You are on page 1of 44

Периодизација на историјата на правото

Хронолошка периодизација:

 Во утврдувањето на периодите на историскиот развој, тргнува од временскиот редослед


на настаните
 Појаата на хронолошката периодизација е во периодот на ренесансата и прв ја применил
Никола Макијавели

Хронолошката периодизација ја дели историјата на:

 СТАР ВЕК ( од создавањето на првите цивилизации до пропаста на Западното римско


царство)
 СРЕДЕН ВЕК ( ја дели антиката од периодот на хуманизмот и ренесансата)
 НОВ ВЕК ( започнува со хуманизмот и ренесансата)

Слабости на хронолошката периодизација:


 - различно сметање на времето кај различни народи
 Основно прашање е кој календар ќе се прифати ( проблемот е надминат со усвојување на
Грегоријанскиот календар)
 Во ист временски период постоеле големи нерамномерности во развојот на многу
општества во ист временски период има многу општестваљ кои се извонредно развиени
наспроти некои кој сеуште се однесувале како во првобитната заедница)

Типолошка периодизација:
 Како основен критериум го зема развојот на средствата на производството и
производствените можности
 Типолошката периодизација е користена од страна на Марксистичката историогтафија, но
не може без да се искомбинира со хронолошката периодизација
 Во комбинација на двете периодизации се добива следната:
 Првобитна заедница
 Робовладетелство
 Феудализам
 Буржоаско општество ( од Француска буржоаска револуција)
 Социјалистичко општество ( од Октомвриска револуција до денес)
Примитивно право
Обичаите

Во првобитното опшество односно заедница не постои право, во денешна смисла на


зборот, како збир на пишани норми санкционирани од државата, се до формирањето на
пишаните норми можеме да зборуваме само за правила на однесување на човекот во
првобитната заедница или непишани норми кои ги изразуваат интересите на целата група.

Интересите на целата група ( правила на однесување) имаат неколку карактеристики:

 Се создаваат низ традиција


 Имаат религиозен карактер
 Врзани се со табуа ( забрана)

 Злосторствата, убиствата или ранувањата врз поединци, ги одмаздувале членовите на


групата си примена на начелото “ око за око, заб за заб “ или во науката познато како LEX
TALIONIS.
 Казните се донесувале со општа согласност ( се што се однесува на повреда на женидбата,
предавството итн)
 Кршењето на табуата за племето се поопасни од световните злосторства
 Постојат и касни кои се проследени со прогонство од родот/племето што се еднакви на
смрттна пресуда

Потреба од посилна општествена контрола се појавила со појавата на приватната


сопственост над земјата, за споровите поврзани со земјата или други световни спорови за
нив се решавал Советот или некој друг угледен старешина, но одлуката се носи со општа
сопственост.

Општествениот морал кој развил обичаи не се однесува на странците, бидејќи односите


меѓу групите често биле непријателски, а споровите се решавале со крвна одмазда,
талионот, откупот или композицијата.

Правото

Обичаите во првобитната заедница се применувале во регулирање на оштествените


односи и во цивилизацијата, односно и по настанокот на државата.

Некаде државата се создала со распаѓање на родовското општество како резултат на


внатрешното разлојување, како што е примерот со Атина, некаде пак со симбиоза или
спојување на две племиња како во Рим ( патријци и плебејци), некаде со освојување на
големи територии ( Франачката држава), некаде и со организација на иригационите
системи или сплотувањем на природата како што е случајот со Египет, Месопотамија. Но,
ваквите промени не можеле а да не се одразат врз содржината и карактерот на обичајните
правила

Новите правни правила на почетокот биле воспоставени преку судската практика, а


подоцна преку донесување на закони или ,,законици,, кои го кодифицираат обичајното
право.

Со тоа настанува ПРИМИТИВНОТО ПРАВО со следните карактеристики:

 Прво, правото регулира само дел од општествените односи, бидејќи закониците не


биле онакви какви што денес ги познаваме
 Второ, имаат казуистички карактер , содржеле одредби кои се однесувале на
конкретни случаи или упатства како треба да се суди во определени случаи
 Трето, не постои јасна систематизација на прописите, тие се разфрлани на повеќе места
во законикот
 Четврто, имаат религиски карактер, Богот ~ реката решава за вината
 Петто, објективна одговорност – не се води сметка за степенот на вината и казните за
престапи против поединци се темелат на lex talionis ( око за око , заб за заб ) принципот

Месопотамија во времето на доминацијата на Вавилон

Вовед

Амори- семитски народи кои формираат кралатва на подрачјето на Месопотамија

Касити- племиња со понизок општествен развој се стационирале во северните делови на


Вавилон), подоцна градот станува центар на нововавилонската империја

 Династијата на Вавилон ,, божја капија,, успеала да се ослободи од аморите и да го


издигне Вавилон како културен, духовен и трговски центар во Јужна Месопотамија
 За време на владеењето на Хамураби, Вавилон израснува во империја се до уништувањето
од страна на Хетите.

Државно уредување

 Град- држава- Патесијати!!!

 Првите градови- држави никнуваат во Сумер и Акад ( се формираат со проширување и


спојување на повеќе селски заедници)

 Во тоа време Месопотамија извезува жито, а внесува се што е потребно ( дрво, камен ,
метал..) неопходни за изработка на орудија.
 Стопанскиот живот на овие заедници го обележувале земјоделството, сточарството и
трговијата

 Врз основа на разлојување и издвојување на еден владеачки слој тие прераснувале


постепено во градови- држави

 На чело се наоѓал некогашен племенски старешина, а сега наследен монарх познат како
ЕНСИ или ПАТЕСИ.

 ТИТУЛАТИ ГАЛАЛ- ‘’голем човек’’, се дава кога ќе се започне со ширење на територијата

 Првите градови- држави настанале како ТЕОКРАТИИ ( каде владетелот е носител на


световната и религиската власт)

 Во центарот на градот се наоѓал храм ‘’ Зигурат’’ кој е посветен на богот и на градот-


држава.

 Владетелот има значајна стопанска улога ( се грижел и ги организирал иригационите


системи)

 ЛАГАШ- ( побуна против свештенската бирократија)

 При израснување на првите градови- држави, присутен е облик на ПРИМИТИВНА


ДЕМОКРАТИЈА ( постоење н собрание на сите возрасни мажи- слободни граѓани како
орган на власта

Вавилонска Империја

Вавилонската империја има неколку карактеристики:

 Деспотска монархија
 Цнетрализирани држави
 Голем хиерархиски уреден бирократски апарат, на чие чело се наоѓа владетелот ЛУГАЛ
( управува со империјата во име на некој бог)
 Во рацете на владетелот се сите функции на власта вклучувајќи ја и религиската.
ЧИНОВНИЧКИ АПАРАТ НА ВАВИЛОН:
 НУБАНДА- управник на дворот и царскиот имот
 ИШАКУ- управува со воениот и управносудскиот апарат
 ЛОКАЛНО НИВО
 ШЕКАНАКУ- управител на одредена област
 РАБИАНУМ- управува со помали територијални единици

Општествена структура

 Основна поделба на населението во Месопотаммија е на слободни и неслободни луѓе, а


основната поделба е според имотната состојба.

 СЛОБОДНО НАСЕЛЕНИЕ ( два слоја: 1. Владетелот и свештениците и 2. Земјоделците,


трговците)

Две категории:
1. Слободен човек АВИЛУМ и АМЕЛУ
2. Слободен, но сиромашен- МУШКЕНКУ

 Во Хамурабиевиот законик се појавува јасна разлика меѓу овие два слоја, казните за
мушенку се поблаги од тие за авилум или амелу, а пак во други одредби овие две
категории се изедначуваат.

3. Третиот слој се НЕ СЛОБОДНО НАСЕЛЕНИЕ – ВАРДУМ ИЛИ РОБОВИ.

 Извори на ропство: заробување во војна, должничко роптство и купување! ( секој


слободен човек е потенцијален вардум) како последица од случајни околности

 Робовите се во сопственост на државата, храмовите и селските заедници, а според


Законикот робот кој е сопственост на господар носи жиг и тој жиг може да се одстрани
само со согласност на господарот.
 Робот има право на имот и може да склучува брак со слободна жена, каде децата ќе
бидат слободни
 Робството е заштитено и при помагање на роб да избега казните се строги.
Извори на правото

Неколку видови:

 Обичајно право – како значаен извор на правото и во цивилизацијата овие правила


претставувале основа за регулирање на односите односно со санкционирање на одредени
односи се трансформирало во обичајно. Со развојот на општеството се развива и правото.
 Судска практика- веќе еднаш донесени пресуди претставувале пример за решавање на
други случаи
 Закони или кодекси- збирка на правни прописи се најзначаен извор на правото! Тие
делумно го кодифицираат обичајното право и делумно го применуваат и во најголем дел
содржат одредби кои не се регулирани со обичајното право.
 Наредбите- јавни исправи кои ги издавале управителите

ПОЗНАТИ ЗАКОНИЦИ НАЈДЕНИ ВО МЕСОПОТАМИЈА


- УР НАМУ Заедничко за нив е
- ЛИПИТ- ИШТАР
БОЖЕСТВЕНОТО ПОТЕКЛО
- БИЛАЛАМА
НА ПРАВОТО И ПРАВОТО Е
- ХАМУРАБИЕВИОТ ЗАКОНИК
НЕМЕНЛИВО

ХАМУРАБИЕВИОТ ЗАКОНИК
- Најпознато правно дело на стара Месопотамија, донесен од амортскиот владетел
Хамураби, во најголемиот подем на Вавилонскага империја, напишан на камен
блок на чии врв е претставен Хамураби како стои пред богот на сонцето,
пронајден е во градот Суза.
- Законикот содржи вовед, 282 члена и завршен дел!

Одредбите може да се групираат како:


- Одредби за судот
- Одредби за сопственоста
- Одредби за бракот и семејството
- Одредби за заштита на личноста
- Одредби за трудот и средствата за трудот
ЕЛЕМЕНТИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ ОСТАТОЦИ ОД МИНАТОТO:
- ТАЛИОНОТ ( око за око заб за заб)
- ПРИМЕНА НА ИРАЦИОНАЛНИ ДОКАЗНИ СРЕДСТВА - со доказните средства ние
точно дознаваме што се случува во денешницата ( БОГОТ- РЕКА)
- ПЕРСОНАЛНА ЕГЗЕКУЦИЈА ( ЗАДОЛЖУВАЊЕ СЕБЕСИ ИЛИ СОПСТВЕНОТО
СЕМЕЈСТВО – 3 ГОДИНИ)

МОДЕРНИ ЕЛЕМЕНТИ:
- ЛАИЧКИ ( СВЕТОВЕН КАРАКТЕР)
- РАЗВИЕНО ОБЛИГАЦИОНО ПРАВО ( низа одредби кои ги регулираат
договорите)
- ПРИНЦИП НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ( имаме право да ни се надомести
материјата)
- ТЕОРИЈА НА ВИНА ( имаме почеток на теорија на вина во законикот и тој прави
разлика меѓу вините)

Правото во Вавилон

1. Право на сопственост- на почетокот се сметало дека државата е во сопственост на


Богот ( заштитник на градот) и има државна сопственост со која непосредно
раководат Дворот и Главниот храм.

Евиденција на сошственоста- КУДУРУ КАМЕЊА ( граница/ меѓа) се камења кои


претставуваат своевиден вид на имотен лист кој се поставувал на границата на
земјиштето и копија на ваквиот камен имало во храмот и тие претставуваат доказ
за сопственоста

2. Облигационо право- развојот на облигационото право е условен со развојот на


пазарното стопанство , а основна гранка е земјоделството
- За дел од договорите во Хамурабиевиот законик се бара писмена форма, а во
некои договори може да се сретне и заклетва како соствен дел од договорт,а со
тоа се дава свечена форма на договорот и цврста воља на странките да се
придружуваат кон истиот
ВИДОВИ ДОГОВОРИ:
- Договор за купопродажба ( предмет на купопродажба можат да бидат
подвижни и неподвнижни работи па дури и сопствените деца или робовитем
предмет на купопродажба може да биде ИЛКУ посед даден за вршење на
воена или друга државничка функција или стоката дадена на илку како и
миразот даден од таткото на ќерката.
- Договор за закуп ( преминување на одредено семјиште преку туѓо со што се
наплаќа долгот)
- Договор за наем ( вол, магаре, роб)
- Договор за личен наем ( градежни работи итн.)
- Договор за заем
- Договор за остава ( се дава на чување одредена работа/ ствар)
- Договор за ортаклак

Бракот и семејството:
- Се склучува врз основа на договор
- Дозволени се бракови меѓу слободни луѓе и робови ( при што децата ќе бидат
слободни)
- При склучување на бракот, младоженецот му давал на таткото на невестата
ТИРАХТУ, како вид на откуп за девојката ( некој вид откупување на жената)
- За да се обезбеди жената во случај на смрт, мажот и дава подароци НУДУНУ
( ако не и дава нудуну, жената наследува заедно со децата во случај да остане
вдовица)
- Бракот престанува со смрт на сопружникот или развод ( кој е полесен за
мажот иако без причина не може да се разведе), жената смее да ја напушти
куќата на мажот без судска одлука
- Жената има право на развод во три случаи ( неверство, запоставување, при
болест)
- Основен облик во Ватикан е моногамиот брак
- Жената има правна и деловна способност, но заедно со децата е во сопственост
на мажот
- Власта на таткото врз децата се гледа во тоа што тој може да ги даде на
должничко ропство.
Наследно право
- Право на наследство имале машките деца и сите тие подеднакво
- Со давањето на ШЕРИКТУ (мираз) на ќерките, завршуваат имотните обврски на
таткото
- Вавилонското право признава право на репрезенатација ( ако синот е умрен,
наследуваат другите по машка линија )
- Вдовицата не го наследува мажот но смее да остане во куќата
- Вавилонското право не познава класичен вид на тестамен, а неговата замена
била адопцијата ( присвојување)

Кривично право
- Кривичното право е доста неразвиено и има силни остатоци од родовско-
племенското уредување, пример има случаи каде е пропишана колективната
одговорност, како и принципот на талионот
- Не се води сметка за степенот на вината на обвинетиот или дали делото е
направено намерно или од небрежност
- Потои правна нееднаквост ( меѓу катеогриите на луѓе согласно имотната
состојба или видот на слободата)
- Казните се карактеризираат со суровост и репросивност при широка примена
на смртна казна ( најчесто изведувана со запалување, набивање на конец или
бесење)
- Нема одредби кои се донесуваат на делото убиство со умисла и за дела против
државата/ веројатно регулирани со обичајното право, а значајно место се дава
на делата против семејството или сопсвеноста за кои казните се сурови, а за
кривичните дела против семејството се предвидуваат брачно неверство, ицест
итн.

Судовите и судска постапка


- На почетокот судската функција ја вршат свештениците во храмовите, но во
времето на Хамураби дошло до лацирање ( доверување на судската
функција )на световно- државни органи кои покрај административната вршеле
и судска функција на судството иако и понатаму свештениците ја вршеле оваа
функција како помошно-судска функција во судската постапка. И до крајот на
Вавилонската империја судството не се дели од управата.
- Највисоката судска власт ја има владетелот кој го имал правото на помилување
(судел самостојно или преку царски судии)
- Судската постапка се поткренува од страна на оштетениот ( со исклучок на
делата против државата каде постапката ја започнува државата), прва фаза таа
е усна, а после се применуваат разни видови на докази. Како ирационални:
заклетва...
- Постоење на божји суд ( водата ќе ја докаже вистината)
- Последна фаза: пресуда која се донесува во писмена форма ми содржи изјава
на странки, заклетвите, одлука и името на сведоците
ЕГИПЕТ
- Почнувајќи од 4500 г.пр.н.е се формираат првите селски населби за регулирање
на речниот тек, а со нивно обединување на селски заедници НОМИ- поголеми
области, со ова се формира и основната политичка структура на идната држава
која се создава со обединување на номите.
- На почетокот ( на течението на реката Нил) се зодадени две држави ГОРЕН И
ДОЛЕН ЕГИПЕТ, биле обединети во градот Мемфис од страна на владетелот
Менес.
- Египет се карактеризал со 20 династии поделени во 6 развојни периоди и тоа:
 Период на обединување
 Старо Царство- 1. Прв меѓу период
 Средно Царство 2. Втор меѓу период
 Ново Царство

- Старо Царство ( центар: Мемфис)- стабилна и строго централизирана држава,


период на конечно иживување на родовско- племенските елементи, постојат и
децентрализирани тенденции на локални управници на номите и слабеење на
централната власт што доведува до негово пропаѓање.
- Средно Царство ( центар: Теба)- повторно обединување на државата,
проширување на иригационите системи, развој на уметностите и воените
техника. Прва жена фараон ХАТШЕПСУТ.
- Ново Царство ( договор за мир со хететската држава ) – регулирани се
прашањата за поделба на интересни сфери и екстрадација на деликвенти
побегнати во друга земја

ПРАВОТО ВО ЕГИПЕТ
- Најстар извор на правото во Египет- обичајно право.
- Од египетската правна историја нема сочувано закони а, уште помалку кодекс на закони.
- “Книгата на Мемфис“-Наредба на Владетелот и милост на Везирот.
-Првите закони(кои ги изведуваат фараоните-се дознава од грчките писатели) му се
препишуваат на Менес кои го забранува земањето на заем без заложување на мумија на
таткото на должникот или самиот должник.
-Други извори: административни акти, судски пресуди.
Поделбата на правото во Египет
статусно право, право на сопственост, облигационо право, семејно, брачно и наследно
право, кривично право и меѓународно право
Статусно право:
- Свештенство- има особена моќ (Храмовите се центри на политичка моќ и имаат
големи економски богатства).
- Најброен е средниот слој(постојат и такви селани на кои фараонот им дарил
земја).
- Основен извор на ропството е заробување во војна и тие се сопственост на
фараонот.(има и должнички робови).
Право на сопственост:
- Земјата му припаѓа на фараонот.(делови од земјиштето Фараонот дава на
храмовите и др. Високи чиновници) другото земјиште во државна сопственост е
во посед на слободните селски општини(селанецот го обработува и има
должнички обврски кон државата).
- Необработливото земјиште-фараонот го дава како подарок и тука се заснова
приватната сопственост.
- Во раните години се појавуваат и ДРЖАВНИТЕ РЕГИСТРИ кои водат евиденција
за сопственоста и служат како доказ во спор.
Облигационо право:
- Египет=неутрално стопанство
- Развојот на трговијата(особено меѓународната) го развива и облигационото
право.
- Видови договори: трампа,купопродажба,заем,закуп,остава и ортаклк.
- На почетокот се склучуваат во усна форма во вид на заклетва пред свештеник и
службено лице.
- Од фараонот Бокхорис почнале да се склучуваат во писмена форма,
ослободена од религија.
- Договор за купопродажба на недвижнини ---> 3 акти:
1.Спогодба
2.Изјава за исплатена сума
3.Заклетва (потоа пред судот се менуваат книгите на сопстеност).
Брачно, семејно и наследно право:
- Жената има добра положба (остаток од матријахатот)има правна и деловна
способност(може да учествува во правниот промет)
- -Жената може да поседува имот, да располага со него, да склучува договори во
нејзино име, да поткренува постапка пред судови, да биде сведок во
склучување на правни документи.
- За добрата положба говори фактот што децата се именуваат по мајката и
престолот се наследува по женска линија.
- Бракот во Египет- моногамен( жената е рамноправна но, постојат и траги на
полигамија ограничени во фараоновото семејство)
- Кога жената нема да роди син мажот може да се разведе или да земе кон
кубина која ќе му роди машко дете.
- Брак- приватен договор без религиозни примеси.
- Разводот е потполно слободен.
- Чести се браковите помеѓу први братучеди (како и вујко со внука) за имотот да
остане во семејството, додека пак бракови меѓу браќа и сестри или татко и
ќерка се само меѓу фараоните.
- Женското неверство построго се казнува.
Наследно право- подеднакво наследуваат сите, ако умрениот нема деца, имотот го
наследуваат браќа/сестри.
Imit-per(предок на тестаментот)
Кривично право
- Казните се многу сурови имаат за цел одмаздување и застрашување(смртна
казна, телесно сакатење, тепање, затвор, принудна работа)
- Смртна казна- дела против државата или религијата(силување,убиство..)
- Нема разлика за убиство со умисла или од небрежност.
- Прељубата се казнува со отсекување на носот на жената и кастрирање на
прељубникот.
- Пљачкање на гробниците-тешко кривично дело
- Судството во Египет останало во надлежност на административните органи низ
целата историја.
- На чело на судската хиерархија е Фараонот, а најдоле биле месни судски
колегиуми(во прв степен Фараонот самостојно и во втор степен на жалба кон
помалите судски колегиуми)
- Кривичното право води сметка за општествениот статус на сторителот(кај некој
дела покрај сторителот се казнува семејството)
- Постапката се поткренува жалба на тужителот и се состои од две фази.
1 фаза: потврдување на факричката состојба(составување на записник)
Доказни средства:сведоци, увид, исправи,заклетва
Најсилно доказно средство: признание на обвинетиот(почесто сврзано со тортура)
2 фаза: донесување пресуда(најчесто со колегиумот раководи Фараонот или Големиот
везир)
- Има и религиски примеси, некогаш се носел Богот на судење да ја определи правата
страна.
Меѓународно право
Договор за мир со хететската држава(регулирани се прашањата за поделба на интересни
сфери и екстрадиција на деликвенти побегнати во друга земја) склучени меѓу Рамзес II и
Хатушила III
-Екстрадиција на виновници.
-Виновните лица се заштитуваат од некои казни
-Семејството на виновникот не смее да биде казнето.

ЗАКЛУЧОЦИ ЗА ЕГИПЕТ:
-Еѓипјаните не успеале да стигнат до општествени правни поими
- Правото на Египет се заснова врз традицијата и има религиско-морален поим ma’at
бидејќи веруваат дека правото е волјата на боговите.
-Правниот систем на Египет има влијание врз македонската античка држава и на римскиот
правен систем.

ПОЛИСОТ (ГРАД-ДРЖАВА)
- Грчки градови-држави ПОЛИС—преткласичен/архајски период(процес на
урбанизација)
- Грчки град POLEIS (карактеристичен тип на грчка политичка заедница)
- Тешкотии за политичко обединуување (географски карактеристики,
исњпреченоста на земјата од планински вез) доведуваат до формирање на
полис како политички облик.
АРИСТОТЕЛ
“Државата не смее да има поголем број на население, зашто тогаш тешко да се одржи
поредокот и законот“
“Големината на една држава не се мери со бројот на населението, туку со потполноста во
извршување на нејзината задача“
“Државата треба да има толку население колку што е доволно за среќен и заеднички
живот“
“За добро да се решаваат споровите, граѓаните мора да сње познаваат, а каде што тоа не
се случува распределбата на службите и правосудството се лоши“
- На почетокот владеат кралеви кои вршеле и судски работи а се повикувале на
божественото право, но тие не успеале да ја задржат автократската власт и
нивното владеење е заменето со алигархија и аристократија.
- АРИСТОКРАТИЈА= aristo(грч.) НАЈДОБАР и kratein“да се владее“
- Низ историјата има различно политичко уредување.
- Низ историјата полисот е идеал за демократско уредување(demos-народ и
kratein-владеење)
- Разлики во политичкото уредување меѓутоа секогаш постои грчко единство во
однос на јазикот, културата и религијата.
- Територија на полисот=населба+ околни шуми и ниви(ги задоволува скоро сите
опш. потреби)
- Недостаток: полисот не може да се спротистави на поголеми држави.
- Надминување на недостаток: формирање на лига или федерација како
асоцијација од повеќе полиси.
- Алфабетското грчко писмо е превземено од Феникијците.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРАВОТО
- Хесиод-песна “Работи и денови“- корупција и моќ на аристократијата. Братот го
потплатува судот во парницата за наследството од мртвиот татко.
- Themis-божествена правда
- Први законици на овој период
Залев(Локрис),Харондас(Сицилија),Ликург(Спарта),Дракон(Атина).
- Се сметале за Thesmoi(доаѓале од tithemi)“поставувам“

Еврипид
- “го поздравува донесувањето на добрите законисметајќи дека намерата е да
се изедначат богатите и сиромашните“
- “Законите еднаш јавно запишани на камен или на бронза се еднакво достапни
за сите и не се основа за арбитрарно однесување или интеграција на затворен и
привилегиран сталеж“.
- Правни текстови- не се сочувани!
- Исклучок: Гортинскиот законик од критскиот полис Гортин(V век п.н.е. а
пронајден во Фестос 1884г.)

СПАРТА
Настанување и државно уредување
- Навлегување во Пелопонез од Централна Грција и покорување на
староседелецот во Лаконија.
- Настанување 4-5 села во архајскиот период со што настанувва спартанската
држава.
- Процес на политичко обединување-“synoescism“ единство на домаќинствата“.
- Карактеристично: не ги протеруваат староседелците туку ги ставаат во
потчинета состојба на хелоти.
- Има остатоци од првобитната заедница но општественото уредување останува
релативно непроменето.
- Стопански гранки-земјоделие и сточарство и потребата од држење во
потчинетост на огромен број однаселението(хелотите) ја градат Спарта како
воено-аграрна држава!
- Живеење според правила на строги војнички дисциплини(мажите живеат во
воени касарни, децата ги одгледува) државата воспитувани се со војнички дух)
- Се што е спротивно на војничкиот дух, во Спарта е забрането!(заснована на
послушност на Законот!) и Спарта претставува пример за другите Грци за
аристократскиот начин на владеење.
- Општествено уредување на Спарта му се препишува на Ликург кој во
документот ретра ги утврдува основите на општественото уредување.
- Бројот на дозволени граѓани во Спарта е 9000“еднакви“(Спартијанци).
- Спартијанците живеат на еднакви парцели обработувани од хелотите.
- Спарта-водечка сила на Пелопонез
- Стремежот на хегемонија на Спарта ја доведува во судир со
Атина(Пелопонезката војна-27 години завршува со победа на Спарта..добивка-
огромно богатство)
- Државно уредување-релативно не променето низ историјата.
Органи на управување на Спарта
1) Два крала наследство од хомеровиот период (еден од семејството Агиад а, друг од
Европонтид), за време на војна ја имаат врховната власт, а за време на ир-свештеничката,
на почетокот и судска функција но,со тек на годините опаднала(само за интересите на
целата група)
2)Герузија(совет на старци) (наследство од родовско-племенското уредување) брои 28
геронти како и двајцата кралеви. Членовите се бирани од Народното собрание (апела) од
редот на угледни семејства а, требало да имаат над 60 години, нивниот мандат е
доживотен. Прашања од интерес на герузијата биле да даваат предлози на Народното
собрание, односите со други држави, судска власт во определени предмети како и
процеси против кралевите. На почетокот Герузијата ја свикуваат кралевите а, подоцна
ефроните.Одлуките на апелата можат да бидат суспендирани од герузијата.
3) Народно собрание (апела) сите полноправни граѓани над 30 години(сите Спартијани
кои имаат парцела) исто како и герузијата на почетокот ја свикуваат кралевите а, подоцна
ефроните. Се среќавале еднаш месечно и во нивна надлежност е да ги избираат
функционерите (ефроните, геронтите итн.), прашања во врска со наследство на престолот,
одлучуваат за војна и мир, сојуз со други држави, граѓанство.Се одлучува со акламација.
4)Ефорите- политичка власт со посебно место и улога во државата, израз на стремежот на
аристократијата да ја ограничи власта на кралевите, нивната надлежност постојано се
жири и стануваат најзначаен орган во Спарта.
- Вкупно има 5 ефори, кои се бираат секоја година од Народното собрание, одлучуваат
како колегијален орган со мнозинство, со исклучок на граѓанските спорови кои се
одлучуваат поединечно.
- Најзначајни се овластувањата за контрола врз сите органи, вклучувајќи ги и кралевите,
имале и судска функција а, можеле да го разрешат од должност секој па дури и самите
кралеви и да ги дадат на суд. Формирани се со стремежот за контрола на политичките
функции.
- За својата работа ефорите не одговарале никому, а сметка полагале само на
наследниците.

ПРАВОТО ВО СПАРТА
- Има белези карактеристични за правото во грчките полиси, како и долго
задржување на остатоци од родовско-племенската заедница.
- Не развиено облигационо право(слабо развиен промет).
- Создавање на правниот систем му се препишува на Ликург(законодавството
потекнува од традицијата)
- Rhetra(Аполон од Делфи)- “изјава“ “говор“ и е назив за законите кои
произлегуваат во Спарта.(Изјава за законите).
- Спартанците никогаш не ги запишале законите и тоа е една од
карактеристиките на спартанското право.
Видови права во Спарта- Статусно право ,Стварно право, Семејно право
Статусно право
- Неколку категории на население: хелоти, робови, периеки и спартијати.
- Хелоти- староседелско население(имаат домакинство и служат и во војска како
лесно вооружени).
- Секоја година ефоритите поради бројноста на хелотите објавувале војна . Тоа
му дава за право на секој спартијанец да убие хелот без никакви последици.
- КРИПТИИ-најславни и најхрабри хелоти(секоја година се организирани нивни
убиства).
- Робови-воени заробеници и тие биле “ствари“ на господарите.
- Периеки или Периеци- живеат во околината, биле лично слободни без
политички права и морале да служат војска како тешко вооружени.
- Спартијанци-владеачки слој, нивниот живот наликува на живот во воен логор,
сите живеат заедно, рушаат заедно- сиситии.
Hypomeion-спартијанец од “втор ред“ не е веќе слободен(ако немал пари да
даде за заеднички ручек или го изгуби поседот).
Машкото дете се зима на 7 години, се одгледува до 20а, од 20-60 е должен да
служи војска, на 30 години ги добива своите политички права.
СТВАРНО ПРАВО
- Парцела- КЛЕРОТ
- Државна сопственост врз земјиштето
- Земјиштето е разделено на 9000 парцели
- Парцелата не смее да се дели, во семејства со поголем број на машки деца,
наследува најстариот син.
- Земјиштето од освоените територии е во приватна сопственост.
- Поради војните, мажите се повеќе се намалувале и парцелите останувале во
рацете на жените.(класичен период).
СЕМЕЈНО ПРАВО
- Жена- релативна слобода и добра положба, малите девојчиња со малку облека
паралелно вежбале со момчињата.
- -За да го задржи имотот жената се мажела во татковото семејство.
- Задача на жената: да се одржува во здрава физичка форма за да раѓа здрави
деца.
- Брак- бил во парови а, целта е да се раѓаат здрави деца, повеќе браќа можеле
да имаат заедничка жена.
- Не се смета за срам ако жената зачне од друг маж кои физички е повоочлив од
нејзиниот.
- Се јавуват остатоци на полигамија(само кај двајца базилеуси кои немаат деца).
АТИНА
ДРЖАВА
Настанување
Настанува како резултат на внатрешно имотно раслојување кај јонските племиња коишто
ја населиле Атина, државата настанува во тек на подолг период , а атињаните верувале
дека настанувањето на имотниот полис е заслуга на легендарниот Тезеј (обединување на
4 јонски племиња кои ја населувале Атика - синојкнизам).
Племињата бирале еден заеднички базилеус - владетел што владее доивотно.
Поделба на населението
- Населението се дели на евпатриди („сите што имаат благородни татковци“) и
демос (обичен народ). Во демосот влегувале две категории: геоморите (ситни
занаетччии) и демијургиите (занаетчии). (и оваа поделба му се препишува на
Тезеј).
- метрици – странци
- Политичката власт ја врши аристократијата (евпатриди)
со тек на времето покрај базилеусот има уште еден надплеменски орган
ПОЛЕМАРХ (заеднички воен заповедник).
- Со стремежот на аристократијата да ја ограничи власта на базилеусот и
полимархот се јавува уште еден орган на управување АРХОНТ ЕПОНИМ (биран
од евпатридите со судски и управни надлежности, начинот на избор е со коцка,
а на предлог на племињата)
- Со тек на времето власта на органите е ограничена на 10 години, а после на 1
година (со што се ограничува и моќта на овие органи) со ова се појавува и нов
слој на власта АРЕОПАГ и станува најзначаен орган на власта во Атина (го
потиснува Советот на племенски старешини).
АРЕОПАЛОГОТ воспоставува 6 нови архоити (познавачи на законите) - ТЕСМОТЕТИ
Согласно организацијата, Атина била аристократска република.
Функционирање на архонтите:
- Првиот меѓу арохнитите (архонт споним се наоѓа на чело на колегиумот и врши
надзор над управата, суди во семејни предмети.
- Базидеусот сега е втор архонт има свештеничка функција и води религиозни
судски предмети
- Полемархот ја врши воената функција
- Тесмотетите ја имаат главната судска функција
Функционирање на ареопалогот
- Собир на стари и нови архонти (цела политичка власт е кај аристократијата).
- Поделба на Атина на помали територијални единици (наукратии), со должност
секоја да опреми по еден брод.
- Ареопалогот го избира архонтот Дракон да го запише правото, тој го објавува
законикот на кривично – прравни прописи во историјата познат како еден од
најсуровите (драконска казна).
- Судењето го вршел базилеусот – за верски случаи, полемархот како воен
судија, ароепагот за деликти како пожар, труење, намерно убиство.
Судот на ефетите како нов судски орган (сопставен од базилеусот, полемархот, епонимот
и 48 наукрари) кои судат за убиство од небрежност, обид за убиство, убиство на роб и
дела со тешка/лесна телесна повреда.
Изградба на Атина како демократска република
- Со донесување на драконскиот законик не се смирува состојбата, има појава на
два проблеми:
- Должничко ропство и хетеморите (hektemoroi) – безземјаши кои се појавуваат
како закупци на ситни парцели кај евпатридите.
- Целиот народ им должел на богаташите.
- Во овој период се развиваат и ситните трговци и др. кои ја поттиснуваат власта
и заземаат место во политиката, во тоа време како архонт епоним е избран
Солон кој требал да ја реши кризата. Солон направил: укинување на системот
на хетеморите и должничко ропство (seisahteia – отфрлање на долговите),
должничките робови се ослободени, а териториите надвор од Атина се купени
од државата. Сега е забрането давање на заем со задолжување на личноста.
- Солон го дели населението според имотниот цензус – (4 категории).

До 500 медимни жито 1. Пентакосимедими

Најмалку 300 медимни жито 2. Коњаници

Најмалку 200 медимни жито 3. Зеугнити

Сите останати граѓани 4. Тети

Само првите 3 категории можат да вршат политичка работа, а членови на Ареонагмот


само 1 категорија.
Третата мерка на Солон се однесува на органите на власта:
Покрај старите органи воспоставува нови:
- Народно собрание (законодавен орган и државна управа ЕКЛЕЗИЈА) орган на
непосредна демократија сите слободни атињани се членови и надлежноста е да се
одлучува за најзначајните работи и да избира функционери.
- Совет од 400 членови (секое племе бира 100) дава претходно мислење за работите на
народното собрание.
- Поротниот суд (Heliaia) највисок судски орган и членови можат да бидат сите 4
категориина население.
- Пизистрат – ја превзема власта со своите приврзаници, за себе смета дека е титанин
(лице кое дошло на власт на недемократски начин и владее со помош на приврзаници), ги
задржува органите кои ги воспоставил Солон и го помагал учеството на простиот народ во
власта (полна демократија) создал активен политички демос и силна аристократска
опозиција.
- По неговата смрт продолжуваат пизистратите а на чело на државата доаѓа Хипија. (во
негово време аристократијата сака да ја врати власта успева да ги протера пизистратите,
но не успеала да ја задржи власта)
- На власт доаѓа Клистен кои ги продлабочува реформите на Солон: ги остранува
остатоците на родовско уредување, ја дели територијата на фили (која се дели на три
одвоени делови – тринтни) формира Совет на 500 кој го потиснува Советот на 400.
- Секоја фила има еден стратег (на почетокот воен, а подоцна и политички функционер).
- Клистен воведува ОСТРАКИЗАМ „чесно прогонство“ (одлучува Народно
собрание со тајно гласање) за политичките функционери.
- Жртви на остракизмот: Аристотел, Темистокле
- Со клистеновите реформи се воведува вистинска демократија!
„Златен период“ во Атина време на интензивен развој на производство и трговија.
(реформи на Ефијалт и Перикле).
*Ефијалтовите реформи се однесуваат на стеснување на надлежноста на Ареопагот и
врз него контрола врши Народното собрание (ареопагот имал сега само надлежност на
верските предмети и пресудил за обвинение за убиство).
*Реформите на Перикле се однесува на јасно утврдување на надлежностите на сите
органи. Народното собрание е носител на демократската власт (сите Атињани учествуваат
во одлучувањето) воведува misthoforia или плата за учество во работата на државните
органи, ги вклучува и посиромашните слоеви. Ја воведува и јавната тужба
(grafeparanomon) која може да се поднесе против законски предлози или на веке
донесен закон, предлагач во случај на спротивност на демократијата. Усогласување на
новите прописи со обичаите на предците!
Државното уредување во класичниот период
- За демократијата во Атина најмногу говори Перикле.
- Атинската демократија сепак има низа недостатоци: жените и робовите немаат
политички права, сите не можеле поради обврски да постигнат да
присуствуваат на седници на Н.Собрание.
- За наредба на боговите „атинската демократија“ го осудува Сократ на смрт.
Органи за управување: Народно собрание (еклезија), Совет (буде), Ареопагот, Хелијата,
избраните функционери – архонти, стратези итн.
- Народно собрание (еклезија) – сите имале право на збор, учествувале сите, на
почетокот се свикува еднаш месечно, а подоцна 4 пати месечно. Тргување на
точка од дневен ред се врши со grafeparanomon. Со Народното собрание
раководи Претседавач на кој му помагаат 7 номофилакси. (надлежностите
историски му се менуваат, интересна е постапката з законите).
- -Советот (буле) – составен од 500 членови (50 од секоја фила, избрани со коцка
и членовите да имаат над 30 години).
- ДОКИМАСИЈА – проверка на способноста на членовите за вршење на
функцијата.
- Даваат и заклетва за поништување на законите, а ункциите се однесуваат на
финансиите и надзор над работата на морнарицата, флотата, дипломатски
односи и судење на одредени деликти. Работата е поделена на комисии по 50
члена. (се одлучува со коцка)
- Архоитите (со Келзеновите реформи го губат значењето) истапувале како
колегиум од 9 архонти само кога во Н.Собрание се зборува за остракнизам и
интерпелација на функционер (епихејротонија)
Базилеус, Полемархот, Тесмотети и Стратези Стратезите (автократори) ги има
10 и ги избира Ареопагот
Функционерите се бираат по пад на коцка, сите мора да поминат низ ДОКИМАСИЈА –
проверка за способност за вршење на функцијата, сите можат да бираат мак. Два пати со
исклучок на воените функционери. На крајот на мандатот дава сметка за својата работа
секој.
ПРАВОТО ВО АТИНА
Статусно право
- Слободно население и робови
- Слободното се дели на полиноправни граѓани и метеци (metoikoi) а не
слободното биле робовите (приватни и државни).
Граѓани:
Со навршување на 18 години на сите оние чии родители се атињани се запишуваат во
список на демите.
Подлежат по 18-атат година на воена обврска! (ослободени се членовите на Советот на
500, магистранти,бродопоседници и генерални закупници)
Политички права имаат само полиноправни граѓани.
Правата можат да им се ограничат или да им се одземат (atimia) со одлука на судот.
Метеци:
Странци – постојано населени во Атина што се занимаваат со трговија или занаетчиство.
Секој метек морал да има заштитник (ПРОСТАТ) од редот на полиноправните атињани.
Не смеат да купуваат земја, а за сторени услуги може да добијат одредени права (да
добијат имот, да стапат во брак и непосредно да истапуваат пред државни органи) со тоа
стануваат изотелеис.Други странци кои направиле услуги и имаат привилеги – проксени.
Робови:
Најброен општествен слој, приватните робови немаат никакви права ни сопственост, а
државните робови може да имаат свој имот и свое семејство.
Право на сопственост
- Силни обележја на родовско – племенско уредување
- Во V - IV в.п.н.е силно се рзвива приватната сопственост, но во правните
сфаќања го нема значењето на апсолутна власт врз стварните (како римски
dominium)
- На приватната сопственост се гледа како отстапување на државата и е
оптоварена со низа на давачки.
Облигационо право
- Облигационото право е условено со развој на морепловството и трговијата.
- Поимот „договор“ доминира во правните сфаќања и од Атина го превзема Рим.
- Формализмот во договорите рано исчезнува и доволна е само согласноста на
странките.- Најпознати (распространети) договори за: купопродажба, заем,
закуп, дело, остава, ортаклак и др.
- Договор за купопродажба – движи и не движи ствари
- Договор за заем- раширен низ Атина се плаќал интерес на позајмена сума и
неговата висина не е ограничена (раширено е и лихварството)
- Договор за ортаклак (чест договор) во писмена форма
-
Бракот, семејството и наследното право
- Бракот е многамен (се склучува со усна согласност меѓу младоженецот и
таткото или старателот)
- Младоженецот е должен да плати одредена сума за невестата (како остатот од
некогашното купување на невеста)
- Бракот е обврска за извршување на некои определени политички и воени
фукнции (архоит, базилеус, стратег)
- Цел на бракот – законито потомство
- Мажот може да се разведе лесно без формалности додека пак жената
едниствено само со одлука на архонтот епоним.
- Посебна е положбата на ќерка наследничка (епиклера) должна да се омажи за
првиот татков роднина за да го задржи имотот во семејството.
- Положбата на жената во бракот е подредена и власт врз неа има мажот кој
можел да ја омажи жената за друг или во случај на смрт да определи со кој да
се омажи таа.
- Законското наследување е застапено, а предност имаат децата по машка
линија. (во случај да нема машки деца дозволено е ќерката да наследи).
Оставителот може да влијае врз поделбата на имотот преку адоптација и
подарок нема класичен тестамент.
Кривично право
- Низа остатоци од племенско – родовското уредување
- Нема посебни органи за гонење на сторители на кривични дела
- Се гони врз основа на тужба (два вида: dike од општествено лице и graphe било
кој граѓанин поради општо добро)
- Архаичното право не води сметка за степен на вина
- Драконските закони прават разлика меѓу делата со умисла и од неизбежност
- Тежина на делото (старото право не води сметка) и Драконскиот законик има
иста казна за сите дела Солон ги орфрла драконските законици.
Во Атинското кривично право постојат дела против државата (предавство,
лажење, навреда на боговите, противзаконски предлози во Народно собрание)
за најтешкитеоблици казна е смрт (земање отров, избор меѓу меч и јаже), а
кривични дела против семејството се суровото поставување кон деца,
неверство, (мажот може да го убие прељубникот) а, кривични дела против
личноста: убиство, клевета и навреда
Судска постапка
- Можат да ја поведат само полиноправни граѓани
- Во името на семејството е главата на семејството, а за метеците нивниот
заштитник, за робот – господарот
- Сникофанти – професионални поткажувачи кои се заканувале за да имаат
материјална корист
- Се користат посебни доказни средства: цитирање на закон, сведоци, изјави,
заклетви, писмени потврди
- Божјниот суд не се применува!
- Пресудата се донесува во писмена форма од кога ќе се изедначат гласовите
тогаш е ослободителна.
- Жалба (второстепена постапка) се поднесува кај Хелнајата – конечност на
одлуката
ЗНАЧЕЊЕТО НА АНТИЧКИТЕ ГРЦИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРАВОТО
Иако нема развиена правна наука нема ни сталеж на адвокати сепак нивното место е
значајно:
-Хипотека и право на првенствена купувачка (pactumprotimiseos) – прифатени од
Римјаните
-Правните циклуси се присутни и во современите правни системи
-Елефтерија (слобода)
-Појава на демократијата
-Нови решенија во функционирање на полисот
-Ефоратот во Спарта (идеја за контрола врз државните институции)
-Атина – пример за тоа што широките слоеви народна маса учествуваат во управувањето
-Жените и робовите се без политички права (недостаток)
-Најдемократска форма на судска функција ХЕЛИЈАТА (синоним за колегијалност)
-Идејата за поделба на функцијата на јавната власт во Атина
-Извршната и судска функција како никулец
ПОИМ И ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА СРЕДНИОТ ВЕК
Среден век – XVII век – делење на антиката од возобиовениот интерес на нејзиното
проучување (период од 1000г) познат уште како „мрачен период“ или период на „црковен
диктат“
Срениот век започнува со пропаѓањето на Западно римско царство (476 г.) кога Одоакар
(водач на германските наемници) го убива последниот цар на Западно римско царство
Ромул Августин.
Феудалните односи – битен белег на раниот век.
Елементи на робовладетелството се задржале долг период низ средниот век
Ропството не исчезнува во Средниот век .. задржано е
Околу времетраењето на Средниот век има несогласувања едни сметаат дек тоа со
пропаѓање на Цариград во 1453 г. А, други со ренесансата и реформацијата, а трети од
буржуарските револуции.
Француската буржуарска револуција 1789 г. – нов период на историски развој на
општеството во Европа
Периодот н средниот век може да се подели на три потпериоди во кој што доминираат
три различни типови на државно уредување:
- РАН СРЕДЕН ВЕК (дофеудализам, настанување и развој на феудални односи и
доминација на патримонијална држава / државна баштина / - држ. Територија
е наследен имот!
- РАЗВИЕН СРЕДЕН ВЕК (класичен феудализам – формирање на сталежи,
сталешко собрание и ограничување на власта на владетелот во периодов
доминира сталешко – претставничка монархија)!
- ДОЦЕН СРЕДЕН ВЕК (се развиваат нови општествени односи кои ќе доминираат
во новиот век, доминира апсолутната монархија како најчест облик на државно
уредување преку апсолутен монарх со целосно сконцентрирана власт во негови
раце)

ФЕУДАЛИЗАМ – ПОИМ И ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ


Поим
Најзначајни карактеристики на среден век се постоењето на феудални односи. ( термин
создаден од француските и англиските правници кои сакале со ова да ги означат
меѓусебната зависност и обврски меѓу членовите на војничката аристократија)
Терминот е заснован на доцнолатинскиот ФЕУДУМ (позајмен од германскиот феху) кој
што означува земја, која се поседува врз основа на утврдени обврски од феудалци
(feodati)
Општи карактеристики
Има шест општи карактеристики:
1)Феудализмот е општество со два издвоени слоја: ФЕУДАЛЦИ (благородништво или
властодршци) и КМЕТОВИ
• Феудалците коишто ја имале политичката власт се земјопоседници или носители
на правото на сопственост
• Кметовите – носители на основниот начин на производство (зависни селани врзани
за земја) кои имаат обврска спрема феудалците.
o Главен облик на давачка: феудална рента (работна рента или кулук, односно
кметот да работи кај феудалецот во определн број на денови, натурална рента да му дава
на феудалецот најчесто 1/10 од готовите производи и парична рента да му дава
определена сума)
2)Економска нееднаквост која ја следи правната нееднаквост (поделба на населението во
затворени општествени групи СТАЛЕЖИ) преминот од сталеж во сталеж е речиси
невозможен има два вида на сталежи ПРИВИЛИГИРАН (свештеници...) и ПОТЧИНЕТ
(граѓанство..)
3)Земјиштето е во рацете / сопственост на владетелот / соединување на сопственост со
највисоката власт
4)Феудалните сопственици не зависат само од владетелот туку и едни од фруги/ секој
феудалец земјата ја добива од друг / хиерархиската структура е карактеристична за
феудализмот. Во основа е и склучување на феудален договор (следен ссо формалности)
Обврски межу сирезот и вазалот.
Подарена земја (инвеститура) се составува писмен акт за тоа!
Феудалецот на поседот имал имунитет!
Нарушување на обврските може да повлече и губење на феудалниот посед!
5)Односите меѓу власта и потчинетоста се сврзани со сопственоста на одредена земја.
Феудот е предмет главно на три сопственичко – правни овластувања: врховен сопственик
на феудот е владетелот односно има врховно право на сопственост (dominum emines) a,
вотр носител на феудалната сопственост е феудалецот, негово сопственичко – правно
овластување е dominum directum. И трет носител на феудална сопственост е кметот
односно неговата сопственичко – правно овластивање е dominum utile.
6)Религијата има големо значење во сите феудални државиа црквите и манастирите
имаат значајна улога бидејќи биле центар на писменоста во средновековниот мрак кој ја
зафатил Европа. По пропаста на Западно римско царсто оттука е и моќта на Црквата и
нејзинотото влијание.

ФРАНКСИСКА ДРЖАВА (ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ)

Во државното уредување јавно –правните и приватно правните елементи не се одвоени!


Државата (територијата) се смета за сопственост на владетелот, тој располагал по
сопствена волја со својот патримониум (посед добиен со наследство) кој се дели по
машка линија!
Примерен критериум френкските владетели ја имале сопственичката основа на власта!
Кралевите на Франкската држава се сметале за свети.
Личен карактер на власта на владетелот:
1)Народот му должел вериост (fidelitas)
2)Лично владеење и кршење на оваа должност (infidelitas) најтежок злостор казнуван со
прогонство и конфискација
3) Поцртан со обврска за давање на заклетва за верност на кралот.
Значајни овластувања на кралот
МУНДИУМ ( кралот како и таткото во семјеството е заштитник, мирител и арбитер во
меѓусебните судири на своите поданици) – кралот бил заштитнк на оние лица кои немаат
семеен мундиум (вдовици, сираци..)
Владетелот имал власт imperium или bannus (давање на наредби најчесто на чиновници,
повикување на војска, наложување на кулук) управен банус и наредбодавен законодавен
банус, врз основа на што на почетокот ги издава малкубројните правни акти edicta и
praeceptiones.
Kapitularii – форма на општ птавен акт за сите поданици
Во вршење на власта на кралот му помагаат помошници (бискупи или црковни
великодостојници)
Покрај кралот секогаш имало и министријали(дворски службрник) кои го сочинуваат
кралскиот двор (domus, platinum, aulа, regis, curia regis)
Maiordormus – управник на кралскиот двор (управува со војската и претседава со
кралскиот суд) поставуван е од самиот крал, во случајо кралевите да се малолетни,
мајордормусот ја врши кралската работа во нивно име. (пр. Каролингите)
За време на владеењето на Каролингите титулата на мајордормот се укинува и се
воведува нова Дворски гроф (comes palatii) кој има и судски функции, со војската
командува дворски маршал и на крај со дворската канцеларија управува управител.
( referendarius)
Крадска гарда – antrustiones (јадро на војската составена од слободни Франки)
Други значајни органи на власта: Народно собрание и собор на благородништво.
Во меровиншкиот период се задржува народното собрание како орган на власта – собир
на војската, овие собранија се свикувале во мај и се викале Campus Maius (поради што
имало трева за да можат да пасат коњите на коњаницата) на овие собранија се
прогласува владетелот и се носат општи одлуки.
Соборот на благородништвото го свикува владетелот и се носат значајни одлуки
(прашања за војна, мир и сл)
Локална управа – грофови (окрузи) како административни единици на чело со грофовите
(comes) кои ги именува кралот и истите можат да се осповикуваат (низ периодите се
менува функцијата... најдоцнежен вид се воените грофови со кој раководи dux – воен
командант) помала единица од грофовите е ЦЕНТЕНАТА која е судска единица на чело со
тунгин – правосудни надлежности, а најмали локални единици ( вид на ограничена
самоуправа) се селските заедници.
Три вида на судови:
1.Кралски суд - највисок
2.Центена – локалед
3.Црковни судови (дисциплински постапки против црковни лица и верници)

ФЕНИКСИСКА ДРЖАВА. ЦРКВАТА И ДРЖАВАТА

Опстојување на црквата по распадот на Западната римска империја и постоењето


на многу варварски племиња кои се многубошци ја отежнуваат положбата меѓутоа со тек
на времето особено за економско и социјално влијание на црквата придонеле
манастирите.
• Прв манастир: Бенедикт Нурсиски (Италија) со тоа и првиот ред бенедектинците!
Во заштита на постоечкиот феудален поредок и авторитетот на црквата постоеле казни:
1) Исклучување – ставање на човекот вон црквата
2) Интердикт – забрана за вршење на култот на одредена територија
3) Анатема – свечено јавно фрлање на клетва
4) Други различни видови на покајување
Црковна десетина (decima) – задолжителна давачка за целото население
Правото
Нема еден правен систем, туку комбиинација од повеќе:
1)РИМСКО ПРАВО
Разни компилации (lex romana barlabarorum) поделен на два дела:
a) Lex romana Wisigothorum (Римски закон на Визиготите) – содржи делови на
Грегоријановиот, Хермогенијановиот и Теодосиевиот кодекс како целина од делата на
класични римски правници Паулус, Гај и Папинијан.
b) Lex romana Burgundionum (Римски закон на Бургундите) – за време на кралот
Гундобад и се потпирал на истите извори како Визиготскиот закон.
2) Германско обичајно право – збирка на варварски закони – leges brabarorum
Најзначајни збирки кои се применуваат во франксиската држава се:
1.Les Wisigothorum – под силно влијание на римското право, казните се сурови и
честопати има телесни казнувања и смртна казна (кривично право)
2.Les Burgudionum – под силно влијание на римското право, интересни се семејното прво
односно бракот – невестата се купува а, ако е неверна таткото ги враќа парите, ќерките
наследуваат само ако таткото нема синови а, за кривилчното право се интересни
пургаторна заклетва и судски двбој (казните се парични а смртната казна не е многу
застапена)
3.Les Salica - Салијски закон – збирка на обичајно право, влијанието на римското право
тука е најслабо. Содржи најмногу одредби од казнено право. “прецизна тарифа на
легална композиција” има и одредби од приватно право. Сквернавање на робовите е
единствено дело кое се казнува јавно со исклучување од заедницата.
4.Lex Ripuaria – Рапуарски законик – збирка на обичајно влијание со посилно влијание на
римското право, прописите го носат називот lex (доминантно и посилно значење од
актите на владетелите) владетелот самостојно може да донесува само одредени акти во
согласност со народното прави lex мора да ги донесува во согласност со Франксиското
племенско собрание (некои акти мораат да се носат со согласност consilium et consensus)
Што е содржината на франкското право?
Стварно право
Единствено за заштита и за наследување на сопственоста иако како збор
сопственост не се споменува туку во низа одредби се говори за зашита на имотните права
има смао во Салијскио законик.
Со воведување на бенефицијарниот систем се развива и феудалната сопственост со
што се прави разлика меѓу наследно земјиште ( allodium, bona avitica) и земјиште кое се
држи под услов на извршување на државна функција (compartum, bona aqvisita)
Облигационо право
- За полноважност на договорите не е доволна само согласноста, потребна е и
свечена формува fides facta како услов за полноважност додека кај други се
бара предавање на стварта (договор за купопродажба)
Семејно право
- Татковската влас во семејството имала карактер на старателство над жената, на
полнолетните деца и слугите.
- Полнолетност според Салијски законик – 12 години
- Склучување на брак – купување на невестата а бракот има симболичко значење
(склучување на брак со вдовица се плаќа 3 солиди)
Наследно право
- Доминира законско наследување со кое наследуваат децата ако нема деца
мајката на умрениота ако ја нема нејзе браќата или сестрите ако нив ги немало
тетата на умрениот и ако нејзе ја немало нејзнините најблиски потомци.
- АФАТОМИЈА – изменување на законски ред на наследување од сгтрана на
оставителот (рок до 12 месеци за извршување на афатомија од страна на
лицетп кое оставителот ќе го определи пред судот)
Кривично право
- Се задржуваат остатоци на крвна одмазда (подоцна заменета со композиција
или крвнина исплата пари на фамилијата на убиениот)
- Надоместот кај тешките кривични дела се вика wergild а кај друготе bvise.
- Одбивање на крвнината значи и изрекување на смртна казна.
Кај франкското право кривичните дела имаат карактер на приватни деликти а кај
Каролингите се воведува поимот кривично дело за предавство, дезертерство, ковање на
лажни пари, кражба на црковен имот и за нивно извршување се предвидуваат строги
казни (смртна казна, тешки телесни сакатења)

Во процесно право постапката ја подигнува оштетената страна/лице. А се појавуваат и


форми на Божји суд.

ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ НА ВИЗАНТИЈА

- Византија – автократска монархија со силна власт на владетелот и строго


централизирана извршна власт. Највисоката судска, законодавна и извршна
власт ја има Владетелот тој е и воен заповедник и заштитник на црквата се
смета за политички претставник на Христос на земјата.
- Диархија! – партнерство на владеење на кралот и сенатот ја воведува Августин
а не трае долго потоа Диоклецијан владее сам ( се сметал за наследник на
римските императори и световен владетел на целото човештво)
- На мозаиците императорот бил претставен со ореол што во претхристиијаснко
време е знак на култот на богот на Сонцето. Императорот бил ограничен со
принципот на почитување на правото и на волјата на бирократијата како и со
сфаќањето на народната сувереност, народот е тој што му ја доверува власта на
царот.
- Византиските императори се обврзувале на почитување на римските закони
- -Јустинијан во Lex de Imperio изричито изјавува дека народот го пренесува
суверенитетот на својот цар!
- “Законско право на револуција” – патријарх Никола Мистик – за изборноста на
владетелот.
- Владетелите ги носеле старите римски титули: imperator, augustus, Caesar
Од времето на Ираклие се зема титулата василевс а подоцна останатите
владетели на оваа титула додавале аутократор (самодржец)
- Владетелот имал поддршка од Црквата, затоа таа му дозволувала да ги решава
крупните државнички прашања и дури да го избира патријархот.
- Во Византија нема ред на наследување на престолот. Владетелот го бираат
сенатот, војската и народот на Константинопол. ( до смена на престолот доаѓа
како резултат на дворска завера,, побуна или неспособност на владетелот)
пример: Изборот на Константин VII по волјс на народот, симнувањето на
Андроник I и прогласување на Исак Анѓеч на византискиот престол.
Крунисувањето го правела Црквата со обреди во Цариград (црква Св. Софија) а тој
се закиолнувал дека ќе ги почитува одлуките на вселенските собори, каноните и дека ќе
анатемиса се што црквата ќе анатемиса.
Народот на Цариград бил поделен на верско-политички организации деми. Се
нарекуваче Плави (ориентирани кон ортодоксно христијаснтво) и Зелени ( ориентирани
кон монофизитизмот) честопати биле во судир но кога ќе постигнеле согласност
дејствувале заедно ( за одредени прашања) Пример: Побуната “НИКА” или победувај!
Против јустијановите фискални мерки со кои на гратското население му наметнува големи
даноци.

Покрај владетелот има уште две тела:


1.Државен совет (Конзисторијата) составен од високи државни функционери со
советодавна улога и разгледувале прашања од законодавна и управна област како и
најзначјани судски спорови.
2. Сенат (Синклит) составен од поранешни најзначајни функционери, достоинственици и
нивни потомци ( го обединува богатиот слој на Византија) исто така има советодавна
улога, формално го потврдувале царскиот наследник и давале законски предлози а
најзначајните функционери ја носеле титулата логотет.
Чиновничкиот апарат е поделен на 60 одделни и 18 хиерархиски титули!
Локална управа
Две перфектури: Источна (Мала Азија, Египет и Тракија) и Илирска (Балканскиот
полуостров) на чело се наоѓаат префектите (судиска и административна функција / власт)
Диоцезите – помали единиви вкупно 8 на чело со викари
Провинции – уште помали единиви, вкупно 60 на чело со ректори!
Карактеристично за системот: разделеност на воената од цивилната власт!
За време на Јустинијан се создаваат и егзархатите во коишто локалните
функционери егзарсити во свој раце ја обединуваат воената и цивилната власт!
Познати се два егзарха: Равенски од Италија и Картагински од Северна Африка.
Со крупна реорганизација се воеведува тематски систем ( на чело со Стратег!) во рацете
нс управникот на темата односно стратегот биле обединети воените и цивилните
овластувања.
Со општата организација Цариград има посебен управник – ЕПАРХ
ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА И ЦРКВАТА

- Цезарпапизам – (поим што се користи во историографијата) поѓа од следните


моменти: Се смета дека владетелот е избран од Бога, тој честопати е арбитер
во прашања поврзани со црковни догми, претседавал на екуменските концили
и ги поставувал патријарсите. Владетелот е најголем поглавар и на Црквата!
“Вселенското царство” и “Вселенска црка” - се врсници и едното е слика на другото.
- Општото профаќање на христијанството е и првиот чекот на потчинување на
црквата и царскиот режим зашто царот се смета за Христов претставник на
Земјата.
- Владетелот бил под постојан притисок да постапува соодветност, да покаже
philantropia (благост/милост) во своите акти како и да ги посочува идеолошките
основи на ортодоксијата на црквата.
Според низа историчари одност на државата и црквата повеќе е соработка и содејство
отколку однос на превласт.
- Многу рано се јавуваат разлики меќу Истокот и Западот во црковната
организација и црковната догматика.
Одицијална позиција на цаигратскиот патриарх е дефинирана на II васеленски сабор и
потврдена на Халкедонскиот сабор а царигратскиот патријарх станал втор меѓу
патријасите што уште се засилуваат претензиите на Цариграт за примат во Христијанскиот
свет.
Исконоборство – се појавува кај некои секти и е не почитување на иконите или сликите на
Христос.
Криза настанува кога Лав III застанува против култот на иконите и кога целото население
се дели на оние кои се за почитување на иконите иконофилии и оние кои не се
иконокласти. (ова прашање има политичка заднина) после ова прашање се зацврстува
позицијата на црквата и патриархот по царот е втората најважна личност во Империјата.
- Борбата околу христијанизација ( Германски и словенски народи) прави два
распеци (шизми) и ја дели црквата на Источна (православна) и Католичка
(западна).
Византија
ЛОКАЛНА УПРАВА
2 перфектури: Источна (Мала Азија, Египед и Тракија) и Илирска (Балкански полуостров)
на чело се префектите тие имаат судска, административна власт т.е. функција.
ДИОЦЕЗИТЕ - помали единици, вкупно 8, на чело ВИКАРИ
ПРОВИНЦИИ - уште омали единци, вкупно 60, на чело со РЕКТОРИ
КАРАКТЕРИСТИЧНО ЗА СИТЕМОТ Е РАЗДЕЛЕНОСТ НА ВОЕНАТА ЦИВЛИНА ВЛАСТ.
ЕГЗАРХАТИТЕ се создаваат во времето на јустинијан во коишто
ЕГЗАРСИТИ локални функционери, ја обединуваат воената и цивлната власт.
2 егзарха: Равенски од Италија и Картагински од Северна Африка.
Тематски систем на чело со Стратег за крупна реорганизација воведен. Во рацете на
стратегот биле обединети воените и цивилните овластувања.
Цариград имал посебен управник - епарх.

ПРАВОТО ВО ВАВИЛОН
ЕКЛОГА - законски текст изваедн во средината на 8в. од императорот ЛАВ ИСАВРИЈСКИ и
неговиот наследник КОНСТАНТИН.
Јусинијан - реформа за правни школи, изучување на правото на универзитете во Цариграт,
Бејрут и Александрија за подобрување на кавалитето на правното значење важно за секој
државен службеник.
Визанстиското право не означува ист правен систем кога се говори за 6 и за 9 век, во
почетокот се засновал на римското право, подоцна како последица на промените во
општествто и оптествените односи и влијанието на црквата доива карактер на
средновековното византиско право, и некои правни гранки како облигационото, делови
од стварното и наследното, семејно задрѓале елементи од Јустинијановото време.
Младиот Аднроник (бунтовник) моли за казна и сакал да биде осуден по она што било
над царот, СПОРЕД ЗАКОНОТ (така ги освоил симпатиите).
ИЗВОРИ
Се разликуваат повеќе правни видови акти:
1. Закони или nomoi (еднина - nomos)
2. Царски конституции (подоцна новели) ги носат импраторите и со нив се менуваат
посотјаните правни акти или се озаконуваат правни обичаи.
3. номоканони/номос - закон, канони - црковни правила, мешани збирки на црковно и
световно право издадени од црквата.
4. повелби - правни акти кои содржат права и привилегии дадени од манастирите,
црквата или одредни лица (имале златен печат наречен - ХРИСОВУЛИ)

ХРОНОЛОШКА ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА ВИЗАНИТЈА


3 периоди
1 период: прва половина на 8век се донесени Земјоделски законик (Nomos Georgikos) и
Еколга.
2 пеиод: крај на 9 и почеток на 10век Прохирон, Епанагога, Василики, збирка на новели на
Лав 4ти мудриот.
3период: прва половина 14век доцновизантиска држава и културна ренесанса

Прв период
- Земјоделски закон се регулираат одности на село како што се кражба на на
добиток, полски штети, кршење на шуми... со овај закон се озаконува селската
општина како даночна единица и се штитат ситниот и средниот земјишен
поседник.
- се отврдува и alilengion (даночна обврска која прераснува во усанова) соседите
да плаќаат данок на државата и истиот да го обработуваат како свој.
- Понекогаш го среќаваме како Словенски закон бидејки го одразува словенското
обичајно право.
- истовремено со земјоделскиот донесен е и Nomos rodion navticon или
поморски закон, кој содржи одредби засопстевноста на бродот, плата на
екипажот ...
- Nomos stratikos или воен закон - кривични дела и дисциплински одговорности
за војниците.

- ЕКОЛГАТА - донесена од Лав lll Исавријски - избро на најзнајчајни одредби на


Јустинијановиот закон во областа на крвичното и граѓанското право и има само
18 титули, се врши модернизирање и скратување на Јустинијановото
законодавство. За олеснување на работата на судиите во предговорот се
дадени правила за работење на судовите. Во однос на измените тие ја
намлуваат ласта на таткото (patria potestas) и се прошируваат правата на жената
и децата. Се признава само христијански брак, причини за развод може да
бидат 4: прељуба на жена, имотенција на маж, обид за убиство на сопружник и
лепра. Смртната казна е сместена во телесно касапење односно сечење на нос,
јазик, расце или ослепување...

Втор период Македонската династија


- Владеењто започнува со Васлие, основен белег е враќањето на јустинијановото
право и во нговото време почнува законодавна работа која треба да направи
ревизија на јустинијановата кодификација и да се надополни со повеќе закони.
- 2 збирки на закони за време на Василе l:
- Прохирон: правна збирка со цел да ја замени Еклогата во работењето на
судовите, содржи 40 титули од областа на приватното и јавното право и се
потпира на Јустинијановите институции.
- Епанагога: се потпира на Прохарион(некои автори сметаа дека е доплнето
издание), правни одредби и тоа: Новели на царот Василе l, однос и правата и
должностите на царот и патријахорот, одредби на брачното право замени од
Еклогата. нови односи меѓу државата и црвата.
- Вледетелот се грижел за матрјалната благосостојба на поданиците, а
патријахатот за духовната или ТЕОРИЈА НА СИМФОНИЈА.
Васликите/Царски закони - збирка на пработо на Лав Vl - натамошна обнова на
Јустинијановото право се потпираат главно на Дигите и кодексот како и на
Јустинијановите институции, дел од материјата е превземена и од новелите на Јустин ll и
на Тиберие ll како и на материјата од Прохиронтот. Има одредби од граѓанското, црквното
и јавното паво распоредени во 60 книги и со најголема кодификација на Јусинијановото
право, а тие во византија се користат како извор на правото (од страна на Василиките)
бидејки ја олеснувале примената на правто во конкретни случаи. Овие се доплнети со
коментари или sholii и се формален избор на правото.
Новелите - со нив се менува законодвството. Најзначајна е Збирката на новели на Лав Vl
која има 113 одредби кои се оденсуваат на различни прашања, со неа се укнува
законодавното право на Сенатот и се зацврстува централната власт.

Трет период
2 позачајни збирки:
Синтагмата на солунскиот јеромах Матија Властар - ги содржи сите закони и правни
норми на световното право и црковното прашање.
Шестокижевно на солунскиот судија и номофилакс Константин Арменополус - содржи
одредби на граѓанското и кривичното право со цел да го дополни Прохиронтот. Било
применувано како извор на правто и останоло позитвно право.

Одделни гранки на правото


Стварно право
- Во византиските законици се зборува за владение при што се прави разлика
меѓу совесно и не совесно; за службеностите за прашањата од заложното право
при што се предвидуваат 3 типа на залог: со предавање на заложна ставр, со
хипотека и со наследен закуп (ЕМФИТЕУАЗА)
- 3 типа на приватна сопстевност – приватна сопстевност на слободни селани,
приватна сопстевност на мгнатите, приватна сопстевност на гратското
население врз движни и недвижни добра.
- Процесот на Феудализација е особено интензивен со пропаѓање на селскиот
посед и растење на крупниот земјишен посед и со претворање на слободните
селани во кметови.
- ПРОНИЈА (вид феудална сопственост) условно држење на поседот од страна на
пронијартот.

Облигационо право
Во најголема мера е застапено во Јусинијановото право. Сочувана е пдоелбата на
облигации од одоговор и деликти како и систем на договорите. Кај договорите за заем е
максимирана камата и забрането поземање на камата на камата.
Брачно и семејно право
Овие прашања ги регулира црковното право. За полноважност на бракот се склучува
црковен обред (а пред тоа и свршувачка/веридба) ... навршувањето на одредена област
за машки 14, а за женски 12 години согласност на малдите, родителите, стралателите. Не
постоење на полноважна брачна врска на малдите. Не постоење на на крвно сродство или
светвно во одреден степен.
Се прави разлика во разводот: cum damno - по вина на сопружниците и sine damno - без
учество на волјата на сопружниците. За cum damno мора да се исполнат некои услови:
сторување на декикт против државата, обид за убиство на брачен другар, абортус,
прељуба, лекомислено однесување кон жената. За sine damno се барало - не способност
на брачен живот, долготрјано отсутво (неизвесно) на еден од сопружниците,
заробеништво, душевна болест, одење на некои од брачните другари во манстир, избор
на епископското звање.
Наследно право
Разлика меѓу законското наследување и наследување со тестамент.
Полноважноста на тестаментот - оставителот да е при чиста совест, способен да ја изрази
сопствената волја, да има присутност на сведоци кои потпишуваат и ги удираат своите
печати. Доколку тестаментот е сотсавен од лице кое има помалку од 14 гоидни,
умноболен, малоумен, пијаница, се откажал од христијанството - ТЕСТАМЕНТОТ Е
НЕПОЛНОВАЖЕН.
Законско наследување: децата и машки и женски (ако не се живи претците, ако и тие не
се живи тогаш роднини од странична линија), доколку нема наследници државата го зема
имотот.
Кривично право
Отворена и јасно изразена правна не еднаквост (зависи од сталешката припадност).
Малолетни до 7 години, душевно болни, и извршувањето на дело во афект не се сметаат
за кривични дела. Случајно извршени кривични дела исѕто не се сметаат за кривични. Ако
крадецот е убиен ноќе или прељубникот е фатен на дело - не се казнува. Убиство на роб -
не е кривично дело. Соучество - кривично дело.
Видови кривични дела:
ПРОТИВ ДРЖАВАТА - завера против царот, побуна или предавство - смртна казна
ПРОТИВ РЕЛИГИЈАТА - напуштање на ветата и премин во друга, раскол(шизма),
безбожништво, кражби на умрени, кривоклетство и врежби.
ПРОТИВ ИМОТОТ - кражба (се казнува со тепање и двојна глоба), разбојништво (со
набивање на колец), уништување на туѓ имот, палење на туѓ имот.
ПРОТИВ СЕМЕЈСТВОТО И МОРАЛОТ - насилен брак, бигамија, прељуба, силуавње,
хомосексуализам, дефлорација на малолетни, заведување, садомија(со животни или
полово) - како казни се смрт, прогонство или сакатење.
ПРОТИВ ЛИЧНОСТА - убиство (се казнува со отсекување на глава), тепачка и тотура,
продажба на слободни во ропство и клетва.
Главни видови на казни
смрт- сечење на глва, набивање на колец, спалување
телесни казни - камшикување, сакатење
парични - за материјална штета или силување, дефлорација
конфискација на имот - престапи против државата, имот на еретинците, омажена жена
која живее со роб
казни прогонство и стижење - дополнителни со телесни казни
Судска остапка се менува (се заслива инквизаионата постапка со примена на мачење..)
Сведоци не можеле да бидат малолетници, робови (наеми), слобоумни, слуги, ортаци,
синови, глуви, неми, еретици против христијанството..

Државно уредување на Арабиска држава

Арабиски калифат( халифат)- феудално теократска држава (целокупната власт е во


рацете на државата е сконцентрирана во рацете на КАЛИФОТ (ХАЛИФА) кој е намесник
или Божји пратеник на Мухамед).
Калиф – врховен заповедник на војската , најзначајна улога во јавната богослужба и врши
судска функција се повикува Куранот.
Мухамедовото уредување на Медина се состои од два битни елементи : џихад – света
војна против сите немуслимани тесно е поврзана со поделба на светот Dar al-Islam или
територија на исламот како и територија на војната – Dar al-Hab и дима взаемна заштита
на сите членови на муслиманската заедница или umma.
Само првите 4 калифи се калифи во права смисла на зборот.
Со ширење и освојување на територии се шири и Исламот која станува една светска
религија.
Калифот во многу случаи е и световен владетел ( за време на Омајадите)
Калифот станал и највисок верски свештеник (за време на Абасидите)
Престолнини: Дамаск за време на Омајадите и подоцна се префрла во Багдат што станува
верски центар на дејноста.
Од IX век се намалува световната дејност/ моќ на калифатот како и се засилува улогата на
везирот- како резултат на регионалниот партикуларизам! Со слабеењето на световната
власт се нагласува духовната улога , царството територијално се распаѓа и се формираат
кнежества кои имаат апсолутистички карактер.
Во управувањето на калифот му помагаат државните органи:
Државен совет (шура) – собрание на сите шеици (поглавари на племиња) и карактер има
советодавен орган.За секоја гранка државната управа се формира диван или
министерство/канцеларија (доведување на државна благајна во ред,водење на
евиденција)
Локална управа – се дели на области со кои раководат ЕМРИ имаат врховна воена и
цивилна власт во тие области.

Шеријатско право

Шеријатско право- правен систем кои се применува во арабиската држава и државите


кои го прифаќаат исламот како религија, претставува религиозен систем на правото а
основата е (mansha) дали делата се добри или лоши (нивна процена).
Терминот ШЕРИЈАТ -“пат кон поило” “јасен пат кој што следи”- пат по кој треба да одат
верниците
Односно верски законик.
Шеријатот не е право во современа смисла на зборот туку севкупност од правила кои го
дефинираат целокупниот живот на човекот.
Сите прописи во шеријатот може да ги поделиме во две групи:
1. Одредби за богослужба и за религиски обврски
2. Прописи од правна и политичка природа
Подетална структура не е направена но , сунитите правила ги делат на богослужни
обврски , граѓанско – правни односи и казни.
Правната наука (fikh) ги обработува богослужните обрвски за потоа да следуваат
договорите, наследно право, брачно и семејно право, казнено право , војна против
неверници , и однос кон неверниците, прописи за исхрана , колење на жртви /ивотни ,
завет ,процесно право , учење за доказите како и ослободување на робовите.
Шеријатот –човекови постапки класифицирани во 5 категории
1. Задолжителни – постојат казни за неизвршување
2. Препорачани
3. Неопределени (се дозволени но, не и задолжителни)
4. Постапки кои не се казниви
5. Забранети постапки –казниви дела
Извори на шеријатското право- повеќе , а во основа е светата книга Куран.
Куран – света книга на исламско учење ккоја ги содржи објавите на Алах со посретсво на
мелекот Џабраил кои му ги испраќа на пророкот Мухаме, запишан е во времето на
калифот Абу Бекр има 114 сири и ајети (искази).Сурите имаат три дела 1 крај на светот и
божји суд, 2 сидбина на старите народи и Кураново законодавство и 3 не создавање на
нов правен систем и менување..Куранот содржи правни прописи од областа на семејно ,
граѓанско , наследно право , економија и финансии, меѓународно право.
Друг значаен извор е Суната – (начин на живеење / пропис) – содржи изреки (хадеси) на
Мухамед.
Други извори се Иџма – основи на исламската вера кијас – да се работи до највисок
степен за да се достигне некоја цел (иџтихад) Кијас на куран и Суна- примен на аналогија.
Кијасот во решавање на правни случаи опфаќал
1. Истихсанот – испраќање на правно решение
2. Истислахот – водење сметка при формулирање на правни правила за општа полза
3. Ер- реи – изнаоѓање на правно правило во конкретен однос водејќи сметка за
духот на шеријатот

Настануваат повеќе верски правни школи:


Ханефитска школа – примена на рационалистички метод во поставување на прашања од
правната наука потпирајќи се на идивидуално гледиште (rej)
Маликитската школа – преглед на закони и правни прописи на верски одредби и служби
според консензусот (иџмата) на исламот. Етички и верски идеи при проулување на
правото.
Шафиитска школа – ги истражува методите и начелата на правната наука и смета дека
постојат 4 корени или принципи на правната наука (usul al figh) и тоа се : Куран,
Суна ,Иџма и Иџтихадот( правничко мислење).
Фусноти:
Правните фикции се прифатени од Ханефетската школа додека традиционалните ги
отфрлале
-
Адетот или урфот - односно обичјно право-ограничени
Трговско право – адетот како извор на правото доминира
Адетот не смее да биде во спротивност со темелните начела како извор на правото
надвор од Куранот се јавува и канунот или државниот закон.
Стварно правo
Сопственост – се дефинира како збир на овластувања на неограничено располагање и
уживање на стварите.
Предмети кои Шеријатот ги исклучува од правниот промет:
1. Некорисни ствари – пр. Диви животни
2. Ствари чијашто употреба е во спротивност со верски заповеди – пр.грозје
3. Ствари според кои со верските заповеди се нечисти – пр. Свињи
Доколку овие ствари се добијат , станува збор за посебно право- ihtisas
Шеријатското право го разработува посебно и прашањето на земјишна сопственост –
земјата е божјо добро (земјата му припаѓа на калифиот кој смее да дава одредени делови
меѓутоа да се плаќа данок за истите) за освоена земја, правниците сметаат дека не смее
да биде во приватна сопственост туку само на користење.
Разликување 4 видови на сопственост на земјата
1. Мулк – приватна сопственост на арабиски семејства
2. Мириска сопственост – освоена територија (сопственост на државата)
3. Икта поседи – времено подарувани заради вршење на служба
4. Вакуфи – државата ги дава на одредени верски установи

Облигационо право
Извор- ОБИЧАЈ
Разни видови обврски:
- Обврски без услов и на оние кои се врзани со некој услов
- Обврски во коишто има заинтересирано едно или повеќе лица
- Прости или алтернативни обврски
- Деливи и не деливи
- Еднострани и повеќестрани
Има разлика и межу обврски кои настануваат од причинета штета или од
заснован договор ( во првиот случај причинителот на штета со умисла мора да
надомести

Правото признава полноважност на завети!

Што се однесува до обврските од договорите за нив полноважност се бара


преку:
- Присуство на најмалку две страни
- Согласност на страните
- Предмет на договр да биде погоден, стварен, определен и правен промет
Нема пропишана форма туку е доволна согласноста на двете страни
1. Прва група- трампа, наем, набавка, брак, размена на пари, порамнување
2. Втора група- договор за залог, емство, полномоштво, послуга
Семејно и наследно право
- Пред исламско право- полигамија
- Жената има изразено неповолна состојба ( шеријатот внел елементи за
подобрување на нејзината состојба)
- Бракот се склучува со најблиски машки роднина на невестата и нејзината
согласност не е битна, таа е во неограничена власт на мажот, а разводот зависи
само од мажот и по неговата смрт на вдовицата право имале фамилијата на
мажот.
- Шеријатското право го смета бракот како облигационо- правен договор во
писмена форма и се склучува пред службен орган- кадија (+ 2 сведоци)
Пречки за склучување на брак:
- Блиско крвно сродство
- Блиско сродство по млеко
- Сродство по сватовство
- Неморал кај жената
- Идолопоклонство

- Траен брак- максимум 4 жени и на сите им се дава женидбен подарок

- Привремен брак- само кај шиитите

- Мајката нема наследни права


- Кога мажот нема имот да ја издржува жената, можел да склучи брак со робинка

You might also like