You are on page 1of 4

Сите три

Паѓање на макеоднијапод римска власт


-причини за македонски-пимски судири

*И покрај многу борби за престол на Античка МКД, таа успеала да се задржи како најака држава
со балканскиот полуостров кон крајот на 3ти век. Во тоа време владеел Филип 5 (221-179) , тој ја
зајакнал државата, но кога се чувствувала опасноста од римјаните , Филип 5 за заштита од
римјаните, во (215) склучил сојуз со Картагинците. За време за подготовките за одбрана од
римјаните, Филип 5 почнал да го утврдува епирското крајбрежје, а му дал и заштита на римскиот
намесник во илирија Деметриј Фарски. Воените судири биле неизбежни. Римската експанзија,
започнала во светот и била насочена кон големото богатсво на македонските кралеви, плодните
полиња и можност за снабдувања со робови.

-наметнување на римската власт


*Војната со Картагина со римската држава не ги задоволила апетитите и тие сакале да почнат
војна со македонија.
*Првата македонско-римска војна била (215-205), во неа римското учество било ограничено.
Главната цел била против Македонија да се насочи антимакеоднска коалиција на чело со
Етолскиот сојуз и да се оневозможи барање помош од Ханибал. Војната не довела никакви
промени и завршила со смирување со Макеоднија и Рим. Рим чекал нов повод за владеење со
Македонија. За таа цел земале дипломатски предговори, повторно со антимакеоднска коалиција.
*Втората македонска-римска војна (200-197) настанала поради тоа што римјаните во првата
македонска-римска војна немале никакво територијално проширување и чеклае причини за
Втора македонска-римска војна, тоа било кога Филип 5 ги нападнал на Атињаните. Римската
војска навлегла до Охридското езеро , и битолко, но се вратиле кон јадранското море. Потоа тие
имале и придружници Илирите, Етолците и Ахајците и тие ја нападнале од внатре макеоднија,
додека Дарданците исто така биле со нив во сојуз и тие ги нападнале на Пајонците. Битката кај
Каноскефале во (197) била решителна, тогаш рим ги победил на македонците, и на Филип 5 му
било направено да плаќа големи оштети ,исто така војската била ограничена на 5000 војници. но
Филип 5 бил мудар и тој на секоја година, 4000 нови војници испуштал, и повторно 4000 нови
војници спремал, но умира и не успеал да ја дочека 3 макеоднско-римска војна.
*Од кога починал Филип 5, наследник бил неговиот син Персеј. исто така тој бил последен крал на
Античка МКД, Персеј владеел од (179-168). тој успеал да најде сојузници кои ке помогнат во
макеоднско-римска војна , но од Ахајскиот сојуз ништо не помогнало, и Хелените се плашеле од
римјаните, но им биле верни на рим, тие поголема опасност гледале во Макеоднија.
*Трета макеоднско-римска војна траела (171-167), пресудната битка кај Пидна во (168) завршила
со конечна победа на римјаните. Тоа било крај на Античката Макеоднија, многу градови биле
поништени, и 150.000 жители биле продавани во ропство. Исто така римскиот конзул Емилиј,
3 дена ја славел таа победа, со тоа започнал периодот на владеење на римската држава во МКД.
И со тоа Макеоднија станува римска провинција.
-макеоднија како римска провинција
*Во (167) римските освојувачи ги повикале сите претставници на макеоднските градови во
Архипелаи за да им соопштат дека тие ќе бидат ослободени на сопствена територија, ќе имаат
свои закони и ке плакат пола данок што плаќале на своите кралеви. И поради тоа МКД била
поделена на 4 области - Амфипол, Солун, Пела, Пелагонија. Помеѓу тие области имало одредени
закони, имало многу забрани, односно луѓе од различни области не смееле да бидат во брак, ниту
да се мешат, ниту трговија, туку секоја област самостојно да егзистига. Римјаните ја разделиле со
цел да се растури единството, за да неможе повторн да зајакне МКД . Секоја област имала
собрание и претставници, исто така иамле свои монети и така била спречевна трговијата. Исто
така римјаните ја разбирале економскато единство на Макеоднците, и тие всушност ја спречувале
комуникацијата меѓу облстите. МКД со таа поделба не била задоволна, затоа го искористила
Андриск, што тврдел дека е син на Персеј и во (149) тој кренал востание за обнова на
македонското кралство. Но востанието било поразено, задушено и МКД во (148) била римска
провинција, со тоа ја изгубила самостојноста. Со тоа главен град бил Солун, исто така имало
постојана римска војска, трговци и лихвари и др.

Животот и културата
-македонскот јазик,обичаи,облекување и др
*Во периодот на римското владеење, бил развиен градскиот живот. Тогаш сеуште постоеле
Античко макеоднските градови како Ајга, Пела, Теселоники, Филипи и др. Главни културни
центри биле Хераклеа и Стоби. Како пари се користиле денарите. Исто така се развила и културата
исто така и образованието на латинскиот јазик. Градски центар бил Скупи кој се наогал кај Скопје.
А во МКД, макеоднците за време на римското владеење ги чувале и негуваеле своите традиции,
јазикот, обичаите, културата, облеката итн. Романизацијата поради прифакането на латинскиот
јазик се зголемила, латинкиот јазик најмногу се прифатил во Стоби и Скупи, потоа почнале да го
примат и богатите за да се изедначат со освојувачите. Латинскиот јазик се употребувал кај
трговците, а занаетчиите изработувле најразлични предмети. Тие што го знаеле латинскиот јазик
добивале одредени привилеги и биле добор плаќани. А учените, образованите луѓе сакале да го
користат нивното писмо, и со тоа се зголемила романизацијата на населението.

-остатоци од материјална култура


*Од периодот од римското владеење во МКД останале многу зачувани остатоци, најзанчајни биле
Стоби и Хераклеа, каде има остатоци од фрески, мозаици, скпуптури и др. Во Стоби имало разни
згради и театар за околу 7 600 гледачи, во кој бил гладиаторките борби.
Позначајни центри тогаш биле Ајга, Бероја, Филипи, Хераклеа, Тесалоника и др. Исто така во
Банско имало бањи, лекувалишта со топла минерална вода со 4 базени. Од времето на римското
владеење во МКД , бил значаен патот Виа Егнатија меѓу Драч и Солун.
Ширење на Христијансвото во МКД

-патувањата на Апостол Павле во мкд


*Ширењето на Христијансвото во МКД започнало со патувањата на Апостол Павле. Тој бил Евреин
од Тарс во Мала Азија, бил школуван во Ерусалим. Тој бил најобразован од сите Апостоли и затоа
тој се смета за Апостол на Апостолите, а мегу нородот се сметал за Апостол на народот, бидејки го
ширел Христијансвото. Неговиот живот завршил со казни од императорот Нерон, со меч во (67)
година. Апостол Павле во (49 г.) Пристигнал во МКД, заедно со Сила, Темотеј, Лука.
Апостол Павле прво почнал да проповеда меѓу локалното МКД население. Тоа било прво
проповедање на европска почва и ја основал првата Христијанска црковна општина во Европа. За
раководење на Христијанската општина апостол Павле на чело го ставил Лука. Исто така Лука го
напишал едното од неговите 4 евангелија.

-формиеање на Христијанските општини


*Христијаните обредите ги извршувале во Христијанските општини, на чело со епископ.
Хриситјанските општини и богослужбите ги воделе епископите, а имале и помошници – ѓакони. На
проповедите христијаните пееле химни за Исус Христос, читале беседи за него и се молеле. Тие се
причестувале со леб и вино. Најактивните христијански општини биле во Филипи, Солун, Бероја
кои биле основани од Апосотл Павле. Во солун прв христијански епископ станал Аристарх кој бил
македонец, исто така тој бил придружник на Апостол Павле до неговото погубување во Рим а и тој
настрадал. А македонец бил и 2 солунски епископ Гај.

-посланија на Апостол Павле во мкд


*Апостол Павле напишал 14 посланија. Тие се составен дел на Новиот Завет. 3 од тие посланија
биле испратени во македонските христијански општини, едно посланија до Филипијанските
христијански оштини и две во Солунските.

Посланијата до Солунските ги испратил во (52 и 53 година), кога престојувал во Коринт. Тие биле
неговите први посланија.

На Филипијанските им се обратил со послание од римскиот затвор во (63 година). Тој во нив


нагласува дека посебно ги цени нив и нивното човекољубие, добродушност и приврзаност кон
Христово учење.

Апостолот Павле проповедал дека единствениот начин за спасение е вербата во Господ Исус
Христос, кој што умре за гревовите на луѓето и за нивниот спас. Тој престојувал во Македонија во
(56 и 57 година). Патувајќи во разни земји неговото учење брзо се ширело. Во тоа придонеле и
неговите настојувања за заштита на правото за секој народ да има богослужба на свој јазик. Тоа го
потврдува неговото послание до христијаните во Филипини од (63 година), додека престојува во
Рим, каде што ги поучува своите приврзаници како да опстанат во одбранувањето на
христијанството.

You might also like