You are on page 1of 74

Факултет за безбедносно инжинерство

Меѓународен Славјански Универзитет 
Гаврило Романович Державин
во Свети Николе и Битола

Д‐р Сузана Зиковска 
zikovska@yahoo.com
Содржина
1. Вовед 
2. Поим и видови на внатрешен транспорт
3. Товари кои се транспортираат
4. Патишта за внатрешен транспорт
5. Проектирање на внатрешен транспорт
6. Организација и економија на внатрешен транспорт 
7. Транспортни системи и управување со транспорт
8. Карактеристични средства на внатрешниот 
транспорт
9.  Мостни дигалки
10. Стабилност на товарот
11. Елементи кои ги опслужуваат дигалките и 
крановите
12. Средства за закачување на товарот
13. Уреди за застанување и кочење
14. Индустриски моторни возила
15. Рачно ракување со материјалот 
16. Класификација на амбалажата 
17. Релевантни области за безбедност при 
складирање на материјали
4. Патишта за внатрешен транспорт
Патиштата за внатрешен транспорт во производството
зависат од:
‐ видот и типот на производството (поединечно, сериско
или масовно).
Mожат да бидат:
 главни и споредни,
 потоа површински, подземни и надземни транспортни
патишта.
 транспортните патишта се делат на оние кои се
наоѓаат на отворено и оние кои се наоѓаат во
затворен простор.
Сите наведени транспортни патишта, првенствено се
наменети за движење на работните елементи во
производниот процес, работници и сл.
1. Главните транспортни патишта се наоѓаат по
должина на производната зграда, од магацините за
суровина и материјали до магацините за готови
производи (се голема должина и ширина).
2. Споредните транспортни патишта се наоѓаат
попречно во однос на главните и ги сечат или
преминуваат преку нив со помош на надвозници. Можат
да бидат и паралелни на главните, транспортот на нив е
со помал интензитет, се пократки и потесни.
3. Површинските транспортни патишта се наоѓаат
внатре во производната површина, поставени се така да
површината ја делат на технички површини,
разграничувајќи ги работилниците и погоните.
Од безбедносна гледна точка површинските 
транспортни патишта се обележуваат а некаде се 
поставуваат и сообраќајни знаци, 
Подот на патеката‐
‐ треба да е отпорен на оптоварувања како што се
притисок и удар,
‐ потоа да нема лизгањето, но да нема и големо абење.
‐ да биде еластичен заради смалување на бучавата.
‐ треба да биде отпорен и на хемикалии.
4.1. Транспортни ленти
Посебен вид на површински внатрешен транспорт се 
транспортните линии.
Се наоѓаат: 
‐ Во затворен простор  и 
‐ надвор во фабричкиот круг како транспортна врска меѓу 
отворениот и затворениот простор. 
Во зависност од потребата:
 само транспорт, линијата претставува насочен транспортен 
пат чија ширина е еднаква на ширината на транспортерот на 
која се додава 2x1,5 [m] патека за поминување на работници. 
 Технолошка линија, (од едната страна се наоѓаат работни 
места,) ‐ширина на транспортната линија се зема ширината на 
просторот на работното место на која се додава ширината на 
транспортерот или конвеерот. 
 Технолошка линија работните места се наоѓаат од
двете страни на транспортната линија, во тој случај за
ширина на транспортниот пат се зема двојна ширина од
просторот на работните места, на која се додава
ширината на транспортерот или конвеерот.
Ширина на транспортерот подразбира ширина на
рамки со носачи прицврстени на површината на подот.
 Видови :
1. Гравитациониот валчест транспортер има транспортна 
линија со наклон до 5° ако е кос или спирален. 
Kос ‐ лентите се поставуваат внатре во погонот, 
Спирален ‐ се поставуваат помеѓу катовите. 
Должината ‐ по потреба (составен од одделни делови со 
должина околу 2.5 [т].
Валчестиот транспортер има:
‐ транспортна линија хоризонтална или коса до 12°, и  
монтажните завртувања од 90° до 18о°. 
‐ должината најчесто е до 50 [т], а овој транспортер 
исто така е составен од одделни делови (сегменти) со 
должина околу 2.5 [т].
‐ се со два или три крака и кружни завртувачи, со мост 
за поминување преку транспортниот пат и слично.
2. Лентестиот транспортер има транспортна 
линија хоризонтална или под наклон најмногу до 
350.
‐ Должината е до 500 [т), а може и повеќе.
‐ Составен е од одделни делови со должина околу 
2.5 [т].
Сл.4.3. Транспортер со лента и пресек на лентата
3. Плочестиот транспортер има транспортна линија 
хоризонтална или коса најмногу до 35°. 
Овој транспортер често служи како конвеер со 
затворен транспортен пат кој има кривини и 
завртувања од 90° до 180°.
Oбичен плочест  транспортер,‐ транспортната 
должина е помала и изнесува до 100 [т],
конвеер, ‐ должината на транспортниот пат може да 
достигне до 3000 [т].
4.  Завојниот транспортер има транспортна линија 
хоризонтална или наклонета до 240.
‐ Должината на овој транспортер најчесто е до 20 [т].
5. Гравитационен транспортер користи гравитациониот
канал. 
‐ Транспортна линија под наклон до 30°, а најмногу до 650. 
‐ Гравитационите цевки имаат транспортна линија под
наклон до 6о°, а најмногу до 8о°. Транспортниот пат на
овој транспортер може да биде прав или крив.
6. Лопатестиот транспортер има транспортна линија 
која може да биде хоризонтална или коса до 450, и во вид 
на правоаголен. триаголен, трапезен или полукружен 
облик на олук. 
Должината ‐ најчесто е до 6о[т].
 Транспортерот со гребла може да биде 
хоризонтална, вертикална или коса со наклон до 20°. 
 Се наоѓа во оклоп со квадратен или правоаголен облик, 
а должината на транспортниот пат најчесто е до 200 [т].
 Инерцијалните вибрациони и тресечки 
транспортери имаат транспортна линија која е 
хоризонтална или коса со наклон најмногу до 40. 
 Должината на транспортниот пат на вибрационите и 
тресечките транспортери е најчесто до 50 /т/, а пајмногу 
100 [т].
 Полжавестите транспортери имаат транспортна линија 
која може да биде хоризонтална, коса (со паклон до 20°) , а 
ретко и вертикална, 
Се наоѓаат во цевка или полукружен, односно кружен 
жлеб. 
Должината на транспортниот пат на хоризонталните и на 
косите полжни транспортери е до 6о [т), вертикалните до 
30 [т].
Надземните транспортни патишта се
 Надземните транспортни патишта се наоѓаат вон 
производните површини. 
‐ овозможуваат непречено вкрстување помеѓу 
надземните патишта и површинските патишта, како и 
помеѓу самите надземни патишта. 
‐ Надземните транспортни патишта овозможуваат 
поголемо искористување на производните површини и 
просторот по висина. 
‐ Според видот на транспортното средство и големината 
на товарот се усвојува видот и капацитетот на 
надземните транспортни патишта.
 Жичната транспортна линија најчесто се наоѓа на
отворен простор (жични транспортери со вагонетки) 
додека жичните транспортери со кука се користат и 
во затворен и на отворен простор. 
‐ Кај жични транспортери со вагонетки должината на
транспортниот пат изнесува до 12 [кт],
‐ кај жичните транспортери со кука до 2 [кт].
‐ на почетокот и на крајот на транспортните линии се
наоѓаат товарни и истоварни станици.
Шинските транспортни линии   ‐ конвеери кои можат 
да пре несуваат растресит товар со кофички или со 
држачи ако товарот е во парчиња.
4.2 КОНВЕЕРИ 
 Кај овие транспортери шината е транспортно средство. 
‐ Таа е направена најчесто од нормален I профил со 
стандардни димензии, потпрена на конзоли на покривната 
конетрукција или столбовите.
‐ Положба: права –крива, хоризонтална и вертикална
‐ Шината треба да биде најмалку 2,3 [т] над подот за да 
биде овозможено непречено движење на работниците.
‐ Радиусите на кривините на конвеерите: 
‐ до 90° и max 180° со должина  до 5000[m] – за 
транспортери за парчест товар.
‐ до 90 со должина  до 300[m] – за транспортери за 
растресит товар.
Транспортни линии во виид на :
 Шински  транспортни  линии – лифтови (за товар и луѓе),
 Транспортните линии во вид на оклоп се јавуваат кај 
елеваторите за растресит товар и доколку се со ведра и 
синџири висината на транспортниот пат е до 50 [т] и 
висина до 10 о [т] кога се со трака. 
 Транспортните линии во вид на цевки се јавуваат кај 
воздушните транспортери  (транспортниот пат може да 
биде под било каков наклон или вертикален, се наоѓа над 
производната површина). 
Цевководот на всисните воздушни транспортери има 
наклон до 90°, цевките имаат пречник до ф 250 [тт],
должината на транспортниот пат е до 500 [т].
4.3 Надземни транспортни површини 
Надземни транспортни површини се друг вид надземни 
патишта на внатрешниот транспорт. 
Во овие транспортни патишта спаѓа користењето 
пренесувачи и дигалки како транспортни средства со тоа 
што тие се движат над производните површини
Пренесувачите се движат по шински транспортен пат во 
разни правци и насоки. Тие се користат кај ниски фабрички 
згради со висина до 7 [т], а висината на транспортниот пат 
на пренесувачите е до 5 [т].
Транспортниот пат го чинат една или две шини врзани за 
ѕидовите на зградата или покривната конструкција, така 
што нивниот пат може да се демонтира и реконструира. 
 Дигалките се движат по шински транспортен пат
или се наоѓаат на едно место и имаат можност за
завртување. 
Се користат кај повисоките фабрички хали со висина
над 7 [т], а самите најчесто се наоѓаат на висина од
околу 10 [т]. 
Нивниот транспортен пат не може лесно да се
демонтира и реконструира.
 Вртливите столбни дигалки со стрела, Дерик ‐
дигалките, имаат висина на дигање до 40 [т] со завртување 
од 120° до 360°, и радиус на дофат на товарот до 40 [т].

 Столбните дигалки имаат постојано место или се


движат на колички по шини. Нивната висина на дигање е 
до 100 [т]. можноста за завртување 360° и радиус на дофат
на товарот до 70 [т].

4,4 Мостовска дигалка
 Мостовските дигалки се движат по шини кои се наоѓаат на столбовите на 
зградите или на посебни потпирачки столбови.

Три степени на слобода (движења на товарот): 
 по висина ;
 попречно ‐ со движење на количката која се наоѓа на мостот 
 надолжно ‐ со движење на мостот. 
Висината на дигање и распонот на дигалката е до 50 [т]. 
Шините се стандардизирани. 
 Полурамните дигалки се движат по шини од кои едната е 
на производната површина, а другата е на ѕидот од халата. 
‐ Имаат надолжно движење на полурамката и попречно 
движење на количката на полурамката. 
‐ Висината на дигање на товарот е до 20 [т], а распонот до 
50 [т].
Дигалката во облик на рам се движи по две шини кои се 
наоѓаат на тлото. 
 Надолжното движење на рамот обезбедува движење на 
товарот по надолжен правец, а во попречен правец тоа го 
обезбедува движењето на количката на рамот.
 Висината на дигање на товарот е до 20 [т]. а распон на 
дигалката до 30 [т].
 Кабловските дигалки на столбови. 
 Сите столбови на овие дигалки можат да бидат неподвижни 
или подвижни по шини, еден столб може да биде 
неподвижен, а вториот да се движи по шина со лачен облик.
 Распонот на транспортот до 1000 [т].
5. ПРОЕКТИРАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ТРАНСПОРТ

Проектирањето на внатрешниот транспорт претставува:
 утврдување на оптималните организациски фази на
внатрешниот транспорт во производниот процес,
 избор на средства и опрема за внатрешен транспорт

(видови и капацитети и пресметка на бројот на потребни


транспортни работници).
 утврдување на брзината и моќта на средствата за

внатрешниот транспорт и рационална експлоатација.


Првиот чекор во проектирањето на внатрешниот
транспорт e утврдување на фазите на внатрешниот
транспорт (од влезот на суровините до излезот на готовите
производи).
Кај поединечното и мало сериско производство
Прва фаза на внатрешниот транспорт е
истоварање на товарот од средствата на надворешниот
транспорт, претовар на товарот во средствата на
внатрешниот транспорт, негов пренос до местата за
контрола на количината и квалитетот, извршување на
наведените контроли, пренесување на товарот од овие
места до складиштата и нивно складирање.
Втора фаза на внатрешниот транспорт, кај овие 
типови на производство е пренос на товарот од приемните 
складишта до издавачките работи кои се во состав на 
производниот процес. 
Во случај на големо сериско и масовно производство 
Првата фаза на внатрешниот транспорт 
пренесуваат товари од приемните складишта до групното 
складиште  за напојните места во состав на 
производниот процес. 
Втората фаза на внатрешниот транспорт, кај овие 
типови на производство содржи пренос на товарот од 
групните  складишта  до напојните складишта на 
производниот процес.
При современото проектирање на внатрешниот 
транспорт за двете наведени фази треба да се користаат 
палети или контејнери.
Третата фаза на внатрешниот транспорт е пренесување на 
товарот од работничките подготовки до работните места во 
производниот процес, потоа од работните до контролните 
места, па од контролните места до следните работнички 
подготивки. 
Карактеристично за сите видови на
производство е:
‐ максимално искористување на транспортните
средства во двата правци,
‐ што помалку празни одови.
 Четврта фаза на внатрешниот транспорт е пренесување 
на работните предмети од последното контролно место 
до  одпремното складиште на готови производи. 
 Класичен приказ на проектирањето на внатрешниот 
транспорт ‐ се носат производи во одпремните 
складишта најпрво да се складираат, а потоа преку 
испораката се пакуваат (подразбира  дуплирање на 
операциите).
 Современиот приказ на проектирањето на 
внатрешниот транспорт предвидува да во складиштата се 
пренесуваат производи спакувани и ставени на палети 
или во контејнери каде подоцна се транспортираат.
 Најсовремен начин е да складирањето на готови 
производи не се врши во самата фабрика, туку пакетите се 
готови производи на палети или контејнерии  веднаш се 
испраќаат на прометните места.
 Угврдување на фазите на внатрешниот транспорт бара 
проучување на  синхронизацијата на процесот на 
внатрешниот транспорт со технолошкиот процес. 
Се врши на следните начини: 
 со избор на оптималните средства на внатрешниот 
транспорт, механизација и автоматизација на 
внатрешниот транспорт. 
 Утврдување на ритамот на непрекината работа на 
внатрешниот транспорт (слободен или принуден ).
Друга постапка при проектирањето на внатрешниот 
транспорт е избор на транспортни средства за поедини делови 
на производниот процес и во целина.
Бара одговор на поставени прашања за внатрешен транспорт:
1. Воведување на цикличен или континуиран транспорт?
2. Каков товар  се пренесува (парчиња или зрнест, дали е течен,  
се користат палети или контејнери?
3. Количини на работниот предмет што се пренесуваат, 
односно дали товарите се мали, средни или големи?
4. Во што треба да се пренесуваат товарите (зависно од  
својствата на товарите ?
5. На кои растојанија и по кои патишта треба да се пренесуваат 
товарите на внатрешниот транспорт?
6. Влијанието на условите на производство на внатрешниот 
транспорт?
7. Дали постои еластичност во поставувањето и можна 
реконструкција на опремата на внатрешниот транспорт?
8. Какви се  условите за одржување на средствата на 
внатрешниот транспорт (лесно изводливо и економски 
оправдано)?
9. Дали постојат можности за зголемување на степенот на 
механизираност и автоматизираноста операциите на 
внатрешниот транспорт?
10. Избор на начин да направените трошоци за инвестирање и 
експлоатација на избраните средства на внатрешниот транспорт 
бидат  оптимални?
Одговорите на наведените прашања го одредуваат видот и 
капацитетот на средствата за внатрешниот транспорт кои 
треба да се усвојат при проектирање на процесот на 
внатрешниот транспорт. 
 Пресметки:
 Првиот вид на пресметка се однесува на годишните 
трошоци на експлоатација и инвестиција за две споредни 
транспортни средства. 
 Вториот вид на пресметка се однесува на споредување на 
трошоците на истите операции на две различни 
транспортни средства за временски период на траење на 
тие операции и во текот на една работна смена.
Во пракса при избор на средства на внатрешен транспорт, 
потребно е да се применуваат:
 природните методи на избирање 
 вредносни методи.
Препорачливо е наизменично да се користат двете групи 
на методи со цел избирање на најповолното средство на 
внатрешен транспорт. 
 Третата постапка на проектирањето на внатрешниот
транспорт се однесува на утврдување на капацитетите
на средствата на внатрешниот транспорт и потребниот
број на транспортни работници кои треба да работат со
овие средства.
 Четвртата постапка на проектирањето на внатрешен
транспорт се однесува на примена на методот на
проучување и мерење на работата кај внатрешниот
транспорт со цел воспоставување оптимален режим на
користење.
Правила за оптимален внатрешен транспорт:
1. Работниците на работните и контролните места во 
производството не смеат да ги вршат работите на 
работниците од внатрешниот транспорт.
2. Усвојување  на  најповолниот вид и капацитет на 
средствата на внатрешниот транспорт.
3. Непотребните транспортни операции на товарање, 
претоварање и истоварање треба да се исклучат од 
процесот на внатрешен транспорт. 
4. Транспортните патишта треба да бидат најкратки. 
5. Секаде каде е можно, да се користи погонската снага на 
земјината тежа. 
6. На големи растојанија  да се пренесуваат големи 
количини на крупен, распрснат и товар во парчиња. 
7.  Да се настојува, при поставување на внатрешен транспорт
товарите на почетоците и краевите на операциите да се
наоѓаат на онаа висина на која предходно биле во текот на
производството.
8. Не треба товарите да се на подот на работилницата или 
складиштата. 
9. За транспортирање товари на внатрешниот транспорт 
секогаш кога е можно, треба да се користат палети и 
контејнери во сите.
10. На поединечните работни и контролни места треба да 
бидат најмалку две палети (или два контејнери). 

Петтата постапка при проектирањето се однесува на 
утврдување на економската ефикасност на внатрешниот 
транспорт
6. ОРГАНИЗАЦИЈА И ЕКОНОМИЈА НА ВНАТРЕШНИОТ 
ТРАНСПОРТ
Надворешниот транспорт помеѓу (железничките станици, 
пристаништата и бреговите, аеродромите, односно местата каде
што се врши набавување на товарот) и фабрики за кои се набавува.
Го извршува посебна организациона единица која се нарекува
служба за надворешен транспорт (СНТ). 
• Службата  СНТ организациски припаѓа на комерцијалната
дејност .
• Специјализирана транспортна организација (доколку ја има), 
тогаш е поволно надворешниот транспорт да се доверува на таа
организација. 
Практиката покажала дека соработката со таквите организации е 
добра, затоа што:
‐ Се дефинираат строги правила и пенали за не навремено 
завршување на договорените транспортни услуги.
 Ако пак се формира служба за надворешен транспорт во
комерцијалната дејност, потребно е добро да се организира. 
Нејзиниот организациски состав опфаќа: 
 возачот,
 работници за претоварање,
 работници за одржување на возилото.
Одржувањето се однесува на превентивно (подмачкување, 
редовни сервиси) и корективно одржување ( замена на 
критичните делови) и заштита на возилата од
атмосферски или слични дејства.
Освен тоа, службата за надворешен транспорт треба да ги
мери резултатите од работењето врз основа извршените
превозни услуги и направените трошоци.
Внатрешниот транспорт се извршува внатре во складиштето, 
потоа помеѓу складиштето и работилницата  и најпосле, внатре во
работилницата. 
Два приода кон организацијата на внатрешниот транспорт:
 Kласичен, 
 Современ. 
Класичниот приод: 
‐ внатрешниот транспорт во малите фабрики организациски
припаѓа на комерцијалната дејност, 
‐ големите фабрики ‐ припаѓа на техничката дејност. 
Во првиот случај ‐ постои служба (во комерцијален сектор) за
транспорт во која се обединети надворешниот и внатрешниот
транспорт и превентивно оперативно одржување на средствата за
транспорт. 
Во вториот случај, во техничката дејност постои посебна служба за
внатрешен транспорт на ниво на погон (планирање, транспортни 
услуги, евиденција на резултатите од работата и работењето, до
одржување на транспортните средства.
Класичните видови на организации за внатрешен 
транспорт бараат исклучителна организираност на овие 
функции (дали е во комерцијалната или во техничката 
дејност). 
 Во современиот приод, внатрешниот транспорт е 
организациски децентрализиран. 
Тогаш треба да се разликува:
 организација за внатрешен транспорт кај поединечно и 
малосериско производство во однос на 
 организација кај големосериско и масовно 
производство. 
 Кај помалите фабрики кои користат средства за 
внатрешен транспорт (колички и вилушкари) 
средствата можат да се распределат за користење во 
две работилници заради постоење на заедничка 
работилничка подготовка за тие две работилници.
 Меѓутоа, кај поголемите фабрики кои користат 
средства за внатрешен транспорт (транспортери или 
елеватори, дигалки и сл.) се распоредени засебно во 
секоја  работилницита. 
 Заедничко: Одржувањето (превентивно и 
корективно) го вршат специјализирани работници за 
одржување, 
 Резултатите од работата на транспортните работници во 
складиштата и работилниците можат да се измерат 
поединечно и вкупно. 
 Поединечното мерење на резултатот од работата на 
овие работници се врши преку исполнувањето на 
оперативните планови за снабдување на работилницата 
со потребната работа и на основа извршување на 
оперативните планови по работилниците.
 Вкупното мерење е  резултатот од исполнувањето 
работниот план  во складиштата се врши врз основа на 
извршување на работниот план и трошоците на 
складиштата. 
Овие резултати од работата влијаат на личните доходи на 
транспортните работници во складиштата и 
работилничката подготовка на производството.
Организацијата на внатрешниот транспорт треба да е 
таква, така да работникот целата работа ја добие на своето 
работно место: документација, материјал и алати.
Големосериско и масовно производство‐ однапред 
организиран внатрешен транспорт (од складишта, напојни 
места, производната линија па до излезни складишта). 
Спроведувањето на добра организација на внатрешен 
транспорт и нејзиното успешно работење бара посебна 
обука на кадрите. 
Обука на: ‐ работници во складиштата,
‐ работници во одржување на средствата за 
работа. 
‐ работници за транспорт
 Економијата на внатрешниот транспорт треба да се 
набљудува  двострано;
1. Од страна на економијата на внатрешниот транспорт, што 
зависи од изборот и користењето на транспортните 
средства и организацијата на внатрешниот транспорт,
2. Од страна на дејствување на внатрешниот транспорт на 
економијата на производните процеси.
За постигнување на ефикасност на внатрешниот транспорт 
е потребно:
‐ да се проучат сите негови фази во процесот на 
производство 
‐ и за тие фази да се предвидат оптимален вид и број 
на транспортни средства.
‐ Избор на соодветна амбалажа за товарите и соодветно 
ракување со нив.
‐ Брзината и моќноста на транспортните средства треба 
заемно да се подесуваат според големината на товарот кој 
се пренесува и можностите на самото средство. 
‐ Да се спречат повредите при работата потребно е да се 
преземат потребните заштитни мерки на сите работни 
места. 
‐ Зголемувањето на ефектот од внатрешниот транспорт 
придонесува да се зголеми обемот на производството, а со 
самото тоа и економијата на производниот процес.
‐ Економијата на внатрешниот транспорт се зголемува со 
намалување на трошоците .
Трошоците на внатрешниот транспорт се делат во две 
групи:
‐ нормални (трошоци од работата, горивото и 
погонската енергија, амортизацијата, превентивното 
одржување и поправка, и осигурувањето)
‐ вондредни трошоци (вонредните трошоци се оние 
кои се јавуваат кога транспорт кога не е добро 
организиран‐трошоците на растурање и кршење на товарот 
при внатрешниот транспорт, повредите на транспортните 
работници и оштетувањето на транспортните патишта).

Резултатот од работата и функционирањето  на 
надворешниот транспорт може да се мери : a)по обемот и 
квалитетот на услугите, b) врз основа на трошоците кои се 
прават и г)по користењето на ангажираните средства на 
оваа посебна служба.
7. ТРАНСПОРТНИ СИСТЕМИ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРАНСПОРТ

 Транспорт на материјали и стока служи за совладување на 
просторната дистанца помеѓу набавувачот, произведувачот 
и потрошувачот.
 Транспортот просторно ги ускладува производството и 
потрошувачката во национални размери и е од 
исклучително значење за националната економија. 
Транспортот можи да се гледа како:
‐надворешен транспорт (добавувач‐нарачател, 
производител‐ купувач).
‐ внатрешен транспорт (производниот процес).
Сл.7.1  Поврзаност на транспартот со интегрираната логистика
Складирањето е ефикасно доколку се:
 обединат испораките,
 адекватно се користи просторот и превозните средства, 
 адекватно се одберат патеките.
За извршување на транспортните активности неопходни се:
 транспортни средства,
 транспортна инфраструктура,
 опрема за манипулација во транспортот, и
 обучени кадри.
Појдовна точка за планирање на транспортниот систем 
e потребите на пазарот од дадена стока, за која е 
потребно транспорт.
 Помошни транспортни средства претставуваат и 
основа за планирање на системот за складирање и 
површината за припрема во производството (сл.7.2).
Помошните транспортни средства имаат пет
функции:
 прием и соединување на транспортната стока
 заштита на транспортната стока од оштетување, 
кражба, итн;
 манипулативна способност на транспортните средства, 
 носачи на информација.
Сл.7.2. Помошни транспортни средства
 Друга можност е структуирање на помошните
транспортни средства (сл.7.3.) , поделба на:
 носечки (рамни палети),
 опфатни (на пример, бокс‐палети, сандаци, кутии),
 затворени (на пример контејнери) и
 посебни помошни транспортни средства.
 При изборот на помошни транспортните средства се
зема:
 минимизирање на разновидноста на помошните
транспортни средства
 потреба за формирање на транспортниот синџир
(транспортна единица ‐> товарна единица ‐> единица за
складирање ‐» единица за пакување ‐>отпремна единица);
 зголемување на сигурноста при користење на  помошно
транспортно средство;
 планирање на соодветни товарни единици за зголемување
на ефикасноста
Сл. 7.3. Структура на помошните транспортни средства
7.1 Транспортни средства со периодично (прекинато) 
дејство
Транспортните средства со периодично дејство работат
наизменично:
Нивни парцијални активности:
 Преземање на товар за транспорт на почетната точка
 Транспорт на товар до дестинацијата (возење со товар),
 Предавање на товарот на дестинацијата (влезот, на 
место за извршување на налогот ,
 Возење до ново место или враќање до истото место
(празно возење).
Во транспортни средства со периодично дејство
припаѓаат:
 дигалки и пренесувачи (уреди за подигање на товар),
 манипулативни возила со полици,
 подни транспортери, и
 лифтови.
Манипулативни возила со насоки: се возила водени по
патека. Овде се работи за транспортни средства без возачи
(сл.7.4). 
Транспортните системи без возачи всушност се состојат од возила
и објекти.
 Физичката рамнотежа се состои од возила, од правецот
(курсот) на возењето и предавање на товарот, 
 информатичката рамнотежа од управување на возилото и 
објектите.
 Заедничкиот елемент на возилата и објектите во физичката
рамнотежа е предавање на товарот. 
 При тоа можи да бида активни:
 само возилото, или
 само една фиксна инсталирана станица за истовар на товарот, 
 заедничко возило и станица за доставување на товарот.

Можат да бидат потполно автоматизирани или рачно превземање 
и доставување на товарот.
Налог за возење (пренос на товар): 
 индуктивни пренос, што значи пренос со помош на
трака‐жица водилки поставени на под,
 работната врска
 ултразвук и
 инфрацрвено светло.
Изборот на системи за пренос зависи од:
 бараниот домен,
 брзината на пренос на податоци, 
 обезбедување од пречки,
 поврзани трошоци,
 нормални просечни места и
 прописи за одобрување кои треба да се придржуваат.
Сл.7.4. Транспортни средства без возачи
7.2 Избор на транспортни средства
Транспортните средства на внатрешниот транспорт можат
да бидат: 
 рачно подвижни (количка),
 механизирани (виљушкари, разни машини за
внатрешен транспорт),
 автомеханизирани (подвижни траки за превоз во 
магацините или погоните).
Изборот на транспортните средства во внатрешниот
транспорт е под влијание на :
 располагање и капацитет на средства,
 видови и количини на работи за транспорт,
 димензија, агрегатна состојба, паковање и други
карактеристики,
 големина и тип на складирање,
 брзина на превоз на средствата и можни брзини,
 распоред на транспортните патишта, и други функционални
обележја.
За првиот груб избор на видовите на транспортни средства
можи да се користи  расположливиот принцип на 
производство (односно видот).
Сл.7.5. Шематска поделба на транспортните средства според видот 
на производств
7.3 Транспортни средства со прекидно дејство
 Кај овие транспортни средства при работата се јавуваат 
прекини, кои се произлезени од самиот начин на работа со овие 
транспортни средства. Се менуваат работните и неработните 
(јаловите) потези.
Работниот циклус го прави времињата:
 Врзување на товарот (𝑡 ),
 Вертикалното дигање (𝑡 ),
 Хоризонталното поместување (𝑡 ),
 Вертикално спуштање (𝑡 ),
 Одврзување‐спуштање на товарот (t5),
 Збирот на сите овие операции е работниот од, а збирот на сите 
времиња е времето на работа (tr),
𝑡 𝑡 𝑡 𝑡 𝑡 𝑡
Неработен ‐празен (јалов) циклус го сочинува времето:
 подигање на празна кука (𝑡 ),
 хоризонталното поместување (𝑡 ),
 спуштање на празна кука (𝑡 ),
Збирот на овие операции е празниот од, а збирот на сите 
времиња е времето на празниот од (𝑡 ),
𝑡 𝑡 𝑡 𝑡
Вкупниот циклус е еднаков на збирот на работниот и празниот циклус.
T 𝑻𝒓 𝑻𝒑
T 𝒕𝟏 𝒕𝟐 𝒕𝟑 𝒕𝟒 𝒕𝟓 + 𝒕𝟔 𝒕𝟕 𝒕𝟖
 Kапацитетот на преносот Q кај дизаличните машини со периодично
дејство, може да се изрази:
𝑸 𝒏 ∗G [t/h]
n‐ број на циклуси (cikl./h),
G ‐ просечна маса на циклусот (t/cikl.)
 Kапацитетот на преносот на растреситиот материјал може да се
изрази:
𝑸 𝒏 ∗ 𝑽 ∗ 𝝋 ∗ 𝝆 [t/h]
Каде:
n‐ број на циклуси (cikl./h),
V ‐ волумен на садот со кој се пренесува растреситиот материјал (m3/kg)
𝜑 коефициент на полнење на садот,
𝑡
𝜌 густина на материјалот
𝑚

You might also like