You are on page 1of 1

Автобиографија на Григор Прличев

Автобиографија - дело на македонкиот поет и


преродбеник Григор Прличев во кое пишува за
неговиот животопис. Делото е напишано во 1884/85
година, но истата е објавена дури цела деценија
подоцна, во 1894 година, од страна на бугарското
министерство за народна просвета. Автобиографијата
на Прличев претставува последната поголема творба
што останала од него.

Својата автобиографија Григор Прличев започнал да ја


пишува во 1884 година, во времето кога учителствувал
во Солунската Гимназија. Иако делото го пишувал цела
година, тоа е прилично кратко. Тоа особено се
забележува во одредени делови каде се прескокнуваат
цели делови од неговиот живот. Сепак, ова дело ни
дава јасна слика за борбата на македонските
преродбеници против грчката пропаганда и за животот
во Охрид во 19 век. И покрај тоа Прличев ја завршил
автобиографијата во 1885 година, таа била објавена дури во 1894 година, т.е. по неговата
смрт, како дел од зборниците издадени од бугарската влада.

Во автобиографијата се испечатени и три песни на Прличев. Две од овие стихотворби


оставиле траен белег на животот во Охрид низ периодот на националното
самоосознавање и подоцнежната борба за слобода.

You might also like