You are on page 1of 5

СОЦИЈАЛНИОТ ЖИВОТ И СОЦИЈАЛНАТА

ПОЛИТИКА

НАСЕЛЕНИЕ И СТРУКТУРА НА
НАСЕЛЕНИЕ
НАСЕЛЕНИЕ
 Населението е збир од луѓе кои живејат на одреден географски простор
( територија)
 Од населението зависи организацијата и квалитетот во едно
општество(Пример: од бројот на населението и неговите каратктеристики
зависи колкав ќе биде работниот потенцијал во стопанството и каков ќе
биде пазарот и потрошувачката во општеството.)
 Наука која се занимава со пручување на населението се вика
демографија. Таа го проучува:
1. Бројот на население
2. Територијалниот распоред на население
3. Структура на населението
 Најмногу се интересира за природното движење на населението (колку се
раѓаат и колку умираат)
 Каква структура постои?

1. Структура на население

2. Биолошка структура по пол

3. Биолошка структура на населението според возраста

4. Економско-социјалната структура
Структура на население
 Структурата на населението се утврдува според: полот, староста,
образованието, економската положба и етничката припадност, па затоа
може да се зборува за биолошка, економска, возрасна, етничка структура
на населението. За да се определи биолошката структура треба да се
знаат полот и возраста на населението.
1. Биолошката структура по пол ја покажува распределбата на населението
на машки и женски лица. Оваа структура се утврдува со процентуално
учество на мажите и жените во вкупното население или бројот на мажите
во однос на 100 или 1000 жени.
2. Биолошката структура според возраста ја покажува распределбата на
населението по возрасни групи. Има три групи од 0-14 години, од 15 до 64
години и над 64 години. Оваа структура зависи од повеќе фактори од
наталитет, морталитет, природниот прираст, економските кризи, епидемии
и природни катастрофи.
Економска-социјалната структура
 Оваа структура ја отсликува стопанската структура на една земја. Преку
оваа структура се утврдува застапеност на градско и селско население,
поделбата на домаќинствата, големина на приходи и сл. Исто така оваа
структура покажува колкав број од населението е економски активно, каква
дејност и занимање извршуваат поединците, каков е нивниот статус на
занимање и каков однос имаат кон сопственоста.

Образовна структура
 Образовната структура ја покажува распределбата на населението според
нивното образование, писменост и степен на школска подготовка и некои
други образовни карактеристики.

You might also like