заради разгранетоста на денешните контакти бара канали за координирање на своите
акции заедно со другите држави.

Поим за дипломатија
Дипломатијата се смета за најстар облик на општење меѓу државите. Кога се
зборува за дипломатијата веднаш се мисли и на надворешната политика. Но постојат
разлики помеѓу дипломатијата и надворешната политика. Надворешната политика
претставува програма за акција која државата ја остварува во меѓународните односи
додека дипломатијата е метод со чија помош таа политика се остварува. Значи
дипломатијата не ја создава надворешната политика, туку ја пренесува, објаснува,
преговара и застапува основната политичка линија на една држава.
Под дипломатија често се подразбираат различни работи:
- надворешна политика на некоја држава (на пр. кога ќе се каже дипломатијата
на САД во Европа се мисли на надворешната политика на САД)
- водење на меѓународни преговори и мирно решавање на споровите
- посебна способност и вештина на водење на надворешни работи од поедини
државници
Вакви определувања на дипломатијата се еднострани, бидејќи сепак, водењето
на меѓународните преговори и мирното решавање на споровите претставуваат битни
компоненти на дипломатијата. Дипломатијата обично престанува во моментот кога ќе
се употребат други средства, пред се насилни и кога поедини проблеми почнуваат да се
решаваат со употреба на сила.
Денес преговарањето не е само начело на меѓународните односи туку е и
позитивна одредба на меѓународното право. Така чл. 33 од Повелбата на ООН вели
дека решавањето на споровите по мирен пат (преку преговори, анкети, помирување)
значи можност спорните прашања во меѓународните односи успешно да се решаваат.
Некои меѓународни организации од регионален тип предвидуваат исто: Повелбата на
ОАД, ОАЈ/Е - бараат преговарање и мирно решавање на споровите со директно
контактирање на заинтересираните страни. Начелата на политиката на коегзистенција
и неврзување исто така бараат преговори како начин на делување во меѓународните
односи.
Како начин и средство за остварување на надворешно-политичките цели
дипломатијата е специфична дејност во полето на надворешната политика.
Надворешната политика ја определува стратегијата и долгорочните цели, а
дипломатијата е тактичко средство за нивно остварување.
Државата спрема надвор ја претставуваат, посебни органи. Кај нас тоа се:
претседателот на Републиката, Владата, Собранието, МНР и апаратот кој делува во
нашите претставништва во странство.
Од сето изложено би можеле дипломатијата да ја дефинираме како
општествена дејност со соодветна организација која има задача да ја претставува
државата во МО и да работи на остварување на надворешнополитичките цели на
државата со мирни средства.
Разлики помеѓу класичната и модерната дипломатија
Дипломатијата е многу старо средство на меѓународните односи и таа се
менувала во согласност со општите општествени промени и новите задачи кои се
поставуваа пред неа. Се променија и методите на делувањето на дипломатските
претставници од кои во феудалните монархии се барало да бидат спремни дворјани
кои ќе ги исполнат доверените задачи не бирајќи средства. Во современи услови
дипломатите треба да бидат широко и сестрано образовани, да знаат странски јазици,
да имаат познавање од општествено-политичките, економските и културни прилики на
државата во која ја обавуваат дипломатската функција.
Уште од Првата светска војна се зборува за нова и стара класична дипломатија,
а оваа поделба е особено видлива по Втората светска војна.
Општествено-политичките промени во светот, зголемување на кругот на
државите и промените на планот на технологијата и комуницирањето меѓу државите,
влијаеше на профилирање на нов тип ма меѓународни односи, што мораше да се одрази
и во начините и средствата на дипломатското општење.
Дипломатијата изгуби на својата „романтичност” или сфаќањето дека е тоа
вештина на „интриги и сплетки“. Дипломатијата стана како што вели Џорџ Кенан
(Георге Кеннан) „бизнис на комуницирање помеѓу владите“.
И кај класичната и кај модерната дипломатија има постојан дипломатскиот
апарат кој денес е зголемен со професионален кадар (со нови квалитети, специјално
образование, искуство во дипломатските работи).
Освен што се зголеми бројот на луѓето ангажирани во дипломатските
претставништва воспоставени се многу нови меѓународни организации, а ООН стана
најголем дипломатски форум.
Под влијание на барањето за јавност дипломатијата денес во поголем дел е
отворена/јавна активност подложна на известување и коментирање од средствата за
јавно информирање. Јавноста на дипломатијата има свои граници така што и понатаму
некои значајни контакти или контакти во кризни ситуации течат по други канали и
многу тајно.
Карактеристика на современата дипломатија е проширувањето на профилот на
кадрите кои работат во поедини дипломатски претставништва. Дипломатијата од
политичко –церемонијална дејност е претворена во ангажирана работна активност, која
бара различни видови на кадри кои добро ја познаваат поедината проблематика. Во
дипломатските претставништва, по војната покрај политичките воените и економските
секретари и аташеи се појавуваат советници за наука, техника, земјоделство и др. во
зависност од развиеноста на меѓународните односи и интересот кои постои за поедина
земја.
Мошне значајна е и „политичката дипломатија“ која ја водат министрите за
надворешни работи или шефовите на државите. Таа активност денес станува се
поинтензивна.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Бејлис, Џ. Глобализацијата на светската политика: Вовед во меѓународните односи,


Скопје, 2010

Baylis John & Smith Steve, Тhe Globalization of the world Politics-An introduction to
international relations, third edition, Oxford University press, 2005
Beger, P. L. and S. P. Huntington, Many Globalizations: Cultural Diversity in the
Contemporary World, Oxford: Oxford University Press, 2002

Burchill, Scott (ed.), Theories of International Relations, 2005

Виоти П. и Каупи М., Меѓународни односи и светска политика, Академски печат, 2009

Goldstein Joshua S., International Relations, HarpercollinscolegePyblisher, New York, 1996

Димитријевиќ В., Стојановиќ Р., Меѓународни односи (IV измењено и допуњено


издање), Службени лист СРЈ, Београд, 1996

Dunning, J. H. The Globalization of Business: The Challenge of the 1999s. London,


Routledge, 1993

Иблер В., Меџународни односи, Напријед, Загреб, 1971

Кисинџер Х., Дипломатија, ВЕРЗАЛ, БЕОГРАД, 1999

Малески, Д. Меѓународна политика, Правен факултет, Скопје, 2000

Tomlinson, J. Globalization and Culture. Chicago: University of Chicago Press, 1999

Хју Питер, Поим на глобална безбедност, Табернакул, Скопје 2009

Хобсбаум Ерик, Доба на крајности, Кратка историја на ХХ век;1914-1991,ТЕМПЛУМ,


Скопје, 2001

Џозеф С. Разбирање на меѓународните конфликти вовед во теоријата и историјата,


Академски печат, Скопје, 2008

You might also like