You are on page 1of 20

ПАРЛАМЕНТАРЕН СИСТЕМ

ПАРЛАМЕНТАРИЗАМ
-пошироко значење – синоним на парламентарна демократија (ПС во чие средиште стои парламентот
како институционален собир на општествените претставници, во кој се водат отворени расправи за
политички прашања и се донесуваат одлуки од јавен интерес); парламентот е централна институција во
која се водела борбата за демократија; парламентот е уставно гарантиран простор на активна
рамнотежа при делумна поделба на функциите меѓу законодавната и извршната власт, а
парламентаризмот е ограничено и поделено вршење на политичка власт од заемно контролирани
носители на власта
-потесно значење – модел на организација на централната власт наречен парламентарен систем; облик
на државна власт во кој постои флексибилна поделба на власта, во кој властите меѓусебно соработуваат
и зависат едни од други
ОБЕЛЕЖЈА
-соработка на властите, дуалитет на извршна власт, еквилибрум на власти, политичка одговорност на
владата пред парламентот
-флексибилна поделба на власт изразена преку рамноправност на законодавна и извршна власт (секоја
има свои овластувања и секоја може да влијае на опстојувањето на другата), соработка меѓу двете
власти (владата има право на законодавна иницијатива, учество во утврдување дневен ред на
парламентарни седници; парламент има постојана контрола врз владата, поставува пратенички
прашања, интерпелација, формира постојани комисии за следење на работата на владата) и постоење
на средства за меѓусебно влијание меѓу властите (политичка одговорност на владата пред парламентот,
можност владата да бара распуштање на парламентот)
-создаден е во ОК каде има преплетеност на Кабинетот и Домот на комуните, политичка одговорност на
владата пред парламентот, можност владата да бара од монархот да го распушти Домот на комуните
ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ НА КАБИНЕТОТ
-можност ДнК да изгласа недоверба на Кабинетот
-Кабинетот мора да поднесе оставка кога ќе претрпи пораз при гласањето во ДнК ако се гласало за
конкретен предлог од владината опозиција за да ѝ биде изгласана недоверба, ако владата сама го
поставила прашањето за доверба или јасно соопштила дека ќе се повлече ако нејзин предлог изнесен
на гласање не добие поддршка
-основно средство за контрола врз Кабинетот се пратеничките прашања поставени до министрите на
кои тие се обврзани да одговорат (овозможува на опозицијата да ги допре слабите точки на Кабинетот)
-најдрастично средство е поднесувањето предлог од лидерот на опозицијата за гласање за доверба на
Кабинетот, при што постои солидарна одговорност на министрите (сите еднакво одговараат за одлуките
и не може да се бара промена на 1 министер)
-при изгласување недоверба на влада, таа може да поднесе оставка или да побара распуштање на ДнК
и распишување нови избори
РАСПУШТАЊЕ НА ДОМ НА КОМУНИ
-начин за „вложување жалба“ против „првостепената одлука“ на ДнК за недоверба на владата, со кој
владата бара народот да го реши спорот на избори
-се применува и кога се проценува дека рејтигнот на владејачката партија е висок и се очекува победа
на изборите, па владата предвреме го распушта ДнК и со тоа обезбедува нов мандат од 5г
ШЕФ НА ДРЖАВА ВО ОК
-надвор од водење на политика; монархот е симболичен шеф на држава; нема одговорност
НАДЛЕЖНОСТИ – именување премиер (нема можност за избори; го именува за премиер водачот на
мнозинската партија во ДнК), свикување и распуштање парламент (не може да распушти без барање на
премиерот; може да го одбие барањето само кога би знаел дека е можно формирање алтернативна
влада способна за живот), право на законодавна санкција (одбивање да даде кралска согласност на
некој нацрт закон)
ВЛАДА ВО ОК
-владата е пошироко тело од Кабинетот и ги опфаќа членовите на Кабинетот, министрите кои не се
членови, државен обвинител, државен правобранител, државни потсекретари, парламентарни
секретари; бројот на членови достигнува и до 120-130
-членови на Кабинетот се шефовите на најважните ресори и лица кои не се задолжени за ресори
(единствен услов е да бидат членови на еден од домовите на Парламентот, ако не се, треба да си
обезбедат место во рок од 6м); бројот на членови е околу 20
-за донесувањето на одлуките најчесто не се гласа (премиерот формулира одлуки според општиот дух
на Кабинетот и сите министри се обврзани да стојат зад тие одлуки, а ако не се согласуваат може да
поднесат оставка
-централна улога има премиерот кој се смета за „прв меѓу еднаквите“ и има право да ги вработи и
отпушти министрите, што претставува извор на неговиот авторитет; тој донесува одлука за распуштање
на ДнК, претседава со Кабинетот, определува дневен ред, сумира одлуки, креира кабинетски одлуки

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ СИСТЕМ
-облик на организација на власт заснован врз начелото на строга поделба на државната власт, во кој
постојат отстапувања од негова целосно примена
-организациона независност (државните органи не произлегуваат еден од друг) и функционална
независност (секој орган е самостоен во вршење на свои надлежности) меѓу органите на власта
-суштината на претседателскиот систем се состои во положбата и организацијата на извршната власт
која е фиксна, непарламентарна и моноцефална
-шефот на државата е избран од народот, парламентот нема право да гласа за недоверба
ОБЛИЦИ
-предмодерни и модерни – зависи од тоа во која мера успеваат да ги усогласат вредностите на
политичкото водство со вредностите на широката популација
-традиционално (до 1933), модерно (до виетнамска војна) и постмодерно претседателство (трае)
-предреторичко (претседателите не оделе директно во јавноста до 1900) и реторичко
-преговарачки (претседателот е добар преговарач) и креативен модел (претседателот е решавачки
творец на домашната политика)
-системи со моќен претседател (Вашингтон, Џеферсон, Рузвелт), системи со слаб претседател (Грант)
ОДНОС МЕЃУ ЗАКОНОДАВНА И ИЗВРШНА ВЛАСТ ВО САД
-систем на сопирачки и рамнотежа кој е комплементарен на теоријата на поделба на власта
-тие црпат легитимитет од народот; претседателот нема политичка одговорност, а кривично одговара
пред Конгресот по посебно обвинение (impeachment)
-средства кои служат на претседателот се правото на вето и право да испраќа пораки до Конгресот
-средство кое служи на Конгресот е „моќта над ќесето“ (располага со парите од државната благајна),
што со тек на време станува се помалку ефикасно (поради јакнење на улогата на претседателот)
-влијанието на претседателот во Конгресот опаѓа во текот на неговиот мандат
ШЕФ НА ДРЖАВА ВО САД
-Хамилтонова (федералистичка) теорија – настојува за моќен и независен претседател; претседателот
има скриени овластувања во Уставот; набројувањето на овластувањата во Уставот е индикатор, а не
исцрпно набројување; поврзано со stewardship теоријата (претседателот има право да направи сѐ што
бараат потребите на народот)
-Whig-Buchanan-Taft теорија – легалистички поглед на овластувањата на претседателот; нема други
овластувања освен набројаните
КАБИНЕТ ВО САД
-најстара институција со која е опкружен претседателот; неформално тело составено од старешините на
14те департмани; советодавно тело на претседателот
-потпретседателот и членовите на Кабинетот може да му упатат изјава на Конгреот дека претседателот
не е во состојба да ги врши правата и обврските, при што потпретседателот ќе ги преземе
-поблиско советодавно тело до претседателот е „кујнскиот кабинет“ составен од лични соработници и
помошници на претседателот, кои се скриени од јавноста

МЕШОВИТИ СИСТЕМИ
-соработка на власт; бицефална извршна власт (шеф на држава и влада) со доминантна улога на шефот
на државата избран непосредно од граѓаните; солидарна политичка одговорност на владата пред
парламентот; инкопатибилност на пратеничката и министерската функција; овластување на шефот на
државата да го распушти парламентот
-претходник на современата доктрина за полупретседателски систем се смета Констант кој ја обликувал
институцијата на двојна одговорност на владата и дуалната извршна власт (Франција го воспоставува
овој систем во 1958 со што завршиле уставните експерименти)
ШЕФ НА ДРЖАВА ВО ФРАНЦИЈА
ОВЛАСТУВАЊА СПРЕМА ВЛАДА
-именување премиерот (води сметка за парламентарното мнозинство бидејќи владата е политички
одговорна пред парламентот; не може да го разреши по своја волја, туку само кога премиерот ќе
поднесе оставка; може и да ја парализира владата со непотпишување на актите поднесени од владата)
-именување и разрешување на членовите на владата (по предлог на премиерот; може да одбие негов
предлог, но не може да именува лице кое не е предложено)
-учествува во донесување подзаконски акти; потпишува ордонанси и декрети усвоени од Министерски
совет; именува цивилни и воени службеници
ОВЛАСТУВАЊА СПРЕМА ПАРЛАМЕНТ
-изнесува одредени нацрт закони на референдум (заобиколување на парламентот при создавање на
политика во случаи кога верува дека може да ја освои народната, но не и парламентарната поддршка)
-распуштање национално собрание (по консултација со премиерот и претседателите на
парламентарните домови; не може 2 пати годишно и во вонредни состојби)
-испраќање пораки до парламент (се читаат во домовите; за нив не се води расправа)
-промулгирање закони и барање од парламентот повторно одлучување за некој закон (барањето не
може да се одбие; потребен потпис од премиер)
-отворање и заклучување вонредни заседанија на парламент со декрет (не дејствува самостојно)
ФАКТОРИ ОД КОИ МУ ЗАВИСИ УЛОГА – овластувања, мандат, начин на избор, односи со парламент и
влада; тој е врховен командант на вооружените сили, ратификува меѓународни договори, презема
вонредни мерки при вонредна состојба (кога институциите на републиката, независноста на земјата,
интегритетот на територијата или вршењето на меѓународните обврски се повредени, и редовното
функционирање на јавните власти е прекинато); при вонредна состојба извршната власт е политички
неодговорна
ВЛАДА ВО ФРАНЦИЈА
-составена од премиер именуван од претседателот, и членови предложени од премиерот
-државни министри (имаат полн обем на компетенции и ова име го добиваат независно од функцијата),
министри делегирани кај премиерот, министри кои водат одреден ресор, државни секретари (шефови
на помалку важни ресори или заменици на други министри)
-2 вида на состаноци – на Министерски совет (претседава претседателот; еднаш неделно; одлучува за
важни прашања од водење на политиката); на Советот на кабинетот (претседава премиерот)
ОДНОСИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ – (учете од книга многу имиња има не ги пишувам); неопходна е
соработка; кога претседателот и парламентарното мнозинство се од иста партија, доминирал
претседателот; кога владата и парламентарното мнозинство се од иста партија има тежок период на
кохабитација (претседателот најчесто ги водел надворешните и воените работи, а се оддалечил од
одлуките на владата со кои не се согласувал)
ОДНОСИ СО ПАРЛАМЕНТ – владата одговара пред Националното собрание; прашањето за одговорност
на владата може да го постави премиерот во врска со нејзината програма или декларација за општа
политика; предлог за гласање недоверба на владата може да поднесат 1/10 од членовите на
Националното собрание и по него се гласа во рок од 48ч (не може да се поднесе кога републиката нема
претседателот); ако се усвои предлогот се поднесува оставка на владата до претседателот

СОБРАНИСКИ СИСТЕМИ
-демократско единство на власт (претставничкото тело е основен носител на власта); егзекутвата има
колегијален орган (извршни органи на собранието, а не извршна власт; именувано и разрешувано од
собранието); собранието врши надзор над работата на извршните органи, им дава насоки и препораки,
поставува прашања, укинува незаконски акти
-во Швајцарија извршната власт ја врши Сојузниот совет (7 члена со мандат од 4г именувано од
Сојузното Собрание; неограничен реизбор; 2 од радикална партија, 2 од социјалистичка партија, 2 од
демохристијанска партија, 1 од демократска унија на центарот); членовите се на чело на 7те управни
ресори, а еден од нив е претседател на Конфедерацијата; управува со сојузните работи, се грижи за
почитување на Уставот, има право на законодавна иницијатива
ОДНОС МЕЃУ ЗАКОНОДАВНА И ИЗВРШНА ВЛАСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА
ОРГАНИЗАЦИОНА ЗАВИСНОСТ НА СОЈУЗНИОТ СОВЕТ ОД СОЈУЗНОТО СОБРАНИЕ – собранието го
именува советот; гласањето е тајно во двата дома одделно за секој кандидат; собранието не може да го
отповика советот; при несогласување, советот се прилагодува на барањата на собранието (ако не,
собранието не го изгласува буџетот)
ФУНКЦИОНАЛНА ЗАВИСНОСТ НА СОЈУЗНИОТ СОВЕТ ОД СОЈУЗНОТО СОБРАНИЕ – собранието врши
надзор над советот; може да му дава задолжителни насоки ако имаат мнозинство гласови од двата
дома; советот дава отчет за својата работа на секоја седница; собранието има право на интерпелација
(од одреден број пратеници; од советот се бара одговор на некое прашање, а потоа се одлучува дали ќе
се води расправа) и на мали прашања (поднесени од било кој пратеник и не се води расправа)
ПРАВО НА СОВЕТОТ НА ЗАКОНОДАВНА ИНИЦИЈАТИВА – овластен да поднесува нацрт закони и одлуки
на собрнието и да дава мислење за предлозите од домовите и кантоните; ова доведува советот да биде
орган кој непосредно учествува во законодавниот процес што доведува до негово јакнење
ОТСТАПУВАЊА ОД КАРАКТЕРИСТИКИТЕ НА ТЕОРЕТСКИОТ МОДЕЛ НА СОБРАНИСКИ СИСТЕМ –
неможност извршната власт да биде отповикана; зголемена улога на советот; зголемена нормативна
надлежност со овластувањето да донесува уредби со законска сила (особено за двете светски војни)

ИЗБОРИ
-збир на процеси и односи преку кои се врши селекција и организација на носителите на политичката
власт; „мост“ кој ги поврзува владетелите и оние кои се владеани; легитимни потврдувачи на власта
-начин преку кој граѓаните ја изразуваат својата волја да бидат владеани (зависи од поставеноста на
изборниот систем во државата)
-вкупност на политички процеси (пред и по изборниот процес кои ја прават нормативната рамка во која
се прецизираат фазите на изборите)
-демократски акт на селекција и организација на носителите на власта
ИСТОРИЈА И ИЗБОРНА МИСЛА
-познати од антички период (со коцка); во демократска смисла се јавуваат во доцниот среден век
(поврзани со појавата на парламентарните институции)
-карактеристики на изборите во Англија со донесување на реформскиот закон за проширување на
правото на глас – ограниченост на правото на глас, големи трошоци за организирање на изборите,
користење поткуп и корупција
-карактеристики на изборна историја во Франција – поголем радикализам и осцилации во изборниот
развој; Русо и Робеспјер придонеле врз развојот на изборите (сметале дека праведноста на изборите
најмногу зависи од функционирањето на изборните закони, а правото на избор е израз на сувереноста
на граѓанинот)
-карактеристики на изборна историја во САД – постепено ослободување на избирачкото право од
ограничувања; побрз развој од други држави (побрз процес на универзација на избирачко право,
помалку изразени социјални судири, фрагментираност на изборното законодавство меѓу федералните
држави)
ВИДОВИ
-според ниво или вид на органи на власт – локални, регионални, национални; претседателски,
парламентарни и избори за други државни служби
-според начин на организирање – демократски (компетитивни), недемократски (некомпетитивни)
-според време и причина на одржување – редовни, вонредни
-посредни (делегатски; може да бидат двостепени и повеќестепени; се избираат избраници кои потоа
избираат народни претставници), непосредни (директно се избираат народни претставници)
ФУНКЦИИ
-партиципативна – со нивна помош граѓаните можат да ги изразат своите интереси и размислувања за и
околу власта; со нив граѓаните учествуваат во решавање за клучните политички прашања
-заштитна – спречуваат самоволно однесување на носителите на власта и злоупотреба на нивните
овластувања; нивно одржување во одредени временски интервали овозможува промена на структурата
-превентивна – намалуваат можност од појава или заострување на конфликтните состојби во заедница
(поради временската ограниченост во остварување на својата политика, носителите на власта водат
повеќе сметка за своето однесување)
-легитимна – подлога за изградба на легитимни носители на власта; преку нив власта е избрана и
прифатена од граѓаните, што ја прави легитимна
-психолошка – преку нив граѓаните политички се само-потврдуваат дека како членови на политичката
заедница тие се и нејзини креатори и двигатели
-индикативна – тие се индикатор на јавното мислење кое се однесува на остварувањето на власта; со
нив се открива и желбата на граѓаните за негување на одреден систем на вредности во заедницата

ИЗБОРЕН СИСТЕМ
-збир на норми, правила и постапки што се применуваат во изборот на носителите на одредени
функции на власта; единство на принципите за избор на носителите на политичката власт и за
применливоста на политичките вредности на системот
-настанува при формирање на либералната држава, со што се одредуваат и нужните услови за
функционирање на претставничкиот ПС (општо избирачко право; право на избраните претставници да
владеат во интерес на мнозинството, а на малцинството да му се даде право на сопствено мислење;
право на избраните претставници самостојно да ја формираат општата волја)
-демократскиот развој на ИС зависи од: степен на демократскиот развој на ПС, однесување на
политичките сили во него, развојот на изборното законодавство, толерантноста и компромисноста на
општествените сили во изборната борба, материјалните можности на актерите во ПС и степенот на
нивната организираност
-со промена на типот на ПС се менува и ИС (се менува и при криза во власта или општеството)
ФАЗИ НА ИЗБОРНО РЕШАВАЊЕ
КАНДИДИРАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ – може да биде кандидиран од политички партии, група граѓани и
„отворени листи“; три варијанти на кандидирање (за време на партиски конвенции; од страна на
потесно партиско раководство; преку прелиминарни избори во кои право на учество во изборот се
проширува на сите партиски членови)
НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ
-поединечно – секој има право на еден глас; се употребува во едномандатни изборни единици; до
името на кандидатот се става знак
-мултиплицирано – секој има право на повеќе гласови во зависност од бројот на мандатите во
изборната единица
-преференцијално – до името на кандидатите се забележува дали е негов прв, втор или трет избор во
зависност од бројот на мандатите
-ограничено – применето во повеќемандатни изборни единици; може да се гласа за помал број
кандидати од предвидените; целта е да се резервира едно пратеничко место за малцинствата
ТЕХНИКИ НА СОБИРАЊЕ ГЛАСОВИ И РАСПРЕДЕЛБА НА МАНДАТИ – се користи мнозински,
пропорционален или комбиниран принцип; целта на принципот ќе се постигне кога со него ќе се
формира стабилен и ефикасен парламент
МНОЗИНСКИ ИЗБОРЕН МОДЕЛ
-се јавува во среден век во црковните собири, а развојот му е поттикнат од одредувањето претставници
во свештеничките редови; со развој на парламентаризмот станува столб на изборниот механизам
МИМ СО РЕЛАТИВНО МНОЗИНСТВО – избран е оној кој освоил најмногу гласови во однос на сите други
кандидати во изборната единица; најсоодветно применет во Англија, а употребуван и во земји кои биле
под британско владеење (САД); најчесто применет во едномандатни изборни единици
МИМ СО АПСОЛУТНО МНОЗИНСТВО – избран е оној кој освоил повеќе од половина од вкупниот број
гласачи запишани во избирачките списоци; ова е тешко, затоа се организира и втор круг избори при кои
поделбата на мандатите може да се врши на 2 начина (во вториот круг влегуваат сите кандидати кои
освоиле одреден процент од вкупниот број гласови во првиот круг, а избран е оној кој ќе освои
најголем број гласови; во вториот круг влегуваат само првите двајца кои добиле најмногу гласови, а
избран е оној кој освоил апсолутно мнозинство од дадените гласови)
ПРОПОРЦИОНАЛЕН ИЗБОРЕН МОДЕЛ
-се јавува со укинување на ограничувањата на избирачкото право и појавата на политичките партии
(1889, Белгија); за неговиот развој најмногу се заслужни Томас Харе и Виктор Д’Онт; овозможува
соодветна застапеност на политичките партии во согласност со нивното влијание на системот
-најчесто се применува во сегментирани општества и еднакво ги репрезентира многубројните интереси
меѓу граѓаните; обезбедува чиста корелација меѓу изборот на избирачите и освоените мандати
МЕТОД НА ИЗБОРЕН КОЛИЧНИК – изборниот количник се добива кога бројот на добиените гласови се
дели со бројот на претставничките мандати; партијата ќе добие онолку мандати колку што пати се
состои изборниот количник во нејзините добиени гласови
Д’ОНТОВ МЕТОД – се утврдува вкупниот број гласови што ги добиле партиските листи, потоа тие броеви
се делат со 1, 2, 3 итн сѐ до бројот на претставници кои треба да се изберат; од добиените количници се
издвојуваат онолку најголеми колку бројот на претставници што треба да се изберат, притоа најмалиот
количник во таа низа е заедничкиот делител за сите партиски листи; партијата има онолку мандати
колку што пати се содржи заедничкиот делител
БАДЕНСКИ КОРЕКТИВЕН МЕТОД – предвидува два вида листи: листа на кандидати за секоја изборна
единица и листа за цела земја; оние гласови кои ќе останат од листата на кандидати за изборната
единица се префрлаат на општата листа, кои понатаму се делат со законски утврден изборен количник
ХАГЕНБАХ-БИШОВ МЕТОД – вкупен број гласови се дели со бројот на мандати плус 1
ИМПЕРИЈАЛИ КВОТА – вкупен број гласови се дели со број на мандати плус 2
МЕТОД НА ПОЕДИНЕЧЕН ПРЕНОСЛИВ ГЛАС – избрачот може да ги предложи сите кандидати на листата
во согласност со негова преференција; избрани се оние кои ја постигнале Дроповата квота (вкупен број
добиени гласови се дели со бројот на мандати плус 1, кој се додава на количникот; г+1/м+1);
полупропорционален метод бидејќи избирачот гласа преференцијално
ПРЕДНОСТИ И СЛАБОСТИ НА МОДЕЛИТЕ
ПРЕДНОСТИ НА МИМ – придонесува кон стабилен двопартиски систем; овозможува претставниците на
мнозинството да дојдат на власт, и формирање демократско мнозинство во парламентот;
оневозможува/отежнува влегување на мали политички партии во парламентот; фаворизира
едномандатни изборни единици во кои избирачите имаат поголем контакт со кандидатите предложени
од партиите; едноставност во пресметување на мандати
ПРЕДНОСТИ НА ПИМ – економски порационален (резултати после неколку часа); создава поверна слика
за расположението на граѓаните кон политичките субјекти кои учествувале во изборната трка, така сите
победници се активни креатори на политиката; го штити изборниот принцип „еден човек, еден глас“
(нема изгубени гласови); спречува создавање на нереално политичко мнозинство во институциите;
оневозможува можност една партија да ги преземе сите места во некоја изборна единица; придонесува
кон создавање поефикасни влади; не создава вештачки изборни единици за да се задоволи
критериумот на еднаквост меѓу населението (сите изборни единици се повеќемандатни при што бројот
на претставници зависи од бројот на населението во неа)
МЕШОВИТИ ИЗБОРНИ МОДЕЛИ – обединување на позитивните својства на МИМ и ПИМ за
организирање на поквалитетен изборен процес; коегзистентен (за избор на поголемиот дел од
мандатите се користи ПИМ, а за помалиот дел се користи МИМ), комбиниран (Јапонија; право на избор
на два вида членови, едни со ПИМ, други со МИМ), корективен (Германија; висок изборен праг од 5%;
секој избирач има два гласа; со личниот глас избира кандидат во една од едномандатните изборни
единици; со гласот за политичка партија се избира партиска листа на ниво на национална територија)
ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ
-единица во која освоените изборни резултати се пренесуваат во мандати
-може да се одредуаат според територијален, образовен, етнички критериум
-големината е одредена од бројот на мандатите кои таа ги произведува; има тесна врска меѓу нејзината
големина и изборниот модел (ПИМ преферира поголеми изборни единици; МИМ преферира мали)
-колку е поголема изборната единица толку е помала диспропорцијата меѓу дадените гласови и
освоените мандати
-колку е поголема изборната единица толку е поголем степенот на пропорционалност
-големината се одредува врз 2 приоди: вкупен број на население и вкупен број запишани избирачи во
избирачки список (двете со цел да се постигне поголема хомогеност на електоратот)
ЕДНОМАНДАТНИ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ – обезбедуваат најблизок контактмеѓу гласачите и кандидатите;
поради некои околности (неажурирање избирачки списоци, зголемен наталитет) можно е да се појави
нееднаква претставеност на граѓаните во претставничкото тело, со што може да се појават вештачки
изборни единици кои немаат врска со интересите на граѓаните
ПОВЕЌЕМАНДАТНИ ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ – поголема претставеност на малцинските или етничките
групи; можност да отворени манипулации при нивното кроење
ИЗБОРЕН ПРАГ (ПРОХИБИТИВНА ИЗБОРНА КЛАУЗУЛА)
-минимално ниво на поддршка потребна една партија да може да учествува во работата на
претставничкото тело; колку е поголема изборната единица, толку е помал изборниот праг
-формалниот изборен праг е законски утврден, најчесто применет на национално ниво и на ниво на
изборни единици поединечно
-фактичкиот изборен праг не е законски утврден туку е детерминиран од другите две димензии на
изборниот систем, особено од големината на изборната единица; се констатира со прифаќање праг на
претставување (највисок изборен праг; минимален број гласови што партијата може да ги добие под
најповолни услови) и праг на исклучување (најнизок изборен праг; минимален број гласови кои можат
да бидат недоволни за да може партијата да добие мандат);
-ако партијата го помине најнискиот праг можно е да добие мандат, ако го помине највисокиот праг на
неа и се гарантира добивањето мандат

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ
-терминот се користи од 19 век (пред тоа се користеле термините факција и секта)
-сфатени во смисла на политичка поларизација, настанале уште во античко време (факција се
употребувало во стар Рим за означување на аристократите кои го контролирале Сенатот)
-Цицерон – со факција ги означувал грчките олигарси
-Блондел – смета дека партиите настанале во Рим, а браќата Грах биле првите партиски лидери; со
пропаѓањето на Римската република партиите исчезнале, а повторно се појавуваат во ренесансата
-Блунчли, Вебер, Прело – партиите се појавиле во Римската република; римјаните ја развиле модерната
идеја за партиите
-Нојман – партија значи идентификување со една група на истомисленици, соработка во рамките на
посебна организација и разликување од другите организации; партијата учествува во политичкиот
процес и во функционирањето на ПС
ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ВО СОВРЕМЕНО ВРЕМЕ
-настанале во капитализмот, на почеток на претставничкиот систем во форма на природна поларизација
-првите се формирани во САД во 18 век, а потполн модерен израз добиваат во 19 век преку
проширување на избирачкото право и поврзаноста меѓу парламентарните претставници и граѓаните
-во Западна Европа се јавуваат во првата половина на 19 век, а во Источна во втората половина
-во Француската револуција се изврши поделбата на левица и десница
-модерните партии настанале како резултат на проширување на општото избирачко право и развојот на
Парламентот како претставничка институција, желбата на избирачите да влијаат на членовите на
Парламентот, настојувањата на членовите да бидат повторно избрани на таа функција
НАЧИН НА НАСТАНОК
1 – поврзување на парламентарните групи (составени од самите пратеници) и изборните комитети
(формирани од граѓаните со цел да влијаат на изборниот процес); целта е обезбедување повторен збор
на пратениците и овозможување на избирачите да влијаат на активноста на избраните пратеници;
според Диверже ова е општа шема на настанување на партиите
2 – вонпарламентарен начин; партиите се формираат како инструмент на влијание на различни
интересни групи (синдикати, цркви); најчесто поцентрализирани, подисциплинирани
-елемент кој влијае врз детерминирање на потеклото на модерните партии се парламентарните групи
(збир на претставници со исти политички ставови) кои најчесто обезбедуаат средства да реизбор на
своите членови преку формирање на посебни изборни одбори
-првите модерни партии се оформиле како резултат на здружувањето на парламентарните групи и
изборните одбори
-Лапаломбара, Вајнер (пошироко сфаќање) – партиите настанале со кризите на легитимизација
(проблем на носителите на суверената власт во општеството; потреба од елиминирање на колонијална
власт), интеграција (проблем на територијален интегритет на земјата и желбата да се обединат
националните групи) и партиципација (се јавува кога потиснатите општествени групи истакнуваат
барања за поголемо политичко учество)
ШТО Е ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА
-pars (дел од некоја целина), partie (делба)
-современо сфаќање – општоприфатен, легитимен и вредносен сегмент во вкупниот политички живот
на секоја демократска држава; доброволна, релативно трајна политичка организација
-изборите го вклучуваат чувството на одговорност на избраните кон избирачите, додека партиите се
фактор на негување на тоа чувство
-Берк – политичката партија е организација во која граѓаните се обединуваат со цел промоција на
националните интереси врз основа на принципи прифатливи за сите
НАЈОПШТА ДЕФИНИЦИЈА – организација која ги здружува луѓето заради постигнување на иста цел-
желбата за освојување на власта во државата (самостојно или во коалиција), или ако таа е освоена
нејзино задржување што е можно подолго време; партијата мора да има организациска структура
-желбата за освојување на власт ги разликува од интересните групи (синдикати, цркви) кои се насочени
кон остварување економски, социјални, верски интереси; се разликуваат и бидејќи интересните групи
се насочени кон промовирање специфичен збир на цели и кон задоволување на барањата и желбите на
своите членови
-постојат и партии чија основна цел не е освојување на власта (улогата на партијата Квебек и нејзина
цел да се одвои и осамостои областа Квебек од Канадската федерација)
-постојат и партии чија цел е насочена кон обична забава или исмејување на политиката
-се разликуваат од терористичките или воените групи преку тоа што партиите настојуваат да ги остварат
своите цели преку легитимни средства
-постојат и организации чија цел е да го продолжат животот на актуелниот режим или насилно да го
променат, кои имаат свои „политички крила“ признаени како политички партии
-партиите се субјекти во изборниот натпревар кои истакнуваат кандидати за носители на јавни функции
во изборниот процес (притоа можно е една партија да не учествува во изборниот процес во знак на
протест против политиката на актуелната власт како политичка тактика за потценување на
легитимитетот на партијата која ќе ја извојува изборната победа)
-партиите се организации на луѓе со слични верувања, убедувања, ставови и вредности во врска со
прашањата содржани во програмата на партијата
ЕЛЕМЕНТИ
ОСНОВНИ – идеологија (програма), социјална структура (интереси на членови), партиска организација
ОПШТОПРИФАТЕНИ – организациска структура, желба за освојување/задржување власт, партиска
идеологија (според нив политичката партија е релативно трајна организација инспирирана од одредена
идеологија, формирана со цел да ја освои или задржи власта во интерес на остварување пошироки
политички интереси)
ЛА ПАЛОМБАРА: партијата е носител на една идеологија или производ на политичка култура, трајна и
стабилна организација, која има за цел да ја освои и задржи власта, и тежнее кон обезбедување што
поголема народна поддршка
ВИДОВИ
СПОРЕД ОРГАНИЗАЦИЈА – локални, кадровски, масовни
СПОРЕД ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ (најчест) – партии со убедување, партии на интереси, програмски партии
СПОРЕД ПОЛИТИЧКА ФУНКЦИЈА – државни, демократски
СПОРЕД ИДЕОЛОГИЈА – левица (прогресивни, социјалистички, комунистички), десница (конзервативни)
СПОРЕД СОЦИЈАЛНА ГРУПА – граѓански (конзервативни, либерални, демохристијански) и работнички
(социјалдемократски, социјалистички, комунистички, партии на „нова социјална левица“)
-КОНЗЕРВАТИВНИ – аристократијата не е веќе значајна сила, но нејзини остатоци се придружија кон
крупната буржоазија во борба против работниците; тие ја смениле својата доктрина поради
непривлечноста бидејќи во минатото биле против проширување на избирачкото право (со тоа и против
демократија; Велика Британија
-ЛИБЕРАЛНИ – првите политички групации на буржоазијата која преку нив барала заштита на своите
интереси од земјосопствениците кои ја контролирале државата; клучни елементи на либералот се
граѓанските и политичките граѓански права, иако на почетокот и тие биле против проширување на
избирачкото право; Австрија, Белгија
-ДЕМОХРИСТИЈАНСКИ – израз на настојувањата на црквата да оствари влијание во политичкиот живот;
некаде се формираат од конзервативните партии кои го промениле своето име („камуфлирање на
традиционална десница“-Диверже); Италија
-СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ – прва во Германија 1869; по ПСВ тие се опортунистичка струја во
работничкото движење; со „Меѓународната работничка и социјалистичка конференција“ се намалиле
разликите меѓу овој вид на партии; до конечно обединување на мнозинството и малцинството партии
(„центрумот“) дошло на конгресот во Хамбург, каде тие формирале Социјалистичка работничка
интернационала (идеолошка основа била платформата на мнозинството)
-ЛАБУРИСТИЧКИ – традиционално се вбројуваат во социјалдемократски (но има разлики меѓу нив); се
формираат со одлука на синдикат, а синдикатите се колективни членови на лабуристичките партии; В.Б
-КОМУНИСТИЧКИ – формирани со расцеп на социјалдемократските партии поради неуспехот да ги
спречат воените пустошења; тие не се разликуваат меѓу себе поради делувањето на центарот кој
реагирал на секој обид на отстапување од нормите, односно овие партии морале да исполнуваат
услови ако сакаат да бидат членови на Коминтерната
-НОВА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЛЕВИЦА – автономната социјалистичка партија (старо име) настојува да се
одржи во средина меѓу комунистичко и социјалдемократско крило, значајна во Италија; по ВСВ се
преименува и има цел да ги надмине слабостите на двете крила; инсистира на поголема внатрешна
демократија; најголем подем има во 60тите
ДИВЕРЖЕ: поделбата на кадровски и масивни е олицетворение на разликите меѓу буржоаските и
работничките партии; се разликуваат по структура; претпоставка: масовните ќе доминираат
-кадровски се буржоаските партии ориентирани кон изборите и парламентарните комбинаторики;
немаат развиена административа и не плаќаат членарина; раководени се од пратениците
-масовни се формирани од социјалистите со цел да ги решат проблемите поврзани со спроведување на
изборните кампањи за своите кандидати; имаат развиен интерен живот и плаќаат членарина
ЛЕНИН: поделбата на кадровски и масивни ги содржи разликите меѓу револуционеристичките и
реформистичките партии; се разликуваат според односот кон револуцијата
-со поимот масовна партија ја нагласува ширината и неселективноста при прием на нови членови
-со поимот кадровска партија го потенцира квалитетот на членството поради селективноста при прием
БЕРНС: американската демократија е можно да се оствари само ако партиите се организираат поцврсто
и стекнат побројно членство; флуидноста и недоволната цврстина на американските партии
овозможуваат нормално одвивање на политичкиот живот
БИРДО: поделба на „партии на мислење“ (припадници на различни општествени групи, ја негуваат
толеранцијата и ја почитуваат автономијата на индивидуата) и „идеолошки партии“ (припадници на
една идеолошка група, не прифаќаат толеранција, не почитуваат автономија на личност)
НОЈМАН: поделба на партии на репрезентација (функција да обезбедат гласови на изборите; се
обидуваат да го одразат јавното мислење) и партии на интеграција (усвојуваат проактивни политички
стратегии со цел да ги мобилизираат и инспирираат граѓаните)
ФУНКЦИИ
НАЈВАЖНИ – кандидирање претставници за највисоките политички институции; непосредно влијаат на
политиката (преку идентификација на политичките проблеми и нудење излезни решенија);
организирање на парламент, влада и други политички институции
СПОРЕД ПЛУРАЛИСТИЧКА ТЕОРИЈА ЗА ДЕМОКРАТИЈА
-помирување на конфликтните интереси – бидејќи ги претставуваат интересите на различните групи
-партиципирање – создаваат услови за граѓаните да учествуваат во политиката
-регрутирање кандидати – основно средство за регрутирање и обучување на лидерите и кандидатите
-остварување на демократска контрола – демократски избраните членови се на различни функции
-избор – овозможуваат избор меѓу повеќе конкурентски политички опции
-претставување – ги претставуваат интересите на граѓаните, но и пошироки национални интереси
-комуникација – секојдневно со граѓаните и институциите на системот
-одговорност – при избори формираат структура на политичките институции преку кои тие се
непосредно одговорни за сите постапки направени во текот на мандатот
-одредување на цели – средства преку кои општествата ги одредуваат колективните цели
-артикулирање и агрегација на интереси – претставување и обединување на различни интереси
-социјализација и мобилизација – во конкурентскиот партиски систем имаат значајна улога да се
поттикнат да се однесуваат во согласност со правилата на демократијата

ПАРТИСКИ СИСТЕМ
-систем во кој постојат конкурентски меѓупартиски односи; систем во кој се остварува мрежата на
односи што постојат меѓу партиите; потсистем на ПС; има за цел да ги институционализира партиската
интеракција и односите од партискиот комплекс на прашања со околината; ја отсликува физиономијата
на ПС и од него зависи карактерот на ПС; претставничката власт е невозможна без партиски систем
КЛАСИФИКАЦИЈА
СПОРЕД БРОЈ НА ПАРТИИ (Сартори)
-еднопартиски – може да забрануваат постоење на други партии, да имаат хегемонистичка позиција на
една партија (дозволено постоење на други партии без да ја загрозат владејачката), или да имаат
предоминантна партија (во подолг период и со конкуренција има апсолутно мнозинство мандати)
-двопартиски
-повеќепартиски – може да се со ограничен или со ектремен плурализам
-атомизирани – во нив не постои потреба за прецизно броење на партиите
СПОРЕД БРОЈ НА ПАРТИИ И ИДЕОЛОГИЈА (Сартори) – додава идеологија како критериум и ги има
предвид нејзините дистанца (за полесно разбирање на повеќепартиски системи) и интензитет (за
полесно разбирање на еднопартиски системи); ги менува ограничениот и екстремниот плурализам во
умерен и поларизиран плуларизам; во општества со една партија има монополска структура на моќ, во
оние со хегемонистичка партија има хиерариска структура на моќ, во оние со предоминантна партија
има унимодална концентрација на моќ; во двопартиски системи има биполарна концентрација на
власт; во системи со умерен плурализам има слаба фрагментација на моќ, а во оние со поларизиран
плурализам има висока фрагментација
СПОРЕД ШТАЈНЕР – 7 партиски семејства: социјалисти, либерали, конзервативци, демохристијани, нова
радикална десница, зелени и регионални партии
СПОРЕД БОБИО – според идеал на еднаквост и идеал на слобода како критериуми; 4 партиски
семејства: екстремна левица (промовираат еднаквост и авторитаризам), центристичка левица
(егалитарни и либерални партии), центристичка десница (либерални и неегалитарни движења),
екстремна десница (антилиберални и антиегалитарни движења)
ЕДНОПАРТИСКИ СИСТЕМИ
-системи кои ја прават суштината на модерниот апсолутизам; единствената партија ја дава силата на
тоталитарниот режим (најекстремна форма на еднопартиски систем)
-монополистичката партија дејствува како постојанавлада, при што не постои начин (освен државен
удар или револуција) со кој оваа партија може да се отстрани од власт
-системите со доминантна партија не треба да се мешаат со еднопартиски системи (имаат повеќе
партии, но една доминира; Јапонија, Шведска)
1 ВИД – системите на државниот социјализам во кои владејачките комунистички партии контролирале
и управувале со сите органи
2 ВИД – поврзани со антиколонијалниот национализам и консолидирање на државата во земјите во
развој; владејачките партии во Зимбабве се создале од движења за независност кои прогласиле
национална потреба од изградба на нацијата и стопанскиот развој
ДВОПАРТИСКИ СИСТЕМИ
-само две партии имаат доволна изборна и законодавна сила (реални шанси за освојување власт)
-посилната партија има можност да владее самостојно, додека другата и е опозиција
-двете се менуваат на власт при што додека едната е на власт, другата е во „сенка“
-американскиот двопартиски систем (републиканска и демократска) функционира од 1860
-Диверже: овој систем е природен бидејќи го одразува дуализмот меѓу прифаќањата и неприфаќањата
на одредена политика; постоењето на две партии овозможува израз на различни ставови за политиката
-Ловел: мнозинството избирачи се способни да определат само со „да или не“ во политиката, што го
прави излишно функционирањето на повеќе од две партии
-тој води кон умереност на партиите што меѓусебно си конкурираат во вршењето на власт (ова е
резултат на натпреварот меѓу партиите во кој секоја тежнее да ги придобие неопределените избирачи)
-приближно еднаквата сила ги тера да даваат поголеми изборни ветувања од оние кои реално може да
ги остварат (последица е создавање неодговорна партиска власт); тие интегрираат многу интереси
-Дал, Липсет: овој систем е успешен ако во општеството има значителен број избирачи што ги
прифаќаат центричките идеи (ако тоа не е случај, овој систем само интензивира политички конфликти)
ПОВЕЌЕПАРТИСКИ СИСТЕМИ
-политички натпревар меѓу повеќе од две партии; зголемува веројатност од создавање повеќепартиска
постизборна коалиција; денес е поприроден од двопартискиот систем; партиите што не можат да
очекуваат изборно мнозинство тежнеат кон придобивање на малите групи
-нестабилност поради променливи сојузништва (не важи за скандинавски земји); некои сметаат дека во
држави во кои се менуваат на власт коалиции на партии нема повеќепартиски систем туку систем на
групи (овие промени на коалициони партнери оневозможуваат влијание на граѓаните во политиката)
-основна предност – обезбедува поголема контрола и рамнотежа во рамките на владата која е секогаш
подготвена за дебата, отстапки, компромиси
-основна слабост – опасност и тежина на создавање владејачки коалиции
ТРИПАРТИЗАМ – Австралија, Нов Зеланд; конзервативци, лабуристи, земјоделска партија
КВАДРИПАРТИЗАМ – земјоделските партии е надградуваат на оформениот трипартизам
(конзервативци, либерали, социјалисти) во некои европски земји
ПОЛИПАРТИЗАМ – умерен (мали идеолошки разлики меѓу најзначајните партии и прифаќање на
коалициите преку меѓупартиски компромиси; Белгија) и поларизиран (изразени идеолошки разлики
меѓу партиите; Латинска Америка)
ПАРТИСКИ СИСТЕМИ СО И БЕЗ ОПОЗИЦИЈА
-опозицијата ја контролира политиката на позицијата и е насочена кон освојување на власта
УСЛОВИ – судир на интереси меѓу релативно изедначени по сила класи, одреден општествен консензус
за начинот на избор на носителите на власта
-овој партиски систем ја означува институционално дозволената борба на партиите што не се на власт
во однос на владејачката партија заради преземање на контрола и спроведување на власта
4 моменти за реализирање – најмалку две партии со спротивставени програми, спротивставеноста да е
манифестирана преку натпревар во вид на лојална меѓупартиска конкуренција, конкурентноста да се
остварува во вид на институционално партиска дозволена борба за преземање на власта
-односот меѓу бројот на членови на партијата и бројот на нивни избирачи е показател за разликите меѓу
партиите (врз него влијаат подготвеноста на граѓаните да земат учество во колективната политичка
акција и да соработуваат со другите, ставот за корисноста од заедничко ангажирање)
-степенот на острината на калсните конфликти, поделеноста според национална, религиска, расна,
регионална основа влијаат врз бројот на партии и односите меѓу нив
ЛИЈПХАРТ: критериуми за поделба на ПС се карактерот на политичката култура и односите меѓу
елитите; договорни системи (фрагментирана култура, но кооперативни односи меѓу елитите; Белгија) и
центрипетални системи (хомогена политичка култура, компетитивни односи меѓу елитите; САД)
АЛМОНД: поделба на ПС според својства на политичка култура; англоамерикански (хомогена и
световна политичка култура; прифаќање на слобода, благосостојба и безбедност како највисоки
општествени цели; диференцирана, организирана структура, погодна за дифузна моќ и со висок степен
на стабилност), континенталноевропски (фрагментирана политичка култура; 3 поткултури – католичка,
остатоци од културата на стара средна класа, поткултура поврзана со модерни општествени делови),
прединдустриски (мешање на традиционална култура и западни влијанија), тоталитарни (политичката
култура дава привид на хомогеност; невозможно е да се утврди колку е прифатен системот)

ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА
-политички аспект на културата на едно општество, односно дел од општата култура кој се однесува на
политичката дејност
-општиот поим култура означува систем на ставови, навики, предиспозиции и менталитет, систем на
вредности и норми на однесување, стереотипи и вкупност на погледи на општеството и човекот
-политиката е јавно управување и одлучување во однос на доминантните култури и интересни
преференции на општеството; врската меѓу културата и политиката го создава поимот „ПК“ кој
подразбира ставови, убедувања и ориентации на луѓето спрема политиката
-заедничко својство на секоја култура е нејзината способност за “интерперсонална генерализација”, која
се однесува на можноста за пренесување на начинот на ориентација и адаптација од поединец на
поединец по пат на интернализација
ПАРСОНС, ШИЛС: културата е еден од најважните функционални императиви за одржување на
општествениот систем, а вредносните ориентации на различните видови актери во еден општествен
систем мораат да бидат интегрирани во одреден систем на значења
-основен инструмент на интернализација на културата е социјализација, а основен поим на културата е
ориентацијата
ИНДИВИДУАЛНО-СУБЈЕКТИВНО ГЛЕДИШТЕ
АЛМОНД: ПК се однесува на специфични политички ориентации, односно ставови за ПС и неговите
различни делови и ставови во улогата на поединецот во системот; ПК е ПС интернализиран во
сознанија, чувства и проценки на вредности
ВЕРБА: ПК се состои од системи на емпириско верување, експресивни симболи и вредности кои ја
дефинираат состојбата во која се одвива политичкото дејствување; ПК обезбедува субјективна
ориентација кон политиката
БРАУН: ПК е субјективна перцепција на историјата и политиката, основни верувања и вредности,
регулатор на индетификацијата и лојалноста како и политичко знаење и очекување кои се производ на
специфичното историско искуство
СИСТЕМСКО-ОБЈЕКТИВНО ГЛЕДИШТЕ
ИСТОН: го нагласува приматот во однос на поединецот (системско-институционалното обликување на
поединечни ставови); смета дека секое општество има свои политичко-културни теми и табуа, цели и
претпоставки кои ги смета за непроверливи и неприкосновени
БАРНЕС: ПК не е индивидуална перцепција туку она што е заедничко во ставовите и верувањата на
луѓето; таа не ги вклучува сите индивидуални перцепции, туку само оние кои индивидуата ги смета и
разбира како заеднички
РАЗБИРЛИВО ГЛЕДИШТЕ
ПАЈ: засновал хеуристичка дефиниција на ПК погодна за разбирање на политичкиот развој и
модернизација, и умерена на објаснување и разбирање на подлабоките, фундаментални, значајни и
критички ставови; ПК е збир на темелни вредности, чувства и знаења кои ја даваат формата и
содржината на политичките процеси
ФАГЕН, ТУКЕР: критика на Адмондов концепт (сметаат дека е радикална субјективизација на концептот
и го редуцира само на психолошка димензија); според нив не е доволно само манифестирана свест,
туку потребно е да се утврдат структурните фактори на личноста и општеството, и значењето што
поединците и го придаваат на политиката
ЕЛАЗЕР: ПК е рамка на вредности кои ги воспоставуваат културните граници на поедиченото и групното
политичко однесување
КУПРОВ: ПК е систем на знаења, вредносни ориентации, убедувања и активности
ЗАКЛУЧОК – според сите наведени поделби ПК претставува ставови, ориентации, однесувања на
поединците, групите и заедницата, насочени кон институциите, субјектите и процесите, формирани во
процесите на социјализација и индоктринација, под влијание на објективните историски системски
околности, а чија основна функција е стабилноста, односно истрајноста на ПС и неговата примена
СТРУКТУРА, ПРИРОДА И СУШТИНА НА СТАВОВИ И ОРИЕНТАЦИИ НА ПК
-Алмондовите ставови за структурата се преземени од социјалната психологија
-потребно е да се разликуваат 4 елементи на ставовите на ориентација: знаење, вредности, чувства и
однесувања
КОГНИТИВНА (СОЗНАЈНА) КОМПОНЕНТА - се однесува на знаењата, убедувањата и информациите за
одредени аспекти на ПС во целина; политичкото знаење може да биде лаичко и стручно; воннаучните
знаења можат да бидат идеолошки, политички, интересно мотивирани или стекнати под влијанија;
искуството од политичката пракса се важен извор на знаењето за политиката
ЕВАЛУТИВЕН (ВРЕДНОСЕН) СЛОЈ – се однесува на вредносните судови и проценки на истакнатите
објекти на политичкиот систем; подразбира постоење кохерентна скала на политички вредности што
произлегуваат од некоја политичка доктрина, идеологија или програма; политичките вредности имаат 3
слоја на значење (вредностите се прифатени со преференција, замисла и претпоставка или пожелност
во однос на некој политички објект; вредностите се израз на експлицирање на потреби и интереси;
вредностите понекогаш изразуваат сфера на интересирање или животни стилови); политичките
вредности често се извор на определувањето на организацијата на власт (некои повеќе ја вреднуваат
републиката, отколку монархијата)
ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ (ЕМОЦИОНАЛНА КОМПОНЕНТА) – дел од односите спрема политичката сфера
изразени како приврзаност (или отуѓеност) на системот, чувство на сигурност, важност, загрозеност,
љубов кон татковината, патриотизам; овој елемент се нарекува волно-мотивациски; Хегел зборувал за
страста и волјата како двигатели на човековата историја, а Ниче ја објаснил синтагмата “желба за моќ”;
оваа компонента најчесто се манифестира во групно-колективен облик
КОНСТАТИВНА (КОНОТАЦИСКА) КОМПОНЕНТА – се состои во подготвеноста нешто да се направи или
да се дејствува во врска со објектот спрема кој имаме став; политичкото однесување може да биде
реактивно (пасивно) или активно
СУШТИНА – не се сите ставови и ориентации од политичка природа (неземањето храна може да е
условено од здравствени проблеми, но штрајкот со глад поради социјални причини, е политички став)
-политички ориентации се насочени кон политичкото дејствување во животот, и тие се реакција на
политички одлуки; и неполитичкото однесување е политичко бидејќи политичките одлуки ги погодуваат
-политичкиот став е насочен спрема аспектите и елементите на структурата на ПС; насоченоста на
ставовите и ориентациите спрема различните класи и видови политички објекти се се димензии на ПК
-политичко уверување е опредметена ставовска структура и е единствен калап на знаење, вреднување
и чувства (3 нивоа: фундаментални, карактерни, ситуациски)
ДИМЕНЗИЈА НА ПОЛИТИЧКАТА СТРУКТУРА
ПАРСОНС, ШИЛС: ставовите и ориентациите се полувнатрешни аспекти на политичкиот објект и
политичките односи
АЛМОНД, ВЕРБА: ставовите и ориентациите се насочени кон 4 класи на политички објекти (системот
како општ објект, објектот на политичкиот влез, објектот на политичкиот излез и на поединецот како
објект); системот како објект има 3 поткласи (институции, носители на улоги и функции, јавни одлуки)
-Алмонд поради критики ја изменил првобитната формула, и востановил три видови ориентации во
однос на три видови политички објекти (ПС како најошто ниво на објект, политички процес како објет
кон кој се насочени ставовите, политичко владеење)
-Алмонд востановува 3 димензии на ПК – ПК на системи (авторитарна култура на власт, култура на
политички поредок, култура на национален идентитет и правна култура); ПК на процеси (однос спрема
сопствената политичка активност и односот спрема групите, елитите; улогата на човекот во политичкиот
процес може да биде: граѓанско, активистичка, пасивно, поданичка и отуѓена); ПК на владеење
(ориентациите и ставовите спрема јавните политики и политичките одлуки)
-Верба разликува 3 димензии на ПК – идентификација (со нацијата, државата и ПС; претпоставка е дека
поединецот поседува самоидентитет; свеста за припадноста на државите, свеста за легитимноста на
системот како целина се составни делови на вертикалниот политички идентитет); односот спрема
управувачко учество на владата (хоризонтална идентификација; однос спрема сограѓаните); уверување
спрема начинот на кој власта ги донесува и спроведува одлуките (се однесува на управувачкото учество
на владата и нејзината улога во општеството)
ПАЈ: 4 димензии на ПК – однос на доверба (односно недоверба) кон другите; ставовска перцепција на
хиерархиската моќ (изразена низ поимните спротивности: хиерархија-еднаквост, водачи-следбеници);
третата е постулирана од поимната спротивност слобода-принуда; лојалност и посветеност на
интегрираната глобална држава
ИСТОН: ПК ја редуцира на политичка поддршка насочена на 3 нивоа (политичка заедница, политички
режим, носителите на институционалните функции), односно 3 објекти кон кои се насочени ставовите и
ориентациите (политичка заедница, ПС, персонален објект)
СИРС: 3 димензии – врзаност за ПС, партиски идентитет и односот спрема политичка партиципација
ПАТРИК: 5 аспекти на ПС кон кои се центрирани ставовите и ориентациите – политичката стварност,
процес, структура, функција на владата; природата на власта и авторитетите; целите и идеалите на
владината политика; оперативни инструменти што ја регулираат политичката интеракција; улога на
ефикасноста и компетенцијата во политичкиот процес
-објектите кон кои е насочена културната перцепција на граѓаните треба да се преведат во поимната
синтагма структура на ПС
-2 вида на согледување на структурата на ПС: научен и граѓанско-лаички
-критериуми користени при стрктурирање – компаративен (споредба со други ПС), логички (наоѓање
битни елементи), методолошки (преведување на апстрактни поими во пониски дефиниции)
АСПЕКТИ НА ПС НА КОИ СЕ ЦЕНТРИРААТ СТАВОВИТЕ – нормативно-идеолошки слој (идеи, норми,
вредности), институционален слој (институции, организација), субјективно-процесен слој (политички
улоги, носители на јавни функции)
ТИПОВИ ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА
СПОРЕД АЛМОНД И ВЕРБА – трихотомна типологија; критериум на варијабилност на ориентациите
спрема политичките објекти, а комбинацијата на ориентациите создава различни типови ПК; Алмонд ПК
ја одредува како фреквенција на различни видови ориентации спрема ПС, неговите влезни и излезни
димензии и поединецот како политички актер
-парохијална ПК – фреквенцијата на ориентација спрема политичките објекти се приближува кон нула;
одговара на порано племенските, а денес традиционалните општества; поединците немаат развиено
политичка ориентација, значењето на ПС е мало или не постои; во модерна смисла ова е ПК на локална
заедница
-поданичка (лојалистичка) ПК – висока фреквенција насочена кон објектот во ПС и според излезните
димензии, а нула ориентации спрема влезните димензии и поединецот како учесник; прифаќаање на
административно-управните и принудените функции на државата; усвојување на излезните функции на
ПС; покорност и подреденост спрема влата; поединецот нема свест за активна партиципација;
политичка отуѓеност, пасивност; федерализам, монархизам, колонијализам
-партиципативна ПК – поединците се насочени кон сите објекти на ПС; експлицитни ориентации кон ПС,
влезните и излезните структури и процеси; модерен, демократски облик на ПК
-мешовит модел – граѓанско ПК; комбинација од претходните 3 типови на ПК; „рамнотежа на
контрадикции“
СПОРЕД ЕЛАЗАР – критериум на различност на ориентациите на политичкото дејствување на луѓето; ПК
е вредности и верувања што поединецот ги има во однос на ПС
-моралистичка ПК – примат на општеството над поединецот на начин да не го потиснува поединецот,
туку му припишува групна припадност и на таа основа поголеми постигнувања во политичката акција;
политичарот е слуга на заедницата; праведно општество и морални достигнувања се крајна цел на
политичката заедница
-индивидуалистичка ПК – отсуство на интервенции на власта во приватни активности; приватната сфера
е поважна од јавната; идентичен на либерално-утилитарниот модел на политичка структура;
легитимноста на политиката се зиведува од мнозинството што ја изразуваат својата волја на изборите
-традиционалистичка ПК – општеството е хиерархиски уреден поредок на работи во кои се доминантни
класно-слојните и семејните врски со изразено истакната старателска, патерналистичка улога на
политичарите; власта е ограничена на интересите на властодршците
СПОРЕД ВИЛАДЕВСКИ – тетрахомна типологија; според тоа како одговараат поединците на основните
политички прашања (во чие име се врши власта, колку се подготвени да ризикуваат во политиката)
-ПК на индивидуализам – се заснова на принципот на нормативен минимализам, селективна употреба
на државна присилба, само на заштита на имотните права, слободни интересентни интерпретации
-хиерархиска ПК – спротивна на претходната; максимизира улога на присилен апарат, фаворизира
општествени статуси и доминација на стратешките општествени групи
-ПК на еднаквост – тргнува од доброволно учество на хоризонтално еднаквите порединци и улогата на
политиката; основен начин на поврзување на поединците е колективно задолжително одлучување;
дистрибутивна правда и избегнување ризици на нееднаквост
-фаталистичка ПК – во слабите групи во кои е силно влијанието на прописите и волунтаристичките
присилби; садомазохистичко поднесување (жртвување); теократски фундаментализам и авторитарни
верзии на национализам, комунизам и капитализам; доминација на персонализирани политички
институции; спротивен на демократско уредување на заедницата
-првите 3 типа се потребни за едно демократско општество да функционира
СПОРЕД БАНКЕРТ – критериум на политичка слобода; поделба изведена од идеолошка и доктринарна
пракса на современото општество
-либерална ПК – тргнува од „негативната слобода“, како слобода од надворешни ограничувања и и од
другите поединци од власта; апстрактен тип
-конзервативна ПК – тргнува од конкретни, стекнтати права и привилегии на традицијата и
востановените обичаи во општеството; прифаќа слобода на штета на еднаквоста, приватно на штета на
јавното, и држава дисциплинирана со миниму ингиренции; слободата настанува од стекнатите
традиционални обрасци
-револуционерна ПК – тргнува одпретпоставките за радикална промена на постоечките политички
стуктури држава и сопственичко-економски односи
-ПК на самоопределување – заснована на нов концепт на слобода како самоопределување; разликува
субјектно самоопределување на поединецот, самоопределување како умно-разумно дејствување и
реално самоопределување
СПОРЕД РОЗЕНБАУМ
-интегрална ПК – цврста и хиерархиски устроена идентификација, низок степен на политичко насилство
и релативно трајна лојалност на институциите во ПС
-фрагментирана ПК – преовладува провинцијална, парохијална, групно-територијална лојалност,
етничковерска идентификација, недоверба во централните институции и нестабилност на влада
ДРУГИ ТИПОЛОГИИ – елитна и масовна, конфликтна и консензуална, хомогена и хетерогена, отворена и
затворена, нормативна и инструментална, модерна и постмодерна
ЕМПИРИСКИ ПРИМЕРИ ЗА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА
-ориентациите и ставовите како составен дел од ПК се релативно трајни, основни, заеднички втемелени
во свеста, дистрибуирани, интериоризирани, за разлика од јавното мнение кој е површински, минлив
експликат на мислењето на политичката јавност; притоа не е возможно да се разбере што е исказ од
јавното мнение, а што е став и ориентација како дел од ПК; тешко е емпириски да се докажат
подлабоки предиспозиции на ставовите и ориентациите, а полесно мислењето на политичката јавност
за актуелни и минливи прашања од тековниот политички живот
ИТАЛИЈА – отуѓена ПК (според резултати од истражувања спроведени во 60тите и следните 20г)
изразена преку социјална изолација, фамилијарен парохијализам, недоверба во институции
ГЕРМАНИЈА – поданичка и индиферентна ПК; поданичка е бидејќи високата излезеност на избори е
резултат на обврски, а не права; пасивноста се изразува во многу ниското ниво на говорнополитичка
комуникација
САД – партиципативна и активистичка ПК, со високо покажано задоволство во однос на придонесот на
владата, учество во изборите, со висок степен на доверба и отвореност спрема политичките конкуренти
В.БРИТАНИЈА – слична ПК како САД, само со поизразена поданичка компонента во односите на ПС
КОНФУЧИЈАНСКА ПК – го објаснува успехот на „азиските тигри“; превласт на семејни и комунитарни
вредности на западните индивидуалисти; култура на самовладеење; конфучијанството проповеда
посебна обврска и должност за почит кон другите и верување на сонародниците
МОДЕЛ НА ПОЛАРИЗИРАНИ ПОЛИТИЧКИ ПОТКУЛТУРИ – доминантен во мултиетнички општества;
Северна Ирска, Западен Балкан; изразени политички поделби
-културно-верските разлики доведуваат до поларизација во рамки на институционалните постапки на
одлучување и блокади на функционирање на институциите; наспроти обидите на меѓународната
заедница за етничка поларизација во БиХ, Србија и Македонија останува факторот на неинтегрираност
на институциите, со дисензус за основните приоритети и вредности
-БиХ како трокомпонентна, Македонија како двокомпонентна и Србија како мултикомпонентна се
предизвик за интеграција на политичките заедници и за изградба на институциите кои ќе уживаат
минимална политичка поддршка
-граѓанскиот мир во овие држави е поради надворешен дипломатски притисок; стекнатите права на
етничките групи го оспоруваат демократскиот принцип на повеќето одлучувања во институциите
-денес сѐ повеќе се зборува за изградба на европска ПК (без заеднички европски политички идентитет,
нема ниту верба во европските институции, а создавањето нова ПК претпоставува надминување на
разликите на националните ПК)
ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И ПОЛИТИЧКА ДЕМОКРАТИЈА
-функционирањето, ефикасноста, отвореноста и демократичноста на ПС зависат од ПК
РАЦИОНАЛНО АКТИВИСТИЧКО ГЛЕДИШТЕ – успешната демократија бара граѓаните да бидат вклучени
и активни во политиката, да бидат информирани за неа и да вршат влијание врз неа; пасивниот
граѓанин (што не гласа) е индикација за слаба демократија
-обележја на демократска ПК – активност, вклученост, рационалност
-развојот на политичката дмократија дава широки можноста за поединецот да учествува во политиката,
но тоа не значи дека постои активна партиципација на граѓанинот
-шансите за успех на демократскиот ПС се мали ако ПК не му дава поддршка (меѓусебна зависност меѓу
ПК и демократија)
ЈАВНО МИСЛЕЊЕ
-при дефинирање се земаат предвид термините маса, публика и политичка јавност
ЈАВНОСТ – општествен и политички простор во кој се создава и дејствува јавното мислење; поврзана со
интелект; јавност во денешна смисла се создава со развивање независна група луѓе спротивставена на
апсолутниот владетел и со ова се најавува граѓанското општество
ПУБЛИКА – голем број луѓе со заеднички интереси и ставови за некое прашање; дисперзирана;
помобилен фактор на социјални настани; постои само со создавачки центри (клубови, театарски куќи)
МАСА – собрана на едно место; латентна социјална сила; поврзана со емоција
ПОЛИТИЧКА ЈАВНОСТ – издвојување активни поединци во политичката практика
-јавноста е премин меѓу масата и цврсто обликувани социјални организми (партии, интересни групи)
-нејзиниот опсег се совпаѓа со опсегот на правото на активно и пасивно учество во политиката
-во минатото јавноста била сведена на тесна публика (кафеаните на аристократите), но со
институционално признавање на парламентарна опозиција, либералната власт станала државен орган;
на овој начин се создала политичката јавност како облик на групирање на луѓето во сферата на
политиката, меѓусебно поврзани со психолошки врски и релативно траен активен однос кон
проблемите на заедницата
ЈАВНО МИСЛЕЊЕ – став или позиција на јавноста за некое прашање; преовладувачки став за одредени
појави, постапки и однесувања; постојан општествен процес на интегрирање на поединечни мислења и
расположенија во колективни ставови и реакции и низа на резултати на тој процес
КАРАКТЕРИСТИКИ– насока (за/против, позитивна/негативна), различен степен на интензитет, различни
степени на стабилност (некои ставови се стабилни подолго), различен начин на изразување (усна
критика, јавни демонстрации), различна ширина на општествена основа (мислење на огромно
мнозинство или само значителен број луѓе)
РАЗЛИКИ СО ИДЕОЛОГИЈА – се состои од мислења за конкретни прашања од интерес на јавноста,
составен дел е од идеологијата, може да има одредено мислење за една идеологија, слабо влијае
идеологијата врз него
ФУНКЦИИ – експликативна (облик на изразување ставови), стимулативна (стимулира тип на однесување
на припадниците на политичката јавност и носителите на јавни функции)
ЈАВНО МИСЛЕЊЕ И ДЕМОКРАТИЈА
-политичарите се обидуваат да го следат јавното мислење, но истовремено и да го манипулираат (има
двонасочен однос меѓу јавно мислење и носители на власт-двете се обликуваат меѓусебе)
-демократијата е услов за создавање слободно јавно мислење
-својства на јавното мислење во демократијата – самостојно донесување ставови, критичко расудување
за начинот на вршење на општите работи и вреднување или укажување на добрите и лошите страни на
вршењето на власта (реалноста не е ваква, тоа подлежи на манипулации и има несамостојност поради
ограниченото критичко вреднување на луѓето)
-во демократијата неопходна претпоставка е активно и слободно јавно мислење (тоа е инструмент на
демократска контрола врз власта)
ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ЈМ – број на граѓани кои активно изразуваат мислење, дистрибуција на
опции, интензитет со кој мислењата се изразени
МОДЕЛ ШТО ДАВА ОВЛАСТУВАЊЕ – повеќето луѓе без мислење и изедначеност на оние кои ја
поддржуваат и оние кои се против одредена одлука
МОДЕЛ НА КОНСЕНЗУС – повеќето луѓе имаат мислење и постои некој консензус со кој е ограничено
дејствувањето на политичарите
МОДЕЛ НА ПОДЕЛЕНОСТ –значителен број луѓе на двете страни интензивно изразуваат мислење;
задава најмногу проблеми на политичарите (остра борба води до пречки во вршење на власт)
ЈАВНО МИСЛЕЊЕ И ТОТАЛИТАРИЗАМ
-задушеност на духовната независност на поединците со барање за слепа послушност кон
„официјалните вистини“ кои не оставаат простор за сопствени размислувања
-со партиски декрети се одредува што и како да се размислува; поединецот чувствува слабост и немоќ
спроти власта, а народот е претворен во маса врзана со емоција на идеопоклонство кон водачот
-тука наместо јавност постои политичка пропаганда и цензура, и наместо јавно мислење постојат
„официјални вистини и официјално мислење“
-ова службено јавно мислење се создава и со насилство (вразумување на поединците кои не се
изманипулирани со тортура
ЈАВНО МИСЛЕЊЕ ВО СОВРЕМЕНО ОПШТЕСТВО
СПОНТАН НАСТАНОК (примарен) – врз основа на комуникација во примарните човечки групи, размена
на мислења; карактеристични за мали групи во кои комуникациските врски се воспоставени по пат на
дијалог; важна улога има „водачот на мислењето“ кој е познат за носење проверени информации;
мислењата потекнуваат од различни извори, често противречни, се формираат под влијание на нивни
базични ставови (емоционално се бранат)
ИНСТИТУЦИОНАЛЕН НАСТАНОК (изведен) – преку средства за масовно комуницирање со кои
политичките институции влијаат врз политичката јавност за да обезбедат поддршка; овие средства се
незаменливи фактори во формирање на јавното мислење и затоа многу конкуренти се борат да добијат
влијание над нив; средствата обезбедуваат елементи на конформизам и баналност; мислењата се
креирани со намера и се претходно психолошко обработени, и тие се засновани на рационална анализа
на политичкиот момент
-честа е манипулацијата со јавното мислење преку цензура (рестрикција на информации) и пропаганда
(дејствување на поединец или група со цел во нивната свест да се транспонира однапред смислено
влијание со посредство на информативни содржини)

You might also like