You are on page 1of 29

РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ЗОНА НА РАБОТА НА ПАТОТ

Работата на патиштата може да се дефинира како организирана активност којашто се


врши на патната мрежа. Работата на патиштата може физички да зафаќа дел од
сообраќајната површина (пат, улица или тротоар), може да бара соодветен пристап од
патот или улицата до непосредната зона на работа, простор за движење на
работниците, складирање на материјалите и опремата, паркирање на работните возила,
заштитни зони кои физички и психолошки ќе влијаат на безбедноста на одвивањето на
работата и на сообраќајот. По правило, ваквите барања резултираат со:

 физичко и психолошко стеснување на профилот на патот (улицата);


 потребно преуредување, односно кршење на траекторијата на движење, среде
променетата организација на профилот на патот во зоната на работа;

 намалување на нивоата на услуги (метеж, намалување на брзините, стеснување


на патот);

 извалкување на патот со материјали;

 бучава, работно осветлување на градилиштето или други нарушувања и


визуелни извори на деконцентрација на возачот за време на возење во работната
зона итн.

За корисниците кои не се запознаени со мрежата, зоната на работа може да биде


потенцијално место за несреќи.

Работната зона е дел од патот по кој е утврден посебен режим на сообраќај при
извршување на работите на патот. Работната зона започнува од првиот сообраќаен знак
за привремена сообраќајна сигнализација на патот во зоната за предупредување и
завршува со последниот сообраќаен знак за привремена сообраќајна сигнализација на
крајот од крајната зона.

Трите главни цели за уредување на зоната на работа на патот се:

1. минимизирање на ризиците во сообраќајниот процес;


2. минимизирање на дополнителните трошоци за учесниците во сообраќајот
(време на патување, итн.);

3. обезбедување на изведувачите безбедна и удобна работна околина.

Остварувањето на овие цели се постигнува со квалитетно регулирање на сообраќајот


пред, во и по зоната на работа на патот, односно квалитетно обележување на работните
места и привремените пречки. За секој вид работа на пат, потребно е да се има
квалитетен проект.

По должината на секоја сообраќајна лента погодена од работа на патот, можно е да се


идентификуваат следниве области – подзони:

1. ЗОНА ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Прва најава за скоро наидување на работа на


патот и промена на режимот на сообраќај;
2. ЗОНА ЗА ПРОМЕНИ – Област што претходи на реалната работа на патот, каде
што има физички промени на патот, каде од редовниот режим на сообраќај се
преминува кон посебен режим што е диктиран од барањата на работата на
патот;

3. ЗОНА ЗА РАБОТА НА ПАТОТ – Областа што е паралелна со реалната работа


на патот, сообраќајот е одделен од реалната зона на работа со разни пречки, кои
обезбедуваат безбедност на границите помеѓу сообраќајот и работниците.

4. ЗОНА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЗОНАТА НА РАБОТА (зона на премин кон


редовен режим на сообраќај) – Областа што следи по реалната работа на патот,
каде сообраќајот се пренасочува назад кон својата првобитна патека
(сообраќајни ленти).

Изгледот на работната зона се определува според следните критериуми:

1. видот на пат (автопат, јавен пат надвор од населбата и јавен пат во населбата);
2. временската должина на траење и мобилност на работата на патот;

3. сообраќајниот режим и местото на изведување на работата на патот;

4. должината на зоната на работа.

Временската должина на траењето и мобилноста на работата на патот може да биде:


(1) долготрајна (работа на пат што трае подолго од 24 часа);

(2) краткотрајна стационарна (работа на пат што останува на локацијата каде


што се изведуваат работите до 24 часа и се изведуваат во услови на дневна видливост);

(3) краткотрајна подвижна (работа на пат што се движи во насока на возење во


фази);

(4) подвижна (работа на пат со возила во постојано движење на патот).

Сообраќајниот режим и местото на изведување на работата на патот може да бидат:

1. стеснување на сообраќајната лента без намалување на бројот на ленти;


2. затворање на сообраќајната лента со намалување на бројот на ленти;

3. пренасочување на сообраќајот од еден на друг пат (обиколка);

4. пренасочување на сообраќајот кон спротивната лента;

5. наизменични протекувања на сообраќајот кога се користи една сообраќајна


лента за обете насоки на движење на возилото;

6. работа на крстосници;

7. работа на банкини и во патниот појас;

8. работа на разделувачки остров;

9. работа на пешачки и велосипедски патеки;

10. работа на преминување на патот преку железничка пруга.

Должината на работната зона може да биде:

(1) кратка (до 50 метри);

(2) средна (50–300 метри);

(3) долга (поголема од 300 метри).

Максималните дозволени брзини на возилата во областа на стеснување зависат од


ширината на сообраќајните ленти. Минималната ширина на сообраќајната лента во
областа на стеснување е 2,5 метри. Во случај кога не може да се обезбеди минимална
ширина на сообраќајната лента за водење сообраќај во областа на стеснување, се
користи лента за застанување на патот или е предвидено проширување на патот во
областа на банкините, тротоарите, велосипедските патеки итн.

Максималната дозволена брзина на возилото во областа на стеснување

Ширина на сообраќајната лента (м) Максимална дозволена брзина (км / ч)


2,50-2,74 40
2,75-2,99 50
3,00-3,24 60
3,24-3,75 80

Ако има две или повеќе ленти во иста насока, тогаш се применува ограничување на
брзината за потесната лента.

НАЧИНИ НА РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО РАБОТНАТА ЗОНА

На почетокот на работната зона, се поставува сообраќајниот знак I-19 „работа на


патот“ во насока на возењето на кое се однесува. На сообраќајниот знак I-19 „работа на
патот“ што е прво по ред, може да се постави трепкачко светло, а задолжително е на
автопат.

На крајот од работната зона се поставува сообраќајниот знак III-17 „прекин на сите


забрани“ во насока на возењето на кое се однесува, на растојание до 50 м од крајот на
крајната зона.

Сообраќајната сигнализација се отстрануваат од патот, прво, со отстранување на


знакот III-17 „прекин на сите забрани“, а потоа по ред знаците во спротивна насока од
насоката на сообраќајот до сообраќајниот знак I-19 „работа на патот“ на почетокот на
работната зона.

Сообраќајната сигнализација во зоната на работа целосно се отстранува од патот


веднаш по завршената работа, а најдоцна во рок од 24 часа по завршувањето на
работата, и се воспоставува првобитниот нормален режим на сообраќај.
Местото на патот каде што е поставен првиот сообраќаен знак I-19 „работа на патот“
зависи од должината, прегледноста и видливоста на зоната за предупредување.

Растојанието од местото на поставување на првиот знак I-19 „работа на патот“ до


областа на стеснување изнесува:

 1200 м на автопат со максимално дозволена брзина на возило од 120 км/ч со


повторување на знакот на 800 м и 400 м;
 400 м на други јавни патишта со максимална дозволена брзина на возило од 80
км/ч (се повторува знакот ако е потребно);

 најмалку 50 м за патишта во населба.

Регулирањето со сообраќајот во зоната на работа се врши со:

1) сообраќајни знаци;
2) рачно;

3) семафор.

Изборот на начинот на регулирање со сообраќајот во зоната на работа зависи од:

 положбата на местото на изведување на работата на патот;


 должината на областа на стеснување;

 прегледноста на зоната за предупредување и областа на стеснување;

 сообраќајното оптоварување.

Регулирање на сообраќајот со сообраќајни знаци во зоната на работа

Регулирање на сообраќајот со знак III-1 „првенство на поминување во однос на возила


од спротивна насока“ и знак II-33 „првенство на поминување за возила од спротивна
насока“ се врши со наизменично пропуштање на сообраќајците, доколку има:

 сообраќајно оптоварување во двата правци во областа на стеснување на помалку


од 500 воз./час;
 должина на областа на стеснување помала од 80 м;
 обезбедена меѓусебна видливост на возачите на возилата од двете насоки на
движење.

Рачно регулирање на сообраќајот во зоната на работа

Рачното регулирање на сообраќајот во работната зона го вршат најмалку двајца


назначени работници за изведување на таа задача, на тој начин што тие се свртени со
лицето кон правецот на движење на возилата на коишто даваат знаци со знамиња.

Регулирањето на сообраќајот се врши со црвени и зелени знамиња, со димензии


најмалку 40 см × 40 см. Местото на работниците на патот кои вршат рачно регулирање
е 20 метри пред почетокот на областа за стеснување за секоја насока на движење на
возилата. Во случај работниците коишто го регулираат сообраќајот да не можат да се
видат меѓусебно, за нивна комуникација се користи радио врска.

Рачното регулирање на сообраќајот во зоната на работа се изведува во услови на добра


видливост и не се врши во ноќни услови.

Регулирање на сообраќајот со семафор во зоната на работа

Сообраќајот во зоната на работа се регулира со семафори кога:

 не е можно да се воспостави двонасочен сообраќај;


 не е можно да се регулира сообраќајот со отстапување на првенство на
поминување;

 работата на патот е долготрајна, областа на стеснување е до 900 метри,


сообраќајното оптоварување е поголемо од 500 (воз./час) во текот на денот и
должината на видливоста е помала од должината на областа на стеснување.

Доколку сообраќајот во работната зона не може да се регулира на кој било од


претходно споменатите начини, патот е целосно затворен и сообраќајот се пренасочува
на друг пат.

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЗОНАТА НА РАБОТА НА ПАТОТ


Обележувањето на зоната на работа на патот се врши со помош на вертикална,
хоризонтална и светлосна сообраќајна сигнализација, а нејзиното обезбедување се
врши со соодветна опрема.

Сообраќајни знаци

Основите на знаците што се користат за обележување на зоната на работа на патот се


жолти. Жолтата боја на основата на сообраќајниот знак им дава информација на
корисниците дека наидуваат на промени во сообраќајниот режим. Доколку на местото
каде што е потребно да се постави привремен сообраќаен знак, стои истиот траен
сообраќаен знак, трајниот сообраќаен знак ќе се задржи, односно нема да се изврши
промена, и тоа е единствениот случај кога за сигнализација на работа на патот се
користи сообраќаен знак чија основа е бела боја.

I-19 Знак „работа на патот“ – значи наидување на дел од патот на којшто се изведува
работа на патот.

III-301 Знак „предзнак за заобиколување“ – ја означува насоката што го пренасочува


сообраќајот кога патот е затворен.

III-302 и III-302.1 Знаците „заобиколување“ за движење право и за вртење лево или


десно – служат за насочување на возилата по патот за заобиколување.

III-303 Знак „предзнак за директно регулирање на сообраќајот на местото каде што се


изведува работата“ – информира за близината на местото каде што поради работа на
патот, привремени пречки или оштетување на патот, движењето на возилата го
регулираат овластени лица.

III-304 Знак „близина на местото на свртување на сообраќајот од една сообраќајна


лента во друга“ – значи близина на местото каде што се прави свртување на
сообраќајната лента, додека бројот на сообраќајни ленти останува ист.

III-304.1 Знак „место на свртување на сообраќајот од една сообраќајна лента во друга“


– го означува местото каде што се прави свртување на сообраќајната лента, додека
бројот на сообраќајни ленти останува ист.
III-305 Знак „предзнак за девијација на патот“ – значи приближување до место каде
што има отстапување на патот.

III-305.1 Знак „девијација на патот“ – го означува местото каде што има отстапување
на патот.

Сообраќајните знаци се поставуваат на цврста основа. Ако работите на работното


место се прекинуваат привремено (во недела, за празници, итн.), и ако за тоа време не
се потребни ограничувања во сообраќајот, знаците коишто се однесуваат на таквите
ограничувања мора да се отстранат или да бидат покриени со непровидна прекривка.

Светлосна сигнализација (семафори)

Регулирањето на сообраќајот во зоната на работа на патот може да се прави и со


светлосна сигнализација (семафори). Светлосната сигнализација за наизменично
пропуштање на сообраќајот за време на работа на патот се користи во следниве случаи:

 кога стеснетиот дел од патот долж градилиштето не дозволува воведување


двонасочен сообраќај поради недоволна ширина на патот или недоволна
пропусност (капацитет);
 кога нема услови за наизменично поминување на сообраќајот со помош на
сообраќајни знаци или рачно со знаме;

 кога потребите на моќта на пропусност (капацитет) се исполнети со


наизменично поминување на сообраќајот со помош на светлосни сообраќајни
знаци (семафори);

 кога работите се изведуваат подолг временски период и кога работното место е


релативно долго;

 кога се случуваат сообраќајни оптоварувања со повеќе од 150 воз./час во текот


на кои било шест часа од еден просечен ден во годината;

 кога должината на прегледност е помала од должината на работното место.

Светлосните сообраќајни знаци (семафорите) се поставуваат на десната страна од


сообраќајната лента, од двете страни на стеснетиот дел од патот, на растојание од
околу 10 м од почетокот на стеснувањето за правец на пренасочување, или околу 20-30
м пред почетокот на стеснувањето за спротивна насока.

Светлосните сообраќајни знаци се поврзани со кабли или безжично со заеднички


управувачки уред. Управувањето со светлосните сообраќајни знаци може да се прави
автоматски или мануелно (рачно) со помош на управувачки уреди. Автоматското
управување на работата на светлосните сообраќајни знаци се изведува според
програмата и врз основа на пресметан капацитет на пропусност. Со цел да се воведе
наизменично пропуштање на возилата со помош на светлосните сообраќајни знаци
(семафори), капацитетот на пропуштање мора да биде поголем или еднаков на
сообраќајното оптоварување во текот на сите часови на работниот ден за време на
извршување на работите.

Ознаки на патот

Привремената хоризонтална сигнализација се поставува на приодот на патот и долж


работата на патот. Овие ознаки се разликуваат од постојаната хоризонтална
сигнализација, па по завршувањето на работата тие мора да се отстранат за да не се
збунат возачите.

Привремените ознаки на патот во зоната на работа на патот се поставуваат во случај на


долготрајни работи на патот. Тие имаат жолта боја и се поставуваат заедно со
соодветните други привремени сообраќајни сигнали. Постоечките обележувања на
патиштата во работната зона ја поништуваат важноста, чие значење не е во согласност
со привремениот режим на сообраќај. Поништувањето на важноста на постојните
обележувања на патот се врши со отстранување, прецртување или покривање со жолти
ленти за нанесување на начин дефиниран со правилата за поставување на ознаки на
патот. Ако жолтите и белите ознаки се појават на патот во исто време на дел од патот
во работната зона, жолтите ознаки ја откажуваат валидноста на белите ознаки.

Кога сообраќајот е регулиран со семафори во работната зона, се користат линии за


привремено запирање.

Привремената хоризонтална сигнализација може да се постави на два начина:


a) со премачкување со рефлектирачка боја во случаи кога работите се очекува да
траат и кога за отстранување на привремени ознаки на патот не е потребно
многу време и средства;
b) со лепење рефлектирачки пластични ленти или со поставување на специјални
ознаки на патот, кои по завршувањето на работата се одлепуваат или се вадат од
патот.

Опрема за обезбедување на зоната на работа на патот

Заштитната опрема служи првенствено за да спречи возила или пешаци да влезат во


работната зона, а истовремено ја извршува функцијата за дефинирање и физичко
одвојување на работната зона. Следната опрема се користи за обезбедување на зоната
на работи на патот:

VII-1 и VII-1.1 „челна пречка“ – браник на кој има наизменични полиња со бела и
црвена боја, закосени под агол од 45°.

VII-2 и VII-2.1 „хоризонтална пречка“ – табла поставена на сопствен носач со


наизменични квадратни полиња со бела и црвена боја и може да биде единечна или
двојна.

VII-3, VII-3.1, VII-3.2, VII-3.3 и VII-3.4 „вертикална пречка“ – табла поставена на


сопствен носач, вертикално во однос на патот, со наизменични полиња со бела и
црвена боја, под агол од 45° до површината на патот, и може да биде еднострана или
двострана.

VII-4 „попречна лента“ – лента со наизменични полиња со бела и црвена боја.

VII-5 „сообраќаен конус“ – куп со наизменични полиња со бела и црвена боја која е
ретрорефлектирачка.

VII-7 „развлекувачка ограда“ – ограда направена од лесни материјали обоени


наизменично со бела и црвена боја.

VII-8 „сигнална табла“ – табла за обележување на работа на патот

Покрај наведената опрема, се користат и следниве:


 трепкачки светла;
 ленти за поништување на важноста на сообраќајните знаци;

 апликативни ленти за обележување на привремени ознаки на патот;

 знамиња за рачно регулирање на сообраќајот – во црвена и зелена боја, со


големина најмалку 40 × 40 см.

Физичкото обезбедување на непосредниот простор на локацијата може да се изврши со


континуирана надолжна бариера од типот Њу Џерси. Тие се карактеризираат со висока
јачина и стабилност од една страна и зафаќаат малку простор во профилот на патот од
друга страна. Бариерите Њу Џерси можат да бидат направени и од бетон и од пластика,
и да се полнат со песок или вода. Пластичните бариери се произведуваат во
комбинација на бела и црвена боја, додека бетонските бариери можат да бидат обоени
за да бидат позабележителни.

Техничкото регулирање на сообраќајот во работната зона се врши според утврдениот


режим на сообраќај, дефиниран со сообраќајниот проект, одобрен од органот надлежен
за сообраќајни работи.

Регулирање на сообраќајот од страна на обучен работник

Рачното регулирање на приоритетите и правото на поминување при наизменично


пропуштање на сообраќајот се применува во случаи кога работата се поместуваат низ
патот, а постои добра видливост помеѓу двата краја на работното место или
работниците кои рачно го регулираат сообраќајот се поврзани преку радио.
Регулирање на сообраќајот може да се направи со помош на знамиња.
РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ЗОНА НА РАБОТА НА ПАТОТ

Основни принципи, стандарди и типски решенија

ВОВЕД

Работата на патиштата може да се дефинира како организирана активност којашто се


врши на патната мрежа. Работата на патиштата може физички да зафаќа дел од
сообраќајната површина (пат, улица или тротоар), може да бара соодветен пристап од
патот или улицата до непосредната зона на работа, простор за движење на
работниците, складирање на материјалите и опремата, паркирање на работните возила,
заштитни зони кои физички и психолошки ќе влијаат на безбедноста на одвивањето на
работата и на сообраќајот. По правило, ваквите барања резултираат со:

 физичко и психолошко стеснување на профилот на патот (улицата);


 потребно преуредување, односно кршење на траекторијата на движење, среде
променетата организација на профилот на патот во зоната на работа;

 намалување на нивоата на услуги (метеж, намалување на брзините, стеснување


на патот);

 извалкување на патот со материјали;

 бучава, работно осветлување на градилиштето или други нарушувања и


визуелни извори на деконцентрација на возачот за време на возење во работната
зона итн.
За корисниците кои не се запознаени со мрежата, зоната на работа може да биде
потенцијално место за несреќи.

Работната зона е дел од патот по кој е утврден посебен режим на сообраќај при
извршување на работите на патот. Работната зона започнува од првиот сообраќаен знак
за привремена сообраќајна сигнализација на патот во зоната за предупредување и
завршува со последниот сообраќаен знак за привремена сообраќајна сигнализација на
крајот од крајната зона.

Трите главни цели за уредување на зоната на работа на патот се:

 минимизирање на ризиците во сообраќајниот процес;


 минимизирање на дополнителните трошоци за учесниците во
сообраќајот (време на патување, итн.);

 обезбедување на изведувачите безбедна и удобна работна околина.

Остварувањето на овие цели се постигнува со квалитетно регулирање на сообраќајот


пред, во и по зоната на работа на патот, односно квалитетно обележување на работните
места и привремените пречки. За секој вид работа на пат, потребно е да се има
квалитетен проект.

По должината на секоја сообраќајна лента погодена од работа на патот, можно е да се


идентификуваат следниве области – подзони:

ЗОНА ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Прва најава за скоро наидување на работа на


патот и промена на режимот на сообраќај;

ЗОНА ЗА ПРОМЕНИ – Област што претходи на реалната работа на патот, каде


што има физички промени на патот, каде од редовниот режим на сообраќај се
преминува кон посебен режим што е диктиран од барањата на работата на
патот;

ЗОНА ЗА РАБОТА НА ПАТОТ – Областа што е паралелна со реалната работа


на патот, сообраќајот е одделен од реалната зона на работа со разни пречки, кои
обезбедуваат безбедност на границите помеѓу сообраќајот и работниците.
ЗОНА ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ЗОНАТА НА РАБОТА (зона на премин кон
редовен режим на сообраќај) – Областа што следи по реалната работа на патот,
каде сообраќајот се пренасочува назад кон својата првобитна патека
(сообраќајни ленти).

Означување на зоната на работа на патот

Обележувањето на зоната на работи на патот се врши со помош на вертикална,


хоризонтална и светлосна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајни знаци: форма и димензии

Според Правилникот за сообраќајни знаци на патиштата, поставени се стандарди во


однос на вертикалната и хоризонталната сигнализација.

Според Правилникот, употребата на жолтата боја на основата на сообраќајните знаци е


резервирана само за знаци за специјална намена, како што е привремена сигнализација
при изведување работа на патот. Правењето разлика помеѓу постојаната и
привремената сообраќајна сигнализација го подобрува ефектот на знаците за
специјална намена, а од друга страна, белата боја има најсилна рефлексија на светлина,
што не е незначителна во однос на видливоста. Жолтата боја на основата на
сообраќајниот знак им дава на корисниците дополнителни информации дека наидуваат
на промени во режимот на сообраќај. Доколку на местото каде што е потребно да се
постави привремен сообраќаен знак, стои истиот траен сообраќаен знак, трајниот
сообраќаен знак ќе се задржи, односно нема да се изврши промена, и тоа е
единствениот случај кога за сигнализација на работа на патот се користи сообраќаен
знак чија основа е бела боја.

Европската директива EN 1436 од 2000 година препорачува сите земји да користат


бела боја со одредени карактеристики за да означат трајна сигнализација, а жолта или
портокалова боја само за привремена хоризонтална сигнализација. Сите досегашни
истражувања за ретрорефлексија на жолта и бела боја во хоризонтална сигнализација
укажуваат на тоа дека белата боја дава подобри резултати.

Табела со димензии на сообраќајните знаци

Место на Форма
поставување Рамностран Круг или Квадрат или
триаголник осмоаголник правоаголник
(основа) (дијаметар) (страница)
Автопат или пат 120 90 90x90
резервиран за 90x135
моторен сообраќај
Регионални 90 60 60x60
патишта и главни 60x90
градски патишта
Други патишта 60 40 40x40
40x60

Покрај сообраќајниот знак, се користат и дополнителни табли кои даваат поцелосно


значење на знакот. Големината на дополнителните табли зависи од големината на
знакот до кој се поставени. Ширината на дополнителната табла секогаш мора да биде
еднаква на ширината на основата или дијаметарот на знакот, а висината не смее да
надминува 1/2 од ширината.

Позиција на сообраќаен знак

Поставувањето на сообраќајните знаци, ознаки и опрема се врши врз основа на план за


одвивање на сообраќајот и сообраќајната сигнализација како и на опремата за
обезбедување на работата на патот. Планот за одвивање на сообраќајот и сообраќајната
сигнализација го обезбедува изведувачот на работата, одобрен од страна на надлежен
орган. Планот за одвивање на сообраќајот се заснова на следниве фактори:

 важноста на сообраќајот и видот на патот на кој се појавуваат пречки за


нормално одвивање на сообраќајот;
 патни мрежи во областа на затворање и околината,

 важноста на сообраќајот на околните патишта;

 евентуални други околности релевантни за непречено одвивање;

 пренасочен сообраќај.
Сообраќајните знаци се поставуваат на десната страна од патот, освен на патиштата
надвор од населените места каде што брзината е ограничена на 100 км на час и над 100
км на час, каде сообраќајот е густ и на патиштата или улиците каде има најмалку две
сообраќајни ленти наменети за сообраќај на возила во иста насока, знаци на опасност и
знаци на посебни наредби се поставени од двете страни на патот. Максималното
растојание на столбот на знакот од работ на патот е 2 м. Сообраќајните знаци во
населените места, кои се поставени покрај патот, се поставуваат на висина од 0,30 до
2,20 м, а сообраќајните знаци што висат или се поставуваат над патот на висина од 4,5
м. Сообраќајните знаци на патиштата надвор од населбата се поставуваат на висина од
1,2 до 1,4 м. Сообраќајните знаци се поставуваат на цврста подлога. Ако работите на
работното место се прекинуваат привремено (во недела, за празници, итн.), и ако за тоа
време не се потребни ограничувања во сообраќајот, знаците коишто се однесуваат на
таквите ограничувања мора да се отстранат или да бидат покриени со непровидна
прекривка.

Минималното
растојание на работ на
сообраќајниот знак од
работ на патот
0.50 Ако има заштитна ограда, ивичник или запрежна лента
покрај патот
0.75 Ако нема заштитна ограда, ивичник или запрежна лента
покрај патот
0.30 Во населено место кога, поради недостаток на простор, не е
можно да се постави знакот на поголемо растојание

Знаци за известување

Знаците за известување се поставуваат на приодите до местата каде што се изведува


работа на патот или се појавуваат привремени пречки и на места каде што престанува
работата на патот (знаци кои содржат престанок на забраните и ограничувањата).

Се користат посебни знаци за известување за да се информираат учесниците во


сообраќајот дека поради изведување на работи на пат или поради појава на привремени
пречки, има потреба од вртење, преуредување или наизменично промашување на
сообраќајот. Посебните знаци за известување се:
 патоказ за заобиколување,
 предзнак за заобиколување,

 предзнак за свртување,

 предзнак за затворање сообраќајна лента,

 предзнак за рачно регулирање на сообраќајот,

 дополнителна табла за заобиколување,

 дополнителна табла за завршување на заобиколувањето.

Покрај наведените соодветни знаци, може да се користат и други знаци:

 табла за насочување на сообраќајот,


 табла за прераспределба на ленти и сл.

Истите прописи се користат и за поставување знаци, како и за другите сообраќајни


знаци. Бидејќи овие знаци се привремени, бојата на знакот е жолта, а рамката и
стрелките се црни. Знаците мора да бидат изработени од рефлектирачки материјал или
осветлени. Знаците може да се повторуваат до три пати. Димензиите на стрелките се
одредуваат според висината на напишаното:

h=175 за автопати

h=105 за други патишта

Светлосна сигнализација (семафори)

Регулирањето на сообраќајот во зоната на работа на патот може да се прави и со


светлосна сигнализација (семафори). Светлосната сигнализација за наизменично
пропуштање на сообраќајот за време на работа на патот се користи во следниве случаи:

 кога стеснетиот дел од патот долж градилиштето не дозволува воведување


двонасочен сообраќај поради недоволна ширина на патот или недоволна
пропусност (капацитет);
 кога нема услови за наизменично поминување на сообраќајот со помош на
сообраќајни знаци или рачно со знаме;

 кога потребите на моќта на пропусност (капацитет) се исполнети со


наизменично поминување на сообраќајот со помош на светлосни сообраќајни
знаци (семафори);

 кога работите се изведуваат подолг временски период и кога работното место е


релативно долго;

 кога се случуваат сообраќајни оптоварувања со повеќе од 150 воз./час во текот


на кои било шест часа од еден просечен ден во годината;

 кога должината на прегледност е помала од должината на работното место.

Светлосните сообраќајни знаци (семафорите) се поставуваат на десната страна од


сообраќајната лента, од двете страни на стеснетиот дел од патот, на растојание од
околу 10 м од почетокот на стеснувањето. Светлосните сообраќајни знаци се поврзани
со кабли или безжично на заеднички управувачки уред. Управувањето со светлосните
сообраќајни знаци може да се прави автоматски или мануелно (рачно) со помош на
управувачки уреди. Автоматското управување на работата на светлосните сообраќајни
знаци се изведува според програмата и врз основа на пресметан капацитет на
пропусност. Со цел да се воведе наизменично пропуштање на возилата со помош на
светлосните сообраќајни знаци (семафори), капацитетот на пропуштање мора да биде
поголем или еднаков на сообраќајното оптоварување во текот на сите часови на
работниот ден за време на извршување на работите. Капацитетот на пропуштање се
пресметува на следниов начин:

Ks = 300 (W-1) fn (1- m t) воз/час

Каде:

W (m) – просечна ширина на сообраќајната лента предвидена за набљудуваната насока


на движење

fn – фактор на влијание на бројот на сообраќајни ленти во набљудуваната насока на


движење
1 2 3 4
fn 1,4 1,8 2,4 2,8

t (h) – време на патување на делот долж стеснетиот дел од патот во една насока со
дозволена брзина од 40 км/ч што изнесува:

L (m) – должина на стеснетиот дел од патот

m – бројот на промени во сообраќајните насоки на стеснетиот дел од патот во текот на


еден час

C (s) – времетраење на сигнален циклус

Заштитното време (tzv) претставува време од моментот на гаснење на жолтиот сигнал


на фазата што го губи правото на минување до моментот на вклучување на зелениот
сигнал на фазата што го добива правото на минување. За тоа време, возилата од
правецот што го губат правото на минување можат да го напуштат стеснетиот дел од
патот и да дозволат возилата од спротивната насока да започнат да се движат.

L (m) – должина на делница со стеснет дел од патот

V (m/s) - брзина на движење возилото (V = 11,1 m/s)

Q1 и Q2 (воз./час) – сообраќајно оптоварување на двата пристапа


S (ПА-единици/час) - големината на заситениот проток на пристапот до работилиштето

S = 525 ⋅ b

S (воз./час) – големината на заситениот проток на пристапот до работилиштето

Вредност на Учество на камиони и


факторот FTA автобуси во протокот на
сообраќај (ТA)
0,71 20%
0,65 30%

b (m) – просечна ширина на преминот на местото каде што возилата застануваат пред
светлосниот сообраќаен знак (семафор)

fTA – факторот на влијание на камионите и автобусите, врз основа на нивното учество


во сообраќајот

ftr – фактор на влијание на бројот на ленти

fbs – фактор на влијание на странични нарушувања

Светлосни сообраќајни знаци за обележување работа на патот

За подобро и појасно обележување на работата на патот, се користат светлосни


сообраќајни знаци, кои се даваат со:

 постојано портокалово светло, и


 трепкачко портокалово светло.

Постојаното портокалово светло се применува:

 во населени места, кога работилиштето е осветлено со јавно осветлување, за


обележување на предната и задната страна на работилиштето и на привремени
пречки, како и за надолжно обележување на страничната страна на
работилиштето, кога тоа е во денивелација;
 надвор од населени места и во населени места кога работилиштето не е
осветлено, за обележување на почетната страна на работилиштето и на
привремени пречки, како и за надолжно обележување на страничната страна на
работтилиштето со денивелација во однос на рамен пат на патиштата со
дозволена брзина помала од 80 км/ч.

Трепкачкото портокалово светло се применува:

 во населени места, кога работилиштето е осветлено со јавно осветлување, за


обележување на предната страна на работилиштето во случаи кога се
применуваат мерки за наизменични пропуштање на сообраќајот и на места каде
сообраќајот, поради делумно или целосно затворање на патот, се пренасочува;
 надвор од населени места и во населени места кога работилиштето не е
осветлено, за обележување на почетната страна на работилиштето и на
привремени пречки во случаи на стеснување на делумно затворање и целосно
затворање на патот, а заради канализирање, односно насочување на сообраќајот
кон забоколување;

 на патишта со дозволена брзина поголема од 80 км/ч, за надолжно обележување


на страната на работилиштето кога денивелацијата се јавува на работ на
стеснетиот дел од патот во однос на рамниот пат, или има тешки машини и
друга опрема и материјали во областа на работното место или привремени
пречки, кои можат да бидат физичка пречка и да ја загрозат безбедноста во
сообраќајот во случај на навлегување на возилото на работилиштето;

 за предно и странично обележување на работилиштето во средината на патот со


две или повеќе сообраќајни ленти, кога сообраќајот се одвива од двете страни
на работилиштето во една или во двете насоки;

 како независни светлосни знаци за дополнително означување на одредени


сообраќајни знаци за опасност и наредби во областа на работилиштето (со знаци
I-19, II-30 итн.).
Трепкачките портокалови светла што се користат за канализирање и насочување на
сообраќајот мора да трепкаат во насока на возилата што доаѓаат. Ако не е можно да се
обезбеди електрична врска од мрежата на работилиштето, наместо светлосни ознаки со
постојано светло, треба да се користат светлосни ознаки со трепкачко светло, при што
светлата треба да трепкаат истовремено.

Светлосните ознаки што се користат на места каде што се изведува работа на патот или
каде што се појавуваат привремени пречки се патокази со рефлексивно стакло или
рефлектирачки материјали и рефлектирачки ленти. Еден од начините да се примени
трепкачко светло е да се користи како опрема за претходно предупредување или како
замена за попречно затворање или подвижни приколки.

Ознаки на патот

Привремена хоризонтална сигнализација

Привремената хоризонтална сигнализација се поставува на приодот на патот и долж


работата на патот. Овие ознаки се разликуваат од постојаната хоризонтална
сигнализација, па по завршувањето на работата тие мора да се отстранат за да не се
збунат возачите.

Привремената хоризонтална сигнализација може да се постави на два начина:

 со премачкување со рефлектирачка боја во случаи кога работите се очекува да


траат и кога за отстранување на привремени ознаки на патот не е потребно
многу време и средства;
 со лепење рефлектирачки пластични ленти или со поставување на специјални
ознаки на патот, кои по завршувањето на работата се одлепуваат или се вадат од
патот.

Видот на материјалот од кој е направена привремената сигнализација, како и вредноста


на ретрорефлексија според препораките се дадени во следната табелата:

Елементи на Материјал Препорачана


мрежата вредност на
ретрорефлексија
mcd/lx/m2
Зона на работа на Меѓуправци Апликативни 300 до 1000
патот материјали
Раскрсници Апликативни 300 до 1000
материјали

Примената на апликативните материјали може да се изврши на два начина:

 со лепење на специјално лепило засновано на цемент на постојниот асфалт или


бетон, и
 по завршувањето на валањето на топол асфалт во завршниот слој, кога
поставените елементи на апликативниот материјал се притискаат со посебен
валјак.

Маркери

Маркерите се специјално обликувани призми, плочи, валјаци, итн. на кои се вградени


ретрорефлектори, а исто така постојат и во верзија со специјално внатрешно светло со
соларен погон итн. Освен според материјалот, тие обично се групираат и по формата.

 призматични маркери,
 маркери во облик на валјак, и

 маркери со клапна и сл.

Исто така постои и плочест маркер со ножица којашто се втиснува во свежо


поставениот асфалт што овозможува висока издржливост на маркерот.

Плочест маркер може да се стави на асфалтот и со лепење. Маркерите, освен со


лепење, може да се постави во површинскиот слој на асфалтот и со термички постапки,
со користење посебни алатки.

Маркерите исто така може да се групираат според видот на елементите што


рефлектираат светлина. Така, имаме:

 маркери со празматични ретрорефлектори,


 маркери со сферични ретрорефлектори,

 маркери со комбинирани и специјални ретрорефлектори и др.


Во последните неколку години, еден вид еластични гумени маркери (опремени со
ретрорефлективна фолија) може да се користат со апликативниот материјал во форма
на ленти, специјално подготвени за обележување на работа на патот.

На местата каде што има работа на патот, маркерите се поставуваат во комбинација со


апликативниот материјал во форма на ленти како привремени ознаки.

Обезбедување на зоната на работа на патот

Заштитната опрема служи првенствено за да спречи возила или пешаци да влезат во


работната зона, а истовремено ја извршува функцијата за дефинирање и физичко
одвојување на работната зона. Следната опрема се користи за обезбедување на зоната
на работи на патот:

 браници,
 пречки,

 куп (конус),

 ленти,

 знамиња и

 работни возила.

Целокупната опрема за обезбедување на работните места и привремените пречки на


површините свртени кон насоката на сообраќајот, е обоена со наизменични бели и
црвени полиња со рефлектирачки својства. Таблите на браниците и препреките, како и
на работните возила во однос на формата, димензиите, калориметриските и
фотометриските својства мора да бидат во согласност со релевантните стандарди.

Браници

Браниците се користат за оградување на работното место од предната и задната страна.


Се користат два вида браника:
 челни (предни)
 насочувачки.

Предните браници се поставуваат на места каде што се случуваат стеснувања на


патиштата или на места каде сообраќајот наизменично се пропушта. Местото на
поставување на браникот зависи од ширината на хоризонталната табла. На
хоризонталните табли, има наизменични полиња во бела и црвена боја, поставени под
агол од 45º и свртени кон долниот врв на патната оска. Ноќе, како и преку ден во
случај на намалена видливост, трепкачки портокалов круг мора да се постави над
браникот.

Ширина на хоризонтална Место на поставување


табла – А
А=0.25 м На патиштата каде што брзината е ограничена на 60 км/ч
или помалку
А=0.50 м На патиштата каде што се дозволени брзини поголеми од
60 км/ч
По исклучок, може да се постават предни браници со
поголеми димензии, односно првите поголеми категории
наместо утврдените големини

Во исклучителни случаи, предните браници може да се користат за обележување на


бочната страна на работилиштето во комбинација со рефлектирачки ленти за да се
оддели страницата од областа на сообраќајот.

Насочувачките браници се поставуваат на предната или на задната страна од


работилиштето на места на делумно или целосно затворање на патот со пренасочување
на сообраќајот. Местото на поставување на браникот зависи од ширината на
хоризонталната табла. На хоризонталните табли, има наизменични полиња во бела и
црвена боја, поставени под агол од 45º и свртени кон долниот врв на патната оска.

Ширина на хоризонтална Место на поставување


табла – А
А=0.50 м На патиштата каде што брзината е ограничена на 100 км/ч
или помалку
А=0.75 м На патиштата каде што се дозволени брзини поголеми од
100 км/ч
По исклучок, може да се постават предни браници со
поголеми димензии, односно првите поголеми категории
наместо утврдените големини
Пречки

Пречките што се користат за оградување на страната или предниот дел од


работилиштето или привремените пречки се поделени во два вида:

 хоризонтални пречки,
 со две хоризонтални табли

 со една хоризонтална табла

 вертикални пречки.

Хоризонталните пречки се поставуваат долж работилиштето од страната по која се


одвива сообраќајот, на места каде што има стеснувања или делумно затворање на патот
и каде се појавуваат отстапувања во однос на рамнината на патот или се наоѓаат тешки
машини и опрема или депонии на материјали што може да ја загрозат безбедноста во
сообраќајот.

Вертикалните пречки се користат за насочување на сообраќајот. Се поставуваат на


предната страна на работилиштето на места каде сообраќајот се пренасочува, и тоа:

 по целата должина по работ на триаголни бескорисни површини како


алтернатива за насочување на браници, и во услови кога, поради малиот агол на
вртење, вертикалната пречка е посоодветна;
 во просторот помеѓу насочувачките браници кога се користи во комбинација со
истите.

Вертикалните пречки може да бидат поставени независно или поврзани во линеарна


форма. Тие се најефективни и најфункционални во конфигурацијата на линијата, кога
служат за сигурно управување со сообраќајот, со физичко формирање сообраќајни
ленти. Тие објективно не претставуваат „тврда“ пречка за возилата, бидејќи тие се
флексибилно заземјувани во нивната основа така што се виткаат и „се тргаат“ кога се
во контакт со возилото, а пластичните и гумените материјали од кои се направени
горните структурни елементи спречуваат оштетување на возилото.
Вертикалните пречки се поставуваат на соодветен агол на такво растојание едни од
други што нивните површини го затвораат видното поле на возачот по должината на
работ по кој се поставени и може да бидат на максимално растојание од 25 м едни од
други. Поставувањето на вертикалните пречки зависи од димензиите на вертикалната
табла.

Димензија на Вкупна висина (м) Место на поставување


вертикална табла
(м)
0.25х1.00 1.30 На патиштата каде што брзината е
ограничена на 80 км/ч или помалку
0.30х1.20 1.50 На патиштата каде што се дозволени брзини
поголеми од 80 км/ч
По исклучок, може да се постават предни
браници со поголеми димензии, односно
првите поголеми категории наместо
утврдените големини

Куп (конус)

Според важечките правилници, куповите се изработени од гума или пластика со држач.


Внатрешноста на купот е шуплива, а однадвор е обоен со наизменични хоризонтални
полиња од бела и црвена боја, при што белата боја е лесно рефлектирачка. Куповите
треба да бидат стабилни во време на ветер.

Работни возила

Работните возила се патни возила и самоодни работни машини наменети за одржување


на патишта, опрема за патишта и инсталација. Обележувањето на работното возило
може да се изврши на следниве начини:

 обоени браници и задниот дел на возилото со наизменични коси полиња со


рефлектирачка бела и црвена боја, симетрични со оската на возилото,
 ротирачки портокалови светла што се поставени на покривот на возилото,
 рефлектирачки табли на задниот дел од возилото, доколку не се исполнети
условите под првата точка, т.е. сите вертикални површини на предната и
задната страна на возилото да се обоени со наизменични полиња во бела и
црвена боја,

 сообраќајни знаци на задниот дел од возилото.

Сообраќајни знаци што се поставуваат на работното возило се:

 работа на патот (I-19);


 забрана за претекнување (II-28);

 задолжително заобиколување десно (II-45) i

 задолжително заобиколување од левата страна (II-45.1).

 правоаголни табли со натписи.

Кога се вршат краткорочни работи од мобилен карактер на патишта каде што


дозволената брзина е 100 км/ч и повеќе, на задниот дел од работното возило се
поставува сигнална табла.

Њу Џерси пречки

Физичкото обезбедување на непосредниот простор на локацијата може да се изврши со


континуирана надолжна пречка од типот Њу Џерси. Тие се карактеризираат со висока
јачина и стабилност од една страна и зафаќаат малку простор во профилот на патот од
друга страна.

Пречките Њу Џерси можат да бидат направени и од бетон и од пластика, и да се полнат


со песок или вода. Пластичните пречки се произведуваат во комбинација на бела и
црвена боја, додека бетонските можат да бидат обоени за да бидат позабележителни.

Регулирање на сообраќајот со работна сила


Рачното регулирање на приоритетите и правото на поминување при наизменично
пропуштање на сообраќајот се применува во случаи кога работата се поместуваат низ
патот, а постои добра видливост помеѓу двата краја на работното место или
работниците кои рачно го регулираат сообраќајот се поврзани преку радио.
Регулирање на сообраќајот може да се направи со помош на знамиња или плочи.
Знамето треба да биде со димензии најмалку 60x60 см во црвена или зелена боја,
прикачено на рачка долга околу 1 м. Плочата има кружна форма со дијаметар од
најмалку 60 см, изработена од цврст материјал од едната страна црвена, а од другата
зелена.

You might also like