You are on page 1of 4

РЕВОЛУЦИЈА ВО ИСХРАНАТА 2015

ФРД АКТИВНОСТИ
ФРД активности се насочени кон разновидни соработки и проекти со деца и млади, градинки и
училишта. Најголем дел од активности се одвиваат како работилници со кои на деца и млади им
овозможуваме едукација во област на храната и балансирана исхрана. Преку забавни и
едукативни настани ја дигаме свеста на младите за она што го јадат во текот на ден и им
покажуваме дека готвењето може да биде забавно за цело семејство. ФРД активности се
одвиваат во локални заедници во текот на целата годината, а ФРД како глобален настан се
одвива на еден датум низ целиот свет.

ФРД 2015
ФРД 2015 како глобален настан кои што се спроведува низ повеќе од 160 земји во светот,
подразбира подготовка на ФРД рецепт. Овогодишен ФРД рецепт е Squash Sandwich со кои што ќе
покажеме дека и сендвич како оброк може да биде здрав, хранлив и балансиран и истовремено
лесен за подготовка.

Планирани активности за ова година:

1. Подготовка на Squash Sandwich во градинките во Македонија;


2. Подготовка на Squash Sandwich во училиштата во Македонија;
3. Вклучувањето на општествено одговорни компании и локална заедница во приготвување
на Squash Sandwich;
4. Вклучувањето на медиуми во приготвување на Squash Sandwich и нивната поддршка за
презентација во јавноста;

Со заеднички сили сакаме да ја пратиме единствена и моќна порака до цело општество да се


бориме за стварни и одрживи промени кои во иднината ќе имаат големо влијание врз човештво.
Кога пораката е испратена од повеќе луѓе се слуша појако, а ние сакаме да се слушнеме најсилно.

Да му покажеме на светот зошто Македонија е земјата на сонцето!


Имаме предивна домашна и вкусна храна, здрави зеленчуци и овошја!
Да ги искористиме нашите ресурси и да ја направиме голема промена со ФРД!
Да го направиме тоа заедно!
За нашите деца!

ВКЛУЧЕТЕ СЕ И ВИЕ.
РЕВОЛУЦИЈА ВО ИСХРАНАТА 2015
FOOD REVOLUTION DAY (FRD)
ФРД е кампања водена од фондацијата на светски познат готвачот Jamie Oliver. ФРД е глобален
ден кога сакаме да го насочиме вниманието на кон здрава и балансирана исхрана. Ние во ФРД
сметаме и цврсто веруваме дека со едукација на децата за храна, им даваме на децата основни
вештини кои понатаму ќе ги водат кон посреќен и поздрав живот како за нив така и за нивните
идни семејства. Ние се бориме за право на секое дете да биде едуцирано во однос на храната и
сакаме со таа борба да го намалиме процент на гојазност и болести поврзани со начинот на
исхраната.
• Според истражувања во светот има преку 42 милиони деца до 5 годишна возраст кои
имаат одредени проблеми со гојазност и исхраната.
• За прв пат во историјата на човештво во светот има повеќе луѓе со прекумерна тежина
отколку неухранети.
• Заболувања поврзани со начинот на исхраната како што се срцеви заболувања, дијабетес,
мозочни удар се најголемите предизвикувачи на смртта.
• Доколку продолжиме со ваков тренд според пресметки до 2030 година 41% од популација
ќе биде се прекумерна тежина.

Ова е наша борба на деца и млади да им ги овозможиме услови во коишто ќе имаат можност да
се запознаат со храна и да научат дека секој оброк може да биде балансиран доколку намирници
правилно се избрани и приготвени.

Ова е наша борба да ги поттикнеме родителите со свој личен пример на децата да им овозможат
најдобрата можност за учење.

Ова е наша борба да ја вклучиме заедницата во една благородна и непроценлива целта – на


нашите деца да им пружиме цврста и сигурна основа за иднината.

Со учењето за храна, за потекло на намирници, за начин на подготовка, на факт дека и они сами
може да го направаат тоа, им даваме можност да ја воочат разлика, ги учиме деца и млади да
размислуваат и да донесуваат сопствени одлуки.

ВКЛУЧЕТЕ СЕ И ВИЕ
Да го направиме ова ние е потребна поддршка од сите – родители, учители, наставници, локална,
заедница, бизнис заедница. Само со заеднички напори и вложувања ќе можеме да ја започнеме и
водиме оваа борба.
Бидете и Вие дел од ФРД, вклучете се и помогнете на децата и младите да им овозможиме
најдобар старт во животот.

You might also like