You are on page 1of 21

Јакнење и проширување на

Римската држава

(Учебник стр. 76 – 78)


Римската Република:
 Во 509 година ст.е. Римјаните го протерале последниот крал Приск Горделивиот и се
ослободиле од власта на Етрурците.
- Римјаните никогаш повеќе не избрале крал, туку почнале да избираат двајца конзули.
- На тој начин, Римското Кралство било укинато, а била воведена Република.

 Државно уредување на Римската Република (главни институции):


- Двајца конзули –Римјаните избирале двајца конзули коишто управувале со државата
една година, односно нивниот мандат бил во времетраење од една година. Конзулите биле
највисоки службеници во Римската Република.
- Сенат – Највисок орган во Римската република. Сенатот расправал за сите државни
прашања: за војна и мир, за поделба на земјата, за верските прашања и друго. (види слајд 3)
- Народно собрание – Го сочинувале сите слободни Римјани.
Римски сенат
Покорување на Апенинскиот Полуостров:
 Во 509 година ст.е. Римјаните се ослободиле од Етрурците.

 Веднаш потоа Римјаните започнале борби против соседите.


 По успешните војни, Римјаните постепено ја проширувале нивната држава.
- Римјаните ги поразиле Етрурците и ја освоиле цела Етрурија во 265/264 година ст.е.;
- Римјаните ги поразиле Оските и Умбрите.

 На тој начин, Римјаните го освоиле средниот и јужниот дел на Апенинскиот Полуостров.

 Кон средината на III век ст.е. Римјаните го освоиле целиот Апенински Полуостров (види
слајд 5).

 По освојувањето на Апенинскиот Полуостров, Римјаните ги продолжиле освојувачките


походи кон останатиот дел од Европа, во Африка, Мала Азија и на Блискиот Исток.
Ширењето на Римската држава на Апенинскиот
Полуостров и на островите
Римската војска:
 Римјаните постигнувале успеси во војните, меѓу останатото, и благодарение на силната
војска.
- Римската војска била добро организирана, вооружена, извежбана и мошне дисциплинирана.

 Составот на римската војска:


- Во војската служеле Римјани на возраст од 17 до 45 години;
- Побогатите лица служеле во коњицата;
- Посиромашните лица служеле во пешадијата;

 Легија – Основна единица во војската (види слајд 7)


- Легијата броела околу 5.000 војници;
- Легијата се состоела од: тешка и лесна пешадија и коњица;

 Вооружување (види слајд 8):


- Римските војници биле вооружени со голем штит и кус меч или копје;
- На горниот дел од телото носеле оклоп, а на главата носеле шлем.
Римска легија
Римски легионер
Освојувања во Европа и Африка:
 Пунски војни – Војни помеѓу Рим и Картагина (види слајд 11)
1. Прва пунска војна (264 – 241 година ст.е.);
2. Втора пунска војна (218 – 201 година ст.е.);
3. Трета пунска војна (149 – 146 година с.т.е)

 Пунските војни го добиле името според Картагинците, бидејќи римскиот назив за нив бил Пуни.
- Картагина била моќна држава. Картагинците биле вешти морепловци и трговци;
- Се наоѓала во Северна Африка (денешен Тунис), на брегот на Средоземно Море (види слајд 10)
- Со текот на времето, териториите на Картагина се проширеле мошне блиску до Рим;
 Причина за почеток на Пунските војни: Картагина им пречела на Римјаните да ја рашират својата
трговија на Средоземното Море, односно двете држави сакале доминација на Медитеранот, особено на
островот Сицилија.
 Втора пунска војна – Најтешка за Римјаните
- Во оваа војна картагинскиот војсководец Ханибал се пробил до градот Рим, но не успеал да го освои. (види
слајд 12).
 Пунските војни завршиле со победа на Римјаните – Териториите на Картагина биле присоединети кон
Римската држава. Картагина била освоена и запалена од Римјаните во 146 година ст.е. (види слајд 14)
- Римската војска била предводена од видните војсководци од семејството Скипиони.
- По победата над Картагина, Рим станал господар на западното крајбрежје на Средоземното Море, односно
Територијата на Картагина во почетокот на III век ст.е.
Анимација на текот на Пунските војни
Картагинскиот војсководец Ханибал Барка
Ханибал ги преминува Алпите
Картагина денес
Историска карта на Медитеранските земји во 218 година ст.е.
Освојувања во Европа и Азија:
 Римската држава водела борби и на Балканскиот Полуостров.
- Римјаните успеале по долги борби да ги покорат Илирите, античките Македонци, старите
Хелени и другите балкански народи.

 По освојувањето на Балканот, Римјаните ги освоиле Мала Азија, Сирија, Палестина и


Египет.
- На тој начин, Римјаните станале господари на источното крајбрежје на Средоземното Море,
односно на источниот Медитеран.

 Подоцна, Римјаните повторно започнале да војуваат во Европа.


- Кон средината на I век ст.е. Римјаните, под водство на Гај Јулиј Цезар (Кајсар), ја освоиле
Галија (територии на денешна Франција и Белгија). (види слајдови 17 и 18)
- Во почетокот на II век од н.е. Римјаните ја освоиле Дакија (денешна Романија). Со тоа
завршиле римските освојувања.
Гај Јулиј Цезар
Галскиот водач Верцингеторикс му се предава на
Гај Јулиј Цезар
Освојувања во Африка, Европа и Азија:
 По освојувањата во Европа, Мала Азија, Африка и на Блискиот Исток, Римската држава
станала најголема светска сила.
- Римската држава се простирала на три континенти: Европа, Азија и Африка.
- Римската држава ги зафатила во еден широк појас сите земји околу Средоземното Море.

 Римски провинции (види слајд 20):


- Освоените територии надвор од Апенинскиот Полуостров биле претворани во римски
провинции (покраини).
- Власта во провинциите ја поседувале управниците (намесници), кои биле поставувани од
страна на Римскиот сенат.
Административна карта на Римската Империја во 117 година
Прашања за домашна работа:
1. Кои биле главни институции во Римската Република?
2. Која била основна единица во римската војска?
3. Помеѓу кого се воделе Пунските војни?
4. Каде се наоѓала Картагина?
5. Како се нарекувал најпознатиот картагински војсководец кој учествувал во Втората пунска
војна против Римјаните?
6. Кои балкански народи биле покорени од страна на Римјаните?
7. Под чие водство Римјаните ја освоиле Галија кон средината на I век ст.е.?
8. На кои континенти се простирала Римската држава?

You might also like