You are on page 1of 69

УНИВЕРЗИТЕТ СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ СКОПЈЕ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

УО1_2016/2017

Предмет:

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1
8 семестар

Наставник:

Проф. д-р Мирослав Грчев

ПРЕДАВАЊА

6-10
Во изработката учествувале:

Проф. д-р Дивна Пенчиќ


Доц. д-р Јасна Стефановска
Д-р Елеонора Грчева
М-р Биљана Насковиќ
М-р Стефан Лазаревски
М-р Фросина Стојановска
АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

ПРЕДАВАЊЕ 6

ОСНОВЕН ЕЛЕМЕНТ НА МОРФОЛОГИЈАТА НА ГРАДОТ: ГРАДСКИ БЛОК.


МОРФОГЕНЕЗА НА ГРАДСКИОТ БЛОК. ДВЕ ОСНОВНИ ТИПОЛОШКИ КЛАСИ:
ОСТРОВА И ТКАЕЊА. МОРФОЛОГИЈА НА ОТВОРЕН ГРАДСКИ БЛОК.
МОРФОЛОГИЈА НА ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ БЛОК. ТИПОЛОГИЈА НА ГРАДСКИ БЛОК.
ПЕРИМЕТАР И ДИМЕНЗИИ НА ГРАДСКИ БЛОК.

Основен елемент на морфологијата на градот: градски блок.

Најважната обликовна операција во генезата на градската форма, како што веќе


потенциравме, е примарната поделба на градежното земјиште, при која тоа се дели на
градежно земјиште за поединечно градење и на градежно земјиште за општа употреба.
Резултат на примарната поделба на градежното земјиште е дихотомијата на јавниот и
приватниот интерес во градот, а во морфолошка смисла, тоа е структурната и
формалната дерфиниција на двата единствени системи кои го чинат ткаењето на градот -
улиците и блоковите.
Основниот обликовен принцип во создавањето на урбаната форма е, поради тоа,
принципот на меѓусебната просторна дефиниција на блокот и улицата, или во фигурална
смисла кажано, однесувањето на двата елемента на морфологијата на градот како
позитив и негатив.
Градскиот блок, урбаниот блок или едноставно блокот е централен елемент на
урбанистичкото планирање и обликувањето на просторот. Градскиот блок е - по
дефиниција - најмалата површина од градежното земјиште ограничена со улици.
Нормативната дефиниција на блокот е дека тој е просторна единица на градежното
земјиште ограничена со регулациона линија.
Земјиштето наменето за парцелација и поединечна изградба ја извршува суштинската
намена на градот: да обезбеди објекти за живеење и работа за градскиот човек.
Морфолошки гледано ова земјиште е секогаш површина односно површинска фигура. За
разлика од улицата којашто е тесна лонгитудинала во која превладува едната должинска
димензија и чијашто формална линеарност е карактеристика на уличната класа на појави,
морфологијата на системот на градски блокови е морфологија на површински
конфигурации.

Историја на градскиот блок

Градскиот блок е основниот морфолошки елемент на градското ткаење од најраната


појава на градот и градската форма. Буквално сите најстари градови кои се
реконструирани или конзервирани од археолошки наоди, како што се на пример Мохенџо
Даро, Кахун, Корзабад, Вавилон, Гурниа, Паликастро, се формирани од урбаниот блок
како основен морфолошки елемент.

Проф. д-р Мирослав Грчев 1


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Ur, Mesopotamia - 2025-1738 BC Mohenjo-Daro, Pakistan – 2600 BC

Kahun, Egypt – 2000-1700 BC Khorzabad, Assyria – 706 BC

Babylon, Mesopotamia – 1300-500 BC Borsipa, Mesopotamia – 1300 BC

Проф. д-р Мирослав Грчев 2


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Gurnia, Crete – 2500-2000 BC Palaikastro, Crete – 1550-1220 BC

Главните градови на Харапа цивилизацијата или Цивилизацијата на долината на Инд -


Мохенџо Даро и Харапа, во откриените слоеви кои датираат од 2600 година п.н.е, беа
изградени во урбано ткаење составено од правоаголни блокови и улична мрежа,
ориентирани спред оските север-југ и исток-запад.
Населбата на градителите на пирамидите во Гиза во Египет, во периодот помеѓу 2570 и
2500 година п.н.е, била формирана во формален блоковски правоаголен просторен
поредок, кој исто така бил ориентиран според оските на ориентациите на страните на
светот.

Kahun, Egypt – 2000-1700 BC

Проф. д-р Мирослав Грчев 3


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Вавилон во својот градоградителски процут во 17-иот век п.н.е, во времето на кралот


Хамураби, бил еден од најголемите урбани метрополи на античкото доба. Вавилон исто
така бил формиран на урбано ткаење со прави и широки улици и правоаголни блокови.

Babylon, Mesopotamia – 1300-500 BC

Традицијата на градоградителските парадигми кои се темелеле на морфологијата на


уличната мрежа и затворениот правоаголен блок се одгледувала од почетоците на
урбаните цивилизации, потполно независно една од друга, на сите континенти кајшто се
случувала урбана цивилизација. Така, мрежните улични системи и затворениот
правоаголен градски блок постоеле во стара Кина од 15-иот век п.н.е во повеќе кинески
држави. Во можеби најстарото упатство за морфологијата на градот потекнува од Каогонг
Џи во периодот Пролет и Есен помеѓу 770 и 476 година п.н.е е напишано дека „главниот
град треба да биде квадрат во основа. По три капии на секоја страна на периметарот на
градот водат во деветте главни улици што го пресекуваат градот во правилна решетка и
блоковски поредок...“.

Beijing Imperial City, China, 1402 AD

Проф. д-р Мирослав Грчев 4


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Сите јонски градови во античкото доба биле воспоставени на правилна улична мрежа и
правоаголен градски блок. Милет е можеби напознатиот и најголемиот урбан центар на
јонската циволизација, но Приене, колонија на грчката Теба, е веројатно
најпарадигматичниот град за бескомпромисната употреба на правоаголната улична
мрежа и градски блок и во топографски услови кога изгледа дека тоа не е можно.
Резултатот од оваа скоро насилна примена на правоаголната мрежа и затворен градски
блок во 4-иот век п.н.е е еден од најубавите градови изградени од човекот (и сочувани од
заборавот).

Priene, Ionia – 400 BC

Правоаголниот градски блок е основен морфолошки елемент во формирањето на 24-ите


градови на експанзивниот хеленизам кои ги основал и изградил Александар Македонски
во 4-иот век п.н.е (од кои 13 го носеле неговото име). Правоаголната матрица за уличната
мрежа и затворениот правоаголен градски блок е основна морфолошка алатка во
градоградителството на антички Рим, од основањето на Републиката во 5-иот век п.н.е до
распадот на Западното Римско царство во 5-иот век од нашата ера. Тимгад е можеби
најпрочуената парадигма на планското римско градоградитество кое се темели на
квадратниот затворен градски блок.

Tenochtitlan, Mexico – 1325 AD

Проф. д-р Мирослав Грчев 5


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Најголемиот стар град на американските континенти, кој се формирал врз правоаголна


решетка и затворен блок е Теотихуакан, покрај денешниот Мексико Сити, чијашто основа
покрива 20 квадратни километри.
Од почетоците на урбаната цивилизација во Јапонија и Кореа се употребуваат кинеските
рецепти за градоградителството, па правоаголната улична мрежа и затворениот блок се
употребуваат во континуитет од старото Кјото во 8-иот век н.е до денес.
Историјата на градскиот блок (со неговиот негатив - уличната мрежа) е бескрајна низа на
примери на применувањето на оваа морфолошка градоградителска доктрина: од крајот
на Западното Римско Царство, уличните мрежи и затворениот градски блок се појавуваат
во основањето на новите средновековни европски градови на 12, 13 и 14 век во Франција.
Римскиот модел бил применуван и во колонизиранњето на американските континенти од
страна на шпанците на крајот на 15-иот век и целиот 16-ти век.
Правоаголната мрежа овторно стана популарна во Европа во Ренесансот за да се
рашири со колонизацијата во 16, 17, 18 и 19-иот век низ целиот свет.

New York, USA Washington, USA

Морфогенеза на градскиот блок

Во морфолошка смисла градскиот блок - според археолошките наоди - е сосем оформен


и дефиниран од неговата прва појава, а таа се совпаѓа со појавата на градското ткаење,
градската форма и градот. Типоморфолошките разлики постојат помеѓу различни
градови, различни цивилизации и различни епохи, но овој диверзитет не ја релативизира,
туку ја збогатува и потврдува неговата морфолошка дефиниција.
Доколку ги користиме аналогиите со живите организми, како што васкуларните системи
беа аналогон на уличниот систем, така ќелиите можат да претставуваат аналогон на
островата на земјиштето за градење и живеење. Во ќелијските ткаења на комплексните

Проф. д-р Мирослав Грчев 6


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

организми ќелиите морфолошки ја играат улогата на блоковите, а меѓуќелиските


простори - на улиците, што е очигледно од секоја микроскопска фотографија на живото
ткаење.

Ако ја замислиме морфогенезата на блоковското ткаење како сукцесивно асоцирање на


блокови - како што е случај со живите ткаења - тогаш на почетокот е кружната (односно
топчестата) форма на келијата која, откога е изложена на надворешен притисок поради
специјализација или немање на простор, стискајќи се меѓусебе, ја достигнува завршната
правилна и праволинијска фигурална форма.

Идеализирано однесување на ќелии изложени на надворешен притисок

Вистинската морфогенеза на блокот не личи на настанокот на органските клеточни


ткаења, но идентична е економијата на просторот, која го стимулира човекот да се
однесува рационално во просторот како ќелиите под притисок и од криви линии и кругови
создава прави линии и правилни геометриски фигури. Во морфологијата на градскиот
блок триаголните или шестоаголните конфигурации не се опција, бидејќи правиот агол е
биолошка константа на антропоморфната градоградителска активност на човекот.

Проф. д-р Мирослав Грчев 7


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Две основни типолошки класи: острова и ткаења

Како и кај улиците, токму заради генеричкото начело за меѓусебната негативна


дефиниција, кај блокот постојат само две типолошки класи: онаа што произлегува од
уличната класа на мрежи и онаа што произлегува од уличната класа на сливови.
Основен елемент на мрежата е „окцето“, кое по дефиниција е затворена линеарна
фигура. Оваа затворена линија опфаќа, опкружува или ограничува парче градежно
земјиште кое античките Римјани го нарекувале insulae, острово, а денес се нарекува
градски блок. Морфолошки гледано, блокот е формално дефинирана, ограничена,
затворена и компактна површина земјиште или површинска фигура.
Втората типолошка класа на урбани блокови е онаа која произлегува од класата на
уличните сливови. Основен елемент на сливот е кракот или гранката, која по дефиниција
е отворена линеарна структура или отсечок, па блоковската површина не е ограничена со
улица туку се простира околу неа. Поради тоа, од морфолошки аспект, блокот со улични
краци или слепи улици не е формално дефиниран туку е отворен и аморфен, а неговата
површина не е формално ограничена туку е нормативно определена.

Со мултипликација на затворениот градски блок се добива мрежно блоковско градско


ткаење, а со мултиликација на отворениот блок се добива сливно псевдоблоковско
континуирано градско ткаење. Идеалните шеми на едното и другото блоковско градско
ткаење се идентични со шемите на уличните системи - поради нивната меѓусебна
просторна дефинираност.

Проф. д-р Мирослав Грчев 8


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Морфологија на отворен градски блок.

Морфологијата на отворениот градски блок - или поточно - на аморфното урбано ткаење,


е морфологија на градски ткаења кои во историјата на градот настанувале во спонтани
урбогенези, во општества со исклучително ниска регулативност. Бидејќи ова ткаење
настанало како резултат на непланска спонтана генеза, како плод на индуктивна акција
во која се тргнува од посебното и се развива кон целината, морфолошкиот концепт
останувал непознат во текот на целиот процес на формирање на ткаењето.
Морфолошкиот коцепт за отворенo блоковско ткаење и улична мрежа која се темели на
слепи улични краци, повторно е „откриен“ во раната модерна - и тоа во чиста
концептуална форма, каква не постоела во историјата. Во современата урбанистичка
мисла и практика, отворениот градски блок и уличниот слив станале избор на
професионалната заедница, па во денешно време тој се појавува исклучиво како
резултат на високо планска генеза, во примерите на модернистичкиот тотал дизајн на
градови.

Аморфен урбан простор во урбаниот модел на Лудвиг Хилберзајмер

Проф. д-р Мирослав Грчев 9


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Отворениот градски блок, поради огромните димензии на единиците кои претставуваа


некаков апстрактен планерски модул, во првата половина на дваесеттиот век беше
наречен суперблок. Суперблокот е многу поголем од било кој традиционален затворен
градски блок и го одликува тоа што тој не создава континуирано ткаење со други
суперблокови, туку функционира како одвоена населба и од нив е одделен со широки
коридори на сообраќајници од највисока автопатска категорија.
Суперблоковите најчесто се употребуваат како планерски избор за предградијата со
резиденцијална намена, кадешто системот на слепи и повратни улици обезбедува мирни
и безбедни зони за пешаците, како и континуирани зелени простори со социјални
средишта на ниво на соседство.
Доколку се употребуваат во централно градски простори, суперблоковите најчесто имаат
институциска, едукациска или корпоративна намена. Познат е централноградскиот
универзитетски кампус во Париз во форма на суперблок со изразита просторна
автономија, како и најпознатиот корпоративен суперблок на светот: Светскиот Трговски
Центар во Њу Јорк, за чиешто градење беше потребно да се „поништат“ и
преорганизираат неколку типични менхетенски градски блокови.

Суперблок од 1 км2 во Милтон Кејнс, Голема Британија. Блокот е ограничен со примарна


межа на сообраќајници со крстосници на растојание од 1 км, во кои се формира
секундарна мрежа на слепи улици во форма на слив и континуирано, аморфно земјиште
за градење.

Морфологија на затворен градски блок.

Затворениот градски блок - кој по дефиниција е парче градежно земјиште ограничено со


улици - морфолошки е дефиниран според формата на неговиот периметар. Тоа значи
дека имаме толку морфолошки типови на затворен блок колку што имаме типови на
улични мрежи односно типови на окца од мрежи. Кога ќе се исфрлат ретките екстремни
реализации на градски блок и ќе се апроксимираат формите на типолошки класи, бројот
на морфолошки типови се сведува на четири: тоа се квадратниот, правоаголниот,

Проф. д-р Мирослав Грчев 10


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

неправилниот праволиниски и неправилниот криволиниски блок. Првите два типа на


градски блок се планерски избор и цел, а третиот и четвртиот тип претставуваат
морфологија на историски реализации.

Четирите типа на градски блок со мултипликација создаваат четири типа на градско


ткаење со соодветни типови на улични мрежи: квадратна, правоаголничка, ирегуларна и
органска (ирегуларна криволинијска).

Периметар и димензии на градски блок.

Периметарот на затворениот урбан блок е морфолошки и функционално клучниот


елемент на блокот. По периметарот се одвива контактот помеѓу јавното и приватното,
преку него се врши размената на материја помеѓу улиците и градбите. Формата и
димензиите на периметарот се, поради тоа, најважните морфолошки параметри за
урбаниот блок.
Напнатоста по должината на периметарот на блокот се одразува во неговата
парадоксална морфолошка економичност: формата на блокот е толку порацинална колку
што е подолг неговиот периметар во една просторна единица. Овој парадокс постои
поради тоа што употребата на блокот е најинтензивна по неговиот периметар, што
практично значи дека блокот со поголем периметар може да има повеќе лица на парцели
и повеќе објекти во истата просторна единица.
Зависноста на економијата на периметарот од формата на блокот се илустрира најлесно
кога ќе ги споредиме должините на периметрите на квадрат, круг, триаголник и трапез во
иста просторна единица. Додека периметарот на триаголниот блок е еднаков на 3
(должински единици), периметарот на кругот е 3,14, периметарот на трапезот - кој ги
репрезентира сите неправилни четриаголници или правилни повеќеаголници - е поголем
од 3 но помал од 4, а квадратната форма има најдолг периметар кој изнесува 4
должински единици, што е уште еден аргумент за плаузибилноста на правоаголниот
градски блок.

Проф. д-р Мирослав Грчев 11


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Периметар на триаголник, трапез, круг и квадрат

Димензиите на градскиот блок варираат во различните урбани цивилизации, различните


епохи, но и помеѓу различни градови во еднакви цивилизациски услови.
Општа тенденција е зголемувањето на димензиите на градскиот блок да е
пропорционално на развитокот на државите, технологијата и стандардот на урбаните
цивилизации, како и средствата за личен и јавен транспорт. Тоа значи дека големината
на блоковите се зголемувала и намалувала во циклуси на раст и опаѓање на
цивилизациите, но дека бележи вкупно зголемување со тек на времето.
Така на пример, блоковите во парадигматичниот Тимгад имале димензии од 30/30 метри,
а во Милет квадратните блокови биле со димензии од 40/40 метри, додека
правоаголничките биле 30/50 метри. Стандардниот блок во Портланд, САД, е со
димензии од 60/60 метри, во Хјустон и Сакраменто се со димензии од 79/79 метри,
100/100 метри и 120/120 метри, стандардниот блок во Менхетен е со димензии 80/270
метри.
Во примерот на Чикаго, од мапата на градот од 1857 година се гледа дека целиот град е
поделен во квадратна модуларна мрежа која почнува со суперблокови со димензии од
560/560 и 400/400 метри, кои се намалуваат во блокови од 200/200, 100/200 и 50/100
метри.

Проф. д-р Мирослав Грчев 12


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Мапа на Чикаго од 1857 година.

Големината на блокот е од суштинско значење не само за ликот и амбиентот на градот,


туку и за неговото функционирање како и за неговата перцепција од страна на човекот.
Густината на уличната мрежа или големината на стандардниот блок е најважниот
квантитативен параметар во морфологијата на урбаното ткаење, затоа што токму овој
параметар одлучува дали ткаењето е антропоморфно или не, дали се работи воопшто за
градско ткаење или за друг тип на населска форма. Чувството на слобода на изборот на
движењето и чувството на урбанитет и социјабилност се во директна зависност од овој
параметар. Доколку димензијата на блокот е преголема, доаѓа до опаѓање на
антропоморфноста на градскиот простор, кој станува „непријателски“ кон пешакот.
Односот помеѓу големината на блокот и фреквенцијата односно застапеноста на
пешачкиот и автомобилскиот сообраќај, најдобро се соглеува од следниот димаграм:

Дијаграм на застапеноста на пешачкиот сообраќај во зависност од големината на блокот

Колку се градските блокови поголеми во едно градско ткаење, толку ткаењето станува
непријателско за пешаците и единствениот релевантен сообраќај станува
автомобилскиот. Обратно, колку градските блокови се помали, градското ткаење станува

Проф. д-р Мирослав Грчев 13


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

социјабилно, пријатно за пешачење и престој на луѓето. Екстремно малите блокови во


средновековните градови во континентална Европа или Медитеранот својата вечна
привлечност за луѓето му ја должат токму на оваа законитост.

Криер и примерот од Виена

Леон Криер ја сликува предноста на урбаните ткаења составени од мали блокови над
урбаните ткаења со суперблокови, компаративната анализа на две урбани ткаења од
Виена - историскиот центар на градот и парадигматичниот суперблок Карл Маркс Хоф.
Додека површината на Карл Маркс Хоф од 3 ха ја проектирале 3 архитекти, а зградите
обезбедиле 5,1 км јавен уличен фронт, истата површина од историското (средновековно)
јадро на градот ја граделе 345 архитекти, а должината на јавниот фронт на зградите е
18.5 км. Јасно е дека поголемиот број на партиципиенти во обликувањето на просторот и
поголемата должина на јавната фасада го прави историското јадро попривлечно,
попријатно и похумано.
Меѓутоа, големината на блокот ја одредува густината на уличната мрежа, а густината на
уличната мрежа во најголема мерка влијае на процентот од вкупното градежно земјиште
во градот кое е зафатено со улици. Зголемувањето на овој процент укажува на
зголемувањето на вкупната цена на чинењето на изградбата и одржувањето на градското
ткаење. Поради тоа, правата пропорција помеѓу големината на блокот и финансиската
рентабилност на градското ткаење ја утвдува гарантираната повисока цена на
антропоморфните градски ткаења составени од мали урбани блокови.

Проф. д-р Мирослав Грчев 14


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Дијаграм на обратна пропоција помеѓу рационалност и антропоморфност на градкото


ткаење

Проф. д-р Мирослав Грчев 15


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

ПРЕДАВАЊЕ 7

СЕКУНДАРНА ПОДЕЛБА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ: ПАРЦЕЛАЦИЈА НА БЛОК.


МОРФОЛОГИЈА НА ГРАДЕЖНАТА ПАРЦЕЛА. МОРФОЛОШКИ УСЛОВИ ЗА
ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА И МОРФОЛОГИЈА НА ПАРЦЕЛАЦИЈАТА.
МОРФОЛОШКИ ПРИНЦИПИ НА СЕКУНДАРНАТА ПОДЕЛБА НА ЗЕМЈИШТЕТО.
СЛОЖЕНИ ГРАДСКИ БЛОКОВИ И ВНАТРЕШНА ФОРМА НА ГРАДСКИ БЛОК

Секундарна поделба на градежното земјиште

Втора консекутивна обликовна операција во генезата на градската форма, како што веќе
потенциравме, е секундарната поделба на градежното земјиште, при која градежното
земјиште за поединечно градење се дели на градежни парцели. Резултат на
секундарната поделба на градежното земјиште е поделбата на приватниот интерес во
рамките на блокот, а во морфолошка смисла, тоа е внатрешната структурна и формална
дефиниција на блоковите. Парцелацијата на земјиштето односно секундарната поделба
на земјиштето на парцели е процес на утврдувањето на правото на градење на одредена
единица на градежното земјиште, односно верификување дека одредено земјиште ги
исполнува сите услови за да стане градилиште.

Пример на типичен американски градски блок со секундарна поделба на земјиштето и


начин на обележување на градежните парцели и уличните адреси

Секундарната поделба или второто обликовно ниво на урбаната форма е во својата


суштина утилитарен процес на операционализација на основната намена на градот и
градежнното земјиште: да обезбеди простор за градење на објекти за живеење и работа
на градскиот човек. Поради тоа, основната причина за секундарната поделба на
земјиштето е воедно и основен принцип на делбата - таа се врши според намената на
земјиштето. Структурната решетка на градското ткаење со примарната и секундарната
поделба на земјиштето би изгледала како на цртежите:

Проф. д-р Мирослав Грчев 16


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Основна решетка и решетка со групи на класи на намени

Секундарната поделба на градежното земјиште е континуиран процес, многу почест од


примарната поделба, и се одвива плански - со промена на намената и внатрешната
организација на блокот и спонтано - со купување и укрупнување на парцелите од страна
на сопствениците и инвеститорите. Овие консекутивни преподелби на градежното
земјиште во блокот се нарекуваат - во зависност од природата на поделбата -
препарцелација, апропријација, експропријација, комасација и арондација.

Препарцелација или реконструкција се врши на земјиште кое е веќе парцелирано и


можеби изградено. Препарцелацијата е процес на усогласување на затекнатата состојба
на порано реализирани градилишта со новата намена на земјиштето и новите услови за
градење. Со оваа веројатно најсложена постапка во урбанистичкото преобликување на
градовите, се менува намената на земјиштето, внатрешната улична мрежа на блокот,
типот на парцелите и густината на градбите.
Апропријација е корективна постапка со која планерот ги зголемува затекнатите парцели
чиишто димензии или форма се под стандардните пропишани за формирање на градежни
парцели и не можат да обезбедат услови за градење и просторен развој. Зголемувањето
на критично малите парцели се врши на сметка на поголемите соседни парцели.
Експропријација е постапка на промена на сопствениците на градежните парцели или
деловите од парцели, која најчесто се случува поради формирање на коридор на
непарцелирано земјиште за општа употреба заради градење на сообраќајница или друг
сообраќаен инфраструктурен објект. Експропријацијата од морфолошки аспект е
препарцелација или реконструкција.
Комасација е постапка на геометриско корегирање на затекната ирегуларна структура на
катастарски или градежни парцели кои - поради неправилните форми, остри агли и
премали димензии - не овозможуваат оформување на услови за градење на современи
градби. Со комасацијата постојната линијска мрежа на граници се брише и се
воспоставува нова, со правилни форми, линии и агли.
Арондација е постапка на укрупнување на повеќе мали парцели од ист сопственик и
формирање на помал број поголеми и поправилни парцели заради олеснување на
нивното обработување. Арондацијата е вообичаена операција за земјоделско земјиште,
но во ретки ситуации е можна и за градежното земјиште.

Историјата на градот е историја на примарни и секундарни поделби на земјиштето,


зафаќања од земјоделско земјиште, рагулација, парцелација, препарцелација и сл. Во
анлизата на развојот на дел од Париз - Монсо преку геодетските мапи на границите на
парцелите ( од 1843, 1857, 1859, 1862, 1900 и фотографија на денешната состојба )

Проф. д-р Мирослав Грчев 17


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

направена од Жак Ликан, најдобро се согледуваат промените на карактерот на


локалитетот и создавањето на вистинската структура на градот - катастарската градска
инфраструктура.

Проф. д-р Мирослав Грчев 18


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Морфологија на градежната парцела

Морфологијата на секундарната поделба на градежното земјиште пресудно зависи од


морфологијата на градежната парцела. А, морфологијата на градежната парцела зависи
од дефиницијата и димензиите на основната единица на градежното земјиште, а најмногу
од диспозициските и морфолошките услови за нејзиното формирање.
Градежната парцела е основна и најмала единица на градежното земјиште, која се
дефинира како ограничен дел од градежното земјиште со исти носител на правото за
градење. Таа е ограничена со регулационата линија кон земјиштето за општа употреба и
со граница на градежната парцела кон соседите.
Елементи на градежната парцела се нејзините различни страни, чијашто дистинкција се
изведува според диспозицијата на регулаторните линии со кои таа е ограничена.
Елементи на градежната парцела се: лице, дно и страни на парцелата. Лице на
градежната парцела е граница на парцелата обележана со регулациона линија. Лицето
е излез на градежната парцела на улица, сообраќаен коридор или некатегоризиран
пристап до земјиштето за општа употреба. Дно на градежната парцела е граница на
парцелата кон внатрешноста на блокот, по правило на спротивната страна од лицето на
парцелата. Страна на градежната парцела е граница на парцелата со соседната
парцела.

Димензии на градежната парцела се нејзината широчина и длабочина. Дефиницијата


на длабочината на градежната парцела се разликува според формата и според
регуларноста на парцелата. Така, доколку лицето и дното на парцелата се паралелни
меѓусебе, длабочината на парцелата го претставува најкусото растојание помеѓу нив.
Доколку тие не се меѓусебно паралелни, длабочина на парцелата е растојанието помеѓу
средината на лицето и средината на дното на парцелата. Во случаи кога парцелата е
триаголна или претставува неправилен полигон, длабочината го претставува најкусото
растојание помеѓу лицето на парцелата и 3 метри долга линија поставена така да биде
паралелна на лицето на парцелата, да ги допира страните на парцелата и цела да лежи
во градежната парцела.
Дефиницијата на широчината на градежната парцела исто така се разликува според
нејзината форма и регуларност. Доколку лицето и дното, a и страните на парцелата се
паралелни меѓусебе и под прав агол, широчината на парцелата е најкусото растојание
помеѓу страните на парцелата. А, доколку страните на парцелата не се меѓусебно
паралелни и градежната и регулационата линија не се совпаѓаат, широчината на
парцелата се мери по должината на линијата во парцелата поставена под прав агол на
оската на парцелата, во нејзиниот пресек со градежната линија.

Проф. д-р Мирослав Грчев 19


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Дефиницијата на широчината и длабочината на правоаголната градежна парцела е


најчесто првиот плански чекор од нејзината морфогенеза или морфолошка еволуција
која - по основ на правниот промет на градежното земјиште - потоа, низ времето,
непрекинато се менува и исто толку постојано предизвикува промени во внатрешната
морфолошка структура на блокот. Пример за ова може да се најде во практично секоја
историјска низа на карти на парцели од било кој град во развој, а особено е поучен
примерот на четвртта околу Аламо плоштадот во Сан Франциско во периодот од 1899 до
1976 година.

Основни услови за формирање на градежна парцела

Формирањето на градежната парцела е можно само доколку едно парче градежно


земјиште ги исполнува основните услови за формирање. Постојат две групи на
основни услови за формирање на градежна парцела и тие се диспозициски и
морфолошки по својата природа.
Диспозициските услови за формирање на градежна парцела се: таа да се наоѓа
непосредно до земјиште за општа употреба односно сообраќајна инфраструктура,
такашто до парцелата да може непречено да се пристапува и таа да може самостојно и
независно да се гради, употребува и одржува.
Морфолошките услови за формирање на градежна парцела се: таа да има димензии и
форма кои соодветствуваат со намената на земјиштето и објектите, видот и густината на
градбите и начинот на нивното користење.
Значи, првиот диспозициски и ултимативен услов едно парче земја да може да се
прогласи за градежна парцела или градилиште, е тоа да се граничи со земјиште
наменето за градски сообраќај, транспорт и комуникација. Технички, овој услов е вграден
и во дефиницијата и описот на градежната парцела, зашто фактот што таа секогаш
делумно е ограничена и со регулационата линија практично значи дека нејзината
сообраќајна пристапност е нејзино генеричко својство.

Проф. д-р Мирослав Грчев 20


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Според начинот на исполнувањето на првиот услов за формирањето на градежната


парцела - најзината сообраќајна пристапност, градежните парцели можат да бидат со
едно, две, три и четири лица или самостојни, а можат да бидат и без лице. Првите се
нарекуваат и надворешни парцели затоа што се поставени на периметарот на градскиот
блок , додека последната се нарекува внатрешна парцела, затоа што е во внатрешноста
на блокот и наместо лице има челен сообраќаен пристап.

Постојат хомогени блокови кои се составени само од еден тип парцели, како што се
двостраната и парцелата со едно лице, но може да се комбинираат парцелите со едно и
две лица во класичниот периметрален блок. Парцелите со три лица и со четири лица се
парцели кои прераснуваат во градски блок.

Проф. д-р Мирослав Грчев 21


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Вториот, морфолошкиот услов за формирање на градежната парцела ги вообединува


квалитативните, квантитативните и формалните аспекти на обликувањето на градот.
Намената на градежната парцела, урбанистичката концепција за просторната
организација на сите градски содржини односно градската планиметрија, карактерот на
населбата и локалитетот, густината на градењето, интензитетот на искористувањето на
земјиштето или капацитетот на планираните намени, како и системот и типот на
планираните градби, сето тоа директно влијае на формата и големината на градежните
парцели.
Вообичаените форми на градежните парцели се правоаголници кои, за жал, никаде не
се морфолошки нормирани, туку нивната правоаголна форма професионалната заедница
ја подразбира. Градежната парцела е најчесто правоаголник, или поточно, таа е
правоаголник секогаш кога тоа е можно да се изведе на конкретниот терен. Односот на
страните на правоаголникот исто така не е нормиран во теоријата, но праксата на
емпириски начин утврдила дека односот помеѓу широчината и длабочината на
градежната парцела најчесто се движи околу 0,5. Овој однос од 1 : 2 се зголемува кон 1 :
1 во аголните парцели и големите парцели со три лица. Екстремно широките парцели во
современите планови кои се наменети за лонгитудинални згради долж улиците можат да
имаат уште поголем однос помеѓу широчината и длабочината на парцелата кој
достигнува 4 : 1, додека кај двостраните парцели, кои се по правило најдлабоки, тој е до 1
: 4. Може да се рече дека односот помеѓу широчината и длабочината на градежната
парцела се движи помеѓу екстремите ¼ и 4:

¼<Ш/Д<4

Оптималниот однос помеѓу димензиите на градежната парцела би требало да се движат


помеѓу ½ и 2:

½<Ш/Д<2

Во изразот „Ш“ е широчина, а „Д“ е длабочина на градежната парцела.

Големиот диверзитет на наменски комбинации на градежното земјиште во историјата на


градот не предизвика типолошки диверзитет на градежните парцели, туку обезбеди
стандарди за формата и димензијата само на парцелите наменети за градба на објекти
за домување, а парцелите за сите останати намени воглавно се уредуваат со нумерички
стандарди за потребната површина на земјиште за одредена намена по корисник.
Така, на пример, во југословенските стандарди кои се потпираа на германските DIN
норми, најмала широчина на парцелите наменети за изградба на објекти за домување
(се смета на должината на лицето на регуларни парцели), е 12м за густо изградени
блокови, 14м за средно изградени блокови, 16м за ретка градба, 18м за вилни населби, а
од 20м до 40м за градежни парцели со специјални намени.
Длабочините на парцелите се исто така условени со намената на објектите, уличната
мрежа, типот на градба, како и висината на објектите. За домување, градежната парцела
за висина на објектот од п+1 е длабока 20 - 25 м, за п+2 длабочината е 25 - 30м, за п+3
длабочината е 30 - 35м и за п+4 таа е 35 - 40м.
Димензиите на градежната парцела, па со тоа и односот помеѓу широчината и
височината на парцелата се во непосредна зависност од типологијата на куќите за

Проф. д-р Мирослав Грчев 22


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

живеење која времето и урбаната традиција ја усвоиле за секоја конкретна локација, но


зависноста е и обратна: типот на куќата се прилагодува на формата на парцелата. Оваа
меѓузависност е сликовито прикажана во анализата на средновековните француски
градови - тврдини.

Општи начела за обликувањето на градежни парцели


Иако се работи за најважната формална операција во обликувањето на градската
планиметрија и просторната организација на градежното земјиште и на градбите,
професијата не ги дефинирала формалните правила за обликување на единиците на
градежното земјиште ниту во примарната, ниту во секундарната поделба на
земјиштето.Поради тоа, оформувањето и обликувањето на градежните парцели треба
да ги следат двата фундаментални морфолошки принципи за регуларноста и за
еквипартицијата.
Првиот принцип - на регуларноста во обликувањето на парцелите, кажува дека тие
треба да бидат колку што е можно поправилни форми, ограничени со колку што е можно
поправилни граници, кои се сечат под колку што е можно поправилни агли. Идеалната
форма за градежна парцела, според овој принцип е правоаголникот.

Eволуција на форма на парцела од неправилна до правоаголник

Проф. д-р Мирослав Грчев 23


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Вториот принцип - на еквипартицијата, кажува дека формата на градежните парцели


треба да биде таква што ќе овозможи поделба на земјиштето на колку што е можно
повеќе меѓусебе еднакви парцели. Идеалната форма на градежна парцела и според
овој обликовен геометриски принцип е правоаголникот.
Принципот на еквипартиција на земјиштето се генерализира во општ морфолошки
принцип на воедначување и хармонизација во обликувањето на градскиот простор.
Овој принцип се однесува на воедначувањето на условите за градење во групите на
градежни парцели кои се наменети за слични намени. Морфолошкиот принцип за
еквипартицијата при секундарната поделба на земјиштето во рамките на градскиот блок
практично се спроведува како емпириско правило кое се подразбира и кое цели во
рамките на еден блок градежните парцели со иста намена на земјиштето да бидат
меѓусебе усогласени по големина. Овој морфолошки принцип практично морфолошки
ги хомогенизира блоковите од аспект на типот на парцели. Така, блокот може да биде
поделен на различен број на парцели - во зависност од намената и големината на
парцелата - но принципот на еквипартиција бара тоа секогаш да бидат меѓусебе еднакви
парцели.

Блокови со 2, 4, 8, 16, 32 и 64 парцели

Во праксата, во процесот на секундарната поделба на земјиштето односно


парцелацијата, принципот на еквипартицијата честопати не е можно консеквентно да се
примени, поради неправилност на блокот, постојните природни или создадените
чинители. Во такви ситуации, принципот на еквипартицијата практично се следи со
постапка која обезбедува еднаква должина на лицето на парцелите и потоа нивно
разграничување со граница на градежната парцела која се повлекува под прав агол во
однос на лицето на парцелата односно регулационата линија.

Проф. д-р Мирослав Грчев 24


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Парцелација на неправилни блокови

Следењето на принципот на еквипартицијата честопати е во спротивност со диверзитетот


на потребите и барањата на градоградителите, па планерите се обидувале со
модуларно делење на блокот да ја овозможат внатрешната морфолошка
диверзификација и флексибилност на блокот. Еден од најстарите примери се блоковите
околу Аламо Плоштадот во Сан Франциско, според состојбата од 1931 година:

Шема на модуларна поделба на блок

Примери на модуларна поделба, С.Франциско

Проф. д-р Мирослав Грчев 25


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Сложени градски блокови и внатрешна форма на градски блок

Кога градскиот блок добива поголеми димензии, неговата основна дворедна структура
на парцели станува нерационална и морфолошки неприфатлива, бидејќи предлабоките
парцели со тесен уличен фронт со време произведуваат дерегулација, неконтролирано
градење во внатрешноста на парцелата и пад на вредноста на земјиштето. Во такви
ситуации блокот се преструктурира во четириреден блок и добива внатрешни улици.
Таквиот градски блок - со улици и парцели во својата структура - се нарекува сложен
градски блок. Структурната шема на ваквиот градски блок би била аналогна на
структурната решетка на градот по примарната поделба на земјиштето и би изгледала
како на цртежот:

Структурна решетка на сложен градски блок

Структурната граѓа на градското ткаење кое е составено од сложени градски блокови,


би изгледала како класично двостепено генеричко стебло:

Структурна решетка на град со сложени блокови

„Наједноставниот“ сложен урбан блок е основниот двостран и двореден блок, кој во


средината - помеѓу двата реда на парцели - има економска уличка или пристап до
гаражите. Оваа внатрешна уличка може да биде слепа и проодна, слепата може да биде
со кружна и „т“ свртница, проодната може да биде права или во „т“, „н“ и „z” форма.
Формата и природата на внатрешната уличка е основ за типологијата на сложениот урбан
блок:

Проф. д-р Мирослав Грчев 26


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Типологија на сложени блокови


Ако периметарот на блокот го дефинираме како вкупна должина на регулационата
линија долж сите улици околу и во градскиот блок, тогаш сложеноста на градските
блокови се зголемува со зголемувањето на неговиот периметар. Но, како и во случајот на
улиците, и лицата на парцелите (кои го чинат вака дефинираниот периметар) имаат
сосем различна социјална, финансиска и економска вредност во зависност дали се на
надворешниот дел или на внатрешниот дел од периметарот. Надворешниот периметар
на блокот е дел од градската мрежа, внатрешниот е локален по дефиниција и најчесто
не е дел на градската мрежа, туку на локалниот блоковски слив. Поради тоа, со
зголемувањето на сложеноста на блокот се намалува густината на градски релевантната
мрежа, па со тоа и социјабилноста и урбанитетот на ткаењето, но внатрешноста на
блокот станува помирна и интимна за домување.

Типологија на шестредни сложени градски блокови

Проф. д-р Мирослав Грчев 27


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Со зголемувањето на густината на внатрешните улици во сложениот градски блок од


една на две, се добиваат блокови со шест реда парцели, чијашто внатрешна
морфологија се менува во зависност од распоредот на внатрешните улици.
Усложнувањето на блокот доведува до негово неизбежно зголемување, при што тој
излегува од антропоморфните димензии и прекинува да биде релевантна морфолошка
единица на антропоморфното градско ткаење и прераснува во суперблок.
Суперблоковите се вон човечка размера, поради тоа не само што морфолошки не
партиципиртаат во урбаната форма, туку претставуваат дисконтинуитет во градското
ткаење или агрегација која го опкружува градот со ткаење од предградиски тип наменето
најчесто за домување.
Во САД се чинат големи напори да се креира и испита во стварност улична мрежа која
претставува комбинација помеѓу мрежа и слив во која ќе се организираат суперблокови
со својства на групи на блокови, во кои ќе се комбинираат добрите својства од двата
улични и блоковски системи.
Примерите го прикажуваат резултатот од овие напори: секундарна поделба на
десетреден суперблок, варијанти на десетредни суперблокови со внатрешна морфологија
која пермутира во зависност од формата на системот на внатрешните улици и модел на
урбано ткаење со прикажаните суперблокови.

Секундарна поделба на сложен суперблок Урбано ткаење со суперблокови

Типологија на суперблокови со слепи улици и јамки соредена со градско ткаење со мрежа


на затворени едноставни градски блокови

Проф. д-р Мирослав Грчев 28


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

ПРЕДАВАЊЕ 8

ТЕРЦИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ: ПОДЕЛБА НА ПАРЦЕЛА.


ПОВРШИНА ЗА ГРАДЕЊЕ И ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ. ТРЕТ МОРФОЛОШКИ НИВО НА
ГРАДСКОТО ТКАЕЊЕ. МОРФОЛОШКИ УСЛОВИ ЗА ГРАДСКА ФОРМА: ГУСТИНА НА
ГРАДЕЊЕ И ДИСПОЗИЦИЈА НА ПОВРШИНАТА ЗА ГРАДЕЊЕ. ТИПОЛОГИЈА НА
ПОВРШИНИ ЗА ГРАДЕЊЕ СПОРЕД НИВНАТА ВАЛЕНТНОСТ. ТИПОЛОГИЈА НА
ГРАДСКИОТ БЛОК СПОРЕД НЕГОВАТА МОРФОГЕНЕЗА.

Tерцијална поделба на градежното земјиште: поделба на парцела

Терцијарната поделба на градежното земјиште е структурација на земјиштето во рамки


на градежната парцела. Поделбата повторно се врши според намената на земјиштето, и
тоа овој пат на земјиште наменето за градење на објект и на земјиште наменето да
остане неизградено и да и служи на правилната употреба на објектот. Додека примарната
поделба (во плановите) се врши со регулациона линија, секундарната поделба се врши
со граница на градежната парцела, а терцијарната поделба на земјиштето се врши со
градежна линија.

Примарна, секундарна и терцијална поделба на градежното земјиште

Доколку целата структура на градот и градската форма може да се прикаже со


структурална решетка или морфогенетичко стебло, тоа ќе биде структура на
тростепена дихотомија. Оваа тростепена дихотомија ги репрезентира сите релевантни
морфосинтаксички нивои на урбаната форма:

Проф. д-р Мирослав Грчев 29


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Тростепена структурална решетка

Површина за градење и дворно земјиште

Површина за градење се вика делот од градежната парцела наменет за градење или


делот во кој во фазата на проектирање и градење мора да се постави основата на
објектот.

Терцијарната поделба е третиот морфолошки план или обликовен ниво на


морфологијата на урбаното ткаење. Поради тоа, со ова ниво се создаваат морфолошки
елементи во рамки на парцелата, но и интегративни градски форми кои настануваат со
спојување или групирање на површини за градење од повеќе парцели.
Дворно место или двор претставува дел од градежната парцела незафатен со
површината за градење. Дворното место се дели на преден двор, кој се наоѓа помеѓу
површината за градење и лицето на парцелата, заден двор, кој се наоѓа помеѓу
површината за градење и дното на парцелата и страничен двор, помеѓу површината за
градење и страната на парцелата.
Површината за градење е секогаш дефинирана во рамки на една градежна парцела и не
може да се протега низ две или повеќе парцели. Континуитетот на површината за
градење низ две или повеќе градежни парцели во урбанистичкото планирање се добива
како збир од поединечни површини за градење чиишто граници се совпаѓаат со границите
на градежните парцели, со што се обезбедува калканско спојување на соседните градби
во низа, уличен фронт и слично. Иако една градежна парцела по правило има една
површина за градење, ова правило има чести исклучоци кога се работи за големи
градежни парцели во кои со урбанистичкиот план се програмираат големи и комплексни
градби или повеќе градби со исти или компатибилни намени.

Проф. д-р Мирослав Грчев 30


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Густина на површините за градење: морфолошки услови за урбаната форма

Како и во првите два морфолошки нивоа на урбаната форма - примарната и


секундарната поделба на земјиштето, и при терцијарната поделба - пред да се
впуштиме во урбаната типоморфологија - неопходна е дистинкцијата на градската и
неградската класа на појави. Имено, иако се работи за морфолошка дистинкција, таа се
однесува на градски и неградски густини на изградбата, кои се изразуваат преку
односот помеѓу збирот на површини за градење и збирот на површини на градежните
парцели. Бидејќи основно својство на градската форма е асоцијатвноста и
интегративноста на нејзините основни елементи на секое морфолошко ниво, јасно е
дека површините за градење можат да се интегрираат меѓусебе само доколку овој однос -
густината на градење изразена преку вкупниот процент на изграденост, е толкав да го
овозможи нивното просторното групирање. Од досегашното урбано искуство
произлегуваат емпириските вредности на густината на градење кои соодветствуваат
на различни населски форми, и тоа:
Доколку П < 5%, тогаш тоа се рурални населски форми,
доколку П = 5 - 20 %, тогаш тоа се предградиски населски форми, и дури
доколку П > 20 %, тогаш е можна појавата на урбаната форма.

Како и во многу други области и во урбаната морфологија, во областа на густината на


изграденост, квантитетот прераснува во квалитет, или конкретно, урбаната форма е
можна само доколку густината на изграденост биде поголема од 20%, а може да се движи
и до 100%.
Оваа квантитативна дистинкција помеѓу различни морфолошки класи на појави може
да се добие и по графички пат со симулирање на различни густини на градење и
препознавање на нивните морфолошки можности:

Проф. д-р Мирослав Грчев 31


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Различни густини на градење како односи на површини за градење и површини на


градежните парцели

Густината на површините за градење во планската морфологија и густината на


изграденост во постојните урбани средини, е основниот услов за настанок на урбаната
морфологија. Урбаната форма, како впрочем и сите други стабилни форми во
природата, е можна само доколку елементите кои ја градат формата - во нашиот случај
површините за градење односно површините под објект, постигнат таков процент на
изграденост или густина која ја овозможува нивната меѓусебна интеграција во урбани
форми.

Диспозиција на површините за градење: основен елемент на урбаната морфологија

Диспозицијата на површината за градење во градежната парцела и нејзиното


растојание од границите на градежната парцела, во процесот на планирање зависат од
намената на земјиштето и градбите, од избраниот тип на градење односно од начинот на
групирањето на градбите во блокот. Но од аспект на морфогенезата на урбаната форма

Проф. д-р Мирослав Грчев 32


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

круцијална е индуктивната зависност на крајната форма на градот од диспозицијата на


површините за градење во градежните парцели. Од просторната распределба на
површините за градење во единиците на градежното земјиште - градежната парцела и
градскиот блок, практично зависи целата морфологија на градското ткаење.
Клучниот морфолошки квалитет на диспозицијата на површината за градење во
градежната парцела произлегува од нејзиното својство да се асоцира, интегрира или
допира со површините за градење од другите соседни парцели. Доколку површината за
градење има такво својство, кое се должи на нејзината диспозиција во парцелата, таа
диспозиција е морфолошки „активна“, а доколку површината за градење го нема тоа
својство, или со едноставни зборови, не се допира до границата на парцелата и до друга
површина за изградба, таа има „пасивна“ или „инертна“ диспозиција. Оваа дистинкција
- на активни и инертни површини за градење, е од најголемо значење за морфологијата
на градот, затоа што таа ја формира основната морфолошка дистинкција на градски и
неградски форми во третото морфолошко ниво на урбаната форма. Доколку
терцијарната поделба на земјиштето резултира со активни и асоцијативни површини за
градење кои формираат посложени морфолошки елементи како што се блоковите - тоа е
тогаш градска поделба. Доколку површините за градење се инертни и формираат групи
на меѓусебно одделени објекти, тогаш се работи за неградска поделба на земјиштето во
третото морфолошко ниво.
Инаку, во распределбата на површините за градење во градежните парцели владее
општото морфолошко правило за симетричен третман на границите на парцелите.
Имено, границите помеѓу секои две парцели треба да се третираат како оски на
симетријата според кои се врши просторната распределба на површините за градење.
Така, на пример, кога една површина за градење се допира до границата на градежната
парцела, тогаш истото мора да се овозможи и од другата страна на границата во
соседната градежна парцела. Со ова активно морфолошко правило за просторна
распределба на површините за градење се зголемува асоцијативноста и интегративноста
на површините за градење и на нивниот морфолошки капацитет.

Активна (градска) и пасивна (неградска) диспозиција на површината за градење

Проф. д-р Мирослав Грчев 33


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Јасно е дека степенот на активноста односно асоцијативноста на површината за


градење зависи најмногу од два параметра: од процентот на изграденост и од нејзината
диспозиција во парцелата, а многу малку или воопшто не зависи од формата на
површината за градење. На следниот цртеж графички се симулира скала на степените на
асоцијативност на површината за градење, од потполно инертна до максимално
асоцијативна:

Степени на активност или асоцијативност на површината за градење

Од симулацијата се гледа дека степенот на асоцијативноста е во функција од бројот на


страни од површината за градење кои се совпаѓаат со границите на градежната парцела.
Ова значи дека колкушто поактивна е диспозицијата на порвшината за градење, толку е
поголема можноста да се создадат нови морфолошки урбани факти. Колку градбите
повеќе се интегрираат односно физикално и просторно се „лепат“ или „допираат“, толку
се „поградски“ формите што ги создаваат со интеграцијата. Оваа зависност на
урбанитетот - „градскоста“ на конфигурациите на површините за градење од бројот на
страни на површината кои се совпаѓаат со границите на парцелата, не е линеарна, затоа
што клучен аспект за „градскоста“ на финалната форма која е резултат на интегрирањето
на површините за градење, е токму надворешната форма на резултантниот морфолошки
елемент. Бидејќи надворешната форма на блокот е практично формата која е
дефинирана при примарната поделба на земјиштето, која е претходно извршена со
повлекувањето на регулационата линија, тогаш најважното следно морфолошко
својство - покрај густината и асоцијативноста - кое ја дефинира урбаната форма е
периметралната конфигурација.
Градската форма како закон според кој урбаниот мотив се повторува во времето и
просторот, е сепак утилитарен закон: оваа форма има за цел на најмалку простор да
овозможи најмногу јавна површина, најдолги улични фронтови со најголема социјална
динамика, најголема продуктивност на културни вредности и најголема економска
исплатливост и одржливост. Густината и интегративноста на морфолошките елементи
се суштина на неверојатната прегнантност на урбаната форма да ги обезбедува сите
наведени аспекти на урбанитетот со подеднаква успешност. Но, уште едно морфолошко
својство е неопходно за да се обезбедат сите морфолошки услови за настанок на класата
на појави кои можеме да ги наречеме појави на урбаната форма. Тоа е периметралната
дефиниција на елементите на урбаната форма.
Периметарот на урбаниот блок физички се формира со оние страни на површината за
градење кои се совпаѓаат или се на мало растојание и паралелни со регулационата
линија која го дефинира блоковскиот периметар. Значи, диспозицијата на површините за
градење треба да овозможи совпаѓање на страната на површината за градење -
градежната линија и лицето на парцелата - регулационата линија. Оваа формална
законитост е уште еден морфолошки услов за урбаната форма и уште една дистинкција
помеѓу градски и неградски форми:

Проф. д-р Мирослав Грчев 34


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

 градските форми се резултат на диспозиција на површините за градење во


градежните парцели во која постои тенденција или реализирано совпаѓање на
страната од површината и лицето на парцелата, и,
 диспозицијата на површината за градење во градежната парцела е толку повеќе
градска колку што резултирала со поголема должина на конгруенцијата на
регулационата и градежната линија.
На следните шематски симулации на урбани ситуации станува очигледна зависноста на
степенот на урбанитет или „градскоста“ на урбаните форми од оддалеченоста на
површината за градење од лицето на парцелата и од должината на уличниот фронт кој е
резултат на конгруенција на градежната и регулационата линија:

Скала на активни диспозиции на површината за градење во зависност од нејзината


оддалеченост од лицето на парцелата

Скала на активни диспозиции на пов. за град. по однос на совпаѓањето на страната на


површината и лицето на парцелата (дефиниција на блоковскиот периметар)

Периметрална дефиниција на морфолошките елементи на градот

Периметралната дефиниција е карактеристика на практично сите изградени


архитектонски и урбанистички простори: од собата – како основен архитектонски простор,
до куќата или било кој сложен архитектонски објект. Ѕидовите, подовите, плочите и
таваниците се материјалната реализација на периметралната дефиниција на
архитектонските градби. Архитектот зафаќа од аморфниот простор и го преградува,
обѕидува и покрива: неговата креација е практично периметрално дефинирање на еден
просторен концепт: тој ги црта и гради ѕидовите кои се буквално просторниот периметар
на архитектонските простори. И градските простори во своето создавање го поминуваат

Проф. д-р Мирослав Грчев 35


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

процесот на периметрална дефиниција. Земјиштето првин се дели на површини


дефинирани на периметарот, потоа се оградува, преградува и изградува за да се
формираат урбаниот блок, улица, блоковскиот двор и плоштадот. За сите елементи на
урбаната форма клучни се формата и својствата на периметарот. А, пак, формата и
својствата на периметарот се клучни само според еден критериум: колку се во состојба
да се интегрираат со другите елементи на градот во континуирано градско ткаење според
законот на урбаната форма.
Во филозофијата, уште од античко доба, постои дистинкција на нештата на феноменон и
ноуменон. Феноменонот е појавност, искуствен факт кој ги опфаќа сите видливи,
мерливи, материјални појави од реалниот свет. Ноуменонот не е ствар која може да се
спознае со искуство, туку е ствар по себе, која се знае априори, производ на човековата
свест. Оваа дистинкција на нештата на феноменон и ноуменон - на метафоричко ниво - ја
овозможува суштинската аналогија со архитектонската и градската морфосинтакса:
архитектурата се проектира, гради и препознава како феноменон, но се користи, живее,
чувствува и поима како нематеријализирана или неизградена суштина - како ноуменон.
Празниот простор кој е обѕидан по периметарот со градежни и архитектонски елементи е
суштината на секој архитектонски простор. Во градските работи е аналогно: градот се
гради со куќи и блокови, но неговата суштина е во “неизградениот простор”, во улиците и
плоштадите.
Принципот на периметралната дефиниција е морфолошко правило кое може да се
примени на сите нивои на интегрирање на архитектонските и урбанистичките форми.
Така применет овој принцип го генерира поопштиот принцип на универзална аналогија.
Принципот на универзална аналогија е питагорејски принцип кој ги објаснува
сличностите помеѓу деловите и целината. Принципот го формулирал Платон во своето
Седмо писмо : “Ќе спознаеш, колку што тоа на смртникот му е можно, дека
Природата во се е слична на самата себеси.”
Во архитектурата и градот постои аналогија на односи помеѓу сите периметрално
дефинирани елементи во различните нивои на интеграција: од собата и куќата, до блокот,
четвртта и градот. Општата ортогонална шема на оваа универзална морфосинтаксичка
аналогија на градските архитектонски и урбанистички форми, ја чини општата идеална
(квадратна) шема на град:

Проф. д-р Мирослав Грчев 36


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Од зависноста на степенот на асоцијативност и интегративност на површините за


изградба од нивната положба во градежната парцела, како и од зависноста на појавата
на урбаната форма од периметралната дефиниција на сите елементи на градската
форма, произлегува веројатно најважното општо морфолошко правило на урбаната
форма: во создавањето на урбаната форма како дистинктивна морфолошка одлика на
градот најважен е распоредот и својствата на елементите во групата, а не нивната
поединечна форма. Поради ова фундаментално начело на урбаната форма имаме
појави на цели градови со исклучително висок урбанитет, динамичност, социјабилност и
привлечност за луѓето, кои се сочинети од просечни и меѓусебно слични архитектонски
елементи со скромна или никаква архитектонско-естетичка вредност, а на спротивната
страна имаме голем број на градови или делови од градови во кои се изградени голем
број на референтни архитектонски објекти, кои немаат никаква градска привлечност, па
дури немаат ниту својство на градско ткаење.

Типологија на површини за градење според нивната валентност

Рековме веќе дека површините за градење во морфогенезата на градското ткаење се


интегрираат во посложени урбани форми - урбани блокови. Урбаните блокови можат да
бидат градски или неградски по својата природа и форма уште во примарната поделба
на земјиштето, потоа можат повторно на градски или на неградски начин да бидат
парцелизирани во секундарната поделба на земјиштето, но во зависност од типот на
површините за градење односно од начинот на поделба на земјиштето, урбаните блокови
можат повторно во терцијарната поделба на земјиштето да станат градски или неградски
односно рурални или предградиски по својата природа. Тоа значи дека основната
дихотомија на градски и неградски форми во терцијарната поделба на земјиштето
зависи токму од типот на површината за градење во градежната парцела.
Доколку својството на површината за градење да се интегрира со други површини за
градење (кое е клучно за морфологијата на градските форми) го наречеме валентност -
аналогно на мерката на способност на атомот на некој елемент да се врзува со атоми на
друг хемиски елемент, тогаш основната генеративна типологија на површините за
градење можеме да ја оформиме токму според ова својство. Така, според бројот на
валенции ќе добиеме четири градски типа на површина за градење и еден неградски тип
кој е универзален и „одговорен“ за сите неградски форми. Градски ќе бидат
едновалентните, двовалентните, тривалентните и четиривалентните површини за
градење или под објект, а неградска ќе биде површината без валенции која претходно ја
нарековме инертна по дефиниција.

1, 2, 3 и 4 валенти градски површини и 0 валентна неградска површина

Проф. д-р Мирослав Грчев 37


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Типологија на градскиот блок според неговата морфогенеза

Типологијата на градскиот блок според неговата морфогенеза се добива со


класификација на блоковите кои настанале со асоцијацијата, интеграцијата или
„лепењето“ на површините за градење односно површините под објект. Со морфогенеза
на блокот со површини за градење (или под објект) со валентност од 1 до 4 се добиваат
сите градски форми на блок во историјата на градот, а со групирањето на површината
за градење без валентност во просторни конфигурации од елементи кои не се доираат
меѓусебе се добиваат сите други населски формации во историјата на човекот.
Поради тоа, основната типолошка класификација на системите на градењето и на
блоковите што го чинат градското ткаење се изведува токму според валентноста на
површините за градење односно според диспозицијата на површината за градење во
типичната градежна парцела. Така се разликуваат три основни типа на блок или на
градење:
1. Затворен периметрален блок или тип на градба по периметарот на блокот. Овој
тип морфогенетички го чинат површини за градење со 2 валенции (2.1 - линиска
валентност и 2.2 - аголна валентност),
2. Затворен целосно изграден блок или тип на градба по целата површина на
блокот, кој е сочинет од површини за градба со 2 и 3 валенции, и
3. Отворен блок или тип на солитерна градба дисперзно распределена по
површината на блокот, кој го сочинуваат порвшини за градење или под објект кои
немаат ваалентност односно не се допираат со ниту една страна со друга
површина за градење.
Очигледното отсуство на едновалентната површина за градење е поради тоа што таа
претставува специјален случај на крај на низа или врв на блоковкиот периметар и
генерички не учествува во градбата на ниту еден тип на блок.
1. Затворениот тип на градба по периметарот на блокот или периметралниот тип
произлегува од просторна распределба на површината за градење во градежната
парцела во која таа тежнее и се допира до лицето на парцелата. Растојанието помеѓу
површината за градење и страната на парцелата со зголемувањето на процентот на
изграденост тежнее кон нула. Растојанието помеѓу површината за градење и дното на
парцелата тежнее да се зголемува и треба да се заштитува со посебна заштитна норма.

Шематска интеграција на површини за градење со 1 и 2 валенции

Проф. д-р Мирослав Грчев 38


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Овој тип на распределба го генерира периметралниот градски блок карактеристичен по


градењето долж обемот на блокот и создавањето на заедничко блоковско двориште во
неговата средина. Овој тип е познат како еден од најчестите типови на урбани блокови во
европа и во европските колонии во новиот век.

2. Затворениот тип на градба по целата површина на блокот произлегува од


просторна диспозиција на површината за градење во градежната парцела, во која таа се
распределува периметрално во парцелата долж нејзините граници, создавајќи атриум
или патио во средината на парцелата. Кај површинскиот тип на градење наменет за
домување кадешто отворите на градбите се ориентирани кон внатрешните дворови,
растојанието помеѓу границата на површината за градење и регулаторните линии по
правило е нула или тежнее кон нула.

Шема на блок со површини за изградба по целата површина

Проф. д-р Мирослав Грчев 39


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Овој тип на распределба го генерира потполно изградениот градски блок познат од


почетоците на урбаната цивилизација и задржан до ден денес во традиционалните
градски ткаења во Африка и Азија или во преизградените периметрални блокови во
Европа и Америка.

3. Отворениот тип на градба дисперзно распределена по површината на блокот


произлегува од просторна диспозиција на површината за градење во градежната парцела
во која таа се поставува во средината на парцелата, на растојание од границите на
градежната парцела, за да овозможи изградба на слободностоечки објекти со регуларни
отвори на сите фасади. Кај дисперзивниот тип на градење наменет за домување,
растојанието помеѓу површините за градење и границите на градежната парцела зависи
од височината и меѓусебната поставеност на градбите, па мора да се пропишува со
заштитни норми кои најчесто се однесуваат на растојанијата помеѓу страните од
површините за градење на кои се предвидуваат регуларни отвори на градбите.

Шема од отворен блок со површини за изградба без валенции

Проф. д-р Мирослав Грчев 40


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Овој тип на распределба го генерира отворениот градски блок кој стана единствена
типолошка опција на модерната архитектонска парадигма.

Проф. д-р Мирослав Грчев 41


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

ПРЕДАВАЊЕ 9

ЕЛЕМЕНТИ НА ГРАДСКАТА ФОРМА ВО ТРЕТОТО МОРФОЛОШКО НИВО: КУЌА,


БЛОК, ДВОР, УЛИЦА, ПЛОШТАД. ФАКУЛТАТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА УРБАНАТА
ФОРМА. ПОМОШНИ ЕЛЕМЕНТИ НА УРБАНАТА ФОРМА. ОПШТО ФОРМАЛНО
НАЧЕЛО: МЕЃУСЕБНА НЕГАТИВНА ДЕФИНИЦИЈА ИЛИ ПОЗИТИВ И НЕГАТИВ
МОРФОЛОГИЈА. СИНТАКСА НА ГРАДСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ: РАСПОРЕД НА
ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ГРАДСКАТА ФОРМА.

Елементи на градската форма

Во поделбите на градежното земјиште на трите обликовни нивои на градската форма се


генерираат сите морфолошки елементи на градот. Во примарната поделба тоа се
блокот и улицата, во секундарната поделба тоа се парцелата и пристапната улица и
во терцијарната поделба тоа се површината за градење или површината под објект -
која во основата на градот ја репрезентира градбата и неизградениот остаток од
градежната парцела - дворот. Оформувањето на елементите на градската форма е
диситнктивно на секое обликовно ниво: тоа може да генерира градски или други
неградски ( селски, предградиски ) фоми.

Градска и неградска форма во 1, 2 и 3 морфолошко ниво

Проф. д-р Мирослав Грчев 42


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Тоа значи дека елементите на градската форма мораат да исполнат морфолошки


услови за да бидат градски по својата природа на секое обликовно ниво. Блокот може да
биде оформен како градски во првото ниво, но да се парцелира на неградски начин. Исто
така, блокот кој е оформен според законот на урбаната форма во првото и второто
обликовно ниво, во третото ниво - во дистрибуцијата на површините за градење односно
одредување на густината и типот на градбите - може да биде повторно градски по својата
формална природа, но може да биде и неградски. Во вертикалната структура на
обликувањето на градската форма, создадена од низата на формални процедури во
различните морфогенетички нивои не може да постои дисконтинуитет на градската
форма во ниту едно ниво. Морфогенезата на градската форма е консекутивна,
кумулативна и ексклузивна.

Стебло на морфогенеза на градска форма

Ова значи дека основната морфогенетичка операција во првиот обликовен ниво или во
примарната поделба на земјиштето - кога се формираат улиците и блоковите - мора да се
„потврди“ со површините за градење во третиот обликовен ниво на формирањето на
градската форма. Фундаменталните морфолошки правила за периметралната
дефиниција на елементите на градската форма и за нивната меѓусебна негативна
дефиниција во потполност се „на сила“ и во третата морфогенетичка фаза од
обликувањето на градот.
Начелото на формалната доследност во секое обликовно ниво практично го утврдува
истото формално начело и на последното дводимензионално површинско
морфогенетичко градско ниво: како што веќе рековме, вкупната површина на асоцираните
и интегрираните површини за градење или под објекти мора периметрално да ги
оформи истите линии на разграничување помеѓу приватното и јавното. Во оваа
морфогенетичка операција „исчезнуваат“ основните единици на земјиштето - градежните
парцели и основните единици на изградените блокови - површините за градење или под
објект, што ги репрезентираат во проекција изградените објекти. Овие основни градбени
единици на формата се интегрираат во блоковите: во изградените површини и во
дворовите.

Проф. д-р Мирослав Грчев 43


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Основни единици на урбаната форма: Интегрирани елементи на урбаната форма:

Улицата и блокот се елементи на урбаната форма само доколку се морфолошки


дефинирани со изграден фронт односно доколку се изградени по периметарот на своите
форми:

Блоковите и улиците се единствените морфолошки елементи на оформеното градско


ткаење. И едните и другите класи на појави имаат по две структурни типолошки класи на
појави и во рамките на типолошките комбинации помеѓу нив се случуваат сите формални
варијации на градската класа на појави. Оваа класа на појави се повторува како
структурален и формален мотив според систем на правила кои ги нарековме урбана
форма.

Проф. д-р Мирослав Грчев 44


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Четири основни типолошки класи

Со типолошката диверзификација на четирите основни типолошки класи на двата


основни структурални елементи на урбаната форма - улицата и блокот се добиваат сите
реализации на урбаната форма во историјата на градот.

Athens, Greece Ahmedabad, India Alexandria, Egypt

Tunis, Tunisia Aleppo, Syria Piraeus, Greece

Проф. д-р Мирослав Грчев 45


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

New York, USA Boston, USA Amsterdam, Holland

Barcelona, Spain Paris, France Copnehagen, Denmark

Lisbon, Portugal Saint Petersburg Venice, Italy

Факултативни структурални елементи на урбаната форма

Улицата и блокот се структурални елементи на урбаната форма кои немаат


алтернатива - урбаното ткаење е изградено само и единствено од овие просторни,
функционални и морфолошки комплементи. Тие се дистинктивни за урбаната форма
како класа на физикални појави, што значи дека поради нив урбаната форма се
разликува од сите други населски форми, па консеквентно тие се морфолошки

Проф. д-р Мирослав Грчев 46


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

облигаторни. Но, градовите имаат уште три факултативни структурални елементи кои
произлегуваат од специјални случаи на облигаторните структурални елементи на
урбаната форма ( улицата и блокот ) . Овие факултативни елементи на урбаната форма
го збогатуваат диверзитетот на градската форма но не се облигаторни за нејзиното
постоење. Тоа се блоковскиот двор, плоштадот и зелениот сквер.

1. Блоковскиот двор се појавува како морфолошки елемент во приметралниот блок и го


представува неговото неизграадено средиште. Блоковскиот двор е сочинет како збир на
поединечните дворови и изворно не претставува градски елемент кој активно се
употребува како градски простор, но може да еволуира во јавен простор кој добива
својства на плоштад.

Блоковски двор и еволуција на дворот во агора

2. Плоштадот е специјален случај на улица: тоа е проширување на уличниот коридор кое


настанува со слив на повеќе улици, со проширување на улицата помеѓу две крстосници
или со „испуштање“ на еден блок во урбаното ткаење.

Tри основни типа на плоштад

Проф. д-р Мирослав Грчев 47


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Постојат повеќе морфолошки типологии на градски плоштад, но тие се само авторски


селекции на можни типови на плоштади кои ја илустрираат капацитативноста на
елементот на урбаната форма за формално пермутирање:

John Theodore Haneman, Pictoral Encyclopedia of Historic Architectural Plans, Details and
Elements, The Architectural Book Publishing Company, 1923.

Проф. д-р Мирослав Грчев 48


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Меѓутоа, основите на најубавите плоштади на светот покажуваат дека типолошкиот


капацитет за варирање на формата во стриктни морфолошки рамки само по себе не ја
обезбедува недофатливата убавина на плоштадниот амбиент.

Piazza del Campidoglio, Piazza del Campo, Sieanna, Piazza San marco, Venice,
Rome, Italy Italy Italy

Проф. д-р Мирослав Грчев 49


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Piazza Navona, Rome, Italy Piazza San Petro, Rome, Italy Piazza della Signoria,
Florence, Italy

3. Зелениот сквер е блок на кој не е изградена зграда или комплекс на градби, туку јавен
простор со зеленило. Зелениот сквер е специјален случај на градежно земјиште за
изградба на кој се гради објект кој по намена е јавен простор, а по природа е неизградено
земјиште со зеленило. Зелениот сквер функционира во урбаното ткаење како плоштад на
кој не се можни социјални собири или како објект во кој се влегува за да се доживее
отворениот простор и природа. Зелениот сквер може да биде дел од блок, цел блок и
повеќе блокови.

Три типа на зелен сквер

Проф. д-р Мирослав Грчев 50


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Bryabt Park, New York, USA Farragut Square, Washigton Jackson Square, New
DC, USA Orleans, USA

Johnson Square,Savannah, Mount Vernon Square, New Rittenhous Square,


USA York, USA Philadelphia, USA

WashingtonSquare Park, New Bedfrod Square, London, Plazza San Marco, Venice,
York, USA England Italy

Проф. д-р Мирослав Грчев 51


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Помошни елементи на урбаната форма

Помошните елементи на урбаната форма се урбани конфигурации кои имаат кусок на


просторни елементи што се неопходни за тие да се дефинираат како градски, но поради
специјалните природни и морфолошки својства сепак им обезбедуваат не само
еквивалентна синтаксичка вредност на структуралните елементи на урбаното ткаење,
туку особено и значително градска атмосфера и висок урбанитет. Речните кејови, на
пример, во синтаксата на градската форма се градски улици, иако не одговараат на
нормативниот опис на улица, зашто им недостасува еден уличен фронт за да се оформи
уличниот профил. Речната лонгитудинала, меѓутоа, како да го надоместува недостатокот
од изграден фронт и обезбедува просторна хомогеност на специјален случај на градска
улица. Ист е случајот со езерските и морските градски риви и кејови кои се еднострано
изградени, но се архетипски градски уличен елемент.

Речен и морски кеј

Затвореноста на градските плоштади може да биде еквивалентна на полуотвореноста на


некои плоштади кои се во вид на оградени тераси на терен во пад или на големи јавни
скали. Зелените скверови ја обезбедуваат хомогеноста на урбаното ткаење исто како и
изградените блокови, а дрворедите, колонадите и оградите го супституираат или

Проф. д-р Мирослав Грчев 52


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

корегираат растојанието помеѓу блоковите и изградениот уличен фронт кои се неопходни


за да се формира една улица.

Кеј е еднострано изграден уличен елемент Зелен сквер или формирано високо
зеленило надоместуваат изграден уличен
фронт од блок

Способноста на урбаното ткаење како универзален градски медиум да изрази бесконечно


многу различни градски ситуации – детерминирани од најразлични историски,
цивилизациски и природни чинители, се должи на неспецијализираното ткаење и на
огромниот диверзитет на елементите кој може да се класифицира во многу типолошки
групи.
Едноставната шема на идеално урбано ткаење во стварноста се материјализира со голем
број на тн. помошни елементи на урбаната форма. Овие природни или артефициелни
просторни елементи не се градски по природа, но се еквивалентни на структуралните
елементи во услови на непотполн или различен структурален опис. Вакви специјални
елементи на урбаното ткаење се : кејови и риви, стрми или вертикални засеци,
подножја и кањони, мостови и големи градски скали и тераси, градски паркови,
дрвореди и колонади, огради, градски лоѓи, плоштатки и др.

Општо формално начело: меѓусебна негативна дефиниција на елементите на


урбаната форма или позитив и негатив морфологија

Бидејќи примарната поделба на земјиштето се врши со една линија која го разграничува


јавното од приватното земјиште, јасно е дека формите на улиците и блоковите ќе се
однесуваат како позитив и негатив односно меѓусебно формално ќе се дефинираат.
Практично, единствениот морфолошки и графички селективен тест за препознавање и
разликување на урбаното ткаење од било која друга псевдоурбана архитектонска
агломерација или од друга специјална архитектонска конфигурација која не е градска по
природа, е планиметрискиот позитив-негатив тест. Во тестот се зема планиметриска
основа од испитуваната површина и во првата графичка фаза на тестот се исполнуваат
со боја првин изградените површини , а потоа, во втората графичка фаза се исполнуваат
со боја сите други површини. Доколку се работи за урбано ткаење, позитивот и негативот
од изградениот простор ќе бидат еквивалентни по информациите што ги носат, што
значи дека доколку позитивот претставува улиците, негативот ќе ги претставува
блоковите и обратно. Тоа е така поради потполната меѓусебна просторна дефиниција на
структуралните делови на урбаното ткаење. Клучно во меѓусебната негативна просторна

Проф. д-р Мирослав Грчев 53


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

дефиниција помеѓу елементите на градската форма е дека не постои „остаток“ или


некој друг елемент или неккаков друг дефиниран или недефиниран простор помеѓу нив.

Позитив и негатив на градско ткаење

Доколку се работи за ткаење кое не е урбано по карактер, тестот на графичкиот позитив


и негатив од било која основа на дел од град со неградски морфолошки карактеристики,
ќе покаже дека сликата на позитивот нема да биде еквивалентна со сликата на негативот:
во негативот од изграденото ќе “исчезнат” информациите за сообраќајниците и јавните
простори бидејќи тие не се просторно дефинирани од страна на зградите. Во тестот ќе се
види дека слободностоечките објекти во каква било современа урбанистичка
конфигурација не се градски по своите морфолошки карактеристики, зашто оставаат
многу аморфен, морфолошки недефиниран простор помеѓу изградените површини и
јавните сообраќајници кој може да се нарече „остаток“.

Позитив и негатив од модерна населба

Проф. д-р Мирослав Грчев 54


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Синтакса на градските елементи: распоред на елементите на градската форма

Инваријантен слој во градскиот феномен е длабокиот апстрактен слој на урбаната


форма.Тоа е списокот морфосинтаксички правила според кои елементите на градот
просторно се разместуваат и оформуваат. Променливиот слој на градот е неговата
материјална појавност односно конкретните реализации на овие правила. Според ова,
сите градови на едно апстрактно структурално и морфолошко ниво се идентични -
поради универзалноста и инваријантноста на законот на урбаната форма - додека
ниту еден стварен град или дел од град не се идентични меѓусебе на површинското
појавно ниво.
Урбаната форма е морфосинтаксичка структура која генерира бескрајно многу различни
градски ситуации. Оваа класа на градски појави се разликува од многу поголемо
множество неградски појави меѓу кои, како што видовме, спаѓаат и сите досегашни
професионални архитектонски обиди одново да се измисли урбаната форма.
Една одредена генеративна синтаксичка структура му е иманентна на градот и таа е
аналогна на лигвистичките синтаксички структури на Чомски. Имено, дали еден исказ е
граматички исправен, според Чомски зависи од неговите морфосинтаксички својства, но
неговиот квалитет односно смисол е независен од неговата граматичност. Поради тоа,
една граматички совршено правилна реченица - според која може да се препознае и
реконструира јазикот на кој е искажана - може да биде потполно бесмислена и
неупотреблива.
Примерот на илустрацијата ја прикажува инваријантната синтаксичка структура за двете
граматички исправни реченици, од кои првата има смисол додека втората е бесмислена.

Истото се случува и со градот и градската форма: за да се нарече градска, една


просторна ситуација мора да има морфосинтаксички својства кои се генерирани од
урбаната форма, но дали квалитативно конкретната градска ситуација е употреблива,
прифатлива или пожелна, зависи од многу други чинители. Градската форма ги
обезбедува само просторно-физичките, морфолошките и антропометриските услови една
конфигурација на објекти во просторот да се квалификува како градска.

Проф. д-р Мирослав Грчев 55


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

По аналогија со синтаксичката структура на една реченица, може да се направи


синтаксичка структура на град чии што елементи се четвртта, блокот, куќата, дворот,
улицата и плоштадот.

Пресек на градско ткаење генериран од синтаксичката структура на град како услов за


“граматички” исправна градска ситуација
Синтаксичките правила на урбаната форма се однесуваат на описот на елементите,
нивното просторно разместување и нивната вредност во распоредот. Како што веќе
рековме, токму овие синтаксички правила ја дефинираат класата на градски феномени:
дали едно градежно архитектонска конфигурација е градска и колку, практично зависи од
нејзината синтакса.

Проф. д-р Мирослав Грчев 56


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

ПРЕДАВАЊЕ 10

ЧЕТВРТО МОРФОЛОШКО НИВО НА ГРАДСКАТА ФОРМА: ГРАДБИ. ВИСИНА НА


ПОВРШИНИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ И ТРОДИМЕНЗИОНАЛНА МОРФОЛОШКА
ДЕФИНИЦИЈА. ПРАВИЛА НА УРБАНАТА ФОРМА: ДЕФИНИЦИЈА НА ЕЛЕМЕНТИ,
МОРФОЛОГИЈА И СИНТАКСА. МЕРИ И РАЗМЕРИ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ГРАДСКАТА
ФОРМА. ГРАНИЧНИ РАЗМЕРИ И МОРФОЛОШКИ УСЛОВИ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА УЛИЦА.
СЛОБОДНОСТОЕЧКИ ОБЈЕКТИ КАКО ИСКЛУЧОК ВО ГРАДСКОТО ТКАЕЊЕ.
ПРАВИЛО И ИСКЛУЧОК.

Четврто морфолошко ниво на градската форма: градби.

Четвртото морфолошко ниво во формирањето на урбаната форма и градското ткаење


го чини третата димензија на површините за градење или под објект - висината на
градбите. Во последното морфолошко ниво се обликуваат волумените на градбите и
практично се добива тродимензионален модел на урбаната форма до ниво на
првостепена архитектонска пластика.
Четвртото морфолошко ниво не внесува нови елементи на урбаната форма - како што
беше случај со првите три нивои, тоа ја внесува третата димензија во претставувањето
на елементите на урбаната форма. Градбата, блокот, улицата, плоштадот и
блоковскиот двор се синтаксички дефинирани со трите претходни обликовни нивои,
но во четвртиот тие стануваат тродимензионални и поради тоа многу помалку
апстрактивни. Меѓутоа, четвртото морфолошко ниво не внесува само пореална и
поантропоморфна претстава на градската форма, туку повторно поставува
дистинктивни морфолошки услови за обликувањето на просторот и градбите. Овие
морфолошки услови односно нивното исполнување или неисполнување ја чинат
четвртата бинарна одлука или четвртата дихотомија на градски и неградски форми.
Тоа значи дека елементите на градската форма мораат да исполнат морфолошки
услови за да бидат градски по својата природа на секое обликовно ниво, па и во
последното - четвртото ниво. Значи, блокот може да биде оформен како градски во сите
претходни нивои но во четвртото може да ја добие третата димензија на неградски
начин. Во вертикалната структура на обликувањето на градската форма, создадена од
низата на формални процедури во различните морфогенетички нивои, како што веќе
истакнавме, не може да постои дисконтинуитет на градската форма во ниту едно
ниво.

Проф. д-р Мирослав Грчев 57


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Морфогенетичко стебло со четири гранки

Морфолошките услови за ураната форма се однесуваат на висините на објектите


односно на тридимензионаланта дефинициија на урбаната форма. Имено, блоковите,
улиците и плоштадите не се морфолошки дефинирани само со две димензии, нивната
широчина и височина, туку со три: и со нивната височина. Земајки во предвид дека
фундаменталното начело за меѓусебната просторна дефиниција на елементите на
урбаната форма важи и во четвртото морфолошко ниво, јасно е дека градската улица, на
пример, не е дефинирана само со својот сообраќаен профил и траса, значи во две
димензии, туку со својот просторен коридор, кој има и височина. Значи, поединечните
димензии на елементите на градското ткаење не се доволни сами да ги дефинираат
границите на “синтаксички исправните” градски искази. Поради правилото за меѓусебна
просторна дефиниција кај структуралните делови на урбаното ткаење, нивните мери сами
по себе не ја одразуваат нивната синтаксичка вредност во “исказот”: квалитативните
својства на структуралните елементи на урбаното ткаење се изразуваат низ размерите
или односите помеѓу размерите.

Гранични мери и размери како морфолошки услови на елементите на урбаната


форма

Преодот на квантитетот во квалитет непосредно се согледува во процесот на


истражување на границите на урбаните факти. Дали е нешто улица, двор, блок или
плоштад и какво е тоа нешто во квалитативната скала на вредносни судови, зависи од
односите на неговите мери, односно од неговите размери.

Релевантни мери за урбаната морфосинтакса се :


- широчина и длабочина на градежна парцела,
- широчина на коридор на јавно земјиште и
- димензии на градежно острово – урбан блок;

Проф. д-р Мирослав Грчев 58


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

- широчина, длабочина и височина на објект,


- растојанија помеѓу објектите долж улицата и
- попречно на внатрешниот двор;
- димензии на блок и
- растојанија помеѓу блоковите.

Релевантни размери се:


- однос помеѓу височина и широчина на уличен профил,
- однос помеѓу височината и широчината на блоковскиот двор,
- однос помеѓу височината и растојанието помеѓу објектите,
- однос помеѓу широчината на објектите и нивната меѓусебно растојание,
- однос помеѓу должината на блокот и растојанието од другите блокови долж една
улица и др.

Границите на толеранцијата во варирањето на мерите на структуралните делови на


урбаното ткаење можат да се дефинираат преку гранични размери. Овие граници
постојат кај секоја синтаксички релевантна размера, но можат да се одредат само
статистички, со анкета која се темели на човечката способност да ја перцепира и
структурира урбаната синтакса. Границата се дефинира со помош на начелото дека се
што е антропоморфно во градот, веќе е остварено! Овие граници се формираат како
емпириски граници во чиишто рамки човечката когнитивна и социјално-просторна
интуиција обезбедува чувство на конфор, безбедност и социјабилност. Тоа е еден вид
на психосоцијална ергономија во која се обезбедуваат антропометриски податоци за
размерите на елементите на градот во кои човекот се чувствува конформно.

Сите структурални делови на урбаното ткаење, имаат гранични вредности на


размерите во чиишто рамки овие градби можат да се наречат градски. Градскиот
феномен, во морфосинтаксичка смисла на зборот, варира помеѓу овие парови на
гранични мери. Минималните и максималните вредности на секоја мера од елементите
на урбаното ткаење, за жал, не се нормирани поради непостоењето на теоретска основа
која претпоставува стабилен и автономен градски феномен. Сепак, можно е тие да се
одредат врз основа на анализата на успешните, пожелните и прифатливите градски
размери кои се реализирани низ историјата и го поминале тестот на времето.
Во процесот на селектирање на правилни градски размери екстремите се исфрлуваат од
групата синтаксички исправни градски изрази, без обѕир за колку успешен или атрактивен
дел од град се работи. Успешните градски размери кои отстапуваат од размерите
карактеристични за доминантната маса на урбани ткаења, се исклучоци од правилото.
Тие можат да го онеобичат или да го украсат урбаното ткаење, но не можат да го
градат. Со мултипликација на исклучокот во просторот никогаш не може да се добие
синтаксички правилно урбано ткаење!

Граничните размери на синтаксички правилното урбано ткаење би можеле да бидат


следните вредности:

Проф. д-р Мирослав Грчев 59


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

1. Куќа: мин. 6/6м, макс. 120/16м


2. Блок: мин. 36/36м, макс. 120/120м
3. Блоковски двор: мин. 12/12м, макс. 90/90м
4. Плоштад: мин. 24/24м, макс. 120/240м
5. Улица(широчина): мин. 8м, макс. 56м

Морфолошки услови за градска улица

Оптичките константи на согледувањето на околината кај човекот, кои произлегуваат од


градбата на окото, многу влијаат на одредувањето на граничните вредности на
„конформната зона“ на елементите на градската форма. Од аголот на гледање
произлегува, на пример, дека кога односот на висината и ширината на уличниот кордор е
3, тогаш е можно согледување на „целината со околината“. Бидејќи тоа е граница на
перцепцијата на пејсажот, односно на отворениот простор, јасно е дека тоа е и крајна
граница на „ширење“ на уличниот коридор во однос на неговата височина.

Процентуалниот удел на елементите на градот односно пејсажот или пределот во


видното поле е клучен за создавањето на претставата, чувството или интуицијата за
карактерот на просторот кај човекот. Дали нашето видно поле е исполнето со уличната
подлога и фасадата на уличниот фронт, или делумно со градските елементи, а претежно
со небото и планините зад и над градот, е пресудно за формирањето на чувството за
градска опкруженост или за отворен простор. На цртежот се дадени односи на висини и
ширини на улици и уделот на елементите на градот во видното поле од кои се гледа дека
односот на В / Ш од 4 не произведува градско чувство кај човекот.

Проф. д-р Мирослав Грчев 60


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Само со споредување на различни профили на улица изразени преку односот на


висината и ширината на улицата, и со нивно споредување со нормативниот лик на
улицата, се доаѓа до заклучок дека класата на појави која може да се нарече “улица” се
наоѓа воглавно помеѓу размерите 3 и 1/3 за односот В / Ш.

пролаз уличен профил плоштад

Ако се нанесат вредностите на најмалите и најголемите улични височини и широчини на


графикон во кој широчините се на апсцисната оска, а височините на ординатата , ќе се
добие површина ограничена со две прави В1 / Ш1 = 3 и В2 / Ш2 = 1/3, која треба да ја
претставува класата на улични профили. Двете прави би требало да бидат граници на
варијабилност на синтаксичкиот однос – Височина / Широчина на улица, а површината
од графиконот вон овие границите би требало да ја претставува класата на неградски
сообраќајници или други артефициелни ситуации.

Проф. д-р Мирослав Грчев 61


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Овој графикон, меѓутоа, не ја одразува антропоморфната природа на границите на


толеранција на уличната размера. Бидејќи тие се генерирани од човековата перцептивна
и рецептивна интуиција, графиконот на класата на „граматички правилни“ улични
профили има друг изглед, а границите на варијабилност не се линеарни функции.
Вистинскиот графикон има асимптота некаде помеѓу 56 и 72 метри улична широчина,
што значи дека над таа широчина било колку висок уличен фронт не би произвел градска
размера, односно профил на градска улица, и тоа не затоа што процентуалниот удел на
урбани елементи во видното поле ќе биде инсуфициентен, туку спротивно, затоа што
широчината на улица поголема од 56 метри како апсолутна мера не овозможува
перцепирање на спротивната страна на улицата со јаснотија и детали кои на човекот му
овозможуваат да се почуваствува како во полузатворен, безбеден урбан простор.
Границите на варијабилност на размерата на уличниот профил се криви кои
асимптотски се приближуваат до граничната широчина, а отвореноста на полето на
класата улици со градски размери во правец на ординатната оска, кон височината, значи
дека височината е несогледлива и ирелевантна за интуитивното чувство за градска
улица, па може да биде колку било висока.

Проф. д-р Мирослав Грчев 62


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Затвореноста на урбаните елементи во реалноста зависи и од архитектонскиот третман


на фасадите, пристапот кон уличниот фронт и од улиниот партер и урбана опрема. На
илустрациите се гледа разновидноста на ситуациите од кои зависи доживувањето на
уличната размера.

Проф. д-р Мирослав Грчев 63


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

Меѓусебната просторна дефинираност на структуралните елементи на урбаното ткаење


обезбедува обусловеност на сите референтни размери. Така, на пример, за да се
зборува за размера на профил на улица мора да биде задоволен условот за постојаност
и густина на профилот долж уличната оска. Перзистенцијата на еден профил долж
уличната лонгитудинала се опишува како изграденост на уличен фронт (улична фасада )
и се изразува во проценти.

b / c (блок) макс. = 1.0 → 100%


b / c (блок) мин. = 0.6 → 60%

Градска улица има стабилен профил, доколку густината на изграденост на уличниот


фронт во блоковите е од 60-100%, а вкупната изграденост долж оската од 50-85%

d / c + e (улица) макс. = 0.85 → 85%


d / c + e (улица) мин. = 0.50 → 50%

Односите на синтаксички релевантните мери на елементите на урбаното ткаење


создаваат размери кои го карактеризираат урбаното ткаење. Размерите се условени
меѓусебе и создаваат односи на размери кои, доколку се дел од една математичка низа,
претставуваат пропорции.
Пресеците на едно урбано ткаење во различни правци и позиции претставуваат
криптограми кои ги носат како информација практично сите синтаксички релевантни мери
и размери, па урбанистичката дисциплина би морала да обезбеди граматички правила и
норми со кои ќе се анализираат и вредносно пондерираат овие синтаксички “урбограми”.

Проф. д-р Мирослав Грчев 64


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

h - височина на зграда
a - широчина на улица
b - длабочина на зграда
с - широчина на блоковски двор

Дијахронични трансформации на урбаната форма

Урбаното ткаење претставува цврста, структурирана но неспецијализирана основа (потка,


подлога, мрежа) за исклучително разновидна типолошка архитектонска реализација. Во
рамките на цврстата регулациона рамка на еден блок низ време се случуваат типолошки
трансформации кои ја обезбедуваат внатрешната флексибилност и адаптибилност на
блокот. Во низата сукцесивни типолошки трансформации кои го карактеризираат развојот
на еден ист блок, честопати блокот од периметрален станува површински, од еден блок
стануваат два и сл.

1. 2. 3. 4.

Проф. д-р Мирослав Грчев 65


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

1. 2. 3. 4.

Правила на урбаната форма: дефиниција на елементи, морфологија и синтакса

Темелните начела од кои е составен законот на урбаната форма се морфосинтаксички


правила кои генерираат урбано ткаење односно класа на појави кои се нарекуваат
градски. Овие правила се однесуваат на начинот на делба на земјиштето и на начинот на
градење, на основните елементи и делови на градското ткаење и на нивната просторна
разместеност.

1.Градското ткаење се генерира со делба на земјиштето на градски начин : на блокови


составени од повеќе парцели за градење, и на земјиште за општа употреба помеѓу и
околу блоковите.
2.Градежните парцели по правило се еднакви правоаголни четириаголници со големина
што зависи од намената на земјиштето, кои се асоцирани без остаток во блокови,
такашто секоја парцела граничи со земјиште за општа употреба најмалку со една своја
страна.
3.Земјиштето за општа употреба помеѓу и околу блоковите е по правило организирано во
ортогонална мрежа од лонгитудинални коридори за сообраќај и комуникација, со
утврдена широчина и права оска.
4.Основен елемент за градење на урбаното ткаење е градската куќа. Нејзино
дистинктивно својство е архитектонската асоцијативност со себеслични куќи, која се
остварува со слеп ѕид без отвори или со помошни отвори. Постојат четири типа на
градска куќа според бројот на слепи ѕидови: едно, дво, три и четиривалентна градска
куќа.
5.Основен структурален дел на градското ткаење е градскиот блок, кој е резултат на
интеграцијата на повеќе градски куќи. Постојат два типа градски блок – во зависност од
типот на градење односно од типот на куќи од кои е составен : периметрален блок,
составен воглавно од двовалентни куќи градени по периметарот така што поединечните
дворни места во средината на блокот се интегрираат во еден блоковски двор; и
површински блок, составен воглавно од три и четиривалентни куќи градени по целата
површина на блокот, при што, дворните места во секоја парцела се во форма на патиа
или атриуми.
6.Блоковите се “здружуваат” меѓусебе во урбано ткаење оставајќи простори помеѓу себе
по двете оски на асоцирањето. Овие простори се земјиште за општа употреба и ги
претставуваат, всушност, останатите структурални делови на урбаното ткаење: градските
улици и плоштади. Основни единици на урбаното ткаење се градската куќа и нејзиниот

Проф. д-р Мирослав Грчев 66


АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ – СКОПЈЕ

УРБАНИСТИЧКО ОБЛИКУВАЊЕ 1 8 семестар 2014/2015

двор. Блокот, блоковскиот двор, улицата и плоштадот се структуралните елементи од кои


е изградено урбаното ткаење.
7.Структуралните елементи на урбаното ткаење се периметрално дефинирани, затворени
архитектонски форми. Блокот е изградена и по правило покриена архитектонска форма,
додека улицата, плоштадот и дворот се изградени и по правило непокриени.
8.Структуралните делови на урбаното ткаење се интегрирани меѓусебе според
синтаксата на урбаната форма само доколку блоковите – од една страна и улиците,
плоштадите и дворовите – од друга, меѓусебе просторно потполно се дефинираат.
9.Поединечните структурални делови на градот не постојат самостојно во просторот.
10.Синтаксата на урбаната форма се остварува само со одредена класа на мерки и
размери кои ги одредуваат димензиите на структуралните делови на урбаното ткаење и
нивните меѓусебни растојанија.

Проф. д-р Мирослав Грчев 67

You might also like