You are on page 1of 14

СГГУГС “Здравко Цветковски” - Скопје

МАТУРСКА ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Предмет: Историја

ТЕМА: “Филип II”

Изработил: Ментор:
Самир Хоџиќ IV-1 Емилија Јовановска

Скопје, Март, 2022 година


СОДРЖИНА

ВОВЕД.............................................................................................................................3

1. Филип II Македонски................................................................................................4

2. Реформи и походи...................................................................................................6

3. Битката кај Херонеја и Коринтската лига.............................................................11

4. Убиство...................................................................................................................12

ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................13

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.........................................................................................14

2
ВОВЕД

Предметот на истажување на оваа проектна е проучување на владеењето на


Филип II Македонски.

Филип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата


Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на
македонската држава. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар
војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот
Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј. Како
македонски басилевс (монарх) спроведува воени реформи, создава
професионална војска, пешадија (македонска фаланга) и од придружниците и
другарите на кралот благородничка коњица (хетајри). Ковал златни и сребрени
монети (филипики и статери).

Хипотеза на истражувањето:

По доаѓање на престолот Филип се соочил со опасност од напади од сите страни.


Од северозапад Илирите, од исток Тракијците, од југ преку море од Атина и на
крај од Пајонците кои се бореле за примат во Македонија. Филип бил свесен дека
не ќе може да ги издржи синхронизираните напади на македонскиот престол и
дека би можел да постигне воена разврска со позитивен ефект.

На Филип во тоа време му бил потребен мир се додека не ги изврши потребните


реформи во државата и војската. За таа цел со дипломатски методи и со големи
парични суми привремено ги смирил Илирите и Пајонците.

Методи и техники

Во мојата проектна задача ќе ги користам следните методи и техники:

- Метод на набљудување,
- Протоколи и инструменти за следење.

3
1. Филип II Македонски

Филип II Македонски е роден 382 година п.н.е. Неговиот татко, македонскиот крал
Аминта III и мајка му Евридика, имале уште два сина и една ќерка, Александар,
Пердика и Евринеја. Филип имал уште три полубраќа Архелај, Архидеј и Менелај,
родени во вториот брак на кралот Аминта со Гигеја. Неговиот татко, умрел кога
Филип имал 12 или 13 години, а неговиот најстар брат тогаш станува крал на
Македонија како Александар II.

Во младоста (во периодот 368 п.н.е. — 365 п.н.е.) бил заложник во Теба, водечки
град во Грција во тоа време. За време на својот престој во Теба се здобил со
грчко воено и дипломатско искуство од страна на Епамонид, тебански генерал.
Смртта на неговите постари браќа Александар II и Пердика III му овозможиле да
го запоседне македонскиот престол во 359 п.н.е.. На почетокот бил регент на
неговиот малолетен внук Аминта IV, но подоцна ја презема целата власт во
своите раце.

Македонија во овој период се соочувала со сериозни предизвици во однос на


нејзината безбедност и опстанок. Тебанскиот војсководец Пелопида во неколку
наврати ќе му нанесе порази на македонскиот крал Александар II и на Птоломеј, а
како гаранција дека постигнатите договори ќе бидат почитувани од страна на
Македонија си обезбедил заложници. Меѓу нив бил и Филип, кој од 368 до 365
година минал како заложник во Теба.

Тригошниот престој во куќата на Памен и на Епаминонда, најголемите воени


команданти во тоа време, ќе му овозможат на Филип да се запознае со војничките
вештини. Филип имал можност да ги следи подготовките и вежбите на
прославената тебанска пешадија, посебно на прославената „Света чета“. За сето
време поминато во заложништво Филип се стекнал со образование по
филозофија и други науки кои ги изучувал кај питагорејски филозов, но најмногу
престојот во Теба влијаел врз војничкиот развој на Филип кој ја согледува
потребата од кординираното дејство на пешадијата и коњицата.

4
Во меѓувреме, на чело на македонската држава дошол неговиот брат Пердика III
кој бил подржуван од Теба, а во 365 г.п.н.е. со неполни 18 години Филип бил
вратен во Македонија. По враќањето во Пела, брат му доделил кнежевство на
управување. Се смета дека тоа била

Пелагонија, каде Филип раководел и подготвувал дел од македонската војска.

Во 359 година, во битка со Бардил, Пердика III загинал. Настанала вообичаената


пресметка за кралскиот престол меѓу претендентите во кралското семејство.
Филип вешто ги остранил противниците, егзекутирајки го Архелај и протерувајќи ги
Архидеј и Менелај во Олинт. Постои сомнеж дека Филип бил најпрво регент на
малиот Аминта IV, синот на Пердика III, и дека дури потоа бил избран за крал.
Филип како докажан и храбар борец против Илирите ја имал подршката на
македонската војска. Се смета дека соочени со опасноста од нова офанзива на
Илирите, во зимата 359 година п.н.е., Собранието на Македонците под оружје, во
Пела, го избрале Филип за македонски крал, како Филип II.

5
2. Реформи и походи

Наскоро по доаѓањето на власт, Филип извршил реформи во државата и вовел


постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена
единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења
и стрели.

Пешадијата, коњицата и инжинериските единици ги вооружил со ново оружје како


што се: долгото копје - сариса, кратките мечеви со двојно сечиво - ксифос,
јајцевидни железни шлемови со орел или сокол на врвот, потоа заштитни
надлактици, подколеници, заштитна опрема за коњи и торзиони катапулти за
исфрлање на камења, запаливи смеси и стрели.

Покрај опремувањето, Филип ја увежбал војската за употреба на новото


вооружување како и за извршување на новите тактичко-кординирани содејствија
меѓу пешадијата и коњицата. Бил разработен и посебен систем за сигнализација
со знамиња со кој се издавале наредби за време на борбите. За време на вежбите
а и подоцна во текот на битките движењето на македоснката фаланга, составена
од бригади и чети, во строго определени линии, со кренати сариси нагоре и
напред, преставувала страшна глетка која ја смрзнувала крвта на непријателот.
Македонскиот изум сарисата, која била дизајнирано прво како осумметарско копје
а подоцна скратено на 6,4 метри, во рацете на војниците на македонската
фаланга (составена од 16 реда), постанало страшно оружје и симбол на
македонската супериорност и непобедивост.

Ослободен од притисокот од север и северозапад, изгледа дека Филип за првпат


ја употребил реорганизираната македонска војска против Атињаните кои се
истовариле кон крајот на 359 или почетокот на 358 г.п.н.е. кај Метоне. Со тактички
потези и кординирана акција на македонската пешадија и коњица тој успева да ги
разбие Атињаните кои биле предводени од Аргеј. Заробените хоплити Филип ги
ослободува без да бара откуп и со тоа дополнително ги релаксирал односите со
Атина.

6
Победата над Атињаните го подигнал борбениот дух на македонската војска, а
Филип по смрта на кралот на пајонците Агис, во 358 година, навлегува во Пајонија
и успеал да ја потчини и стави во вазална положба спрема Македонците. Истата
година Филип ја водел една од најважните битки во македонската историја.

Победата против Илирите предводени од Бардил, не само што ги вратила порано


окупираните територии и му донела мир на северозападните граници на
Македонија, туку ги покажала вистинските вредности на македонската војска.

Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане


регионална сила.

Тој водел повеќе успешни војни со соседите. Најпрво, во 358 п.н.е. го скршил
отпорот на локалните македонски племиња и ја проширил својата власт на север
до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја зазел атинската колонија Амфипол, која
управувала со рудниците за злато на планината Пангајон (словенско име Пајак).
Усовршувајќи го ковањето на парите, тој ја зацврстил македонската монета, која
почнала да се употребува и во цела Грција. Во 357 п.н.е. се оженил
со епирската принцеза Олимпија. Во 355 п.н.е. Филип го освојува градот Кренид,
кој го преименува во Филипи. Тој исто така ги нападнал Абдера и Маронеја,
на тракискиот брег. Во 354 п.н.е. ја освоил атинската колонија Метон, при што во
битка го изгубил едното око.

Еден од најпрочуените говори на Демостен е Третиот говор (Филипики)


против Филип Втори Македонски во кој ја искажува големата омраза кон власта на
Филип Втори Македонски и продорот на македонската војска во хеленските
колонии во рамките на Македонското Кралство.

Првиот посериозен отпор што го искусил Филип II бил од страна на Атињаните


во Термопили, во 352 п.н.е. Истата година Филип ја освоил Тесалија. Тој ја
поттикнувал борбата меѓу аристократските и демократските сили во Грција, со цел
да ја искористи нивната неслога и полесно да ги освои. За таа цел, со златото на
Филип на островот Евбеја била формирана Македонската партија, платена да ги
промовира македонските интереси во политичкиот живот во Грција.

7
Меѓутоа од 352 п.н.е. до 346 п.н.е. тој нема да продрe јужно, туку ќе ги освојува
источните региони доаѓајќи до реката Хебрус (словенско име: Марица).

Во 349 п.н.е. Филип ја започнува опсадата над халкидискиот град Олинт, првично
негов сојузник, кој подоцна ќе склучи сојуз со Атина. Атињаните не направиле
ништо да го спасат градот и тој во 348 п.н.е. е срамнет со земја, а неговите жители
Филип ги продава како робови. Во 347 п.н.е. Филип ја освојува скоро цела Тракија.
Во меѓувреме Атина, загрозена од македонските освојувања, понудила мир.
Во 346 п.н.е. во Тесалија двете страни договориле мир. Подоцна, македонските
војски преку Епир навлегле на северозапад сè до Јадранско Море. Во 342
п.н.е. Филип презел успешен поход и против Скитите на север.

Во 340 п.н.е. Филип ја започнува опсадата на Перинт, а потоа во 339 п.н.е. и


на Византион, но и двете опсади завршуваат неуспешно.

За да ги зацврсти воспоставените односи со соседите, Филип во наредните 18


месеци по битката со Бардил, склучил три брака. Се оженил со Фила, сестра на
властодржецот Дарда од Елимеја, потоа со илирската принцеза Аудата и на крај
со молосиската принцеза Олимпија, ќерка на починатиот крал Неоптолем и
братучетка на тогашниот молосиски крал Ариб. Елиминирајќи ги опасностите од
север и северозапад на Дилип му останале отворените закани од исток и југ,
односно односите со Атина. Во 358 година на барање на Лариса да се острани
притисокот од фере, Филип кратко време интервенира во Тесалија штитејќи ги
виталните интереси на Македонија.

Филип бил живо заинтересиран за повторна контрола на градот Амфипол, кој бил
колонија на Атина и имал инзвонредна стратегиска важност котролирајќи ги сите
патни правци меѓу Македонија и Тракија. По заземањето Амфипол од страна на
Филип, во раната зима во 357 година Атина склучила сојуз со тројца тракиски
кралеви, по што и објавува војна на Македонија. Во овие дестина години, поточно
од 357 до 346 година војната се одвивала во најголем дел на трако-македонскиот
брег.

8
Во справувањето со заканите од Атина Филип барал сојузници. Во текот 356/5
година, по склучувањето на македонско-халкидскиот сојуз, Филип ја освојува
Потидеја и според договорот им ја предал на Халкидјаните. Во моментот на
победата Филип добива три добри вести: Неговиот генереал Перменион ја
победил коалиционата војска на дарданецот Граб, тракиецот Кетрипор и
пајонецот Ликпеј. На олимписките игри победил неговиот коњ и сопругата
Олимпија му родила син. Тоа бил Александар III Македонски.

Во меѓувреме Филип бил повикан од населението на градот Кренида (подоцна


преименувано во Филипи) да им помогне да се одбранат од нападите на
тракискиот крал Керсоблепт. Филип ќе им помогне и истовремено ќе ја присоедини
оваа златоносна област. На планината Пангеј, се наоѓале рудниците со злато кои
ќе му овозможат на Филип да кова сопствени златни и сребрени монети
(филипики и статери), што од друга страна пак ќе му овозможат полесно водење
на скапите војни.

По освојувањето на Пидна во 356 г. и на Метона во 353 г.п.н.е., македонската


држава излегла на македонско-пиерискиот брег, а со освојувањето на Абдера и
Маронеја на реката Места е поставена источната граница на Македонија со
Тракија. Во битката за Метона, Филип бил ранет и го изгубил едното око.

По големите воени победи, во 353/2 г. п.н.е. Филип навлегува во Тесалија, го


поразил тиранинот Ономарх од Фокида, по што бил избран за доживотен архонт
(врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. За да ја ослабни Атина, Филип ја
потикнувал борбата меѓу аристократите и демократските сили во Грција, а
парично ја подржувал промакедонската партија, која ги подржувала интересите на
Македонија. Сепак наместо да навлезе со македонската војска према Атина, тој ја
започнал источната кампања. По навлегувањето кон тракискиот Херсон, Филип се
разболел и ја прекинал тракиската кампања.

За тоа време Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“,


а Олинт склучува сојуз со Атина. Ваквиот пресврт на Олинт, го принудува Филип
да отпочне инвазија на Халкидик во 349 г. п.н.е.

9
Демостен ги предава Олинтијците, а македонскиот владетел по освојувањето на
Стагира и Олинт во 348 година ги сравнува со земја. Додека Филип ја освојува
скоро цела Тракија, Атињаните понудиле мир. По склучување на договор за мир
со Атина во 346 г.п.н.е во Тесалија, македонската војска навлегле на северозапад
до Јадранското Море, а во 342 г. п.н.е. Филип спровел успешна кампања против
Скитите на север.

Во 340 година п.н.е. Филип го освоил Перинт, а во 339 година и Визант со што
Македонија ги проширила своите граници до Црното Море. Со освојувањето на
Визант се создале предуслови за освојување на Персија. Тоа ги загрозило
трговските интереси на Грците, што довело до ново заострување на односите со
елинските полиси.

Филип ја продолжува војната со елинските градови-полиси и ја завршува со


големата битка кај Хајронеја во 338 година п.н.е.

10
3. Битката кај Херонеја и Коринтската лига

Неуспешните опсади на Перинт и Визант го загрозуваат влијанието на Филип во


Грција. Сепак, набрзо Филип ги победил здружените Тебанци и Атињани
во Битката кај Херонеја во 338 п.н.е.

Во 337 п.н.е. на конгресот на грчките градови во Коринт, сите тие, освен Спарта,
биле приморани да го потпишат Општиот Мир диктиран од Филип II и ја
формираат Коринтската лига. Условите на мирот биле: да не војуваат меѓусебно,
склучување на сојузи, менување на политичкото уредување, стапување на служба
во туѓи држави, објавување на војна на секој кој ќе го прекрши Мирот. Иако со овој
договор им давал автономија на полисите и не ги ставал директно под македонска
власт тие биле зависни од Македонската држава со бројните ограничувања и
немањето на надворешна политика. Филип бил избран за водач (хегемон) т.е. за
политички и воен водач. Со Општиот Мир и обезбедената заднина од можни
востанија во Грција, тој започнал големи воени подготовки за походот што
планирал да го презеде против најголемата тогашна империја Персија.

Сепак, Филип не успева да го поведе походот против Персија. Во 336 п.н.е. бил
убиен во Ајга за време на свадбата помеѓу Александар I Епирски и Клеопатра,
ќерка на Филип од неговиот брак со Олимпија. Убиец бил Павзаниј од Орестида,
еден од неговите седум телохранители.

11
4. Убиство

Кралот Филип Втори бил убиен во октомври 33 п.н.е. во Агее, кој бил главен град
на Македонија. Се одржа голем собир за да се прослави бракот на ќерката на
Филип II, Клеопатра на Македонија и Александар I од Епир. Додека беше на
собирот, кралот Филип II го уби Паузанија од Оретис, кој беше еден од неговите
телохранители.

Паузанија од Орети веднаш се обиде да избега по убиството на Филип Втори.


Имаше соработници стационирани директно надвор од Aegae кои чекаа да избега.
Сепак, тој бил следен, на крајот фатен и убиен од други членови на екипажот на
телохранителот на кралот Филип II.

12
ЗАКЛУЧОК

Филип II од 368 до 365 година минал како заложник во Теба. Тригошниот престој
во куќата на Памен и на Епаминонда, најголемите воени команданти во тоа
време, ќе му овозможат на Филип да се запознае со војничките вештини. Филип
имал можност да ги следи подготовките и вежбите на прославената тебанска
пешадија, посебно на прославената „Света чета“.

За сето време поминато во заложништво Филип се стекнал со образование по


филозофија и други науки кои ги изучувал кај питагорејски филозов, но најмногу
престојот во Теба влијаел врз војничкиот развој на Филип кој ја согледува
потребата од кординираното дејство на пешадијата и коњицата.

Доаѓањето на власт, Филип извршил реформи во државата и вовел постојана


платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а
вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели.

Пешадијата, коњицата и инжинериските единици ги вооружил со ново оружје како


што се: долгото копје - сариса, кратките мечеви со двојно сечиво - ксифос,
јајцевидни железни шлемови со орел или сокол на врвот, потоа заштитни
надлактици, подколеници, заштитна опрема за коњи и торзиони катапулти за
исфрлање на камења, запаливи смеси и стрели.

Покрај опремувањето, Филип ја увежбал војската за употреба на новото


вооружување како и за извршување на новите тактичко-кординирани содејствија
меѓу пешадијата и коњицата. Бил разработен и посебен систем за сигнализација
со знамиња со кој се издавале наредби за време на борбите.

Неговите воени способности придонеле Кралството Македонија да стане


регионална сила. Тој водел повеќе успешни војни со соседите.

13
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

 Бранко Панов, Историја на македонскиот народ, Скопје, 2000


 http://makedonskiteprasanja.blogspot.com/2017/12/blog-post_26.html
 https://mk.eferrit.com/%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BF-
%D0%B2%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BA
%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-
%D0%B1%D0%B5%D1%88%D0%B5-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BB-
%D0%BD%D0%B0/
 https://www.mn.mk/makedonski-legendi/4657-Filip-II-Makedonski

14

You might also like