You are on page 1of 21

Како е организирана власта во

нашата држава
Што е поделба на власта?
• Поделбата на власта е една од основните
карактерстики на демократските системи.
Начелото на поделба на власта подразбира
дека власта во една држава е поделена во
неколку гранки, при што секоја има
посебни и независни овластувања во
својата област на владеење.
Што е целта на поделбата на власта?

• Целта на поделбата на власта е да се спречи


концентрација на моќ во еден центар,
институција или личност, со што ќе се
обезбеди добро владеење.
• Со поделбата на власта се воспоставува и
систем на контрола и рамнотежа меѓу
различните видови власт – властите
меѓусебно може да се контролираат и
ограничуваат. На пример, законодавната
власт (собранието) ги носи законите, но
судската власт (уставниот суд) има право да
укине или поништи закон ако утврди дека
не е во согласност со Уставот.
Како е поделена власта во нашата држава?

• Поделбата на власта е всушност темелот на


секоја демократија, па така и во нашата
држава нема апсолутна власт.
• За добро владеење, власта е поделена на
законодавна, извршна и судска.
• Секоја од трите власти има специфични цели
и задачи. Нивните надлежности и
одговорности се дефинирани во Уставот на
Републикa Македонија.
• Трите вида власт се независни една од
друга и ниту една власт нема право да се
меша во надлежностите на другите власти.
Сепак, тие мора меѓусебно да соработуваат
за да се обезбеди добро функционирање
на државата.
Законодавна власт
• Носител на законодавната власт во нашата држава е
Собранието .
• Тоа носи, менува и ги дополнува законите.
• Е и претставнички орган бидејќи ги претставува граѓаните
кои на парламентарни избори го бираат составот на
Собранието на секои четири години( можно е да има и
предвремени избори но може мандатот и да се
продолжи во случај на воена или вонредна состојба

• Избраните претставници во Собранието се нарекуваат


пратеници.
• Исто така, Собранието ја избира извршната
власт (Владата ), па затоа Владата одговара
пред пратениците за својата работа.
• Ова е еден од начините за меѓусебна
контрола на работата на различните власти.
• Дава амнестија ( помилување ), распишува
референдум , може да го менува Уатавот
или да донесе нов Устав.
• Основни носители на активностите и
иницијативите во Собранието се
пратениците .Тие при вршењето на нивната
функција уживаат имунитет ,, пратенички
имунитет,,.Тоа значи дека пратеникот е
исклушен од дејството на некои закони ( не
може да биде притворен или да одговара
пред судот за онаа што ќе го изговори или
изгласа во собранието.
Извршна власт
• Носители на извршната власт во нашата
држава се Владата и Претседателот .

• Владата ја сочинуваат Претседателот на


Владата (премиер) и министрите, како
нејзини членови, кои раководат со
министерствата.
• Главната одговорност на Владата е да ги
спроведува законите и другите прописи
што ги носи Собранието. Бидејќи поделбата
на власта подразбира и соработка меѓу
властите, постои можност и Владата и да
предлага закони до Собранието.
• Владата ја организира работата на
министерствата и ја следи нивната работа.
• Одлучува за признавање на други држави .
• Воспоставува дипломатски и конзуларни
односи со други држави.
• Владата ја избира собранието и за својата
работа е одговорна пред истото.
• Претседателот се избира на претседателски
избори, со тајно гласање, со мандат во
времетраење од пет години. Претежно неговите
надлежности се во областа на одбраната и
меѓународната политика. Тој е врховен
командант на вооружените сили, раководи со
Советот за безбедност ја претставува државата
дома и во странство.Го определува мандатарот
за состав на влада ( премиерот )
• Самостојната позиција на претседателот
на Републиката се гледа во контролата на
работата на Собранието.
• Тој може да одлучи да не потпише указ за
прогласување на некој закон што го донело
Собранието.
• Тогаш мора Собранието повторно да го
разгледува законот.
Судска власт
• Судската власт ја вршат судовите, како органи
што се независни од останатите власти.
• Главната функција на судовите е да гарантираат
доследно почитување на законите, односно да
судат врз оснoва на Уставот и законите.
• Со цел да се обезбеди праведно
спроведување на законите, во нашата држава
постојат повеќе степени на судови.
• На пример, доколку некој граѓанин не е
задоволен од пресудата на основен
(првостепен) суд, има право на жалба до
апелационен (второстепен) суд .
• Нив ги има скоро во сите општини.
• Доколку не е задоволен од одлуките на
апелациониот суд оди на врховен суд.
• Тој е највискок суд со седиште во Скопје.
• Се грижи сите судови на територијата на
Македонија да ги применуваат законите на
еден единствен начин.
Уставен суд
• Ја штити уставноста и законитоста на
земјата а исто така ги штити и правата и
слободите на граѓаните.
• Може да укине закони доколку не се во
согласност со Уставот.
• Судиите во Уставниот суд ги бира
Собранието со мандат од 9 години.
• Јавен обвинител- кој ги гони лицата кои го
прекршиле законот.
• Го бира Собранието со мандат од 6 години

• Народниот правбранител- ги штити правата


на граѓаните доколку тие се повредени од
лица со јавни овластвања.Го бира
Собранието со манадат од 8 години.
• Републички судски совет
• Ја контролира работата на судиите односно
ја оценува стручноста и совесноста на
судиите при вршењето на нивната
функција.
• Овој совет има 7 члена кои и бира
Собранието со мандат од 6 години.
Единици на локална самоуправа
(општини)
• За подобро и поефикасно остварување на
државната власт, државата е поделена на повеќе
единици на локална самоуправа (општини).
• Граѓаните на локални избори избираат
градоначалници и совети на општини, кои се
надлежни за функционирањето на општините.
Дел од надлежностите на општините се: заштита
на животната средина, комунална хигиена,
урбанистичко планирање, економски развој,
култура, образование, спорт и друг

You might also like