You are on page 1of 6

Државата на

Франките
Изработила: Луна Танев I1
Проф: Владимир Бојанов
СУГС„Орце Николов“

Создавање на државата
Франките биле дел од германските племиња кои
живееле на територијата меѓу реките Рајна и Шелда.
За време на Големата преселба на народите во
втората половина на IV век, Франките почнале
помасовно да ја преминуваат реката Рајна и да ги
напаѓаат и освојуваат римските владенија во
провинцијата Галија.
Во времето на Клодовик
До крајот на V век франкскиот кнез Клодовик, целосно ја
освоил Северна Галија. Тој ги обединил сите франкски
племиња во единствена држава и ја уредил како
кралство. Во зацврстувањето на својата власт, значајно
место и дал на христијанската религија. Тој наредил да се
покрстат сите негови поданици од Римската црква, и
самиот примајки го христијанството. За сето тоа црквата
ја удостоил со големи имоти и привилегии. Клодовик
успеал да ги победи Визиготите(Западните Готи) и да ја
прошири државата и во Јужна Галија. На тој начин тој го
претворил Франското кралство во најмоќна
западноевропска држава.
Владеењето на Карло Велики
Франската држава својата најголема слава ја
достигнала за време на владеењето на Карло Велики
(768-814). Тој војувал против германските и
словенските племиња. Ја проширил државата кон
Италија, Германија и Шпанија. Така биле создадени
услови државата да прерасне во царство. Во 800 година
во црквата св.Петар во Рим, папата го крунисал Карло
Велики за цар (а неговата држава била наречена Света
Римска Империја). Оттогаш Карло Велики почнал да се
смета себеси за наследник на римските императори. По
смртта на Карло Велики дошло до слабеење и
распаѓање на државата. Од неа се создале новите
европски држави: Франција, Германија и Италија.
Улогата на
христијанската црква
Во втората половина на VIII век на запад
дошло до влијанието на Римската црква.
Тогаш во средна Италија била создадена
Папската држава. Меѓу црквата и
државата на Франките постоел таен сојуз
и соработка. Црквата влијаела врз
целокупниот живот на луѓето.
Меѓу Источната и Западната црква
постоело големо соперништво. Во 1054
година дошло до конечна поделба на
Западна и Источна црква. Источната црква
почнала да се нарекува православна, а
верниците православни, Западната црква
-католичка, а верниците католици.
Организација на државата
• Според Салицискиот закон, во кој било запишано обичајното право на
Франките, слободните селани живееле во селски општини наречени
марки.
• Покрај кралот, се одвојувале поимотни земјосопственици и воени
старешини – феудалци.
• Кметови биле луѓето кои станувале зависни(селаните осиромашувале).
• За да ја добие поддршката од црквата, кралот и давал имоти и
привилегии, со што таа станала голем феудален земјопоседник.
Најголема поддршка кралот добивал од војската.
• Оние кои сакале да стапат во воената служба(коњица), наместо плата
им доделувале доживотна земја(бенефиции). Овие војници се
нарекувале вазали.
• Престолнината на Франското Кралство, а потоа и царство, се наоѓало
во Ахен. На чело на престолнината стоел крал(цар) кој бил врховен
господар. За феудалните господари работеле закрепестените селани –
кметови.

You might also like