You are on page 1of 1

Општествени слоеви и опшествена подвижност

1. Кој е разликата помегу социјална структура и слоевитост?

Социјалната структура настојува да се даде една глобална претстава за општеството, да анализира


одделни сегменти на опшеството како полова структура, квалификкациска сруктура итн, но ретко
претендира да го опфати целото опшество. А слоевитостта ни покажува какво е општеството, кои се
основните групи од кое е составено и како се подредени тие групи. Овде постојат скали во кои
луѓето се подредени според доходот, образованието, угледот итн.

2. Како ја направиле Хат и Норт нивната класификација, и како ги поделиле луѓето?

Тие извршиле класификација според угледот. Прво избрале неколку професии и испитаници кои ќе
ја оценат секоја професија на скала од 1 до 5. Средната оценка била за самата професи. Во нивната
држава на прво место се пласирале судиите на врховен суд, па лекарите, гувернерите и во третта
линија биле пилотите, уметниците, сопствениците на фабриките со над сто вработени и
социолозите.

3. Стратификацијата во нашата држава има изглед на буквата “Т” објасни!

Оваа се случило, гледајќи од сите индикатори, најмногу луѓе се наоѓале во најниските нивоа, а пак
средните речиси ги снемува бидејќи тежнеат кон најниските. Личниот доход е важен услов кој во
другите општества во овој слој е позабележлив односно е малку поголем од просекот како и
купвната моќ на платите која кај нас е многу ниска. А на линијата која оди нагоре инцидентно се
пласирале помалку поединци без голема статичка значајност.

4. Која е разликата помегу каста, сталежи, слоеви и класи?

Општествата поделени на сталежите биле поотворени групи отколку тие општества што биле
поделени на касти и се хиерхаризирале спрема сопственоста на земјата. Кај кастите бил
невозможен преминот од еден во друг слој, и се хиерархизирале според угледот. Класниот сосотав
значи пласман на поединците според ниванта економска положба во општеството, дека
рангирањето може да се менува во согласност со промените на економскиот статус. Нееднаквата
распределба на социјалните добра, моќта, богатството и престижот е постојан услов за класната
разлика во општеството, додека слоевите анализираат одредени сегменти во општеството. Според
тоа слоевите се делови од општеството кои се разликуваат меѓусебно според статусните белези и
различните општествени положби што ги заземаат во него, а кои ги одвојуваат еден од друг.

5. Една наставничка која предава физика од ООУ “Никола Вапцаров” се мести во ООУ“Сандо
Масев”, за каков вид на подвижност се зборува , зошто?

Овде станува збор за хоризонтална подвижност. А тоа е премин од една положба во друга, без
менување на социјалниот статус.

6. Еден работник завршил факултет и станал инженер, за каков вид на подвижност се зборува?

Овде станува збор за вертикална подвижност, тој работник се движел по вертикална линија на
хиреархијатоа односно движење од еден статус кон друг.

7. Како доаѓа до создавање на гета?

Гетата се создаваат на три начини:

 Како заедница на доселеници

 Кога поголемиот дел од заедницата со насилство, бојкот или законски принудува


малцинството да живее во одредена зона

 Кога заедницата се самоизолира благодарение на својата финансиска моќ

You might also like