You are on page 1of 9

Универзитет „св.

Кирил и Методиј“ – Скопје

Филозофски факултет

Институт Социјална работа и социјална политика

Појмовна хипотетичка рамка

по предметот Квантитативни истражувања

Ментор: Изработила:
Проф. д-р Весна Димитриевска Јочевска Даниела
20258/05
Скопје, 2007
Проблем
Влијанието на лошата економска состојба во Р.М. врз одливот на
младите луѓе во западно европските земји.

Цел
Општа
Дали невработеноста влијае врз одливот на младите луѓе

Посебна
Дали ниските месечни примања влијаат врз одливот на младите луѓе

Поединечна
Дали нередовните месечни примања влијаат врз одливот на младите
луѓе

Хипотеза
Општа
Невработеноста влијае врз одливот на младите луѓе

Поединечна
Колку се помали месечните примања, толку е поголем бројот на младите
луѓе кои заминуваат од Р.М.

Ако месечните примања се нередовни, тогаш и одливот на


младите луѓе ќе биде зголемен

Колку е поголем процентот на невработеност и ниските месечни


примања се нередовни, дотолку и процентот на младите луѓе кои
заминуваат од Р.М. ќе биде поголем
Независна варијабла

НЕВРАБОТЕНОСТА = негативен тренд т.е. состојба во една држава кога


побарувачката на работни места ја надминува понудата на работни места
<„МИС“ – Благоја Георгиевски>
Невработените ги сочинуваат оние лица кои се способни да работат,
сакаат да работат и активно бараат вработување, но не можат да го
најдат <„Основи на економијата“ – Т. Фити (2005)>

Број на невработени лица


Стапка на невработеност = x 100
Вкупна работна сила
( Вкупна работна сила => вработени + невработени лица )

Видови невработеност
Фрикциона = со краткорочен карактер, а произлегува од нестабилната
понуда на работни места
Структурна = подолготраен карактер, а е израз на големиот расчекор и
неадаптивност на економските структури
Конјуктурна = долгорочен карактер, одговара на периоди на
стагнација или рецесија, наложувајќи се во куси економски циклуси, а се
јавува како резултат на намалена економска ефикасност
Латентна = се јавува кога потенцијалната работна сила е значително
отсутна во процесот на трудот. Таа се јавува особено меѓу ситните
селски домаќинства, но и во рамките на маргиналните групи чии членови
не успеваат да најдат работа во градот или предградието, па остануваат
пасивизирани во домаќинството
Стагнантна = е она работоспособно население кое иако настојува да се
вработи, не успева, така што со тек на време губи верба во сопствените
способности и во социјалната праведност во општеството
Доброволна = одбивањето на работникот да прифати вршење
одредена работа или услуга за понудената наемнина или плата
Демографска = е невработеност што се манифестира како последица
на менувањето на социекономската структура на населението, инаку
израз на брзиот економски, индустриски и воопшто општествен развој на
односната популација и на условите за нејзино живеење

Зависна варијабла

Одливот на младите луѓе -> основни белези


 лица од 18 – 30 години (возраст)
 пол
 образование
 општествена положба
 индивидуални (лични) карактеристики и способности
Индикатори

Индикатори = надворешни знаци или симболи со што се изразуваат


својствата или одредени квалитети на појавите. Варијаблата е
определена по квалитативна или квантитативна вредност, а симболот на
таа вредност е индикатор

 нередовни плати
нефлексибилни плати
 ниски плати
Платата е паричен надоместок исплатен од страна на
работодавецот на вработениот како надомест на неговиот вложен
односно потрошен труд; за работодавецот таа претставува чинење на
производот, а за вработените платата е основно средство за
егзистенција.
 недостиг на атрактивност на индустриските работни места особено
во свеста на младите
 несоодветна адаптација на работното место
 лоши работни услови
 технолошка неадаптибилност на побарувачката и понудата на
работни места
 отсуство на нови форми на работење и работни места кои се
пофлексибилни и покомпресивни во поглед на времетраењето на
работниот ден
 отсуство на поразновидни содржини на работењето
 технолошките промени
 образовниот систем
Образовниот систем самиот по себе не е во состојба да ја
неутрализира социјалната стратификација на општеството т.е. да изврши
покоренити промени на социјалната структура; притоа во Р.М. постои
непочитување на трите главни императиви на воспитно-образовниот
систем: демократизацијата – почитување на принципот еднаквост на
шанси, адаптација и унапредувањето на образовниот систем –
претпоставува реформа на севкупната организациона шема
 рецесивна економска состојба
Намалена економска активност, недоволен број на странски и
домашни инвестиции, па поради тоа е намалена можноста за отворање
на нови работни места и нови вработувања
 лоша организираност на активната политика на пазарот на
работна сила (непочитување на основните мерки при политиката
на вработување: помош при вработување – информации,
посредување, консултации; обука – доквалификација и
преквалификација; директно отворање на работни места)
За да соберам објективни т.е. потполни, проверливи, систематски и
попрецизни искуствени податоци за појавата што е предмет на моето
истражување ќе се служам со методолошката постапка анкетирање =>
собирање на податоци на примерок на популацијата со одредени
техники за собирање на податоци.

Техники за собирање на податоци:


 прашалник
 интервју

Прашалникот е инструмент за собирање на податоци кои се користат при


анкетирањето.

Главни чекори во подготовката на анкетирањето

1. Определување на целите на истражувањето и дефинирање на


проблемот
 преглед на литература

2. Дефинирање на варијаблите

3. Дефинирање на популацијата
 формирање на примерокот

4. Изработка на инструментот

Дефинирање на популацијата и
формирање на примерокот

Основна единица на анализа во моето истражување ќе бидат младите


луѓе од 18 – 30 години од источниот урбан регион на нашата држава т.е.
градовите: Штип, Кочани, Делчево, Берово, Струмица. Овие 5 наведени
градови се градови со најголем одлив на младите луѓе во Р.М. што
покажуваат статистичките податоци на web страницата на агенцијата за
вработување

Популација
Изборна рамка

Достапна
популација Примерок

Значи како достапна популација (популацијата треба повеќе да се


конкретизира и ограничи на тој начин што ќе се специфицираат
објективни критериуми, кои ќе ги земат во предвид просторната и
временската рамка на популацијата) во моето истражување ќе биде
младата популација на возраст од 18 – 30 години во претходно
наведените урбани средини.
Преку изборната рамка ќе ги одредам кои конкретни случаи од
популацијата ќе бидат избрани оние кои ќе ги формираат примерокот. Ги
опфаќа сите млади луѓе (18 – 30) од кои се избира примерокот.
Изборната рамка ќе ја дефинирам преку список во кој се наведени сите
случаи на достапна популација. Поради тоа ќе појдам во агенцијата за
вработување во 5-те наведени градови и ќе побарам список на сите
вработени и невработени лица кои се регистрирани во агенцијата за
вработување (при тоа ќе го применам процесот на рандомизација – на
секој случај од популацијата му се дава подеднаква можност да биде
вклучен во примерокот). Податоците за моето истражување ќе ги
собирам врз основа на примерок со случаен избор поточно
стратификуван примерок. При тоа: со оглед на тоа што како
релевантно варијабли во моето истражување се полот и
вработеноста/невработеноста, стадиумите ќе ги определам на следниов
начин: врз основа на двете полови категории машки-женски и врз основа
на вработен-невработен. Така популацијата е поделена на следниве 4
стадиуми:
 женски-вработени,  машки-вработени,
 женски-невработени,  машки-невработени.
Притоа од секој список посебно со помош на табела на случаен избор,
случајно ќе ги изберам испитаниците што го сочинуваат примерокот.

Изработка на прашалникот

Прашалникот ќе биде непосреден прашалник од затворен тип на


прашања (поради самите предности: појасно определено значење,
поедноставни за одговарање, нема безвредни одговори, лесно се
обработуваат одговорите, овозможува директна соработка на
испитаниците, соодветни за чувствителни теми)

 Должина – ќе биде краток, 10 минути е разумно време за


пополнување

 Презентација – атрактивно подготвен и едноставен за следење и


пополнување

 Предговор – ќе ја објаснам целта на (моето истражување)


прашалникот; ќе разјаснам што е вклучено, ќе дадам гаранција за
доверливоста; Пр. „Ве молам за одговор на следниве прашања во
врска со вашето мислење за проблемот со невработеноста во Р.М.
како една од главните причини за одливот на младите луѓе од
нашата земја. Вашите одговори ќе помогнат во истражувањето кое
јас ги правам за заминувањето на младите луѓе од Р.М. Јас сум
заинтересирана за вашите лични погледи кои ќе ги третирам за
доверливи. Ве молиме не пишувајте го вашето име на
прашалникот. Информациите кои ќе ги добијам ќе бидат напишани
во извештај кој е дел од моето оценување . . .“
Пример за мојот прашалник

1. Пол
а) машки 1
б) женски 2
2. Број на членови во семејството
а) самец 1
б) двочлено 2
в) трочлено 3
г) четиричлено 4
д) повеќе од 4 члена 5
3. Степен на образование
а) непотполно основно 1
б) основно 2
в) средно 3
г) вишо 4
д) високо 5
ѓ) постдипломско образование 6
4. Извори на приход во вашето семејство
а) социјална помош 1
б) редовна работа (плата) 2
в) хонорарна работа 3
г) други извори 4
5. Дали сте вработени?
А) да 1
б) не 2

Ако сте вработени:

6. Дали сте задоволни од висината на вашата


плата?
а) да 1
б) не 2
7. Дали вашите месечни примања се редовни?
а) да 1
б) не 2
8. Колку изнесува вашата месечна плата?
а) помалку од 3.000 ден. 1
б) 3.000 – 6.000 ден. 2
в) 6.000 – 10.000 ден. 3
г) повеќе од 10.000 ден. 4
9. Дали сте задоволни од условите на работното
место?
а) да 1
б) не 2
10. Дали се почитуваат вашите работнички права?
а) да 1
б) не 2
11. Дали сте задоволни од политиката на
вработување во Р.М.?
а) да 1
б) не 2
12. Дали сте задоволни од економската состојба во
државата?
а) да 1
б) не 2
13. Дали би заминале од Р.М. за да работите во
некоја западноевропска земја?
а) да 1
б) не 2

Ако сте невработени:

14. Дали барате вработување?


а) да 1
б) не 2
15. Колку време барате работа?
а) помалку од 1 година 1
б) 1 година 2
в) 2 години 3
г) 3 години 4
д) повеќе од 3 години 5
16. Дали сте задоволни од економската состојба во
државата?
а) да 1
б) не 2
17. Дали би заминале од Р.М. за да работите во
некоја од западноевропските земји?
а) да 1
б) не 2
18. Поради кои причини би заминале од Р.М.?
а) економски 1
б) политички 2
в) социјални 3
г) други 4

You might also like