You are on page 1of 1

Можеме да кажеме дека животот е една голема авантура исполнета со разни

предизвици, искушенија, убавини, солзи, насмевки или дека авантурите се дел од нашиот
секојдневен живот. И на едниот, и на другиот начин, се гледа нераскинливата врска
помеѓу животот и авантурите. Впрочем благодарение на авантурите чувствуваме дека
живееме, дека дишиме, дека твориме. Го чувствуваме животот во неговиот полн сјај и
интензитет.
Летото пак е како создадено за детски авантури. Долгите, топли денови без
училишни обврски се идеални за нескротливите детски духови. Еден ден минатото лето се
договоривме со другарите да одиме на базен. На базенот се најдовме со другите деца од
одделенитето и заедно се капевме. Еднаш на некој се сети да скокаме од работ на базенот
во длабокиот дел, таму кадешто не ни допираа стапалата. Сите се силевме еден со друг и
скокавме по ред. Се смеевме, се бодревме, се туркавме, се зафркававме еден со друг.
Скокнав повеќе пати, набрзина излегував и се враќав во редот. Но на последниот скок ме
фати грч. Само што скокнав во водата, ме фати грч, не можев да ја помрднам ногата а од
болката и од стравот не можев да испливам на површината. Ме фати паника, поминаа
неколку секунди, чувствував како го губам здивот. Успеав некако со едната нога да се
турнам нагоре и веднаш штом се доближив до површината двајца другари ме фатија под
рацете и започнаа да ме влечат накај работ. Други не пречекаа таму и не извлекоа надвор.
Ни требаше малку време да се смириме и да сфатиме што се случи. Со денови
размислувавме како нашата игра можеше да заврши трагично и колку сме среќни што
нашето другарство е искрено и пожртвувано, што секогаш можеме да сметаме еден на
друг.
Ова беше една животна лекција научена на потешкиот начин. Животот е
непредвидлив, полн со подеми и падови. Да не го искусев ова тој ден, немаше да знам да
го ценам својот живот, помошта на пријателите, верноста на другарите. Секоја авантура е
еден вид на лекција во животот. Извлечете ја најдобрата поука и не плашете се да се
впуштите во нова авантура.

You might also like