You are on page 1of 12

Григор Прличев

.
Вовед

 Григор Ставрев Прличев (роден во Охрид, 18
јануари 1830- починал Охрид, 6 февруари 1893)
— истакнат македонски писател од времето на
романтизмот и значаен претставник на
македонската книжевност од XIX век. Покрај
мајчиниот македонски, творел и на грчки и
бугарски, и ги обединувал во себе нивните
специфични карактеристики, како и
современите текови на класицизмот и
романтизмот.
Првите години

 Прличев се родил во Охрид и
потекнувал од сиромашно семејство.
Уште како мал останал без татко му
Ставре, а за фамилијата која се состоела
од од три машки и едно девојче се
грижеле неговата мајка Марија и
неговиот дедо. Бедата на неговото
семејство била толку голема што
поради немање обувки дедо му на грб
го носел до училиште. Мајката на
Прличев за да го прехрани семејството
работела како аргатка по туѓи куќи и од
неа ја слушнал поговорката: ,,Работата е
здравје и чест.”
Школувањето во Охрид

 Првата писменост ја добил од својот дедо и од него го научил да
чита грчко писмо. Грчкото писмо, култура, јазик и просвета од тогаш
ќе бидат повеќе од четвртина век постојано присутни во животот на
Прличев и под нивно влијание се развил како интелектуална и
поетска личност. Пред да умре дедото на Прличев целиот свој имот
го оставил на неговата мајка која морала да даде заклетва дека нема
да му дозволи на Прличев да работи и дека ќе го школува. Така
Прличев сè до својата осумнаесетта година е во Охрид и се школува
кај неколку учители. Школувањето во Охрид неколкупати го
прекинувал за да ѝ помага на својата мајка така што тој продавал
муренки, препишувал грчки ракописи за богатите гркомански
чорбаџии и им помагал на богатите деца во учењето. Во последните
години од школувањето во Охрид негов учител станува Димитрија
Миладинов.
Во Тирана

 Откако го завршил школувањето тој се вработил
како терзија, а малку потоа се нашол како учител
во Тирана. Тогаш веќе совршено го владеел
грчкиот јазик и го читал Хомер. Меѓутоа, во
Албанија се задржал краток период и со
заштедените пари се вратил во Охрид сакајќи да
го продолжи образованието. Таму од блиските и
роднините бил советуван да замине во Атина и
да студира медицина.
Во Атина

 Медицината не го интересирала, а најомразен од
сите предмети му бил анатомија. Затоа
најголемиот дел од времето го поминувал
следејќи ги литературните манифестации и во
читање на Хомер. Тогаш во Атина
најталентираниот грчки поет бил награден и
овенчан со лаворов венец, а тоа предизвикало
воодушевување кај Прличев и се јавила желба да
напише поема со која тој ќе го освои венецот. Но
поради недостиг на пари и поради болест бил
принуден да се врати во Македонија.
Учителствувањето во
Македонија (1849 - 1859)

 За овој период од својот живот Прличев имал
малку напишано. Откако закрепнал во Охрид,
решил да собере пари за да се врати во Атина и
работел како учител во Долна Белица за плата од
3.000 гроша годишно. Од Долна Белица заминал
за Прилеп како учител, а потоа станал учител во
родниот град Охрид и таму останал шест години.
Прличев успеал да собере 5.000 гроша и во август
1859 година повторно заминал за Атина каде,
покрај студиите по медицина, продолжил да
пишува и стихови.
Бугарскиот период
(1861 - 1883)

 Смртта на Браќата Миладиновци претставувала нова
етапа од животот и творешвото на поетот. Прличев
раскинува со грчкиот јазик и воопшто со грцизмот и
почнува да се наклонува кон бугарската идеја. Тој ќе се
најде меѓу оние македонски дејци кој зеле учество во
Борбата против Цариградската патријаршија и постепено
почнале да се преориентираат кон бугаризмот, односно
кон словенизмот и станале идејни носители на
македонското преродбеничко движење. Прличев ќе биде
меѓу оние кој ќе се залага за создавање на еден општ јазик
за Македонците и Бугарите кога ќе настане спорот за
обликот на македонскиот литературен јазик.
Делата на Прличев

 Овие се едни од најпознатите дела на Грирор
Прличев:
• ,,Сердарот’’
• ,,Скендербег’’
• ,,Автобиографија’’
• ,,В хилјада и седенстотин шездесет и второ лето’’
(песна)
• Препевот на Хомеровата ,,Илијада’’ идр.
Oсамување и смрт

 Бил лично незадоволен од својот живот, а на литературен план
не го реализирал родниот литературен јазик и сето тоа
придонело во последните години да се повлече и дистанцира од
луѓето. Во 1890 година Прличев се пензионирал и се повлекол во
родниот град Охрид. На 6 февруари 1893 во Охрид поетот
починал. Смртта на Прличев означувала крај на една ера и
почеток на нова ера во која дел од неговите ученици ќе ја
формираат Македонската револуционерна организација, а Крсте
Петков Мисирков ќе ја создаде За македонцките работи.
 Гробот на Глигор Прличев се наоѓа зад црквата Света
Богородица Перивлепта во Охрид, а спомен-домот посветен на
него се наоѓа исто така во Охрид, на улицата Самоилова, близу
до црквата Света Софија.
СЛИКИ

Гробот на Григор
Прличев Григор
Прличев
ВИ БЛАГОДАРАМ НА
ВНИМАНИЕТО!!!

Изработила: Сара Трпковска VIII-1

You might also like