You are on page 1of 40

Римска Империја

I. Гај Кајсар Октавијан Август

Кој е Октавијан Август?

Татко на Октавијан Август е Гај Октавиј кој бил најпрвин квестор, а после оваа
функција на жрепка го добил управувањето на провинцијата Македонија. А неговата
мајка на Атија која била ќерка на Јулија, сестрата на Гај Кајсар. Првиот јавен говор го
имал на 12 години кога починала неговата баба Јулија, и од тогаш почнува да се
заинтересирува за политичкиот живот. Неговиот татко умира кога Август имал 14
години. На 16 годишна возраст заедно со своите другари го следел Кајсар во Хиспанија
во походот против синовите на Гнај Помпеј. Иако по патот имало многу незгоди, а и
еден бродолом, Август не се откажал и не се исплашил. Со упорноста и способноста
што ја покажал на овој поход му станал многу мил на Кајсар.

Смртта на Кајсар.

Под паролата за борба против тиранијата и воспоставување на прадедовскиот


начин на управување, се спремило заговор против Кајсар, што резултирало со негово
убиство. Заговорниците го испланирале само убиството на Кајсар, но немале план за
што потоа, ниту каесаровците од кои најпознати биле Марк Аемилиј Лепид и Марк
Антониј незнаат што да прават следно бидејќи убиството на Кајсар било многу
изненадно. Каесаровците се двоумат дали да им се одмаздат на заговорниците па
затоа меѓунив настанува поделеност. Антониј за да ја смири ситуацијата се согласил на
компромис. Имено, 2 дена после убиството Антониј повикал седница на сенатот во
храмот на божицата на земјата, Телус. На оваа седница не се појавиле Брут и Касиј,
убијците на Кајсар, а се дискутирало како да се разрешат овие немири. Непријателите
на каесаровците, Оптиматите, предложиле да Кајсар да се прогласи за тиранин, а на
заговорниците да им се оддаде благодарност. Но на крајот се прифатил предлогот на
Кикерон, да не се казнат заговорниците, но Кајсар да биде увеличен и да се
испочитува неговиот тестамент. Трошковите за погребот на Кајсар кој се одржал во
Форумот бил на сметка на државата, а на местото каде што се наоѓала погребната
клада бил поставен жртвеник посветен на Кајсар. Во тестаментот стоело: на римскиот
плебс да му биде поделено по 300 сестерии, на државата и биле оставени на
располаѓање огромните градини на Каесар. Преку овој тестамент тој го посинува, му го
придодава името Гај Јулиј Кајсар и го именува за главен наследник, својот внук Гај
Октавијан.

~1~
Почетокот на политичката дејност.

Кога оваа информација стигнала до Октавијан, тој се наоѓал во Аполонија заедно


со Каесеровите трупи кои биле наменети за напад на Партија. Тој веднаш го прифатил
наследството и тргнал кон Италија. Во Рим веднаш почнал да игра на политички план,
тој на римскиот плебс му ги разделил ветените 300 сестерии по човек (Светониј кажува
дека не ги изоставил ниту малите деца). Од војниците бил добро прифатен, но Марк
Антониј поради љубомора кон Октавијан се однесувал лошо и често го навредувал,
нарекувајќи го млад и неискусен за да го земе наследството. На ова Октавијан му
вратил со тоа што го обвинил за помирувањето со убијците на Кајсар.

Мутинската Војна.

Наскоро односите помеѓу Сенатот и Антониј се заостриле, а врв се достигнало со


новиот закон за замена на провинциите кој Антониј го вовел. Со овој закон преку жреб
се одредувале намесници на провинциите, а на Антониј му припаднала Галија.
Тогашен намесник во Галија бил Деким Брут и не сакал да му ја препушти позицијата
на Анотниј и се утврдил во градот Мутина. На чело на опозицијата во сенатот бил
Кикерон кој одржал 14 говори против Антониј и поради неговиот идол Демостен ги
нарекол Филипики. Во оваа пропаганда се приклучил и деветнаесетгодишниот
Октавијан кој што ја добил титулата ПроПретор и imperium (Заповедник). Собрале
војска и ја пратиле против Анотниј кој што го опсадувал градот Мутина. Во 43 година
дошло до решавачка битка во која поразен бил Антониј и принуден да се движи на
северо запад. Тој се засолнил кај Марк Лепид кој бил управувал со Нарбонска Галија.
После оваа граѓанска војна на сенатот веќе не му бил потребен Октавијан, па затоа
одлучиле да не ги исполнат ветувањата кон него. Кога Октавијан го разбрал ова,
наместо да го прогонува Антониј, ги собрал Кајсеровите легии и се упатил кон Рим, а
сенатот немал избор, па без борба му го препуштил престолот на Октавијан.

Вториот Триумвират и проскрипциите.

Наследниците на Кајсар нестрпливо чекале да си го добијат ветениот дел. Војските


на Октавијан и Антониј главно биле составени од Кајсаровите војници, па затоа не
биле задоволни што се на две различни страни. За да ги задоволи војниците Октавијан
одлучил да се укинат сенатските одлуки со кои Антониј и Лепид биле прогласени за
непријатели на татковината. Кајсаровата партија повторно се зближила, а тоа
претставувало зближување на Октавијан со Анотниј и Лепид. Оваа спогодба уште
позната како Втор Триумвират се склучил во 43 година во градот Бононија.
Триумвирите си ги поделиле западните провинции и одлучиле да прават нови
проскрипции. Веста за овие проскрипции со право предизвикала паника.
Проскрипциите опфатиле многу познати сенатори, политичари, богаташи и граѓани.

~2~
Биле погубени околу 300 сенатори и две илјади витези, а помеѓу нив бил и Кикерон по
иницијатива на Антониј.

Битката кај Филипи.

Вистински непријатели на триумвиратите биле републиканците кои се


подготвувале за граѓанска војна. На Сицилија се зацврстил Секст Помпеј, а Сирија,
Азија, Грција и Македонија преминале во рацете на Брут и Касиј. Нивните воени сили
се наоѓале во Македонија, а во Филипи бил утврден логор. Кајсаровите легии на чело
со Антониј и Октавијан се упатиле кон Филипи, а Брут и Касиј се обидувале да
одолговлекуваат и да ги изморат противничките трупи. Но ова не им успеало. Во 42
година имало две битки кај Филипи во кои републиканците биле поразени, а
предводниците се самоубиле. После оваа голема победа имало нова поделба на
провинциите помеѓу Триумвирите. Антониј се насочил на исток, а Октавијан се
зацврстил во Италија.

Немирите во Италија и Перусинската војна.

Жителите од скоро цела северна Италија биле избркани, а нивните имоти биле
поделени на Ветераните на кои им било ветено земја. Ветераните во овие градови се
однесувале како освојувачи, а мирното италско население било незадоволно. Антониј,
неговата жена Фулвија и неговиот брат Лукиј ја искористиле оваа ситуација за да го
обвинат Октавијан за овие насилства кои што ги предизвикале ветераните. Ова
незадоволство станало сериозна закана за Октавијан, бидејќи од провинциите почнале
да се оформуваат војски. Марк Випсаниј Агрипа, десната рака на Октавијан ја собрал
неговата војска и ја упатил кон градот Перусија, каде било лоцирано востанието. Оваа
војна започнала на крајот на 41 година и завршила пролетта 40 година кога
востаниците поради глад морале да се предадат.

Антониј на Исток.

Антониј планирал да ги регулира односите на истокот и да собере пари за да ја


исплати војската. Тој почнал со казнување на градовите кои му помагале на Брут и
Касиј, меѓу кој бил и Египет. За да се извади од ситуацијата Египетската кралица
Клеопатра му се вовлекла под кожа на Антониј кој пошол во Александрија како нејзин
„гостин“ (а всушност Египет бил римска провинција, односно под управа на Антониј).
Додека во Италија траела граѓанската војна, од исток почнале да напаѓаат партите, а
против нив застанала војската на Антониј на чело со еден негов командант, додека
Антониј се забавувал во Египет. Овде римската војска преживува огромен пораз и срам
бидејќи го изгубила Орелот, односно знамето на легијата без кој неможат да се вратат
во Рим.

~3~
Спогодбата во Брундисиј.

Триумвирите се среќаваат во Брундисиј и се договараат за нова прераспределба.


Антониј го добива делот од Македонија па на исток, Октавијан го добива централниот
дел од Нарбонска Галија до Илирик, а Лепид го добива јужниот дел односно Африка
заедно со Хиспанија. Право на добивање нови војски од Италија имале само Октавијан
и Антониј.

Спогодбата во Путеоли.

Секст Помпеј синот на познатиот Помпеј од времето на Кајсар, бил доволно моќен
за да им смета на Триумвирите посебно на Октавијан. Имено, тој ги имал под своја
контрола Сицијлија и Сардинија што му овозможило да има многу силна флота. Тој
често се мешал во трговските бродови кои оделе до Рим што претставувало огромен
проблем. Поради ова, Секст Помпеј бил често нарекуван пират. За да го разрешат овој
проблем Октавијан и Антониј направиле спогодба со Секст Помпеј. Секст Помпеј бил
прогласен за командант на целата римска флота, а истотака официјално го добил
управувањето со Сицилија и Сардинија, а Антониј му го доверил и Пелопонес.

Спогодбата во Тарент.

Но, спогодбата во Путеоли не го решила проблемот со Секст Помпеј. Тој


продолжил да прави проблеми со трговијата на Рим. Па затоа Октавијан се спремал за
борба. Истовремено Антониј се спремал за напад на партите. Овие двајца се сретнале
во Тарент и направиле нова спогодба со која Антониј добил неколку легии од
Октавијан, а за возврат Октавијан добил флота за борба против Секст Помпеј.

Победата над Секст Помпеј.

Октавијан, кој добил помош и од Лепид го нападнал Секст Помпеј. Оваа борба
завршила со две битки во 36 година во кои победник бил Октавијан, а Секст Помпеј
избегал во Азија каде што следната година бил убиен од приврзаници на Антониј.
После оваа победа, Лепид сакал да ги присвои овие територии, но бил спречен од
својата војска која се приклучила кон војските на Октавијан со што ја изгубил сета
војничка и политичка моќ. Со оваа победа Октавијан вратил огромен број на робови
кои побегнале од кај своите господари и се засолниле кај Секст Помпеј, а сите
аристократи кој што застанале против Октавијан биле убиени или протерани.

Октавијан против Антониј.

Додека траела борбата на Октавијан, Лепид и Секст Помпеј, на источната граница


од државата Антониј е поразен од партите. После две години спремање за да се
извади за поразот од партите тој ја завзема цела Ерменија која што имала премногу
мал број неискусни војници. Иако Антониј бил оженет со сестрата на Октавијан, тој
повторно се жени, овој пат со Клеопатра. Оваа венчавка, а и сите порази и проблеми

~4~
на Антониј ги искористува Октавијан за да го сврти народот против Антониј и да ја
оправда војната која што ја посакувал против него. Ова пврв достигнува во 32 година
кога Октавијан го отворил тестаментот на Антониј кој се наоѓал во храмот на божицата
Веста и јавно го прочитал. Во овој тестамент стоело дека Антониј моли да биде
погребан во Египет заедно со Клеопатра, го признава Кајсарион како син на Клеопатра
и Кајсар, а како наследници на териториите што ги управувал ги назначува децата што
ги имал со Клеопатра. Со ова Октавијан добил оправдание за да го убие својот
последен жив непријател.

Битката кај Актиј.

Двете страни се спремиле за решавачка битка за да се пресретнат на јонското


море, западно од Хелада. Со флотата на Октавијан командувал војсководецот Агрипа,
а од другата страна биле поставени здружените војски на Антониј и Клеопатра. Уште
од почетокот на битката војската на Октавијан победувала, па Клеопатра веднаш се
повлекла, а кога ова повлекување го забележал Антониј веднаш тргнал по неа. Така
војската на Антониј кога останала без командант веднаш се предала и се приклучила
кон војската на Октавијан. После оваа победа Октавијан ја напуштил војската и се
упатил кон Италија бидејќи ветераните почнале да се бунтуваат. Овој пат за да ги
задоволи им ги дал имотите на аристократите кој ги убил или избркал бидејќи го
подржувале Секст Помпеј.

Освојувањето на Египет.

Отпорот на Антониј и Клеопатра бил задушен. Антониј надевајќи се на победа


извршил самоубиство, а Клеопатра се обидела да ја спаси својата положба со
преминувањето на страната на Октавијан, но кога дознала дека Октавијан се упатил
накај Рим таа исто така си го одзела животот. Освојувањето на Египет му донесло
огромен плен на Октавијан. Во негови раце преминале благајната и огромните
богатства на египетскиот двор. Египет ја изгубил својата самостојност и бил приклучен
кон Рим.

Последици од граѓанските војни.

Граѓанските војни после смрта на Кајсар претставуваат завршна етапа во


историјата на римската Република. Преминот кон монархија бил резултат на класната
борба и на надворешната експанзија на Рим. Видот апсолутна монархија во Рим не бил
прифатен. По граѓанските војни се формирал специфичен политички облик кој се
нарекува принципат.

~5~
ПРИНЦИПАТ. Граѓаните бараат мир и враќање на старите обичаи. Тоа и им го „дава“.
Повторнo ја враќа позицијата цензор. Го сменува сенатот на 1000 души и тој е на прво
место, наречен Принкепс (princeps senates).
На 13 јануари 27 година ги враќа вонредните овластувања и го прогласил
воспоставувањето на Републиката. Го добива името Август (возвишен) од Мунатиј
Планк. Се именува Император Кајсар Август, син на божеството, татко на татковината.
Ги укинал позицијата диктатор и сите незаконски позиции.

Смртта на Август.

Во градот Нола на 76 години.


Последните зборови: Како ја изиграв оваа комедија на животот?
За прекрасно изиграното дајте аплауз.
И сите со радост испратете не. Ливија живеј и биди здрава и секогаш сеќавај се на
нашиот брак.

~6~
II. Тибериј (14 – 37 год. н.е.)

Политичкиот систем што го основал Август се потврдил како цврст, бидејќи


претставувал успешен компромис меѓу разни групации на римското робовладетелско
опшество, гарантирал владеење со робовите и овозможувал одбрана на римските
граници. По смртта на Август власта преминувала на членовите од неговото семејство,
на Јулиевците-Клавдиевците. По смртта на Август, власта преминала врз неговиот
посинок Тибериј што владееел од 14 до 37 година. Август немал симпатии кон својот
посинок. На Тиберј честопати му биле доверувани важни мисли, кој тој успешно ги
извршувал, но Август и покрај тоа првенство му давал на својот внук Маркел, потоа на
Агрина, а по неговата смрт на неговите внуци. Дури во 4 год. н.е Август го посинил
Тибериј, но очигледно не го сметал рамен на другите наследници коишто умреле
прерано.

Својствата на Тибериј.

Тибериј кога дошол на власт веќе имал 50 години. Бил искусен војсководец и
дипломат, и бил дирекно запознаен со ситуацијата во многуте области на Римското
Царство. По величествениот закон на Август, Такит велел дека сенатот го молел
Тибериј да биде наследник на Август. Тибериј најпрвин на тоа одговарал со одбивање,
но тоа било само негова проста формалност, знак на почитување на сенатот.

Политиката на Тибериј кон сенатот.

Една од првите мерки на Тибериј била зајакнувањето на власта на сенатот. По


смртта на Август изборите на магистратите преминале кај сенатот и со тоа тој станал не
само највисока законодавна туку и највисока изборна установа. Првите години од
владеењето на Тиберј се проследени со слога помеѓу принкепсот и сенанот, но
подоцна тоа се нарушило.

Бунтот на Панонските и Рајнските легии.

Набрзо по смртта на Август избувнал бунт на панонските легии. Востанието било


предизвикано од тешката положба на војниците во легиите. Барањата на војниците
имале професионален карактер. Тие се бореле за зголемување на платите, за
скратување на воениот рок, за отпуштање на ислужените ветерани. Во Панонија тргнал
синот на Тибериј кој го задушил востанието. Речиси од исти причини се разбунтувале и
рајнските легии. Тие имале барања аналогни на барањата на панонските легионери.
Војниците сакале да го прогласат за цар својот војсководец Германик, внукот на
Тиберј. Но Германик не го прифатил тоа обедувајќи ги дека треба да се воспостави
дисциплина и да се предадат иницијаторите.

~7~
Тибериј и Германик - После тоа, Германик презел редица похди против Германите, но
напрзо бил отповикан во Рим и приходите преку Рајна биле прекинати. Германик имал
голема популарност како во војската така и во престолнината, а тоа претставувало на
некој начин опасност за Тибериј. По враќањето од западот Германик бил оддалечен од
Рим, а му биле доделени важни задачи на Исток. По успешно завршените работи на
Истокот Германик отишол во Египет, а потоа се вратил во Сирија. Во 19 год. н.е.
ненадејно умрел а се зборувало дека бил отруен од намесникот на Сирија и тоа без
знаење на царот. Неговите останки биле пренесени во Рим. По смртта на Германик
одностие помеѓу Тибериј и сенатот се влошиле. Сенаторската опозиција се појавила
уште во првите денови од владеењето на Тибериј, царот морало да слушне и редица
иронични забелешки. Опозицијата била во голема жалост, а со тоа ја слабеела
царската диктатура а објективната ситуација барала нејзино зацврстување.

Бунтовите во провинциите.

Во 21 год. н.е. избувнал бунт во Галија што бил предизвикан од товарот на


даноците. Почнале да се соединуваат повеќе племиња и ова движење се заканувало
дека ќе ја зафати цела Галија. Но востанието било задушено со помошта на некои
водачи на галските племиња. На Римјаните им било значително потешко да излезат
накрај со востанието во Нумадија и дури во 24 год. н.е. востанието било задушено.

Финансиски тешкотии.

Римската држава чувствувала финансиски тешкотии уште во последнинте години


при владеењето на Август. Тибериј покажувал вонредна штедливост и економичност.
Неговата политика била поинаква од онаа на Август. Економските потешкотии биле
предизвикани од недостиг на пари во оптек. Во сенатот се покренувало прашањата за
зајакнување на мерките за борба против раскошот, но Тибериј го одбил тоа. Особена
финансиска криза имало во 33 год. н.е., заради тоа што почнале борби против
лихварството и како последица на тоа пропаднале многу семејства. Кризата била
запрена кога Тибериј за да ја одржи валутата внесол 100 милиони сестертии.

Политиката на Тибериј во провинциите.

Покрај недостик на средставата Тибериј се одрекувал од зголемување на


даноците. При владеењето на Тибериј биле повикани поголем број на управители на
провинциите заради заканувања и злоупотреби на својата власт.

Последните години од владеењето на Тибериј.

Внатрешната и надворешната ситуација во Царството довела до зајакнување на


воената диктатура. Тој не сакал да го викаат татко на татковината и само на робовите
им дозволувал да го викаат господар. Тој во првите години се грижел за неговата
лојалност кон сенатот. Тибериј немал доверба во својата околина па така тој кон себе

~8~
го приближил праефектот и преторијанската гарда, витезот Сејан .Сејан постепено
стекнал влијание на дворот и во држвата, па така тој го отрул синот на Тибериј. Имало
протести против истакнати сенатори и тие завршувале со осуда и со конфиксувања на
нивните имоти. Меѓу нив имало и некои роднини на царот. Во 26 год. н.е. Тибериј го
напуштил Рим и отишол во Кампанија, а следната година отишол на остров и живеел
осаменички живот, управувајќи со Царството и сенатот по пат на преписка. Тој кога го
открил заговорот против него од страна на Сејан за Тибериј претставувал удар, па така
тој од најразлични причини осудувал многу луѓе што ќе му се чинеле сумнителни. Тој
починал во 37 год. н.е., како што според Такит тој бил задушен од Макрон, префектот
на праеторијанската гарда, што дошол на местото на Сејан.

~9~
III. Гај Каесар - Калигула (37-41 год. н.е.)

По смртта на Тибериј власта ја презел Германиковиот син Калигула, татковата


популарност преминала и на неговите деца. Калигула почнал со амнестија на сите што
биле осудени при владеењето на Тибериј и неговите одлуки биле прогласени за
неважечки. Поткажувачите биле казнети. За разлика од економичниот Тибериј,
Калигула трошел огромни средства за театарски претстави и подигање на нови згради.
Првиот период од владеењето на царот е одбележан со слога меѓу него и сенатот. Но
владеачките кругови во Рим набрзо се разочарале од него. Младиот владетел почнал
да покажува стремеж за злоупотреба на власта. Започнале прогонства во прв ред на
лица од сенаторскиот сталеж.

Некои негови постапки можеле единствено да се објаснат само со неговото


душевно растројство. Тој себеси се сметал за неограничен монарх и инсистирал на тоа
да го викаат господар и за себеси барал божевни почести. Калигула вовел специјален
церемонијал, длабоко поклонување, полевање на нозете итн. Заштедените средства
кој ги имал Тибериј брзо биле потрошени. Потоа Калигула применил најразновидни
начини за да ја пополни државната благајна. Во поглед на провинциите Калигула бил
далеку од политиката на својот претходник. Тој барал божевни почести и не признавал
никакви исклучоци. Политиката на Калигула кон Јудејците во Александрија
предизвикала колеж на Јудејците, што го организирало хеленизираното население на
градот, со подршка на владиниот административен апарат. На Калигула му била
испратена делегација составена од Јудејци, а исто така свои пратеници испратиле и
александријанците. На Двете страни им било дозволено да зборуваат пред царот кој ги
потврдил своите поранешни наредби. Тиранскиот чин на владеење на Калигула и
дозволувњето на робовите да ги поткажуваат своите господари предизвикало
незадоволство не само кај сенатот, туку и кај командниот персонал на
праеторијанците. Против Калигула бил скован заговор и на 15 јануари 41 година, него
го убил преторијанскиот воен трибун Касиј Хереа.

~ 10 ~
IV. Клавдиј (41-54 год. н.е.)

Клавдиј бил роден во Лугдунум, на првиот ден од месецот август. Тој бил наречен
Тибериј Клавдиј Друз, а подоцна откако неговиот постар брат бил посинет од
Јулиевците тој самиот си го земал прекарот Германик.

Клавдиј останал без татко уште кога бил доенче, а низ целото детство и младост
упорно бил измачуван од разни болести. Кога пораснал Клавдиј од другите бил сметан
како неспособен за секаква работа и постојано бил под надзор и имал старател.

Кога Клавдиј побарал државна служба неговиот чичко Тибериј му доделил


конзулски одличја, но кога побарал да се зафати за некоја работа не му било
дозволувано. Клавдиј најпосле ги оставил сите надежи за високите почести и отишол
да живее во предградието.

Клавдиј од редот на витезите два пати бил избиран за покровител за да во нивно


име ги предводи пратеништата. Витезите дури имале и обичај да стануваат и да ги
слекуваат наметките кога Клавдиј ќе се појавел на некоја претстава.
Клавдиј најпосле се здобил со државна служба за време на владеењето на неговиот
внук Гај(Калигула), а со жреб му било одреден и втор конзулат.

Но и покрај сето оваа Клавдиј живеел во навреди. Од својата мајка Антонија бил
нарекуван недовршено чудовиштве на природата, а баба му пак не ни зборувала со
него. Кога пристигнувал на вечерата и ако доцнел едвај си наоѓал слободно место. А
пак кога после вечерата си легнувал да предреме бил гаѓан со маслинки и урми и го
удиреле со камшик, а на рацете му ставале влечки за да си го изгребе лицето кога
ненадејно ќе го разбудат.

Клавдиј бил изложен на секакви опасности. Безмалку бил сменет од должноста


бидејќи доцнел. Постојано бил вознемируван од страни со најразлични обвинувања
од туѓинци, па дури и од неговите домашни. За да биде понижен во сенатот тој
секогаш бил прашуван последен и последен го искажувал своето мислење.

Морал да плати 8мил.сестерци за да повторно биде свештеник, откако бил обвинет


за некое лажно завештание на кое самиот го ставил својот потпис.

Најголемиот дел од животот тој го минал во вакви околносни, а на власт дошол во


41та год. од својот живот. Откако заедно со целата толпа бил избркан од убијците на
Калигула и се повлекол во некоја куќа. Додека така се криел бил забележаан од некој
војник, кој проаѓал оттаму кој го здогледал и сакал да види кој е тоа и се приближил и
го препознал. Клавдиј целиот преплашен паднал под нозете на војникот, а тој пак го
однел во логорот каде биле преостанатите војници. Војниците на Клавдиј му се

~ 11 ~
заколнале верност, а пак тој на сите им ветил по 15 000 сестерци и со тоа ја обезбедил
верноста на војниците.

Откако неговата власт била зацврстена тој ги погубил сите оние кои учествувале во
заговорот против Калигула. Потоа како најсвета и најчеста заклетва ја одбрал
заклетвата во името на Август. Во спомнот на своите родители тој јавно им принел
жртви, а секоја година на роденденот на татко му се одржувале циркуски игри. Во
сеќавање на брат му приредил грчка комедија, исто така и Марк Антониј не бил
оставен вез почит.

Клавдиј бил мошне скромен и умерен, не сакал да го нарекуваат Император и


одбивал секакви почести. Никого не повикувал на прогонство освен ако Сенатот не го
одобри. Со сите овие нешта што ги правел за многу кусо време се здобил со голема
почит од луѓето.

Сепак и тој не владеел без да искуси предавства и заговори. Еден човк од народот
среде ноќ бил фатен крај неговата соба. Двајца од витешките редови биле фатени како
го чекаат на јавни места, едниот скриен со меч во стап го чекал да излезе од театарот а
другиот пак со ловечки нож.

Покрај привите конзулати добил уште четири. Привите два ги вршел едно по друго
а следните два од растојание по четири години. Клавдиј вршел и цензоркса должност,
која по цензорите Планк и Паул долго време не постоела.

Клавдиј презел само еден воен поход и тој бил безначаен. Од Сенатот му биле
доделени триумфални одличја, но тој ги сметал за недолични па затоа тргнал на поход
кон Британија. По 6 месеи од заминувањето тој се вратил во им и прославил
најраскошен триумф.

Клавдиј секогаш најсовесно се грижел за Рим. Кога во северниот дел од Рим


беснеел пожар тој поминал 2 ноќи на Марсовото поле, бидејќи немало доволен број
на војници и робови. Исто така и заради слабиот род кога владеел недостиг на жито
Клавдиј направил се за да обезбеди жито и храна за престојната зима.

Клавдиј многу често му делел подароци на народот. Приредувал разни претстави,


циркуски игри, борби со ѕверови. Одржувал и гладијаторски игри еднаш годишно. Исто
така направил и многу измени ги обновил заборавените или вовел сосема нови
закони. Судските парници ги споил, кои пред тоа биле поделени во зимски и летни
месеци. На туѓинците им забранил а носат римски имиња. На Сенатот му ги вратил
провинциите Ахаја и Македонија. На Ликејциете им ја одземал слободата, а на
Родијциет им ја вратил слободата. А на жителите на Илиј засекогаш им ги укинал сите
даноци. Бидејќи Јудејците постојано се бунтувале, Клавдиј ги протерал од Рим.

~ 12 ~
Клавдиј како млад бил свршен два пати. Најпрвин со Ајмилија Аепида, а потоа со
Ливија Медулина. Првата ја избркал пред бракот, а втората умрела на денот на
свадбата. Тогаш се ожнил со Плаутија Ургуланила, а потоа за Ајлија Пајтина. Од двете
се развел и се оженил со Валерија Месалина. Но откако дознал за сите нејзини
прељуби и дека била омажена и за Гај Силиј ја осудил на смрт и ја погубил. Се оженил
и со Пајатина. Потоа се оженил и за Агрипина ќерка на неговиот брат Германик.

Клавдиј имал деца од 3 жени. Од Ургуланила, Друз и Клавдија, Пајатина Антонија,


а од Месалина Окатавија и еден син кој најпрвин го викале Германик а подоцна
Британик.

Клавдиј почнал да пишува и историја, но кога се обидел да ја чита пред публика не


го довршил читањето бидејќи бил исмејуван. Напишал и Одбрана на Кикерон против
книгите на Асиниј Гал. Измислил и три нови букви кои ги додал во старата азбука. Исто
така учел и грчки. Напишал и историски дела на грчки за историја на Етрурците-20
книги и 8 книги за Картагинците.

Клавдиј бил отруен на една семејна гозба, неговата жена Агрипина му ставила
отров во порција печурки. Клавдиј умрел на 30 ден пред октомвриските Иди, во 54 год
н.е. и 14 год. од неговото владеење.

~ 13 ~
V. Нерон (54-68 год. н.е.)

Од родот на Домитии се здобиле две семејства Клавдите и Ахенобарбите.


Ахенобарбите за свој родоначелник и прв кој го носел тој прекар го сметале Лукиј
Домитиј.

Гнај Домитиј бил трибун, неговиот син бил претор, а откако не станал конзул се
обидел да му ги одземе на Кајсар галските војски. Гнај Помпеј оставил син кој не бил
ништо подобар од неговите претходнци, а тој пак имал син кој се викал Домитијан и
станал познат по тоа што го купил имото на Август со сите негови робови.

Нерон се родил во Анитиј, 9 месеци по смртта на Тибериј, на 18 ден на јануарските


Календи. На тригодишна возраст Нерон одраснал без татко и бил назначен за
наследник на 1/3 од имотот на неговиот татко. По казната на неговата мајка тој бил
одгледан и воспитан од неговата тетка Липида со танчер и бербер. Но кога дошол на
власт Клавдиј тој си го повратил татковиот имот. На 11 годишна возраст бил посвоен од
Клавдиј.

Покажувајќи ја својата почит на Клавдиј тој му приредил величенствен погреб на


кој одржал и пофално слово и го вброил меѓу боговите.

За да ги истакне своите добри намери изјавил дека ќе владее во согласност со


советите на Август. Потешките даноци ги укинал или ги намалил, наградите за
дојавувачите на луѓето ги намалил за ¼.

Кога од него се барал да потпише некоја пресуда на луѓето кои биле казнети со
смрт тој велел дека сака да биде неписмен.

Приредувал и голем број на претстави: Јувелии, Циркуски и сценски игри,


гладијатоски борби. На народот секојдневно му делел подароци, храна, жито, облека,
злато, сребро.

Нерон воспоставил натпревар кој се одржувал на секои 5 години и тоа по грчки


обичај поделен во три дела: музика, гимнастика и коњички трки.

Нерон бил конзул 4 пати. Кога делел правда на луѓето исклучиво им одговарал на
хартија и тоа следниот ден. Споровите ги сослушувал на тој начин што наместо да се
водат постојани расправии, страните наизменично го истакнувале своето мислење.

Измислил и нов облик на градските зданија: пред куќите и становите се граделе


тремови, од чии покриви можело да се спречуваат пожари. Во негово време биле
остро казнети и сопрени многу престапи, ги ограничил трошоците, јавните гозби ги

~ 14 ~
свел на поделба на храна, забранил во фурните да се продава било каква правена
храна освен зеленчук.

Нерон никогаш не бил потикнат од никаква желба да го прошири царството. Се


размислувал и да ја повлече војската од Британија, но се откажал поради срам.
Државата ја зголемил едниствено со Понтското кралство, откако Полемон се откажал
од него. Нерон се нафатил само два пати да патуваи и тоа во Ахаја и Александрија. За
патувањето во Алексанрија се откажал уште првиот пат. Во Ахаја пак заминал за да го
прокопа Истам.

Откако покрај образованието кое го добивал од детството, поднапреднал во


музиката. За прв пат настапил во Неапол, каде не престанал да пее се додека не си ја
завршил точката. Тој во Неапол пеел често и тоа неколку дена едно по друго. Бидејќи
сметал дека е мошне значајно да запее во Рим повторно одржал Неронии и тоа пред
закажаното. Пеел трагедии, се појавувал во улоги на херои и богови, божици. Нерон не
бил задоволен од та да ја покажува својата умешност во Рим туку отишол во Ахаја.
Додека Нерон пеел никој не смеел да го напушта театарот. На неговите претстави
многу жени се породиле, некои се преправале дека се мртви за да бидат изнесени.
Кога се натпреварувал ги почитувал правилата.

Малку по малку како што јакнале неговите пороци Нерон се откажал од игрите и
тајноста па затоа почнал без никакво криење да се појавува во јавноста. Сметал дека
во богатството и парите може да се ужива само со расипништво. Од сите свои роднини
најмногу му се восхитувал на својот чичко Калигула затоа што успеал за многу кратко
време да го потроши целото богатство на Тибериј.

Нерон изградил дворец кој се протегал од Палатиј до Есквалин и го нарекол Дом


на преминот. Но тој набргу изгорел па подоцна го обновил и го нарекол Златен дом.
Домот бил преполн со скапоцени нешта. Имало и базен кој наликувал на море, а околу
него биле кренати градби кои претставувале градови и имало и полјани. Во
најголемата гостинска соба имало кружен покрив кој деноноќно се вртел.

Со убиствата Нерон започнал од Клавдиј. Имено убиството на Клавдиј било негово


дело. Британик не го убил само затоа што му завидувал на гласот туку затоа што
сметал дека еден ден Британик ќе се здобие со поголем углед од него кај народот.
Нерон ја убил и мајка си, но со неа се помачил, откако пробал да ја потопи со брод да
ја убие, најпосле некој од неговите војници ја убил.

Освен Октавија подоцна зел уште две жени, Попеја Сабина и Сратилија Масалина.
Со Попеја се оженил 20 дена по разводот со Октавија, но подоцна ја убил бремена
бидејќи му приговорила дека доцна се вратил од трките.

Нерон под изговор дека му пречела грдотијата на старите згради и тесните криви
сокаци го запалил градот.

~ 15 ~
Против Нерон и неговите лудории се кренал бунт. Во почетокот на бунтот Нерон
имал многу чудни замисли. Кроел планови како да ги убие и смени сите заповедници
на војските, да го отруе сенатот, да го запали градот а притоа да ги опљачка богатите
провинции за да ја наполни својата каса со злато. Додека се подготвувал похот прва
грижа му била како да се пренесе неговата театарска опрема, неговите љубовници.
Омразата кон Нерон се зголемила кога наместо жито донел песок за своите претстави.

Нерон умрел така што самиот се убил. А бил погребан на трошок на државата.

~ 16 ~
VI. Веспазијан Флавиј (69-79г.)

Задушувањето на востанието на Кивилис во Галија и завршувањето на


Јудејската војна придонеле за зацврстување на власта на Веспасијан. Но, положбата на
новиот цар била тешка. Огромните расходи на Нерони неговите претходници и
граѓанската војна од 68-69г. ја испразниле државната благајна. Веспасијан за разлика
од своите претходници не припаѓал на римската аристократија , туку произлегувал од
средните римски слоеви. Тој правел се за да ја зајакне царската власт. Ги презел сите
мерки за да владее во согласност со највисокиот сталеж во Царството.

Еден од првите законодавни сенатски аккти била одлуката за Веспасијановата


врховна влат. Со таа одлука било утврдено дека Веспасијан ги добивал истите права
како и неговите претходници. Биле проширувани овластувања на принкепсот, но тоа
било резултат на законодавен акт, а не на проста узурпација. Но, и Веспасијан големо
внимание им посветувал на динстиските интереси. Неговиот син Тит, бил прогласен за
цар добил трибунска власт и учествувал во управувањето .

Во 73 год ги зел овластувањата на цензор. Веспасијан во составот на сенатот не


само што вовел претставниците на италската муникипална аристократија, туку и
населението на романизираните римски провинции. Иако Веспасијан бил вброен во
добрите цареви, меѓу сенаторите постоела опозиција иако во тоа време го немала
поранешното значење. За своето владеење тој им бил должен на војниците. Тој ги
презел сите мерки за да ја подигне воената дисциплина.

При владеењето на Веспасијан почнува нова етапа на римската провинциска


политика. Особена заштита од царот имале западните градови, специјално сите
шпански градови кои немале право на римско или латинско граѓанство, го добиле тоа.
Посебен муникипале статут го пропишувал начинот на унапредувањето и внатрешниот
живот на тие муникипии. Нивните бивши магистрати станале римски граѓани.
Поистакнатите меѓу нив ги пополнувале редовите на римските витези. Поинаква била
ситуацијата во источните области. На грчките градови им била одземана авономијата
што ја добиле од Нерон. Можеби во врска со тоа е и опозицијата на грчките филозфи
кон династијата на Флавиевците за која што Веспасијан сметал дека бил опасна за него
и во 71 год тој ги протерал од Рим. Исто така тој им посветувал големо внимание.
Состојбата на државната благајна барала воспоставување на стари и воведување на
нови даноци. Веспасијан успеал да ги среди државните финансии и да ја пополни
државната благајна така што покрај својата штедливост изнашол можност да потроши
големи износи за реставрирање на Капитол кој настрадал во времето награѓанската
војна како и за други градби.

~ 17 ~
VII. Тит (79-81г.)

Веспасијан го наследил неговиот син Тит. Сенаторската традиција Тит го смета


за еден од најдобрите цареви. Сеќавањето му било невидено, а му оделе сите
вештини, било да се воени и мирнодопски. Бил многу вешт во оружје и јавање, а исто
така и составувал песни на грчки и латински јазик. Тој прославил триумф заедно со
татко му, заедно со него бил цензор, со него ги делел трибунските овластувања и
седум конзулати, ја презел грижата за речиси сите служби, лично диктирал писма и
пишувал говори во име на Веспазијан. Неговите гозби биле повеќе пријатни отколку
раскошни.

Тит на никој граѓанин не му одземал нешто, тој секогаш се држел настрана од


туѓото. Кон својот народ секогаш се однесувал со голема попуствливост, сакал да прави
добри работи за нив, а кога немал сторено ниту едно добро дело во текот на денот
велел дека го изгубил денот. Тит ја продолжил политиката на својот татко. Годините на
своето владеење се одбележани со слога помеѓу сенатот и царот. Финансиите што ги
санирал Веспасијан на неговиот син му овозможиле да троши значителни средства за
дистрибуции и игри. При неговото владеење била завршена изградбата на огромниот
театар кој го добил името Колосеум. За време на неговото владеење имало и несреќни
имало и несреќни случки, избивањето на планината Весувиј во Кампанија, пожарот во
Рим кој траел 3 дена и 3 ноќи, како и нападот на чума со невидена жестина.

Тит ја прифатил и службата на врховен свештеник единственно да остане со


чисти раце. Братот на Тит непрестајно ковал заговори против него, но Тит немал срце
ни да го убие ниту пак да го отстрани од дворецот, ниту пак да му ги намали почестите
и продолжил да зборува дека тој е негов совладетел и наследник. Кога починал тоа
било на поголема штета на човештвото, одшто на своја. Починал во истата вила како и
татко му, на септемврсиките Иди, две години, два месеци и дваесет дена откако го
наследнил својот татко, имал 42 години.

~ 18 ~
VIII. Домитијан (81-96)

По смртта на Тит владеел неговиот брат Домитијан кого што преторијанците го


прогласиле за цар, а сенатот тоа го потврдил. Тој ја зел титулата на постојан цензор.
Како и Калигула така и Домитијан барал да го именуваат господар и бог.

По дванаесет години слога повторно избувнала војна меѓу царот и сенатот. Во 89г.
легатот на Горна Германија, Антониј Сатурнин, од својата војска бил прогласен за цар.
Востанието било задушено. При владеењето на Домитијан државните финансии биле
руинирани. Трошел огромни средства за градби, претстави и дистрибуции. Големо
внимание му посветил на бирократскиот апарат. Во поглед на провинциите тој го
следел примерот на својот татко. За да го зајакне италското земјоделство царот издал
забрана за одгледување винова лоза по провинциите со цел да ја спречи
конкуренцијата на провинциското лозарство. Најактивните противници на Домитијан
се наоѓале во Рим каде што на репресалии била подложена дури и околината на
царот. Против Домитијан бил скован заговор и во 96г. него го убил еден ослободеник
на неговата жена.

Надворешна политика на Флавиевците.

Востанието на Кивилис укажувало на опасноста од обединувањето на Германите,


што ја населувале римската територија со нивните слободни соплеменици. Домитијан
организирал поход против Хатите. Сериозна опасност се појавила на североисток. На
долниот Дунав одново зајакнало Дакиското кралство на чие чело бил Декебал. Од
подрачјата на денешна Бесарабија на подунавските области напаѓале Сарматите и
Роксоланите како и Маркоманите. Римјаните биле поразувани и Домитијан со
значителни сили тргнал против дакискиот крал. Римјаните издвоиле успех но по
мировниот договор се обврзале на Дакија да и плаќаат годишно извесен износ.

Во Британија Римјаните продолжиле да ги зацврстуваат своите позиции. Особена


популарност имале походите на Јулиј Агрикола чија што дејност придонела за
романизација на државата. Кон источните вазални кралства Веспазијан ја продолжил
политиката на последните Јулиевци-Клавдневци. Конечно кон Царството биле
присоединети Комагена, Мала Ерменија и редица др. кнежества.

~ 19 ~
IX. Нерва (96-98)

По смртта на Домитијан за цар бил прогласен Марк Кокреј Нерва. Самиот тој
произлегувал од некој стар сенаторски род па така неговото владеење го
симболизирало настанувањето на новата епоха на слога меѓу сенатот и иниркелсот.
Почетокот на неговото владеење било одбележано со запирањето на процесите за
навреда на величеството, со амнестија на прогонетите и со казнување на delatores,
поткажувачите кои играле голема улога во време на Домитијан.
Кога во војската се јавило незадоволство од изборот на сенаторскиот цар, Нерва, го
посинил намесникот на Германија Марк Улиј Трајан кој бил популарен меѓу војниците.

X. Трајан (98-117)
Трајан бил наследник на Нерва. Тој бил популарен војсководец и имал врски во
сенаторските кругови.

Надворешна политика на Трајан.

Војните со Дакија.

Времето на Трајан е обележано со широки офанзивни операции на Римјаните.


Така што, надворешната политика на Римјаните била диктирана од објективните
услови. По отстапките на Домитијан, особено било опасно Дакиското кралство, каде
што постоела опасност од Декебал кој стапил во преговори од партскиот крал, така што
имало опасност во Источните провинции на Царството кои можеле да станат предмет
на напад.

Со цел да ја пресретне евентуалната опасност, Трајан тргнал во поход против


Декебал. Откако го поразил, Декебал бил принуден да склучи мир и да го врати
воениот материјал кој го добил од Домитијан. Со ова, на Римјаните им припаднал
еден дел од Дакиското Кралство, а покрај тоа, Декебал морал да му помага на Трајан.
После успешната војна, Трајан ја зел титулата Dacicus (Дакиски). Подоцна во 105г.
повторно се слулчила војна со Дакијското кралство, која завршила со присоединување
на целата Дакија кон Рим. Ова освојување имало големо стратешко и економско
значење за Рим. Најпрво, бидејќи Римјаните се спасиле од опасниот сосед, а воедно и
ги добија рудниците и плодната почва. После ова Трајан изградил систем на
погранични крености што го сочинувал таканаречениот limes. На тој начин биле
правени патиштата и насипите за заштита од влегување на варварите.

~ 20 ~
Источната политика на Трајан.

Поход против Партите.

При избуввнувањето на новиот воен судир меѓу Рим и Партија, голема улога
изиграло ерменското прашање кое дури од времето на Август не ја изгубило
актуелноста. При владеењето на Нерон било постигнато решение но се сé изменило
кога со Партија започнал да управува Хосрој, кој го соборил ерменскиот крал кој бил
признат од Рим. Ова било причината за римската интервенција.

Во својот поход, Римјаните најпрво ја потчиниле Ерменија,со тоа што кралството


станало римска провинција, а потоа се упатиле кон Партија каде што ги освоиле
Адиабена, Бабилонија и престолнината Ктесифон. На партскиот престол, Трајан довел
свој штитеник како вазален крал.

Откако стигнал во Персискиот Залив, тој помислувал на поход кон Индија, но


поради болест царот бил принуден да се врати во Италија но по патот (во Мала Азија)
умрел.

Теоретската заснованост на монархиската власт.

За внатрешната политика на Трајан е карактеристично натамошното зајакнување


на царската власт. Дион Хрисостом (после неговата амнестија), повторно се вратил на
дворот на Трајан, каде што одржал четири говори за царската власт, во кои дал
образложение за неограничената монархија. Па така, според некои негови дела Трајан
бил прикажан како праведен монарх што ги чува старите римски традиции.

Провинциската политика на Трајан.

Трајан не бил само добар војсководец туку и опитен и разборит управител. За


принципите на неговото управување може да се дознае од преписката со Плиниј
Помладиот. Кругот на прашања што ги решавал Трајан бил необично разновиден. Тој
се грижел за финансиите на локалните градови ,за градбите, за градските ѕидини, за
правата на разните градови и тн. Во градовите биле испраќани специјални чиновници,
градски прокуратори на кои им биле доверувани ревизијата и санирањето на месните
финансии.

Грижата за Италија.

Трајан спреведил многу мерки за подобрување на состојбата во Италија. Една од


нив била алиментацијата. Суштината се сведувала на:од определен паричен фонд што
го основала државата, им биле давани заеми на ситните и на средните
земјопоседници со назначителна камата (oбично 5% годишно), а каматите од тие
заеми биле трошени за воспитување на малолетните сиргии, како и децата на
неимотните родители.

~ 21 ~
До наполнување на полнолетството, на децата месечно им биле давани по 16, а на
девојчињата по 12 сестертии.

Населението на некои италски градови било пополнувано со ветерани.


Исто така Трајан издал наредби со кои го обврзувал секој сенатор една третина од
својот имот да вложи во италска земја. Оваа мерка имала за цел да ја зголеми
вредноста на италската земја.

Во време на Трајан биле градени нови патишта, што придонесло за развиток на


италското стопанство, а во Рим се изградиле и нови згради.

Односот помеѓу Трајан и сенатот.

Трајан бил мошне популарен и неговата среќа ја делел со другите претставници на


највисокиот сталеж, продолжувајќи ја политиката на својот прататко, Трајан одржувал
добри односи со сенаторите. Тој со заклетва се обврзал дека нема да убие или да
прогонува ниту еден сенатор. Тој водел сметка за сите формалности што останале од
републиканскиот период. Сенаторската традиција, Трајан го вбројува во добрите
владетели, по сенатот се зборувало:

“Биди посреќен од Август, а подобар од Трајан”.

~ 22 ~
XI. Публиј Аелиј Хадријан (117-138)

По смртта на Трајан, сириските трупи за цар го прогласиле неговиот сонародник


и роднина Публиј Аелиј Хадријан.

Животот пред доаѓањето на власт

Хадријан потекнувал од познато семејство, кое својот сенаторски статус го стекнал


за времето на Кајсар. Тој води потекло од градот Италика во Хиспанија. Како млад,
Хадријан се стекнал со добро образование во неговиот роден град. Уште од мал тој
бил многу заинтересиран за грчките студии.

Бидејќи уште во неговото детство Хадријан го изгубил татко му, негов старател
станал Трајан. На возраст од околу 14 години заминува за Рим.

Хадријан рано се посветува на воената кариера. За време на импараторот Нерва,


бил воен трибун на Рајна, како и на Дунав. Во 101г. како квестор на Трајан учествува во
Првата Дакиска војна. Во Втората Дакиска војна Трајан го назначил да командува со
првата легија.

После дакиските војни, бил намесник на Горна Мезија, а во 108г. и конзул. Го


прател Трајан во Ерменските и Партските походи, но сеуште не е познато каква улога
имал тука. За време на трајановата смрт(117) бил намесник на Сирија.

Околностите при доаѓање на власт.

Сомнително е прашањето околу посинувањето на Хадријан од страна на Трајан. Се


верува дека во ова се има замешано жената на Трајан, Плотина која помогнала во
неговото именување за цар. Но и покрај ова, познато е дека Трајан имал голема почит
кон Хадријан и го сметал за можен наследник.

Исток.

Иако неговиот претходник Трајан се третира како голем освојувач, Хадријан не бил
заинтересиран за војување. Исто така и доколку сакал да ја зацврсти неговата власт по
крунисувањето, морал што побрзо да се упати кон Рим. Затоа, Хадријан одлучува на
партскиот крал да му ги врати сите територии освоени од Трајан, бидејќи овие
територии тешко можеле да се контролираат. Ерменија од провинција повторно
претворена во кралство, на чиј престол бил поставен крал кој бил зависен од Рим. Но
Хадријан ги задржал териториите кои Трајан ги освоил во Арабија, како и оние во
Дакија каде што продолжила римската колонизација.

~ 23 ~
Хадријан во Рим.

Конечно во 118/119 Хадријан пристигнува во Рим. Во меѓувреме, четири консули,


бивши војсководци на Трајан организирале заговор против него. Но овој заговор бил
откриен, и според одлуките на сенатот, заговорниците биле погубени. Слично како и
неговите претходници, Хадријан дал заклетва дека нема да убие ниеден сенатор, без
сенатска одлука. Скоро во целото негово владеење Хадријан одржувал добри односи
со сенатот, кои биле нарушени само на крајот од неговиот живот.

Зајакнување на царската власт.

Во текот на неговото владеење, Хадријан извршил неколку важни реформи.

1.Советот на принкепсот (consilium principis), што се појавил уште при владеењето на


Август, за време на Хадријан станал официјална установа. Покрај сенаторите, во
советот биле внесени и витезите. Голема улога во овој царски совет имале правниците.
Членовите на советот добивале одредена плата (solarium). Членовите на тој совет
слободно го изразувале своето мислење, кое царот го прифаќал или го одбивал во
зависност од својата желба.

2.Вечниот едикт (edictum perpetuum). Со овој едикт бил кодифициран римскиот закон.

Патувањата на Хадријан.

Од желба да ја зацврсти својата положба, а и од љубопитство, Хадријан голем дел


од неговото владеење го поминал во патувања, посетувајќи ги скоро сите римски
провинции. Во периодот од 121 до 123 ги посетил Галија, Германија, Британија,
Шпанија и Мавританија. Подоцна од периодот од 123 до 126 Хелада и Мала Азија. На
своето враќање во Рим, ја посетил Сицилија и се искачил на Етна. Во 128 ја посетил
Африка, а 129 Сирија, Јудеја и Египет.

Патувањата на Хадријан пред себе првенствено имале политички цели. Тој


посветувал големо внимание на одбранбената способност на царството. Биле
утврдени пограничните линии. Хадријан лично го следел утврдувањето на
пограничните линии не само во Европа, туку и во Британија.

Хадријан исто така големо внимание посветувал и на воената дисциплина.


Особено значење за неговото владеење има тоа што легиите почнале да се
пополнуваат со жители од провинциите, без разлика дали му припаѓале на римското
граѓанство или не, што не бил случајот претходно. Сето ова донело до
провинцијализирање и барбаризирање на војската, а резултатите од оваа реформа се
манифестирале во III век.

Желбата на Хадријан да се одржи мир ја согледуваме и од тоа што поради


неговиот престој на исток, по дипломатски пат била спречена нова партска војна.

~ 24 ~
Тој исто така многу внимание посветувал на животот на градското население, при
што многу градови добивале разни права, некои населби добивале градски права и сл.

Омилен град на Хадријан му била Атина. Тој неа ја украсил со нови градби, како
храмот на Ѕевс Олимпијски. Бил прогласен за атински архонт.

Востанието во Јудеја.

Постапките на Хадријан прикажуваат дека тој не бил особено наклонет кон


Јудејците. Тоа ќе поттикне ново востание против римската власт.

Прво, Хадријан го забранил обрежувањето, кое кај јудејците претставувал значаен


дел од религијата. Потоа, откако го посетил разрушениот Ерусалим, наредил на
местото на поранешниот град да се издигне нов град со име Елија Капитолина и на
местото на некогашниот храм да се подигне храм на Јупитер Капитолијски. Ова
особено ги вознемирило Јудејците. Бидејќи се чинело дека Хадријан води анти-
јудејска политика, било само прашање на време кога ќе избие ново востание.

Востанието избило 132 и траело до 135г, под водство на Бар Кохба(син на ѕвезда)
кој се прогласил за месија.

Хадријан вложил доста напори во задушувањето на востанието, кое конечно


завршило во 135 со погубувањето на Бар Кохба, по што јудејците биле протерани од
територијата на Јудеја.

Личноста на Хадријан.

Хадријан бил добар војсководец, искусен и енергичен администратор и


истовремено обожавател на уметноста и филозофијата. Пишувал стихови и знаел да
ваја и да слика. За него се вели дека брзо го менувал расположението и бил донекаде
неурамнотежен. За него увидовме дека не бил склон кон војни, нити тежел кон воена
слава.

Бил многу наклонет кон хеленската култура, но затоа не бил многу наклонет кон
римската традиција.

Многу важно е што при владеењето на Хадријан, благодарение на неговата политика,


римската управа имала поддршка од провинциската аристократија. Во овој период
веќе острата граница помеѓу римјаните и провинцијалците почнала да се губи.

Смртта на Хадријан.

Хадријан умрел во 138г по тешката болест што ја дибил при патувањата.


Несогласувањата со сенаторскиот сталеж во неговите последни години се одразило со
тоа што сенатот одбил да го деификува.

~ 25 ~
XII. Антонин Пиј (138-161)

По смртта на Хадријан, престолот го наследил Антонин Пиј. Пиј бил со благ


карактер и способен, правејќи го тоа еден од петте добри императори кои ја владееле
империјата низ 84 годишен период на мир и просперитет. Тој, како и Трајан и Хадријан
бил од редовите на провинцијалците. Неговото потекло било од галскиот град Немаус.
Бил еден од најбогатите сенатори, близок до царскиот двор. Хадријан го посинил
кратко пред смртта, тогаш кога Антонин имал 50 години.

Поради неговиот став кон римските верски обичаи и традиции, му бил даден
прекарот pius, што значел побожен.

Повеќе од Хадријан, тој им одговарал на стремежите на сенаторската


аристократија. Според зачуваните извори, тој е претставен како идеален владетел. Бил
трудољубив и дарежлив кон другите а скромен во своите потреби. Принципите на
неговото владеење биле aeqitas, felicitas, fides(праведност, среќа, верност).

Антонин успеал да го зацврсти тоа што го постигнале неговите претходници.


Малку е познато за какви и да е негови мерки, но се знае дека во негово време
Римското Царство живеело во мир, добра економска состојба. При неговото владеење
се забележува процут на провинциите, строго надгледување на нивните управители.

Натписите го именуваат Антонин како божество, спасител на човечкиот род. Но сите


тие говори се од привигелираните групи на население. За настроенито на широките
маси малку е познато.

Во 152 избувнало востание во Јудеја, за кое малку е познато. Истовремено


востание избувнало и во Ахаја. Немирите во Египет во 152-153 се одразиле врз
снабдувањето на Рим со жито, по што се пројавиле немири. Антонин за да ја смири
толпата на своја сметка организирал дистрибуција на вино, брашно и масло.

Во надворешната политика Антонин ги одржувал принципите на својот


претходник. Тој се стремел кон мир и успеал со дипломатски односи да го спречи
навлегувањето на партите во Сирија. Во Британија тој изградил нов бедем, северно од
бедемот на Хадријан, што спречувал нови навлегувања.

Антонин владеел со Рим до неговата смрт во 161 г, и целиот тој период бил
проследен со благосостојба и мир, за разлика од периодот кој ќе следува.

~ 26 ~
XIII. Марк Аврелиј (161-180)

Антонин Пиј го наследил Марк Аврелиј, кој тој го посинил уште при животот на
Хадријан.

Доаѓање на власт.

Марк Аврелиј му припаѓал на семејството Аниј, што произлегувало од Шпанија. Се


родил во Рим и растел во кругот на луѓе блиски на Хадријан. За време на владеењето
на Антонин Пиј, Марк Аврелиј три пати бил конзул (140, 145 и 160г). Во 147г. добил и
трибунски овластувања. После долгото владеење на Антонин Пиј, сенатот за нов цар го
именува Марк Аврелиј, кој веќе завземал високи положби во државата. Сенатот му ја
доделува титулата Август и понтифекс максимус. Аврелиј ги прифаќа овие титули само
под услов и неговиот побратим Комод да ги добие истите. Комод потоа станува
совладетел и го менува името во Луциј Вер.

Внатрешна политика.

Во своето владеење Марк Аврелиј не ја нарушил слогата со сенатот. Во


внатрешната политика Марк Аврелиј извршил некои реформи што се однесувале на
второстепените органи на управата или на граѓанските права. Исто така била засилена
и контролата врз провинциите. Тој приредувал претстави за плебсот, било делено
жито и пари. Бил талентиран војсководец, но не бил омилен во војската бидејќи бил
далечен од луѓето навикнати на логорски живот.

Од Антонин, Аврелиј во наследство го примил царството во благосостојба,


економска стабилност и задушени немири.

Надворешна политика.

Владеењето на Марк Аврелиј е одбележано со постојани војни.

Војната против Партија (162-166).

Со хадријановата политика бил обезбеден мир помеѓу Рим и Партите. Меѓутоа, тој,
како и неговиот наследник Антонин Пиј, упорно одбивале да му го врати на партите
златниот трон кој царот Трајан го конфискувал од нив.

По смртта на Антониј, смената на престолот ја искористил партскиот крал Вологез


III. Тој продрел во Ерменија, го симнал од престол тогашниот крал поставен од
римјаните и поставил свој кандидат. На ова пробал да се спротистави намесникот на
Кападокија, меѓутоа бил поразен во битката. Партиските трупи навлегле и во Сирија и
ги нападнале сириските градови.

~ 27 ~
Во 162г. Аврелиј во Кападокија праќа нов намесник, како и војска под водство на
Лукиј Вер. Вер споро напредувал па во Сирија стигнал дури во 163. Во меѓувреме
новиот намесник на Кападокија успева да навлезе во Ерменија и да ја уништи
престолнината. Лукиј Вер кој тогаш се наоѓал во сиријска Антиохија, ја добил титулата
Ерменикус.

Во 164г. биле почнати нови припреми за поход кон Месопотамија.Во Ерменија е


создадена нова престолнина и е поставен нов крал.

Во 165г. е превземен походот кон Месопотамија. Едниот дел од римската војска ја


окупирал северна Месопотамија, додека другиот дел предводен од Авдиј Касиј,
напредувал низ Еуфрат.

Авдиј Касиј им нанел тежок пораз на Партите и ја завзема Селевкија и Ктесифон,


партската престолнина, по што ја добива титулата Партикус Максимус.

Во 166г. Авдиј Касиј навлегува во Медија, но понатамошното движење на


римската војска било попречено од ненадејното појавување на чума.

Жртвите од чумата биле многубројни, бидејќи појавувајќи се кај источните трупи,


се раширила кон целото царство. Ова значајно ќе влијае на надворешната политика на
царот.

Војната на Дунав (168-175)

Марк Аврелиј морал да се соочи со немирите на север. Многу германски


племиња, дали поради надворешни притисоци или релативна пренаселеност, биле
принудени да го напуштат своето место на живеење, да ја преминуваат Рајна и Дунав а
со тоа и да навлегуваат во териториите на царството. Така, 167г. Лонгобардите го
преминуваат Дунав и навлегуваат во римската провинција Мезија. Римјаните успеале
без големи потешкотии да ги потиснат, но тоа ќе биде првиот од низа обиди за продор
во периодот кој следи.

Во 168г. Марк Аврелиј организира поход со цел одбрана на северната граница. Со


него бил и Лукиј Вер, кој починува во 169г. во Аквилеја, по што Аврелиј се враќа во Рим
за да го погребе.

Во меѓувреме, племињата Маркомани и Квади, со помош на вандалите го


преминуваат Дунав и ја опсадуваат Аквилеја. Сарматските племиња окупираат
рудници на злато на запад од Дакија. Исто така и други племиња од областа на Црно
Море го преминуваат Дунав и окупираат територии.

Марк Аврелиј мора да одговори на овие напади, меѓутоа недостасуваат средства


за финансирање на походите. Тој подава дел од личниот имот за да обезбеди
финансии. Иако походот бил тежок, Римјаните победиле. Најпрвин биле разбиени

~ 28 ~
Маркоманите, потоа Квадите а на крај и Сарматите. За сето ова му биле потребни
околу 5 години војување. По ова, Аврелиј се здобил со титулите Германикус и
Сарматикус.

По мирот во 175г. римјаните морале да се задоволат со тоа што германите го


признале само римскиот протекторат, а на нивните територии биле поставени римски
гарнизони.

Востанието во Египет (172).

Во 172г. во Египет избувнало востанието на буколите-овчарите. Востаниците


речици стигнале до Александрија, но ги оневозможил сирискиот намесник и истакнат
учесник во партиската војна-Авдиј Касиј.

Востанието на Авдиј Касиј (175).

По задушување на востанието во Египет, Касиј кој имал голема власт во источните


провинции, кренал востание против Марк Аврелиј. Токму тоа го натерало царот да
побрза во склучувањето мир со барбарите. Авдиј Касиј отпрво имал поддршка од
трупите и локалното население, но поради непознати причини набрзо бил оставен од
своите приврзаници и бил убиен.

Во 177г. била обновена војната со Квадите и Маркоманите. Марк Аврелиј повел


уште еден поход кој исто така бил успешен и завршил со победа на римјаните. Но при
новиот бран на епидемија, тој ненадејно починал.

Марк Аврелиј како Филозоф.

Марк Аврелиј е познат како истакнат претставник на стоичката филозофија. Своите


погледи ги изложил во белешките за самиот себеси, што се најдени и објавени по
смртта на царот. Овие белешки не биле наменети за во јавност, туку претставуваат
еден вид на дневник во кој се бележи психолошкиот развој на писателот. Овие списи
Аврелиј не ги составил како цар, туку како човек. Тој не говори за походите кои ги
повел против барбарите, како ни за државните афери. Тој ги бележел своите
размислувања за прашања околу моралот, природата, религијата.

Списите се составени од 12 поглавја, од кои првите се автобиогравски, а другите се


посветени на неговите размислувања.

~ 29 ~
XIV. Комод (180-192)

По смртта на Марк Аврелиј на престол доаѓа неговиот син Комод. Во годината 175,
додека имал само 14 години, Комод ја прима мажевната тога. Во 177г. станува
најмладиот конзул во дотогашната римска империја. Истата година добива и
трибунски овластувања, титула Август и сите магистрати кои одат со империумот,
освен понтифекс максимус (која ќе ја добие подоцна како цар).

По смртта на Марк Аврелиј без поголеми проблеми го наследува неговиот син, кој
веќе ја држел во свои раце скоро целата власт во државата.

Изворите велат дека Комод ни како личност ни како цар не бил достоен на својот
тактко. Тој веднаш по доаѓањето на престол склучил мир со маркоманите и квадите и
се откажал од понатамошни освојувања.

За внатрешната политика на Комод е карактеристично зајакнувањето на


апсолутистичките тенденции. Како и Домитијан и тој барал божествени почести,
нарекувајќи се себеси нов Херкул. За Комод, Херкул бил пример и прототип на
неограничен монарх, кој власта ја добил од таткото Јупитер.

При владеењето на Комод, одново биле обновени прогонувањата на сенаторите.


Барал подршка меѓу воените кругови, особено меѓу преторијанците. Исто така имал
посебна страст кон игрите и претставите, а понекогаш и самиот се појавувал како
гладијатор. Ваквото негово владеење ќе услови кон неколку обиди за атентат.

Во 182г. година во еден обид за атентат учествувала дури и неговата сестра


Луцила. Но овој заговор бил неуспешен, а Луцила протерана.

Во вториот заговор против Комод била вмешана неговата љубовница Маркија.


Повод за овој атентат била идејата на Комод на денот на Нова година 193г. да ги убие
новоизбраните конзули и при тоа, во гладијаторската касарна да се прогласи за
единствен конзул. Откако не бил успешен обидот на Маркија да го отруе, Комод бил
убиен од страна од еден атлет во гладијаторската касарна.

Со смртта на Комод завршува и владеењето на династијата Антонини, која со рим


владеела неполни 100 години.

~ 30 ~
XV. Династијата на Северите (193-235 Г.)

Граѓанската војна од 192-193 година

Како и во претходните преврати раководната улога за избор на царот ја имале


преторијанците.Тие за цар го прогласиле сенаторот Публиј Хелвиј Пертинакс, човек кој
уживал голем авторитет меѓу сенаторите а исто така бил и искусен војсководец. Тој се
стремел да ја врати политиката на Антонин Пиј и Марк Аврелиј. Уживајки ја подршката
на сенатот, тој определил мерки за санирање на финансиите и за олеснување на
даночните товари а исто така презел мерки и за поголем дисциплина во војската. Со
неговата дејност тој предизвикал незадоволство кај праеторијанците, и тој бил убиен
во 192 г.

Преторијанците по смртта на Пертинакс за цар го поставиле богатиот сенатор Марк


Дидиј Јулијан кој на секој војник му имал ветено по 25 илјади сестерции. Неговото
владеење не траело долго бидејќи легиите што биле по провинциите не сакале да им
ја отстапат на преторијанците привилегијата за избор на цар.

Провинциските војски, истовремено прогласиле три цара: легиите што се наоѓале во


Британија го избрале Деким Клодиј Албин, панонските легии за цар го прогласиле
Лукиј Септимиј Север, а источните трупи за цар го прогласиле легатот од Сирија – Гај
Пескениј Нигер.

Најблиску до Рим бил Септимиј Север, кој успеал да го завземе градот. Дидиј Јулијан
бил убиен, а исто така убиени биле и виновниците за смртта на Пертинакс. Север
положил заклетва дека без сенатска одлука нема да казнува сенатори. Север успеал да
се спогоди со Клодиј Албин, го посинил, му дал титула Кајсар, и се упатил кон Исток,
во борба против Пескениј Нигер.

Наредната, 194 година, Пескениј Нигер бил поразен и загинал. Сите градови кои му
помагале биле казнети. Биѕантиј бил заземен по втората опсада, магистратите и
војниците кои го бранеле градот биле истепани, градот ја изгубил автономијата, а
населението било приморано да плаќа данок со ова целата територија на Биѕантиј
била припоена кон Перинт. Север тргнал во поход и против Партите успеал да ја освои
Северна Месопотамија и во Низибис основал римска колонија во 196 година, но бил
приморан да се врати на запад , бидејќи против него бунт кренал Клодиј Албин.
Борбата завршила со победа на Север во 197 година.

~ 31 ~
Септимиј Север (193-211 г. )

Лукиј Септимиј Север доаѓал од африканскиот град Голем Лептис (Leptis Magna).
Пред да биде прогласен за цар тој зад себе имал успешна војничка кариера, бил
значително образуван човек, добар восјководец и административец.

Односот кон војската и воената реформа на Септимиј Север.

Септимиј Север извршил низа важни реформи кои се однесувале на војската.


Поранешниот состав на преторијанската гарда која располагала со царска власт, била
распуштена во 193 година. Новите преторијанци биле пополнувани од бивши војници
од подунавските и сириските легии. Додека порано во преторинајската гарда биле
регрутирани Италците и жителите на провинциите Шпанија и Галија. Со овие реформи
преторијанците изгубиле многу од своите привилегии и од времето на Септимиј Север
нивната позиција е на исто рамниште со позицијата на легиите. Исто така војниците
добиле право да стапуваат во законски брак. На некои погранични единици им биле
доделени земјишни имоти, кои во мали парцели им биле распределувани на
војниците. Ветераните добиле редица на олеснувања односно биле ослободени од
многу муникипални обрски.

Односот кон Сенатот и реформите на државната управа.

И покрај дадената заклетва на почетокот од своето владеење Септимиј Север ја


спроведувал антисенаторската политика. Судските прогони на сенаторите дел поради
сомневања дека ги симпатизираат неговите противници, а дел поради разни
поткажувања траеле во текот на целото владеење на Септимиј Север. Сенатот го
изгубил значењето со кое се стекнал за време на владеењето на Антонините. Во ова
време зајакнала царската бирократија, а улогата на врховен орган ја играл советот на
царот(Consilium principis). Одлуките на овој совет ги заменувале одлуките на сенатот.

Во овој совет заседавале најистакнатите правници од тоа време. За време


владеењето на Септимиј Север од 205 година се поставувале двајца прифекти на
претории, од кои едниот ги разгледувал само граѓанските предмети и таа функција ја
држел Папинијан еден од најистакнатите правници во времето на Царстовото. Сенатот
го изгубил значењето и по провинциите бидејќи Септимиј Север повеќе сакал да
поставува витези и тоа главно од редовите на ислужените војници. Фискот се стекнал
со општодржавно значење, па при тоа била издвоена посебна установа за управување
со личниот имот на царот (res private или ratio privata), на чие чело стоел посебен
прокуратор.

~ 32 ~
Honestiores и Humiliores.

За време на владеењето на Септимиј Север биле извршени и некои измени во


системот на казните за кривични дела. Правниците, луѓето ги делеле на две основни
категории: на слободни и неслободни. При утврдувањето на казните се разликувале
угледни (honestiores) и ситни луѓе (humiliores). Во првата категорија се вбројувале
сенаторите, витезите, претставниците на повискоите офицерски чинови и
декурионите, а сите останати биле во втората категорија. Луѓето кои биле од нискиот
социјален слој можеле да бидат погубувани со мачење и наместо да бидат
прогонувани, тие биле претварани во робови. Привилигираните лица биле ослободени
од измачувања и можеле да апелираат непосредно кај царот. По лошото владеење на
Комод финансиите биле во тешка состојба, па поради тоа и даноците биле барани со
поголема строгост. Одговорноста за собирањето на даноците ја имале највисоките
претставници на градската самоуправа на така наречените decemprimi. Во врска со ова
била и реформата на Септимиј Север во Египет каде на сите метрополи на номите, кои
биле сметани за села, им биле дадени права на градови се со цел и тие да бидат
вклучени во даночниот систем.

Економската положба на Царството.

Војската и царската бирократија се здобиле и со разни неутрални обврски за


снабдување на престолнината. Недостатокот од финансиски средства довел до
намалување на вредноста на парите. Одделни провинции во времето на Септимиј
Север и натаму се развивале. Биле пронајдени огромен број на натписи кои сведочат
за развојот на африканските градови. Исто така во Африка но и во другите провинции
биле упатени градски куратори (curators rerum publicarum) што јасно покажувало дека
била зголемена царската контрола над градските финансии. Се почесто по
провинциите се наидувало на frumentarii – полицајци кои го следеле расположението
на военото и цивилното население.

Надворешната политика на Септимиј Север.

Борбата со Клодиј Албин го принудила да ја прекине војната со Партија, а од сето


тоа полза извлекол партскиот крал Вологас IV кој ја опустошил Месопотамија, ги
нападнал Ерменија и Сирија а исто така го опседнал и Низибис. Откако го победил
Клодиј Албин, Север тргнал во втор поход против Партија кој траел од 197 до 199
година. Успеал да го ослободи Низибиси ги освоил двете партски престолнини
Селевкија и Ктесифон. По ова Север и Вологас склучиле мир со кој Римјаните ја добиле
Месопотамија која била претворена во римска провинција, со која управувал
намесник од витешки сталеж. Во западна Европа, Север вовел мерки за зацврстување
на рајнската и дунавската граница, а во 208 година организирал поход на Британија. По
тешка борба Север успеал да ги порази британските племиња, а исто така го обновил

~ 33 ~
Хадријановиот бедем. Север не успеал да ја заврши борбата и во 211 година умирел
во Британ.

Наследниците на Септимиј Север

Владеењето на Каракала.

Септимиј Север им го оставил царството на двајцата синови: Марк Аврелиј,


наречен Каракала и Публиј Септимиј Гета. Првиот акт на владеењето на Каракала бил
помирувањето со британските племиња, под услов да биде воспоставена поранешната
граница. Набрзо по враќањето од Британија, Каракала во Рим го убил својот брат Гета
и успеал да постигне војската да го одобри овој акт. Каракала владеел од 211 до 217
година. Тој уште во првите денови од своето владеење почнал да прогонува сенатори,
а жртва на неговата свирепост бил и Папинијан кој убиството на Гета не го оправдувал.
Во Рим успеал да го заврши градењето на бањите (терми) што го започнал неговиот
татко и кои биле со најголеми димензии од сите дотогашни терми и сведочеле за
високиот степен на развиток на архитектурата и на градежзната техника.

Constitutio Antoniniana.

Во 212 година, Каракала го издал едиктот кој го носи името Constitutio Antoniniana.
Со овој едикт правата на римското граѓанство биле проширени на речиси целото
слободно население. Со едиктот на Каракала не се здобиле со граѓански права сите
слоеви на слободното население. Граѓанство не добивале така наречените дедитикии
(dediticii). Терминот дедитикии истражувачите го објаснуваат на различни начини.
Дедитикии првин биле нарекувани непријателите што се предавале на милост и
немилост на победникот. Во времето на Царстовто ова име се проширило на некои
категории ослободеници што добиле ограничено ослободување. Други сметале дека
за дедитикии биле сметани жителите на провинциите кои плаќале личен данок, но
сепак поголемиот дел од истражувачите сметале дека едиктот ги проширил правата
на граѓанство на речиси целото население на Римското Царство.

Надворешната политика на Каракала.

Каракала војувал со непријателите на Царството и на север и на исток. Во 213


година тој водел војна со германските племиња Хати и Алемани и успеал да навлезе
на нивната територија, но постигнал мир со поткупување. На Дунав водел борба со
Карпите и Јазигите. Освојувањата на неговиот татко не го решиле партскиот проблем.
Мигот за поход бил идеален бидејќи во Партија се одвивала внатрешна борба.
Каракала во 215 година продрел во Месопотамија, но партскиот крал Вологас V се
потчинил на римските барања и со тоа била завршена војната.

~ 34 ~
По ова Каракала се упатил кон Александрија, каде по негова заповед бил извршен
масовен колеж на населението. Изворите зборуваат дека тоа било одмазда за шегите
на александријците за сметката на царот, но сепак најверојатно ваквите мерки на
Каракала биле поради отпорот кој го давале александријците против принудната
мобилизација на трупите, која имал намера да ја спроведе Каракала. Во 216 година тој
тргнал во нов поход против Партија но во пролетта 217 година против него бил скован
заговор и тој бил убиен.

Макрин и Елагабал.

По смртаа на Каракала војниците за цар го прогласиле прифектот на претории,


Марк Аврелиј Макрин, човек кој бил со ниско потекло, кој успеал да се здобие со
витешка титула. Тој бил првиот витез што се здобил со царска титула. Макрин немал
авторитет меѓу војниците, а неговиот обид за намалување на платите на војниците
предизвикал незадоволство кај војниците и тој бил убиен во 218 година.

По Макрин за цар бил прогласен четринаесетгодишниот Вариј Авит Басијан. Тој бил
свештеник на богот на Сонцето па затоа и го добил прекарот Елагабал. Се обидел да го
воведе во Рим култот кон Сонцето водел расипнички живот, а оргиите биле неговите
вообичаени забави. Сето тоа траело четири години по што револтирани од неговиот
однос преторијанците го убиле во 222 година.

Владеењето на Александар Север

Внатрешната политика.

Царската власт преминала кај братучедот на Елагабал, Александар Север кој


владеел од 222 до 235 година. На престолот дошол на неполни четиринаесет години и
големо влијание во неговото владеење имале неговата баба Јулија Меса и неговата
мајка Мамеа. Повторно како при владеењето на Антонините била воспоставена слога
меѓу царот и сенатот. За време владеењето на Александар Север царскиот совет
учествувал во сите држзавни работи, а во него голема улога играле сенаторите. Биле
преземени мерки за намалување на даноците, за зацврстување на дисциплината во
војската и намалување на расходите за издржување на војската, што придонело за
намалување на авторитетот на Александар во трупите. Александар морал да води
војна на Исток.

Во Партија бил извршен преврат со кој на власт дошла новата персиска династија
Сасаниди. Во 230 година основателот на оваа династија, Ардашир навлегол во
Месопотамија, а неговите одреди продреле во Сирија и во Мала Азија. Во 231 година
Александар тргнал во поход, а во 232 година Персијците биле истерани од римските
поседи но за војната биле потрошени огромни средства. По заврсшувањето на војната
на исток Александар морал да се упати на рајнската граница, заради борба со
Германците. Воените дејствија кои се случувале во 234-235 година се одвивале со

~ 35 ~
променлив успех со што авторитетот на Алексадар значително опаднал. Бил скован
заговор против него, а еден од војсковидците, Гај Јулиј Вер Максимин, бил еден од
предводниците на овој заговор. Александар и неговата мајка биле убиени, а
Максимин бил прогласен за нов цар.

~ 36 ~
XVI. Диоклецијан (284-305)

На 1.5.305 г. еден римски император сторил нешто што ниеден негов


претходник не направил: недалеку од Никомедија, на местото каде пред 21 год. беше
избран за цар од војските, пред истите ДИОКЛЕЦИЈАН АБДИЦИРАШЕ (си поднесе
отставка). Владението на овај император е опис и обединување на најбитните
карактеристики на доцното римско царство.

I дел: Поставување на историската сцена (пред негово доаѓање)

1. Преку анексија на многу кралства, области, градови (безразлика дали како сенатски
или царски провинции) римската територија до III в. Доби огромен облик т.е.
покриваше скоро 60% од познатиот свет. ГЕОГРАФСКАТА ПРОМЕНА МОРАШЕ ДА
ЗНАЧИ ПОЛИТИЧКА ПРОМЕНА. Најголема последица, а и кристален одраз на оваа
ситуација е и престанувањето на привилегиите за Италија (Апенинскиот
Полуостров) – за време на Диоклецијан, Италија почнува да плаќа данок исто како
и секоја друга провинција (изеденачена е!).
2. Кризата на III век:
- Преголема територии;
- Проблемот на сукцесија (воена анархија и промена на 30 цареви)
- Исчезнува „римскиот граѓанин“;
- Демиграфски пад на западот;
- Нова, засилена династија во Персија;
- Рајна и Дунав под притисок на барбарите;
- Инфлација

II дел: Тетрархија, Доминат, поделба на територија

1. ПОТРЕБА НА ВАДЕАЧКА СТРУКТУКТУРА ПО МЕРКА НА ИМПЕРИЈАТА, затоа


диоклеција ја прави административната реформа ТЕТРАРХИЈА (286 г. –два Августи;
293 – два Цезари):

2. Реорганизација на територијалните единици (подобра контрола):

~ 37 ~
3. ПРАЕФЕКТУРИ – 13 ДИЕЦЕЗИ – 119 ПРОВИНЦИИ (по детално види график долу)

3. Околу ДОМИНАТОТ: во време на Диоклецијан имаме ЦЕЛОСНО РАСКРСНУВАЊЕ СО


ПРИНКИПАТОТ, сега и покрај ваквата поделба на власта и контролата над
империјата сепак Диоклецијан е на највисоко рамниште на моќ и власт, тој е
ДОМИНУС, тоа го согледуваме во неговата интитулација (тој е таткото а колегата
император е нарекуван син – Јупитер и Херкул поконкретно).

III дел: Вториот татко на империјата

284г. Диоклеција е избран од војската за цар, тој е човек од армијата, покажан и


докажан генерал, бил командант на стражата на Нумеријан (негов претходник).

А) Административна реформа (воведувањето тетрархија, објаснато погоре);

Б) Финансиска реформа:

- Работа на фискусот и КРЕИРАЊЕ БУЏЕТ;

- иугум – систем за проценка на имотот (за наплата на данок)

- данок PER CAPITA (по глава на жител, мн сличен процес како денес);

- ЕДИКТОТ ЗА МАКСИМАЛНИ ЦЕНИ: за средување на инфлацијата, поправање на


монетарниот систем (и денес го имаме ова и се вика ПЛАФОНИРТАЊЕ НА ЦЕНИТЕ, но
на диоклецијан не му успеа и брзо беше тргнато).
~ 38 ~
- мрежа од специјализирани фабрики за воена опрема;

- Создавање ГИЛДИ (еснаф);

В) Воена реформа:

- Обрамбениот/дефанзивен систем на Диоклецијан: Римската армија е унитарно тело


поделено на две главни групи (оддели):

COMITATENSES {МОБИЛНИ, ТЕРЕНСКИ ГРУПИ, СОСТАВЕНИ ОД МЛАДИ МАЖИ,


СМЕСТЕНИ НА СТРАТЕШКИ ПОЗИЦИИ – НА ВАЖЕНИ ПАТИШТА}

LIMITANEI {СТАЦИОНАРНИ, ГРАНИЧНИ ГРУПИ, СОСТАВЕНИ ОД СЕМЕЈНИ МАЖИ КОИ


ЖИВЕАТ И ЕГЗИСТИРААТ НА САМИОТ ЛИМЕС}

ЗАЕМНО ДЕЈСТВО: додека ЛИМИТАТЕС ги задржуваат непријателите, свежи сили од


КОМИТАТЕНСЕС доаѓаат и ефективно ја решаваат бојната ситуација;

- КУРСУС ПУБЛИКУС: КУРИРСКА, ПОШТАРСКА СЛУЖБА, кога имаме гранична војска


многу е битно нејзиното постојано и непречено снабдување;

- Бр. На војници и реорганизација на легии:

Диоклецијан го ИНСТИТУЦИОНАЛИЗИРА С-МОТ НА РЕГРУТАЦИЈА, тој дава наредба


секој земјопоседник да мора да дава регрути и коњи, ова влијае на квалитетот,
бидејќи земјопоседниците како бизнисмени им одговарало да ги пустаат само
најлошите работници.

Според изворите во време на Диоклецијан имало 60 или 68 легии (со по 5000


војници како бојни единици), што е дупло повеќе од неговите позначајни цареви-
претходници. Ова не е последицна толку на регрутацијата колку на реорганизацијата
на легиите, така од 5000, сега легијата добива облик на единица составена од 1000
војници.

ЗАКЛУЧОК: Диоклеција успреа да стави ред во хаосот кој го начека т.е. барбарите
се надвор од Дунав и Рајна; Персијците се ставени во мирување; доаѓа нова елита –
воени големци кои не се продуховени и образовани како сенаторските и богаташките
лица пред нив но успеваат да ја држат ситуацијата под контрола. Диоклецијан ќе умре
во 312 г. Гледајќи како се што изградил – посебно тетрархијата пред него се руши.
Дали неговите колеги – императори на се докажааа достојни за службата или пак
преголемата империјата бараше нова промена? Рим. Империја се наоѓаше пред
новиот, а како што и ќе се покажи последен предизвик.

~ 39 ~
~ 40 ~

You might also like