You are on page 1of 11

Стариот Рим

ЈАКНЕЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА
РИМСКАТА ДРЖАВА
Јакнење

Во 509 година пред н.е., Римјаните го


протерале последниот крал и се ослободиле од
власта
на Етрурците.
Наместо крал, започнале да избираат двајца
конзули, кои управувале со државата една година.
Највисок орган на државата бил Сенатот.
Народното
собрание го сочинувале сите слободни Римјани.
Покорување на
Апенинскиот Полуостров

Откако се ослободиле од Етрурците, Римјаните


започнале да водат војни со соседите и да ја прошируваат
територијата на нивната држава. Успеале да ги победат
Етрурците и да ја освојат цела Етрурија. Војувале
против Оските и Умбрите, па постепено го освоиле и
средниот и јужниот дел на Апенинскиот Полуостров.
Кон средината на III век пред н.е., Римјаните
станале господари на целиот Апенински Полуостров.
Римската војска

Во војската служеле Римјани на возраст од 17 до 45


години. Побогатите служеле во коњицата, а другите
во пешадијата. Основна единица во војската била
легијата. Таа броела околу 5000 војници, а се
состоела од тешка пешадија, лесна пешадија и коњица.
Римската војска била добро вооружена и извежбана.
Во војската владеела строга дисциплина. Војниците
биле вооружени со голем штит и кус меч или копје. На
горниот дел од телото имале оклоп, а на главата шлем.
Освојувања во Африка, Европа и Азија

Откако ја покориле Италија, Римјаните почнале


да ги освојуваат земјите околу Средоземното
Море. Најпрвин завојувале против Картагина. Таа била
силна држава во Северна Африка, на брегот на
Средоземното Море. Картагинците биле одлични
морепловци и многу вешти трговци. Картагина им
пречела на Римјаните да ја рашират својата трговија
на Средоземното Море. Освен тоа, оваа држава имала
територии мошне блиску до Рим. Ова предизвикало
војна.
Пунски војни

Во третиот и вториот век пред н.е., меѓу Рим и Картагина


биле водени три војни, познати под
името Пунски војни. Најтешка за Римјаните била Втората
пунска војна. Тогаш познатиот картагински војсководец
Ханибал се пробил до Рим, но не успеал да го освои
градот.
Војните завршиле со победа на Римјаните, предводени
од прочуените војсководци од семејството Скипиони.
Картагина била освоена и запалена.
Нејзините територии биле присоединети кон римската
држава. Така Рим станал господар на западното
крајбрежје на Средоземното Море.
Рим водел војни и на Балканскиот Полуостров.
По долги борби, успеал да ги покори Македонците,
Илирите, Хелените и другите балкански народи.
Нивните територии ги претворил во провинции.
Римјаните ги освоиле и Мала Азија, Сирија,
Палестина и Египет. На тој начин станале господари
на источното крајбрежје на Средоземното Море.
Кон средината на првиот век пред н.е. Римјаните
ја освоиле и Галија (териториите на денешна
Франција
и Белгија). Походот против галските племиња бил
дело
на Гај Јулиј Кајсар, еден од најславните антички
војсководци.

You might also like