You are on page 1of 8

 Воените походи довеле до нови

поделби на населението помеѓу


богати и сиромашни. Офицерите и
намесниците земале доста многу
богатство, а војниците земале
одредена сума доволна за живот.
 Бројот на робови нагло се
зголемил и немало бесплатна
работна сила за огромните
земјишни имоти на римската
аристократија, наречени
латифундии.
 Нивните поевтини производи со
бесплатен робовски труд
безмилосно ги конкурирале
поскапите производи на селаните
и занаетчиите, па тие
осиромашувале и пропаѓале.
 Политичките прилики во државата
нагло се влошиле со селанските
бунтови и барања за аграрна
реформа, заканувајќи се да
прераснат во граѓанска војна.
 Со освојувачките војни на
Римската држава нагло се
зголемил бројот на робовите.
 Од нив, во особено во особено
неизвесна положба биле т.н
Гладијатори, кои коишто биле
специјално обучувани за
меѓусебни борби или за борби со
диви ѕверови во арената заради
задоволување и забава на
публиката.
 Токму тие го кренале „големото
востание на робовите„ предводено
од Спартак што траело од 73 до 71
година пред н.е.
 Востанието се проширило на цела
Јужна Италија. Римјаните
очекувале напад на Рим, но
намерата на востаниците била да
ја напуштат Италија кон своите
родни краеви.
 Ова најмасновно робовско
востание во светската историја
било крваво задушено. Но тоа
длабоко ја разнишало римската
држава.
 За да го стишат гневот и незадоволството на
сиромашните римски градови, вештите римски
политичари извршиле воена реформа и граѓанската
војска што била распуштана по секоја војна, била
заменета со наемничка војска.
 Граѓанска војна: Гај Мариј против Корнелиј Сула
Од 88 г. п.н.е двата големи војсководци Мариј и Сула се
бореле за превласт во Рим, што резултирало со голем
број жртви на војници и цивили.
На крајот победил Корнелиј Сула
Граѓанска војна: Гај Јулиј Цезар против Гнеј Помпеј
Во 60 г. п.н.е Јулиј Цезар, Гнеј Помпеј, и Красус го
формирале првиот Триумвират.
Цезар преку многубројните војни и успеси во Галија ја имал
подршката на војската, нешто од што Сенатот се
плашел, и како резултат на тоа му било наредено
распуштање на легиите.
Цезар тогаш ја преминал реката Рубикон со изреката “alea
iacta est” и тргнал кон Рим, при што ги поразил
сенаторските војски предводени од Помпеј и се
прогласил за диктатор.
Подоцна бил убиен за време на Мартовските иди, од
страна на Брут и Касиј.
Граѓанска војна: Октавијан против Антониј
По поразот на војските на Брут и Касиј, Антони, Октавијан и
Лепид го формирале вториот Триумвират.
Но набрзо меѓу нив се создале непријателства при што
избила војна каде решавачката битка се водела кај
Актиум 31 г. п.н.е пр што по оваа битка Антониј станал
Император, а Рим станува Римска Империја
 Октавијан бил посинок на Цезар. Во својот текстамент тој токму него го одредил за наследник. Како нов неограничен
господар на својата држава, во 31 година пред н.е, Сенатот во Рим му ја доделин на Октавијан титулата принцепс
[првиот] што значело прв граѓанин на државата.
 Потоа ја добил и титулата Август [возвишен] и се прогласил за император, потпишувајќи се како: Император Цезар
Август, син божји.
 Во негово време бил освоен целиот Балкански полуостров, а тој период бил наречен како „златен век на римската
култура“. Поради титулата принцепс, системот на управување во државата, којшто продолжил во подолг временски
период и по него, се нарекува принципат.
 Во периодот на принципатот особено значајно истакнат бил императорот Трајан [98-117 година пред н.е], којшто ги
освоил Месопотамија, Јемен и Арабија. Со тоа Римската Империја го достигнала најголемото територијално
проширување.
 Во времето на наследниците на Трајан започнала да слабее власта на императорот, а се позначајна улога имала
преторијанската гарда, која често на престолот ги доведувала своите команданти.
 Постојано се намалувале даночните приходи од провинциите, кои давале отпор против централната
власт.
 Римската Империја западнала во незапирлив процес на економско опаѓање.
 За да се ублажат немирите, во 212 година сите слободни жители на Империјата добиле римско
државјанство и бил донесен закон со кој се забранувало убивањето на робовите. Но и покрај тоа,
незадоволствата и немирите продолжиле за конечно укинување на робството, ослободување на
покорените народи и здобивање земја за селаните.
 Немајќи друг избор робовите почнале да се ослободуваат, земјата ја распарчувале на мали парцели и
ја давале на обработка под закуп на ослободените робови и на безимотните селани.
 Такви слободни граѓани што обработувале туѓа земја под наем ги викале колони,а таков начин на
земјоделското производство е наречен колонат.
 Поради големите државни даноци, селаните колони биле изложени на осиромашување и
задолжување, па ако не успееле да го вратат долгот, останувале закрепостени на земјата и
сопственикот можел дури и да ги продаде заедно со земјата. Тоа бил зародишот на новото
општествено уредување-феудализам.
 За да го запре опаѓањето на
Империјата, императорот Диоклецијан
[284-305] ставил крај на периодот на
воената анархија, а старата титула
принцепс ја заменил со нова – доминус,
што значи господар. На почетокот барал
сите да му се поклонуваат и да го
почитуваат како бог. Формата на
неговото владеење била наречена
доминат кој што траел до 476 година.
 Со цел да обезбеди подобра контрола
над опширната територија, Диоклецијан
вовел ново уредување што се засновало
брз владеењето на два августа и два
цезара. Ова уредување било наречено
тетрархија [четиривластие]. Империјата
ја поделил на Источна и Западна, со
одделно управување.
 Во борбите за престолот по смртта на
Диоклецијан победил Константин I [306-
337]. Тој ја обединил државата и го
повратил нарушеното единство.
Меѓутоа, одлуката на Константин да ја
префрли престолнината од Рим во
новата престолнина Константинопол
[претходно Византниот] го означил
почетокот на конечната поделба на
Римската Империја.
Наследниците на Константин ја сметале
Империјата единствена, иако користеле по
еден или повеќе совладетели. Но подоцна,
во 395 година императорот Теодосиј ја
поделил империјата меѓу своите два сина
„Источна Римска Империја“ и „Западна
Римска Империја“, со престолнина во
Константинопол и Рим. Со Римската
Империја била поделена.
По поделбата на Римската Империја во 395
година, територијата на Западната Империја
била изложена на зачестени напади од
повеќе племиња.
Во 410 година Германското племе Визиготи
со чело на Аларих навлегле и го опљачкале и
самиот град Рим. Подоцна од нападите на
Хуните предводени од Атила, Рим морал да
се спасува со откуп.
Во 476 година водачот на германските
племиња Одоакар го симанал од власт
императорот Ромул Августул и се прогласил
за крал на германските племиња во Италија.
Таа 476 година се смета за крај на Западната
Римска Империја.
Источната Римска Империја [Византија] ја
надживеала Западната и постепено го
прифатила новиот општествен поредок –
ФЕУДАЛНОТО ОПШТЕСТВО.

You might also like