You are on page 1of 50

ВИЗАНТИСКА АРХИТЕКТУРА

Долго време за византиската архитектура и воопшто за византиската уметност се


имало потполно погрешно мислење. Се верувало дека византиската уметност и архитекту-
ра не се ништо друго освен дегенерирани, умртвени и скаменети остатоци од римските и
хеленистичките правци. Научните истражувања, кои се правени во последните 50 години,
покажале дека ова не соодветствува со реалноста. Византиската уметност и архитектура
живееле свој живот, полн и содржаен и се развивале паралелно со еволуцијата и промени-
те кои настанувале во материјални и историски услови на териториите под византиска
управа.
Но, пред сè потребно е да се одредат опсегот и границите на оваа архитектура.
Претходно видовме дека и Горна Месопотамија и Мала Азија и Сирија и Коптското по-
драчје и северна Африка, па и Ерменија, сè додека не потпаднале под арапска, односно
турска или монголска власт, територијално биле опфатени, или постојано или само
извесно кратко или долго време, во границите на Источното Римско царство, односно
Византија. Архитектурата која се развивала на овие подрачја не ја нарекуваме византиска,
од прости причини што се појавува со особини карактеристични за секоја од овие земји
поединечно. Иако можеби недоволно оправдано, византиска архитектура се нарекува само
онаа архитектура која се развива во Цариград, на јужните краеви на Балканскиот Полуос-
тров, во западните области на Мала Азија, и на егејските острови (сл. 116), односно таму
каде што претежно имало грчко население. Покрај тоа, ја има и во Равена, Венеција,
Јужна Италија и на Крим, од времето кога овие области биле под византиска доминација,
иако овде, сосема природно, добива специфични карактеристики.
Напредокот на техниката1 им овозможила на архитектите, чија општествена полож-
ба била релативно независна2, да дојдат и до нови решенија, потпирајќи се на дотогашните
придобивки во архитектурата, како во Рим, така и на Блискиот Исток, па и на Балканот.
Но, општествените услови, под кои оваа архитектура се развивала, биле доста сложени, а
со текот на времето и сами се менуваат, така што развојот на византиското градежништво
може да се подели во неколку одделни периоди.

Архитектурата на Источното Римско царство

Видовме и предходно дека стариот град Визант3, основан уште 667 год. п.н.е., во
327-330 е претворен од страна на Константин во Константинопол, односно Цариград, со
претензии да стане „Нов Рим“ или „Втор Рим“. Тогаш тој станува престолнина на целото
Римско царство, а од 395 год., по поделбата на Западно и Источно, престолнина само на
Источното. Исто така, видовме (стр. 4) дека ни после ова, општествените односи, спореде-
ни со оние кои владееле во Римската империја, во суштина не измениле многу, иако,
благодарение до некаде и на христијанството, барем во формален поглед добиле малку

                                                            
1
Знаеме дека Антемиј од Трал, еден од двајцата архитекти кои ја граделе Аја Софија во Цариград, напишал цела книга
за машините. Покрај тоа, за новите градби се прават и планови - така царицата Евдокија, некаде кон средината на V век,
на владиката во Газа, му пратила план и столбови за новата црква.
2
Така архитектите, по законот на Теодосиј од првата половина на V век, биле ослободени од сите даноци, за да можат
непречено да ги подучуваат своите ученици. Тие обично се групирале во работни дружини - работни братства, во кои
имало неколку мајстори и поголем број калфи под водство на еден протомајстор, кој ја организирал работата и ги чувал
техничките тајни, кои во самата дружина биле пренесувани од колено на колено.
3
По ова и целото Источно Римско Царство подоцна го добило името Византија.
поинаков облик4; стариот римски автократски и бирократски поредок во основа е задржан.
Затоа не е ни чудно што во Цариград се појавува архитектура, која најмногу се поврзува
со античката римска, односно хеленистичка. Широките улици со колонади, големите
плоштади обиколени со портици, многубројните палати, меѓу кои најзначајни биле
царската „Света палата“5, Теодосиевата (II) палата Вуколеон, Сенатот, Телестерионот6,
префектура, ризница; потоа хиподром7; терми - Зеуксипови, Ахилеусови, Евдоксијанови,
Аркадиусови; триумфални порти - Константинова и Теодосиева, комеморативни столбови
- Теодосиев и Аркадиусов; аквадукти и цистерни, му даваат на Цариград карактер на еден
потполно антички, римско-хеленистички град, кој имал и своја периферија, каде обеспра-
вената и сиромашна маса била потисната во нездравите и смрдливи трошни колиби. То-
гаш никнале и многубројни храмови во облик на хеленистички базилики, од кои некои се
веќе спомнати (стр. 18). Самиот Константин во Цариград подигнал околу дваесет и четири
цркви, меѓу кои особено вреди да се споменат базиликите Аја Софија (храм на Мудроста),
Св. Ирена и мартириумот Св. Апостоли. За жал, речиси ништо од сето ова не останало,
освен рушевината од базиликата Св. Јован Студит и некои оскудни пишани податоци.
Со конечното одвојување од Западното Римско царство (395), Цариград постепено,
уште за време на V, а потоа се посилно за време на VI, а особено VII век, започнува поле-
ка да се преобразува во престолнина, не повеќе на античка, хеленистичко-римска, туку на
источна апсолутистичка држава. Постепената преобразба се одвива на сите полиња. Со
својата географска положба Цариград претставува мост помеѓу Азија и Европа. Размената
на добра се одвивала необично брзо, како преку него, така и преку западниот брег на Мала
Азија, и тоа преку каравански патишта сè до Кина и Индија, од каде луксузните предмети,
посебно свилата8, и разни мириси се набавувани за повисоките општествени слоеви во За-
падна Европа, каде се пренесувани по сувоземни и поморски патишта, заедно со домаш-
ните занаетчиски производи, особено оружје, ткаенина, стаклени предмети, емајлирани и
кујунџиски предмети. Богатото грчко и прогрчко трговско население, како од провинција-
та, така и од престолнината, во која како во стопански центар почнало да доаѓа од сите
краеви на империјата, а најмногу од нејзините источни и југоисточни делови, им помагало
со сите сили на владетелите за зацврстување и јакнење на централизмот, кој обезбедувал
сигурност и развој на трговијата. Од друга страна, вака зајакнат, владателот успева да ја
потчини и црквата, што доведува до т.н. цезаропапизам. Преку императорскиот авторитет
цариградската патријаршија добива сè посилна власт во споредба со другите провинцијал-
ни цркви. Тие пак, не се потчинувале лесно, па заради тоа често доаѓало до жестоки
политички борби, прикриени под превезот на догматските расправи. Ересите, како што се
аријанизам, донатизам, несторијанизам, монофисизам9, не се ништо друго, туку одгласи
на овие сепаратистички тежнеења на пооделни провинциски цркви, односно самите
провинции, т.е. домородното население во нив, кон Цариград и империјата.
                                                            
4
Робовладетелскиот општествен систем, иако формално бил укинат, делумно сепак останал на сила. Исто така и жените
имале малку поголеми права од порано. Паралено со ова се зголемувало и влијанието на гинекејата – женската половина
од дворот, во државните работи.
5
Оваа палата имала голем вестибил, оддели за живеење (дафне), престолната сала со базиликален облик, во чија апсида
бил престолот (августеос, консисторион, магнаур), и трпезарија (триклиниум), со 19 кревети на кои се ручало на анти-
чки начин, во полулежечки став. Во последниве години откопани се делови од оваа палата со извонредни подни мозаици
од IV-V век.
6
Од текстови знаеме дека Телестерион е цариградски универзитет, основан во првата половина од V век, под Теодосиј
II, бил октогонален и имал осум тремови.
7
Хиподромот по својот облик го репродуцира, во главни црти, Големиот цирукс во Рим.
8
Од VI в. почнува да се одгледува свилената буба и во самата Византија, каде е пренесена од Кина.
9
Досега се зборуваше за аријанизам и донатизам. Несторијанизам е учење на цариградскиот патријарх Нестор за двојна-
та личност на Исус, човекова и света, од што би произлегло дека Марија нема право на називот Богородица. До ова дош-
ла Александриската црква и на соборот во Ефес (431) го осудила несторијанизмот како ерес со што ја осигурала својата
надмоќ над Цариградската црква. Кога неколку години подоцна никнал и монофисизмот т.е. учењето за исклучителното
божествено Исусово потекло, повторно нашло силна подршка кај Александриската црква. Нејзиното зајакнување ја пот-
тикнува коалицијата на Византискиот царски двор и на Римската папска курија, т.е. така доаѓа до Халкедонскиот собор
во 451 год. на кој Александриската црква претрпела голем пораз, додека пак цариградската надмоќ необично зајакнала.
Од друга страна, голема опасност почнува да им се заканува од Германците и
Словените на север и од Персијците и Арапите на југо-исток. Нивните чести напади ги
приморуваат владетелите да држат голема војска, а со тоа сè повеќе го оптеретуваат наро-
дот со разни давачки. За да дојдат до пари, владетелите, кои тогаш се идентификувале со
државата, воведуваат монопол на разна стока која најмногу се трошела, особено монопол
на жито, што на народот најтешко му паѓало. Сето ова го зголемувало богатството и моќта
на владетелот, а од друга страна истото доведува до разни побуни, меѓу кои најзначаен
бил бунтот наречен Ника10, од 532 год.
Тоа двојно непријателство кое однадвор доаѓало од соседните држави или племи-
ња, а однатре од сопствениот експлоатиран народ, ги поттикнало владетелите да подигаат
голем број тврдини и со огромни ѕидини да ги заградуваат постоечките градови. Од друга
страна, околу овие тврдини никнуваат постепено нови градови кои со развитокот на зана-
етчиството и трговијата во нив, понекогаш се претвораат во големи градски населби. Една
од најтипичните тврдини од тоа време е Цариград (сл. 117), чии огромни ѕидини биле
подигнати во времето на Константин, во првата половина на IV в., а потоа, со наглото
зголемување на населението11, следува и проширување на самиот град, на крајот од првата
половина на V век12. Тогаш е подигната и една монументална порта, наречена „Златна
врата“. Системот на утврдување, кој овде почнува да се применува, е сè повеќе ориента-
лен, дури има и асиро-месопотамско и хититско потекло.
Трасирањето на самите тврдини веќе не оди само по крути геометриски облици,
како што тоа било случај со античките воени правила, туку е поеластично и поприлагоде-
но на теренот. Местото на нивната изградба се бира на тој начин барем две страни да се
заштитени со природни препреки, вода или јаки стрмнини, со цел можноста од напади да
се сведе во што потесен правец, така и одбраната можела однапред најдобро да се
прилагоди.
Обемните ѕидови (сл. 117), обично изработени од кршен или приделкан камен,
поврзани со доста големо количество малтер, се високи (10 до 12 м) и дебели (често
достигнуваат дебелина и до 4 м); на горната надворешна страна се назабени, така што
позади забците може да се стои и да се движи преку целата должина на ѕидот. Од место на
место, на 50 до 80 м, ѕидовите од надвор се зајакнати со кули, најчесто со квадратна, по-
ретко со многуаголна или полукружна основа. На растојание од десетина метри од овој
главен ѕид, се наоѓа друг понизок и послаб, обезбеден исто така со кули, кои што го шти-
тат т.н. кружен пат околу самата тврдина, преку кој одбраната можела брзо да се пренасо-
чи на најзагрозените места. Најпосле, пред овој надворешен ѕид е ископан длабок ров,
чија што ширина понекогаш достигнувала и до дваесетина метри, па ако тврдината се
наоѓа во рамнина во него се пуштала и вода, за пристапот до тврдината да биде што
потежок. Посебно внимание се обрнувало на влезните порти, кои се наоѓаат на главните
сообраќајни патишта, а кои се доста длабоки и обезбедени со по две силни странични
кули. Иако едноставна по својата маса и употребени елементи, воената архитектура, во
овој период и во подоцнежните, има карактер на строга функционалност.

                                                            
10
„Ника“ на грчки значи „победувај“. Тоа бил крикот под кој се бореле востаниците. Во бунтот земале учество и
„зелените“ и „плавите“, т.н. по бојата на дресовите на нивните најомилени кочијаши на тркачки коли од хиподромот,
кои всушност биле припадници на две различни политички партии.
11
Се смета дека нешо покасно, во првата половина на VI век, Цариград има околу еден милион жители, а на крајот на X
век многу повеќе.
12
Овие ѕидини околу Цариград, подоцна во неколку прилики биле зајакнувани, посебно во XII, крајот на XIV и во прва-
та половина на XV век. Дури и деспотот Ѓураѓ Бранковиќ дал негови средства за да се изгради кула која и денес постои.
Покрај оваа, во Цариград постојат и остатоци од многу тврдини, слични или упростени типови, меѓу кои вреди да се
споменат оние во Солун, Никеја, манастирот во Синај, Стоби, Троезмис, на десниот брег на Дунав, во Добруџа, Хаидра
и Северна Африка, Херконез, кај Севастополите во Крим и други - сите од крајот на V и VI век. Се знае дека самиот
Јустинијан обновил и подигнал околу 600 тврдини.
Архитектурата во периодот на обидот за обнова на робовладетелскиот систем – од
крајот на V до почетокот на VII в.13

Империјата добива исклучителен подем, особено во втората четвртина на VI век,


под водство на Јустинијан (527-565), кога со вешто дипломатско маневрирање, Варварите
се ангажирани во меѓусебна борба, така што од државата е отстранета непосредната опас-
ност од нивна инвазија. Со тоа платената војска, ослободена на овој начин, е искористена
за повторно враќање на неодамна изгубените територии во Италија, на Балканот, во север-
на Африка, па и на Пиринејскиот полуостров, при што наишла на помош од страна на
домашното население, посебно побогатото, кое било незадовоно поради одземањето на
нивното земјиште од страна на новите господари и црквата која што се плашела од силно-
то ширење на аријанизмот преку варварите. Големите даноци и давачки доведоа до веќе
споменатиот бунт Ника, 532 год., во кој настрадаа и голем број на објекти во Цариград, но
бидејќи востанието беше крваво задушено, даноците станаа уште повисоки, а екплоатаци-
јата на работната маса уште поголема. Новите приходи протекувале во дворската благајна.
Сè она што изгледало како можна слободоумност било уништено. Тогаш биле затворени и
универзитетот во Цариград14 и академијата во Атина. Преку Codex Iustinianum, односно
Corpus iuris civilis, збирка на антички римски закони, бил направен сериозен обид за
повторно зацврстување на страриот робовладетелски општествен систем. Моќта на
повисоките општествени класи и нивниот главен експонент, Василиј II, чија личност, по
источните примери, пред народните маси почнал да се дивинизира, т.е. да се претвори во
полубожество, - почнала нагло да зајакнува.
Паралелно со ова никнаа и архитектонски порачки на сите страни. Прво требало да
се обноват уништените и оштетените згради за време на востанието, а потоа и да се изгра-
дат голем број нови, кои со својата величенственост ќе го репрезентираат владетелот и
уште повеќе ќе ја рашират неговата слава. На крај, подигањето на величенствени црковни
објекти, по примерот на Константин, било потребно за да се потенцира единството на
државната и црковната власт, сконцентрирана во рацете на императорот.
За огромниот број нарачки во ова време, еден од писателите од Јустинијановиот
двор, Прокопиј, напишал и цела книга15. Според неа, покрај останатото, тогаш е изградена
и големата палата на сенатот, на обновениот плоштад Августеон; исто така е обновена и
една од најлуксузните терми, Зеуксиповата, која изгорела во 532 г.; во ова време е напра-
вен и големиот аквадукт, (сл. 118)16, како и двете огромни цистерни, денес наречени Бим
Бир Дирек17 и Јере Батан Сарај. Нешто подоцна, Јустинијан II - втората половина на VI
век, во царската палата додал уште една извонредно луксузна сала наречена Кризотрикли-
ниум - златна сала, со по една апсида на секоја страна и галерија под куполата.
Од сите овие градби со цивилен карактер до сега малку биле зачувани и откопани.
За нив нешто повеќе можеме да дознаеме од аналогијата со градбите од истото време,
ископани на други места, на пример во Стоби (стр. 22). Сепак, како многу значаен податок
за нивното проучување е и еден мозаик од базиликата S. Apollinare Nuovo, во Равена, од
првата половина на VI век, на кој е претставена палата, која може да се спореди со
                                                            
13
Вообичаено било дотогаш, од потполно неоправдани причини, овој период да се нарекува и „златен период“ на визан-
тиската архитектура. Иако во ова време византиската, поточно кажано, источно-римската архитектура го достигнала
својот врв, името „златен период“ е потполно произволно.
14
Обновен е дури во средината на IX век.
15
Книгата се вика De Aedificis – За гражништвото.
16
Овој аквадукт, кој постои и денес, на турски се нарекува Му‘алак Кемер, т.е. „обесени сводови“. Неговите лаци, малку
прекршени, се распоредени на два ката, со распон од 16,40 и 13,40 м и се потпираат на силни столпци, осигурани со
ледобрани и олеснети со по три лачни отвора, за да се избегне преголемиот притисок на водата, ако таа надојде. Оваа
цела конструкција по својата замисла и по начинот на кој е изведена претставува едно од најзначајните градежни дела на
својата епоха.
17
Бим-бир-дирек значи Илјада и еден столб. Оваа цистерна која е сочувана до денес, во суштина има 212 столбови, а
покрива површина од 3600 м2.
Диоклецијановата палата во Сплит18. Од сè што знаеме за нив, се гледа дека овие градби
по својот тип постепено се оддалечуваат од античките модели и сè повеќе и повеќе со нив
се комбинираат и источни елементи од Месопотамија, Мала Азија, Сирија и долен Египет.
Ова не треба да не зачуди, со оглед на фактот дека и самиот Цариград сè повеќе станува
центар на една полуисточна држава.
Во поглед на црковната архитектура, ќе го забележиме истото, можеби поодлучно
движење кон Истокот.
Новите конструктивни елементи, кои сè повеќе започнуваат да се употребуваат -
сводовите, особено куполите, го одредуваат архитектонскиот склоп на новоизградените
градби. Богатството на разновидниот градежен материјал, добриот камен за изработка на
сводови, одличната тула19 и дрвото20, овозможуваат оваа конструкција да биде стабилна и
долготрајна. Конструкцијата на ѕидовите се изведува добро осмислено. Во овој период таа
се изведува на ист начин како и кај хеленистичките базилики, или од тула, или од тула и
камен, наизменично во широки појаси. Понекогаш ѕидот е од тула, а внатрешните
пиластри од камен. Во тој случај можат да се појават и нееднакви налегнувања, па
последователно и пукнатини во ѕидовите, што се должи на нееднаквото оптеретување на
деловите од ѕидовите, односно деловите изработени на различни начини, кои меѓусебно
конструктивно не се поврзуваат.
Паралелно со хеленистичките базилики, кај кои, исто така се почувствувало
силното влијание на Истокот21, кон крајот на V, а особено во првата половина на VI век,
почнуваат да се градат и други типови на градби.
Се смета дека, еден од првите храмови од овој тип е подигнатата црква Св. Софија
во Солун, на преминот од V во VI век22. По својот склоп, оваа градба претставува еден вид
збиен впишан крст, обиколена од три страни со обемни бродови со трибини (сл. 119).
Нејзината силна купола со низок тамбур е опфатена во аглите со пандантифи, а од сите
страни е со полукружни сводови, кои и сами се потпираат на доста големи столпци и кои
за да ја олеснат тежината, пробиени се во приземјето и во висина на трибините со
вкрстени отвори23.
Подоцна, т.е. 530 г., повторно во Цариград, се појавува и во црквата Св. Сергеј и
Вакх (сл. 122). Над централниот октогонален простор е изработена калота, однатре со
кришкаст, наизменично со рамен и „дињаст“ облик, така што на тој начин се избегнати
пандантифите и тромпите. Калотата е потпрена неизменично со лаци и полукалоти помеѓу
масивните столпци, а од сите страни е осигурана и со сводови, поставени над приземјето и
трибините на обиколните простории, кои однадвор се квадратни. Нејзината целосна
конструкција се должи на влијание од Истокот, каде наидуваме на решенија со истата

                                                            
18
Не е невозможно на мозаикот да се наоѓа направена Диоклецијановата палата, но бидејќи е правен по сеќавање, мора-
ло да се појават и извесни разлики кои може да се приметат лесно. Натписот Civitas Ravenna кој се наоѓа на мозаикот,
изгледа дека е додаден подоцна во текот на некоја реконструкција.
19
Тулите се обично тенки - 4,5 cm дебелина, квадратни 30-45/30-45 cm, правоаголни 12-17/30-40 cm. Освен тули се
употребувал и цреп, а подоцна и ќерамиди, кои натопени во малтер се поставуваат директно по сводовите, со што се
врзуваат за подлогата. Најпосле, сводовите, освен од тула, па и украсниот камен сига, се прават и од некои видови на
садови кои делумно се вовлекуваат едни во други, а се поврзани со мрсен малтер. Малтерот бил изработуван од вар,
најчесто мермерен, помешан со ситен чакал, не песок, или со дробена ќерамида за да добие румена боја.
20
Дрвото особено се употребувало за серклажи во самите ѕидови и за врски помеѓу две спротивни лежишта на
поединечни лакови.
21
Особено во пластичната декорација. Така, во базиликата Св. Димитрија во Солун, изградена околу средината на V в.,
наоѓаме капител со акантусови листови кои се свиткуваат „по ветрот“ како оние на капителите во Сирија, стр. 49, сл. 72.
22
Периодот не е сосема веродостоен бидејќи во последно време некои археолози, кои ја испитувале, мислат дека
потекнува од VII, па дури и од VIII век.
23
На истиот тип, без обемните бродови, припаѓа и црквата Богородица Ѓаконица во Цариград, - наречена Календер
џамија, подигната на крајот на VI, или најдоцна во текот на VII век. Таа претставува некој вид премин помеѓу недоволно
одредениот тип на Св. Софија и обликот на впишан крст.
замисла, како на пример во Вираншехер, во Горна Месопотамија (сл. 34), а донекаде и во
Звартноц во Ерменија (сл. 103).
Истата година, 533, во Цариград е подигната и црквата Св. Ирена, во облик на ба-
зилика со купола и трансепт (сл. 120). Иако кај неа постои и атриум, кој по својата големи-
на доста отстапува од хеленистичките24, оваа црква по сè се поврзува со малоазиските
типови на архитектура, чии примероци се откриени во Дере Ази (сл. 44), Мира и Анкирија
(стр. 36)25. На неа можеме да го пратиме процесот на борба помеѓу, тогаш веќе застарени-
от тип на тробродна базилика и новиот тип, далеку поконструктивен и со посмела концеп-
ција на впишан крст, концепција која подоцна ќе преовлада во византиската архитектура
(сл. 121 и 121,а).
Со комбинација на ова централно решение и базилика со купола, најпосле во 532 –
537 г. се дошло до една од најгенијалните некогаш замислени и изведени градби,
„Големата црква” Аја Софија26 во Цариград27, (сл. 123-126). Пет години, десет илјади
работници под раководство на Антемиј од Трал28 и Изидор од Милет, двајца архитекти од
Мала Азија, од Анадолија, работеле на нејзиното подигнување. За нејзината купола, 31 m
распон и 55 m височина на темето, Прокопиј, кој со своите очи го прател нејзиното граде-
ње, кажува дека е „чудно и страшно дело, кое изгледа како да виcи сo златни ланци
обесено на небото“. Ако подобро го проучиме нејзиниот целосен архитектонски склоп ќе
почувствуваме дека тоа навистина е „чудо од смелост и стабилност, логика и наука“.
Нејзината калота, градена од кришкасти сегменти, стабилизирани со низа од 40 радијално
поставени ребра29, е необично плитка30. Самата калота во аглите е потпрена со панданти-
фи, а на предната и задната страна со по една полукалота со ист пречник. Секоја од овие
полукалоти е потпрена на по еден полукружен лак, во главната осовина, а од страните со
по две помали полукалоти. На бочните страни од централната калота се наоѓаат, прво
сосема плитки потпрени полукружни лаци, а под нив има силни лаци со кои се олеснети
страничните ѕидови. Но, бидејќи косите притисоци од калотата на страничните ѕидови, не
биле неутрализирани, секој од четирите столпци под куполата, однадвор е зајакнат со по
еден цврст напречен потпорен ѕид (сл. 124, 125). Неутрализирањето на страничните при-
тисоци, на целиот централен своден систем, е изведено и со цела низа на полуцилиндри-
чни и крстасти сводови31, над приземјето и трибините на обиколните простории (сл. 124),
со правоаголна форма. Црквата има и двокатен нартекс, како и една надворешна подолжна
припрата, наречена ексонартекс, која не е ништо друго, туку затворен дел од тремот,
околу хеленистичкиот атриум, кој претходно постоел од западната страна (сл. 123).
                                                            
24
Во суштина, атриумот добил вакви големи димензии со додавање на уште еден внатрешен засводен трем, од страна на
Турците.
25
На овој тип изгледа припаѓала и црквата Св. Ѓорѓи во Ефес, приближно од истиот период.
26
Аја на грчки значи света.
27
Црквата е подигната на место на кое стоела базиликата Аја Софија од времето на Константин, која изгорела за време
на бунтот Ника. Новата црква била една од најголемите дотогаш подигнати и имала 77 м должина и 72 м ширина.
28
За него и самиот Прокопие вели дека ѕидањето на Аја Софија му било доверено, бидејќи бил „највештиот современ
архитект и секако најинвентивниот од сите кои постоеле пред него”. Веќе видовме дека бил и одличен теоретичар,
бидејќи направил цела студија за машини, додека Изидор напишал една книга за геометрија.
29
Ребрата тука не служат за да ги пренесат косите притисоци на одреден број фиксирани потпори, туку служејќи како
носечки лаци на кришкастите сегментни сводови, распнати помеѓу нив, да овозможат целата купола да се изведе без
скеле. Конструкцијата станува жива и еластична, способна без опасност да издржи на извесни мали поместувања кои се
случуваат во потпорите, како резултат на нееднаквото слегнување на ѕидовите. Однадвор, куполата е зајакната со истиот
број на коси контрафори, чија што низа образува некој вид на лажен тамбур на кубично постоље.
30
Првобитно, таа била и поплитка од денес, поради што, најверојатно во 558 год. паднала. Другата, сегашна купола ја
изградил Изидор Помладиот, внук на Изидор од Милет, и ја завршил во 562 год. За да биде посигурна тој го подигнал
темето за 30 стопи, т.е. за околу 10 м. Во 957 год. паднала западната полукалота од западниот потпорен лак, па бил
доведен ерменскиот архитект Тиридит, кој ја обновил за 6 години. Во 1346 паднала, исто така, источната полукалота, со
еден дел од самата купола, ама за неколку години била повторно доведена во ред. Самата купола е градена од бела
порозна тула од Родос, која е пет пати полесна од обичната.
31
Крстастите сводови, како во ова време, така и подоцна, во византиската архитектура, обично се надвишени, т.е.
темето им е повисоко од темето на потпорните лаци, така што обликот на сводот е испакнат во висина. Тоа му дава на
сводот поголема стабилност, но затоа бочните притисоци се посилни.
Со опишаниот конструктивен склоп на самиот храм, постигнати се два необично
значајни резултати. Прво, целиот своден систем на централниот дел се потпира на осум
одредени точки, на осум масивни столпци, од кои четирите централни се најсилни. Заде-
белувањата на страничните ѕидови, наспроти овие централни столпци, не се ништо друго,
туку нивен надворешен конструктивен дел, бидејќи и едните и другите заеднички ги носат
над себе потпорните ѕидови (контрафорите) на обиколните ѕидови олеснети со аркади,
преку кои куполата е осигурена. Со концентрирањето на целиот товар и притисокот во
одредени точки, се постигнало обиколните ѕидови многу да се олеснат и да се направат
доста тенки. Вториот, и секако најзначаен резултат до кој се дошло, е тоа дека е постигна-
та извонредна единственост и поврзаност на централниот простор, како во основата така и
во просторен поглед. Од долу, окото на набљудувачите се лизга по целата низа на меѓу-
себно поврзани сводови, без да наиде на мртов агол (сл. 126). По таа своја особина, по
својата извонредно ускладена пропорција, необично јасната прегледност и строга поврза-
ност, наосот на Аја Софија спаѓа во најграндиозните внатрешни простори кои некогаш
биле изведени. За тоа време тоа било вистинско „чудо“, но ни денес не е ништо помалку.
Но, со Аја Софија не се исцрпуваат архитектонските типови на овој период. Кај
една друга црква од истото време, посветена на Св. Апостоли, градена 536-546 г., наидува-
ме на решение во облик на слободен крст. За оваа градба, која била срушена во 1453 г.,
при заземањето на Цариград од страна на Турците, дознаваме, за жал, само од еден по-
доцнежен опис32. Новината кај неа била тоа што имала пет куполи, една над централниот
дел и по една, исти по големина, над секој од краците на крстот33. Подоцна е земена како
пример за изградба на црквите Св. Марко во Венеција (828 и 1043-1071) (сл. 136), и St.
Front во Perigueux (1047-1078) (сл. 273), па по нив лесно е да се врати, барем во груби
потези, нејзиниот облик – како и црквата Св. Јован во Ефес која потекнува од истото тоа
време и припаѓа на истиот тип, а од која останале само значителни рушевини.
Најпосле, надвор од Цариград наидуваме и на кружни решенија34. Таков тип е
црквата во Преслав, Бугарија, (сл. 127), чии остатоци се откопани во 1928-29 г. Нејзината
купола е носена од цел систем на кружно поставени столбови пред ѕидовите, во кои се
наоѓале полукружни ниши, кои се појавуваат и на самата фасада. Истовремено со кружни-
от дел на храмот е подигната и припрата, на чии два западни агли се наоѓаат две помали
кружни кули. Судејќи по тоа дека атриумот е доѕидан35 подоцна и според обработката на
пластичната декорација од хеленистички тип, со примеси на извесни источни елементи,
може да се заклучи дека оваа градба била подигната кон крајот на V век, или уште поверо-
јатно во текот на првата половина од VI век, а не во IX-X, како што заклучиле оние кои
истражувале досега36.
Слично нешто наоѓаме и во Македонија. Во Коњух, Кратово, постојат остатоци од
една гробна црква со кружен поткуполен простор, обиколена со правоаголни, односно
малку трапезасто поставени ѕидови, која потекнува од истиот период.

                                                            
32
Според еден опис од почетокот на XIII век, кој ни го оставил Никола Мезаритес. Ја граделе истите архитекти кои ја
подигнале Аја Софија, Антемиј и Изидор.
33
Освен тоа, се претпоставува дека олтарскиот дел бил потполно кружен.
34
Претходно беше спомнато дека во Солун, уште во првата половина на V век, една античка ротонда, која првобитно -
во почетокот на IV век, изгледа била подигната како Галериусов мавзолеј, претворена е во црква Св. Ѓорѓи. Ист е
случајот и со ротондата на Св. Ѓорѓи во Софија, која првобитно била направена како tepidarium – млака просторија за
капење, во една римска терма од II или III век.
35
Ѕидовите на самиот храм и предворјето се правени од приделкан и полуделкан камен, со по некоја вметната тула; кај
ѕидовите на атриумот во поголема мера преовладува тулата, покрај тоа јасно се појавува составот помеѓу едната и
другата конструкција.
36
По својот архитектонски склоп црквата е најблиску до турбето на султанот Осман во Брус, Мала Азија, односно до
изгледот на старата христијанска црква, која веројатно и самата репродуцира некој многу постар источен тип. Од друга
страна, извесна аналогија наоѓаме во октогоналниот Диоклецијанов мавзолеј во Сплит, од почетокот на IV век., како и
со некои доцноримски гробници чии што снимки останале во цртежите на неколку ренесансни архитекти – Браманте,
Сангало, Серлијо и Монтана, кои се работени под источно влијание.
Архитектурата во Равена

Иако не во целост, некои од равенските градби, по начинот на третирање на деко-


ративната пластика и по обработката со полихромна декорација - мозаиците, може да се
класифицираат во пошироката сфера на византиско-источната архитектура од овој период.
Од 404 г. Равена станува престолнина на Западното Римско царство. Таа останува
престолнина и во времето на Варварите, после 476 г., а во 539 г. е присоединета кон
Источното Римско царство. Поради тоа, во овој период, овде се сретнуваме со силно
влијание, како од Цариград, така и од христијанската архитектура на Блискиот Исток.
Архитектонската дејност е необично силна, особено во втората четвртина на V век, на
крајот на V век и во текот на VI век.
Претходно беа споменати неколку базилики во Равена (стр. 18 сл. 8, 11, 17). Овие
базилики претставуваат премин помеѓу латинските и хеленистичките базилики, иако по
својот облик повеќе припаѓаат на втората група базилики.
Покрај базилики, во Равена, наидуваме и на градби од друг тип кои многу повеќе се
доближуваат до источната архитектура, односно византиската архитектура.
Гробната црква на Гала Плачидија од 430-450 г., е решена во облик на слободен
крст, со еден вид кула со квадратен пресек, кај која плитката калота, која на аглите е опфа-
тена со недоволно обликувани пандантифи, е потпрена на сите четири страни со лаци.
Потоа се јавуваат две крстилници, крстилница на православните - S. Giovanni in
Fonte - во средината на V век - решена во облик на октогон со по една полукружна ниша
во секоја од четирите закосени страни и столбови во секој од осумте агли, во приземјето и
горниот дел, кои ги потпираат лаците на аркадите - и Ариевскиот баптистериум, од поче-
ток на VI век, кој во многу нешта ја имитира, со таа разлика што од сите страни, освен од
апсидалната, централниот дел е опфатен со еден октогонален брод.
Една од најзначајните равенски градби е црквата S. Vitale (Сан Витале), изградена
во втората четвртина на VI век. По својот тип (сл. 128, 129), таа по многу нешта се поврзу-
ва со црквата Св. Сергеј и Вакх во Цариград (сл. 122), а исто така и за источните прототи-
пови од кои оваа црква настанала (стр. 84). Кај неа е карактеристично дека и надвореш-
носта е решена во облик на октогон, додека на секоја страна во внатрешноста се наоѓа по
една полукалота - освен кон олтарската апсида - пред која е травејот засводен со крстаст
свод.
Градбите од овој период, како во Цариград, така и во провинцијата, па и во Равена,
се карактеризираат со својата масивност и збиеност, понекогаш дури и со гломазни обли-
ци (сл. 125). Но, нивната просторна расчленетост, во повеќето случаи, е директна после-
дица на внатрешниот склоп, чиј организам бил видлив и однадвор, додека до нивните про-
порции се доаѓало преку геометриско и аритметичко премерување. Динамиката се пости-
гнува со куполи, доста ниски и масивни37, во повеќе случаи без тамбур, односно од надво-
решноста со лажен тамбур, потоа со пластиката на крововите и најпосле со апсидите, кои
обично од надвор се тристрани (сл. 119, 123), а понекогаш и петтострани (сл. 120).
Фасадите се сосема мирни, едноставни и скромни38, оживеани понекогаш со
големи плитки слепи аркади, кои одговараат на внатрешните лаци и сводови. Поретко,
аркадите се тесни, а се наоѓаат помеѓу пиластри кои не одговараат на внатрешната

                                                            
37
Тие обично се покриени со оловни плочи, директно на испакнатата горна површина на сводот, така што однадвор е
задржана нивната облина и пластичност.
38
Постојат податоци дека некои од нив биле обложувани со мермерни плочи, а и дека на нив имало мозаици, како на
пример во Аја Софија, но од ова ништо не е сочувано.
конструкција, како на пример кај мавзолејот Гала Плачидија и православната
крстилница39 во Равена.
Од венците, во овој период малку е зачувано. Се претпоставува дека имале слаби
испади и тенка профилација. Понекогаш се правени и со постепено испуштање на неколку
редови тула. Кордон-венци на фасадата воопшто немало.
Внатрешноста е доста побогата; во повеќето случаи тоа се постигнува со цела низа
на понекогаш и двоспратни аркади40, распнати помеѓу слободните столбови (сл. 120, 122,
123, 126). Покрај тоа, ѕидните површини се поделени со венци, во широки хоризонтални
зони (сл. 120, 122, 123, 126).
На порталите не е посветено големо внимание. Нивниот правоаголен отвор е
обиколен со тенка профилирана или слабо склуптурирана рамка, над која се наоѓа и еден
повторно недоволно развиен венец (сл. 145). Исклучок се порталите во Св. Софија во
Цариград - има 5 кои водат во припратата и 9 кои од припратата водат до храмот - кои
припаѓаат на истиот тип, но се доста побогато обработени.
Прозорите, кои со голема внимателност и во голем број41, се распоредени на фаса-
дата, имаат обично полукружен облик. Понекогаш се правени во облик на бифора или
трифора42 (сл. 128). Во поголем број случаи се сосема едноставни, без никакви рамки, а се
затворени обично со транзени од камен со густо подредени кружни отвори.
Профилацијата која ја гледаме на рамките од порталите, на венците во внатрешно-
ста и на базисите од столбовите, е со хеленистичко потекло, но доста е тенка и во повеќе-
то случаи доста немирна (сл. 130, 131). Работена слободорачно, таа колку што губи во
прецизноста при обработката, толку добива во живоста и мекоста на обликот (сл. 132).
Капителите од ова време, во поголем дел потекнуваат од античкиот, особено
коринтскиот (сл. 126а, 130, 131, лево), а поретко јонскиот, но се преобразуваат во друг
облик, така акантусовите лисја со кои се покриени добиваат сув и остар т.н. бодликав
облик (сл. 130). Во голем број, наидуваме и на сосема нови видови капители, со источно,
особено сириско и малоазиско потекло, со преплети, лози и други растителни орнаменти,
во плиток, понекогаш ажурен релјеф, сведен во една рамнина (сл. 130а, 131, десно). Капи-
телите најчесто имаат импост, односно завршен преоден дел кој служи како лежиште на
аркадите (сл. 131). Можно е овој дел да настанал со комбинација на античкиот венечен
склоп (архитрав, фриз и венец), чии што делови понекогаш ги сретнуваме и на христијан-
ските градби од античката епоха (сл. 20) и од елементите на источната, особено персиска-
та архитектура. Се случува долната површина на овие импости да е иста како и целокуп-
ната горна површина на самиот капител, така што во овој случај импостот служи како
преоден дел помеѓу поголемата површина на лежиштето за лаци и самиот капител.
Впрочем, набрзо почнуваат да се прават импости од исто парче камен од кое се прави и
капителот, со кое сочинуваат неразделна целина, така што и нивната функција на преоден
дел ја губи својата вистинска вредност.
Освен на капителите, релјефна декорација од истиот карактер сретнуваме и на вна-
трешните фризови (сл. 130, 130а), на рамките од порталите, како и на парапетните плочи
(сл. 132а).

                                                            
39
Кај оваа последната, аркадите помеѓу пиластрите се удвоени, така што имаме некој вид почеток на аркаден фриз.
40
Ретко, наместо на аркади се наидува на архитравни решенија, како на пример во приземјето на црквата Св. Сергеј и
Вакх во Цариград (сл. 122), каде сеуште во целост е зачуван античко хеленистичкиот склоп (архитрав, фриз, венец).
41
На куполата на Св. Софија во Цариград ги има околу 40, однатре меѓусебно одделени со ребрата на калотата, а
однадвор со потпорните ѕидови на лажниот тамбур.
42
Столпчињата обично имаат правоаголен пресек, издолжен во правец на дебелината на ѕидот, со полустолпчиња на
челната, а понекогаш и на својата внатрешна страна. Нивните капители скоро секогаш имаат само облик на импост.
Внатрешните површини, особено кај побогатите храмови, обложени се, во долните
рамни делови, со разнобојни полирани и интарзирани мермерни плочи (сл. 126). На исти-
от начин, т.е. од полиран разнобоен мермер со интарзии и мозаични инкрустации, а често
пати и само во мозаик, се правени и подовите. Не ретко и столбовите биле делкани, исто
така, од полихромен мермер, базалт, серпентин и порфир – каков што е случајот со Аја
Софија (сл. 126) и црквата S.Vitale во Равена. Покрај мермерот, за декорација се употребу-
ва уште и емајл, слонова коска, како и разни метали - иконостасот во Аја Софија бил изра-
ботен од сребро43 - а се појавува и освежување со позлата, особено на капителите.
Свитканите површини, особено во горните делови во внатрешноста на поедини
цркви, биле покриени со мозаици, кои светеле од живите бои на златна позадина (сл. 126,
133, т. II). Во сиромашните цркви, наместо мозаици имало и фрески, но овие, освен во по-
мали фрагменти, не се сочувани. Иконографските теми работени на овие мозаици, се земе-
ни од христијанската иконографија и црковните текстови, посебно од стариот завет, а исто
така и од дворските церемонијали44. Често пати на нив Исус е претставен како небесен
господар, како цар над царевите, со што се потенцира значењето и неприкосновеноста и
на самите источно-римски императори. Тоа впрочем била и онаа основна, иако скриена
цел на оваа архитектура и уметност, која на блескав начин требало да ги поврзе небесните
сили и земните владетели, да ја обедини црквата и државата и преку семоќноста и
вечноста на небесниот поредок да ја осигура непроменливоста на постоечките
општествени односи.

Aрхитектурата во периодот на слабеење на државата и општествените немири


- од почетокот на VII до средината на IX век -

Притисокот изразен во времето на Јустинијан и неговите непосредни наследници,


како во економски, така и во воен поглед, прилично ја исцрпил државата. Таа станува цел
на напади, како од Словените на север, така и од Арапите од југоисток. Уште на почетокот
на VI век, Словените го преминуваат Дунав и постепено го населуваат Балканскиот Полу-
остров. Византија, за да го задржи нивното движење кон Цариград, како и за да ја искори-
сти нивната работна сила во продуктивни цели, им ја дава територијата која, по поминува-
њето на германските и аварските хорди, била опустошена. Но, со ова словенското проди-
рање можело само да се забави, но никако и потполно да се спречи.
Од друга страна, на крајот на првата половина на VII век, Арапите, кои и порано
постојано навлегувале во овие провинции, дефинитивно ја освојуваат Горна Месопотами-
ја, Сирија, Долен Египет и Северна Африка. Добар дел од побогатите граѓани бегаат од
овие краеви во Цариград45 и други хеленистички центри на брегот на Мала Азија. Оттука
е и сè посилното продирање на источното влијание во овие области.
Поради овие надворешни напади, владетелот, претставник на високите општестве-
ни слоеви, морал да држи силна војска за да го одбрани барем тоа што останало, како и да
ја осигура својата веќе разнишана позиција. За ова му биле потребни огромни средства.
Меѓутоа, народот бил веќе толку исцрпен што тешко можело од него уште нешто да се
извлече. Не останало ништо друго освен да се удри на црквата, која во своите раце, преку
                                                            
43
Столбовите често пати, непосредно под капителот и над стопата, се зацврстувани со бронзени прстени за да не пукаат.
44
Најпознатите мозаици, во оваа смисла, со две композиции на кои се гледаат Јустинијан, царицата Теодора и нивната
свита, се наоѓаат во црквата S.Vitale во Равена, од 546-548 г. (сл. 133). Исто така, важни се и други мозаици кои се наоѓа-
ат во Равена, во мавзолејот Гала Плачидија, од 430-450 г., во Православната крстилница, од 450-460 г., во Аријанскиот
баптистериум од 520 г., во базиликата S. Apollinare Nuovo, од 520-530 г., S.Apollinare in Classe, од 538-548 г., како и во
базиликата во Пореч (Parenzo) на Истра, од 530-560 г. Од мозаиците од овој период, во Цариград ништо не останало, па
и во останатите градби од овој период во Источното Римско Царство многу малку е останато, како на пример во
базиликата Св. Димитрија во Солун од почетокот на VII век.
45
Од 717 до 867 г. на челото на државата се наоѓа династија од сириско потекло, со Лав III како нејзин основач.
многубројните манастири46, држела огромни комплекси на земјиште и големи богатства
од друг вид, што и овозможило и во политички поглед да започне да ја загрозува позици-
јата на владетелот. Требало да се најде повод за да и се одземе имотот и да и се уништи
политичката улога, или бар во голема мера да и се намали. Сега дворот се насочува кон
првобитното христијанство, од кое извлекува само еден елемент. Тоа е забраната за праве-
ње и обожување на идоли, донесена уште на Елвирскиот собор во 306 г. Под тој изговор,
владетелите забрануваат изработка на икони и наредуваат нивно уништување, како и уни-
штување на мозаици и фрески на кои се наоѓаат разни свети претстави. Во многу манасти-
ри постоеле икони и други слики кои се прогласени како „неракотворени“ и „чудотворни“
и на тој начин биле не само обожувани, туку и претставувале значаен извор за зголемува-
ње на материјалното богатство, како и политичкото значење на некој од овие манастири,
така и на самата црква. Оттука, целото ова поглавје на византиската историја, кое со мал
прекин од дваесет години кон крајот на VIII век, трае отприлика од почетокот на втората
четвртина на VIII до приближно средината на IX век, го добива името иконоклазма однос-
но иконоборство. Меѓутоа, тогаш се уништуваат и многу стари и врвни уметнички дела47.
Кога црквата се спротивставува на сето ова, дворот започнува со исфрлање, затворање,
прогонување, па дури и убивање на поедини црквени великодостојници, особено од
калуѓерските редови, и уште поважно, со конфискување на црковната земја и нејзино
раздавање на разни воени старешини. Покрај тоа, многу манастири биле тогаш затворени
и претворени во воени утврдувања. Овие всушност, во Византија биле првите чекори кон
воспоставување на феудалниот поредок. Но, црквата не останала пасивна. Таа успеала за
ова прашање да го заинтересира и самиот народ, кој кога и припаѓал на црквата и бил
врзан за нејзиното земјиште, бил ослободуван од служење војска. Колку и да им биле теш-
ки даноците од црквата, животот под управа на воени старешини им бил уште потежок.
Поради тоа, се случувало и селаните да ги убиваат царските чиновници, кои наредувале
манастриското земјиште да им се раздаде на воените старешини, а паралелно со тоа и да
се уништуваат иконите и живописите во црквите и манастирите. Познато е големото вос-
тание, кое во 821 г. се кренало во Мала Азија, водено од Словенот Тома. Со оваа борба
народот потпаѓа под уште посилни црковни влијанија. Но, кога целиот процес околу одзе-
мањето на црковното земјиште завршува, кога и дворот и повисоките општествени слоеви,
особено воените, се зацврстуваат, не само на сметка на црквата, туку и на самиот народ,
тие побрзале да се смират со црквата, која подмирена со малку повратени добра, со задо-
волство прифаќа. Во сиот овој конфликт, чиј длабок општествено-политички карактер бил
само површински прекриен со религиозен превез, народот, кој и самиот во него активно
учествувал на страната на црквата, од ова за себе добива само штета и ништо повеќе.
Во такви општествени прилики, природно е и архитектонската продукција да се
намали во голема мера. За профаната архитектура од ова време знаеме многу малку48. Во
Равена сепак е сочуван дел од една градба, палатата Калка, погрешно наречена „Теодори-
хова палата“, за која се претпоставува дека ја подигнал, во почетокот на VIII в. некој ви-
зантиски гувернер49. Целата е направена од тула, единствено само нејзините столбови - во
долните бифорални отвори, како и оние, кои испакнати на конзолната плоча ги потпираат
слепите аркади на фасадата, се изделкани од камен (сл. 134).
Во поглед на верската архитектура малку е сочувано. Така црквата Св. Андреј од
Кризис (од VII в.), во Цариград, претворена во џамија под името Коџа-Мустафа-паша, има
купола со низок тамбур, опфатена во аглите со пандантифи, а од страните со полукалоти,
                                                            
46
Се претпоставува дека во VIII век вкупниот број на калуѓери бил повеќе од 100 000.
47
Меѓу другите, и првобитниот мозаик во црквата Аја Софија во Цариград.
48
Познато е тоа дека Јустинијан II, на крајот на VII в. доѕидал во царската палата две репрезентативни дворани,
наречени Лаузиакос и Јустинијанос; во втората четвртина на IX в. Теофил гради и луксузна престолна дворана, наречена
Триконхос, потоа и неколку дворани и павиљони, помеѓу кои најбогати биле Бисерната дворана и спалната соба на
царицата, над која се издигала позлатена купола, - но, од сè ова нема никакви остатоци.
49
Постојат претпоставки дека овде била и црквата Св. Спас од VIII-IX в.
направени над еден вид бочни бродови; травејот од западната страна пред куполата, доста
е понизок од олтарскиот простор (сл. 135). Градбата во втората половина на IX век во
голем дел е реставрирана, па можеби затоа кај неа се појавува ваков необичен склоп.
Надвор од Цариград, од овој период, се пронајдени помал број споменици, изграде-
ни повеќе под источно, отколку под цариградско влијание. Така во првата деценија на VIII
в. е подигната црквата Успение на Пресвета Богородица во Никеа, во западниот дел на
Мала Азија, од типот на комбинација на збиен впишан крст и базилика со ниска купола,
(сл. 135а), слична на градбите од јужниот дел на Мала Азија, во Дере Ази (сл. 44), Мира и
Анкирија, а помалку и на црквата Св. Ирена во Цариград (сл. 120), па и на Св. Софија во
Солун (сл. 119). Потоа, кај селото Постуше, во околината на Пловдив се наоѓаат урнати-
ните на „Црвената црква“ од VII или VIII в.50, изградена само од тули, кај која куполата е
потфатена од три страни со полукалоти, а од четвртата, олтарска, со краток полуцилин-
дричен свод. Бидејќи бочните внатрешни конхи се обиколени со еден вид на полукружни
бродови, таа по својата концепција многу потсетува од една страна на црквата во Виран-
шехер, во Горна Месопотамија (сл. 34), а од друга на античката Хадријанова библиотека
во Атина, од првата половина на II в.
Освен овие комбинирани видови на градби, и понатаму се појавуваат базилики, но
тие претставуваат некој вид комбинација меѓу хеленистичките и ориенталните, како што е
базиликата Св. Софија во Никеа, од VII-VIII в., со рамни таваници, потфатени меѓу глав-
ниот и страничните бродови со ѕидови отворени со две широки аркади и една мала помеѓу
нив.
На овие градби, од една страна, се покажува тенденција за имитирање на големите
творби од претходната епоха, а од друга страна за внесување на нови источни тенденции.
Според својата просторност, градбите сеуште се масивни и збиени, додека пластичната
декорација им е помалку строга, послободна, но и поневешто изработена од претходната, -
инспирирана од влијанијата на Сирија и Мала Азија. Со сето тоа, тие претставуваат пре-
мин за влез во новата епоха на Византиско создавање.
Нивната внатрешна декорација е уште поразлична од онаа од V-VI век. Во вна-
трешноста на црквите, се појавуваат, мермерни плочи и мозаици, но нивните мотиви се
поинакви од претходните. Наместо разните комбинации од верски карактер51, земени од
стариот и новиот завет, се појавуваат, под александриско и сириско, па и исламско52
влијание, пејзажи со дрва, ѕверови и птици, врамени со разни лозници, па со тоа внатреш-
носта на храмовите, - како на пример црквата во палатата Влахерна, чиј мозаик е израбо-
тен во средината на VIII век, - според зборовите на тогашните противници на ваквата де-
корација, пoвеќе личела на „градина или кафез“, отколку на црква53. Уште поважно е тоа
што тогаш се појавуваат многу реалистични сцени од животот, од хиподроми и ловишта,
па сè до разни претстави на царски победи, коишто имале за цел во самите цркви да ја
подвлечат и истакнат моќта на византиските владетели. Таа многу радикална промена во
тематиката, од религиозно наративна во световно-историска, дворска, е одраз на острата
борба која се водела меѓу дворот и црквата за превласт во политичкото управување со
                                                            
50
Датирањето е доста несигурно. Можеби е постара а можеби и помлада.
51
Така постариот мозаик во куполата на Аја Софија е заменет со еден голем крст на златна позадина.
52
Дека постоеле овие влијанија, најдобро се гледа од фактот дека во втората четвртина на IX век, царот Теофил
подигнал за себе „сараценска палата“.
53
Композиции од овој вид се наоѓаат и во црквите од претходните епохи, но тие во нив имаат споредна улога. Се среќа-
ваат во мавзолејот S. Constanza во Рим, од 320-330 г. и во Солун во Св. Ѓорѓи и Св. Петка (Ески-Џума), од V век. Многу
значен мозаик, карактерно поврзан за иконоборската традиција наоѓаме во салата на Роџер II, во Палермо, од првата
половина на XII век. – Надвор од Византија влијанието на иконоборската концепција скоро и да не постои. Така на
фреските, во S. Maria Antiqua од VIII век и S. Grisogono од VIII-IX век, во Рим и S. Vincenzo во Volturno, од втората
четвртина на IX век, и на мозаиците во S. Maria Domenica и S. Prasseda од првата четвртина од IX век, во Рим – влијани-
ето на иконоборството не се забележува. Сосем природно Ватикан и тогаш држел некоја политичка линија, затоа е
погрешно овие фрески и мозаици да се нарекуваат „византиски“, како што често се прави.
земјата. Во конфликтот меѓу верската и империјалната иконографија, во овој момент
победила империјалната. Но, од делата во овој период скоро ништо не е зачувано, бидејќи
после конечното помирување на црквата и државата, во 842 г., овие сцени биле немило-
срдно уништувани за да го отстапат своето место на новите мозаици и живописи со
религиозна содржина.
Сл. 116 - Карта на византиските, бугарските, македонските, српските и влашките
архитектонски подрачја.
- Византиски градби
- Бугарски градби
- Македонски градби
- Преромански зетски градби
- Градби на рашката школа
- Градби на косовско-метохиски групи
- Градби на моравска школа
- Градби на влашка школа
- Романски и готски градби

Сл. 117 - Ѕидовите на Цариград, од првата половина на V век, покасно во уште прилики
обновувани. Реконструкција C. Gunlitt
Сл. 118 - Остатоци од аквадуктот Му’алак Кемер кај Цариград, од првата половина на VI век

Сл. 119 - Основа на црквата Св. Софија во Солун, во комбиниран облик на впишан крст обиколен
со некој вид обиколен брод. Куполата во основа не е потполно кружна туку однатре е само
заоблена во аглите, што ја прави потешка, но и постабилна, бидејќи пандантифите се помалку
исфрлени. ...

Сл. 120 - Основа и пресек на базиликата со купола Св. Ирена во Цариград, од 532 год. По
најновите истражувања црквата изгледа во 740 год. претрпела сериозна реконструција
Сл. 121 - Внатрешноста на црквата Св. Ирена во Цариград, од 532 год. Во четириесеттите
години од минатиот век била воен музеј. По C. Gurlitt

Сл. 121, а - Сегашниот изглед на црквата Св. Ирена во Цариград.


Сл. 122 - Основа и пресек на црквата Св. Сергеј и Вакх во Цариград, од 530 год.

Сл. 123 - Основа и пресек на Аја Софија во Цариград од 532-537 год. Куполата е реставрирана
според описите, онака како што била првично изработена; сега нејзиното теме е десетина
метри повисоко.
Сл. 124 - Конструктивниот систем на Аја Софија; напречен пресек низ една од бочните страни
под куполата.

Сл. 125 а - Изглед на Аја Софија од југозападната страна.

Сл. 125 - Перспективен изглед на Аја Софија од југоисточната страна.


Сл. 126 - Внатрешниот изглед на Аја Софија. Да се обрне внимание како на едноставноста и
поврзаноста на внатрешниот простор, така и на хармоничниот распоред на отворите,
аркадите и прозорите.

Сл. 126 а - Внатрешен изглед на Аја Софија во Цариград. Погледнете ја едноставноста и


поврзаноста на внатрешниот простор, како и на хармоничниот распоред на отворите,
аркадата (ходникот со столбови поврзани со лакови) и прозорците.
Сл. 127 - Основа на кружната црква во Преслав, од крајот на V или VI век – со подоцна додаден
атриум. Словенскиот натпис се наоѓа на местото означено со стрелка.

Сл. 128 - Перспективен пресек низ црквата S. Vitale во Равена, од втората четвртина на VI век.

Сл. 129 - Основа на црквата S. Vitale во Равена. На нејзината западна страна во 1930 година се
ископани остатоци од атриум за кој не може да се види точно како бил поврзан со црквата.
Сл. 130 - Базис, капител и венец на столб од предворјето на црквата Св. Јован во Цариград, од
втората половина на V век

Сл. 130а - Капител и венец од црквата Св. Сергеј и Вакх во Цариград од 530 год.
Сл. 130б - Капител од Аја Софија во Цариград
Сл. 131 - Базиси и капители од столбови во црквата S. Vitale во Равена, од втората четвртина на
VI век; - лево, столб од трибините, - десно, од приземјето; левиот капител е класичен
композитен, а десниот со источно потекло.

Сл. 132 - ???

Сл. 132, а - парапетна плоча од црквата S. Vitale во Равена, во втората половина на VI век
Сл. 133 - Мозаик од црквата S. Vitale во Равена, од средината на VI век; Јустинијан опкружен со
претставници на црквата и војската.

Сл. 134 - Фасада на палатата Калка, во Равена - од почетокот на VIII век - неоправдано наречена
„Теодорихова палата“.
Сл. 135 - Основа и пресек на црквата Св. Андреај од Кризис, наречена Коџа-Мустафа-пашина
џамија, од VII в., голем дел реставриран во втората половина на IX в. Обрнете внимание на
бочната полукалота под куполата, како и на западниот травеј пред поткуполниот простор,
понизок од источниот.

Сл. 135, а - основа на црквата Успение на Богородица во Никеја, на почетокот на VIII в. ?


Византиската архитектура во периодот на воспоставување соработка меѓу дворот и
црквата54 од средината на IX до пред крајот на XII век

Високите општествени слоеви во Византија, на чело со владетелот, зајакнати со


конфискување на црковниот имот, успеале да ја зацврстат својата претходно разнишана
позиција55. Црквата со ова морала да се помири и ништо друго не и останало, освен пов-
торно да соработува со владетелите, од што можела да извлече само лична корист. Така,
со текот на времето, а посебно во XI и XII век, дошло до постепено, барем делумно враќа-
ње на земјиштето на манастирите. Тие во целост ја поддржувале царската власт, на која
ова и било потребно, бидејќи кај народот, поради тешката сиромаштија и големите давач-
ки, како и претераното искористување на работната сила, често се појавувале немири. Од
друга страна, воено зајакната и целосно под дворска власт, која често успевала да врши
државни удари и да ги менува владетелите, државата успева да им одолее на честите напа-
ди на Словените и Арапите, па дури и да покаже извесни успеси кон нив. Подоцна, во
текот на XII век, овие воделе тешки борби со крстоносците56, така што Византија од таа
страна останала доста безбедна.
Под целосна зависност од дворот, црквата требала да издржи уште една борба. Тоа
е борба со сè појаките империјалистички аспирации на католички Рим. Додека цариград-
скиот патријарх бил во целост потчинет под Василиј, папата успеал, на повеќе наврати,
западно-европските владетели да ги направи политички зависни од Ватикан. Затоа не е ни
чудно што секогаш и фрлал око и на богатата византиска престолнина. Конфликти помеѓу
римската и цариградската црква имало и порано57, а особено со покрстувањето на
Словените, - што византијците го правеле многу поумешно, бидејќи христијанството го
ширеле на словенските јазици, додека римските свештеници проповедале најчесто на
латински. Покрај тоа, и во јужна Италија, во која Византија имала свои економски и
политички интереси, во првата половина на XI век, дошло до сè поголемо јакнење на
влијанието на папата. Од тоа кон која црква ќе се приклучат новопокрстените, зависело во
која благајна се влеваат големите приходи, давани во облик на подароци и црквени
даноци. Догматските разлики, кои за време на овие конфликти постојано се нагласувани, -
околу тоа дали Исус произлегува од Бог или тие сочинуваат единство, и сл. – служеле
само како маска, со која пред верниците ги прикривале длабоките економски и политички
спротивности. До конечниот расцеп дошло во 1054 г., после што византиската црква
станала уште посамостојна во своите акции.
Од друга страна, потполно се фиксираат облиците на богослужење, така што во
централниот дел на црквите се развиваат блескави сцени, кои во хипертрофиран облик го
имитираат и дворскиот церемонијал.
Сето ова давало погодни можности и за зголемена архитектонска дејност. Голем
број зачувани градби од овој период даваат полна слика за тоа во кој правец таа дејност се
движела. Може веднаш да се констатира дека влијанијата од блискиот Исток, со кој
Цариград бил во непосреден однос, сè повеќе зајакнуваат, додека античката традиција
слабее, за да се покаже на дело разликата со католичкиот Рим.

                                                            
54
Терминот „втора златна доба“ или „прва византиска ренесанса“, со кој често се нарекува овој период не одговара на
реалноста.
55
За да и се даде на оваа состојба и правна поддршка во 879 г. се обновува Јустинијановиот кодекс во извод под име
Прохирос Номос, а од 887 до 893 г. во вид на проширена компилација од 60 книги под името Василики. Во првата
половина на X век под името на Константин Порфирогенит („роден во порфир“) се појавува „Книга на церемонии“,
според која на василевсот (императорот) му се оддава почит како на вистинско божество. Во средината на XI век,
поточно 1045 г., во Цариград е основана и Големата правна школа, која имала за цел и правно да ја зацврсти положбата
на владеачката класа.
56
За крстоносните војни ќе зборуваме подоцна.
57
Така византискиот цар Лав III во 732 г. од куријата одзел земји на солунскиот викаријат и архиепископијата
Јустинијана Прима и ги доделил на цариградската патријаршија.
Веќе во втората половина на IX век, Василиј I, (867-886), основач на новата Маке-
донска династија, за да ја покаже својата моќ и уште повеќе да ја придобие соработката со
црквата, подига не само за себе една луксузна палата, позната под името Кенургион, туку
и голем број храмови, околу 43, меѓу кои најпозната е Нова црква, Неа, која не е зачувана,
но за која има доста опширни описи58. Од нив се гледа дека градбата била од типот на
впишан крст, но имала пет куполи. Новоста е во тоа што четирите споредни куполи не
биле распоредени над краците на крстот, како порано на црквата Св. Апостоли, - од која
ни останала баш од ова време една реплика во црквата Св. Марко во Венеција59 (сл. 136), -
туку над просторот во аглите помеѓу краците на крстот, така што централната купола е
далеку пологично потфатена, а целиот конструктивен склоп добил далеку позрел облик.
Еден византиски објект од овој тип, во многу смалена величина спрема Нова Црква, е
зачуван во нашата земја, во близина на Скопје. Тоа е црквата Св. Пантелејмон во истоиме-
ниот манастир кај селото Нерези, од 1164 г. (сл. 178). Во руската средновековна архите-
ктура овој тип на објекти ќе биде многу омилен почнувајќи од крајот на X век. Подоцна,
во XIV и XV век, ќе биде често репродуциран и на други места, за што дополнително ќе
стане збор.
Повеќето од црквите во оваа епоха воглавно имаат облик на впишан крст во разни
варијации. Основата може да биде едноставна, така што олтарскиот простор е сместен во
источниот крак на крстот, а проскомидијата и ѓакониконот во соседните простории.60 Ме-
ѓутоа, далеку почест случај е основата да е нешто покомплицирана, - т.е. трите простори
на светилиштето, - олтарски простор, проскомидија и ѓаконикон, - да се надоврзуваат од
источната страна нa правоаголникот во кој е впишан крстот, - како на пример во Цари-
град, во црквите Панакрантос61 (Фенери-Иса-џамија), Мирелеион (Будрум-џамија) и Св.
Теодори (Килисе-џамија) од втората половина на XI век, потоа Пантепопте (Ески-Имарет
џамија) од крајот на XI и Пантократор62 (Зеирек џамија) од XII век; потоа во Капникареја
и Малата Митрополија во Атина, двете од XI век, во црквите Кризокефалос63 („Златногла-
ва“, „со златна купола“), и Св. Софија во Трапезунт64 од XII век, како и во северната црква
на манастирот Св. Лука во Фокида, веројатно од втората половина на X век (сл. 137).
Понекогаш, всушност сосема ретко, бочните краци на крстот излегуваат малку нанадвор
спрема бочните ѕидови и формираат некој вид на издолжен трансепт.65
Куполата, преку пандантифите и потфатните лаци, односно полуцилиндричните
сводови, се потпира обично на четири столбови од камен, со кружен или осмостран
пресек, - како во северната црква во манастирот Св. Лука во Фокида (сл. 137), - или на
четири столпци, со квадратен, - Мирелеион, - ретко осмостран, - Пантепопте, - или сложен
пресек, - Кризокефалос во Трапезунт.
                                                            
58
Константин Порфирогенит ја опишал во Животот на Василиј, а патријархот Фотиј во своите Хомелии.
59
Црквата св Марко е подигната 830-836 г. но во 976 изгорела, после што, во 1043-71, повторно е соѕидана во
денешниот облик. Фасадата и потекнува од XII- XIII в., а обновена е и во некои делови од XVI до XIX в.
60
Како во Митрополијата во Хераклеа, (Ерегли), на Мраморното Море, од крајот на IX в., а и во црквата Св. Теодосиј, -
Ѓул-џамија, - или во црквата Св. Текла (?), која е наречена џамија Атик-Мустафа-Паша, двете во Цариград, од втората
половина на IX век, најпосле и кај црквата чии остатоци се ископани недалеку од манастирот Кајсариани кај Атина, од
X век. Кај сите овие четири, просторите во аглите се одвоени од соседните краци на крстот, со полни ѕидови, во кои има
само тесни пролази, како во Мала Азија, во Алаџа Килисе односно на црквата Богородица Ѓакониса, Календер џамија,
од VI-VII век во Цариград. Ист е случајот и со црквата во Самара, во Месенија, од XI-XII век, кај која со полни ѕидови и
тесни пролази се одвоени единствено просторите на светилиштата меѓусебе, додека на западната страна, под кубето,
има два столба со кружен пресек.
61
Црквата е составена од две градби сукцесивно подигнати една до друга; споменатото решение се наоѓа во северната,
постарата, од 908 г. додека јужната е подигната 1282 г. Ова е всушност црквата на манастирот Липс во кој кралот
Милутин подигнал болница.
62
Црквата на манастирот Пантократор е составена од три градби сукцесивно подигнати една до друга, а споменатиот
план го среќаваме кај двата бочни храмови.
63
Веројатно уште од 914 г., а многу обновена после 1204 г., инаку црквата и од западната страна е продолжена со уште
по еден травеј.
64
На бочните страни на оваа црква гледаме широко отворени ниски вестибили.
65
Како на пример на црквата во Скрипу, во Беотија, од втората половина на IX век.
Сосема исклучително наидуваме и на решенија на потполно збиен впишан крст,
сведен речиси само на поткуполниот простор и светилиштето, како на пример во најстари-
от дел од храмот Моне тис-Хорас, - Карије-џамија, - во Цариград, од првата половина на
XII век. Се претпоставува, донекаде и со право, дека овој централен дел првично можел да
биде опколен од трите страни со обемен брод, слично на она што порано го видовме во
црквата Св. Софија во Солун66 (сл. 137,б).
Исто така ретко е и решението во облик на потполно слободен крст, кое го наоѓаме
во црквата Палеопанагија во Манолада, во Ахаја, од XII век (?), чиј нартекс ги опфаќа
сите три страни на западниот крак на крстот.
Но, обликот на впишаниот крст може и да се комплицира. Ако куполата е со нешто
поголем распон, тогаш сите четири краци, за да не се прават над нив полуцилиндрични
сводови од поголеми размери, се делат на по три травеи, од кои само средниот ја задржува
висината која допира до под самата купола, додека останатите се пониски. Ваков архитек-
тонски склоп веќе порано сме виделе во Диарбекир, во Горна Месопотамија и тоа уште во
V-VII век (сл. 35). Сега го наоѓаме во јужната црква на манастирот Св. Лука во Фокида
(сл. 137), веројатно од првата четвртина на XI век, во манастирот Дафни кај Атина, од
втората половина на XI век, како и на уште неколку места. Интересно е дека кај сите овие
објекти наместо пандантифи се појавуваат тромпи, што само го потврдува источното
потекло на овој тип.
Меѓутоа, понекогаш наидуваме и на исклучителни измени извршени во ова реше-
ние, и тоа пред сè на тој начин што се изоставуваат како бочните краци на крстот, така и
сите останати бочни простори. Таков случај е Неа Мони, на островот Хиос, од 1050 г. (сл.
138), каде потфаќањето на куполата е извршено на тој начин што на секоја страна од
поткуполниот простор се наоѓаат исфрлени од рамнината на ѕидот, по два пара споени
столбови, во две зони, приземна и горна, така што во аглите помеѓу овие столбови има
еден вид тромпи, а во средините на страните некој вид на згмечени полукалоти.67
На крајот на X и во текот на XI век се појавуваат на Св. Гора, на Атос, кај Солун,
поголем број на манастири68 кои меѓусебе формираат некој вид на независна црковна
република. Црквите во овие манастири имаат специфичен облик во вид на впишан крст,
со две бочни апсиди, над кои полукалотите ги потфаќаат челата на бочните полуцилин-
дрични сводови под куполата. На тој начин добиваме комбинација на триконхосот и
решение во облик на впишан крст. На овој вид припаѓаат црквите на манастирите Лавра,
Ватопед (сл. 139) Ивирон - иверскиот, ерменски манастир, - Хиландар,69 Ксенофон и др.,
кои во текот на подоцнежните векови се многу обновувани.
Исклучително, во црквата Св. Апостоли во Атина, од XI в. наоѓаме една комбина-
ција, од уште по конструктивен облик, помеѓу едноставен впишан крст, триконхос и окто-
гон, која се манифестира на тој начин што аглите на градбата, однадвор, од источната
                                                            
66
Оттаму е и мислењето дека можеби не потекнува од XII туку од VII-VIII в.
67
Решение од ваков тип наоѓаме уште многу порано, во IV-V в. во тамбурот на куполата на црквата во Коџа-Калеси, во
Мала Азија (сл. 43), само што овде столпчињата се исфрлени поединечно, а не се спарени по два, а покрај тоа и целата
конструкција е изведена дури во тамбурот, додека во Неа Мони почнува од самиот под. На овој тип припаѓаат уште и
црквите во Крина, Пирги и Сикузис, сите на островот Хиос.
68
Атонската гора почнала да се населува со калуѓери уште во текот на втората половина на VII век, - бегалци од
краевите кои тогаш биле заземени од Арапите, - како и во текот на VIII и IX век, во време на иконоборството, кога овде
дошле прогонетите монаси. Но големите манастири почнале да се основаат, а и особено значајните градби во нив да се
подигаат, дури кон крајот на X и во текот на XI век, тогаш кога од страна на владетелите им биле доделени поголеми
површини на земјиште, на Халкидики и на други места. Покрај големите општежителски манастири, на Атос имало и
мноштво на мали ќелии за испосниците, аскетите. Некогаш, во времето на првите еврејски пророци, аскетски, пустински
живот всушност живееле бунтовниците „отпадниците“ од државната или верската власт кои, за да спасат глава, биле
приморани да се кријат по непроодни краеви; - постепено, по законот на имитација, тие се претвориле во верски
фанатици и залуденици кои живееле од туѓиот труд.
69
Хиландар, кој потекнува од порано доба, обновен е кон крајот на XII в., а изгледа целосно преѕидан во 1303 г., - исто
така и припаѓа на оваа група.
страна, се малку закосени додека однатре во нив се појавуваат полукружни ниши (сл.
141).
Чистиот триконхос е многу редок; го наоѓаме во сосема едноставен облик во
црквата Св. Никола во Платани, кај Патрас, во јужната црквичка на Ватопед (сл. 139),
како и во малку по комплициран облик во храмот Св. Спас во Солун, - од XI в.
Сите овие типови со бочни апсиди всушност се градени под директни влијанија на
архитектурата од блискиот Исток.
Куполите кај овие објекти имаат далеку помали распони од порано70; калотата осо-
бено кај оние во Цариград, им е често кришкасто поделена, - Мирелеион, Св. Теодори (над
нартексот), - а понекогаш помеѓу кришките се наоѓаат и ребра, - Пантепопте, Пантокра-
тор, Теотокал. Поради тоа што калотата е со помал распон постоела можност да се израбо-
тат и тамбури, кои се сеуште релативно доста ниски и отворени обично со по дванаесет
потесни прозорци, на секоја од дванаесетте страни по еден.71 Освен ретките исклучоци, -
во црквите од типот на јужниот храм на Св. Лука во Фокида, во кои има тромпи, - преоѓа-
њето во аглите се врши редовно со пандантифи. Над краците на крстот се наоѓаат обично
полуцилиндрични сводови, а по исклучок прекршени, - Св. Теодосиј (Ѓул-џамија), - ретко
некој вид крстасти сводови, - Мирелеион, Дафни, - а понекогаш наоѓаме и една калота над
источниот крак во кој е светилиштето, - Св. Лука во Фокида (сл. 137)72. Над просториите
во аглите помеѓу краците на крстот се изработени најчесто или крстести сводови, - Панте-
попте, Св. Лука во Фокида (сл. 137), - или калоти, - Св. Теодосиј, Св. Теодори, - или коне-
чно надолжни полуцилиндрични сводови, - Пантократор. – Сите овие видови на сводови,
па дури и куполите, се појавуваат и над нартексот, кој сега редовно се гради со црквите,
додека атриумите во потполност исчезнуваат. Трибините (галериите) се исто така многу
ретки, - Св. Теодосиј, - а во текот на XI век, тие исчезнуваат скоро целосно, така што се
задржуваат, донекаде, единствено уште над нартексот.
Сето ова предизвикува просторната композиција на објектот да стане нешто по-
жива и подинамична, додека масите и понатаму остануваат добро пропорционирани.
Расчленувањето е нагласено со повишени куполи, со поистурени апсиди, однадвор обично
полигонални, тространи и поретко петострани, и со кровови кои одговараат на внатрешно-
то крстовидно решение (сл. 142).
Како што просторното решение е функција на внатрешниот склоп, така е и компо-
нирањето на фасадата зависно од самата конструкција.
Оттаму, на фасадите се појавуваат широки слепи аркади плитко и степенасто - со
еден или два жлеба - засечени во ѕидот, кои одговараат на лаците и сводовите во внатреш-
носта на објектот. На апсидите овие аркади стануваат чисто декоративни, неконструктив-
ни, изразени понекогаш во две суперпонирани (надредени) зони, а често во нив наоѓаме и
плитки полукружни ниши (сл. 142). Тамбурите на куполите се оживеани со колонети,
изработени на секој раб од нивниот надворешен полигонален облик. Овие колонети, преку
ниски, сосем едноставни капители, примаат лачни венци од тула, обично во четири реда,
исфрлени еден према друг нанадвор, така да секој втор, долен ред е составен од косо наре-
дени тули кои на тој начин формираат запци. Со овој тип на венец се завршени обично и
самите фасади (сл. 144). Кордон-венци, од слабо закосени, едноставно профилирани каме-
ни плочи, во ова време се сосема ретки. Меѓутоа место нив често постојат, околу прозор-
ците и помеѓу нив, траки од вовлечени тули наредени една крај друга, така што сочинува-

                                                            
70
Од пет до десетина метри.
71
Тамбурите се обично однадвор дванаесетострани; исклучително наоѓаме и други решенија; така тамбурите на малите
куполи на црквата на манастирот Нерези се квадратни (сл. 178).
72
Да се сетиме овде на коптската црква на манастирот Деир Ес-Суриани од втората половина на VII век, кај која исто
така наидовме на слично решение (сл. 80).
ат назапчена линија (сл. 152, 4, 9). Дури има и случаи, како на пример во Капникареја во
Атина, запците да се правени од специјално печени, зашилени тули.73
Цокле понекогаш постои, но никогаш не е особено нагласено.
Самите фасади обично се правени од тула и камен, во хоризонтални редови, и тоа
така што еден до три реда од камен се менува со два до три, ретко повеќе редови на тула
(сл. 142).74 Меѓутоа тамбурите на куполите се правени сеуште, речиси редовно, само од
тула. Лаците однадвор се исто така изработени или само од тула (сл. 143), или од наизме-
нично комбинирани сводови од камен и две до три, ретко повеќе, тули.75 Помеѓу редовите
од тула, односно тула и камен, се става многу дебел слој од малтер, 4 до 5 см, така што на
фасадата се менуваат топлата румена боја на тулите со нешто поладната сива боја на каме-
нот и окерната боја на малтерот.76 Полихромијата на фасадите така доаѓа до полн израз
(сл. 142). Има податоци дека некои од црквите, посебно во Света Гора - на Атос, - како
Лавра и Ватопед, - биле првобитно потполно малтерисани и боени во пурпурна боја, што
во околното шумско зеленило делува необично контрастно. Сосема ретко, како на пример
на Малата Митрополија во Атина, фасадите се правени само од камен, со употреба на
различни релјефи, сполии, земени од некои постари христијански и антички објекти и
вградени во горните делови на храмот.
Обработката на порталите не се разликува многу од оние во претходната епоха;
единствено што профилите на нивните довратници, како и сите останати профили на кои
наидуваме во ова време, сè повеќе се оддалечуваат од античките (сл. 145). Понекогаш над
надвратникот се појавува и полукружен тимпан, во кој може да биде изработен релјеф,
заобиколен со лесна архиволта, како во Малата Митрополија во Атина. Има и случаи каде
порталите се завршени со полукружен лак, заобиколен со архиволта како во Св. Сотир
Ликодим во Атина.
Прозорите се исто така доста едноставни и обично лачно завршени, а нивната рам-
ка, од тула, или камен и тула, е вовлечена за еден или два степена во рамнината на ѕидот.
Ги има поделени со една или две колонети на бифори, односно трифори. Понекогаш, осо-
бено на апсидите, можат да бидат и со доста големи размери (сл. 142). Овие бифорални
или трифорални отвори често биле правени и на западните, па и на бочните фасади на
нартексот, и тогаш почнувале од самиот под, но долниот дел, до висина од 1-1.20 м, им е
затворан со парапетни плочи од камен.
Релјефната декорација која ја наоѓаме на овие парапетни плочи, потоа на парапет-
ните плочи на ниските камени иконостаси77 (сл. 146, 147), понекогаш на венците и на
довратниците на порталите, како и на капителите, е сосема плитка. Таа се состои обично
                                                            
73
Имало случаи тулата да се прави и полукружно заоблена од едната страна; со редење на тулите една врз друга се
добивал полуцилиндричен испуст за колонети, на рабовите на тамбурите.
74
Овој начин на конструкција доаѓа од потребата со хоризонтални редови од тула да се израмнат пополните редови од
камен, кај кои, поради големата употреба на малтер во фугите, често доаѓало до нееднакво слегнување.
75
Сводовите се правени исто така од сига или сига и тула, во наизменични редови. Помалите полукалоти обично се
правени лепезасто, и тоа така да зрачната линија на „лепезата“ поаѓа од долниот средишен дел на површината на самиот
свод; кога полукалотата е од поголеми размери може да биде составена и од неколку „лепезасти“ полукружни елементи,
наредени едни крај други, а во горниот ред секогаш меѓу два долни (сл. 143).
76
Окерната боја на малтерот се добивала со патина, а топло румената боја од деланки од тула со кои малтерот се мешал.
Спојниците (фугите) се не само полни, - понекогаш повеќе полни и од самите тули, туку обично се и пластично
исфрлени, нешто малку нанадвор, веројатно за да се заштити тулата од влага и мраз.
77
Иконостасите се обично изградени од неколку столпчиња, долу правоаголни, а во погорниот дел, со осмоаголен
пресек, поврзани се меѓусебно со еден каменен профилиран венец, кој се наслонува на нивните капители; долниот дел
помеѓу столбовите е исполнет со парапетни плочи, а горниот, кој некогаш е затворан со завеси, е исполнет со големи
икони. - На ѕидовите, односно столпците, непосредно покрај иконостасот, поединечни ликови на светци можат да бидат
врамени во рамка од камен, - или штуко, како на пример во Нерези, - кои носат архиволта или скулптуриран фронтон.
Се случува понекогаш столпчињата на иконостасот да се составени од снопови од по две или повеќе споени потесни
колонети, кои во средината се врзани во чвор, - како на пример во Лавра. - Такви „заврзани“ колонети има и на Западот,
во романската архитектура, посебно во Ломбардија, но тие таму дошле секако од Византија, затоа што ги најдуваме и на
византиските минијатури.
од лози, во кои, навистина ретко, може да бидат вплетени и птици или животни, - човечки
фигури речиси никогаш нема, - а понекогаш има и двоструки, троструки, па и четиристру-
ки преплети, како на пример на парапетните плочи во Лавра (сл. 146, 147) и во Ивирон, на
Атонската Гора78. Капителите, иако по обликот во крајна линија потекнуваат од хелени-
стичките, сосема се упростуваат и се покриваат со ист вид на релјефна декорација со
источно потекло (сл. 140).
Во внатрешноста на градбите сеуште можеме да наидеме, кај побогатите храмови,
посебно во Цариград, на инкрустирани мермерни плочи во долните делови на ѕидовите и
подовите, - како во средната црква на Пантократор во Цариград и во Лавра, Ватопед и
Ивирон на Света Гора. Мозаиците исто така не се ретки, а меѓу нив најпознати се оние на
галериите и во нартексот на Аја-Софија во Цариград, од втората половина на IX, и од
почетокот на втората четвртина на XI век79, потоа во Св. Лука во Фокида, од првата
половина, и во манастирот Дафни кај Атина, од втората половина на XI век80.
Од фреските81 од овој период во Цариград не е останато ништо, но за нивниот
строг, едноставен и монументален стил може да се суди по тоа што го наоѓаме во црквата
Св. Софија во Солун и во Костур, но и кај нас во Св. Софија во Охрид, во Водоча кај
Струмица, Курбиново на Преспа, Манастир во Прилепската област од XI-XII век, и во
Нерези, Скопје од 1164 г., како и во руските цркви во Киев, Новгород и Владимиро-
Суздалската област од XI и XII век. Големите, цврсто работени композиции, затворени
обично во ограничена архитектонска површина, или поврзани помеѓу себе во долги
фризови, добиваат широка, мирна темносина позадина наместо златната.
По стилот, овие мозаици и фрески по многу нешто се врзуваат на теркот на анти-
чкото христијанско време, како по широкото монументално компонирање, по еластичнос-
та и елеганцијата на цртежот, по финото моделирање, така и по богатството на бои. Но
иконографијата сега, после иконоборските препирки, во потполност се фиксира (утврдува)
така што секоја композиција земена од христијанските црквени текстови има свое одна-
пред одредено место, кое одговара на литургиските служби и односите на поедините
делови на храмот спрема неа. Карактеристично е сцените од рајот и пеколот да се наоѓаат
лево и десно од влезната врата, за да верниците можат подобро да ги воочат и да извлечат
поука каков треба да биде нивниот однос спрема црквата и владетелот, односно какви сè
казни ги очекуваат доколку не го почитуваат веќе утврдениот автократско-феудален поре-
док, а каква благосостојба ги очекува на другиот свет доколку без противење се покорат.
Всушност и понатаму постојано се нагласува значењето на владетелот и неговото семеј-
ство, како и нивната врска со црквата, а преку неа и со небеските сили82, од што произле-
гува нивната лична неприкосновеност.

                                                            
78
Да не заборавиме дека Ивирон бил ерменски манастир и дека до него и оттаму можеле да допрат источните мотиви.
79
Во 989 г. наместо крстот кој потекнувал од добата на иконоборството изработен е ликот на Христос Пантократор -
Седржител, - но овој мозаик повеќе не се гледа под малтерот со разни ориентални шари, со кој е прекриен кога црквата е
претворена во џамија.
80
Значајни византиски мозаици од оваа доба постојат сеуште во Италија, во Торчело, кај Венеција, и Св. Марко во Вене-
ција, - двата од крајот на XI век, потоа на Сицилија во Цефалу и Палермо – Марторана, Капела Палатина, Монреале, - од
XII век. Овие области биле во блиски економски и политички врски со Византија, повремено и под нејзина непосредна
власт, а со тоа и под нејзино силно културно и уметничко влијание.
81
Всушност ова не се во вистинска смисла фрески, бидејќи се работени на веќе полусув малтер со доста густи бои,
подготвени со мешање на боја во прав и казеин, добиен од млекото, или со мешање со жолчки или некој друг природно
врзивен материјал. Оттаму бојата не се впивала целосно во малтерот како кај вистинските фрески, туку останувала на
нејзината површина.
82
На видно место, во близина на влезната врата, се изработувал ликот на владетелот, кој паѓа ничкум пред Исус, како на
пример во Аја Софија, - ликот на Василије I (866-886) или уште поверојатно на Лав VI (886-912); - или владетелот е
претставуван заедно со членовите на своето семејство, додека во рацете обично држи ќесе со пари, - како што е случајот
со ликовите на Константин IX Мономахос од крајот на првата половина на XI век, или Јован II Комнен (1118-43) на
галеријата на Аја Софија во Цариград; - или пак владетелот носи модел на црквата која му ја принесува на Исус, а тој за
тоа му возвраќа со благослов и со давање на царски инсигнии, - како што гледаме на Сицилија во црквата Марторана во
Палермо (ликот на Роџер II – 1100-1143) и во Монреале (ликот на Вилхем II околу 1176).
Во овој поглед уште позначајни биле мозаиците од профан карактер, за кои имаме
податоци дека биле изработувани во царските палати, а во кои доаѓало до величење на
владетелот и неговата семоќност. Така во царската Голема Палата, а потоа во палатата
Влахерна, биле изработувани мозаици кои ја претставувале победата на Манојло Комнен
во која, според кажувањата на еден современик Кинам, и премногу му се ласка на царот.
Помеѓу овие композиции, веројатно во Големата Палата, се наоѓал голем број од оние кои
се однесувале на Манојловите победи над Србите.83
Така и во архитектурата и во сликарството се спојува и спроведува една иста идеја
која е директен одраз на општествените прилики на таа епоха.
Цивилната и воената архитектура на ова време малку ни е позната. Судејќи по тоа
што ни останало од наредната епоха, таа не можела многу да се промени од претходната.
Елементите воглавно останале исти, но секако биле послободно комбинирани. Некои од
манастирите добиваат многубројни конаци, се оградуваат со утврдени ѕидови ојакнати со
кули така што заедно со црквата, а често и со многубројните мали капели - параклиси, -
сочинуваат живописна урбанистичка целина. Во овој поглед најзначајни се манастирите
на Света Гора (сл. 409).

                                                            
83
Солунскиот архиепископ Евстатиј одржал околу 1175 г. пофален говор на Манојло Комнен во кој вели дека Немања,
одведен по поразот во 1172 г. во Цариград, и сам се воодушевувал на овие мозаици кои го претставувале „еднаш како
својот народ го подига на востание, или е пешак или е на коњ; другпат како сака да ја положи раката на мечот, уште
почесто како ја распоредува војската на отвореното поле или како подготвува заседа, или како е од твоите чети победен,
додека полето и равницата се прекриени со бегалци, а тој сосема паѓа во ропство. Кога го согледал сето насликано го
изрзил своето допаѓање и се сложил со свечената слика. Само во едно го прекорил сликарот, затоа што на одделни
делови од трофејот не го нарекува роб и покрај името Нееман не е додаден зборот роб“, – цитирано според Св. Радојчиќ,
Портрети српских владара у Средњем веку. Мозаици со слична содржина имало и во нартексот на една црква посветена
на Богородица, во Цариград, отприлика од истото време.
Сл. 136 - Основа на црквата Св. Марко во
Венеција, од првата половина на IX, односно
трета четвртина на XI век, - изградена по
пример на црквата Св. Апостоли во Цариград, од
првата половина на VI век.

Сл. 137 - Основа на двете цркви на


манастирот Св. Лука во Фокида; северната
е веројатно од втората половина на X, а
јужната и е додадена во текот на првата
четвртина на XI век. Првата има облик на
впишан крст со дополнителен троен
простор на светилиштето, додека другата
е изградена според типот на комплициран
впишан крст, каков што претходно видовме
во Диарбекир (види сл. 35).

Сл. 137, а - Комплекс на цркви Св. Лука во Фокида; поглед од источна страна;
фото G. Millet
Сл. 137, б - Црква на манастирот Кора, - Кахрије џамија, -
од прва половина на XII век, со подоцнежно доградување од
XIV век. Јужната бочна црква служела за погребување.

Сл. 138 - Основа на црквата Неа Мони, од


островот Хиос, од 1050 година.

Сл. 139 - Основа на црквата од манастирот


Ватопед на Св. Гора; средната, подигната на
крајот од X век, има облик на впишан крст,
комбиниран со триконхално решение;
северната, подоцна доѕидана, има облик на
впишан крст, а јужната исто така
подоцнежна, припаѓа на триконхалниот тип.
Сл. 140 - Дохијар на Св. Горa; поглед на сводовите и куполата; архитектура од XIV век, според
традицијата на XII в., а живопис од 1568 година. Фото G. Millet

Сл. 141 - Основа на црквата Св. Апостоли во Атина, - од XI век - кај која се појавува комбинација
од впишан крст, триконхос и октогон.

слика???

Сл. 142 - Источна фасада на црквата Св. Теодори, - Килисе-џамија, - од втората половина на XI
век.
Сл. 143 - Систем на ѕидање на полукалотите над апсидите.

Сл. 144 - Назапчени венци од тула: 1) хоризонтална проекција на венецот гледан одозгора; 2)
изглед и профил.

Сл. 145 - Портал на надворешниот нартекс во црквата Пантепопте, - Ески-Имарет-џамија, - од


крајот на XI век, - типичен не само за ова време туку и воопшто за византиската архитектура.
 

Сл. 146 - Парапетна плоча од манастирот Лавра, на Света Гора, од XI-XII век

Сл. 147 - Детал од една парапетна плоча од манастирот Лавра на Св. Гора, од XI-XII век.

 
 

Византиската архитектура во време на феудална расцепканост на државата,


- од почетокот на XIII до средината на XV век -

Во текот на XII век крстоносните војни кои навистина имале економско-експанзи-


онистичка подлога, водат до создавање на неколку латински феудални државички во
Сирија и Палестина. Но на крстоносците желни за земја и кражби, не им било доволно.
Оттаму IV-от крстоносен поход во 1204 г. завршува не со повторното ,,ослободување” на
Ерусалим од муслиманите, туку со завземање на Цариград и уништување на византиската
супремација во источниот дел на Средоземното Море.
Цариград станува центар на новото Латинско царство, кое опфаќа голем дел од
денешна Грција и дел од Мала Азија, додека Византија е поделена на неколку помали
државички, - на Никејско и Трапезунтско Царство и Епирско, Солунско, Воденско84 и
Еладско деспотство. Голем број на големопоседници на земја, кои порано во втората поло-
вина на XII век, земале замав, сега успеваат да се отргнат во голема мера од контрола на
централната власт, и почнуваат да живеат самостоен живот. Но оваа состојба не траела
долго. Многубројните противречности кои постојат помеѓу западните феудалци во ново-
основаните латински држави, довеле до нивно исцрпување, така да од една страна на
Арапите, а од друга страна на Византијците, им било релативно лесно повторно да дојдат
до своите бивши територии. Византија го освоила Цариград во 1261 г. Но Византија не е
како што била порано. Цариград во тој период многу осиромашил, не само заради краж-
бите кои ги претрпел, туку и заради сите главни трговски центри на Средоземното Море,
кои и биле одземени од страна на Венеција.
Економијата во самата држава постанува мешовита. Во Цариград, Солун и други
градови таа и понатаму останува робоновчана, односно прометот се врши на основа на
парични трговски размени, додека самиот производ е занаетчиски.85 Од друга страна кај
големите поседувачи на земјиште, како резултат на општото осиромашување, таа е делум-
на и натурална, - т.е. се врши размена на стока и работа за други производи. Со оглед дека
крстоносците речиси целосно го уништиле централниот државен апарат, тоа дало мож-
ност за побрзо развивање на феудалните општествени сили, кои почнале уште од порано
да се формираат, во времето на иконоборството. Навистина не би можело да се каже дека
општествениот систем кој тогаш владеел во Византија, бил потполно сличен со западниот
феудализам, но сепак сите елементи од феудализмот биле тука. Конечно распарченоста на
државата, која феудалците постојано ја одржувале, наспроти централистичките тежнеења
на дворот, под Палеолозите, довела до големо ослабување на државата, која Турците
после тоа брзо ја покориле. Во 1453 г. паднал прво Цариград, а брзо потоа и сите останати
делови на Византиското царство.
Архитектонската продукција во ова време не била мала, но затоа имала поразличен
карактер од порано. Во поголемите градови и значајните манастири, потребата за цркви
била главно задоволена. Но затоа се градат многубројни цркви по манастирските метоси86
и во нови манастири, кои ги основале феудалците давајќи им помали или поголеми ком-
плекси од своето земјиште, сè со цел за и тие самите да се поврзат со црквата и да ја
обезбедат нејзината помош.87
Спoред сето тоа, овие градби се вооглавно далеку помали од оние во претходните
периоди. Затоа и распоните на нивните сводови се пократки, бочните потисоци се
                                                            
84
Овие три деспотства никнуваат едно од друго и се поврзуваат едно со друго.
85
Занаетчиите по градовите се поврзуваат најчесто во еснафи, цврсти организации кои во потполност го регулираат
нивното производство.
86
Одвоени манастирски имоти, помалку или повеќе оддалечени од самиот манастир.
87
Се случувало поедини феудалци да даруваат дел од својот имот, или дури и целото феудално добро на одредени
манастири, притоа задржувајќи го правото за доживотно користење. Ова го правеле, криејќи се зад неприкосновеноста
на црквата, за да се обезбедат од некој друг моќен феудалец или владетел да не им го преземе имотот.

 
 

послаби, па со ова се појавува можност да бидат подигнати на поголема висина. Оттаму,


градбите стануваат поиздолжени по висина и повити, со нагласена вертикала.
Во овој поглед особено се истакнува така наречената грчка архитектонска школа,
на Пелопонез и во Тракија, доста цврсто поврзана со македонската, за која подоцна ќе
стане збор. Оваа школа, со главни центри во Солун, Мистра (сл. 149) и Арта, се развива на
територија која веќе и во претходната епоха дала и многубројни и значајни споменици, -
Св. Лука во Фокида, Дафни, Монемвасија итн. - и која така го трасирала патот за форми-
рање на една веќе сосема одредена архитектонска концепција, кај која особено се нагла-
сени живописните декоративни и полихромни ефекти.
По конструкцијата и решението на основата, градбите на оваа епоха во Византија
главно се држат до типовите од претходните периоди. Исклучиво, сеуште наидуваме на
понекоја црква со јако нагласен централен дел, во облик на сосема збиен крст, обиколен
од три страни со ниски бродови, додека олтарскиот простор е вклештен помеѓу проскоми-
дијата и ѓакониконот, како во јужната црква на Константин Липс (Фенери-Иса-џамија), во
Цариград, изградена нешто пред 1294 г.
Сличен случај е и со Панагија Паригоритиса во Арта, од крајот на XIII в., кај која
куполата е прифатена на секоја страна со полуцилиндрични сводови, кои не се ослонуваат
на полни ѕидови туку на издадени столбови во однос на ѕидот, донекаде слично на она
што го видовме во Неа Мони (сл. 138)88.
Многу често, односно најчест случај е градбата да е работена во облик на впишан
крст, како во Св. Апостоли во Солун, од самиот почеток на XIV в. (сл. 148). Кај неа
централниот, крстообразен дел е опфатен однадвор од три страни со обиколни бродови,
над чии агли се издигнува по една мала купола (сл. 150). Ако ги споредиме основите ќе
видиме дека црквата Св. Апостоли во стварност е само далечно ехо на решението кое
некогаш се појавило на Св. Софија во Солун (сл. 119).
На овој тип на градба во облик на впишан крст, во целост или нешто помалку изме-
нет облик, барем во поедини детали, припаѓа уште и помалечката гробна црква придода-
дена во XIV век до Богородица Памакаристос, (Фетије џамија) во Цариград (сл. 150 а),
потоа Евангелистрија во Мистра, од XIV в., и Св. Созон во Гераки. На Света Гора се про-
должува со подигање градби од поранешни типови, комбинација на впишан крст и три-
конхос89 во манастирите Пантократор, Дохијар (сл. 140)90, Дионисијат, Симонопетра и Св.
Павле, од XIV век.
Покрај овие типови, наидуваме и на чисти базилики со купола, како што е црквата
Влахерна во Арта, од 1237-1271 г., кај која, освен главната купола над централниот дел на
главниот брод, се појавува уште по една помала купола над средишните делови на бочни-
те бродови.
Меѓутоа наидуваме исто така и на комбинација на базилика со купола, со петкупо-
лен тип во облик на впишан крст, како на пример во Вронтохион во Мистра, од XIV век
(сл. 149).
Најпосле ги има и во облик на чисти трибродни базилики со рамни таваници, - Св.
Теодора во Арта, од средината на XIII в., - како и засведени базилики, без куполи, - три
базилики во Костур, од XIII-XIV в. - или со куполи во Морфу, на Кипар, од крајот на XIV

                                                            
88
Централниот дел овде е само маскиран со двоспратни обиколни бродови, кои на секој агол имаат и по една помала
купола; покрај тоа не постојат ни тромпи.
89
На истиот тип припаѓа и нашиот Хиландар, одново подигнат 1303 г.
90
Овде гледаме и по една мала вита купола над проскомидијата и ѓакониконот.

 
 

в.91, а ги наоѓаме и со централен дел засведен со попречен полуцилиндричен свод92, како


кај Като-Панагија во Арта, од XIII век.
Помалите цркви, во облк на триконхос, нешто поиздолжен во правец на подолжна-
та оска, - како што е Моливоклисија, - црква на Хиландарски метох кај Кареја, - постојат
исто така, иако се доста ретки; - уште поретко наидуваме и на мали централни градби, од
друг тип, како што е четворолисната, тетраконхосна црква Панагија Мулиотиса во Цари-
град, кај која што куполата е потфатена со лаци на сите четири страни, кои се потпираат
на слободните столбови во аглите на квадратниот простор под куполата, а на секоја страна
се прицврстени уште и со полукалотите на полукружните однатре, а петострани однадвор,
апсиди.93
Како и во претходната епоха и сега во храмот се јавува нартекс, често двоспратен,
со една централна или две бочни куполи,94 а често можеме да видиме и случај на употреба
на камбанарија,95 - изградена над централниот дел на нартексот; - како во Самара и
Есфигмени, од XIV век96 или во вид на посебна кула споена до црквата, - како во
Вронтохион во Мистра од XIV век, (сл. 149), - но најчесто, потполно одвоени од црквата, -
како во Трапезунт, покрај црквата Св. Софија, од 1420 г., или во манастирот Ватопед на
Света Гора, од 1427 г.
Кажавме веќе, дека градбите од оваа доба се релативно мали, но затоа се повитки и
поелегантни, а силуетата им е многу пожива за ралика од оние од претходниот период (сл.
150). Видовме и зошто. Со подигнувањето на сводот на поголема височина е условено и
надворешното издолжување на градбата по висина, за сметка на пропорционалноста, во-
едначеноста и хармоничноста на самиот внатрешен простор. Но просторната композици-
ја на овие цркви сега е многу подинамична за разлика од порано. Тамбурот на куполата,
освен ретки исклучоци,97 обично е поиздолжен, а однадвор во повеќето случаи не е повеќе
дванаесетостран туку осмоаголен. Кубичниот постамент на куполата исто така појако се
нагласува. Апсидите сега не се само тространи и петострани, туку и седмострани, како на
пример на црквата Св. Апостоли во Солун (сл. 148). Играта на крововите најпосле станува
уште пожива (сл. 150); понекогаш, како на обиколниот, подоцна придодаден98 трем на
Капникареја, крововите стануваат дури и тестерасти, односно спроти челото на секој
травеј во внатрешноста е изработен по еден надворешен фронтон, што необично многу
потсеќа на поранешните ерменски решенија.
Фасадите се исто така поживи отколку порано. Се појавуваат поголем број на
плитки слепи аркади, кои во повеќето случаи одговараат на внатрешните лаци, меѓутоа
понекогаш, особено на апсидите, се и лажни (сл. 150), и имаат за цел, од една страна да го
олеснат ѕидот, а од друга, да ги оживеат неговите површини. Хоризонталните, косите, или
лачните назапчени венци на фасадите, и лачните венци на куполите, потфатени со ивични
колонети на тамбурите, се изработени од тула, – а ретко од релативно тенки едноставни

                                                            
91
Интересно е дека на оваа градба се појавуваат и готски орнаменти, под влијание на западот, но конструктивниот
склоп е целосно византиски.
92
Да се потсетиме на црквата Мар-Јакуб во Горна Месопотамија (сл. 32).
93
Овој тип многу не потсетува на раните ерменски решенија – види стр. 65.
94
Нартексите во Атос најчесто се поделни на 6 полиња, чии сводови ги носат два внатрешни столба, - а над нив се
појавуваат и по три куполи, една над средниот западен и две над бочните источни травеи, како во Пантократор на
пример. – Во Дохијар нартексот е поделен на девет полиња, засводени со крстасти сводови, а над средните бочни травеи
со куполи.
95
Камбанариите почнуваат да се употребуваат во Византија под влијание на западот, а тоа вијание можно е да дошло
преку српската архитектура.
96
Можно е, судеќи по зајакнатата конструција на овие места, дека по една кула - камбанарија постоела и над
централните делови на ексонартексот на Кора, (Карије џамија), на Памакаристос, (Фетија џамија) па и на црквата Св.
Апостоли во Солун (сл. 150).
97
Богородица Памакаристос во Цариград, Св. Теодори во Мистра.
98
Веројатно во XIV век.

 
 

профилирани камени плочи99, на истиот начин како и во претходната епоха. Поделбените,


кордон-венци се ретки. Доколку ги има, обично ги опфаќаат само апсидите, - Като
Панагија во Арта. Но затоа, се среќаваме со ленти од вовлечени тули, запчесто поставени
едни до други, помеѓу два реда на подолжни тули (сл. 152). Овие ленти често се повиваат
по кривините на прозорските отвори, додека помеѓу отворите течат хоризонтално100.
Полихромијата на фасадите, како функција на самото ѕидање, е уште повоочливо
истакната отколку порано (сл. 150, 150а, 151, 153, 153а). Комбинирањето на тулата со
каменот101, којшто е само приделкан или дури и целосно добро изделкан, е внимателно
изведено, а фугите од малтерот прецизно извлечени. Но покрај ова, се прават и разни
комбинации и од самата тула – меандери, цик-цак линии, шари во облик на рибина коска,
крстови, „решетки“, „ткаенини“, шаховски полиња и други. Подоцна, се прават и од
теракоти и од мали црепови (вид на керамика) со специјален облик, како и од цевки со
крстест, четворолистен челен дел, кои се потопуваат во малтер102, така што на површината
на ѕидот добиваме шари од разнолик облик, во т.н. керамо-пластична декорација.
Обликот на порталите и прозорите (сл. 152) не се менува многу спрема претход-
ните епохи. Понекогаш пред порталот, како на пример во Капникареја во Атина, - пред
додадениот нартекс, - се наоѓаат два доста далеку издадени столбови, кои над нив носат
некој вид на засведен балдахин. На апсидите, а особено на обиколните бродови околу
градбата, се појавуваат и понатаму големи двојни и тројни отвори, поделени со столбови,
и од долната страна затворени со парапетни плочи како во Капникареја во Атина и во Св.
Апостоли во Солун (сл. 148, 150).
Профилите многу се упростуваат и во голем степен ја губат чистотата на обликот.
Пластичната декорација се сведува на минимум, така што може да се најде во
доста скромен облик, исклучиво на капителите и понекогаш на рамките на вратите и на
парапетните плочи на ретките ниски камени иконостаси.103 По стилот и по мотивите таа
може да се поврзе со претходното доба. Но таа е често механички правена, монотона и
слаба, иако доста густа и збиена, така да на неа јасно може да се осетат источните влијани-
ја, особено ерменското и сириското влијание. Меѓутоа има и случаи каде се наидува на
фигурални пластични релјефи, како што е релјефот на архангел Михаил во една ниша на
фасадата на Влахерна во Арта од 1231-71, или релјефите, најверојатно на Евангелистите,
на средните страни на еден капител, со композитно потекло од црквата Св. Теодора исто
во Арта од истото доба. Исто така карактеристичен е и релјефот со лавови заплеткани во
лоза, на надвратниот на порталот во Дохијар на Света Гора, како и една композиција во
плиток релјеф на една парапетна плоча од истиот манастир, од XIV век на која се појавува
Александар Македонски, кој се обидува да се качи на небото со помош на грифони104 -
композиција која се сретнува и на некои западни споменици, но која сигурно е со источно
потекло.
Поради општото осиромашување кое се манифестира во оваа доба, мозаици наоѓа-
ме само ретко, исклучиво, - на пример во Моне-тис-Хорас (Кахрије џамија), во Цариград
во почетокот на XIV век и во горните делови на црквата Св. Апостоли во Солун, приближ-
но од истото време.105 Иако во општиот начин на изразување се одржуваат традициите,
                                                            
99
Понекогаш може да се комбинира и венец од тула со тенка профилирана плоча од камен, која се става на горната
страна.
100
Слично на венците во Сирија.
101
Поедини делови, специјално тамбурите на куполите, можат да бидат изработени и само од тула.
102
Изгледа дека овие цевки, првобитно се поставувале и поради полесно сушење на самиот ѕид.
103
Како на пример на иконостасот во црквата Влахерна во Арта, од 1237-71.
104
Грифоните се фантастични животни, пола орел - пола лав со кои Александар управува држејќи им пред клунот, месо
на стапови, кое овие никогаш не можеле да го дофатат додека летаат.
105
Во припратата на црквата Св. Марко во Венеција, од средината на XIV век постои мозаик кој судејќи по стилот,
несомнено морале да го работат византиски мајстори.

 
 

тие се многу поживи и подинамични од оние од пораните епохи. Во толку губат и од


својата монументалост. Понекогаш крупен мозаик инкрустиран во мермерни плочи,
сеуште може да се најде на подовите на побогатите цркви, како на пример во Влахерна во
Арта и во некои светогорски манастири, - во Ксенофон и Хиландар.
Меѓутоа повеќето цркви се декорирани со фрески. И кај овие исто така се забеле-
жува силно приближување кон природата. Можеби и не толку директно кон природата,
колку што е тенденција кон имитирање на сцени од религиозни театарски драми, кој до
тогаш многу често се играле и под отворено небо. Сето ова е последица на фактот дека
Цариград, како уметнички центар со јака и строга традиција, која се одржувала во дворот
и во званичната црква, губи од својата важност, додека за уметничкото творење преку
манастирите почнуваат да се ангажираат луѓе од народот, кои понепосредно гледаат на
животот и природата. Композициите стануваат мали, но затоа поживи и понепосредни. Во
поглед на стилот и техниката на работа, во главно се разликуваат две школи: македонска и
таканаречена критска. На македонската, покрај спомениците во самата Македонија, за
кои подоцна ќе стане збор, и припраѓаат: живописот во една капела од 1303 г. во црквата
Св. Димитрија во Солун, потоа во Св. Апостоли во истиот град, како и во Протатон во
Кареја на Св. Гора.106 Главни претставници на критската школа се: Перивлепта од
средината на ХIV век, и Пантанаса од приближно 1430 г. - двете во Мистра. Првата е
подраматична и пореалистична со јако влијание од исток, додека боите во композициите
се правени во широки потези и со преодни нијанси. Кај другата, во колку воопшто може
да се зборува за самостојна и тоа баш критска школа, се чувствува повеќе рафинираност и
нешто појака хеленистичка традиција; светлината и сенките овдека се постигнуваат со
некој вид на слободно шрафирање со боја преку изедначено широко обоената подлога.
Мотивите истотака, се поразнолики додека во портретното сликарство се појавува-
ат и ликови на поедини феудалци и членови на нивната фамилија, работени по црквите со
иста цел како и портретите на владателите во пораните епохи.
Цивилната и воената архитектура на ова време е доста богата, иако првата пове-
ќе ја препознаваме по мотивите од фреските одколку по тоа што ни е вистински сочувано.
Ретките споменици на кои сепак наидуваме, како на пр. остатоците од палатата наречена
Текфур-сарај, во Цариград, - по стилот веројатно од крајот на XIII или почетокот на XIV
век (сл. 153, 153а),107 - истовремено изразуваат и монументалност и живописност, пости-
гнати првенствено со полихромни ефекти од комбинацијата на тула и камен. Претставите
на кои наидуваме на фреските во себе носат уште повеќе динамика и живост, изразени со
аркади, со покриени и откриени доксати, кули итн.
Што се однесува до воената архитектура, во ова време повеќе се обновуваат и
уцврстуваат веќе постоечките тврдини, како на пр. во Цариград и Солун, - отколку што се
градат нови, - неколку помали манастирски тврдини, специјално на Атонска Гора, во кои
спаѓа и онаа околу Хиландар (сл. 409). – Како резултат на усовршувањето на движечките
воени машини за напад на тврдините, се појавуваат извесни мали промени, меѓу кои спаѓа
и изработката на исфрлените ѕидани балкони на камени конзоли,108 од кои можела да се
врши подобра контрола на надворешните ѕидови; исто така и на ѕидовите, а специјално на
ѕидовите на кулите, се појавуваат јаки пиластри, помеѓу кои на што е можно поголема
висина се ослонети лаци, кои во темето се делумно отворени, така да и низ овој отвор
може да се удира по непријателот доколку се приближи преблиску до ѕидот (сл. 409).
Во неколку наврати во ова поглавје стануваше збор за источното влијание, кое на
поедини градби се појавува. Ова доаѓа од таму што во текот на XIII век, се чувствува појак
                                                            
106
Од крајот на XII односно од почетокот на XIV век.
107
Датирањето не е потполно прецизно. Има археолози кои оваа градба ја ставаат во XI-XII, па дури и во X век, но исто
така и во почетокот на XIV век.
108
Слично на она што сме го виделе, во покасно доба, во Ерменија (сл. 115).

 
 

притисок на Турците на делот на Мала Азија кој сеуште останал под Византија; покрај тоа
на веќе окупираните територии се случува сè почесто одземање на имотот, особено на
манастирските имоти, од страна на турските спахии, така да поголем дел на богатото
население, особено калуѓерите, емигрираат на тогаш мирниот и побезбеден Балкан. Од
тука и појавата на зголемено влијание на истокот во архитектонските и уметничките
остварувања.
Во овој период се сретнавме и со одредени романски влијанија од запад, но истите
се многу слаби и на нив ретко наидуваме. Тие секако доаѓаат како последица на крстонос-
ните војни.
Спротивно на ова, влијанието на византиската архитектура од ова време, специјал-
но врз земјите од Балканот и врз Русија, сеуште во извесна мера се чувствува.

 
 

Сл. 148 - Основа и пресек на црквата Св. Апостоли во Солун, од почетокот на ХVI век, во облик
на впишан крст, обиколен со понизок брод во кој во секое аголно поле има по една купола, покрај
тоа во западната страна постои и ексонартекс над кој во централниот дел можеби била
изградена и кула-камбанарија.

 
 

Сл. 149 - Основа и пресек на црквата на манастирот Вронтохион, во Мистра, од ХIV век, - во
облик на базилика комбинирана со впишан крст, со пет куполи; една пониска купола постои и над
првиот спрат на припратата, додека во јужниот агол на западниот трем изработена е една
кула-камбанарија.

 
 

Сл. 150 - Северозападен изглед на црквата Св. Апостоли во Солун.

Сл. 150, а - Црква Богородица Памакаристос, – Фетије-Џамија, – во Цариград. Покрај јужниот


ѕид на поголемата црква од XI век, реконструирана во крајот на XIII век, доѕидана е помала
гробна капела во почетокот на XIV век.

 
 

Сл. 151 - Западна фасада на надворешната припрата на црквата Св. Теодори во Цариград, од
крајот на XIII или од првата половина на XIV век.

Сл. 152 - Разни комбинации на камен,


тула и теракота;
1) крстасто лонче од Пантанаса
во Мистра;
2) двоен прозор, опфатен со слепа
аркада во Амфиса;
3) декор на црквата Св. Харалампиј
во Каламата;
4) во Коника;
5) на Св. Теодори во Арта;
6), 7), 8) на Влахерна во Елида;
9) на Мербака.

 
 

Сл. 153 - Текфур-Сарај во Цариград; остатоци од византиската палата од крајот на XIII или
почетокот на XIV век.

Сл. 153, а - Надворешна фасада на Текфур-Сарај во Цариград.

 
 

Христијанската архитектура во турското време (НЕ ТРЕБА)

За време на владеењето на Турците, општествените односи не се измениле многу.


Извршена е само промена на сопственикот на земјата. Се чувствува, барем во првиот
момент, дури и извесно подобрување во корист на народот затоа што новите феудални
господари им оставаат на селските заедници извесна слобода, под услов еден дел од про-
изводот да им го предаде ним во облик на данок во натура. Како поминувало времето ова
оптоварување станало се поголемо. Ист е случајот и со манастирите, на кои одпрва им се
оставало парче земја, под услов добар дел од бербата да му се предаде на спахијата. Кори-
стејќи ја веќе постоечката производна манастирска организација за свои цели, Турците и
дале на црквата извесни права, но доста ограничени.109
Оттаму и архитектонската продукција ужасно се намалува, иако не умира во пот-
полност. Изолирани од новите влијанија, кои допирале од страна, особено од запад110,
градителството, како и целокупната уметност оди во одреден правец во многу скромни
размери. Осиромашувањето е сестрано.
Архитектонската активност се ограничува само на поправки и доградувања на веќе
постоечките градби. Многу малку се градат нови објекти. За нив се бираат обично тешко
пристапни места по планински краеви или стрмни, скоро вертикални карпи, како на пр.:
оние на кои се изградени Метеорските манастири. - Сите тие се обично мали, еднокораб-
ни, ниски, засведени градби, ѕидани само од камен, или од тула и камен, на веќе познат
начин. Како новост, под исламско влијание се појавуваат, шарени фајансни садови –
чинии, вазни, лонци (керамички садчиња) кои се вградуваат во фасадите за да се зголеми
полихромниот ефект.
Градење на поголеми градби е ретко. Сепак да го споменеме манастирскиот храм
Пентели, кај Атина (сл. 154), подигнат во втората половина на XVI век, според некој пос-
тар тип на храм од XI-XII век. Целата градба е од кршен и нешто малку приделкан камен,
додека аглите се попрецизно изделкани. Конструктивен склоп е сличен на Неа-Мони во
Хиос која датира од 1050 г. (сл. 138), со таа разлика што на бочните страни од поткупол-
ниот простор, наместо по два пара исфрлени столбови, се наоѓа само по еден столбец
исфрлен на средината на ѕидот, што овозможува под куполата да се изработат шест полу-
калоти, од кои источната и западната се малку издолжени111. Исто така интересна е и
камбанаријата, која е подигната над централниот дел на доградениот нартекс.
Меѓутоа градителството е доста активно на Света Гора, каде покрај повеќето
објекти со помало значење, во 1540 г. се гради црквата на манастирот Кутлумуш, која по
својот тип припаѓа на веќе порано подигнатите светогорски храмови, особено на типот на
Пантократор и Дионисијат (види назад, стр. 98, сл. 139).
Пластичната декорација во потполност исчезнува, а доколку некаде ја има, таа се
сведува на примитивни плитки површински релјефи или длабења на камената површина,
со мотиви од симболичен карактер, - крст, „сонце“, комбинација на кругови, стилизирани,
силно упростени лозици итн.
Иконостасите кои веќе во претходната епоха беа и од дрво, веќе не се изработува-
ат од камен, туку само од дрво, често богати со длабока резба; тие стануваат многу пови-
соки и сосема се прекриени со икони.

                                                            
109
Малку повеќе слобода повремено ќе и се дава на Св. Гора, благодарение на влијанието на Русија врз дворот на
султанот.
110
Користењето на исламските елементи, иако постои, се прави повеќе несвесно; свесно таа се отфла за да не се
„осквернави светоста“ на црквените градби.
111
До шестоаголно решение дошло од влијанијата на исламската архитектура, кај која ваков облик е често применуван,
а карактеристична аналогија можеме да најдеме во Ахмед-пашината џамија во Истанбул од 1555 год.

 
 

Внатрешната декорација се сведува главно на фрески, кои посебно се прават во


текот на XVI и XVII век. Според стилот тие често се доста примитивни; многу често се
само суво пресликување на старите обрасци, додека доколку ги работел уметник кој е со
потекло од народот, тие се силно инспирирани од животот. Постојат голем број на остато-
ци од овој период, особено од XVI и XVII век, на Св. Гора112, (сл. 140), во која се
среќаваме со типовите на македонската и критската школа113.
Цивилната архитектура, скромна по селата и градовите (сл. 154 а), каде што
тогаш главно живееле Турци, е нешто побогата и подобро сочувана само во манастирите,
особено на Св. Гора, во која дури и денес, во добар дел се употребуваат конаците од XVI,
а особено од XVII век (сл. 410). Тоа се градби главно изработени од тула и камен, често
делумно и од дрво, со отворени тремови, аркади, доксати, со големи трпезарии, понекогаш
засведени, понекогаш покриени само со кровна конструкција од дрвени греди. Поголемо
внимание е обрнато на мутваците, - комбинација од кујна и сушара, - засведени со цел
систем од сводови, со голем оџак, кој понекогаш однадвор е и декоративно обработен.
Како што Атонска Гора сеуште во овој период имала повремена извесна самостој-
ност, а опасноста од пирати била доста голема, така и понатаму се подигаат и обновуваат
манастирските тврдини по типот кој претходно бил востановен. – Често се случувало
ѕиданите балкони да постанат многу пошироки и да ја завземат речиси цела страна на
кулата на која се наоѓаат, како во Ивирон и Каракал.
Архитектурата во овој период во Грција всушност е само еден дел од општата бал-
канска архитектура во периодот на робување под Турците.
Византиската архитектура произлезена, под одредени општествени услови, од ком-
бинација на хеленистичката традиција која се покажува во хармоничноста, елеганцијата и
ритамот, и источните влијанија кои се манифестираат особено во строго разбраната кон-
структивност и функционалност, како и во јако нагласениот мистицизам114, имала големо
влијание на развојот на градежништвото кај соседните, особено словенските народи во
Бугарија, Русија, Македонија, Србија, па и Романија, благодарение на престижот на визан-
тиската империја и јаките економски, политички и верски врски, кои ги одржувала со дру-
гите земји, особено со Источна Европа. Нејзината улога во развојот на прероманската и
романската архитектура во западноевропските држави во средниот век била видна и
значајна.
Исламската, особено турската османлиска архитектура, наследила исто така многу
и конструктивни и декоративни елементи директно од Византија.

                                                            
112
Во Лавра, 1535, - Ксенофон, 1545, - Дионисијат, 1547, - Дохијар, 1568 (сл. 140).
113
Еден од главни претставници на првата бил Панселинос, а на другата Теофан од Крит. Во ерминиите, пишани
сликарски прирачници, од кои денес се останати преписи од XVIII век, но чиј оригинал е постар и потекнува најмалку
од XVI век, се гледа разлика и во нивната техничка постапка.
114
Се постигал со користење на контраст помеѓу јака светлина однадвор и мрачна внатрешност, осветлување со
растреперени пламенчиња од свеќи и кандила, при што мозаиците, фреските и иконите добивале таинствен изглед, - а
служел во суштина за јакнење и распрострирање на феудалната идеологија.

 
 

Сл. 154 - Основа и пресек на црквата во манастирот Пентеле во околината на Атина, од XVI век.

Сл. 154, а - Нови станбени згради од дрво во Истанбул. Нивните облици, како и триаголните
фронтони индицираат на многу старо, можеби дури и античко-источно потекло.

You might also like