You are on page 1of 7

Крстоносни војни

Гордан Стојановски VIIа


Крстоносни војни
Крстоносни војни — низа различни воени походи започнати кон крајот на XI век, со религиозен карактер од страна
на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле
поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против Евреите, руските и грчките
православни христијани, Монголците, катарството и политичките противници на папата.

Опсадата на Антиохија во Првата крстоносна војна


Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим,
односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз
тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на рицари, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против
Арапите, Маврите, Турците селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по
нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на
развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои
најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за
крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите
Во крстосните војни
учествувале:
Во крстоносните војни учествувале мноштво претставници на
витешки редови како што биле Витезите болничари,
Витезите темплари, Редот на Свети Лазар Ерусалимски,
Тевтонските витези, Малтешкиот ред итн.
Првата крстоносна
војна
На Соборот во Клермон кој се одржал во 1095 година била донесена одлука за започнување на нова војна која ќе го
ослободи “Божјиот гроб од неверниците“. Овој чин всушност претставувал и помош на Византија од страна на
папата, кој сметал дека повторно ќе дојде до обединување на двете цркви под раководство на папата како
„главен епископ и прелат на целиот свет“, како што сам се нарекувал.[6]

Кралот Сигурд I Магнусон бил прв европски крал кој заминал со своите крстоносци кон Светите Земји.
Здружените западноевропски крстоносци во нивниот прв крстоносен поход го освоиле Ерусалим и уште
неколку градови од околината. Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија,
која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското Кралство и други крстоносни
држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле
отворени првите витешки школи. Годфрид Бујонски бил еден од водачите во Првиот крстоносен поход и по
освојувањето на Ерусалим, станал крал на Ерусалим. Тој не сакал да биде крунисан како крал, туку како чувар
на Светиот Гроб. Ова е единствениот крстоносен поход во кој била исполнета крајната цел — ослободување на
Ерусалим.
Втора крстоносна војна
По освојувањето на Светата земја од страна на христијаните и создавање на крстоносни држави,
конфликтот помеѓу муслиманите и христијаните не стивнувал. Така, овој пат походот го започниле
Турците кои тргнале во обид да ја освојат Воден и сите други градови кои биле заземени од страна на
крстоносците. Новиот крстоносен поход бил поткрепен од страна на многу проповедници, особено од
Бернард Клаирвакс. Француските и германските војски со нивните кралеви Луј VII и Конрад III исто
така марширале директно кон Ерусалим во 1147 година, но сепак не постигнале поголеми успеси.
Крстоносците пробале да го освојат и Дамаск, но во тоа не успеале и целиот поход бил неуспешен.
Оваа крстоносна војна започнала во 1147 година и траела сè до 1149 година.[11] Овој поход завршил
како резултат од потпаѓањето и преземањето на Воден од страна на бегот Зенги. Како единствен успех
кој им се препишува на крстоносците од овој поход е заземањето на Лисабон и истерување на маврите
од самиот град.
Трета крстоносна
војна
Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците
пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[12] Ова
бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на
муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата
Григориј VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих
Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се
договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го
заземат повторно Ерусалим.
Опсадата на Арка
Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите
на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[12] Ова бил уште еден повод
за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи
предизвикал многу негативни реакции. Папата Григориј VIII издал наредба за нов крстоносен
поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија,
Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот,
крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим.

You might also like