You are on page 1of 114

УЧЕБНИК ПО

МАШИНИ И ОПРЕМА
ЗА IV ГОДИНА МАШИНСКА СТРУКА

2020
Автор:
М-р СУЗАНА МАСЛАРОВА

Рецензентска комисија:
Проф. Д-р. Јанко Јанчевски
Наст. дипл. маш. инж. Крстев Чедомир
Наст. дипл. маш. инж. Драги Донев

Лектура:
Снежана Михајлова

Уредник:
М-р Жарко Масларов

Копмјутерска обработка, корица и дизјн:


M-р Жарко Масларов

Издавач:
Министрство за образование и наука на Република Северна Македонија

Печати:
Полиестердеј ДООЕЛ, Скопје

Тираж:
5

Со решение на Министерот за образование и наука на Република Македонија бр. 22-4333/1 од


29.07.2010 година се одобрува употребата на овој учебник

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

621.87(075.3)

МАСЛАРОВА, Сузана
Машини и опрема за IV години машинска струка / Сузана Масларова.
- [2. изд.]. - Скопје : Министерство за образование и наука на Република
Северна Македонија, 2020. - 114 стр. : илустр. ; 30 см

Библиографија: стр. 110

ISBN 978-608-226-722-7

COBISS.MK-ID 112370186
Машини и опрема

ПРЕДГОВОР

Овој учебник е пишуван според наставната програма за предметот


Машини и опрема за IV година , за занимањето машински техничар, во
машинската струка.
Во учебникот, според наставната програма, предвидено е да се
направи еден општ поглед на сите транспортни машини и уреди, а сето тоа
е обработено во пет посебни поглавја за класификација на машините и
опремата, елементи и механизми кај машините за подигнување, дигалки и
машини за непрекинат транспорт. Учебникот содржи текстуално
објаснување на голем број шеми, слики и табели кои ќе им користат на
учениците за полесно совладување на материјалот. На крајот на секое
поглавје дадени се прашања со кои учениците ќе го проверат степенот на
нивните знаења од соодветната област.
Со оглед дека досега не постоеше учебник за овој предмет и со оглед
на обемноста на наставната материја, авторот, како резултат на
долгогодишно искуство, вложи посебни напори да го сведе материјалот на
степен на разбирање, кој е достапен за учениците на возраста за кои е
наменет.
Ширината и обемноста на материјалот, можеби, придонесе да се
направат определени пропусти, затоа добронамерните забелешки и
сугестии од сите корисници, за подобрување на квалитетот ќе бидат
прифатени со задоволство.
Им изразувам посебна благодарност на сите оние кои придонесоа да
се изработи овој учебник.

Авторот

1
Машини и опрема

2
Машини и опрема

Класификација на
машините и опремата

1.1. Вовед
Во стопанството, во повеќето технолошки процеси се користат транспортни
уреди како за внатрешен транспорт така и како главни машини на некое претоварно
место со поголем капацитет. Во современите комбинати за црна металургија, во
фабриките за производство на машини се користат дигалки со најразлична намена.
Тие се употребуваат во магацините (стовариштата) за суровини, во фабричките хали
за додавање на делови за машинска обработка кои можат да бидат тешки и по
неколку тони, кај стовариштата на готови делови и сл.
Валалниците за лим имаат транспортери со валјаци, транспортери со синџири
и со други транспортни машини кои можат да се управуваат од едно место, со што
се намалува бројот на квалификувани работници. И други производни погони како
што се ливници, ковачници, металопреработувачки работилници и др. се снабдени
со голем број различни дигалки како што се:
- мостовски дигалки
- конзолни дигалки
- портални дигалки
потоа со разни подигнувачи, конвеери и др.
Со развојот на хемиската индустрија и обоената металургија се јави потреба
од примена на машини за континуиран (непрекинат) транспорт за пренесување на
материјалите и деловите помеѓу работилниците, преместување во внатрешноста на
работилниците како и стовариштата.
Транспортните уреди се користат исто така и во рудниците. Без транспортни
средства не може да се замисли ниту изградба на згради, мостови, патишта, тунели,
хидроцентрали и општо градежната индустрија.
Во земјоделскиот сектор, исто така, наоѓаат примена разни транспортни уреди
како лентестите транспортери, елеваторите и другите уреди за непрекинат
транспорт.
На пристаништата се користат портални, мостовски, кабелски дигалки, а за
речните и морските пловни објекти, пловни дигалки. Транспортните уреди за
непрекинат транспорт и уредите за пневматски транспорт се користат, исто така и на
пристаништата, особено за транспортирање на ситнозрнест материјал.

3
Машини и опрема

1.2. Поделба на транспортните уреди


Сите уреди на транспортот можат да се поделат на три големи групи:
- уреди за прекинат транспорт - дигалки;
- уреди за непрекинат транспорт;
- уреди за поден и висечки транспорт;
Дигалките се одликуваат со периодичноста на работните операции. Тие го
преместуваат товарот со одвоени движења. Работата се извршува во неколку
периоди:
- обесување на товарот;
- работен ôд (подигнување, преместување во хоризонтална рамнина и
спуштање на товарот);
- одврзување (симнување од носечките елементи) на товарот;
- повратен ôд до местото за повторно подигнување на товар.
Дигалките пренесуваат посебни парчиња, ситни делови и друг ровок
материјал во специјални садови.
Уредите за непрекинат транспорт овозможуваат материјалот да се пренесува
непрекинато-континуирано. Со нив се пренесуваат ситнозрнестите материјали како и
ситните парчиња како што се заковки, завртки, ситни одливци и др.
Дигалките за поден и висечки транспорт пренесуваат поединечни делови и
ситни парчиња во посебни садови. Според конструкцијата дигалките се делат на:
1. прости подигнувачки механизми и машини
2. дигалки (кранови)
3. подигнувачи

- Прости подигнувачки механизми и машини

1.а) Мали дигалки - тоа се механизми за подигнување на товар на релативно


мала височина, кои товарот го подигнуваат со поместување со запчеста летва,
навојно вретено или со клип. Такви се:
- рачни дигалки со запчеста летва, (сл. 1);
- рачни дигалки со навојно вретено, (сл. 2);
- електрични дигалки со навојно вретено;
- хидраулични дигалки со подвижен клип, (сл. 3);
- хидраулични дигалки со подвижен цилиндер.

Сл. 1 Рачна дигалка Сл. 2 Рачна дигалка Сл. 3 Хидраулична дигалка со


со запчеста летва со навојно вретено подвижен клип

1.б) Макарници (механизми со макари) и чекрек - се такви механизми кои се


обесени на горни потпори. Тие можат да бидат подвижни и неподвижни, а служат за

4
Машини и опрема

подигнување на мали товари на мали височини. Во оваа подгрупа спаѓаат сите


видови макарни механизми, било да се со еден, два или повеќе краци на носечките
елементи, преносни рачни чекреци со полжавест пренос или со пренос со
цилиндрични запченици (сл. 4) и др.

Сл. 4 Чекреци

1.в) Барабани за влечење (винди), сл. 5 - се прости машини за подигнување


чија намена е да подигнуваат и преместуваат товар во хоризонтална или коса
рамнина. Најчесто овие механизми се користат како основни делови на посложени
машини за подигнување кои се вградени во системот на механизмот за подигнување
на товарот.

2. Дигалките (крановите) -
се сложени машини наменети за
пренесување на товари во
хоризонтална и вертикална
рамнина. Поединечните механизми
кои ги овозможуваат бараните
движења се прицврстуваат на
челични рамки, односно на челична
конструкција и тие можат да бидат
подвижни или неподвижни. Заради
Сл. 5 Барабани за влечење
големиот дијапазон на примена и
различните работни услови се конструираат најразлични видови дигалки. Заради тоа
тие можат да се класифицираат во:

5
Машини и опрема

- Дигалки во општа група:

2.а) Мостовски дигалки, (сл. 6) - тие можат да бидат со еден или два главни
носачи. Видот на конструкцијата зависи од големината на товарите кои ќе се
подигнуваат и од распонот. Оние мостовски дигалки кои се со еден главен носач се
изведуваат од валани I - профили, а оние со два главни носачи се прават како
решеткасти конструкции или од лимени носачи.

Сл. 6 Мостовска дигалка

2.б) Неподвижни столбни дигалки, (сл. 7) - се дигалки кои имаат можност за


завртување, а можат да бидат изведени со столб без горно лежиште и со столб со
горно лежиште.

Сл. 7 Столбна дигалка

2.в) Рамни, (сл. 8) и полурамни портални дигалки, (сл. 9) - карактеристично


кај овие дигалки е тоа што патеката по која дигалката може да се движи вдолж
халата се наоѓа на подот, а не на некоја височина како кај другите видови дигалки.
Тоа, се разбира, й дава предност пред другите.

6
Машини и опрема

Сл. 8 Рамна дигалка

Сл. 9 Полурамна дигалка

2.г) Велосипедски дигалки, (сл. 10) - се подвижно - вртливи дигалки кои се


движат по една шина. Можат да бидат со и без противтег во зависност од тоа дали
се движат само покрај ѕидот или настрана од него.

Сл. 10 Велосипедска дигалка

7
Машини и опрема

2.д) Конзолни дигалки, (сл. 11) - редовно се изведуваат како подвижни, но


можат да се изведат и како подвижно-вртливи.

Сл. 11 Конзолна вртлива дигалка

2.ѓ) Дигалки со стрела, (сл. 12) - можат да бидат гасенични, железнички или
автомобилски.

Сл. 12 Дигалка со стрела

2.е) Едношински дигалки

Во групата на специјални дигалки спаѓаат:


1. подвижно-вртливи пристанишни дигалки
2. пловни дигалки
3. градежни столбни дигалки
4. столбни дигалки со игла-”Дерик” дигалки
5. металуршки дигалки
6. претоварни мостови
7. кабелски дигалки.

3. Подигнувачи - тоа се лифтови, скипови и платформни подигнувачи.


Најголема група се лифтовите кои можат да бидат патнички и товарни. Тие можат да
бидат изведени со различни конструкции, за различни оптоварувања и со повеќе
брзини.

3.а) Скиповите - подигнувачи служат главно за подигнување на ровки


материјали по патеки кои можат да се наведнати под различни агли се до 900.

3.б) Платформи - подигнувачи се користат во фабриките, во стовариштата и


можат да бидат со или без сопствен погон.

8
Машини и опрема

1.3. Оптоварувања кај конструкциите


1.3.1.Вистински оптоварувања
Во пресметката на носечката конструкција на транспортниот уред, мора да се
земат предвид сите можни оптоварувања, т.е. сите оптоварувања кои можат да се
појават во текот на работата. Заради природата на оптоварувањата, сигурно е дека
тие не се јавуваат сите истовремено, туку во зависност од карактерот на движењето,
во разни комбинации, при што најнеповолното треба да се земе како основно за
пресметковни испитувања на напоните во поодделни делови на конструкцијата.
Сите оптоварувања се делат во две групи:
- главни оптоварувања и
- дополнителни оптоварувања.

Под главни оптоварувања се подразбираат оние кои дејствуваат во состојба


на мирување на дигалката, а тоа се погонскиот товар и сопствената тежина.
Дополнителни оптоварувања се сите останати, а кои се јавуваат заради:
- силата на инерцијата;
- нишањето на товарот обесен за носечкиот дел на дигалката;
- притисокот на ветрот;
- промената на температурата;
- наклонот на уредот заради коса патека (уреди кои не се движат по шини).

а) Сили на инерција, се јавуваат како од товарот така и од сопствената


тежина, при работа на сите механизми, во периодите на нивните невообичаени
движења (забрзување или запирање). Овие сили имаат спротивна насока од
насоката на забрзувањето и се пропорционални со него. При праволиниско движење
на телата, силата што е потребна за совладување на силата на инерција е:

G
F  ma  a (N) (1)
g
каде: m - маса на телото
a- забрзување
G - тежина на телото
g - земјино забрзување
Во случај на завртување со аголно забрзување , моментот потребен за да ја
совлада силата на инерцијата на вртливото тело е:

M = J   (Nm) (2)

каде: Ј - момент на инерцијата на вртливата маса и може да се претстави како:

J = m  2 (kgm2)

 - полупречник на инерција, т.е. она растојание од оската на вртење на точката во


која може да се смета дека е концентрирана целата завртна маса, наместо да е
распоредена по целиот волумен на телото. Од равенката (2) се добива дека е:

2
G Do
J  т.е. GDo  40 J
2
(3)
g 4
9
Машини и опрема

каде: G  D02 - замаен момент;


D0 = 2   - пречник на инерција.

Земајќи го предвид изразот за моментот на инерцијата (динамички), равенката (1)


станува:
M = m  2   (Nm) ; (4)

бидејќи е    = a - линеарно забрзување на масата m, тогаш:

M = m    a (Nm). (5)
При работа на транспортните уреди, се претпоставува дека невообичаените
движења кои ги остваруваат механизмите, се одвиваат рамномерно забрзано или
рамномерно забавено. Тогаш забрзувањето (забавувањето) е:
v
a
t0
каде: v - брзина на вообичаеното движење (m/sec)
t - време на забрзување (движење) или забавување (сопирање).
Сега силата на инерција (1) е:
F    N 
G v
g t0
б) Нишање на товарот се случува на почетокот од вртењето или во
почетокот на праволиниското поместување на товарот кој виси на јажето. На
почетокот на праволиниското движење, товарот заостанува зад точката на движење
А (сл. 13), поради што јажето почнува да се отклонува од вертикалата.

Сл. 13 Сили при нишање на товарот

Кога брзината на точката А ќе биде еднаква на брзината на движење на


товарот, тој ќе ја достигне својата крајна положба и јажето со товарот заедно
почнува да се враќа кон вертикалата, т.е. почнува да се ниша. Силата која делува по
оската на јажето ќе биде:
Gt
Fu 
cos 
каде: Gt - тежина на товарот.

Хоризонталната компонента на силата во јажето е:

10
Машини и опрема

F1  Fu sin   Gt  tg .
Товарот ќе продолжи да се ниша и по завршување на периодот на
невообичаеното движење, т.е. кога забрзувањето на точката А ќе биде еднакво на
нула. Амплитудата на ова осцилирање на товарот зависи од времето на траење на
периодот на забрзување, од законитостите за промена на забрзувањето, од
слободната должина на јажето и од големината на товарот. При сопирање
забавувањето на точката А предизвикува промена во слободното осцилирање на
јажето со товарот, т.е. нишањето на јажето со товарот може да се зголеми или
намали зависно од тоа во кој момент почнало сопирањето и како поминал периодот
на сопирање.
Кај ротационите дигалки појавата на нишање е посложена со оглед на тоа
дека се одвива во просторот и дека се појавуваат центрифугални сили на инерција
од вртењето на дигалката.

в) Притисокот на ветрот дејствува врз конструкцијата кога уредот работи на


отворен простор. Се претпоставува дека ветрот делува во било која хоризонтална
насока, при што ветрот ја оптоварува конструкцијата со своето притисно и
шмукувачко дејство, кое зависи од обликот на елементите на конструкцијата.
Силата на притисок на ветрот која ја оптоварува конструкцијата се пресметува
според равенката:
Fr  c  q  AN 

каде: A - површина на конструкцијата изложена на ветрот;


q - единечен (специфичен) притисок на ветрот;
c - коефициент кој го изразува влијанието на обликот на површината врз која
делува ветрот.
Влијанието на ветрот на конструкцијата треба да се разгледува во два случаи:
1. случај кога јачината на ветрот сè уште дозволува работа на дигалката;
2. случај кога јачината на ветрот не дозволува работа на дигалката. Силата на
притисок на најсилниот ветер, кога дигалката не е во погон, се пресметува според
посебни податоци, зависно од висината на површините изложени на ветрот и од
географските зони во кои дигалката треба да работи.

г) Промената на температурата предизвикува оптоварување на елементите


на носечката конструкција, заради промена на нивните должини со промената на
температурата во текот на работата. Заради промената на должината на
елементите во нив се јавуваат и сили на еластичност кои се пресметуваат според:
EA
Fe    N  (6)
l
каде се:  - температурно издолжување или скратување;
E - модул на еластичност ( за челик е E  2,1  10 6 daN / cm 2 );  
A - површина на напречниот пресек на елементот (cm);
l - должина на елементот.

Бидејќи е     l (t1  t 2 )cm , тогаш:


Fe  E  A    (t1  t 2 )daN 
kade:  - коефициент на линеарно ширење (за челик  = 0,0000118);
t1 - t2 - температурна разлика (0C).

д) Наклон на уредите кои не се движат по шини. Овој наклон кај пловните,


автомобилските, гасеничките дигалки, мора да се земе предвид при пресметка,
11
Машини и опрема

бидејќи иако тој не предизвикува дополнителни оптоварувања, тој релативно ја


менува насоката на дејство на постоечките сили.
Во текот на работата на носечката конструкција можат да делуваат сите
претходно наведени оптоварувања, но со оглед дека некои од оптоварувањата траат
многу кратко, а некои не се поклопуваат со другите или се јавуваат кога уредот не
работи, при пресметката, носечката конструкција се проверува во три случаи.
Прв случај - оптоварување при нормална работа без влијание на ветрот. Во
овој случај на оптоварување во пресметката влегува статичкото оптоварување од
сопствената тежина и од погонскиот товар, како и две хоризонтални оптоварувања
чие дејство е најнеповолно (сите оптоварувања се множат со т.н. коефициент на
погонската класа, а товарот се множи уште и со динамички коефициент). Во овој
случај се прави и пресметка на уредот и конструкцијата на трајност (временска
издржливост) и на загревање.
Во вториот случај на оптоварување во пресметката влегуваат, покрај
оптоварувањата опфатени во првиот случај, уште и оптоварувањата заради
дејството на ветрот на дигалката, како и, во исклучителни случаи, и заради промена
на температурата. Во овој случај на оптоварување се врши пресметка на
цврстината, без оглед на појавата на замор на материјалот; моторите за погон на
механизмите се проверуваат на преоптоварување, а се проверува и општата
стабилност на уредот.
Во третиот случај на оптоварување се зема предвид најнеповолниот од
следните два случаи:
- Дигалката е надвор од погон, изложена на дејството на најсилниот ветар;
- Дигалката е во погон, без ветар и заради откажување на сопирачките на
механизмот за движење, удира при полна брзина на движење во одбојниците.
Во третиот случај на оптоварување се проверува статичката носивост на
елементите на конструкцијата, како и општата стабилност на уредите.

ПРАШАЊА

1. Како се делат уредите за транспорт?


2. Кои уреди се одликуваат со периодичност на работните операции, а кои со
континуираност во работата?
3. Што се подигнувачи?
4. Како се делат оптоварувањата кај конструкциите?
5. Поради што се јавуваат силите на инерција кај дигалките и како се определуваат?
6. Што е причина за нишање на товарот и како се определуваат силите во јажето?
7. Како се определува силата на притисок на ветрот?
8. Како делува промената на температурата врз конструкциите?
9. Како делува наклонот врз конструкциите?

12
Машини и опрема

Елементи кај механизмите и


машините за подигнување

2.1. Јажиња
Во транспортните уреди се употребуваат челични и конопни јажиња.
Конопните се употребуваат само за уреди со рачен погон и за врзување на
товар за носечкиот дел од дигалката, додека челичните јажиња се применуваат кај
сите механизми и со рачен и со моторен погон (сл. 14). Тоа произлегува од нивните
механички особини.

Сл.14 Видови челични јажиња

Челичните јажиња се изработуваат од тенки жици кои имаат јачина од 130 до


180 N/мм2 и при изработката и термички се обработуваат. Жиците се изработуваат
во стракови, на специјални машини, а потоа страковите во јажиња, (сл.15).

Сл. 15 Напречен пресек на јажиња

Страковите се свиткуваат околу централната жица (јадро) која може да биде


од коноп, азбест или мек челик (сл. 16). Јажињата со азбестно и челично јадро се
користат кај машините кои работат на високи температури (пр. до високи печки), а
јажињата со конопно и азбестно јадро се посвитливи.

13
Машини и опрема

Сл. 16 Изработка на јаже Сл. 17 Начини на плетење на јажињата

Според видот на плетењето на јажињата се разликуваат следните видови


јажиња (сл.17):
- вкрстено плетени јажиња (сл. 17б)
- истонасочно плетени јажиња (сл. 17в)
- комбинирано плетени јажиња.
Вкрстените имаат различна насока на плетење на жиците во страковите и на
страковите во јажето. Според тоа постои вкрстено десно S/Z и вкрстено лево Z/S
плетење.
Кај истонасочно плетените јажиња насоката на плетење на страковите и
насоката на жиците во страковите е иста. Според тоа се разликува надoлжно десно
Z/Z и надолжно лево S/S плетење (сл. 17в).
Кај вкрстено плетените јажиња (S/Z и Z/S) (сл. 17б) е изложена помала
површина на триење и затоа побрзо се трошат. Меѓутоа, ракувањето со вкрстено
плетените јажиња е полесно и затоа се користат таму каде истонасочно плетените
јажиња не можат.
Истонасочно плетените јажиња (Z/Z и S/S) имаат голема свитливост и се
поотпорни на абење отколку вкрстено плетените, бидејќи јажето со поголема
површина е во контакт со надворешниот материјал, но лесно се расплетуваат и се
користат само таму каде што двата краја на јажето се фиксирани. Кај дигалките
речиси секогаш се користат десноодни вкрстено плетени јажиња.
Кај комбинираните јажиња секој втор страк е во иста насока.
Челичните јажиња се стандардизирани според DIN 655, DIN 656. Најголема
примена имаат јажињата со шест стракови во кои има по 19 или 37 жици. Ако се
употребат јажиња со поголем број потенки жици се добива поголема свитливост, но
брзо се абат кај премините преку макарите и барабаните, што доведува до побрзо
оштетување на јажето (пукање, прекин на извесен број жици, односно потребна е
замена на јажето). На места каде е битна и свитливоста и трајноста на јажето се
користат специјални јажиња составени од жици со различна дебелина.
Дебелината на жиците може да биде од 0,5 до 3 mm. Општо, може да се каже
дека истонасочно плетените јажиња се користат кај лифтовите и на места каде
постојано е затегнато јажето, или прицврстено на двата краја, за да не може да се
одвртува или затегнува под дејство на товарот и да се скратува по
растоварувањето.
За да се избегне оваа појава се произведуваат друг тип на јажиња, т.н.
паралелно плетени јажиња (плетени со жици чија дебелина е различна).
Конопните јажиња можат да се димензионираат според работното напрегање
на истегнување, а челичните подобро е да се избираат според искуствени табели и
равенки. Притоа се земаат предвид сите карактеристики кои зависат од видот на

14
Машини и опрема

јажето, начинот на плетењето, експлоатационите услови и др. Сето тоа е опфатено


со коефициенти и со степен на сигурност кој се зема 5 - 10.

2.1.2. Трајност на челичните јажиња


Во текот на работата јажето мора да се проверува и да се повлече од
употреба кога бројот на искинати жици ќе помине одредена граница. Во табелата 1
се дадени вредностите за дозволениот број на искинати жици.

Табела: 1 Број на прекинати жици при кои јажето треба да се смени


Степен Конструкција на јажето
на 6х19=114+1 6х37=222+1 6х61=366+1 18х19=342+1
сигурност
Истонасочно

Истонасочно

Истонасочно

Истонасочно
Вкрстено

Вкрстено

Вкрстено

Вкрстено
плетење

плетење

плетење

плетење

плетење

плетење

плетење

плетење
Број на прекинати жици во должина од еден чекор на стракот при кој јажето мора да се
смени
До 6 12 6 22 11 36 18 36 18
6–7 14 7 26 13 38 19 38 19
Преку 7 16 8 30 15 40 20 40 20

При експлоатацијата на челичните јажиња се доаѓа до сознание дека и при


исти експлоатациони услови, трајноста на исти јажиња е многу различна. Тоа може
да произлезе од самиот процес на изработка на јажето, начинот на плетење и
постапките при примената. Од факторите кои најповеќе влијаат врз трајноста на
челичните јажиња, утврдени по повеќе испитувања, се сметаат следните:
- трајноста се зголемува со зголемување на односот D/d (D- дијаметар на
макарата, а d - дијаметар на жиците од јажето);
- трајноста се зголемува со поголем степен на сигурност Ѕ;
- трајноста на вкрстено плетените јажиња е помала од онаа на истонасочно
плетените;
- поцинкуваните јажиња со подебел слој на цинк имаат помала цврстина од
јажињата само со влечни жици;
- јажињата направени од подебели жици имаат намалени површински
притисоци, но зголемени напрегања на свиткување во жиците;
- јажињата со поголема цврстина на жиците се посигурни (имаат поголем Ѕ),
но имаат помала трајност во споредба со оние со помала цврстина на жиците;
при поставување на јажињата кои имаат поголем број на превиткувања трајноста им
е помала во споредба со оние кои имаат постојано иста насока на превиткување;
- со испитување е докажано дека јажето треба да лежи во жлебот на што
поголема површина (барем со третина од својот периметар) за да не се деформира,
но тоа треба да лежи слободно, а не да биде вклештено. За да се овозможи тоа
треба радиусот на жлебот да биде ист или, подобро, малку поголем од радиусот на
јажето;
- редовно и правилно подмачкување на јажето може да ја зголеми неговата
трајност и за пет пати.

15
Машини и опрема

2.2 Синџири
Кај транспортните уреди можат да се користат заварени и зглобни синџири.
Заварените синџири (сл. 18) многу поретко се користат и тоа повеќе за
врзување на товарот отколку како погонски синџири.

Сл.18 Заварени синџири

Тоа е затоа што имаат помала носивост и можат да работат само при многу
мали брзини (0,1 - 0,5 m/ѕ). Синџирите со алки се заваруваат од полупроизвод
(шипка) со кружен напречен пресек и можат да бидат со куси алки (l<3d) и со долги
алки (l>3d), каде d е дијаметарот на материјалот од кој се прави синџирот.
Синџирите со долги алки воопшто не се користат кај транспортните машини,
особено ако синџирот треба да се намотува на барабан, затоа што доаѓа до многу
големо свиткување на алката.
Синџирите со куси алки можат да бидат калибрирани и некалибрирани
(обични).
Чекорот на калибрираните синџири може да отстапува во граници од  3%, а
номиналната ширина на алките за  5% од номиналниот пречник на алката. Кај
некалибрираните синџири поодделни димензии варираат и до  10% од пречникот
на алката.
Калибрираните синџири можат да се користат кај рачните дигалки со мала
носивост и мали брзини, а обичните за врзување на товарот.

Зглобните (Галови) синџири, (сл.19) се изработуваат од ламели од челик


Č0645 кои се соединуваат со осовинки од Č0545.

Сл. 19 Зглобни синџири

16
Машини и опрема

Има три вида вакви синџири и тоа:


- со сврзни осовинки
- со чаури
- со валјачиња
Предностите на овие синџири во однос на заварените се:
- имаат поголема сигурност (немаат заварени места)
- поголема свитливост
- можат да користат синџирници со помали димензии.
Недостаток на зглобните синџири е тоа што тие работат само во една
рамнина, бидејќи при косо затегање на синџирот се јавуваат дополнителни
напрегања во ламелите, што може да доведе до нивно кршење.

2.2.1. Споредба на особините на јажињата и синџирите


Челичните јажиња ги имаат следните предности над синџирите:
- помала сопствена тежина;
- поголема виткост (свитливост) во сите правци;
- подобро примање на удари;
- работа без шум и при големи брзини на движење;
- поголема сигурност во работата, бидејќи кај синџирите кинењето настапува
одненадеж, а кај јажињата жиците кои се наоѓаат на површината се кинат побрзо од
оние под површината, така што оштетувањето на јажето може веднаш да се
забележи.
Недостатоци на челичните јажиња во споредба со синџирите се:
- побрзо абење на јажето;
- за работа со јажињата потребни се значително поголеми димензии на
макарите и барабаните.
Експлоатационите погодности, примената на челичните јажиња ја ставаат
пред сите свиткувачки елементи; челичните јажиња се најчесто применуваните
свиткувачки елементи во конструкциите на транспортно – подигнувачките машини.
И покрај сите предности на челичните јажиња и синџирите се применуваат во
специјални случаи. Една од главните причини за примена на синџирите е таа што
синџирникот (односно барабанот на синџирот) е значително помал од макарата
(односно барабанот) за јажето. Со тоа се намалува вртежниот момент на товарот,
преносниот однос, димензиите и тежината на механизмот.
Синџирите (заварени и зглобни) особено се применуваат кај механизмите за
кревање на товар со мали брзини и за мали височини на кревање и тоа за оние
механизми кои треба да бидат со збиена конструкција и мали тежини. Така, за рачни
преносни чекреци исклучиво се користат синџири. Покрај ова, синџирите се користат
кај дигалките кои пренесуваат товар со високи температури. Тоа е заради тоа што
високите температури на околниот воздух значително влијаат врз намалувањето на
трајноста и јачината на челичните јажиња.

17
Машини и опрема

2.3. Макари
Во механизмите за подигање, макарите се користат за промена на правецот
на свитливиот елемент или како дел од макарниот механизам за намалување на
моментот на товарот (сл. 20).

Сл. 20 Макари

Со оглед на тоа дека кај макарните механизми (сл. 21) горната макара се врти
околу неподвижна осовина, а долната ја менува положбата при подигнување на
товарот, се разликуваат подвижни и неподвижни макари.

Јажињата и синџирите при премин преку


макарата не треба да бидат изложени на големи
напрегања на свиткување. Рабовите на макарата
треба да обезбедат непречено влегување и
излегување на јажето, т.е. синџирот, не создавајќи
при тоа непотребни отпори. За да се овозможи
поголем век на траење на елементите, како и да се
избегнат зголемени напрегања на свиткување се
препорачува дијаметрите на макарите да бидат:
- за конопни јажиња D>10d
- за заварени синџири D>10dk
Кај челичните јажиња потребниот дијаметар се
пресметува според формулата:

D
D( )d u , каде што:
du
Сл. 21 Макарен механизам
D – дијаметар на макарата или барабанот мерен од оските на намотаното јаже;
du – дијаметар на јажето;
dk – дијаметар на алката;
D
- однос кој зависи од погонската класа на дигалката и се избира од следната
du
табела:

18
Машини и опрема

D
Табела: 2 Избор на зависно од погонската класа
du
Погонска класа D/dU
барабани макари макари за
израмнување
1 – лесна 18 18 10
2 – средна 20 20 11
3 – тешка 22 22 12
4 – многу тешка 24 24 13

Макарите можат да бидат изработени од сив лив, челичен лив или како
заварена конструкција. Работната површина се обработува механички (на струг).
Главината им е таква да има вградена чаура која најчесто е од бронза, а допирните
површини помеѓу осовината и чаурата треба постојано да бидат подмачкувани со
маст. Како најдобро решение, сепак се смета поставувањето на тркалачко лежиште
помеѓу макарата и осовината околу која се врти. Со тоа се намалуваат отпорите при
движењето, а се зголемува векот на траење без многу честа контрола. На сл. 22
прикажана е конструкција на леана макара, а на сл. 23 конструкција на заварена
макара.

Сл. 22 Леана макара

Сл. 23 Заварена макара

19
Машини и опрема

За некалибрираните синџири можат да се користат макари со мазни (сл. 24)


или профилирани ободни (работни) површини (сл. 25).

Сл. 24 Макара со мазна ободна Сл. 25 Макара со профилирана


површина ободна површина

Назабениот венец на синџирникот (сл. 26) преку кој се префрлува


калибрираниот синџир, служи како за водење така и за погон.

Сл. 26 Синџирници

Дијаметарот на синџирниците за зглобните синџири се определува според


следната равенка:
p
D , каде што:
180
sin
z
р – чекор на синџирот;
z – број на заби на синџирникот.

2.3.1. Макарни механизми


Овие механизми се воведуваат во механизмите за подигање со цел да се
намали силата на истегнување на јажето и за да се намали моментот од товарот на
барабанот. Со тоа се добива помал преносен однос помеѓу моторот и барабанот, а
тоа значи поекономична конструкција.
Макарниот механизам всушност е систем од макари преку кои е префрлено
влечното јаже. Тие можат да служат за намалување на влечната сила на

20
Машини и опрема

механизмот за подигање или за зголемување на брзината на подигање. Кај


дигалките, главно се користат за намалување на влечната сила.
На сл. 27 дадена е шема на прост макарен механизам; ако се занемарат
отпорите на макарата, се гледа дека товарот рамномерно се распределува на сите
кракови на јажето. Како што се гледа од сл. 27, кај простите макарни механизми
едниот крај на јажето е цврсто врзан за потпора, а другиот, бидејќи неколку пати е
префрлен преку макарите, се намотува на барабанот А.
Кај дигалките, покрај прости макари , главно се применуваат двојни макарни
механизми (сл. 28), кај кои двата краја се намотуваат на барабан. Макарата a се
нарекува макара за израмнување и служи да ги израмни евентуалните нееднаквости
во должините на двата крака на јажето.
Двојниот макарен механизам, всушност претставува два паралелно поставени
прости макарни механизми чиј број на краци на јажето е m/2 ако јажето е обесено за
m краци.

Сл. 27 Прост макарен механизам Сл. 28 Двоен макарен механизам

2.4. Барабани
Барабаните служат за претворање на вртливото движење на деловите на
механизмите за подигнување, во транслаторно. Иако редовно барабаните се
цилиндрични постои можност за конусна изведба кај механизмите кај кои треба да се
менува затегнувањето на јажето кое наидува на барабанот од некоја минимална до
некоја максимална вредност.
Најчесто јажето се намотува околу барабанот во еден слој, но ако височините
на подигнување се големи може да се намотува во повеќе слоеви (сл. 29). Тогаш се
зголемува површинскиот притисок на јажето, што придонесува да се намали векот
на траење на јажето.

21
Машини и опрема

Сл.29 Повеќеслојно намотување


на јажето на барабанот

Кај машинските погони за


подигнување јажето најчесто се намотува по
изработени жлебови на барабанот (сл. 30)
кои за намотување на само еден крак од
јажето се прават десни, а за два крака и
Сл. 30 Жлебови на барабанот леви и десни со празен (ненавоен) дел во
средината.

Како материјал за барабаните најчесто се користи леано железо, но за големи


дијаметри може да се заваруваат од челични лимови. Погонувањето на барабаните
може да се оствари на повеќе начини:
- барабанот прицврстен за вратилото на кое исто така е поставен погонскиот
запченик;
- барабанот директно поврзан со запченикот, осовината се врти заедно со
барабанот и е потпрена на надворешни лежишта;
- барабанот заедно со запченикот слободно се врти околу осовината која е
неподвижна;
- претходната изведба, само погонот се добива преку два запченици.

2.5. Куки
Куки се елементи за обесување на товарот кој се преместува или подига. Тие
можат да бидат изведени како еднострани (сл. 31) и двострани (сл. 32).

Сл. 31 Еднострана кука Сл. 32 Двострана кука

Материјалот од кој се изработуваат куките е челик Č1330 кој треба да има


најмалку 400 до 500 N/mm2 јакост. Тие главно се изработуваат со ковање бидејќи
така се најиздржливи, но можат да се изработат и со леење. Во случај куките да
работат со доста повисоки температури, тогаш се изработуваат од челик отпорен на

22
Машини и опрема

високи температури. Отворот на куката треба да биде изведен така да овозможува


лесно обесување на товарот. Тоа се постигнува ако:
- за носивост над 70 kN, радиусот на отворот е r = 0,06 Q (cm);
- за помалите носивости отворите се доста големи;
- за поголеми височини на подигнување треба должината на куката да биде
што помала и тоа за нормални куки се зема l = (4-5), а за продолжените може да
биде до два пати поголема;
- за да бидат што поизедначени напрегањата во опасните пресеци на куката
најдобро е пресекот да биде во вид на трапез, но со многу заоблени рабови за да не
дојде до оштетување на јажето при обесувањето.

Кај куките со навој најпрво се прави избор на куката, бидејќи тие се


стандардизирани, а потоа се проверува работното напрегање во вратот на куката и
тоа во најслабиот пресек (јадрото на навојот). Навојот може да биде милиметарски,
трапезен или кос (пилест). Напонот на истегнување се пресметува по:
4Gt
z  (daN / cm 2 )
  d 2o
Височината на навртката се определува спрема дозволениот притисок:
4Gt t
H каде што:
  (d  d 0 2 ) p
2

t - чекор на навојот;
d - надворешен пречник на навојот;
d0 - внатрешен пречник на навојот
 
p – дозволен притисок која за челик изнесува p  (300  350) daN / cm 2 .

За носивост над 20t =2000kN се користат двострани куки. За нив важат истите
правила за изведување на отворите на куката во зависност од нејзината носивост.
За најтешки товари се користат стремени (узенгии) кои можат да бидат
ковани (сл. 33) или зглобни (сл. 34). Предноста на овие елементи е во тоа што тие
имаат многу мала тежина, а недостаток е тоа што потешко може да се обесува
товарот на нив.

Сл. 33 Стремен - кован Сл. 34 Стремен - зглобен

Постојат голем број разни елементи за подигање на товарот чиј избор


најмногу зависи од видот на материјалот кој се пренесува или подигнува. Како
пример можат да се наведат грабилките и магнетите. За шипкасти материјали и

23
Машини и опрема

ровки материјали како јаглен, песок и сл. се користат грабилките. Од нив има повеќе
видови кои се разликуваат по конструкцијата и големината. За да ја изврши својата
функција грабилката има посебно јаже за подигнување и затворање и друго за
празнење и држење. На сл. 35 дадена е шема на двојажна грабилка.

Сл. 35 Двојажна грабилка во отворена положба

Отворањето на челустите на грабилката се постигнува со оддалечување на


долната глава g од горната f. Тоа се постигнува со одвиткување на јажето b од
барабанот d, додека барабанот c е закочен. При намотување на јажето b на
барабанот d челустите на грабилката h се затвораат.
На сл. 36 дадена е шема на грабилка со две јажиња во затворена положба.
Заради полесно навлегување на челустите во материјалот помеѓу горната и долната
глава вградена е макара.

Сл. 36 Шема на двојажна грабилка во затворена положба

На сл. 37 прикажани се грабилки со повеќе челусти за транспорт на метален


крш, крупнопарчест тврд товар (руда) и сл. Овие грабилки се изведуваат како
двојажни или моторни.

24
Машини и опрема

Сл. 37 Грабилки со повеќе челусти

На сл. 38 прикажана е грабилка за пренос на цилиндрична граѓа.

Сл. 38 Грабилка за пренос на цилиндрична граѓа

При подигнување на челични


отпадоци, струготини, лимови,
профилно железо или профили, често
се користат магнети (сл. 39).
Предноста им е што за нив не е
потребно време за обесување на
товарот. Тие се доста економични иако
трошат струја за држење на товарот и
пренесување на сопствената тежина на
магнетот.

Сл. 39 Магнет за подигнување на


метални материјали

25
Машини и опрема

2.5.1. Обесување на куката


Од бројот на краци на јажето зависи и конструктивната изведба на обесување
на куката на јажето. Најпрост начин на обесување на куката е за едно јаже (сл.40).

Сл. 40 Обесување на кука за едно Сл. 41 Профилирана алка


јаже

Во вакви случаи вратот на куката се изработува со отвор низ кој се провира


крајот на јажето. За да се заштити јажето од абење по рабовите на отворот се
поставува специјална профилирана алка (сл. 41). Димензиите на овие алки се
дадени во табели и од нив се избираат во зависност од дијаметарот на јажето.
Крајот на јажето се провлекува низ отворот на куката, се врзува со телото на
јажето со повторно плетење (сл. 40). Ваквиот начин на изработка е многу сложен и
тежок, па во последно време, слободниот крај на јажето, за телото на јажето се
спојува со спојувалки (сл. 42). Бројот на потребните спојувалки зависи од
затегнувањето што се добива од сите завртки на спојувалките. И ваквиот начин на
врзување не е така сигурен затоа што може да дојде до пролизгување на краевите
на јажето со што се загрозува сигурната работа на дигалката.

Сл. 42 Обесување на кука со спојувалки

Врзувањето на куката може да се изведе со помош на конусен приклучок (сл.


43). Крајот на јажето се провира низ горниот помал отвор на конусниот приклучок, а
потоа крајот на јажето се расплетува: краевите на тенките жици од кои е направено
јажето се завиткуваат нагоре и потоа се вовлекуваат во конусот. По ваквата
подготовка на јажето, крајот се залива со олово или бронза. Самиот конусен дел се
изработува од челичен лив или со ковање. Димензиите на конусниот дел се дадени
во табела и се избираат во зависност од дијаметарот на јажето, а дијаметарот пак
зависи од носивоста.

26
Машини и опрема

Сл. 43 Врзување на кука со конусен дел Сл. 44 Обесување на кука со клин

Најдобар начин на врзување на јажето е врската со помош на клин (сл. 44).


Предноста на ваквиот начин на обесување е лесното склопување и расклопување.
Врската се остварува така што во специјално изработено куќиште a со
елиптично конусен пресек, се провлекува завитканиот крај на јажето околу
профилиран клин b со наклон со заоблено чело. Куќиштето на долниот крај е со
поголеми димензии, како и клинот со наклон. Заради наклонот на клинот и обликот
на куќиштето не е можно да дојде до пролизгување на краевите на јажето. Врската е
доста сигурна и често се применува заради низата предности. Димензиите на
куќиштето и клинот се избираат од табели.
При обесување на товар на неколку краци на јажето, конструкцијата на
врската на куката со јажето е посложена; во оваа конструкција влегуваат макарите,
осовините и елементите за пренос на оптоварувањето од куката на осовините на
макарите. Разликуваме два основни типа на врски за: долга конструкција (сл. 45) и
кратка конструкција (сл. 46).

Сл. 45 Врска на кука со јаже –долга конструкција

27
Машини и опрема

Долгиот тип се состои од:


- подвижни макари 1;
- осовина за подвижните макари 2;
- напречен носач – траверза 3;
- отвор во средината низ кој поминува вратот на куката 4;
- лежиште со тркалање 5;
- навртка 6;
- носечки и заштитни лимови 7 и 8.

Сл. 46 Врска на кука со јаже – кратка конструкција

Кај кусиот тип, долните макари a се изработуваат заедно со напречниот носач


b, заради што е скратена целата височина.

2.6. Сопирачки
За да може да се контролира работата на било кој подигнувачки механизам тој
механизам треба да има свој сопствен сопирачки уред: кај механизмите за
подигнување на товар, сопирачката обезбедува одржување на товарот на саканата
височина; кај механизмите за завртување на ротационите дигалки, сопирачката го
скратува времето на запирање, а кај механизмите за движење, сопирачката
обезбедува застанување на саканото место.
По својата намена сопирачките се делат на следните групи:
а) Сопирачки за спуштање, кои можат да ја регулираат брзината на
спуштање. Тие примаат потенцијална енергија од товарот кој се спушта.
б) Сопирачки за движење, примаат кинетичка енергија од дигалката или
количката која се движи и го прекинуваат понатамошното движење.
в) Сопирачки за застанување, служат да го задржат товарот на определена
височина по завршувањето на движењето, кревањето или спуштањето.
Покрај оваа поделба сопирачките се делат и на :
- електрични и механички.
Електричните сопирачки ја претвораат енергијата на движењето во
електрична енергија, а механичките во топлотна преку триењето.
Според конструктивната изведба, механичките сопирачки се:
- сопирачки со педал;
- сопирачки со лента;
- сопирачки со диск, конус и сл.

28
Машини и опрема

2.6.1. Сопирачки со педали


Кај овие сопирачки сопирањето се постигнува со триење помеѓу ротациониот
дел на сопирачката и педалите кои се потпираат врз неа. Постојат два вида на
сопирачки со педали:
- сопирачки со еден педал;
- сопирачки со две педали.
Заради едностран притисок на сопирачката со еден педал на вратилото на
сопирниот барабан, кај машините кои подигаат со моторен погон, исклучиво се
применуваат сопирачки со две педали. За определување на димензиите на
педалите потребно е да се знае површинскиот притисок. Со доволна точност може
да се претпостави дека притисокот е рамномерно распореден по целата површина
на педалот. Дозволениот површински притисок се зема во зависност од
интензитетот на работата и од материјалот на допирните површини. Сопирачката
треба редовно да се проверува од загревање.

2.6.2. Сопирачки со лента


Кај сопирачките со лента, сопирањето се остварува со една еластична лента
(од челик) префрлена преку сопирниот барабан. За да се зголеми коефициентот на
триење меѓу барабанот и лентата, таа треба да се обложува со фрикциони
материјали (дрво, кожа, лента од феродофибер и сл.).
Според конструктивната изведба, лентестите сопирачки се делат на:
- прости
- диференцијални
- збирни.
На сл. 47 шематски е прикажана проста лентеста сопирачка. Таа се состои
од сопирен барабан 1 преку кој е префрлена лента 2 која со едниот свој крај е
прицврстена за неподвижната точка О1 на рамката од машината. Другиот крај на
лентата зглобно е врзан за лостот 3, вртлива околу точката О1; на крајот на лостот
се наоѓа тег чија тежина овозможува сопирање.

Сл. 47 Проста лентеста сопирачка

Диференцијална лентеста сопирачка (сл. 48) се добива кога двата краја


зглобно се врзуваат со сопирниот лост 3 и тоа од двете страни на точката на вртење
на лостот О1. Во тој случај силата во делот на лентата 2 кој наидува на барабанот 1
создава момент со ист знак како и тегот за сопирање. Како и кај простите сопирачки
и кај овие, сопирниот момент се намалува со промена на насоката на вртење на
барабанот, па затоа и овие сопирачки ефикасно можат да се применат само кај
механизмите со една насока на вртење.
29
Машини и опрема

Сл. 48 Диференцијална лентеста сопирачка

Кај збирните (сумарни) лентести сопирачки (сл. 49) двата краја се споени
со лост од истата страна на оската на вртење. Лентите обично се изработуваат од
челик Č0300 и се пресметуваат на истегнување, земајќи предвид дупки за заковки во
кои облогата се прицврстува за лентата. Дебелината на лентата се зема 2-3 mm, а
при поголеми пречници на барабанот и до 5 mm.

Сл. 49 Збирна лентеста сопирачка

2.6.3. Сопирачки со диск и конусни сопирачки


Овие сопирачки се разликуваат од другите сопирачки по тоа што силата со
која се притиска сопирниот елемент (педал или лента) до барабанот, не делува
нормално врз оската на вртење, туку по должината на оската.

30
Машини и опрема

2. 7. Задржувачи
Задржувачите служат да го задржат товарот на
зададена висина. Тие дозволуваат вратилото на
механизмот слободно да се врти на страната на
подигањето на товарот, а спречуваат завртување на
спротивната страна. Според начинот на кој дејствуваат
се делат на запчести и фрикциони.

Запчестиот задржувач се состои од запчесто


тркало b и јазиче c (сл. 50). Во случај на завртување на
запчестото тркало, кое е со клин врзано за погонското
вратило, на страната каде се крева товарот (во насока
спротивна на вртењето на часовникот) јазичето лизга по
грбот на забот од запчестото тркало; пружината a му
помага на јазичето да падне во меѓузабието на Сл. 50 Запчест
запчестото тркало, во случај на повратен ôд. Запчестото задржувач
тркало се изработува од челик или челичен лив, а јазичето се изработува од челик.

Фрикциониот задржувач како и запчестиот, дозволува вртење во една


страна.

Се состои од ексцентрично јазиче 1 и


сопирачки барабан 2 (сл. 51). При вртење на
сопирачкиот барабан во насока на сказалките
на часовникот, се јавува нормална сила на
барабанот и сила на триење. Резултантата на
овие сили создава момент, во однос на оската
на вртење на јазичето, кој тежи да го заврти
во спротивна насока од сказалките на
часовникот, заради што се заклинува и сопира
сопирниот барабан.
Сл. 51 Фрикционен задржувач

2.8. Експлоатација и заштита на механизмите и машините


за подигнување
Секоја дигалка која служи за носење на товар потежок од 100 кг и кај која
подигнувањето на товарот се прави со намотување на јаже или синџир на барабан,
мора да биде снабдена со сите технички податоци за да биде нејзината
експлоатација поуспешна.
Најбитните елементи за сигурна работа на дигалките е правилно
организираната работа, нејзините прегледи и поправки.
Организираните прегледи даваат можност да се откријат и најмалите
неисправности на носечката конструкција и механизмите и така да се отстранат
можностите дигалката да престане со работа заради мали дефекти. Особено
внимание треба да се посвети на периодичноста на подмачкувањето, како и видот
на мазивата за поодделни механизми и делови кои ги пропишува производителот на
дигалката.

31
Машини и опрема

Во зависност од временските периоди во кои се прават, прегледите можат да


бидат:
- дневни;
- неделни;
- месечни;
- полугодишни;
- годишни;
- генерални;
- вонредни.
За да се обезбеди сигурна експлоатација на дигалката во времето меѓу два
ремонти, т.е. за да се знае кои делови треба да се заменат, потребно е да се знаат
дозволените граници на трошење на пооделните елементи на механизмите.
Ако отворот за држење на јажето или синџирот за врзување на товарот, кај
кованите куки, се истроши повеќе од 10% од висината на главниот хоризонтален
пресек на кривиот дел на куката, таа треба да се исфрли од употреба и да се замени
со нова.
Челичните јажиња мора да се заменуваат кога бројот на искинати жици ја
премине вредноста дадена во табела, т.е. дозволената граница.
Синџирите за подигање или врзување на товар мораат да се заменат со нови
ако степенот на абење на алката е поголема од 10% од пречникот на пресекот на
нова алка.
Абењето на запчениците од преносниците на поодделни механизми треба да
се проверува и ако при тоа абењето е поголемо од вообичаените норми кои се
пропишани, потребно е да се заменат како не би дошло до кршење.
Основен принцип при современото градење на дигалките е изработка на
нивните механизми од стандардни, унифицирани елементи. Ремонтот на
механизмите изработени на овој начин е многу упростен, а времето на нивно
ремонтирање е многу скратено. Потребно е да се има резерва на готови стандардни
делови од кои се составени механизмите на повеќе дигалки во погонот; вака
ремонтот се сведува само на замена на дотраените делови, кои подоцна, независно
од работата на дигалката, се поправаат. На овој начин ремонтните работи се
сведуваат само на монтажа и демонтажа на деловите од механизмите.
Ако дигалката работи во сува атмосфера и ако не постои опасност од
механички повреди на проводниците, дозволено е поставување на дигалката без
заштитни цевки и оклопи. Оклопите за заштита на водовите од механичките
оштетувања се изработуваат од лимови со дебелина од 2мм. Водовите на кои може
да паѓа влага или масла мораат да бидат провлечени низ челични цевки. Металните
цевки низ кои се провира кабелот се спојуваат со специјални кутии, а не со
заварување. По провлекувањето на водовите низ цевката потребно е водовите да се
затегнат. По монтажата на севкупната електро- опрема потребно е да се измери
општиот отпор на изолацијата, како и да се провери заземјувањето.
Дигалката на која се прави ремонт, а која се наоѓа на патеката на која се
движат и други дигалки, се оградува со одбојници. Дење на нив треба да се постави
црвено знаменце, а ноќе црвена ламба. Местото каде поминуваат луѓето под
дигалката, во ремонт, треба да се огради и да се снабди со натписи кои
предупредуваат на опасност.
Сигурноста на работата на дигалките во голема мера зависи од помошните
уреди за врзување на товарот за носечките елементи на дигалката. Затоа овие
уреди треба да се изработуваат врз основа на детално изработена документација,
при што треба да се води сметка тие да ги исполнат следните услови:
- со нив брзо да се прифаќа и ослободува товарот;
- да се сигурни при работата како не би испаднал товарот од нив;

32
Машини и опрема

- да имаат мала тежина;


- да не го оштетуваат товарот при носењето.
Челичните јажиња и синџирите кои се користат за врзување мораат да
одговараат на стандардите како да се носечки елемент; тие мораат да имаат
фабрички атест.
За пренесување на товарот со дигалка се употребуваат, како помошни
средства, челични јажиња или конопни јажиња за врзување во форма на јамка или
прстени, синџири, клешти итн. Ситнозрнестите ровки материјали, како и течните
материјали се пренесуваат со најразлични облици на кофи. Конопните јажиња се
употребуваат за врзување на помал товар.
Во текот на експлоатацијата сите помошни средства за врзување на товарот
за носечките елементи од дигалката мораат да се прегледуваат на секои шест
месеци, како би се утврдила нивната состојба и би се воочило нивно евентуално
предвремено кинење.

ПРАШАЊА

1. Какви видови јажиња постојат?


2. Опиши го начинот на изработка на јажњата.
3. Наброи ги начините на плетење на јажињата.
4. Кои фактори влијаат на трајноста на јажињата?
5. Какви видови синџири постојат?
6. Направи споредба помеѓу јажињата и синџирите.
7. За што се користат макарите?
8. Како се пресметува дијаметарот на синџирниците за зглобни синџири?
9. За што се користат макарните механизми?
10. Која е улогата на барабаните?
11. Наведи ја улогата на куките и нивните изведби.
12. Кои елементи се користат за подигнување на шипкасти и ровки материјали?
13. Опиши ги начините на обесување на куката за јажето.
14. Како се делат сопирачките?
15. Опиши го начинот на работа на сопирачките со лента.
16. Наведи ја улогата на задржувачите и опиши го начинот на нивната работа .
17. Како се заштитуваат механизмите и машините за подигнување?

33
Машини и опрема

34
Машини и опрема

Механизми кај машините за


подигање

3.1. Механизми за подигање на товарот

3.1.1. Рачни дигалки


За кревање на товар на мали височини, од 300 - 500 mm, се користат мали
рачни дигалки; тие имаат мала тежина и затоа лесно можат да се пренесуваат.
Најчесто се користат при монтажни и ремонтни работи. Овие дигалки се делат на:
- рачни дигалки со навојно вретено;
- рачни дигалки се запчеста летва;
- рачни хидраулични дигалки.

Рачна дигалка со навојно вретено, (сл. 52) се применува за товари од 1-2


тона; нивниот степен на корисно дејство е = 0,3-0,4 а брзината на подигање е 15 -
35 mm/min.

Составните делови на оваа дигалка се: тело на


дигалката 1, изработено од лиено железо или од
челичен лим и навојно вретено 2 на кое е нарежан
трапезен или правоаголен навој. На врвот на навојното
вретено, се наоѓа подвижна глава за придржување на
товарот 3. Навојното вретено се врти со рачката 4, која
со помош на запчесто тркало 5, телото кое го опфаќа
навојното вретено 6, јазичето 7 и осовините за
фиксирање на положбата на јазичето 9, има можност
своето осцилаторно движење да го претвори во вртливо
движење на навојното вретено.
Аголот на качување на навојното вретено мора да
биде помал од аголот на триење за да не се спушта
сама дигалката под притисок на товарот и обично тој е
40- 50.

Сл. 52 Рачна дигалка со


навојно вретено

35
Машини и опрема

Рачна дигалката со запчеста летва (сл. 53а) се состои од тело 1 во кое се


движи запчеста летва 2, која на својот горен крај има завртна глава 3 за потпирање
на товарот, а на долниот крај педал 4 за подигање на товарот за мали височини.

Запчестата летва се
движи во телото на дигалката со
помош на запченици, кои
добиваат погон од рачката 5. За
да се спречи наглото паѓање на
товарот, како и за да се
овозможи негово задржување на
саканата висина, овие дигалки
имаат т.н. сигурносна рачка (сл.
53 б). На погонското вратило 8 со
клин е врзана главина 9 со
нарежан навој, на кој е навиена
рачка 10. Запчестото тркало со
јазичето 11, слободно е
поставено меѓу главината и
Сл. 53 Рачна дигалка со запчеста летва рачката; запчестото тркало е
спрегнато со јазичето 12, кое е врзано за телото 1 со осовина.

При вртење на рачката во насока на подигнувањето, таа се навртува на


главината и го притиска запчестото тркало меѓу дисковите на главината и рачката;
силата на триење која се јавува на дисковите создава вртежен момент кој се
пренесува врз погонското вратило 8. При подигање на товарот јазичето слободно
лизга по грбот на забот; во случај подигањето да престане, јазичето влегува во забот
на запчестото тркало и товарот се запира. За да се спушти товарот потребно е
рачката да се заврти на спротивната страна, при што запчестото тркало се
ослободува од притисокот и главината 9 почнува да се врти со погонското вратило
заради моментот на товарот. Бидејќи брзината на вртење на вратилото 8 е поголема
од брзината на вртење на рачката, главината 9 повторно се увртува во рачката 10, а
со тоа се притегнува и запчестото тркало 11, т.е. повторно се запира движењето; со
други зборови товарот ќе се спушти со онаа брзина со која ја движиме рачката.
Должината на кракот на рачката кај овие дигалки е l = 200 - 250 mm; бројот на
заби на малите запченици е 4 - 5, а преносниот однос на секој чифт не е поголем од
4. Запчестата летва се изработува од челик (Č0545), а запчениците од челик за
цементирање.

36
Машини и опрема

Рачната хидраулична дигалка (сл. 54) се употребува главно за подигање на


поголеми товари.
Таа се состои од цилиндер 1,
клип 2, славина за спуштање 3,
пумпа 4 и резервоар за течност 5.
При внесување на течност во
цилиндерот со помош на рачката,
клипот се подига со товарот; со
помош на славината 3 течноста од
цилиндерот се испушта во
резервоарот и товарот се спушта.
Течноста од резервоарот се шмукува
преку вентилот 6 и се уфрлува во
цилиндерот преку вентилот 7. Како
работен флуид се користи масло и
смеса од вода и глицерин. Сл. 54 Рачна хидраулична дигалка
Носивоста на хидрауличните дигалки
достигнува 200 тони и повеќе.

3.1.2. Барабани за влеча (витли)


Барабаните за влеча се користат и како самостојни механизми за подигање на
товарот и како составни делови на дигалките. Погонот на овие механизми зависи од
носивоста и од условите на работа, и може да биде рачен или моторен.

Барабаните за влеча на рачен погон се користат за мали товари, кои ретко


се подигаат. Главни параметри за пресметка на барабанот со рачен погон се:
носивоста, должина на јажињата кои се намотуваат на барабанот и сила на рачката
која може да се земе од табела.

Барабаните за влеча се
состојат од два вертикални
челични лимови 1, кои
меѓусебно се поврзани со
делови за одржување на
еднакво растојание. Барабанот
2 е мазен, а при определување
на неговите димензии мора да
се обрне внимание за
намотувањето на јажето во
повеќе слоеви. За барабани со
мала носивост од 1 – 1,5 тони,
се користи запчест преносен Сл. 55 Барабан за влеча
механизам за подигање на
товарот со една брзина. Кај барабаните со поголема носивост (сл. 55) се користат
механизми со променливи запчести преноси кои овозможуваат две брзини: поголема
брзина за кревање на мали товари и помала брзина за кревање на поголеми товари.
За запирање на товарот се користи лентеста сопирачка к.
Барабаните кои не се самосопирливи задолжително треба да се снабдени со
сопирачки.

37
Машини и опрема

Чекрекот (флашенцуг) е преносен, лесномонтажен уред за подигање на


товарот (сл.56)

Сл. 56 Чекрек Сл. 57 Чекрек со полжавест пренос

Чекрекот се обесува со својата горна кука за гредните носачи или за


специјално поставени траверзи.
Постојат рачни и електрични чекреци. Рачните се изработуваат со полжавест
и запчест пренос.
На сл. 57 прикажан е чекрек со полжавест пренос. Тој се состои од куќиште,
механизам за подигање и кука за обесување. Механизмот за подигање има двооден
челичен полжав 1 (тој не е самосопирлив: аголот на качување на навојницата е 160 -
180), полжавестото тркало е од лиено железо 2, одлиен заедно со синџирникот 3 и
синџир за подигање 4. Цел механизам за подигање има сопирачка со диск 5.
Вртењето на полжавот се постигнува со вртење на влечниот синџир 6 преку
синџирникот 7. Чекрекот се обесува за некоја хоризонтална греда со помош на кука
8. Степенот на корисност е  = 0,6; нивната носивост е 1 - 5 тони.

38
Машини и опрема

Барабаните за влеча со електромоторен погон имаат многу широка


примена во практиката (сл. 58).
Како погонски мотори се применуваат
електромотори, парни мотори и мотори со
внатрешно согорување. Влечната сила на
моторните барабани за влеча се движи од 2,5 до
150 кN при брзина на движење на товарот од 0,1
до 1,0 m/s. Должината на барабанот се добива од
условот, должината на јажето од 120 до 150 m да
може да се навитка во 3 до 5 слоја.
Најраспространети се барабаните за влеча
со електричен погон кај кои барабанот е врзан со
електромоторот со запчест или полжавест
пренос. Промената на насоката на движење на
товарот се постигнува со промена на насоката на
вртење на електромоторот; сопирањето се врши
со сопирачка, додека откочувањето се прави со
електромагнет.
Барабаните за влеча со електромоторен Сл. 58 Барабани за влеча со
погон имаат барабани од лиено железо или од електромоторен погон
челик (со заварување на челични лимови).
Сопирачките (со педал или со лента) се поставуваат помеѓу електромоторот и
редукторот на делот на спојката кон редукторот.
Запчениците на запчестиот пренос се изработуваат од челик и мора
механички да се обработуваат; при обемна брзина на запченикот v ≥ 1,5 m/s тие
мораат да бидат подмачкувани со масло.
Откриените запчести чифтови обично се неправилно назабени поради
грешките во монтажата, па затоа ретко се применуваат. На сл. 58 прикажана е
конструкција на еден барабан за влеча со електричен погон.
На таа машина сите запчести преноси се вградени во редукторот со тркалачки
лежишта. Сопирачката е со две педали, кои се притегаат со пружина. Рамката на
машината е заварена од валани профили.

Фрикциони барабани за влеча кај кои влечната сила се пренесува со


триење на барабанот со влечниот елемент. Тие се применуваат во случаи кога
влечниот елемент е премногу долг за да се навитка на барабанот. При работата
јажето неколку пати се обвиткува околу барабанот а (сл. 59) и при неговото вртење
слободниот крај на јажето рачно се затега со некоја сила Fr, додека FQ претставува
сила на товарот.

Барабанот а се изработува со променлив


пресек за да може да се води јажето по неговата
средина. Барабанот добива погон од
електромоторот b преку полжавест преносник с.
Нормално, фрикционите барабани се користат
за хоризонтално преместување на товар; за
вертикално преместување можат да се користат
само во случај кога паѓањето на товарот не би
преставувало опасност.
Брзината на намотување на јажето на
Сл. 59 Фрикционен барабан
барабанот е од 0,25 до 1,0 m/s ; влечната сила е 5 до
за влеча
50 kN.

39
Машини и опрема

Понекогаш фрикционите барабани се изработуваат во два степени составени


од две половини со различни пречници. При намотување на јажето на делот од
барабанот со поголем пречник, можат да се добијат поголеми брзини на движење на
влечниот дел од јажето при помала сила на затегање. Фрикционите барабани главно
се применуваат за маневрирање на вагоните на железничките станици.

3.1.3. Механизми на дигалките за подигнување


За избор на шема на механизмот за подигање неопходно е, пред сé, да се
избери систем на макарни механизми. Со зголемување на бројот на краци на јажето
на макарниот механизам m се намалува пречникот на јажето, а со тоа и пречникот
на барабанот. Заради малиот пречник на барабанот потребен е и помал преносен
однос од моторот до барабанот, а со тоа и поедноставна конструкција на машините;
од друга страна со помал пречник на барабанот, се зголемува неговата должина.
Заради поголемиот број намотувања на јажето преку макарите кај макарните
механизми со поголем број на краци се намалува и векот на траење на јажето.
Поради тоа кај дигалките кои се користат за значителни височини на подигање, при
носивост до 5 тони се избегнува примената на макарни механизми. При носивости
од 5 до 25 тони се користат макарни механизми со 2 до 4 крака; само кај дигалките
со поголеми носивости од 25 тони се користат макарни механизми со повеќе од 4
крака.
Брзините на подигање на товарот се бираат во граници од 0,1 до 1,5 m/s; кај
дигалките со поголеми носивости се усвојуваат помали брзини на подигање.

Сл. 60 Механизми за подигнување со Сл. 61 Механизми за подигнување со


помали брзини поголеми брзини

На сл. 60, a , б , прикажани се механизми за подигање. Недостаток на


конструкцијата прикажана на шема а е големиот притисок (од обемната сила на
запченикот а на вратилото на редукторот e), кое има погонски запченик на конзола.
Тој недостаток механизмот на шемата b го нема. Таа е посложена од шемата а
заради додатното вратило b, спојката c и лежиштето.
Шемите на сл. 61 a и б , се користат за дигалки со поголеми брзини на
подигнување. На шемата а вратилото на барабанот h со спојката d споено е со
вратилото на редукторот. На последната шема (сл. 61б) вратилото на барабанот
истовремено е и вратило на редукторот; недостаток на оваа конструкција е
потпирањето на вратилото врз 3 потпорни точки, што е непожелно заради
закосување при монтажата.
Кај дигалките со грабилки неопходен е механизам за подигнување со 2
барабани, кои можат да се вртат и заедно и независно еден од друг, со што би се
обезбедиле сите потребни работни операции на самата грабилка.
По типот на погонот се разликуваат механизми со 1 електромотор и со 2
електромотори. Промената на насоката на движење на јажињата кај механизмите со
1 електромотор, се постигнува со спојки и планетарни преносници.
40
Машини и опрема

На сл. 62 прикажана е шема на механизам за подигање на грабилка со 1


електромотор. Барабанот за затворање на грабилката 1 преку запчест цилиндричен
преносен пар 2 и 3 е поврзан со погонското вратило 4. Со вратилото 4 поврзан е и
барабанот на кој се намотува јажето 8, а преку фрикциона спојка 5 и запчениците 6 и
7. Двата барабани слободно се потпрени врз оската 9 и имаат одделени
електромагнетни сопирачки 10 и 11. Вклучување и исклучување на фрикционите
спојки се остварува со сопирачки електромагнет.

Прикажаниот механизам работи


на следниот начин:
1. Спуштање на грабилката:
фрикционата спојка вклучена;
сопирачките 10 и 11 оддалечени.
2. Отворање на челустите на
грабилката: фрикционата спојка 5
исклучена, сопирачката 11 на
барабанот за затворање оддалечена,
сопирачката 10 на барабанот за
подигнување 8 закочена, грабилката
виси на закоченото јаже на барабанот
за држење, а челустите на грабилката
се отвораат со јажето на барабанот за
затворање.
3. Затворање на челустите на Сл. 62 Механизам за подигнување со еден
грабилката и зафаќање на товарот: електромотор
фрикционата спојка исклучена,
сопирачката 11 на барабанот за затворање оддалечена, јажето за држење на
грабилката олабавено, а сопирачката 10 закочена; барабанот за затворање 1 се
врти на страната на подигање, го намотува јажето за затворање и челустите на
грабилката го зафаќаат товарот кој треба да се подига.
4. Подигање на полна грабилка: по полното затворање на челустите на
грабилката се вклучува фрикционата спојка 5 и се оддалечува сопирачката 10;
барабанот за подигање и барабанот за затворање се вртат на иста страна и полната
грабилка се подигнува.
Главен недостаток на прикажаната конструкција е во комплицираното
командување на фрикционата спојка и сопирачките.
Можно е многу лесно јажето за затворање да се преоптовари или пак да не се
затворат доволно челустите на грабилката што зависи од тоа дали спојката се
вклучила порано или подоцна.
Поповолно управување со механизмот за подигање на грабилката се
постигнува со примена на планетарен редуктор.
Наједноставна и најсигурна конструкција на механизмот за подигнување на
грабилката е со 2 независни погони за секој барабан. Ваквите конструкции
обезбедуваат приближно рамномерно оптоварување на двете јажиња; тие се и
најекономични бидејќи секој погон може да се смета како приближно половина од
полната носивост на механизмот. Сл. 63 прикажува шема на конструкција на
механизам со 2 независни електромотори.

41
Машини и опрема

При зафаќање на материјалот


работи само барабанот за затворање 4;
електромоторот 2 прима краткотрајно
оптоварување приближно еднакво на
целокупната тежина на зафатениот
материјал и тежината на грабилката
кога челустите ќе се приближат една
кон друга. Во моментот кога грабилката
ќе се затвори, се вклучува и
електромоторот 1 на барабанот за
држење 3; полното оптоварување сега
се распределува на двата
електромотори. Ако електромоторот 1 е
вклучен со задоцнување, тогаш тој,
Сл. 63 Механизам за подигнување со два бидејќи е помалку оптоварен од
независни електромотори моторот 2 ќе има поголем број на
вртежи отколку електромоторот 2 па и
оптоварувањето на јажето за држење на грабилката ќе порасне до таа мерка што ќе
се изедначи со оптоварувањето на јажето за затворање. Работата на механизмот е
следна: при подигање (или спуштање) на грабилката работат двата елктромотори.
Сопирачките 9 и 10 тогаш се откочени, додека запчениците 5 и 6 му предаваат
вртливо движење на барабанот 4, а запчениците 7 и 8 го вртат барабанот 3. За да се
затворат или отворат челустите на грабилката, се вклучува електромоторот 1,
сопирачката 9 сопира и барабанот за држење е закочен.

3.2. Механизами за движење


Дигалките можат да се движат по шини или по пат без шини. Дигалките по
шини главно се изведуваат со потпирање на 4 потпирачи, а поретко на 3. Бројот на
тркала се избира во зависност од притисокот кој делува врз потпирачот. Во случај да
е потребно да се вградат 2 или повеќе тркала на потпирачот, се применуваат
одделени колички врзани со зглобови. На сл. 64 прикажана е конструкција на
количка за потпирање на дигалка со 4 тркала. Таа се состои од главен носач а кој е
зглобно врзан со конструкцијата на дигалката, и зглобно врзан со количките b и c.
Количката b е погонска; погонот се состои од мотор d, редуктор e, сопирачки g,
запчест пренос f кој е во зафат со запченикот k со завртки прицврстени за тркалото.
Тркалото h преку запченикот l е во зафат со запченикот k.
За да се намалат
отпорите на триење помеѓу
венецот на тркалата и
шините потребно е да се
овозможи движење на
дигалката (или количката)
без закосување. Заради тоа
потпорните точки на
дигалката мора да се
Сл. 64 Количка за потпирање движат со еднакви брзини
по шините. Отпорите при движење од силата на триење се состојат од:
- отпори на триење заради тркалањето на тркалата по шините;
- отпори на движењето од триење помеѓу венецот на тркалата и страничните
површини на главината на тркалата, при коса положба на количката во однос на
оската на патеката.

42
Машини и опрема

Шини. Најчесто се применуваат според DIN 536; тие имаат широка челна
(носечка) површина, како и широка стапка, така да овозможуваат релативно големи
притисоци на тркалата. На сл. 65 прикажан е изглед на шина според DIN 536. Многу
често се користат шини од плоснат челик спрема сл. 67.

Сл. 65 Шина за дигалка Сл. 66 Железничка шина

Тие главно се користат за


движење на количката по носачи од
валани профили. Се испорачуваат со
рамна челна површина, со заоблени
рабови, со закосени рабови и со лачна Сл. 67 Шини од плоснат челик
челна површина. За шини за дигалки кои се потпираат врз бетонски фундаменти или
прагови се применуваат железнички шини (сл. 66).

3.2.1. Количка на дигалката (мачка) со електричен погон


Шемата на механизмот за
движење на количката со погон од
електромотор, прикажана е на сл.
68. Движењето се пренесува од
електромотор 1 преку запчести
преноси на тркалата 2. При
рамномено движење, снагата на
моторот е:
F v
P  w kW 

Каде се:
v - брзина на движење во
m/s;
 - степен на корисност на
преносниот механизам;
Fw - отпор при движење во
kN;

Сл. 68 Шема на количка на дигалка

43
Машини и опрема

3.2.2. Механизам за движење на мостовска дигалка со електричен


погон

Составните делови на механизмот за движење на мостовската дигалка се


исти како и кај движењето на количката на дигалката (мачка). Од електромоторот
вртењето се пренесува најпрво преку редуктор на долгото вратило на погонските
тркала, кои обично имаат на себе зацврстен запченик впрегнат со запченикот на
долгото вратило. Постојат и други конструкции на преносен механизам.

Сл. 69 Механизам за движење на мостовска дигалка

Притисокот на тркалата на дигалката е променлив во зависност од положбата на


количката со товарот на мостот. Кај нормалната дигалка со 4 тркала најголем
притисок на тркалата се јавува кога мачката е во крајна положба (сл. 69a) на
растојание е од оската на тркалото.
На сл. 69б, прикажана е скица на која се објаснува начин на погон на една
рамна (портална) дигалка. Како што се гледа од скицата тој е сличен со погонот на
движење на мостовската дигалка, само што се доградени 2 вертикални вратила a и 4
чифта конусни запчаници b со цел вртењето да се пренесе на погонските тркала.
Снагата на моторот при постојано движење се определува на истиот начин како и кај
движењето на мачката. Најголем момент кој е битен при пресметка на преносниот
механизам е кога оптоварената количка се наоѓа во својата крајна странична
положба.

3.2.3. Механизми за движење на конзолна дигалка


На сл. 70 дадена е шема на конзолна дигалка. Најголемата сила на притисок
на вертикалните тркала е:
F G  G k  Gkr
F v p max  v  t
2 2
Каде се:
Fv - сила на притисок на вертикалните тркала;
Gt - тежина на товарот;
Gk - тежина на количката;
Gkr - тежина на дигалката.

44
Машини и опрема

Најголемата сила на притисок на хоризонталните тркала е:


F (G  Gk )  a  Gkr  e1
F h p max  h  t
2 2h
Каде се:
Fh - сила на притисок на хоризонталните тркала;

Сл. 70 Конзолна дигалка

3.2.4. Подвижни дигалки без шини


Дигалките на тркала кои што се движат по пат без шини се користат главно за
мали товари.
Отпорите при праволиниско движење можат да се определат исто како и кај
движењето по шини, но заради значителните деформации на подлогата и заради
нееднаквоста на површината на патот, зависноста помеѓу оптоварувањата (Gt +Gkr)
и силите потребни за совладување на отпорот Fw не можат да бидат изразени на
начин како што е тоа случај кај движење на тркала по шини.
Практично може да се земе:
F ' w  (Gt  Gkr )  c
Каде коефициентот c се избира од табела.
Ако се земе предвид накосеноста на патеката, полната сила на отпорот при
праволиниско движење на дигалката со тежина Gkr и товар Gt ќе биди:
F ' w  (Gt  Gkr )  (sin   c)

Дигалки на гасеници - служат за носење на поголеми товари и можат да се


движат и по терени каде нема патишта. При тежина на дигалката со товар (Gt +Gkr) и
при агол на наведнување на патеката , силата потребна за праволиниско движење
е:
F ' w  (Gt  G kr )  (sin   c ' ) [kN]
Коефициентот на отпорот на движење на гасениците с' се избира од таблица.
Снагата на моторот при брзина на движење v (m/s) и степен на корисност на
преносот  е:
F' v
P w [kW]

При работа на отворен простор потребно е да се земе во предвид и
притисокот на ветрот.

45
Машини и опрема

3.3. Механизми за завртување на дигалката


3.3.1. Конструкција и погон

Механизмот за завртување на вртливите дигалки се состои од погон и


потпорна конструкција која може да биде изработена како платформа или како
столб.
Кај дигалките со завртна
платформа (сл. 71), платформата
се потпира врз своите тркала d на
кружна шина e или пак лежи на
валјаци кои се вртат по неподвижен
прстен.
За да се обезбеди точно
завртување на платформата и за
примање на хоризонталните сили,
постои средиштен стожер f, цврсто
врзан за неподвижната
конструкција, а околу кој се врти
платформата.
Погонот на механизмот се
состои од еден пренос со конусни
запченици или со полжавест пренос
и пренос со цилиндрични
запченици.
Кај дигалките кај кои погонот
Сл. 71 Механизам за завртување на дигалка
е поставен на завртниот дел (сл.
71) запченикот a на последниот преносен пар се врти и завртува околу
неподвижниот запченик b. За да се спречат кршења кои можат да настанат при
ненадејно зголемување на вртежниот момент, во системот на пренос се воведува
фрикциона спојка која може да пренесе момент само до определена големина.
На сл. 72 прикажан е механизам за завртување на столбна вртлива дигалка.
Кај овие дигалки целиот вртлив дел виси на вртлив или неподвижен столб h.
Фрикционата сигурносна спојка во овој случај е изведена во состав на полжавест
преносник; таа се состои од два дискови а со конусните работни површини кои се
притегаат со пружината c.

Сл. 72 Механизам за завртување на столбна дигалка

46
Машини и опрема

Вртливата платформа, кај дигалките со вртење може да се потпира врз


подлогата на два начини: преку тркала на кружна шина и преку валјаци на кружен
прстен.
а) Потпирањето врз вртливата платформа преку тркала на вртлива шина се
користи кај дигалки со носивост до 10 тони. Платформата се потпира врз кружна
шина преку четири или преку осум тркала, во зависност од оптоварувањето. Во
случај на потпирање на осум тркала, по две тркала се вградуваат во колички 1, кои
зглобно се врзани со вртливата платформа (сл. 73).

Сл. 73 Количка со вградени тркала

Доколку постои можност од појава на негативна реакција, потребно е да се


обезбеди од превртување на платформата со вградување на две хоризонтални
шини.
Вертикалниот стожер (централен ракавец) (сл. 74а) ја прима врз себе
целокупната хоризонтална сила. Резултантната сила и притисокот на забот од
запченикот на погонот за вртење, го свиткуваат вертикалниот стожер.
Во зависност од оптоварувањето и положбата на резултантната сила може да
се случи централниот стожер да биде напрегнат и подложен на истегнување.
Потпирањето на вртливата платформа врз валјаци (конусни) покажано е на
сл. 74б. Вртењето се остварува со движење на малиот запченик d по запчестото
тркало e. Како и кај вртењето на платформата со тркала и во овој случај
вертикалниот стожер обезбедува центрично вртење на платформата. За да се
избегне пролизгување на валјаците, како и тркалата, се препорачува и валјаците и
D
тркалата да се изработаат со агол на конусот   k . Валјаците се врзуваат еден со
R
друг со специјален држач f кој обезбедува еднакво растојание меѓу нив.

47
Машини и опрема

Сл. 74 Потпирање на вртливата платформа врз


валјаци (конусни)

На сл. 74 в), прикажана е понова конструкција на потпирање на вртливиот дел


преку дворедни тркалачки лежишта со што се спречува превртување на вртливиот
дел.
Дигалките на столб се изработуваат со вртлив или неподвижен столб. Во
првиот случај столбот е цврсто врзан со конструкцијата на дигалката и се врти во
лежиштата; во вториот случај конструкцијата е насадена врз неподвижен столб и
сама се врти околу него.

3.4. Механизам за промена на дофатот (испустот) на


стрелата
Дофатот (испустот) на стрелата кај дигалките со стрела (растојанието на
товарот од оската на вртење или од зглобната точка на стрелата, измерено по
хоризонтала) се менува од две прични:
а) се зголемува кракот на дофатот на стрелата, со соодветно намалување на
товарот, така што моментот на превртување да не ја премине својата однапред
определена максимална вредност, усвоена при пресметката, со што се добива
поголемо или помало поле на работа;
б) се зголемува или се намалува дофатот на стрелата заради хоризонтално
преместување на товарот. Во вакви случаи промената на дофатот на стрелата и
овозможува на дигалката со стрелата да опслужува една прстенеста површина.
Механизмите за промена на дофатот на стрелата на дигалката можат да се
поделат на 2 групи:

48
Машини и опрема

1. механизми кои го менуваат дофатот на стрелата со подигнување или


спуштање на стрелата;
2. механизми кои го менуваат дофатот на стрелата со помош на колички кои
носат товар и кои се движат по хоризонтален или наведнат појас на решеткастата
конструкција.
Дигалките со стрела кај кои се менува дофатот на стрелата со подигање и
спуштање на истата, се делат на 2 групи:
1. дигалки со криволиниско поместување на товарот при промена на дофатот;
2. дигалки со хоризонтално поместување на товарот при промена на дофатот.

3.4.1. Дигалки со криволиниско поместување на товарот


На сл. 75 прикажана е конструкција на шема на дигалка со стрела чиј врв се
движи по лакот АА’ , а товарот криволиниски се преместува од точката А0 во А0'.
Силата во затегата која ја држи стрелата е:
G  L  G1  l  FH  h  Fu  s
Fz  t
c
Каде што: Fz - сила во затегата која ја држи стрелата;
Gt - тежина на товарот;
G1 - тежина на стрелата;
Fu - сила во јажето за подигање на товарот;
FH - резултанта на хоризонталните сили кои потекнуваат од притисокот
на ветрот и од нишањето на товарот.

Сл. 75 Шема на конструкција на дигалка Сл. 76 Шема на дигалка со стрела чиј


со стрела дофат се менува со навојно вретено

Силата Fz е променлива; нејзината најголема вредност е обично при најголем


дофат на стрелата. Оваа сила може да се постигне на 2 начини:
а) со систем за промена на дофатот на стрелата со помош на макарен
механизам (сл. 75) к чие јаже се навиткува на барабан F, кој преку преносникот
добива погон од моторот.
б) со систем за промена на дофатот на стрелата со помош на навојно
вретено.

49
Машини и опрема

На сл. 76 прикажана е дигалка чија стрела се држи во определена положба со


затегата b, зглобно врзана со навртката a. Со движење на навојното вретено c
навртката се движи по водилки f.

3.4.2. Дигалки со хоризонтално поместување на товарот


Кај дигалките со стрела кај кои товарот се движи хоризонтално кога се менува
дофатот, не се троши работа за подигање на товарот, што овозможува изработка на
полесни механизми и работа со зголемени брзини.

На сл. 77 прикажана е
шема на дигалка со стрела која
овозможува приближно
хоризонтално поместување на
товарот. Таа се состои од стрела
OB, нишалка ABC и затега O1C.
При поместување на стрелата од
положба OB во положба OB1 ,
точката A опишува пат AA1 , кој во
зависност од изборот на
димензиите на стрелата,
нишалката и затегата може да
биде приближно хоризонтален.
Стрелата OB се држи во
определена положба со силата Fp
која делува во точката E, а
потекнува од погонот за промена
на дофатот. Силата во затегата е
Fz.
Сл. 77 Шема на дигалка со стрела која
овозможува приближно хоризонтално
поместување на товарот

На сл. 78 прикажана е шема на конструкција на дигалка чија стрела менувајќи


го наклонот го поместува товарот по одредена патека (во специјален случај
праволиниски) благодарејќи на обликот на својата нишалка и затегата која не е
крута.
За да се определи профилот на нишалката, во случај јажето за подигање да го
има правецот на стрелата OB, се наоѓаат точки на пресекот на правецот на силата
Gt, затегата и оската O-B; со помош на така добиените точки J, J1, J2 .... ,
поставувајќи ја нишалката така што нејзиниот врв секогаш да се наоѓа на правата A-
A’ се наоѓаат отсечоците BC, B'C'1 , B'C'2 .... Кога овие отсечоци ќе се вцртаат под
соодветни агли во однос на правецот BC, се добиваат контурните точки на
криволинискиот дел на нишалката C1, C2, C3 ..... ; поврзувањето на овие точки го
дава конечниот лик на профилот на нишалката.
За да се намали оптоварувањето на моторот на механизмот за промена на
дофатот, стрелата се урамнотежува со специјален противтег Gtg кој е зглобно врзан
со лостот UO1K (сл. 78).

50
Машини и опрема

Сл. 78 Шема на конструкција на дигалка со нишалка

Промената на дофатот на стрелата на конструкцијата прикажана на сликата


се прави со една криваја која добива погон од мотор. Степенот на корисност кој го
зема предвид триењето во зглобовите со кои се врзани деловите на стрелата е
kr=0,85-0,9. Постојат и други видови на погон освен погонот со криваја како: погон
остварен со помош на запчест сегмент и погон со запчеста летва.
Приближно
хоризонтално движење на
товарот при промена на
дофатот на стрелата можи да
се постигни кај дигалките со
стрела на зглоб, ако се вклучи
во системот на јажето за
подигнување дополнителен
макарен механизам за
урамнотежување, поставен
помеѓу крајот на стрелата и
рамката на дигалката (сл.
79a).
Ако резултантата FR на
тежината на товарот Gt и Сл. 79 Шема на дигалка со стрела на зглоб
збирното затегање Fu на сите
краци на дополнителниот макарен механизам, поминува низ оската на стрелата OB,
со оглед дека моментот на силата FR во однос на точката O е еднаков на нула, не би
била потребна никаква работа за подигнување на товарот, во случај да се менува
дофатот на стрелата и во тој случај движењето на товарот би било хоризонтално.
На сл. 79а со i е прикажан бројот на краци на макарниот механизам за
урамнотежување, а со m бројот на краци на макарниот механизам за подигнување.

51
Машини и опрема

На сл. 79б, прикажана е една од можните шеми на макарниот механизам за


урамнотежување и макарниот механизам за подигнување на товарот.
Предноста на системот со урамнотежувачки макарен механизам над системот
со крута затега е во тоа што стрелата не е изложена на усукување од косото
затегнување на товарот како што е тоа случај со стрелите со нишалки на својот врв.

3.4.3. Промена на дофатот на стрелата со поместување на


количката
Кај некои дигалки промената на испустот се постигнува со поместување на
количката со товарот по конзолата на дигалката.
Моторот за движење на количката со товарот може да биде вграден во самата
количка или надвор од конзолата, од каде преку јажиња или синџири се остварува
движењето.
На сл. 80 прикажани се неколку типови
на механизми за промена на дофатот со
движење на количката со помош на јажиња.
На сл. 80a движењето на десната
страна се постигнува со јажето a, а
подигнувањето и спуштањето се врши со
јажето b; при попуштање на јажето a,
количката под дејство на тежината на
товарот се движи на левата страна. Товарот
при промена на дофатот се движи по
наведната права AA1.
На сл. 80б прикажана е шема на
промена на дофатот со помош на јаже за
подигнување.
За да се смени дофатот, потребно е
долниот макарен механизам да се подигне
до својата горна положба, каде што со
специјална спојка, автоматски се вклучува со
количката b; потоа можно е со јаже за
подигнување да се оствари движење на
Сл. 80 Типови на механизми за количката. За подигнување и спуштање на
промена на дофатот со движење товарот, количката со друг специјален уред
на количката со помош на јажиња се поврзува со шината c. На сл. 80в,
прикажана е една универзална шема кај која
е овозможено независно поместување на количката со јажето a, а спуштањето и
подигнувањето на товарот со јажето b.

3.4.4. Избор на електромотор за погон на механизмите


Електромоторите на конструкциите за подигнување работат со прекини. За
време на прекините тие се ладат од загревањето при работниот период. Односот на
збирот на времето t на работа на моторот во текот на еден циклус и времето на
траење на целиот циклус T0, изразен во % се вика релативно траење на работата
TR%.
Режимот на работа на електромоторот кој работи на уредот за подигнување е
специфичен, бидејќи покрај работниот ôд, моторот мора да овозможи повратен ôд со
вртење во спротивна насока како и да работи кратковремено со голем број на
вклучувања.

52
Машини и опрема

Снагата при која моторот може да работи со соодветен режим неограничено


долго време без покачување на пропишаната температура се вика номинална снага
на електромоторот, при повратен кратковремен режим на работа. При првото
приближување може да се земе дека загревањето на моторот е пропорционално со
квадратот на снагата и времето на работата, т.е. пропорционално на (P2t).
Стандардните вредности на релативното траење на работата (TR)0
изнесуваат 15, 25, 40%. На секој мотор како и во каталозите, означена е снагата при
стандардна вредност на (TR)0.
Во случај кога е тешко да се определи вистинската вредност на релативното
траење на работата TR, за пресметка можат да се земат ориентациони вредности
дадени во табела 3.

Табела 3 Вредности за TR%


Карактер на работата
Дигалки кои напорно работаат
Видови на Подвижни дигалки Дигалки со кука Работа со среден
механизми со грабилки кои работаат на интензитет
претовар на
големи количества
на товар
Механизам за 40 – 60% 40 – 60% 25 – 40%
подигнување

Механизам за 60% и повеќе 40 – 60% 25 – 40%


завртување

Механизам за
промена на 25 – 40% 15 – 25% 15%
дофатот
(работно движење)

Поголемиот број на мотори за дигалки во текот на работата работаат со


променливо оптоварување. Така, моторот за подигнување на товарот, за време на
подигнувањето во текот на времето t1 троши снага P1, во периодот на спуштање во
текот на времето t2 работи како генератор со снага P2, за време на подигнување без
товар за време t3 работи со снага P3 и при спуштање без товар за време t4 со снага
P4.
Потребната снага на моторот, имајќи ги во предвид податоците од каталог за
моторите и нивните стандардни вредности за (TR%)0 , се определува по равенката:

( P 2  t ) 100
P0 
T0 (TR %) 0
Со ваков избор на снага на електромоторот се обезбедува негова работа во
пропишаните температурни граници, т.е. дека нема прекумерно да се загрева. После
ваков избор на снагата потребно е да се провери моторот на преоптоварување.
Моторите за дигалки дозволуваат работа со кратковремено преоптоварување.
Ова дозволено преоптоварување е пропишано за секој мотор и назначено е во
табелите за мотори.

53
Машини и опрема

ПРАШАЊА

1. Какви рачни дигалки постојат?


2. Објасни го начинот на работа на рачните дигалки.
3. Што се витли?
4. Опиши како се подигнува товар со чекрек.
5. Од што се составени барабаните за влеча со електричен погон?
6. Како работаат фрикционите барабани за влеча?
7. Објасни го редоследот на операциите на механизмот за подигнување со грабилка со еден
електромотор и со два електромотори.
8. На кој начин се придвижува количката за потпирање на дигалката?
9. Како се пресметува снагата на моторот кај „мачката“?
10. Како се пресметуваат силите на притисок на вертикалните и на хоризонталните тркала
кај конзолните дигалки?
11. Одреди ги силите на движење кај подвижните дигалки без шини.
12. На кој начин се завртува дигалката?
13. Како се делат механизмите за промена на дофатот на стрелата?
14. Опиши го начинот на промена на дофатот кај дигалките со криволониско преместување
на товарот.
15. Објасни го начинот на промена на дофатот кај дигалките со хоризонтално поместување
на товарот.
16. Објасни ги типовите на механизми за промена на дофатот со движење на количката со
помош на јажиња.

54
Машини и опрема

Дигалки

4.1. Вртливи дигалки


а) Ѕидна вртлива дигалка (сл. 81) е една од наједноставните типови на
вртливи дигалки. Механизмот за подигање на товарот обично е поставен на челична
конструкција. Носивоста на овие дигалки е 1 до 1,5 тон. Се применуваат во
стовариштата и ремонтните работилници. Дигалката има 2 лежишта – горно 1 и
долно 2. Горниот ракавец на дигалката е напрегнат со хоризонтална сила, а долниот
со вертикална.
Ако механизмот за подигнување е поставен надвор од конструкцијата, тогаш
силата во јажето ќе биди надворешна сила и таа може дополнително да ги оптовари
или растовари отпорите.

Сл. 81 Ѕидна вртлива дигалка

б) Дигалки без горен потпирач (дигалки на столб) можат да се вртат околу


својата оска за 2.

Овие дигалки можат да се изработуваат со противтег или без него. Во вториот


случај тежината на фундаментот, која е поврзана со столбот ја обезбедува
потребната стабилност на дигалката.
На сл. 82, шематски е прикажана конструкција на вртлива дигалка на столб со
противтег.

55
Машини и опрема

Сл. 82 конструкција на вртлива


дигалка на столб со противтег

в) Столбна дигалка со стрела - Дерик кран, се изработува со крути и


свиткувачки затеги. На сл. 83 шематски е прикажана конструкција на Дерик кран со
крути затеги.

Сл. 83 Столбна дигалка со стрела - Дерик кран

Дигалката се состои од стрела A, две крути затеги D и столб B, кој заедно со


стрелата се врти во круг околу вертикалната оска. Стрелата го менува аголот на
наклонот со помош на макарница E.
На сл. 83б прикажана е положбата на затегата во план. Вртењето на
дигалката се постигнува со јаже намотано околу тркалото C кое е прицврстено за
столбот B. Краевите на јажето се навиткуваат на барабанот на погонот за вртење кој
е надвор од дигалката. Аголот на вртење на стрелата е 1,35 (rad).
На сл. 83в прикажана е скица на Дерик дигалка со свиткувачки затеги.
Најмалиот број на затеги е три, распределени на секои 2/3 (rad). Недостаток на
ваквата конструкција, иако по тежина е полесна од првата, е малиот агол на вртење
на стрелата (и столбот): само 2/3 (rad).
За да се овозможи вртење на стрелата за 2 (rad), столбот на дигалката мора
да се поткрене, а затегите врзани за врвот на стрелата мора кон хоризонтот да се
постават така да стрелата може да помине под затегата. (сл. 83г). Недостаток на
ваквиот систем е барањето, затегите да се врзуваат за фундаментите далеку од
столбот.
56
Машини и опрема

Предноста на овие дигалки е во едноставноста на конструкцијата и малата


тежина. Тие се користат на отворени простори. Нивната носивост се движи во
широки граници, а оди до 50 тони и повеќе.
Често пати, кај мали носивости и мала должина на стрелата, столбот и
стрелата на Дерик дигалките се изработуваат од дрво.
Најчесто се изработува една единствена погонска машина, со која се
управуваат сите движења на дигалката: подигање на товарот, промена на аголот на
наклон на стрелата и вртењето на стрелата. Ваквата машина, со еден погонски
мотор има три барабани за навиткување на соодветните јажиња; управувањето на
работата на барабанот се остварува со спојки, најчесто лентести спојки.
За да може дигалката да се врти, а како погонската машина е неподвижна,
јажињата (јажето на механизмот за подигнување на товарот и јажето на механизмот
за промена на дофатот на стрелата) мора да се водат во близина на оската на
вртење, низ специјално долно лежиште на столбот со отвор за јажињата.
г) Чекан дигалки (сл. 84), се изработуваат за носење на поголеми товари; од
30 до 250 тони. Овие дигалки се состојат од челична неподвижна конструкција 1 на
која се врти вртливиот дел со стрелата 2. По стрелата се движат колички за носење
на товарот 3. За делумно урамнотежување на товарот и стрелата служи противтег 4.

Сл. 84 Чекан дигалки

д) Велосипедските дигалки спаѓаат во групата на подвижно-вртливи дигалки


кои се движат по една шина. Нивниот вртлив дел се изработува како кај дигалките со
неподвижен столб и се вградува на колички кои одат по една шина. Овие дигалки се
изработуваат со и без противтег. Во случај да се движат покрај некој носечки ѕид кој
може да ја прими хоризонталната сила која се јавува како резултат од моментот на
превртување, овие дигалки се изработуваат без противтег, а ако шината да не се
наоѓа покрај ѕид, овие дигалки мора да имаат противтег.

57
Машини и опрема

На (сл. 85) прикажана е шема


на една велосипедска дигалка со
противтег. Таа се состои од колички
со две тркала a, на кои е прицврстен
столб b. На столбот се вградува
вртливиот дел c кој на својот врв има
количка со четири тркала d, вртливи
околу вертикални оски. Меѓу
тркалата се наоѓа шина e, која го
спречува превртувањето на
дигалката, кога стрелата се наоѓа во
рамнина нормална на правецот на
шините.
Сл. 85 Шема на една велосипедна дигалка Основната предност на овие
со противтег дигалки над останатите вртливи
дигалки е во тоа што заземаат многу мала површина на работното поле.
Недостаток им е во тоа што шината на горните тркала ја оптоварува зградата
со значителна хоризонтална сила (ако дигалката работи во затворена просторија).
Носивоста на велосипедските дигалки е 1 - 10 тони. Нивниот дофат на
стрелата се движи од 3 до 7 m. Погонот за сите три механизми е електричен.

ѓ) Железничките дигалки се користат за работа во пристаништата, на


железничките станици, за расчистување на пруги затрупани за време на хаварии на
железничките композиции и сл.
По својата кинематска шема овие дигалки можат да се поделат во две групи:
1. Дигалки специјално изработени за работа на железничките патишта, кај кои
ограничено можат да се преклопуваат работните операции (движење и промена на
испустот на стрелата). Ваквите дигалки со носивост од 20 до 30 тони се користат за
натоварно-растоварни работи, а дигалките со носивост 45-250 тони, главно за
работа на расчистување на пруги.
2. Дигалки, чии вртливи делови се како кај гасеничните и автомобилските
дигалки, а кои имаат дополнителен, повратен (реверзибилен) механизам во
механизмот за движење и кај кои можат да се поклопуваат операциите на движење и
испуштање на стрелата.
Во зависност од носивоста, железничките дигалки се делат на двоосни,
четириосни и шестоосни дигалки. Брзината на самостојното движење не преминува
10 км/час; при превоз на дигалката на поголеми растојанија, таа се приклучува на
останатите вагони во композицијата.
На сл. 86 прикажана е шема на железничка дигалка со кука 1 на крајот на
стрелата 2; овие дигалки можат да работат и со грабилки.

58
Машини и опрема

Сл. 86 Железнички дигалки

Погонот на овие дигалки може да е парен, а може да се применува и погон со


мотори со внатрешно согорување. Последните условуваат вградување на
специјални спојки за лесно оптоварување на моторот, како и вградување на
повратен (реверзибилен) механизам.

е) Гасенични дигалки (сл. 87) - од железничките се разликуваат по своите


елементи за движење. Делот за движење кај гасеничните дигалки е една рамка
поставена врз колички со гасеници, а добива погон од мотор поставен на вртливата
платформа на дигалката.

Овие дигалки се поподвижни од


железничките, бидејќи не се врзани за движење по
шини. Механизмите на овие дигалки добиваат
погон од парна машина, мотор со внатрешно
согорување или од електромотор.
Недостатоци на оваа дигалка во споредба со
железничките се малата брзина на движење и
поголемата цена за изработка.
Гасеничните дигалки се употребуваат кај
стовариштата за ровки материјали, како и кај
специјални претоварни места.

Сл. 87 Гасенична дигалка

ж) Автомобилски дигалки - се вртливи дигалки поставени на автомобилската


шасија. Тие се движат полесно и побрзо од гасеничките и железничките дигалки.
Овие дигалки можат да бидат поставени врз стандардните автомобилски
шасии или на специјални шасии.
По бројот на мотори и по нивното разместување се разликуваат:
1. со 1 мотор поставен на шасија и со развод на снагата на сите погони од
менувачката кутија;

59
Машини и опрема

2. со 1 мотор поставен на вртлива платформа на специјална шасија; погонот


на тркалата се обезбедува преку вертикален ракавец, исто како и кај гасеничните и
железничките дигалки;
3. со 2 мотори - за механизмот за движење и за механизмите за подигнување,
вртење и промена на дофатот на стрелата;
4. со неколку мотори: за секој механизам постои одделен електромотор
поставен врз вртлива платформа; електромоторите се снабдуваат со струја од
генератор кој е погонуван или од моторот на автомобилот или од посебен мотор.
Брзините на движење на овие дигалки можат да бидат и до 50 km/h.
На сл. 88 прикажана е една дигалка вградена на автомобилска шасија.

Сл. 88 Автомобилска дигалка


На сл. 89 дадена е кинематска шема на пренос на една ваква дигалка со
носивост од 3 тони.

На вратилото кое доаѓа


од менувачката кутија
поставена е спојка a и
запченик кој преку други два
запченици, кардански спојки b
и конусен пренос c, го
пренесува вртењето на
вратилото d. Со вклучување
на спојката e со конусните
запчаници f1 или f2 може да
се добие вртење во две
насоки на вратилата p и q.
Спојките g и h овозможуваат
и независно вртење на овие
вратила. Од вратилата p и q
Сл. 89 Кинематска шема за пренос кај
се пренесува движењето на
автомобилска дигалка
барабанот за влеча на
стрелата s.
Вртењето на дигалката се постигнува со вклучување на спојката i преку
преносникот k.При тоа запченикот l се врти околу неподвижниот запчест венец m.
Основен недостаток на овие дигалки е малиот дозволен товарен момент.
За зголемување на стабилноста на автомобилските дигалки служат
специјални педали за запирање, кои за време на движењето на дигалката се
отстрануваат.

60
Машини и опрема

з) Подвижно-вртливи дигалки (на портал) (сл. 90) - многу често нарекувани


портални дигалки, се вртливи дигалки поставени врз цврста конструкција- портал, кој
е подвижен по шини. Овие дигалки се најчесто применуваните претоварни средства
на морските и речните пристаништа, како и на други монтажни, градежни и
претоварни објекти. Под порталот најчесто поминува железнички колосек, ако се
работи за претоварни места. Во некои случаи порталите ги заменуваат
полупортални конструкции, кај кои хоризонталниот дел на челичната конструкција со
едната страна се потпира преку колички непосредно врз зградата на складиштето
или работилницата.

Сл. 90 Портална вртлива дигалка

На сл. 90 прикажана е шема на портална дигалка. Целиот вртлив дел на оваа


дигалка е вграден врз вртлива платформа 1. Стрелата на дигалката 2 е со
решеткаста конструкција и зглобно е врзана за платформата. При промена на
дофатот на стрелата товарот се движи хоризонтално, со помош на свиткувачка
затега префрлена преку клунот (нишалката) 3 со определен профил. Промената на
дофатот се постигнува со еден криваен механизам или запчест сегмент.

61
Машини и опрема

На сл. 91 прикажан е долниот


дел на вртливиот сегмент на
гореспоменатата дигалка (сл. 90),
која се состои од: кабина a, челична
конструкција b, која е потпора на
системот лостови за промена на
дофатот на стрелата c, валјаците за
завртување на вртливиот дел d и
горниот дел на порталот e.
Во кабината се наоѓаат:
механизам за подигнување на
товарот, кој се состои од
електромотор f, редуктор g, барабан
h; механизам за завртување чии
делови се електромотор, редуктор k,
преносник на вертикално вратило l на
кое е навлечен запченик назабен со
неподвижен запчест венец;
механизам за промена на дофатот со
своите делови: електромотор m,
редуктор n кој движи коленесто
вратило r, врзано преку затега p со
погонската нишалка t на чиј крај се
наоѓа тегот q. Со другиот свој крај
погонската нишалка е врзана за
стрелата. Во предниот застаклен дел
s се наоѓа местото на ракувачот и
Сл. 91 Долен дел на вртливиот сегмент командите за управување.
на портална дигалка

Носивоста на порталните дигалки се движи од 1,5 до 25 тони и повеќе. За


носивост поголема од 3 тони, дигалките најчесто се снабдени и со куки и грабилки за
работа со ровок материјал.
На сл. 92 прикажана е портална
пристанишна дигалка. При промена на
дофатот на стрелата товарот се движи
хоризонтално, со помош на нишалката на
врвот на носечката стрела; затегата во
овој случај е свитлива иако нишалката не
е профилирана. Недостаток на ваквите
системи е во тоа што главната стрела е
напрегната на усукување од моментот на
косото затегнување на товарот на
нишалката. Вртливиот дел се наоѓа на
Сл. 92 Портална пристанишна дигалка платформа со вертикалниот столб; тој со
неа е цврсто поврзан и се врти во
потпорите во порталот. Во овој случај тежината на вртливиот дел со товарот ја
прима лежиште на дното на столбот (аксијално), а моментот - радијално лежиштето
на дното на столбот и на врвот на порталот.

62
Машини и опрема

На сл. 93 прикажана е
полупортална дигалка со вртлив дел 1
и крута стрела 2. Ваквата конструкција
ја растоварува главната стрела од
напрегањата кои потекнуваат од
моментот од косото затегнување на
товарот, но се малку потешки, што
секако има влијание врз носечката
конструкција и нејзините погони.

Сл. 93 Полупортална дигалка со вртлив


дел и крута стрела

4.2. Стабилност на вртливите дигалки


Стабилноста на сите вртливи дигалки мора да биде проверена, а која се
обезбедува со правилен избор на димензии на потпорите на вртливиот дел и со
правилна положба на механизмите и противтегот. Се разликуваат 2 вида
стабилности:
- стабилност во однос на превртување на страната на товарот, под дејство на
товарот кој се подигнува, ветрот и силата на инерцијата, и
- сопствената стабилност во однос на превртувањето на вртливиот дел на
страната спротивна од стрелата.
Силите кои предизвикуваат превртување на дигалката се:
1. тежина на товарот и куката, кои делуваат на некое растојание од оската на
вртење на дигалката;
2. тежина на деловите на дигалката;
3. сили на инерцијата од масата на товарот при сопирање;
4. сили на инерцијата од масата на товарот при вртење на дигалката;
5. притисок од ветрот врз решетката на дигалката и врз површината на
товарот изложена на ветар.
При пресметка на дигалките потребно е да се обезбеди неопходната
сигурност против превртување на страната на товарот. Коефициентот на стабилност
на оптоварена дигалка е еднаков на односот на моментот на превртувањето околу
линијата на превртување на сите сили кои дејствуваат врз дигалката, со влијанието
на сите можни дополнителни оптоварувања (оптоварување од ветрот, тежина на
снегот, инерцијалните сили и наклонот на патеката) освен работниот товар, спрема
моментот кој го предизвикува работниот товар околу истата линија на превртување.
Ако се разгледуваат дигалки кои се движат по шини, тогаш не се зема
предвид влијанието на наклонот на патеката. Постојат 2 вредности на коефициентот
на стабилност: 1=1,15 , кога сите сили се земаат предвид и 2=1,4 , кога се земаат
предвид само статичките сили (исклучувајќи го оптоварувањето од ветрот и силите
на инерцијата). За да се спречи превртување на вртливиот дел на дигалката се
користат контра-шини, двојни топчести тркалачки лежишта итн. Ако ги нема овие
уреди тогаш задолжително треба да се провери стабилноста на дигалката.

63
Машини и опрема

4.3. Мостовски дигалки


Мостовската дигалка се состои од мост A и количка B (сл. 94).

Сл. 94 Двогредна мостовска дигалка

Мостот на дигалката е просторна решетка која има 4 вертикални решетки


врзани 2 по 2 со хоризонтални решетки. Двете средни решетки a се главни решетки
и тие на себе го примаат вертикалното оптоварување од тежината на товарот и
количката.
Надворешните вертикални решетки b заедно со хоризонталните решетки c й
ја даваат на целата конструкција неопходната крутост. Краевите на сите 4
вертикални решетки се потпираат врз страничните челни носачи d, кои преку
тркалата e се движат по шините f. Најчесто по едно тркало од секоја страна на
мостот е погонско. Тие примаат погон од моторот h преку редуктор и погонско
вратило i. На самото место вградена е кабина за управување g, од која може да се
ракува со сите движења на дигалката. По горните појаси на главните вертикални
решетки се поставени шини по кои се движат количките B. Горните хоризонтални
решетки најчесто се прекриваат со лимови, така што истовремено служат и како
патека за надгледување и опслужување на механизмите. За таа цел се поставуваат
огради во рамнина на споредните надворешни вертикални носачи.
Наместо носачи со решеткасти конструкции во поново време се изработуваат
мостовски дигалки чии носачи се изработени од лимови со мала дебелина.
Покрај опишаните дигалки со 2 главни носечки, надолжни конструктивни
елементи, се применуваат, за помали товари (од 1 до 5 тона) и за помали распони
(од 15 до 17м), едногредни мостовски дигалки, т.е. такви дигалки кај кои товарот
преку количка се поместува по еден носечки надолжен елемент.
Мостот на ваквите дигалки (сл. 95) се состои од надолжен носач (валан I
профил) 1 и напречни челни носачи 2, кои ги носат тркалата 3; тркалата се движат
по шини поставени на носачи на патеката на дигалката.
За да се добие доволна крутост во хоризонталната рамнина, при поголеми
распони се поставува хоризонтална решетка 4, која истовремено служи за носење
на механизмот за движење на мостот 5. Електричниот подвижен чекрек 6, кој се
движи по долниот појас на главниот носач, е целокупниот уред за носење и
подигнување на товарот. При поголеми распони, заради намалување на отклонот,
главниот носач се засилува со затегите 7 – кои всушност се помошни челични
конструкции врзани со основните носачи.

64
Машини и опрема

Сл. 95 Едногредна мостовска дигалка

На сл. 96 прикажана е двомоторна количка за носење на товарот (мачка).

Таа се состои од заварена рамка a која се


потпира на 4 тркала; две од нив се вртат со помош
на моторот c преку редукторот d. Моторот преку
еластична спојка e е соединет со вратилото на
редукторот. Обично еден диск од спојката е
истовремено и сопирен барабан.
Подигнувањето на товарот се прави со
механизам за подигнување; долната макарница f
со куката, преку јажиња е обесена за барабанот g.
Тој добива погон од моторот преку редукторот k. За
сопирање на движењето на товарот (подигнувања
и спуштања) поставена е сопирачка n со
електромагнетен откочувач p. Моторот со
вратилото за погон е поврзан со еластична спојка
m.
Мостовските дигалки имаат широка примена
во работилниците и други фабрички одделенија. За
да работи мостовската дигалка на отворен простор
потребно е да се изработи патека за столбови, што
често е нерентабилно.
Основен недостаток на примената на Сл. 96 Двомоторна количка
мостовските дигалки во складиштата е потребата за носење на товарот
за други транспортни средства кои товарот би го (мачка)
внесле, односно изнесле, од стовариштето.
Нивната предност е во големото искористување на површината на
стовариштата, бидејќи за мостовска дигалка не е потребен простор како кога би се
применил некој друг уред што се движи по подот.
Работните брзини на поодделни движења кај мостовските дигалки со кука се:
брзината на подигнување 20 до 25 m/min, брзина на движење на количката 25 до 40
m/min и брзина на движење на мостот 40 до 100 m/min. Кај дигалките со грабилки
брзините се: за подигнување на товарот 30 до 50 m/min, за движење на количката со
грабилката 40 до 60 m/min и за движење на мостот на дигалката 80 до 125 m/min.

65
Машини и опрема

4.4. Рамни и полурамни дигалки


Рамните дигалки се состојат од хоризонтален мост и вертикални ногарки во
кои се вградени количките за движење по шините поставени на подот. По
хоризонталниот мост се движи количката (сл. 97) со механизмот за подигнување на
товарот исто како и кај мостовските дигалки.
Механизмот за движење
на целата дигалка сместен е на
средината на мостот; вртењето
на моторот се пренесува
најпрво со хоризонтални
вратила, па потоа со
вертикални вратила до
количката на ногарите. Можно е
да се вградат посебни
механизми за движење на
секоја ногара, па вртењата да
се синхронизираат по
електричен пат или со
механичка врска преку
запченици.
Сл. 97 Рамна дигалка Напојувањето на
електромоторот се врши преку
лизгачи, вградени врз конструкцијата кои лизгаат по разводните водови (или
шините).

Полурамните дигалки (сл. 98) се


разликуваат од мостовските по тоа што тие
имаат на едната своја страна ногара
(просторна вертикална решетка) во која се
вградува количката за движење на
дигалката по шините.
Другата страна на мостот е иста како
и кај мостовската дигалка и нејзината
количка се движи по патеката на дигалката
вградена најчесто на ѕидот на некоја хала.
И овие дигалки, како и мостовските, можат
да се изведат со колички за пренесување
на товарот (мачка) кои се движат по
горниот или долниот појас на
хоризонталниот мост.
Сл. 98 Полурамна дигалка

4.5. Претоварни мостови


Претоварните мостови се користат во големите стоваришта, т.е. на места
каде е потребно да се опслужуваат големи површини. Многу често претоварните
мостови се користат на пристаништата, кога со исти претоварни средства се
истовараат или натовараат пловни објекти и истовремено се опслужува
складиштето на материјали поставено непосредно до брегот.
66
Машини и опрема

Распонот на претоварните мостови се движи и преку 200м, но нивната


носивост ретко преминува 30 тона.
Заради големиот распон на мостовите, при промена на температурата се
јавуваат значителни температурни дилатации. За да се спречи зголемувањето на
напрегањата во поедини делови на конструкцијата, претоварните мостови се
изработуваат со една крута и една флексибилна ногара, со што е овозможена
промена на распонот на самиот мост.
На сл. 99a прикажан е претоварен мост со конзола 1 на страната на брегот.
Конзолата на мостот во овај случај може да се подигнува за да се овозможи премин
на бродови со поголема висина.

Количката со
механизмот за подигање можe
да се движи по горниот, или по
долниот појас. За да се сведи
движењето на тешката
конструкција на претоварниот
мост на што помала мерка,
најчесто по претоварниот мост
се движат и колички со вртлив
дел со стрела 2 (сл. 99a) или
вртлива дигалка со стрела (сл.
99б). Со помош на овој вртлив
дел можат да се достигнат
големи делови од
стовариштето без
поместување на основната
носечка конструкција.
Во случај кога треба да се
транспортира материјал преку
претоварниот мост на големи
далечини на мостот се
вградува, покрај вртливиот
дел, и транспортер, така што
истоварот од бродовите (или
другите превозни средства) се
прави со вртлива дигалка која Сл. 99 Претоварни мостови
го истура материјалот на
лента.

Со ова значително се намалува работниот циклус на истовар, а со тоа се


зголемува капацитетот на целата постројка.

4.6. Кабелски дигалки (кабел кранови)


Кабелските дигалки (сл. 100a) се состојат од два столба 1 и 2 помеѓу кои е
затегнато носечко јаже 3. По јажето се движи количка 4 со носечки макари на
механизмот за подигнување 5. Јажето за подигнување на товарот обично е
прицврстено на еден столб (кула); другиот крај на носечкото јаже се намотува на
барабанот на механизмот за подигнување 7, поставен во машинската кабина на
другата кула. Количката 4 се движи со помош на влечно јаже 9 кое формира

67
Машини и опрема

безконечна клучка префрлена преку влечниот барабан 10. Кабината на ракувачот на


дигалката 11, заради полесна контрола на работата се наоѓа на врвот на едната
кула.
За обесување на електричните проводници служи дополнително јаже 12;
количката 13 служи за движење на дигалката.
За држење на влечното јаже и јажето за подигање на товарот служат
специјални држачи (јавачи), кои ги спречуваат големите отклони на јажињата при
поголеми распони. Овие држачи со специјален уред се носат на количка и се
распределуваат на соодветни места по распонот.
На сл. 100b дадена е шема на кабелски дигалки со различни конструкции:
а) Неподвижни (стационарни) кабелски дигалки (тип I) се оние кај кои двата
столба (кули) се неподвижни. Во овој случај дигалката опслужува само еден тесен
појас по должината на распонот.
Б) Кабелски дигалки со нишачки кули – тип II; кај овие дигалки кулите со
помош на затеги можат да се извадат од вертикалните положби, до агол од 80.
Појасот на опслужување во овој случај е правоаголник. Наведнувањето на кулите се
изведува периодично, при премин од една линија на опслужување на друга.
Должината на работната површина е приближно еднаква на распонот на дигалката,
а зоните на опслужување зависат од висините на кулите.

Сл. 100 Видови кабелски дигалки


в) Подвижни кабелски дигалки - тип III - можат да се движат со помош на
колички вградени на двете кули, по шини кои ја ограничуваат работната површина;
појасот на работа е правоаголна површина.
г) Радијални кабелски дигалки - тип IV - се оние кај кои едната кула е
неподвижна, а другата се движи по шини со облик во вид на лак, чиј центар на
кривината е оската на неподвижната кула. Површината која може да ја опслужува
ваквата конструкција е кружен исечок.
д) Мостовски кабелски дигалки - тип V. Кај овие дигалки носечкото јаже се
зацврстува на краевите на конзолата на една рамна конструкција која има лесна
конструкција на распонот меѓу ногарите; овој дел покрај оптоварувањето од
сопствената конструкција има и оптоварување од силата на затегање на носечкото
68
Машини и опрема

јаже, при што моментот на свиткување од сопствената тежина во голема мера го


поништува моментот од силата на затегање на носечкото јаже. Заради тоа и
тежината на конструкцијата е релативно мала. Овие дигалки се користат за распони
до 100м. Површината на опслужување е правоаголник.
Кабелските дигалки најповеќе се користат во градежништвото за пренос на
материјалите до местото на вградување (сл. 101). Особено овие дигалки нашле
примена во изградбата на брани за хидроцентрали, за доведување на бетонот и
други материјали од местото на производство до објектот.

Носивоста на кабелските дигалки се


движи од 5 до 15 тони, а во специјални
случаи и до 25 тони. Во зависност од видот
на материјалот кој треба да се пренесува,
овие дигалки се снабдени со куки, грабилки,
кофи за бетон и сл. Распоните се движат од
250 до 500м, а во специјални случаи и
повеќе.
Висината на подигање кај овие
дигалки зависи од релјефот на местото на
кое работи и од габаритите на градежните
објекти; таа се определува од условот и при
најголеми отклони на носечкото јаже, да
може да се пренесува товар преку објектот
кој се наоѓа на патот на количката на
дигалката.
Работните брзини на механизмите на
кабелските дигалки се одредуваат во
зависност од основните параметри: Сл. 101 Кабелска дигалка
носивост, височина на подигнување и распон. Тие се движат во следните граници:
подигање на товарот 50 до 100m/min, движење на количката 200 до 400m/min (и до
600m/min при поголеми распони), движење на кулите 10 до 30m/min.
Основен недостаток на примената на кабелските дигалки се поголемите
оптоварувања на патеката на дигалката, кои делуваат, не само во вертикалната
рамнина, туку и во хоризонталната (од силите на затегање на јажињата), што
предизвикува поголеми странични притисоци на градежните објекти.

4. 7. Пловни дигалки
Пловните дигалки наоѓаат широка примена во речните и морските
пристаништа, како и во градежништвото при изведување на хидротехнички објекти.
Најголема примена имаат во речните пристаништа со мал промет на
материјал, каде што вградувањето на стабилни претоварни уреди е нерентабилно.
Во вакви случаи, пловните дигалки можат да се преместуваат од едно до друго
пристаниште и да истовараат по потреба. Овие дигалки се применуваат и во
пристаништа со поголем промет на материјал, но со големи разлики во височината
на нивото на водата. Тие можат да се употребат и за претовар на материјал од еден
на друг пловен објект.
Подигнувачкиот дел на пловните дигалки може да биде вграден на пловниот
објект со сопствен погон за движење или без него.
Во зависност од тоа каде работат, пловните дигалки се изработуваат за
работа на пристаништа или на отворено море и тоа вртливи или невртливи.

69
Машини и опрема

Вртливите дигалки се пораспространети од невртливите, заради поголемите


маневарски способности.
Пловните дигалки се изработуваат за товари од 3 до 350 тони, а во специјални
случаи (дигалки за монтажа на големи бетонски блокови) и до 500 тони.
Погонот на механизмите на дигалката може да биде парен или електричен. Кај
современите конструкции најчесто се користи погон од независни електромотори.
Тие се снабдуваат со електрична енергија од дизелов електричен агрегат, поставен
на самиот пловен објект.
Деловите за подигнување кај пловните дигалки со поголема носивост (50 и
повеќе тони) поставени се на пловниот објект симетрично во однос на неговата
надолжна оска и поблиску до едната челна страна, за дофатот на стрелата да биде
еднаков на трите страни на објектот: кон челото и кон страните. Пловниот објект во
вакви случаи се урамнотежува со водени противтовари.
Пловните дигалки, најчесто имаат неколу механизми за подигање на товарот
со различни параметри на носивост и брзина.
Движењето на пловните дигалки без сопствен погон се постигнува со влечење
со помош на јажиња. Слободните краеви на јажињата се врзуваат за брегот, а
другите краеви се навиткуваат на барабани на пловниот објект.
На сл. 102 прикажани се пловни дигалки со грабилка 1 на врвот на стрелата.
Вртливиот дел на оваа пловна дигалка, кој е поставен на пловниот објект има стрела
од делови зглобно врзани и флексибилна затега.

Сл. 102 Пловна дигалка

70
Машини и опрема

4. 8. Подигнувачи
4. 8. 1. Верикални и коси подигнувачи
а) Подвижни подигнувачи- Се користат главно во стовариштата за
сместување на парчести товари со различна височини. Овие подигнувачи можат да
бидат самоодни и несамоодни.
На сл. 103 прикажан е еден несамооден вертикален подвижен подигнувач. Тој
е составен од вертикална метална рамка а потпрена на количка со тркала b;
предните тркала можат да се вртат околу вертикална оска. Страниците на
вертикалната рамка служат во овој случај како водилки за тркалата на конзолна
платформа c која се движи со помош на јаже.

Сл. 103 Несамооден вертикален Сл. 104 самооден вертикален


подвижен подигнувач подвижен подигнувач

Јажето со еднот крај се навиткува на барабанот на механизмот за


подигнување, поставен во основата на конструкцијата; а другиот крај на јажето е
врзан за платформата, преминувајќи преку макари.
Погонот на механизмот може да биде рачен или моторен (најчесто со
електромотор). ако е погонот рачен, механизмот мора да има т.н. “сигурносна рачка”,
која автоматски ја задржува товарната платформа на одредена височина.
Кај погон со електромотор механизмот мора да има сопирачка со
електромагнетно откочување.
Заради полесно поместување на подигачот од едно место на друго, често се
изведува вертикална конструкција на подигачот од два дела A и B, кои можат да се
вовлечат еден во друг.
Носивоста им е од 0,25 до 1 тон, при висина од 5 m. Во последно време се
повеќе се користат самоодни подигнувачи (сл. 104), вградени, како на универзални
моторни колички (т.н. електрокари или автокари), така и на специјални колички
составени од стандардни автомобилски делови. Носивоста не надминува 5 тони, при
височина од 5м. Овие подигнувачи се изработуваат со различен облик на носечкиот
дел, што зависи од товарот кој се подига.

б) Преносни воздушни подигнувачи - се користат наместо чекреци; на сл.


105 прикажана е конструкција на воздушен подигнувач со носивост од 0,5 тона и
височина на подигнување од 1150мм. Цилиндерот a е челична цевка, од двете

71
Машини и опрема

страни затворена со капаци од леано


железо. На горниот капак b врзана е кука за
обесување на целиот подигнувач c. Долниот
капак има испуст на кој се навртува навртката.
Со гумена заптивка e се спречува преминот на
воздухот од цилиндерот во атмосферата. Двата
капаци се држат со затеги f. Клипот g е од
леано железо. Кожната заптивка h која со
пружината i притиска врз ѕидот на цилиндерот,
обезбедува заптивање на цилиндерот. На
долниот дел на клипната полуга вградена е кука
L за обесување на товарот.
Со помош на разводникот m, кој е врзан
за долниот капак, се управува со работата на
подигнувачот.

в) Лифтови - наменети се исклучиво за


вертикално поместување на товар и луѓе. Тоа
се всушност кабини кои се движат по
вертикални водилки поставени во отворите за
лифтови.
Лифтовите се делат на товарни и
Сл. 105 Преносни воздушни патнички. По начинот на погон се делат на
подигнувачи електрични, хидраулични и рачни. Најголема
примена имаат електричните.
Брзините на движење на товарните лифтови се движат од 0,15 до 1,0 m/s.
Патничките се изработуваат со брзини од 0,5 до 1,5 m/s и повеќе, а во специјални
случаи и до 7 m/s и повеќе.
Кај нормалните лифтови кабината се подигнува со помош на челично јаже кое
се навиткува на барабанот на механизмот за подигнување. За да се намали снагата
на електромоторот за подигање, кабината на лифтот е врзана со протвтег.
На сл. 106 дадена е шема на лифт. Тој се состои од кабина a, челични јажиња
b, водилки c, погон d, макари за водење на јажето на противтегот, противтег f и
водилки на противтегот g.
Кабината на лифтот која служи исклучиво за пренос на товар може да биде
обесена само за едно јаже, а кабините на патничките лифтови се обесуваат,
најмалку со две јажиња.

На сл. 107 шематски е дадена конструкција на еден фаќач.


На горниот носач на рамката на кабината a, прицврстена е конзола со ракавец
b, по која може, преку клин да се поместува чаурата c. Ракавците на чаурата b
врзани се преку лост е за траверзата f; траверзата f е врзана со носечкото јаже. Во
случај на прекин на јажето, чаурата c, под дејство на пружината h ќе се спушти низ
конзолата b и ќе ги заврти лостовите k околу оските m, чии лежишта се наоѓаат на
рамката на кабината; заедно со оските m ќе се завртат и ексцентрите n кои ќе ја
заклинат кабината во водилките p.
Покрај со автоматски фаќачи, лифтот е снабден со специјална автоматска
апаратура, која дозволува вратите на окното на лифтот да се отворат само кога
кабината е во правилна положба. Исто така, специјални контакти дозволуваат
машината на лифтот да се стави во погон само ако вратите на окното се добро

72
Машини и опрема

затворени. Со крајни исклучувачи е обезбеден граничен ôд на кабината на лифтот.


Сите лифтовски машини мора да имаат сопирачки со електромагнетни
откочувачи. Регулаторите на брзини не дозволуваат зголемување на брзината
повеќе од 40% од нормалната. Снагата на електромоторот мора да ја совлада
тежината на товарот и отпорите во водилките на макарите и во погонот.

Сл. 106 Лифт Сл. 107 Фаќач на лифтот

г) Скипови (или кофести) подигнувачи - служат за подигнување на


ровок материјал или вертикално во височина или косо под некој агол кон
хоризонталата.
На сл. 108 прикажана е шема на еден кос скипов подигнувач. Тој се состои од
кофа a која се движи по водилки b; кофата се движи со помош на јажето c кое,
свиткувајќи се преку макарата d се навиткува на барабанот на машината за
подигнување e. Горните тркала на кофата f се тркалаат по внатрешната страна на
водилките b; задните тркала h’ се движат по горната површина на водилките. При
подигање на кофата, предните тркала f’ од водилките b преминуваат на водилката
g, а задните тркала се движат праволиниски по водилката b. Благодарејќи на
таквото движење, положбата на кофата на крајот на движењето е таква (точкесто
прикажана на сликата) нејзината содржина да се празни самата под дејство на
гравитацијата.
Кај неподвижните скипови подигнувачи, кофата на скипот, често автоматски се
полни со материјал од бункерот, кој кофата сама го отвора при својот ôд кон
почетната положба. За да се намали снагата на електромоторот за погон, често
корпата на скипот се урамнотежува со противтег.

73
Машини и опрема

Сл. 108 Скипов (кофест) подигнувач

ПРАШАЊА

1. Наброи ги вртливите дигалки.


2. Кои се составни елементи на Дерик кранот?
3. Како се урамнотежува велосипедската дигалка?
4. Како се делат железничките дигалки?
5. Кои се предности, а кои недостатоци на гасеничните дигалки во однос на шинските
дигалки?
6. Објасни ја кинематската шема за пренос кај автомобилската дигалка.
7. Опиши го принципот на работа на вртливите портални дигалки.
8. Кои сили предизвикуваат превртување на дигалката?
9. Какви можат да бидат мостовските дигалки, според бројот на решеткастите носачи?
10. Опиши го принципот на работа на двомоторна количка за носење на товарот (мачка).
11. Кои дигалки се викаат рамни, а кои полурамни дигалки?
12. Наброи ги составните делови на претоварните мостови.
13. Кои се кабелски дигалки и какви видови има?
14. Каде се користат пловните дигалки?
15. Како се урамнотежува пловниот објект врз кој е поставена дигалка?
16. Какви можат да бидат подвижните подигнувачи?
17. Каков притисок владее во преносниот воздушен подигнувач кога се подигнува товарот?
18. Какви видови лифтови постојат?
19. Која е намената на скиповите (кофести) подигнувачи?

74
Машини и опрема

Механизми за непрекинат
транспорт

5.1. Поделба и област на примена на машините за


непрекинат транспорт

Машините за непрекинат транспорт се користат на сите места каде е потребно


да се поместуваат големи количества на ситнозрнест и ситнопарчест материјал.
Работата без запирање овозможува машините за непрекинат транспорт да
можат да постигнат одреден капацитет без оглед на должината на
транспортирањето.
Без оглед дали овие машни се користат како независни машини или како
производни машини, со континуиран тек на некој процес тие можат да се поделат на:
А. Машини со влечен елемент;
Б. Машини без влечен елемент;
В. Помошни уреди.
А. Во групата машини со влечен елемент спаѓаат сите машини кај кои
поместувањето на товарот се прави со движење на бесконечна лента, синџир или
јаже. Овие машини се делат на три групи:
1. Транспортери се машини кои поместуваат товар по хоризонтала или под
благ наклон; овие машини не можат да се користат за вертикален транспорт.
2. Елеватори се машини кои можат да пренесуваат товар вертикално или
косо под некој агол.
3. Конвеери се машини кои можат да пренесуваат материјал и хоризонтално
и вертикално и тоа во една рамнина или слободно во просторот.
Транспортерите се изработуваат во разни варијанти (сл. 109):

75
Машини и опрема

Сл. 109 Видови транспортери со влечен елемент

а) Лентести транспортери (сл. 109a) - се оние кај кои материјалот се


транспортира со бесконечна лента. Овие транспортери имаат широка примена
заради простата конструкција и големите експлоатациони предности.
б) Плочести транспортери (сл.109б) – кај овие транспортери материјалот
лежи врз плочи кои се поврзани со два паралелни бесконечни синџири. Овие
транспортери најчесто се користат за пренос на парчести товари.
в) Грабиличести транспортери (сл. 109в) – кај овие транспортери
материјалот (ровок) се транспортира со преместување по коритото со помош на
попречни гребачи врзани за еден или два бесконечни влечни синџири; се користат
за транспорт на материјал на релативно мали растојанија
2. Елеватори - се делат на:
а) Елеватори со кофи кои служат за пренесување и подигање на ситнозрнест
материјал. Како влечен орган се применува гумена лента или синџири. На сл. 109д
прикажан е подвижен елеватор со кофи со проста конструкција.
б) Елеватори за товари во парчиња - тоа се елеватори кај кои, за 2
бесконечни синџири, се прицврстени специјални фаќачи за товар. На сл. 109ѓ
прикажан е елеватор со фаќачи за вреќи.
3. Конвеери - оваа група на машини за непрекинат транспорт со влечен
елемент може да биде поделена на машини кои работаат во една рамнина и на
машини кои работат во простор, т.е. рамнински и просторни конвеери. Во зависност
од видот на материјалот кој го транспортираат можат да бидат за ровки материјали
(сл. 109г) и за товари во парче.
Б. Во групата на машини и уреди без влечен елемент спаѓаат следните
машини (сл. 110):

76
Машини и опрема

Сл. 110 Видови транспортери без влечен елемент

1. Завојни транспортери - кои работат врз принцип на завојница. На сл. 110a


прикажан е завоен наведнат транспортер за ровки материјали. На сл. 110б прикажан
е завоен транспортер со 2 завојници за пренос на товар во парчиња
2. Инерцијални транспортери (сл. 110в) - работниот, носечки елемент на
овие транспортери има осцилаторно движење. При работниот ôд носечкиот елемент
го става во движење материјалот кој се наоѓа врз него, додека во повратниот ôд
пролизгува под него, намалувајќи му ја брзината добиена од силата на инерцијата во
работниот ôд.
3. Валчести транспортери (ролганзи) - се користат за транспорт на товари во
парче, кои се движат по валците наредени еден до друг во носечката рамка.
Валците се движат со електромотор; движењето од еден на друг соседен валјак се
пренесува со помош на синџирест пренос (зглобни синџири).
4. Пневматски постројки (сл. 110г) - кај кои транспортот на ровок материјал
се постигнува со струја од воздух низ специјални водови. Голема предност на
воздушните постројки за транспорт е во тоа што, благодарејќи на флексибилните
водови може да се дофати и најнепристапното место, од каде се извлекува
ситнозрнест материјал (од затворени вагони, бродови, силоси итн).
5. Хидрауличен транспорт - многу се користи во градежништвото за масовни
земјишни ископи или за вадење песок и чакал од вода (рефулирање).
В. Помошни уреди каде спаѓаат:
1. Гравитациони уреди - Кај овие уреди материјалот се поместува под
дејство на сопствената тежина. Тука спаѓаат: наведнати жлебови, завојни жлебови,
валчести транспортери без погон (ролганзи без погон, (сл. 110д), итн).
2. Додавачи (дозатори) - се уреди кои го регулираат спуштањето на
материјалот од бункерите на транспортната машина.

77
Машини и опрема

3. Уреди за мерење на тежината на транспортираниот материјал.


4. Бункери и разни типови затворачи.
Во машините за непрекинат транспорт може да се вброи и жична железница
со кружно движење на вагонетите (сл. 110ѓ). Жичната железница се користи за
транспорт на материјал на многу големи растојанија кои преминуваат 20 km.

5.2. Лентести транспортери


5.2.1. Конструкција на лентести транспортери
Лентестите транспортери се најраспространетите машини за непрекинат
транспорт. Тие можат да транспортираат и ровок и парчест материјал и тоа и по
хоризонтална и по наведната патека.
Многу голема примена на лентестите транспортери овозможена е со низата
нивни експлоатациони предности: едноставна конструкција, висок капацитет,
можност за транспортирање на материјал и хоризонтално и вертикално, големите
должини на транспортирање, мирна и бесшумна работа.
Лентестиот транспортер (сл. 111) се состои од два крајни барабани 1 и 2 преку
кои поминува бесконечна лента 3. Едниот барабан, најчесто на крајот каде
носечкиот (горниот) дел на лентата наидува на барабан, е погонски, а другиот
затегнувачки. Погонскиот барабан добива движење од електромотор 7 преку
редуктор 8. Двата краци на транспортната лента, и горниот (носечки) и долниот
(повратен), се движат преку барабани (ролни) 4 и 5, кои спречуваат големи отклони
на лентата.

Сл. 111 Лентест транспортер

За зголемување на аголот на опфаќање на лентата околу погонскиот барабан


служи валјак за управување со лентата 6.
За истурање на ровок материјал на носечкиот дел на лентата служи инка 9.
Гребачот 11 ја чисти лентата од налепениот материјал.
Во последно време постојат многу типови на лентести транспортери кои се
разликуваат:
1. Според обликот на лентата се делат на: а) рамни и б) олучести
2. Според типот на лентата тие можат да бидат: а) со гумирана лента; б)
со метална лента; в) со метално-мрежеста лента.
3. Според видот на погонот се делат на: а) со погон со еден барабан; б) со
погон со два барабани; в) со погон со еден барабан и со притегнувачки валјак; г) со
погон со еден барабан и со притегнувачка лента.
4. Според начинот на истурање на материјалот од лентата разликуваме:
а) со истурање на материјалот на крајниот барабан; б) со истурање на делот помеѓу

78
Машини и опрема

двата барабани, со помош на специјални колички за симнување на материјалот од


лентата; в) со плужни симнувачи на материјал.
На сл. 112 дадени се конструктивни шеми на лентести транспортери.
Сл. 112a прикажува конструктивна шема на нормален лентест транспортер.
Сл. 112б прикажува транспортер по чија должина може да се движи уред за
истовар на материјалот од лентата. Овие уреди всушност се колички со два
барабани; лентата ги опфаќа двата барабани и при премин преку горниот барабан го
истресува материјалот во бункерот со два краци низ кои паѓа материјалот од двете
страни на транспортерот.
Транспортерот со гумена лента може, во зависност од локалните услови, да го
транспортира материјалот најпрво хоризонтално, а потоа под некој наклон кон
хоризонталата (сл. 112в). Со помош на валјаците транспортната лента добива
кривина со одреден пречник, но така што во текот на работата или при мирување,
лентата не се одделува од нив.
На сл. 112г даден е транспортер со поделена транспортна лента на два дела,
едниот хоризонтален, а другиот кос.
Сл. 112д прикажува шема на транспортер, најпрво накосен, а потоа
хоризонтален.
Шема на специјален тип на лентест транспортер, вграден на една крута рамка
со тркала, прикажана е на сл. 112ѓ.

Сл. 112 Конструктивни шеми на лентести транспортери

Ваков транспортер може да се поместува по шини на определен пат. Лентата


на ваквите транспортери може да се движи во две насоки, при што материјалот
79
Машини и опрема

може да се истовари на едниот или другиот крај. Со ова се добива можност за


распределување на материјалот по целата површина, чија должина е приближно
еднаква на двете должини на транспортерот.
Аголот на наклон на лентата треба да биде за 100 помал од аголот на лизгање
на материјалот кој се транспортира по лентата, кога таа не се движи; аголот на
наклонот на лентата е помал од аголот на лизгање на материјалот по лентата, затоа
што вистинскиот агол на наклон на лентата во околината на носечките валјаци е
поголем, заради наклонот на лентата помеѓу соседните носечки елементи.
При рамномерно дозирање на материјал на лентата, благодарејќи на
потпирањето на материјалот кој лежи на косиот дел со материјалот, а кој се наоѓа на
хоризонталниот дел, аголот на наклонот на транспортерот може да биде блиску до
вредноста на аголот на триењето на материјалот со лентата.
За да се зголеми аголот на наклонот на транспортната лента, се изработуваат
специјални видови на ленти со попречни ребра 1 (сл. 113). Аголот на наклонот на
транспортерот со вакви ленти достигнува вредност и до 600.

Сл. 113 Специјални ленти со попречни ребра


Капацитетите на лентестите транспортери, кои пренесуваат ровок материјал
достигнуваат и до неколку стотици тони на час, а во специјални случаи и 1000 тони
на час. Должините на лентестите транспортери се 500м и повеќе. При тоа должината
на транспортерот, особено кај косите транспортери, ограничена е од цврстината на
транспортната лента.
Профилот на лентата на транспортерот зависи од конструкцијата на носечките
валјаци. Олучестиот профил на лентата при нејзина широчина еднаква со рамната
лента, обезбедува поголем капацитет на транспортерот и помало истурање на
материјалот. Заради тоа, без оглед на посложената конструкција на носечките
валјаци, олучестиот профил на лентата има многу поголема примена од рамниот.

5.2.2. Ленти
Лентата е основен и најодговорен елемент на транспортерот. Економичноста
на примената на лентестите транспортери, во голема мера зависи од цената на
лентата и од нејзиниот век на траење.
Транспортната лента треба да е флексибилна и да има доволна цврстина, да
е отпорна на абење и удари кои се јавуваат при транспортирање на материјалот.
Најупотребувана е лентата која е направена од неколку слоеви на текстилни
влакна кои се поврзани со вулканизирана гума. На површината од обете страни
лентата е покриена со слој од гума која ги заштитува внатрешните слоеви од
механички оштетувања, а особено од абење на материјалот кој се транспортира.
Бројот на слоеви на лентата ја определуваат нејзината цврстина и се бира во
зависност од широчината.

80
Машини и опрема

Нормалните ленти можат да работаат до температура која не е повисока од


600С и пониска од -150С. Постојат и специјални ленти со додаток од азбестен слој,
кои поднесуваат температура и до 1000С; исто така, се изработуваат и ленти кои
работаат и до - 450С.
На сл. 114, прикажан е пресек на нормална гумена лента

Покрај гумени ленти, се


користат и челични ленти. Тие се
изработуваат од јагленороден
или нерѓосувачки челик.
Дебелината на ваквите ленти е
0,6 до 1,2 mm, а широчината 350
до 800mm. Челичната лента
дозволува транспорт на
материјал на 100 до 1200С.
Дозволениот отклон на ваквите
ленти е за 20 до 5 0 помал од
гумените ленти. Сл. 114 Пресек на транспортна лента
Главен недостаток на челичните ленти е тоа што тие бараат значително
поголеми барабани и валјаци отколку гумените ленти. Пречниците на барабаните се
за 800 до 1200 пати поголеми од дебелината на лентата. Брзините на движење на
челичните ленти одат до 1m/s.

5.2.3. Уреди за носење и управување со лентата


Најчесто лентата се движи по валјаци кои преку тркалачки лежишта се вртат
околу неподвижна осовинка. Валјаците се многу важен дел од транспортерот,
бидејќи од нивната работа зависат отпорите при движење на лентата и нејзината
трајност.
Најчесто, заради зголемување на капацитетот, работната страна на лентата
се потпира врз три валјаци кои обезбедуваат олучест профил на лентата (сл. 115).
Повратната страна на лентата се потпира врз еден рамен валјак (сл. 116). Валјаците
на работната страна (кои прават еден комплет на носечкиот елемент) можат да се
распоредат во една рамнина, со што значително се олеснува подмачкувањето на
лежиштата. Во овој случај може да се обезбеди лентата со целата своја широчина
да налегнува на валјаците, со што се зголемува нејзината трајност.

81
Машини и опрема

Сл. 115 Олучест профил на Сл 116. Валјак на транспортната


транспортната лента лента

Комплетот на валјаци кои образуваат една потпирачка единица (ролна), се


држи од специјални држачи кои се изработуваат со леење, заварување или
пресување. Овие држачи според одреден ред се прицврстуваат за носечката
конструкција, која најчесто е изработена од валани профили.
Валјаците се изработуваат од цевки или со леење; страниците на валјаците се
изработуваат од челик или леано железо.

Многу големо значење за работата


на транспортерот има начинот на
заштита на лежиштата на
валјаците од пробив на
надворешна прашина. Практиката
покажала дека најголемиот дел на
потрошувачката на електрична
енергија, како и повременото
Сл. 117 Носечки елемент на лентата со абење на лентата, потекнува од
спирална пружина незадоволителната состојба на
лежиштата на валјаците, заради
навлегување на надворешен прав во нивните куќишта. За да се спречи тоа,
поефикасно, се користат лавиринтски заптивки и заптивки од гума и пластични маси.
За челичните ленти се применува носечки елемент од спирална пружина, при што
лентата благо се свиткува и формира олучест профил (сл. 117).
Пречникот на валјаците се бира во зависност од брзината на движење на
лентата, така што бројот на вртежите да не премине 300 вр./мин. Растојанието
помеѓу носечките елементи на лентата (ролните) на оптоварената страна се движи
од 800 до 1400 mm, во зависност од тежината на транспортираниот материјал и
силите на затегање на лентата. На повратната страна растојанието е два пати
поголемо отколку на работната страна.

82
Машини и опрема

Сл. 118 Валјаци за центрирање на лентата

При својата работа лентата може да излета од носечките елементи. За да се


избегне ова се поставуваат т.н. валјаци за центрирање на лентата 1, на секои 20 до
25 m, кои слободно се вртат околу вертикалната оска (сл. 118а). На страните на
лентата се поставуваат вертикални валјаци. При отстапување од пропишаниот
правец, лентата со својата страна се потпира на вертикалниот валјак и го воведува
целиот носечки елемент во рамнотежа. Заради зголемување на отпорот на едниот
крај на носечкиот елемент, се јавува момент на отпорни сили кои се вртат околу
целиот елемент за агол  (сл. 118b).

Лентата се свиткува помеѓу два


соседни носечки елементи приближно по
парабола (сл. 119). Најголем отклон
лентата има на местото на најмалото
затегање.
Во случај на пренос на тешки
парчиња товар, растојанието помеѓу Сл. 119 Шема на отклонувањето на
носечките елементи треба да биде лентата заради товар
помало од должината на едно парче од
товарот.

83
Машини и опрема

5.2.4. Погонски и затегнувачки уреди


Погонските барабани се изработуваат од леано железо или од челик со
заварување. За да се зголеми коефициентот на триење помеѓу лентата и барабанот
се користат и барабани со дрвена и гумена опшивка.
За правилно водење на лентата, лиените барабани и барабаните со дрвена
опшивка се изработуваат благо испакнати во средината.

Коефициентот на триење , за гумена


лента по барабан од леано железо е 0,2 до
0,25. При опшивка на барабанот со гума или
дрво,  = 0,35. Во случај да постои можност
од навлегување на влага помеѓу лентата и
барабанот, коефициентот на триење опаѓа на
половина од горните вредности.
На сл. 120 е прикажана изведба на
погонски барабан на лентест транспортер,
каде 1 е погонски барабан, 2 е електромотор
и 3 е редуктор.

Сл. 120 Изведба на погонски


барабан

На сл.121 дадени се различни изведби на погони на лентите.

Сл. 121 Видови на погон на лентата

Кај подвижните транспортери често се користат т.н. електробарабани, кај кои


електромоторот и редукторот се вградени во барабанот.

84
Машини и опрема

На сл. 122 прикажан е електробарабан со два преносни пара цилиндрични


запченици.
Електромоторот 1 кој е
сместен во внатрешноста на
барабанот, со своите специјално
изработени бочно истурени
страни е прицврстен во рамката
на машината. Истовремено на
истурените страни се наоѓаат
ракавци 2 за потпирање на
главината на барабанот. Од
вратилото 3 на електромоторот Сл. 122 Електробарабан
движењето се пренесува на
барабанот преку еден пар цилиндрични запченици 4, надворешно назабени, преку
запченикот 5 и запченикот со внатрешно назабување 6. Телото на внатрешно
назабениот запчаник врзано е со главината на барабанот со завртки; таа е потпрена
на ракавецот на бочната страна на електормоторот.

Уреди за затегнување на лентата- служат за: а) остварување на силата во


лентата која е доволна за создавање на сила на триење помеѓу лентата и
барабанот; б) ограничување на отклонот на лентата на распонот помеѓу два соседни
валјаци.
Кај лентестите транспортери се применуваат два типа на затегнувачки уреди:
механички затегнувачки уреди и затегнувачки уреди со тег.

Сл. 123 Механички затегнувачки уреди


Кај механичките затегнувачки уреди (сл. 123) затегнувачкиот барабан
истовремено е и краен барабан на транспортерот. Тој се врти или околу неподвижна
оска или околу вртливи осовини 1 во лежиштата и
може да се поместува во правец на надолжната
оска на транспортерот по неподвижни лизгачи 2.
Потребната сила на затегнување се постигнува
со рачно завртување на завојните вретена кои ги
потиснуваат или влечат лежиштата на барабанот.

На сл. 124 прикажан е затегнувачки уред со


помош на тег а. Подвижниот затегнувачки
барабан се наоѓа на било кое место по
должината на транспортерот и се движи по
вертикални водилки со помош на тегот.
Сл. 124 Затегнувачки уред со
Благодарејки на тежината на тегот, секогаш во
тег
ваков случај се обезбедува еднаква големина на
силата во лентата на транспортерот.
Можно е, конструктивно да се изведат (сл. 125), лежишта на крајните
барабани потпрени на колички а и тег b преку систем на макари врзан за количката.

85
Машини и опрема

Овој систем е подобар од системот на сл. 124, каде се потребни нови барабани (три)
и каде лентата повеќе пати се превиткува преку барабаните.
Системот на затегнување на лентата по механички пат преку завојни вретена
се применува за пократки транспортери, до 60m. Кај подолгите транспортери и
истегнувањето на лентата е поголемо, па се препорачува примена на систем со
затегнувачки уред со тег.
Одот на затегнувачките уреди може да се земе дека е од 1% до 5% од
должината на транспортерот. Првата вредност се однесува на хоризонталните, а
втората на закосените транспортери.

Сл. 125 Затегнување на лентата со тег

5.2.5. Уреди за истурање на материјалот на лентата и негово


симнување
За дозирање на транспортната лента со материјал служат олуци и инки по кои
слегуваат парчести или ровки материјали на лентата. Намената на олукот е
правилно да го насочат слегувањето на материјалот врз лентата и да ги спречат
ударите притоа. Заради тоа на олуците им се дава такво закосување материјалот
слегувајќи низ нив да добива брзина слична на брзината на лентата. Со тоа се
намалува и абењето на лентата заради лизгање на материјалот по неа (заради
различните брзини на лентата и материјалот), како и заради нееднаквите насоки на
движење.
Поради тоа многу е важно правилно да се избере инка за спуштање на
материјалот на лентата (сл. 126a, в), бидејќи тоа значително влијае на векот на
траење на лентата.

Сл. 126 Уреди за истурање на


материјалот на лентата

Во случај на транспортирање на крупнопарчести ровки материјали, корисно е


на лентата најпрво да се формира тенок слој од ситен материјал. На сл. 126б

86
Машини и опрема

прикажан е уред за ставање на материјал на лентата кој при дното има накосен
решеткаст жлеб. Ситните парчиња материјал, најпрво пропаѓаат низ решетката и на
тој начин формираат тенок слој врз лентата, врз која подоцна паѓаат крупни парчиња
материјал кои не можеле да пропаднат низ отворите на решетката. Ширината на
уредот за засипување на лентата на својот долен дел c (сл. 126г) не треба да биде
поголема од (60 - 80)% од широчината на лентата. Крајот на уредите за засипување,
кој е во допир со лентата, изработен е од гумени ленти. За да се избегне истурање
на материјалот, како и поголеми отклони на лентата, се поставува поголем број на
носечки валјаци на местото на истурање на материјалот на лентата, отколку на
другите места (сл. 126д).

а)

б)

в)

Сл. 127 Симнувачи (гребачи) на материјалот од лентата

Ако материјалот паѓа од лентата, на крајниот барабан треба да се вгради олук


за управување со материјалот. Олукот треба да се постави така и да му се даде
таков облик, материјалот да има што поприродно движење, без големи удари на
страните на олукот. При симнување на материјалот, некаде на должина помеѓу
крајните барабани се користат симнувачи (гребачи) со плужен облик (сл. 127a), коси
симнувачи за симнување на материјалот на страна (сл. 127б) и барабански
симнувачи (сл. 127в). И плужните и барабанските симнувачи можат да бидат
поставени на колички. Плужниот и косиот симнувач се едноставни по конструкција,
но многу ја абат лентата поради лизгање на материјалот.

87
Машини и опрема

Барабанските симнувачи
помалку ја абат лентата, но се
непогодни за работа со товари во
парче. Плужните и барабанските
симнувачи кои се вградени на
количките можат да се поместуваат по
должината на транспортерот рачно, со
помош на одвоен погон или со помош
на погон од самата лента (сл. 128).
Со зголемување на брзината
капацитетот расте; исто така, за ист
капацитет, со зголемување на
брзината се намалува погонското
оптоварување на лентата. Горната
Сл. 128 Шема за преместување на граница на брзината на движење на
количката на барабански симнувач со лентата се ограничува заради
помош на погон од самата лента следните параметри:

а) кртост на материјалот, што е битно при ставање на материјалот на лентата


и негово симнување од неа;
б) пораст на динамичките оптоварувања на лежиштата на потпирачите на
носечките валјаци; тие се јавуваат заради статичка неурамнотеженост на валјаците,
како и заради товарот кој се наоѓа на лентата;
в) зголемување на абењето на лентата на местата каде материјалот паѓа на
лентата, како и на местата каде лентата се чисти.
Заради наведеното, при зголемување на брзината на лентата расти и
можноста од испаѓање на лентата од носечките валјаци.
Долната граница на брзината на лентата треба да биде толкава материјалот
да се одделува од лентата при истовар преку барабанот, а не да лизга низ лентата и
да го аби нејзиниот горен слој. Брзини на лентата под 0,75 m/s не се препорачуваат,
освен во специјални случаи кога со лентата се пренесува товар во парчиња.

5.3. Плочести и грабиличести транспортери


5.3.1. Општи податоци за плочестите транспортери
Плочестите транспортери пренесуваат материјал на носечки елемент (сл.
129а и б) кој се состои од еден или два бесконечни влечни синџири 1, кои
преминуваат преку синџирници 2 и 3 и од плочи 4, прицврстени за влечните синџири.
Плочестата лента се носи со помош на мали тркала 5 кои се движат по
водилки 6. При поместување на ровок материјал плочите имаат олучест облик, па
затоа таквите транспортери се викаат олучести. За да се спречи испаѓањето на
материјалот, плочите делумно се поклопуваат една со друга (сл. 129в).
Плочестите транспортери можат да го поместуваат материјалот како во
хоризонтален правец, така и косо. Аголот на наклонот на плочестите транспортери
со рамни плочи е 150-200, додека кај плочите со вдлабнатини тој изнесува и 350.
Плочестите транспортери се употребуваат и за пренесување на материјал со
висока температура, како на пр. материјал од ротационите печки, како и за
пренесување на тешки крупни парчиња со остри рабови кои би ја оштетиле гумената
лента, до колку би се пренесувале со транспортери со гумени ленти. Плочестите
транспортери се користат како делови на транспортниот синџир; тие ја нашле

88
Машини и опрема

својата примена како додавачи на крупен материјал од бункерите во дробилките и


сл.

Сл. 129 Плочести транспортери


Конструкцијата на плочестите транспортери зависи од различни услови.
Плочестите транспортери можат да бидат:
1. според намената: а) општа намена; б) специјални
2. според изведбата на носечкиот елемент: а) крути, за праволиниски
патеки; б) свиткувачки, за криволиниски патеки;
3. според начинот на изведба на носечките тркала; а) со неподвижни
валчести носачи; б) со валјаци (тркала) кои се движат заедно со носечкиот елемент;
4. според конструкцијата на синџирите: а) со ламеласти синџири; б) со
заварени синџири;
5. според бројот на синџири: а) со еден синџир; б) со два синџири.
Како влечни елементи, плочестите и грабиличестите транспортери користат
синџири и јажиња, но почесто се користат синџири поради следните предности над
јажињата:
а) синџирите се пофлексибилни од јажињата и работат со помали димензии
на синџирниците;
б) на синџирите полесно се вградуваат и носечките елементи и елементите за
движење;
в) на синџирите полесно се пренесува влечната сила на погонскиот
механизам;
г) поедноставна е изработката на синџирите;
д) синџирите помалку се истегнуваат од јажињата.
Позитивни страни на челичните јажиња, како влечни елементи на плочестите
транспортери, се помалата тежина од синџирите при иста јачина на кинење,
пониската цена на чинење на изработката, поголемата флексибилност во сите
правци, помалата чувствителност на влијанието на правот, калта, високите и ниски
температури, помалата потреба од подмачкување и сл. Сите овие особини, сè
повеќе ја зголемуваат употребата на јажињата како влечни елементи.

Сл. 130 Заварен синџир Сл. 131 Леан синџир


89
Машини и опрема

Сл. 132 Кован синџир Сл. 133 Синџир со валјачиња


Кај непрекинатиот транспорт, воопшто, како влечни елементи се користат
заварени синџири (сл. 130), леани синџири (сл. 131), ковани синџири (сл. 132) и
синџири направени од одделни, обично механички обработени елементи во ладна
состојба, како на пр. од челични ламели, валјачиња, осовинки, тркалца (сл. 133).
Заварените синџири кои се движат преку синџирниците се калибрирани. Кај
мазните макари подобро е да се употребат некалибрирани синџири. Ако синџирот
треба да се свиткува преку мали синџирници (на пр. кај преносните синџирести
транспортери), порационално е да се применат синџири со кратки алки. Во сите
останати случаи треба да се користат синџири со долги алки, бидејќи им е помала
тежината и цената за изработка, и полесно е за нив да се врзат носечките елементи
на транспортерот.
На сл. 134 прикажан е заварен синџир од кружен челик и тенки ламели, кој ги
има следните предности над заварените синџири изработени само од кружен челик:
а) полесно се врзуваат носечките елементи и
б) помал е површинскиот притисок врз површините на допир помеѓу 2 алки.

Сл. 134 Заварен синџир од кружен челик Сл. 135 Плочести (ламеласти) синџири
и тенки ламели

Недостаток на овие синџири е нивната голема тежина. Ламеластите синџири


кои се употребуваат како влечни елементи кај машините со непрекинат транспорт,
се разликуваат од ламеластите синџири применети кај механизмите за подигнување.
Бидејќи кај машините за непрекинат транспорт движењето на синџирот преку
синџирникот непрекинато трае подолго време, помалото абење на зглобовите има
првостепено значење. Синџирите со подолги алки се полесни, и тие главно се
применуваат кај машини со непрекинат транспорт, иако бараат поголеми димензии
на синџирниците. Овие синџири се изработуваат како плочести (ламеласти) со
засилени зглобови (сл. 135). Внатрешните ламели A се цвсто врзани (пресувани) за
чаурата C, а надворешните ламели B за осовинката E. Тоа е така, бидејќи при
премин на синџирот преку синџирникот се јавува триење на осовинката E со чаурата
C и како површинскиот притисок е распределен по поголема површина отколку кај
синџирите кои немаат чаура C, абењето на зглобот е помало.
Ламеластите синџири се изработуваат со тркалца за движење или без нив.

Според обликот на алките постојат синџири со прави (сл. 136) и синџири со


криви ламели (сл. 137). Позитивна страна на ламеластите синџири со криви ламели
е во тоа што сите алки се еднакви, додека кај синџирите со прави ламели се
разликуваат надворешните од внатрешните ламели.

90
Машини и опрема

Сл. 136 Ламеласти синџири со прави ламели Сл. 137 Ламеласти синџири со
криви ламели
Недостаток на овие синџири е нивната зголемена тежина заради зголемените
ламели, кои покрај на истегнување напрегнати се и на свиткување.
Тркалцата на синџирите се изработуваат без ребра (сл. 139) и со ребра (сл.
138).

Сл. 138 Тркала на синџирите со ребра Сл. 139 Тркала без ребра

Степенот на сигурност на синџирите употребени како влечни елементи на


машините со непрекинат транспорт изнесува 5 до 8. При избор на чекорот на
синџирот треба да се земе предвид дека со зголемување на чекорот опаѓа тежината
на синџирот и цената на чинење, но се зголемува пречникот на синџирникот (при ист
број на заби), а со тоа се намалуваат броевите на вртежи, т.е. се зголемува
преносниот однос и се комплицира погонот. Погонската глава на машината за
непрекинат транспорт со синџири како влечни елементи, се состои од 2 синџирници
и систем за пренос од моторот.

91
Машини и опрема

Сл. 140 Синџирник за Сл. 141 Затегнувачки уред со завојница


ламеласт синџир

На сл. 140 прикажан е синџирник за ламеласт синџир. Бројот на заби z треба


да биде парен, при што треба да се води сметка дека со намалувањето на бројот на
заби се зголемуваат динамичките сили кои дејствуваат врз синџирот. Малиот број на
заби обезбедува мали габарити на машината и го упростува погонот на тој начин
што е потребен помал преносен однос за иста брзина на движење. Промената на
насоката на движење за мал агол се постигнува со свиткување на водилките околу
кои се врти синџирот. За поголемо свиткување на патеката се употребуваат одбојни
синџирници кои според конструкцијата се исти како и погонските.
Затегнувачките уреди на машините со синџири најчесто се со завојница (сл.
141). За ублажување на ударите, во конструкцијата на затегнувачките уреди најчесто
се вградуваат пружини. Синџирниците на затегнувачките уреди се изработуваат и
како погонски.

5.3.2. Конструктивни изведби на плочести транспортери


На сл. 142a прикажан е носечки елемент на плочест транспортер кој се
користи за носење на товари во парче. Плочите b можат да бидат дрвени или
метални; тие се врзуваат директно за синџирите или за осовините на носечките
тркала a.
На сл. 142б прикажан е надолжен и попречен пресек на олучесто-плочест
транспортер кој се употребува за пренесување на ровок материјал. Олукот a се
состои од плочи со вертикални рабови; празнините помеѓу поодделни плочи мора да
бидат прекриени.

Сл. 142 Носечки елемент на плочест транспортер Сл. 143 Неподвижен плочест
транспортер

92
Машини и опрема

Сл. 144 Подвижен плочест


транспортер

Плочестите транспортери можат да се изработуваат како неподвижни (сл. 143)


и како подвижни (сл. 144). Подвижните се користат во стоваришта за материјали во
парче (вреќи, сандуци, буриња) на поголема височина. На шемата се гледа дека
подвижниот транспортер е составен од 2 дела, зглобно врзан со количка врз која е
вграден и електричен погон со сите преносни механизми. Промената на аголот на
наклонот на горниот дел на плочестиот транспортер се постигнува со затегнување
на јажето d; јажето d го подига потпирачот a чии тркала b се тркалаат по долниот
појас на конструкцијата. Електромоторот c ја пренесува снагата преку систем на
запчести и синџирести преносници, додека специјална спојка овозможува
поврзување на барабанот за јажето за подигнување на стрелата d, со заедничкиот
погон.
На сл. 145 дадена е конструкција на плочест транспортер за ровок товар.
Погонскиот уред има главно погонско вратило 1 со 2 синџирници 2 кои со
клинови се врзани со вратилото; вратилото се потпира врз лежишта прицврстени за
челичната носечка конструкција на транспортерот. На конзолниот дел вратилото
преку отворен запчест преносен чифт прима погон од друго вратило 3 врзано со
спојка 4 со излезното вратило на редукторот 5.

Сл. 145 Плочест транспортер за растресит товар

93
Машини и опрема

5.3.3. Грабиличести транспортери (стругачи)


Грабиличестиот транспортер (сл. 146a) е составен од неподвижен жлеб (олук),
прицврстен за носечката конструкција на транспортерот и влечни синџири (еден или
два), кои помеѓу себе ги носат плочите (грабилките) за потиснување на материјалот
во жлебот. Влечните синџири преминуваат преку синџирникот на погонската глава
на предната страна и преку синџирникот на затегачкиот уред на задната страна. По
целата своја должина синџирите се движат по неподвижни водилки. Работната
страна на транспортерот може да биде горна или долна. Во првиот случај
материјалот полесно се истура во транспортниот жлеб, бидејќи тој може да биде
отворен по целата своја должина. Истурањето на материјалот од транспотерот е
полесно ако работната страна е долна. Тогаш материјалот може да се истура низ
отворите на жлебот кои можат да бидат распределени по целата должина на
транспортерот.

Сл. 146 Грабиличест транспортер

При движење по должина на жлебот плочите не треба да се свиткуваат ниту


да ја менуваат својата положба поради дејството на силите на отпорот при туркање
на материјалот низ жлебот. Поради тоа потребно е да се избере одредена големина
на чекорот и височината на плочите, како не би се натрупувал материјалот помеѓу
нив, како и да се обезбеди доволно затегнување на синџирите. Работните жлебови
можат да бидат со правоаголен облик или со коси страни (пресек A-A, сл. 146).
Жлебовите со правоаголен пресек полесно се изработуваат и назабените делови
поедноставно се заменуваат. Жлебовите со коси страни имаат предност над
правоаголните жлебови заради создавањето на помали отпори при движење на
материјалот низ жлебот, но се посложени за изработка и одржување.
Грабилките можат да бидат делумно над материјалот во жлебот или можат да
бидат сосема покриени со материјал.
Во случај грабилките да се прекриени со материјал (сл. 146б) тие при
движењето се стремат да го симнат слојот на материјал кој се наоѓа помеѓу нив;
бидејќи отпорот на триење на материјалот со жлебот е помал од отпорот кој би се
јавил при симнување на слоевите, целиот материјал и помеѓу и над грабилките се
движи со континуиран тек. Ваквите транспортери се нарекуваат грабиличести со
покриени грабилки. Тие можат да се користат за пренесување на материјали и во
хоризонтален и во вертикален правец.
Бидејќи кај грабиличестите транспортери материјалот се пренесува со
лизгање по неподвижен жлеб, потрошувачката на енергија како и абењето на
жлебовите е поголемо отколку кај лентестите и плочестите транспортери. Основните
недостатоци на грабиличестите транспортери, во споредба со плочестите, се:
поголема потрошувачка на енергија, можност за дробење на транспортираниот
материјал и абење на жлебовите.

94
Машини и опрема

Предности се: можност за едноставен истовар на материјалот на саканото


место, помала им е тежината и цената и можат да зафаќаат материјал од куп, што
во извесни случаи е многу важно.

5.4. Елеватори
5.4.1. Општи податоци за елеваторите
Елеваторите се машини со непрекинат транспорт кои пренесуваат материјали
(ситнозрнести ровки материјали и парчести товари) во вертикален и кос правец (сл.
147).

Сл. 147 Елеватори

За транспорт на ровки материјали служат кофести елеватори, додека за


транспорт на парчести товари се користат специјални видови на елеватори (со
платформи и сл).
Кофестите елеватори (сл. 148 и сл. 149) се составени од бесконечна лента 3
(сл. 149) или со еден или два синџири 3 (сл. 148) кои истовремено се и влечен и
носечки елемент на елеваторот заедно со кофите 4; влечниот елемент се
превиткува преку два барабани (синџирници) 1 и 2. Целиот елеватор најчесто е
заштитен со облога. Горниот дел на елеваторот, кој се состои од погонско вратило
врз кое е поставен барабан (синџирник), се вика погонска глава на елеваторот.
Долната глава на елеваторот служи за затегнување на влечниот елемент и се
состои од барабан (синџирник) поставен на осовина, лежишта на осовината кои
можат да се движат во водилки, затегнувачки уред (завојница или пружина) и оклоп.
Материјалот паѓа во отворот на оклопот на долната глава и директно ги полни
кофите на елеваторот; дел од материјалот кој кофите не го зафатиле паѓа во
заокружен оклоп на долната глава од каде кофите можат да го зафатат. За
регулирање на количеството материјал кој се истура низ отворот на оклопот служат
засуни.
При премин на лентата преку барабанот на горната глава материјалот се
истура од кофите под дејство на силата на тежината и центрифугалната сила и се
одведува преку инки во бункерите или на други транспортни средства.

Елеваторите се делат на следните групи:


1. По видот на конструкцијата на: а) вертикални; б) коси;
2. По видот на влечниот елемент: а) лентести; б) синџирести (со 1 или 2
синџири);
3. По брзината на движење на кофите: а) брзоодни; б) спороодни;
4. По распоредот на кофите: а) со оддалечени кофи; б) со приближени кофи.

95
Машини и опрема

Во споредба со другите транспортни уреди, елеваторите заземаат помал


простор заради што, покрај лентестите транспортери, тие се најчесто применувани
уреди.

Сл. 148 Кофест елеватор со синџири Сл. 149 Кофест елеватор со лента

Нивната примена зависи од физичките особини на материјалот. При


зафаќање на материјалот од долната глава, кофите и влечниот елемент се
изложени на значителни динамички оптоварувања, особено при работа со
крупнопарчести тврди материјали, што многу влијае на векот на траење на целиот
уред.
Во поглед на влечниот елемент, елеваторите со ленти ги имаат следните
предности над елеваторите со синџири: рамномерна и бесшумна работа, можат да
се користат поголеми брзини на движење, помала тежина, димензии и цена.
Елеваторите со синџири се користат кај поголеми сили на затегање во
влечниот елемент, како и при поголеми височини на подигање на материјалот,
заради ограничената јачина на гумената лента. Исто така, при транспорт на
крупнопарчест материјал, при зафаќање на материјал од долната глава, а заради
поголемиот отпор при зафаќање, врската на кофите со синџири е посигурна отколку
со гумена лента.
За транспорт на парчести товари се користат елеватори со платформи
(нишалки). Товарот со овие елеватори се пренесува преку специјални платформи
кои се зглобно врзани со влечниот елемент. Овие елеватори се изработуваат со два

96
Машини и опрема

синџири (сл. 150a) и со еден синџир (сл. 150б); кај последните, погонскиот синџирник
е потпрен врз конзолата на погонското вратило.

Сл. 150 Елеватори со платформи

При премин на влечниот елемент преку погонската глава на брзоодниот


елеватор, материјалот под дејство на центрифугалната сила се истура по една
одредена крива линија и низ инка паѓа во бункер (сл. 151a). Во ваквите случаи
кофите се оддалечени за да не дојде до мешање на материјалот од соседните кофи
при истоварот.
Кај спороодните елеватори
влијанието на центрифугалната
сила врз истоварот на
материјалот е незначително,
така што материјалот се
истовара од кофите, речиси
вертикално надолу (сл. 151б). За
да се насочи целиот материјал
во насоката на инката, потребно
е да се вградат одбојни
синџирници; можно е во вакви
случаи да не се вградуваат
одбојни синџирници, туку да се
постават кофите со определен Сл. 151 Истурање на материјалот од кофите
облик, една до друга на влечниот на елеваторот
елемент, така да грбовите на кофите истовремено служат и како инка за материјал
од соседните кофи (сл. 151в).
Кај брзоодните елеватори, во споредба со спороодните, кофите почесто
зафаќаат материјал, па нивното искористување е поголемо; заради тоа, за ист
капацитет, брзоодните елеватори се полесни и поевтини од спороодните. Со оглед
на поголемите ударни сили при зафаќање на материјалот со покрупни честици,
брзоодните елеватори се користат само за транспорт на сомелени и ситнозрнести
материјали. Со помош на определаната патека на движење на честиците на

97
Машини и опрема

материјалот, може да се определи растојанието помеѓу кофите, кое треба да биде


такво материјалот од едната кофа да не паѓа врз грбот на претходната, затоа што
ѕидовите на кофите брзо би се изабиле. Брзината на кофите не може да се избира
произволно, како што тоа е случај кај останатите машини за непрекинат транспорт,
туку мора да се земе предвид и процесот на истурање на материјалот од кофите.
Зафаќањето на материјал од отворени купови, дава можност елеваторот да работи
многу ефикасно. Пожелно е закопаните кофи во купот материјал да излезат од него
најмногу во рамнина на хоризонталниот пречник на барабанот.
Елеваторите кои фаќаат материјал од купови не треба да имаат големи
брзини, бидејќи коефициентот на полнење на кофите опаѓа заради неможност
материјалот брзо да ја пополни празнината која ја направила претходната кофа,
однесувајќи го количеството на материјал што одговара на нејзиниот волумен.

5.4.2. Делови на елеваторот


Основни делови на елеваторот се: влечен елемент, кофи, погонска глава на
елеваторот и затегнувачка глава на елеваторот.
а) Како влечни елементи кај елеваторите се користат гумирани ленти и
синџири. Гумената лента е иста како и кај лентестите транспортери, т.е. изработена
е од повеќе текстилни слоеви споени со вулканизирање и обложени од сите страни
со тенок слој гума. Широчината на лентата се бира спрема потребната широчина на
кофата.
Кај синџирните елеватори се користат ламеласти и заварени синџири. При
употреба на синџири со ламели, погонската глава има синџирници со 6 до 20 заби.
Кај елваторите со заварени синџири влечната сила од погонската глава се
пренесува врз синџирот со сила на триење помеѓу синџирот и барабанот. Основен
недостаток на примената на заварените синџири е пролизгувањето на синџирите по
погонската макара, што ја намалува ефективноста на елеваторот и ја нарушува
неговата нормална работа. Единствено подолг век при транспортирање на многу
груби материјали, им овозможува на заварените синџири да најдат примена како
влечни елементи на елеваторот.
б) Кофите се бираат според својствата на материјалот и според зададениот
капацитет. Кофата мора да има такви димензии парчињата материјал непречено да
можат да влезат во кофата и да излезат од неа.
Обликот на кофата зависи од начинот на празнење, кој може да биде
гравитационен или центрифугален. Тие се изработуваат од челични лимови, а
предните рабови често се засилуваат со дополнителни лимови или одлиени или
ковани заштити.
Кај елеваторите се користат 3 вида на кофи: длабоки (сл. 152a), плитки (сл.
152б) и инкасти (сл. 152в).
Длабоките кофи се користат за суви, лесно ровки материјали (зрно, сув песок,
цемент, ситен јаглен и сл.). Плитките кофи се користат за материјали кои имаат
висок коефициент на триење (воден песок, глина, некои руди и сл.).
Инкастите кофи се користат кај спороодните елеватори. Нивната предност е
во тоа што тие се поставуваат врз влечниот елемент, непосредно една до друга,
додека другите типови кофи мораат да се постават на одредено растојание. При
исти останати параметри и капацитетот на елеваторот со овие кофи е поголем. При
премин на овие кофи преку погонската глава, материјалот од нив се истура врз грбот
на претходната кофа, која сега служи како инка за движење на материјалот.

98
Машини и опрема

Сл. 152 Видови кофи кај елеваторот

в) Погонската глава на елеваторот поставена е на врвот на елеваторот и се


состои од погонски барабан (кај лентестите елеватори) или погонски синџирници (кај
синџирестите елеватори) и од еден или повеќе преносни парови. Таа мора да има
уред за блокирање на движењето. При избор на пречникот на барабанот и
синџирникот треба да се води сметка за начинот на истурање на материјалот од
кофите.
Димензиите на оклопот на главата и положбата на одводната инка имаат
големо значење за капацитетот на елеваторот. Оклопот на елеваторот мора да има
таква височина да струјата на материјал кој се истура од кофата не удира по него.
Положбата на одводната инка мора да биди таква да го одведува целокупниот
материјал кој ќе се истури од кофите.
г) Долната глава на елеваторот може да биде од затворен тип или од
отворен тип. Првиот тип се користи кај неподвижните елеватори. Приемната инка на
затворената долна глава треба да се постави така што нејзиниот долен раб ќе биде
над барабанот на долната глава, а од страната каде кофите слегуваат од барабанот,
за да се зголеми полнењето на кофите.
Отворена долна глава се користи кај конструкции кои се применуваат за
истовар на вагони, шлепери и сл. Ваквата конструкција дозволува непосредно
зафаќање на материјалот со кофите од купот.
Затегнувачкиот уред на долната глава е изведен со помош на завојни вретена.
Дното на оклопот на долната глава е изработено полукружно заради полесно
зафаќање на материјал. Оклопот на долната глава со завртки е врзан за темелите.

99
Машини и опрема

5.5. Конвеери
Конвеерите можат да се поделат на оние кои пренесуваат (претовараат),
ровки материјали и на висечки конвеери кои се составен дел на некој производен
процес и кои прават посебна група, иако и тие служат за транспорт на материјал.

5.5.1. Конвеери за транспорт на ровок материјал


За транспорт на ровок материјал се користат кофести конвеери со вртливи
кофи и кофести конвеери со невртливи кофи.
На сл. 153 прикажан е кофест конвеер со вртливи кофи. Материјалот се
пренесува во кофи 1 како на вертикалниот така и на хоризонталниот пат, при што
движењето се овозможува со тркалца 2 вградени на влечните синџири.
Кофите со синџирите се врзани зглобно, така што се движат паралелно сами
на себе во сите делови на конвеерот. Тие најчесто се празнат на горниот
хоризонтален дел на патеката и тоа со завртување, со помош на посебни, за таа цел
свиткани шини 3. Специјални тркалца или некои криволиниски испусти, се наоѓаат на
бочните страни од кофите, кои ги задржува свиткана шина и кофата се врти. Често
овие специјални шини се поставуваат на подвижни колички, со што се овозможува
истурање на материјалот на саканото место по целата должина на фронтот за
истовар.

Сл. 153 Кофести конвеери со вртливи кофи

По взаемната положба на кофите на влечниот елемент овие конвеери се


делат на 2 типа: со збиени кофи - врзани непосредно една до друга без празнина
помеѓу нив и со кофи врзани со влечен елемент на определено растојание. Вториот
тип на конвеери се применува во случај кога е потребно да се вградат поголеми
кофи поради крупни парчиња материјал, а според капацитетот не е потребно да се
постават кофите една до друга. Овие два типови конвеери се разликуваат еден од
друг по начинот на товарење на материјалот: првиот тип бара паѓање на
материјалот и засипување на кофите со еден непрекинат, рамномерен тек, додека
другиот тип бара дозирање на материјалот и негово истурање во кофите во
определени количества, што зависи од волуменот на истите. Вториот тип конвеери
има посложени уреди за додавање на материјалот од првиот. Кај кофестите
конвеери со неподвижни кофи, кофите се цврсто врзани со ламелите на влечните
елементи (2 ламеласти синџири), и заради полесна работа имаат облик на буквата
V. На делот на конвеерот каде се истура материјалот, т.е. на долниот хоризонтален
дел, кофите се движат во затворен жлеб и го поместуваат материјалот вдолж

100
Машини и опрема

жлебот туркајќи го пред себе т.е. на тој дел конвеерот работи како грабиличест
транспортер.
На местото каде хоризонталниот дел преминува во вертикален, кофите
зафаќаат материјал и го носат на определена височина; на тој вертикален дел
конвеерот работи како елеватор.
На делот каде вертикалниот дел на конвеерот преминува во горен
хоризонтален дел, кофите заедно со влечниот синџир се вртат за 90о и го истураат
материјалот во горниот хоризонтален жлеб; на овој дел конвеерот повторно работи
како грабиличест транспортер, т.е. го поместува материјалот по должината на
жлебот туркајќи го со кофите. Истурањето на материјалот се постигнува со
отворање на засуните поставени вдолж жлебот. На сл. 154 прикажани се разни
шеми на вградување на овие кофести конвеери; од нив се гледа дека патеката на
влечниот елемент може да биде различна во зависност од локалните услови.

Сл. 154 Шеми на вградување на кофести конвеери

Погонот на конвеерот се поставува врз неговиот горен дел, на едно од


граничните места; затегнувачкиот уред се вградува на еден од долните јазли на
конвеерот, на почетокот на хоризонталниот дел каде затегнувачката сила во
синџирот е најмала, ако за тоа постојат конструктивни можности. Начелно,
затегнувачкиот уред може да се вгради на било која точка на конвеерот.
На сл.155 прикажана е шема на конструктивна изведба на еден кофест
конвеер со неподвижни кофи.

Материјалот на
долниот дел се додава со
додавачи; горниот
хоризонтален дел го
распределува материјалот
по бункерите со помош на
засуни. Погонот е поставен
на горниот хоризонтален
дел, а затегнувачкиот уред
на почетокот на
вертикалниот дел на
конвеерот, каде кофите
слегуваат надолу.
Сл. 155 Шема на конструктивна изведба на кофест Кофестите конвеери
конвеер со неподвижни кофи можат да пренесуваат
ровки материјали во повеќе
правци без претоварање, што е нивна главна предност.

101
Машини и опрема

Кофестите конвеери со вртливи кофи имаат предност пред конвеерите со


неподвижни кофи затоа што трошат помалку снага за транспорт поради малите
отпори и затоа што помалку го дробат материјалот. Нивен недостаток е потешкото и
покомпликувано полнење.

5.5.2. Висечки конвеери


Висечките конвеери најмногу се користат за транспорт на делови во сериско
производство во фабриките. Нивна најголема предност над останатите видови на
транспортни средства е во тоа што можат да се применат за различни патеки на
движење на материјалот. Висечките конвеери можат, со едно транспортно средство,
да поврзат неколку производни одделенија на една фабрика, преминувајќи при тоа
на различни спратови.
На сл. 156 прикажана е шема на просторен висечки конвеер, како и еден дел
од неговиот хоризонтален дел. Тој се состои од носечки шини 4 (најчесто I- профил),
по чиј долен појас се движат колички со две тркала 2; количките се поврзани со
влечен синџир 1.

Сл. 156 Просторен висечки конвеер

На определени растојанија за количките, зглобно се врзани носачи 3, врз кои


се поставува товарот. Изгледот на носачите зависи од товарот.
Во поголем број случаи, висечките конвеери пренесуваат парчести товари
поставени врз носачите. Должината на овие конвеери може да биде различна во
зависност од локалните услови, а достигнува и неколку илјади метри.
Влечниот елемент на висечките конвеери мора да биде свитлив во сите
правци и да овозможи свиткување и во две взаемно нормални рамнини.
Кај висечките конвеери се користат зглобни синџири изработени со ковање
(сл. 157), кои дозволуваат извесно вртење на соседните алки во рамнината на
оската на зглобот. Абењето на алките и зглобовите кај овие синџири е намалено
благодарејќи на поголемата површина на допир во зглобовите. Овие синџири лесно
се составуваат и разделуваат, едноставно се врзуваат за носечката количка и можат
лесно да се свиткуваат околу групата макари на хоризонталните кривини.
Благодарејќи на овие предности како и релативно малата сопствена тежина и цена
на изработка, овие ковани синџири со преклопни алки најчесто се вградуваат како
влечни елементи кај висечките конвеери.

102
Машини и опрема

Сл. 157 Зглобни синџири како влечни елементи кај кофестите конвеери

На сл. 158 прикажани се заварени синџири како влечни елементи. Заварените


синџири се одликуваат со голема флексибилност и погодни се за примена кај
висечките конвеери, иако при работата се истегаат заради деформирање на алките.
Заварените некалибрирани синџири се движат со помош на триењето помеѓу
мазните макари и алките, заради што е потребно да се оствари значително
претходно затегнување на синџирот.

Сл. 158 Заварени синџири како влечни елементи кај кофестите конвеери

Иако челичните јажиња се флексибилни во сите насоки, полесни и поевтини


од синџирите, поретко се применуваат како влечен елемент кај висечките конвеери
поради своето тешко врзување со носечките колички (сл. 159).

Сл. 159 Јаже како влечен елемент кај кофестите конвеери

И обичните зглобни синџири можат да се применат како влечен елемент кај


висечките конвеери, под услов да се врзуваат за носечките колички со специјални
алки за врска кои имаат хоризонтални зглобови (сл. 160).
Свиткувањето на синџирите во вертикална рамнина се постигнува со взаемно
вртење на одделните делови од синџирот помеѓу хоризонталните зглобови.
103
Машини и опрема

Погонските уреди во случај на примена на ковани синџири имаат еден влечен


синџирник. Ако се употребат заварени синџири, тогаш погонскиот уред во зависност
од тоа дали се работи со калибрирани или некалибрирани синџири, има погонски
синџирник или погонска мазна макара. Мазните макари имаат добра страна во тоа
што нивната работа не зависи од точноста на изработката на алките и нивното
издолжување за време на работата. При преоптоварување синџирите пролизгуваат
преку мазните макари и не доаѓа до евентуални кршења во механизмот.

Сл. 160 Обични зглобни синџири како влечен елемент кај


кофестите конвеери

При пресметка на висечките конвеери најчесто се тргнува од извесен број на


зададени големини: вид на материјалот, капацитет, шема на патеката на конвеерот
со означени места за товарење и истовар на материјалот, должина на поодделните
делови на конвеерот и нивна височина во однос на почетната височина на конвеерот
од подот.

5.6. Машини за непрекинат транспорт без влечен елемент


5.6.1. Завојни транспортери
Завојните транспортери, каде работниот елемент се една или повеќе
завојници, се користат за транспорт на ровок материјал, а нивните специјални
конструкции понекогаш се применуваат за пренесување на некои парчести товари.
Овие транспортери често се користат не само како транспортни средства, туку
и како машини за извесни технолошки операции, како на пример мешање на
материјалот.
Носечкиот елемент на завојниот транспортер (сл. 161) е затворен жлеб по кој
со лизгање се поместува материјалот 1 туркан со работните површини на
завојницата 2; оската на завојницата се поклопува со оската на жлебот. Завојницата
се движи во лежишта 3; вртењето на завојницата се прави со погон 4, кој во овој
случај се состои од електромотор, спојка и редуктор. Материјалот се внесува низ
влезен отвор 5 и може да се истури и низ долните отвори поставени на дното на
жлебот 6; долните отвори најчесто се затвораат со засуни 7.

104
Машини и опрема

Сл. 161 Завоен транспортер


Предноста на завојните транспортери во споредба со другите типови на
транспортери е во нивната мала тежина и димензии. Материјалот кај завојните
транспортери се пренесува низ затворен жлеб, па со тоа е остварена работа без
прав. Основниот нивен недостаток е во поголемата потрошувачка на енергија
заради лизгањето на материјалот по завојците и жлебот и во абењето на
површините на завојниците и жлебот. Од овие причини овие транспортери се
користат за преместување на материјал на покуси растојанија.

Сл. 162 Завоен транспортер


за вертикално
транспортирање

Завојните транспортери се користат за хоризонтално пренесување на


материјал или под агол од 20о, но можат да се употребат и за вертикално
пренесување на некои материјали, како на пример цемент (сл. 162).
Движењето на материјалот најмногу се овозможува заради силата на триење
помеѓу материјалот кој се поместува и вертикалниот жлеб (олук). Овие сили на
триење се јавуваат поради појава на центрифугална сила на материјалот кој се врти
во жлебот заедно со завојницата. Силата на триење го забавува движењето на
честиците на материјалот, присилувајќи ги да се движат побавно од завојницата,
заради што тие лизгајќи по површината на завојците истовремено се вртат и се
движат нагоре.
Според бројот на одови на завојницата, завојните транспортери можат да
бидат едноодни или повеќеодни. Со повеќеодната завојница материјалот
поинтензивно се пренесува отколку со едноодната, т.е. капацитетот на
транспортерот е поголем.
Според конструкција на завојницата, овие транспортери можат да бидат со
полна завојница (сл. 163a), со лентеста завојница (сл. 163б), со профилирана
завојница (сл. 163в) и со лопатеста завојница (сл. 163г). Изборот на типот на
завојница зависи од видот на материјалот кој се транспортира.

105
Машини и опрема

Многу ровок материјал (цемент, гипс,


пепел, сув песок) се транспортира со полни
завојници. Парчести материјали (крупен
чакал, варовник, згура) се транспортираат
со лентести или лопатести завојници.
Тестести и влажни материјали (влажна
глина, бетон, цементен раствор) се
транспортираат со лопатести или
профилирани завојници.
Насоката на движење на
материјалот во жлебот зависи од насоката
Сл. 163 Видови завојници кај на вртење на завојницата и од правецот на
завојните транспортери завојците.
Жлебот на завојниот транспортер се состои од одделни делови со должина 2
до 4 m; деловите се изработуваат со заварување од челични лимови со дебелина 4
до 8 mm и на своите краеви имаат венец од валани аголни профили кои
истовремено служат за вкрутување на поодделните секции и за нивно меѓусебно
поврзување. Целиот жлеб е покриен, од горната страна, со капаци кои спречуваат
излегување на материјал од транспортерот кога тој работи.
Транспортната завојница се состои од осовина (обично изработена од цевка)
на која се заварени челични завојци изработени од одделни, обично пресувани
делови со дебелина 3 до 6 mm. Завојците можат да се изработаат и во облик на
изрежани прстени кои потоа се развлекуваат и се подесуваат по завојната
површина.
За многу груби материјали, кои брзо ги абат работните делови на уредите, се
користат завојници изработени од одделни секции од леано железо. Празнината
помеѓу завојницата и внатрешната површина на жлебот е 3 до 8 mm.
Вратилото на завојницата на секои 2,5 до 3 m е потпрено врз лежишта кои се
врзуваат за горниот дел на жлебот или за неговата бочна страна, спротивно од онаа
во која се движи материјалот под влијание на вртењето на завојницата. Покрај
лежишта, вратилото мора да има и аксијално лежиште кое ја прима надолжната
сила на завојницата. И лежиштата и аксијалното лежиште можат да бидат изведени
како тркалачки или лизгачки. Погонот на завојницата се изведува по обичната шема
на погонот на транспортерот - преку редуктор. Вратилата на завојницата и
редукторот се врзуваат со спојка која може да работи и при мали отстапувања на
правците на двете оски, додека вратилата на електромоторот и редукторот се
врзуваат со еластична спојка.
Покрај завојните транспортери се
користат и завојни барабани (сл. 164).
Завојниот барабан е всушност
цилиндричен барабан во чија внатрешност
е прицврстена завојница изработена од
челични ленти. Барабанот се поставува врз
Сл. 164 Завоен барабан
потпори кои му овозможуваат вртење.
Барабанот добива погон преку запчест венец прицврстен за неговото тело.
Завојниот барабан ретко се користи само како транспортно средство, туку во
комбинација со определена технолошка постапка, како што е мешање материјал,
миење, гаснење и тн.

106
Машини и опрема

5.6.2. Инерцијални транспортери


Се користат за транспорт на растресит материјал како и за додавање на
материјал на други транспортни уреди.
Нивниот основен дел е жлеб (корито) (сл. 165) кое се движи осцилаторно.
Движењето на материјалот
по коритото се постигнува со тоа
што при движење на коритото
напред атхезионата сила помеѓу
материјалот и коритото обезбедува
движење на материјалот напред
заедно со коритото, а при движење
на коритото назад истата сила е
недоволна за заедничко движење
на коритото и материјалот, т.е.
материјалот лизга по коритото.
При нивно заедничко
движење напред кинетичката
енергија на материјалот расти, а се
троши за негово движење кога Сл. 165 Инерцијални транспортери
коритото се враќа наназад; тогаш коритото пролизгува под материјалот.
Транспортерите со осцилаторно движење на коритото се делат на:
а) транспортери со постојана сила на триење (постојан притисок на товарот
врз коритото) (сл. 165a);
б) транспортери со променлива сила на триење (променлив притисок врз
коритото) (сл. 165б).
Кај транспортерите од првата група коритото осцилаторно се движи градејќи
несиметричен дијаграм на брзините, при што кога коритото се движи напред
брзината рамномерно и благо расте, а товарот, благодарејќи на силите на триење се
движи заедно со коритото; на крајот од ôдот коритото наеднаш забавува, а
материјалот по инерција продолжува да се движи напред лизгајќи по коритото. При
повратниот ôд на коритото неговата брзина наеднаш се зголемува, а материјалот по
инерција продолжува да се лизга како и на крајот од претходниот период на
движење на коритото, се додека при крајот на повратниот ôд брзината на коритото
не опадне и материјалот не почне да се движи повторно со коритото. Ваквиот начин
на движење на коритото може да се постигне со примена на криваен механизам со
нишачки лост (сл. 165a), или со пневматски или хидраулични клипни погони.
Кај вториот тип транспортери, со променлива сила на триење, коритото е
поставено на носачи наведнати под извесен агол кон вертикалата, па поради тоа и
насоката на осцилирање кон коритото е под извесен агол (стрелките на сликата).
При движење нанапред со забрзување вертикалната компонента на силата на
инерција го зголемува притисокот на товарот врз коритото, додека при одот наназад
го намалува, со што се постигнува променлив притисок на коритото и променлива
сила на триење.
По фрекфенција и амплитуда на осцилирање на коритото, овие транспортери
се делат на:
1. Нишачки транспортери (сл. 165a) со мал број на осцилации во минута (50-
100) и со поголема амплитуда 100-300 mm;
2. Тресечки транспортери (сл. 165b) кои работат со 300-500 осцилации во
минута и амплитуда 10-20 mm;
3. Вибрациони транспортери со 1000-3000 осцилации во минута и амплитуда
од 1,5-5 mm.

107
Машини и опрема

Основни недостатоци на инерцијалните транспортери се:


а) при работа се јавуваат значителни динамички сили кои предизвикуваат
осцилирање на носечката конструкција;
б) релативно мал капацитет;
в) капацитетот брзо се намалува при транспортирање на материјал под
наклон кон хоризонталата;
г) поголема потрошувачка на енергија отколку кај лентестите и синџирестите
транспортери.
Предности се:
а) поедноставна конструкција;
б) пониска цена;
в) мала чувствителност при нерамномерно пристигнување на материјалот.

5.6.3. Валчести транспортери


Валчестите транспортери (ролганзи) се користат за пренесување на тешки
товари во парче на хоризонтален или благо закосен пат.
Со помош на овие транспортери многу често се пренесуваат парчиња на
обработка од една до друга машина, како што бара технолошкиот процес на
обработка, кој со тоа се поврзува во еден непрекинат тек.
Валчестите транспортери можат да имаат сопствен погон или да бидат без
него. Кај транспортерите со сопствен погон валјаците добиваат погон од моторот и
со триење му соопштуваат транслаторно движење на материјалот кој лежи врз нив
(сл. 166).

Кај валчестите транспортери кои немаат


сопствен погон товарот се движи или со помош
на влечен синџир, потоа рачно, или под влијание
на сопствената тежина. За да се движи товарот
сам, транспортерот треба да е закосен за повеќе
од 1,5 до 3%. Товарот треба да се потпира
најмалку на 2 валјаци при што чекорот треба да
биди 1/3 до 1/4 од должината на товарот.
Основниот дел на валчестиот транспортер
е валјак кој се вградува на рамка. Валјаците се
Сл. 166 Валчест транспортер изработуваат од метал или дрво и се вртат во
тркалачки или лизгачки лежишта.

108
Машини и опрема

На сл. 167 a и б прикажани се два валчести транспортери чиј облик зависи од


локалните услови. Сл. 167в прикажува разни шеми на вградување на валјаците во
носечката конструкција изработени од валани профили.

Сл. 167 Видови на валчести транспортери

ПРАШАЊА

1. Кои видови машини спаѓаат во групата машини со влечен елемент?


2. Кои видови машини спаѓаат во групата машини без влечен елемент?
3. Наброи ги составните делови на лентестиот транспотер.
4. Наведи ги видовите на лентести транспортери според типот и обликот на лентата.
5. Која е улогата на лентата со попречни ребра?
6. На кој начин се изработуваат лентите за лентестите транспортери?
7. За што служат валјаците кај лентестиот транспортер?
8. Што се користи за спречување на лентата да излезе од носечките елементи?
9. Опиши го начинот на работа и составните делови на електробарабанот.
10. Како се затегнува лентата кај лентестиот транспортер?
11. Објасни ги уредите за истурање на материјалот на лентата и негово симнување.
12. Наброи ги составните делови на плочестиот транспотер.
13. Наведи ги поделбите на плочестите транспортери спред различни критериуми.
14. Какви видови на синџири се користат кај плочестите транспортери?
15. Опиши го принципот на работа на подвижниот плочест транспотер.
16. Објасни го принципот на работа на грабиличестите транспотери.
17. Наброи ги видовите елеватори.
18. Какви видови на кофи се користат кај елеваторите и за какви материјали?
19. Како се делат кофестите конвеери?
20. Објасни го принципот на работа на конвеерите со подвижни и неподвижни кофи.
21. Кои влечни елементи се користат кај кофестите конвеери?
22. Наброи ги деловите на завојните транспортери.
23. Кои видови завојници се користат кај завојните транспортери и за какви материјали?
24. Објасни го принципот на работа на инерцијалните транспортери.
25. Опиши го принципот на работа на валчестите транспортери.

109
Машини и опрема

Литература

Дедијер С.: Основи транспортних уређаја, Белград 1983


Дедијер С.: Транспортни уређаји I, Белград 1962
Техничка енциклопедија, Загреб 1986
http://www.ecvv.com/product/735079.html
http://www.manufacturingtalk.com/news/fbi/fbi100.html
http://www.s3i.co.uk/rope.php
http://www.demaxbg.com/index.php?option=com_content&task=view&id=22&Itemid=52
http://www.smpetrovic.co.rs/Celicna_uzad.htm
http://www.biokovo.hr/html/uzad/index.html
http://www.kbsbearing.co.rs/celicna_uzad.htm
http://www.harringtonhoists.com/products/subgroup.lasso?subID=9&priID=4
http://www.fotosearch.com/DGT264/eis0008/
http://en.wikipedia.org/wiki/Pulley
http://www.swe.org/iac/lp/pulley_03.html
http://en.wikipedia.org/wiki/Crane_(machine)
http://www.spb.com.hr/konzolne-dizalice.php
http://www.towercranetraining.co.uk/towercranetypes.htm
http://www.oilyhands.co.uk/home_made_derrick_crane.htm
http://www.naescanada.com/gallery.php
http://www.iskraemeco.hr/content/view/62/88/
http://www.streetcrane.co.uk/crane_galleries/portal/portalcranes.html
http://www.baltkran.ru/en/portal-cranes.html
http://www.spb.com.hr/mosne-dizalice.php
http://www.ecvv.com/product_directory/Truck-Cranes.html
http://www.ecvv.com/product_directory/Crawler-Cranes.html
http://www.ecvv.com/product_directory/Tower-Cranes.html
http://www.alatas.com/news/smag-peiner-grab-repairs.htm
http://www.alatas.com/
http://www.elektrostroj.hr/tracni_transporteri.php
http://www.trasing.co.rs/proizvodi-products/S2000/ConveyorTypes.html
http://www.flexco.com/products/pt_max_belt_trainer.html?
http://catalogs.indiamart.com/products/conveyor-components.html

110
Машини и опрема

СОДРЖИНА

Предговор …………………………………………………………………………... 1
1 Класификација на машините и опремата …………………………………….. 3
1.1 Вовед ………………………………………………………………………………... 3
1.2 Поделба на транспортните уреди ……………………………………………… 4
1.3 Оптоварувања кај конструкциите ………………………………………………. 9
1.3.1 Вистински оптоварувања ………………………………………………………… 9
2 Елементи кај механизмите и машините за подигнување ………………….. 13
2.1 Јажиња ……………………………………………………………………………… 13
2.1.2 Трајност на челичните јажиња ………………………………………………….. 15
2.2 Синџири …………………………………………………………………………….. 16
2.2.1 Споредба на особините на јажињата и синџирите ………………………….. 17
2.3 Макари ………………………………………………………………………………. 18
2.3.1 Макарни механизми ………………………………………………………………. 20
2.4 Барабани …………………………………………………………………………… 21
2.5 Куки ………………………………………………………………………………….. 22
2.5.1 Обесување на куката ……………………………………………………………... 26
2.6 Сопирачки ………………………………………………………………………….. 28
2.6.1 Сопирачки со педали …………………………………………………………….. 29
2.6.2 Сопирачки со лента ………………………………………………………………. 29
2.6.3 Сопирачки со диск и конусни сопирачки ………………………………………. 30
2.7 Задржувачи ………………………………………………………………………… 31
2.8 Експлоатација и заштита на механизмите и машините за подигнување .. 31
3 Механизми кај машините за подигање ………………………………………... 35
3.1 Механизми за подигање на товарот …………………………………………… 35
3.1.1 Рачни дигалки ……………………………………………………………………… 35
3.1.2 Барабани за влеча (витли) ………………………………………………………. 37
3.1.3 Механизми на дигалките за подигнување …………………………………….. 40
3.2 Механизми за движење ………………………………………………………….. 42
3.2.1 Количка на дигалката (мачка) со електричен погон ………………………… 43
3.2.2 Механизам за движење на мостовска дигалка со електричен погон …….. 44
3.2.3 Механизми за движење на конзолна дигалка ………………………………... 44
3.2.4 Подвижни дигалки без шини …………………………………………………….. 45
3.3 Механизми за завртување на дигалката ……………………………………… 46
3.3.1 Конструкција и погон ……………………………………………………………… 46
3.4 Механизам за промена на дофатот (испустот) на стрелата ………………. 48
3.4.1 Дигалки со криволиниско поместување на товарот ………………………… 49
3.4.2 Дигалки со хоризонтално поместување на товарот ………………………… 50
3.4.3 Промена на дофатот на стрелата со поместување на количката ………... 52
3.4.4 Избор на електромотор за погон на механизмите …………………………... 52
4 Дигалки ……………………………………………………………………………… 55
4.1 Вртливи дигалки …………………………………………………………………... 55
4.2 Стабилност на вртливите дигалки ……………………………………………... 63
4.3 Мостовски дигалки ………………………………………………………………... 64
4.4 Рамни и полурамни дигалки …………………………………………………….. 66
4.5 Претоварни мостови ……………………………………………………………… 66
4.6 Кабелски дигалки (кабел кранови) …………………………………………….. 67

111
Машини и опрема

4.7 Пловни дигалки ……………………………………………………………………. 69


4.8 Подигнувачи ……………………………………………………………………….. 71
4.8.1 Верикални и коси подигнувачи …………………………………………………. 71
5 Механизми за непрекинат транспорт …………………………………………. 75
5.1 Поделба и област на примена на машините за непрекинат транспорт …. 75
5.2 Лентести транспортери …………………………………………………………... 78
5.2.1 Конструкција на лентести транспортери ……………………………………… 78
5.2.2 Ленти ………………………………………………………………………………… 80
5.2.3 Уреди за носење и управување со лентата ………………………………….. 81
5.2.4 Погонски и затегнувачки уреди …………………………………………………. 84
5.2.5 Уреди за истурање на материјалот на лентата и негово симнување ……. 86
5.3 Плочести и грабиличести транспортери ……………………………………… 88
5.3.1 Општи податоци за плочестите транспортери ………………………………. 88
5.3.2 Конструктивни изведби на плочести транспортери …………………………. 92
5.3.3 Грабиличести транспортери (стругачи) ……………………………………….. 94
5.4 Елеватори ………………………………………………………………………….. 95
5.4.1 Општи податоци за елеваторите ………………………………………………. 95
5.4.2 Делови на елеваторот ……………………………………………………………. 98
5.5 Конвеери ……………………………………………………………………………. 100
5.5.1 Конвеери за транспорт на ровок материјал ………………………………….. 100
5.5.2 Висечки конвеери …………………………………………………………………. 102
5.6 Машини за непрекинат транспорт без влечен елемент ……………………. 104
5.6.1 Завојни транспортери ……………………………………………………………. 104
5.6.2 Инерцијални транспортери ……………………………………………………… 107
5.6.3 Валчести транспортери ………………………………………………………….. 108
Литература …………………………………………………………………………. 110

112

You might also like